Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 8

ДОМАШНА РАБОТА

Т / - ПРОТЕИДИ - / СЛОЖЕНИ БЕЛКОВИНИ /

1/- Сложените белковини – ( Протеиди ) се состојат од - протеинска компонента и


небелковинска компонента од неорганска или од органска природа – ( т.н. –
простетична група ).

2/- Според природата и видот на простетичната група, се разликуваат повеќе категории и


групи на протеиди: фосфопротеиди, липопротеиди, гликопротеиди, металпротеиди и
хромпротеиди

3/- Фосфопротеидите сесостојат од - белковинска компонента и фосфатен радикал – (


H3PO4 ) како простетична група, која е сврзана за некоја окси киселина, а најчесто
за аминокиселината – Серин – т.с. ( -амино--хидроксипропионска киселина ).

4/- Типични претставници од групата – Фосфопротеиди се: Казеин( во млекото ),


Ововителин – ( во жолчка од јајца ),

5/- Казеинот во млекото се наоѓа во форма на - растворлива сол на калциумот, т.н.


Калциум казеинат – ( Ca-казеинат )

6/- Простетичната група на казеинот е - дипептид- (т.н. Фосфосерил-глутаминска


киселина ), при што фосфатниот радикал – ( H3PO4 ) е сврзан за - / ОН / групата на
аминокиселината –Серин.

7/- Под дејство на сиришниот фермент – Лабфермент – т.с.( Хемозин ) од желудечниот


сок, се добива соединението – Параказеин

8/- Карактеристично за структурата на казеинот е тоа што тој ги содржи – сите


есенцијални аминокиселини заради што претставува потполна белковина- ( храна)

9/- Липопротеидите претставуваат – сложени белки чија простетична група


претставува некој – липоид – ( на пр. – Кефалин, - Лецитин, - Холестерин, ... и др. ).

10/- Особено богати со липопротеиди се- Клетките на – Централниот нервен систем,


мрежницата на окото – ( на пр. – Видниот пурпур = Родопсин, за простетична група
го има аксерофтолот - витаминот-А ).

11/- Гликопротеидите се состојат од - белковинска компонента и простетична група


која претставува некој полисахарид.

12/- Гликопротеидите се поделени на - Гликопротеиди кои содржат хексуронски


киселини, и Гликопротеиди кои не содржат хексуронски киселини

13/- Типични претставници на гликопротеидите се -- Хондропротеиди – ( кои


учествуваат во структурата на коските и забите );

1
Хијалуронопротеиди – ( ги има во меѓуклеточните простори, во мускулите и
внатрешните органи, - тие имаат улога да ги поврзуваат поедините клетки во
целина );
- Кератосулфати – ( ги има во рожницата на окото, во тетивите и рскавиците );
- Муцини – ( ги има во плунката, во жолчниот сок од жолчниот меур на хепарот, во
желудечниот сок, ... како и во други слузни секрети, - / на пр. – Хепаринот, ... има
антикоагулантно дејство, ... и т.н. );

14/- Металпротеидите претставуваат - сложени протеини кои како простетична група


имаат некој метален катјон

15/- Улогата на металпротеидите е - ензимска, транспортна улога, како и улога на


складирање на протеини, учествуваат во катализата на голем број т.н. – редокс
реакции

16/- Хромопротеидите претставуваат - сложени белки составени од белковинска


компонента и простетична група која претставува некој пигмент

17/- Хромопротеидите, според хемиската структура се поделени на - ПОРФИРИНСКИ


ХРОМОПРОТЕИДИ, и ФЛАВОПРОТЕИДИ

18/- Простетичната група кај порфиринските хромопротеиди е - порфирински дериват


– ( т.с. – некој пигмент )

19/- Хемоглобинот, односно миоглобинот се состои од - белковинска компонента-


Глобин, и простетична група – Хем, кој има порфиринска структура

20/- Освен хемоглобинот, други типични претставници на групата порфирински


хромопротеиди се - Цитохромите – ( т.с. – Цитохромоксидазите ),

21/- Флавопротеидите за простетична група имаат - Рибофлавинот, односно т.н. -


Лактофлавин - / т.с. -Витаминот ( Б2) /

22/- Флавопротеидите влегуваат во состав на - ензими – ( т.н. – Флавиндехидрогенази ),


кои учествуваат во катализа на оксидоредукционите процеси во клетките.

23/- Нуклеопротеидите се сложени белки кои се состојат од - прости белки, какви што
се – ( протамини или хистони ), и нуклеинска киселина како простетична група

24/- Нуклеопротеидите ги има во - јадрата на клетките во состав на хромозомите,


како и во некои цитоплазматични структури – ( митохондрии, - хлоропласти, -
центрозоми ).

25/- Нуклеинските киселини се состојат од голем број мономерни единици –


нуклеотиди, при што секој нуклеотид е составен од т.н. – Нуклеозид а нуклеозидот
со поврзување со една ортофосфорна киселина – ( т.с. – фосфатен радикал ), се
формира - Нуклеотид.

26/- Секој нуклеозид се состои од - една пуринска или пиримидинска азотна база +
една пентоза – рибоза, или дезоксирибоза

2
27/- Улогата на нуклеопротеидите се гледа во - остварувањето на процесите на
биолошкото наследување, во генетската контрола на биосинтезата на протеини, во
процесите на ослободување на енергија од енергетските супстанци, во процесите на
секреција и екскреција, и др

28/- Слободни нуклеотиди во клетките на организмите се - ADP – ( Аденозин-


дифосфат ), - ATP – ( Аденозин-трифосфат ), - NADP – ( Никотинамид-Аденин-
Динуклеотид-Фосфат ), - c-AMP – ( Цикличен – Аденозин-Монофосфат ), ... и др

29/- Хромопротеидите претставуваат - сложени протеини кои како простетична група


имаат некој пигмент – ( Chromos = боја ), од што произлегува и нивното име =
ОБОЕНИ БЕЛКИ

30/- Хромопротеидите кои за простетична група имаат – ХЕМ, се нарекуваат -


хемпротеини

31/- Црвената боја на еритроцитите потекнува од - хемоглобинот

32/- Функционалната улога на хемоглобинот е - пренесување кислородот од белите


дробови до ткивата

33/- Освен хемоглобинот, други типични претставници на хемпротеините се -


цитохромите – ( кои се интрацелуларни пигменти ), чија улога е да ги пренесуваат
електроните во текот на биолошките оксидации, како и цела низа на ензими кои ги
катализираат редокс-реакциите во клетките.

34/- Железото во хемот на хемпротеините може да биде двовалентно – ( ферохем, или


само – хем ), тровалентно – ( ферихем, или хемин ), а може и повратно да се
трансформира од двовалентна во тровалентна форма.

35/- Типични претставници на порфиринопротеини со двовалентно железо се –


Хемоглобини, - Еритрокруонини, - Миоглобини;

36/- Функционално, хемоглобините имаат улога -се респираторни пигменти кај


рбетниците;

37/- Еритрокруонините, функционално се -респираторни пигменти во крвта и


ткивните течности на безрбетниците;

38/- Миоглобините, функционално имаат улога - респираторни пигменти кои се


наоѓаат во мускулите на рбетниците и безрбетниците, а се изградени од една
спирална полипептидна верига

39/- Цитохромите претставуваат -интрацелуларни пигменти кои се наоѓаат во


клетките на сите аеробни организми. Цитохромите В и С како простетична група
содржат хемин – ( Fe3+ - сврзано за протопорфиринот ), а цитохромот – А
( Цитохромоксидаза – т.н. ензим на дишењето ), има простетична група – цитохемин

40/- Порфиронопротеини со тровалентно железо во структурата се – ензимите од


групата - КАТАЛАЗИ:

3
41/- Каталаза е ензим од групата порфиринопротеини кој во составот содржи тровалнтно
железо, а чија улога е –да го забрзува разложувањето на водородниот пероксид до
вода и кислород.

42/- Пероксидази се ензими од групата порфиринопротеини кој во составот содржи


тровалнтно железо, а чија улога е – да ја катализираат оксидацијата со водороден
пероксид како оксидативно средство

43/- Хемоглобинот структурно претставува - сложен протеин составен од протеинска


компонента – ГЛОБИН и простетична група –ХЕМ

44/- Молекулата на хемоглобинот се состои од - два пара хомологни полипептидни


низи и тоа по две – (  ) и две – (  ) низи. Секоја од нив завршува со по една
простетична група – ХЕМ, така што во молекулата на хемоглобинот има четири
хема

45/- Од аспект на хемиската природа, хемот претставува - протопорфирински дериват


кој содржи еден атом – ( Fe2+ ), кое со една координативна врска, железото во секој
хем е поврзано со глобинот преку аминокиселината – Хистидин, со четири
координативни врски е поврзано сопироловите прстени на протопорфиринот, а со
шестата го врзува молекуларниот кислород, или пак јаглеродниот диоксид. Покрај
тоа, исто така и две карбоксилни групи од пропионската киселина на хемот се
сврзани за глобинот.

45/- Во состав на еритроцитите, хемоглобинот врши повеќе важни функции како што се:
Транспорт на молекуларен кислород од белите дробови до ткивата;
- Учествува во транспортот на јаглеродниот диоксид од ткивата до белите дробови;
- Има пуферска улога во регулација на - / рН / во крвта;
- Исто така има и ензимска активност

46/- Преносот на кислородот од алвеолите во крвта се врши така што - кислородот, се


сврзува со железото од хемот, при што гради – оксихемоглобин. Тој преку крвта го
пренесува кислородот до површината на капиларните клетки каде што владее
низок парцијален притисок на кислород. При тоа, оксихемоглобинот се разложува,
со што се ослободува кислородот кој понатаму навлегува во другите клетки и
служи за одржување на оксидациони те процеси во нив.

47/- Јаглеродниот диоксид од клетките назад до алвеолите- ( белите дробови ) се


пренесува на тој н ачин што -деоксихемоглобин / од површината на клетките може да
сврзи јаглероден диоксид каде што неговиот парцијален притисок е голем, за
терминалните аминокиселински остатоци, градејќи карбамидно соединение. На
таков начин, јаглеродниот диоксид се транспортира до белите дробови, каде што се
исфрла надвор, за да може повторно хемоглобинот да сврзе кислород

48/- Карбоксихемоглобин претставува - соединение на хемоглобинот со јаглеродниот


моноксид.

49/- Афинитетот на железото од хемоглобинот кон јаглеродниот моноксид е - за 200 пати


поголем отколку кон кислородот

4
50/- Кај рбетниците – ( и кај човекот ), доколку 70% од хемоглобинот е сврзан за СО 2, во
таков случај настапува - смрт

51/- Во зависност од парцијалните притисоци на кислород и јаглероден моноксид,


сврзувањето на СО и О2 за хемоглобинот е - реверзибилно,

52/- Метхемоглобин во организмите настанува во случаи кога -во хемоглобинот под


дејство на пероксиди, хинони, анилински пареи, нитробензен и азотни оксиди да
настанува оксидација на Fe2+, во Fe3+

53/- Зголемување на концентрацијата на метхемоглобин во крвта може да резултира со


смрт затоа што - Метхемоглобинот не може да транспортира кислород, СО и СО2,

54/- Под дејство на некои ензими, метхемоглобинот се редуцира до хемоглобин

55/- Миоглобините претставуваат –се група на респираторни пигменти кои се наоѓаат


во мускулите на рбетниците и безрбетниците. Тие се изградени од по една
полипептидна низа со спирална структура. Железото во хемот на миоглобините има
поголем афинитет кон кислородот во однос на хемоглобинот и може да се сврзува со
кислородот дури и при помал парцијален ритисок

56/- Нуклеопротеидите според хемиската природа претставуваат - сложени белки кои


се составени од некои прости белки ( протамини или хистони ), и нуклеинска
киселина како простетична група. Ги има во јадрата на клетките во состав на
хромозомите, како и во некои цитоплазматични структури – ( митохондрии, -
хлоропласти, - центрозоми ).

57/- Нуклеинските киселини кои влегуваат во состав на нуклеопротеидите


претставуваат- се макромолекуларни соединенија, кои се составени од голем број
мономерни единици = т.н. - нуклеотиди, при што секој нуклеотид е составен од т.н. –
Нуклеозид, додека пак нуклеозидот, со поврзување со една ортофосфорна киселина
– ( т.с. – фосфатен радикал ), се трансформира во - Нуклеотид.

58/- Нуклеозидите се составени од – една пуринска или пиримидинска азотна база и


уште една пентоза = рибоза, или пак дезоксирибоза

59/- Нуклеотидите се сотојат од – нуклеозид поврзан со една ортофосфорна


киселина(фосфатен радикал)

59/- Нуклеопротеидите имаат улога во - биолошкото наследување, во генетската


контрола на биосинтезата на протеини, во процесите на ослободување на енергија
од енергетските супстанци, во процесите на секреција и екскреција, и др. ...

60/- Во организмите се присутни и слободни нуклеотиди, кои имаат голема улога во ––


енергетски метаболизам на клетките

61/- Со хидролиза на нуклеинските киселини се добива смеса од -Органски бази –


( пурински или пиримидински ), моносахариди – пентози – ( рибоза или
деоксирибоза ), и фосфорна киселина – ( ортофосфорна киселина / т.с. - фосфатен
радикал );

5
62/ - Органските бази кои влегуваат во состав на нуклеинските киселини се –деривати
на пурин и пиримидин (пурински и пиримидински бази)

63/- Пурински бази во структурата на нуклеинските киселини се - Аденин и Гуанин

64/- Пиримидински бази во структурата на нуклеинските киселини се - Тимин,


Цитозин и Урацил

65/- Пентозите кои влегуваат во составот на нуклеинските киселини се --D-


рибофураноза / - која се наоѓа во рибонуклеинската киселина – ( РНК ); -D-
деоксирибофураноза / - која се наоѓа во деоксирибонуклеинската киселина – ( ДНК)

66/- Нуклеозиди се соединенија кои се изградени од - органска база и молекула на


рибоза или деоксирибоза

67/- Нуклеотидите од аспект на нивната хемиска природа претставуваат - фосфатни


естри на нуклеозидите. Составени се од една органска база – ( рибоза или
деоксирибоза ) и една пентоза за која естерски е сврзана една фосфорна киселина.
Фосфатниот остаток е сврзан естерски за С5 атомот на пентозата

68/- Најзначајни претставници на нуклееотиди со 2 или 3 фоссфатни остатоци се - АDP –


Аденозин-ДиФосфат /, и / АТР – Аденозин-Три-Фосфат /;

69/- ДНК – е високомолекуларно биополимерно соединение изградено од – огромен број


на деоксимононуклеозиди, кои меѓусебно се поврзани со фосфодиестерски мостови.

70/- Од аспект на хемиската природа, Деоксимононуклеотидите на ДНК се изградени од:


Деоксирибоза – ( една пентоза ); Една од органските азотни бази: - ( Пурински =
Аденин, или Гуанин ), односно, - ( Пиримидински = Тимин, или
Цитозин );Фосфорна киселина – ( Ортофосфорна киселина / т.с. – Фосфатен
радикал );

71/- Должината на молекуларната низа на ДНК во последно време се изразува во – број


на бази – ( т.н. – Килобази )

72/- Днк во клетките ја има во – јадрото, а ја има и во митохондриите, пластидите кај


растителните клетки и центрозомите

73/- Плазмидна ДНК се среќава кај - бактериите во цитоплазмата

74/- Примарната структура на полинуклеотидната низа на ДНК го претставува -


редоследот на нуклеозидите, т.с. органските бази во низата

75/- Редоследот на нуклеозидите, т.с. на органските бази во полинуклеотидната верига на


ДНК го претставува - Примарната структура ?

76/- Секундарната структура на ДНК го претставува –начинот на сврзување на двете


полинуклеотидни вериги, што се остварува со поврзување на комплементарните
азотни бази - ( А со Т , односно C so G ) од двете низи со водородни врски и обратно.

6
77/- Терциерната структура на ДНК го претставува – целосниот просторен распоред на
двете комплементарни нуклеотидни низи на ДНК, кои се меѓусебно обвиткани во
двојна спирала во просторот.

78/- Од аспект на просторната организација, т.с. – терциерната структура, морфологијата


на молекулата на ДНК може да биде - линеарна, циркуларна – ( кружна ), или
глобуларна – ( топчеста ) структура

79/- Од аспект на физичко-хемиските својства, основните карактеристики на ДНК се


високомолекуларно биополимерно соединение, растворлива во водни раствори на
бази и киселини, а добиените раствори се многу вискозни, Покажува оптичка
активност поради постоење на хирален – С – атом во деоксирибозата, Под дејство
на високи температури – ( од 70 – 100 0С ), формалдехид и промена на – рН –
реакцијата, ДНК може да се денатурира.

80/- Во примарната структура на ДНК, во гените, сместена е – генетската информација


за биосинтезата на протеините, односно информацијата за развој на наследните
особини.

81/- ДНК има способност да се реплицира идентично, што претставува – генетски


континуитет на видовите.

82/- ДНК ги синтетизира сите видови РНК – (иРНК, - рРНК, и – тРНК ), на кој начин се
врши –пренесување на информацијата за структурата на протеините во
цитоплазмата на полирибозомалниот систем за транслација – ( биосинтеза на
протеините ).

82/- РНК молекулите се изградени од голем број на – голем број на рибонуклеозиди,


кои се естерски поврзани во низи преку фосфорната киселина

83/- Органските бази кои се во состав на молекулата РНК се – Пурински - А – аденин, и


– G - Гуанин /, и Пиримидински – C – цитозин, и U – урацил

84/- Улогата на РНК е –биосинтеза на протеини во клетките, односно, нивната улога


е да го реализира процесот на – Транслација ( претварање ) на генетските
информации во белковинска материја

85/- Постојат повеќе видови на РНК и тоа – Информациона – РНК – ( iRNK ),


Транспортна РНК - ( tRNK )и Рибозомална – РНК ( rRNK )

86/- Примарната структура на иРНК всушност претставува - копија на соодветните


гени, или сегмент на ДНК со специфична структура каде што се наоѓа
информацијата за примарната структура на протеините што треба да се
синтетизираат во цитоплазмата на клетките

87/- Имено, со други зборови кажано, - иРНК ја пренесува генетската информација за -


синтезата на различните белковини од ДНК во јадрото, до рибозомите во
цитоплазмата

7
88/-( иРНК ) - се создава во јадрото на клетките во процесот на – ТРАНСКРИПЦИЈА на
матриците на ДНК по пат на комплементарност на азотните бази, во моментот кога
ДНК молекулата е деспирализирана на две единечни полинуклеотидни нишки.

89/- Распоредот на базите на иРНК кој е комплементарен на – генетските кодови на


ДНК, се нарекува – КОДОН и тој е одговорен за детерминација на една
аминокиселина во полипептидната структура на белковините.

90/-Транспортните РНК - ( tRNK ) – имаат релативно мала молекулска маса и содржат –


од 75 – 90 нуклеотиди, чии молекули се со спирална морфологија во вид на
тролисна детелина

92/- Антикодон претставува – Триплет на бази кој се наоѓа на средишниот лист од


тРНК, кој е комплементарен на соодветниот кодон кај иРНК, на кое место се
поврзуваат двете РНК – молекули заради предавање на аминокиселината што ја
носи тРНК на иРНК, што всушност претставува читање на генетските информации
– (т.с. претварање на генетските информации во материја – ТРАНСЛАЦИЈА );

93/- Улогата на тРНК е - да ја распознае секоја, својата аминокиселина и да ја


транспортира до полирибозомалниот систем заради нивна понатамошна
полимеризација во полипептидни синџири – ( т.с. белковински молекули ).

94/- Активацијата на аминокиселините се врши на тој начин што – преку соодветен


ензим секоја аминокиселина најпрво се поврзува со - / ATP / и гради
високоенергетско соединение - / Аминокиселинa-Аденилат-Циклаза /, збогатувајќи
го своето енергетско ниво, при што аминокиселината се поврзува со – иРНК. Во тој
облик како интермедиерно соединение, аминокиселините, преку ( tRNK ) се
транспортираат до - / иРНК / за понатамошна полимеризација во белковини.

95/- Транспортни – РНК има толкав број колку што има - различни видови
аминокиселини – ( т.с. – за секоја аминокиселина одделно има по една посебна –
тРНК ).

96/- Рибозомална РНК - ( rRNK ) – се составни компоненти на рибозомите, чија улога се


претпоставува дека е – одговорна за поврзувањето на – иРНК со рибозомите во
полирибозомален систем, како резултат на што понатаму се остварува
полимеризацијата на аминокиселините во полипептидни низи – ( белковини ).

You might also like