Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ПРИГОВОР

Јас, Ивана Шикмановиќ, со место на живеење на бул.: Асном, бр.


136, вл.1, ст. 25, ЕМБ 0912990455081, поднесувам приговор до испитниот
центар на АМСМ во врска со донесената одлука на трочлената комисија за
моето полагање по градско возење спроведено на ден 11.06.2018 година.

Барам од горенаведениот орган да изврши преглед на видео


материјалот бидејќи сметам дека забешелшките поднесени од комисијата
не претставуваат причина за мое неуспешно полагање. Ваквиот став го
поткрепувам со следните аргументи:

1. прво, престројувањето од една во друга коловозна лента го врши


возачот по сопствена проценка кога СМЕТА дека е доволно безбедно
и не го загрозува сообраќајот. На видео материјалот јасно може да се
забележи и слушне свесноста кај мене за потребата од престројување
во друга коловозна лента, за што и веднаш беше вклучен сигнален
десен трепкач, меѓутоа условите на патот не дозволуваа веднаш да
биде извршено престројувањето, каде што при првата укажана
можност беше изведено истото. Потоа следеше коментар од еден од
членовите на комисијата кој гласеше: „Што ако после јас ти кажев да
свртиш десно?“ Се прашувам дали поради страв од тоа каква насока
ќе даде комисијата треба по секоја цена да се изврши
престројувањето па макар тоа значело загрозување на сопствената
безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот?
2. второ, на раскрсницата каде зеленото светло на семафорот
сигнализира дозволено движење за право и лево (вклучување под
железничка станица), мојата дадена насока беше да се движам лево
каде што според правилата им дадов предност на возилата што се
движат право. Едното од возилата од спротивната насока јасно
имаше вклучен лев сигнален трепкач со што јас започнав со движење
кон мојата лента, меѓутоа возачот продолжи со движење право без да
го исклучи левиот сигнален трепкал, со што јас бев принудена да ја
намалам брзината и малку да го исправам воланот (за да не дојде до
колизија), каде што комисијата оцени дека јас сум опасна по
сообраќајот зошто сум фатила малку поширок лак. Сметам дека во
овој случај не се работи за прекршок од моја страна, туку станува
збор за јасно прекршување на сообраќајните правила и воедно
доведување во опасност на другите учесници во сообраќајот од
страна на несовесниот возач, со што мојата постапка во овој случај е
оправдана од безбедносни причини.

Комисијата кога ги оценува моите реакции треба да ги земе во


предвид и однесувањата на другите учесници во сообраќајот.

Се надевам дека горенаведениот орган ќе ги земе во предвид


наведените аргументи и заедно со извршениот увид во видео материјалот
објективно ќе ги оцени двете ситуации.

Дата: Подносител:

12.06.2018 година Ивана Шикмановиќ

You might also like