Security

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

БЕЗБЕДНОСНИ СТАНДАРДИ ПРИ ТРАНСПОРТ

1. Што се подразбира под поимот сообраќајна деликвенција, наброј ги кд против


безбедноста во јавниот сообраќај од КЗМ?
- Сообраќајот има големо значење за стопанството на една земја. Колку една земја е
повеќе развиена,толку таа има поголема потреба за модерен и современо
организиран сообраќај.Сообраќајот му овозможува на човекот да ги остварува
желбите за совладување на просторот на небото, земјата, водата, им овозможува
на луѓето меѓусебно да се зближуваат, да ги пренесуваат техничките, научните,
културните достигнувања.
- Најважна карактеристика на јавниот сообраќај претставува фактот дека превозните
капацитети се ставаат на располагање за јавна употреба на корисниците на
сообраќајни услуги со соодветна наплата за извршените услуги. Овој вид на
сообраќај може да биде: национален, меѓународен, товарен, патнички, линиски,
слободен, воден, копнен, воздушен...
2. Определи ги кривично-правните карактеристики на кд загрозување безбедноста
на сообраќајот!
- Како не поволни состојби по безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот на
патиштата, според нивната правна квалификација и степенот на општествената
опасност се: загрозување, опасност и сообраќајна незгода – несреќа.
- Загрозувањето претставува неповолна состојба по безбедноста во сообраќајот на
патиштата предизвикана од човекот или природата со манифестација на
непочитување на правните, техничките и други норми од страна на одделни
субјекти во сообраќајниот систем и системот на општествената самозаштита,
односно со непочитување на правилата и нормите за движење и поведенија во
сообраќајот, од кои е зависна безбедноста, како на пример:
- Пребрзо возење или неприлагодување на брзината на движење
- Управување на возило под дејство ја алкохол, опојни дроги и други седативни
средства.
3. Објасни за исклучување на противправноста поради објективни и субјективни
неможности и објасни за состојбите на “виша сила” и “секунда на страв”?
Како најзначајни субјекти на сообраќајното право може да се истакнат:
- Превозниците – карактеристично обележје е да извршуваат превоз во својство на
претпријатие
- Корисници на превозот – во таа услуга се јавуваат граѓаните, претпријатијата,
органите и друго
- Сообраќајни лица – возач, кондуктер, стјуардеса
- Трети лица – кои стапуваат во правни односи во вршењето на сообраќајот
- Субјекти кои вршат услуги во областа на сообраќајот
- Органи и организации овластени да управуваат со инфраструктурата
- Претпријатија, стопански друштва, организации и органи со одредени јавни
овластувања во сообраќајот
- Државни органи
4. Контрола на регулирање на сообраќајот на патиштата (цел и видови) објасни за
основите за исклучување на возило од сообраќај?
-Општата цел на безбедноста во сообраќајот е намалување на сите штетни ефекти
преку непречено одвивање на сообраќајот. Ако се стесни предметот на безбедноста во
сообраќајот, тогаш и целта може да се стесни на намалување на бројот и севкупните
последици на сообраќајните незгоди.
- Основните видови на сообраќај може да се поделат според:
* поделба на сообраќајот според намената
* поделба на сообраќајот според територијата
* поделба на сообраќајот според предметите на сообраќање
* поделба на сообраќајот според организацијата
* според медиумите
*според соецифичните карактеристики на сообраќање
5. Безбедносен сектор во сообраќајот и објасни за содржината на патролниот и
позорниот реон и сектор?
6. Што опфаќа непосредното раководење со станицата на сообраќајната полиција?
- Полицијата е обично првиот орган кои редовно известува за незгодата, кои
излегува на лице место и евидентира најважни податоци за незгодата.
Може да се разликуваат неколку различни извештаи и евиденции:
 Итни извештаи за незгодата кои ги поднесуваат полициските службеници
кои први излегуваат на лице место
 Евиденции за обележјата на незгодата во статистичките прашалници
 Евиденција на незгодите кај кои сообраќајната полиција врши само
обезбедување на лице место, а увидот го врши локалниот надлежен орган
 Дневен извештаи на кд
 Увид на документација за сообраќајните незгоди итн.
7. Кои се основните начела во безбедноста во сообраќајот и објасни за деванзивно
возење и солидарност?
- Сообраќајната незгода претставува највисок степен на загрозување осносно на
неповолните состојби по безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот на
патиштата, со манифестација на штетни, материјални последици, загуби на човечки
живот, повреди на човечкиот интегритет и оштетување или уништување на имотот,
кои последици го обликуваат општествениот проблем по безбедноста во
сообраќајот на патиштата. Севкупните мерки и активности на сите надлежни и
заинтересирани субјекти во областа на безбедноста во патниот сообраќај се
насочени на попречување и отстранување на неповолните состојби по безбедноста
во сообраќајот.
8. Што се уредува со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објасни за
превентивната полициска дејност на сообраќајот?
Кога постојат основи на сомневање дека одредено лице подготвува, извршува или
извршило кривично дело или прекршок, или постојат основи на сомневање дека
одредена појава го загрозува или би можела да го загрози животот или телесниот
интегритет на луѓето, нивните права, слободи, безбедноста или имотот во врска со
вршењето на полициските работи, како и заради откривање на кривично дело или
прекршок, пронаоѓање на сторителот, спречување сторителот да се сокрие или
побегне, да се откријат и обезбедат траги и предмети кои можат да послужат како
доказ и да се прибираат информации кои можат да бидат од корист за успешно
водење на кривичната и прекршочната постапка Полицијата врши криминалистичко
истражување со примена на полициските овластувања, оперативно-тактички и
превентивни мерки согласно закон.
9. Што се уредува со Законот на воздухопловство, кои се надлежни и нивните
функции?
Законот за воздухопловствоги има следниве надлежности:
- врши работи од својот делокруг во согласност со прописите од областа на
воздухопловството
- врши надзор над примената на прописите од областа на воздухопловството, -
учествува во подготовка на предлог на закони од областа на воздухопловството;
- донесува подзаконски акти од областа на воздухопловството кои се предвидени со
овој закон,
- одобрува Зборник на воздухопловни информации,
- води постапка и одлучува за издавање, продолжување, обновување, промена
- врши регистрација на воздухоплови, аеродроми
- предлага мерки за развој и примена на нови технологии во воздухопловството,

10. Што се уредува со Законот на безбедност во железничкиот сообраќај, наведи ги


основните сообраќајни средства, патишта и средишта?
Најповолна свера на користење на патничкиот сообраќај претставува:
-превозот на стока на кратки растојанија и испорака од производителот до
железницата или пристаништето
-превозот на брзорасиплива и скапоцена стока на подолги растојанија
-извршувањето на превозите врзани за опслужување на меѓупогонските процеси во
индустријата,градежништвото,земјоделството и сл.
-железничкиот сообраќај од климатски и временски услови
-железницата има голема квантитетивна способност за превоз , бидејќи може да
превезува големи количини и да се совладува големи оддалечености во
превезувањето.
11. Поим и значење за сообраќајот и објасни ги видовите на сообраќај на
територијата и организацијата?
Под сообраќај во поширока смисла подразбираме пренесување на луѓе,
добра,вести,енергија. Сообраќајот му овозможува на човекот да ги остварува желбите
за совладување на просторот на небото,земјата,водата им овозможува на луѓето
меѓусебно да се зближуваат.
Постојат два видови на сообраќај според територијата и тоа:
-Национален сообраќај- се нарекува и домашен односно внатрешен сообраќај, кај овој
вид на сообраќај предметот за превезување, транспортирање, преместување врши
сообраќај само на територијата на една држава
-Меѓународен сообраќај-се нарекува уште и интернационален сообраќај, кај овој вид
на сообраќај, предметот на превезување, транспортирање, преместување врши
сообраќај меѓу две или повеќе држави.
12. Поим за сообраќајната наука и безбедноста во сообраќајот?
Сообраќајна наука претставува потсистем на општиот систем на науки кој ги
систематизира и понатамошно ги развива сите знаења за сообраќајот и во врска со
сообраќајот.
Безбедноста во сообраќајот е научна дисциплина која ја изучува меѓузависноста
помеѓу сообраќајните и другите процеси во општеството, од една страна и штетните
последици на сообраќајот, од друга страна. Изучува и се обидува да ги открие
законитостите на настанување на штетни последици од сообраќајот, со цел
оптимизација на сообраќајните процеси и намалување на штетните последици.
13. Основни фактори за безбедност во сообраќајот, објаснете за проширената
Хеденовата матрица?
Основната хеденовата матрица систематизира три фактори на безбедноста на
сообраќајот пред за време и после сообраќајната незгода. Иако основната поставка
на Хеденовата матрица е добра, многу брзо се покажало попрактично од факторите
на опкружувањето да се издвои патот како посебен фактор. Така настанала
проширената Хедонова матрица.
Проширената Хедонова матрица го издвојува патот како посебен фактор и ги
систематизира влијанијата на четирите фактори на безбедноста во сообраќајот
пред, за време и после сообраќајната незгода.
Корегираната Хедонова матрица ги систематизира влијанијата на четирите фактори
на безбедноста во сообраќајот на активната и пасивната безбедност во сообраќајот.
14. Методи на безбедноста во сообраќајот и објасни за методот на статистичкиот
метод?
Методи на безбедноста на сообраќајот се:метод на мерење,статистички
метод,метод на анкета,метод на научно набљудување,метод на експеримент,метод
на компарација,експертски метод.
Статистичкиот метод е незаобиколив метод во истражувањето во безбедноста во
сообраќајот и подразбира обработка на примерокот.
Примената на статистичкиот метод, а посебно точноста на заклучокот зависат од
начинот на формирање на примерокот и неговиот квалитет.
Единствениот информационен систем на МВР е база на податоци за сите
евидентирани сообраќајни незгоди кај кои е вршен увид.1
15. Теории за сообраќајни незгоди и објасни ја теоријата на склоност и ________
теорија?
До денес се развиени бројни теории за сообраќајните незгоди,целта на повеќето
теории е да откријат законитости на настанување на сообраќајните незгоди.
Од многуте различни теории посебно место заземаат : теорија на случај,теорија на
зараза,теорија на склоност и spell теорија.
Теоријата на склоност е првата научна теорија која понудила можност да ја оцени
безбедноста на поединечни возачи пред да учествуваат во незгодата.Оваа теорија
тргнува од претпоставките дека различни луѓе различно се склони кон инциденти, а
во зависност од нивните психофизички карактеристики.Од друга страна, се
претпоставило дека лицето дека е склоно на еден вид на инциденти, па и на
сообраќајните незгоди. Во склад на оваа теорија елименирани се многу
професионални возачи од сообраќајот како небезбедни иако немале сообраќајни
незгоди.
16. Етиологија на сообраќајни незгоди и објасни за серијата на незгодата и што ја
сочинува сообраќајната незгода?
Етиолигијата е наука за причините. Етиологијата на сообраќајните незгоди ги
изучува причините на сообраќајните незгоди. Таа ја отвара црната кутија и го
проучува статусот на сообраќајните незгоди. Целта на етиологијата не е само
спречување на ризикот во конкретниот простор и време туку сфаќање на
законитоста која доведува до ризикот и намалување на ризикот за настанување на
незгодата во било кој сличен простор и во било кое време. Етиологијата ги
набњудува сообраќајните незгоди како синџир на настани и се обидува да
одговори на прашањето кој настан во синџирот и колку придонесол за
настанување за сообрачајната незгода.
17. Објасни за субјективниот фактор – човек во безбедноста на способност!
Човекот е најзначаен фактор. Многу елементи од човекот на различни начини
влијаат на активната и пасивната безбедност во сообраќајот. Меѓу овие елементи
посебно се истакнуваат способноста, знаењето, ставовите и однесувањето на
човекот.
Најважни елементи на ќовекот и нивното влијание на активната и пасивната
безбедност во сообраќајот се: пол, старост, способности, знањењ – обука, ставови,
искуство, однесување, возење под влијание и замор.
Способност е извршна можност непосредно да се изведат телесни и ментални
активности со потребниот исход. Способностите можат да бидат природни или
стекнати. Човекот добро и лесно го забележува она што го очекува и она што смета
дека е опасно.
18. Мерење на нивото на безбедноста во сообраќајот и објасни за директни
показатели за безбедноста во сообраќајот?
Мерењето може да се дефинира како споредување на непознати и познати величии
од ист вид. Квалитетно мерење на значајните величини е услов за развој на некои
научни области. Мерењето и кога не е сосема прецизно, овозможува согледување и
оценување на состојбата.
Директните показатели се однесуваат на сообраќајните незгоди и нивните
последици, и тоа се:
 Апсолутни показатели за сообраќајните незгоди
 Апсолутни показатели за последиците од сообраќајните незгоди
 Релативни показатели за сообраќајните незгоди
 Релативни показатели за последиците од сообраќајните незгоди
19. Поим, предмет и субјекти на сообраќајното право?
Сообраќајното право претставува правна област која ги регулира сообраќајните
активности во општеството.
Како предмет на сообраќајното право може да се дефинираат:
-работните односи во сообраќајот
-организацијата на сообраќајот
-безбедноста во сообраќајот
Како најзначањи субјекти на сообраќајното право може да се истакнат:
- Превозниците
- Корисници на превозот
- Сообраќајни лица
- Трети лица
- Субјекти кои вршат услуги во областа на сообраќајот
- Органи и организации овластени да управуваат со инфраструктурата
- Претпријатија, стопански друштва, организации и органи со одредени јавни
овластувања во сообраќајот
- Државни органи

20. Објасни за значењето на активна и пасивна безбедност во сообраќајот?


-Активната безбедност во сообраќајот е дел од научната дисциплина безбедност во
сообраќајот која има за цел да ги спречува или намалува бројот на сообраќајни
незгоди.
-Пасивната безбедност во сообраќајот има за цел да го намали бројот и тежината на
последиците од сообраќајните незгодикои веќе се случиле.

You might also like