Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 8

PROGRAM: ФИНАНСИИ

PREDMET:Анализа на финансиски извештаи

ИСПИТ

Прашања на избор помеѓу точно и неточно – 2 поени

1. Дивидендите се вид на трошок прикажан во билансот на состојба.


А) Точно.
Б) Неточно.
(оценка: 2 поени)
2. Трите делови на извештајот за парични текови вклучуваат оперативни, профитни и приходни
активности.
А) Точно.
Б) Неточно.
(оценка: 2 поени)
3. Дел од компанијата што е продаден или на друг начин е елиминиран се однесува на
дисконтинуирани операции.
А) Точно.
Б) Неточно.
(Oценка: 2 поени)
4. Методот на забрзана депрецијација се однесува на депрецијација на долгорочно средство што ќе
резултира со поголем износ на трошок во првите години на користењето на средството и
споредбено помал трошок во покасните години на неговото користење.
А) Точно
Б) Неточно
(Оценка: 2 поени)
5. Откупот на сопствени акции ја намалува заработката по акција (ЕПС)
А) Точно.
Б) Неточно.
(оценка: 2 поени)
6. Коефициент на обрт на побарувањата од купувачите е мерка за солвентноста на компанијата.
А) Точно.
Б) Неточно.
(Oценка: 2 поени)

Прашања на избор од повеќе – 3 поени


7. Oбврските во билансот на состoјба се класифицирани на следниот начин:
А. Платени и неплатени.
Б. Тековни и долгорочни.
В. Тековни и нефинансирани.

1
Г. Определни и проценети.
(Оценка: 3 поени)

8. Alpha Enterprise има вкупни тековни средства од $2,000,000 а вкупни тековни обврски од
$800,000. Ако компанијата купи $100,000 залихи за готово, нивниот брз коефициент:
А. Ќе се зголеми.
Б. Ќе се намали.
В. Ќе остане иста.
Г. Не може да биде даден одговор од дадените информации.
(оценка: 3 поени)
9. Кои финансиски извештаи се потребни за да се пресмета коефициентот долг/капитал?
А. Само билансот на состојба.
Б. Само билансот на успех.
В. Биланост на состојба и билансот на успех.
Г. Биланост на состојба, билансот на успех и извештајот за парични текови.
(оценка: 3 поени)

10. Бројот на акции што компанија може да ги издаде кога е основана се нарекуваат _____ акции.
А. Одобрени.
Б. Издадени.
В. Постојн
Г. Сопствени.
(Oценка: 3 поени)

11 Ако ревизор најде отстапувања во ФИ на компанија од применетите принципи на


сметководство, тој најверојатно ќе издаде:
А. Писмо со квалификација
Б. Мислење за неслагање
В. Предупредувачка забелешка
Г. Квалифицирано мислење.
(Оценка: 3 поени)
12. Исплаќање на дивиденда:

А.Ја зголемува ЕПС.


Б. Ја намалува ЕПС.
В. Нема ефект на на ЕПС.
Г. Го зголемува капиталот на акционерите.
(Оценка: 3 поени)

Прашања на избор од повеќе со пресметка – 4 поени

13. Fairplay ги има следните информации во однос на продажбата на неговите производи за време
на 2006, која била негова прва година на работење :

2
- Приход УСД 1.000.000
- Враќање на продадени стоки УСД 100.000
- Готовина примена УСД 800.000
- Трошоци за продадени стоки УСД 700.000

Според пресметковната пресметка на сметководството, колку нето приход ќе биде известено во БУ


за 2006
А. УСД 200.000
Б. УСД 800.000
В.УСД 900.000
Г. УСД 1.000.000
(Оценка: 4 поени)

14. Следната информација е обезбедена од годишниот извештај на EZ Electronic, за годината која


завршува на 312 декември:

2009 2008 2007

Продажба $120,000 $110,000 $100,000


Трошоци на 40,000 34,000 30,000
продадени стоки
Бруто профит 80,000 76,000 70,000
Оперативни трошоци 48,000 42,000 40,000
добивка пред даноци 32,000 34,000 30,000
Данок на добивка 9,600 10,200 9,000
Нето добивка $ 22,400 $ 23,800 $ 21,000

Со користење на вертикална анализа, 2007 нето добивка ќе биде презентирана како:


a. 19%.
b. 100%.
c. 21%.
d. 22%.
(оценка: 4 поени)

Прашања со набројување, дефинирање или куси есеи – 6 поени

15. Дефинирај го и објасни го малцинскиот интерес и да наведи во кој извештај се


прикажува.

3
(Оценка: 6 поени)

16. Објасни ги: оперативните, инвестициските и финансиските активности на компаниите и


наведи пример за секоја од наведените активности.

(оценка: 6 поени)

17. Објасни ги: одобрените, издадените, сопствените и акциите во промет на една компанија.

4
(оценка: 6 поени)

18. Објасни ја користа од повеќестепениот биланс на успех за аналитичарот и наведи ја разликата


помеѓу различните мерки за профит во овој биланс

(оценка: 6 поени)

19. a. Објасни како е вреднувана залихата кога FIFO метод е користен.


b. Објасни како залихата е вреднувана кога LIFO методе користен.
c. Зошто менаџерите би избрале да го користат FIFO во време на инфлација?
d. Зошто менаџерите би избрале да го користат ЛIFO во време на инфлација?

5
(Оценка: 6 поени)
Критичко размислување или задачи – 8 поени

20. На почетокот на 2006 година, Флорида Роад Констракшн влегол во договор за градење пат за
владата. Изградбата ќе трае 4 години. Следните информации на 31 дек 2006 година се
расположиви за договорот:
- Вкупно приход согласно договорот УСД 10.000.000
- Вкупно очекувани трошоци УСД 8.000.000
- Настанати трошоци во тек на 2006 УСД 1.200.000
Колку приход би бил известен во 2006,2007, 2008 и 2009:

А. Според метод на процент од завршување

Б. Методот на целосно завршен договор

(Оценка: 8 поени)

21. Во тек на изминатата година РЈ Инц имале бруто добивка од УСД 200.000, плаќа дивиденда од
УСД 65.000 на приоритетните акции и плаќа УСД 85.000 дивиденда на неговите обични акции.
Состојбата на обичните акции е следна:
- 1 јануари Издадени акции и во промет 120.000
- 1 јуни Издавање на акции 50.000
- 1 ноември Откупени сопствени акции 10.000
Пресметај го пондерираниот просек на акции во годината и ЗПА

(Оценка: 8 поени)

6
22. Врз основа на следните инфо за Artizan, Inc.’s направи извештај за паричен тек за мај
2011 годинасо користење на директен метод.

Почетно салдо на готовина $15,375


Крајно салдо на готовина 39,669
Готовински плаќања на 10,400
добавувачи
Платен закуп 1,200
Исплатени плати 3,750
Готовина примена од 17,868
купувачи
Платена камата 150
Платени дивиденди 200
Примена готовина од кредит 10,000
Издавање на акции 25,000
Купена опрема за студиото 12,874

(Оценка: 8 поени)
23. Користи ги анализите за профитабилноста на компанијата T-Shirt City со следните
коефициенти: а)принос од средства, б) принос од капитал и в)коефициент бруто профит.
Забелешка: Компанијата T-Shirt City нема приоритетни акции.

Продажби $ 350,000
Бруто профит $ 196,000
Нето добивка $ 38,880
Трошоци за камата $ 5,765
Просечни вкупни средства $ 360,000
Просечен капитал од обични акции $ 200,000
Просечни акции во промет 25,000

7
(Оценка: 8 поени)

ROA (return on assets) Нето добивка Просек на вкупни средства

ROE (ROE=return on Нето добивка Просек на вкупен акционерски


equity) капитал

Бруто профитна маржа Бруто профит Приход од продажби

You might also like