3 BH 6 Nukleoproteidi

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 5

НУКЛЕОПРОТЕИДИ

ПОИМ:
Нуклеопротеидите се сложени белки кои се составени од некои прости белки,
какви што се – ( протамини или хистони ), и нуклеинска киселина како простетична
група. Ги има во јадрата на клетките во состав на хромозомите, како и во некои
цитоплазматични структури – ( митохондрии, - хлоропласти, - центрозоми ).
Најбогат извор на нуклеопротеиди се сперматозоидите и јајните клетки на некои
риби, јадрата на клетките на нервното ткиво, црниот дроб, ... и др.

Нуклеинските киселини кои влегуваат во состав на нуклеопротеидите се


макромолекуларни соединенија, кои се составени од голем број мономерни единици =
т.н. - нуклеотиди, при што секој нуклеотид е составен од т.н. – Нуклеозид, ( кој пак се
состои од една пуринска или пиримидинска азотна база и уште една пентоза = рибоза,
или пак дезоксирибоза ), додека пак нуклеозидот, со поврзување со една ортофосфорна
киселина – ( т.с. – фосфатен радикал ), се трансформира во - Нуклеотид.

Нуклеопротеидите имаат улога во остварувањето на процесите на:


- биолошкото наследување,
- во генетската контрола на биосинтезата на протеини,
- во процесите на ослободување на енергија од енергетските супстанци,
- во процесите на секреција и екскреција, и др. ...

Во организмите се присутни и слободни нуклеотиди, кои имаат голема улога во


т.н. – енергетски метаболизам на клетките.
Тоа се соединенија богати со енергија – ( т.н. резервна хемиска енергија која е
складирана во клетките ), како што се:
– ADP – ( Аденозин-Дифосфат ),
- ATP – ( Аденозин-Трифосфат ),
- NADP – ( Никотинамид-Аденин-Динуклеотид-Фосфат ),
- c-AMP – ( Цикличен – Аденозин-Монофосфат ), ... и др.

НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ ВО СОСТАВ НА НУКЛЕОПРОТЕИДИТЕ:

Нуклеинските киселини се биополимерни високомолекуларни соединенија, со


чија хидролиза се добива смеса од:
- / Органски бази – ( пурински или пиримидински ),
- / моносахариди – пентози – ( рибоза или деоксирибоза ), и
- / фосфорна киселина – ( ортофосфорна киселина / т.с. - фосфатен радикал );

1/- Органски бази: - Органските бази кои влегуваат во состав на нуклеинските киселини
се деривати на пурин и пиримидин и затоа се означуваат како пурински и
пиримидински бази.
Пуринските бази - / Аденин и Гуанин / - се деривати на пуринот. Составени се
од два кондензирани прстени и тоа – шесточлен ( пиримидински ) и петочлен
(имидазолен).

1
Пиримидинските бази - / Тимин, Цитозин и Урацил ), - се деривати на
пиримидинот. Изградени се од шесточлен пиримидински хетероцикличен прстен.

2/- Пентози – претставуваат шеќерна компонента, која го одредува видот на


нуклеинските киселини, а кои можат да бидат:
- / -D-рибофураноза / - која се наоѓа во рибонуклеинската киселина – ( РНК );
- / -D-деоксирибофураноза / - која се наоѓа во деоксирибонуклеинската киселина
– ( ДНК );

Нуклеозиди – се соединенија изградени од органска база и молекула на рибоза или


деоксирибоза. Настануваат со поврзување на органските бази преку иминогрупата со
полуацеталната – ОН група на С1 од моносахаридот, со издвојување на една молекула
вода.

Нуклеотиди – се фосфатни естри на нуклеозидите. Составени се од една органска база –


( рибоза или деоксирибоза ) и една пентоза за која естерски е сврзана една фосфорна
киселина. Фосфатниот остаток е сврзан естерски за С5 атомот на пентозата.

Постојат нуклеотиди со две или три фосфатни остатоци, меѓусебно поврзани со


фосфоанхидридна врска. Од нив, најзначајни се - / АDP – Аденозин-ДиФосфат /, и / АТР
– Аденозин-Три-Фосфат /;
Нуклеотидите можат меѓусебно есетерски да се поврзуваат и да градат долги
низи. Во зависност од бројот на мономерните единици во нивната структура, можат да
градат олигонуклеотиди – ( од 2 – 10 нуклеотидни единици ), и полинуклеотиди –
( повеќе од 100 нуклеотидни единици ) – нуклеински киселини.

ДНК - / ДЕОКСИРИБОНУКЛЕИНСКА КИСЕЛИНА /


DNA - / DeoxiriboNucleinAcid /

ДНК – е високомолекуларно биополимерно соединение, изградено од огромен


број на деоксимононуклеозиди, кои меѓусебно се поврзани со фосфодиестерски
мостови.
Од аспект на хемиската природа, Деоксимононуклеотидите на ДНК се изградени
од 3 компоненти и тоа:
1.- Деоксирибоза – ( една пентоза );
2.- Една од органските азотни бази: - ( Пурински = Аденин, или Гуанин ),
односно, - ( Пиримидински = Тимин, или Цитозин );
3.- Фосфорна киселина – ( Ортофосфорна киселина / т.с. – Фосфатен радикал );
Должината на молекуларната низа на ДНК во последно време се изразува во број
на бази – ( т.н. – Килобази ). Молекулата на ДНК е изградена од две меѓусебно спирално
свиткани полинуклеотидни низи, комплементарно поврзани со т.н. - водородни мостови
– ( врски ) помеѓу комплементарните азотни бази.

ДНК најмногу ја има во јадрото на клетките – ( т.н. – јадрена ДНК ), каде што таа
е сврзана за хистоните, со што се формира хроматинската материја, од која пак се
создаваат хромозомите.
Но, исто така ДНК има и во митохондриите, пластидите кај растителните клетки
и центрозомите = ( т.н. екстрануклеарна т.с. – вонјадрена ДНК ).
Кај бактериите ја има во цитоплазмата – ( т.н. Плазмидна ДНК ).

2
Исто како и протеините, така и полинуклеотидната молекула на ДНК има три
организациони состојби и тоа – примарна, секундарна и терциерна структура.

Примарната структура на полинуклеотидната низа на ДНК го претставува


редоследот на нуклеозидите, т.с. органските бази во низата. Овој редослед всушност го
претставува редоследот на генетските информации кои ја детерминираат примарната
структура на протеините при нивната биосинтеза во клетките.

Секундарната структура на ДНК го претставува начинот на сврзување на двете


полинуклеотидни вериги, што се остварува со поврзување на комплементарните азотни
бази - ( А со Т , односно C so G ) од двете низи со водородни врски и обратно. Заради
тоа, секоја од спиралние нуклеотидни низи се комплементарни една со друга.

Терциената структура на ДНК го претставува целосниот просторен распоред на


двете комплементарни нуклеотидни низи на ДНК, кои се меѓусебно обвиткани во двојна
спирала во просторот.
Во просторот, оваа двојна спирала на ДНК може да има:
- линеарна,
- циркуларна – ( кружна ), или
- глобуларна – ( топчеста ) структура.

Својства на ДНК:

– ДНК е високомолекуларно биополимерно соединение:


- ДНК е растворлива во водни раствори на бази и киселини, а добиените раствори
се многу вискозни.
- Покажува оптичка активност поради постоење на хирален – С – атом во
деоксирибозата.
- Под дејство на високи температури – ( од 70 – 100 0С ), формалдехид и промена
на – рН – реакцијата, ДНК може да се денатурира.
- Ренатурација може да настане во случај на бавно ладење на растворот, при што
некои низи можат повторно да се обвиткаат во двоен хеликс.

Функција на ДНК:

– Во примарната структура на ДНК, во гените, сместена е генетската


информација за биосинтезата на протеините, односно информацијата за развој на
наследните особини.
- ДНК има способност да се реплицира идентично, што е единствен случај во
светот на неорганската и органската хемија, со што се осигурува генетскиот континуитет
на видовите.
- ДНК ги синтетизира сите видови на - РНК – (иРНК, - рРНК, и – тРНК ), на кој
начин се пренесува информацијата за структурата на протеините во цитоплазмата на
полирибозомалниот систем за транслација – ( биосинтеза на протеините ).

3
РНК - / РИБОНУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ /
RNA - / RiboNucleinAcid /

РНК молекулите се изградени од голем број на рибонуклеозиди, кои се естерски


поврзани во низи преку фосфорната киселина.

Органските бази кои се во состав на молекулата РНК се:

- / Пурински - А – аденин, и – G - Гуанин /, и


- / Пиримидински – C – цитозин, и U – урацил /.
Улогата на РНК е биосинтеза на протеини во клетките, односно, нивната улога е
да го реализира процесот на – Транслација - , кој претставува всушност
материјализирање – ( претварање ) на генетските информации во белковинска материја.

Постојат повеќе видови на РНК:

1/- Информациона – РНК – ( iRNK )


– уште е позната под поимот – матрична РНК – ( т.с. – messenger – mRNK ).

Примарната структура на иРНК е копија на соодветните гени, или сегмент на


ДНК со специфична структура каде што се наоѓа информацијата за примарната
структура на протеините што треба да се синтетизираат во цитоплазмата на клетките.
Имено, со други зборови кажано, - иРНК ја пренесува генетската информација за
синтезата на различните белковини од ДНК во јадрото, до рибозомите во цитоплазмата.
-( иРНК ) - се создава во јадрото на клетките во процесот на – ТРАНСКРИПЦИЈА
на матриците на ДНК по пат на комплементарност на азотните бази, во моментот кога
ДНК молекулата е деспирализирана на две единечни полинуклеотидни нишки.
После тоа, синтетизираната иРНК од јадрото, преку порите на јадрената мембрана
мигрира во цитоплазмата, каде што со рибозомите се сврзува и го формира
полирибозомалниот систем за биосинтеза на белковини.
Распоредот на базите на иРНК кој е комплементарен на генетските кодови на
ДНК, се нарекува – КОДОН и тој е одговорен за детерминација на една аминокиселина
во полипептидната структура на белковините.

2/- Транспортна РНК - ( tRNK )

Транспортните РНК ги има толкав број колку што учествуваат аминокиселини во


структурата на белковините – ( односно, за секоја аминокиселина има посебна
транспортна рибонуклеинска киселина ).
Овие рибонуклеински киселини имаат релативно мала молекулска маса и содржат
од 75 – 90 нуклеотиди, чии молекули се со спирална морфологија во вид на тролисна
детелина.

4
Нејзината улога е да ја распознае секоја, својата аминокиселина и да ја
транспортира до полирибозомалниот систем заради нивна понатамошна полимеризација
во полипептидни синџири – ( т.с. белковински молекули ).

АНТИКОДОН претставува – Триплет на бази кој се наоѓа на средишниот лист од


тРНК, кој е комплементарен на соодветниот кодон кај иРНК, на кое место се поврзуваат
двете РНК – молекули заради предавање на аминокиселината што ја носи тРНК на
иРНК, што всушност претставува читање на генетските информации – (т.с. претварање
на генетските информации во материја – ТРАНСЛАЦИЈА );

- Активацијата на аминокиселините пак, се врши на тој начин што, преку


соодветен ензим секоја аминокиселина најпрво се поврзува со - / ATP / и гради
високоенергетско соединение - / Аминокиселинa-Аденилат-Циклаза /, збогатувајќи го
своето енергетско ниво, при што аминокиселината се поврзува со – иРНК.
Во тој облик како интермедиерно соединение, аминокиселините, преку ( tRNK )
се транспортираат до - / иРНК / за понатамошна полимеризација во белковини.
За секоја аминокиселина постои соодветен активирачки ензим, односно постои
посебна – тРНК. Или со други зборови кажано, постојат толку видови на - / тРНК / колку
што има различни видови аминокиселини – ( т.с. – за секоја аминокиселина одделно има
по една посебна – тРНК ).

3/- Рибозомална – РНК ( rRNK )

Рибозомалната РНК е составна компонента на рибозомите, чија улога се


претпоставува дека е одговорна за поврзувањето на – иРНК со рибозомите во
полирибозомален систем, како резултат на што понатаму се остварува полимеризацијата
на аминокиселините во полипептидни низи – ( белковини ).

You might also like