Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Универзитет Гоце Делчев –Штип

Земјоделски Факултет

Семинарска работа по предметот


Шпански јазик-2
Тема:
Авокадо

Ментор: Изработила:

Проф.Д-р Марија Тодорова Викторија Мицева 091597


Содржина
1.Вовед

2.Одгледување на авокадо

3.Заклучок

4.Користена литература
Вовед

Авокадото е карактеристично овошје со голема количина на масти и многу


калории.Имаат суптилен, а сепак кремаст вкус.Авокадото спаѓа во најпопуларните
овошја, со оглед на тоа што има хранлива вредност слична на одредени јаткасти
плодови и семиња. Дел од популарните имиња за овој плод низ различните
краишта на светот се: алигаторска круша, агуакате, путереста круша, итн.

Ботанички оваа овошје спаѓа во фамилијата lauracea истата фамилија во која


спаѓаат и неколку необични членови, како што се: ловор, цимет и др. Научното
име на авокадото е persea americana

Oдгледување на авокадото
Шпанските конквистадори на почетокот на 16 век никогаш порано не виделе
нешто слично.Имало облик и било големо отприлика како круша,но останувало
зелено дури откако и ќе созреало.

Плодот во средината бил мек и по состав како путер со вкус сличен на орев.На
крајот станало познато како авокадо,од астечкиот збор Ахуакат.

Авокадото за прв пат им го донел на Европејците Мартин Фернандез Де Енисо тој


ја видел оваа овошка во близина на денешна Санта Марта(Колумбија). За време
на една од првите шпански експедиции во Јужна Америка.

Во текот на тие години на истражување,Европејците за прв пат вкусиле и други


нови јадења освен авокадото вклучувајќи ѓи и чоколадото,пченката,и компирот.

Се разбира ниту еден од овие јадења не било навистина ново.

Денес авокадото се одгледува на многу места со топла или умерена


клима,вклучувајќи ги Австралија,Кенија,Нов Зеланд,Америка,Филипините и др.

Тоа е едно од 20те тропски овошја што стекнаа важност во трговијата ширум
светот.

Меѓутоа во тропските земји на Америка се распостранети многу сорти авокадо,од


такви кои не се поголеми од кокошкино јајце до некои кои се големи колку
просечна лубеница и тежаат до 2 килограми.Бојата може да биде од зелена до до
темно виолетова ,а кората кај некои сорти е рапава и трошна,додека кај други е
мазна и тенка.

Кога цветат дрвата на авокадото се покриени со илјадници бледожолти


цветови.Меѓутоа само 1 од секои 5.000 цветови ке стане авокадо.Карактеристика
на овие цветови е тоа што секој од нив има прашник а во исто време има и
толчник.Оваа би можело да овозможи самоопрашување доколку не постоеше
еден чудесен механизам во авокадното дрво кој ги програмира овие структури да
се активираат во различно време.

Како резултат на тоа,на утринското сонце некои дрвја ги отвараат своите цветови
како рецептори на полен ,а ги затвараат напладне .Истите овие цветови повторно
се отвараат навечер како произведувачи на полен.Опрашувањето настанува кога
некое дрво што произведува полен се наога во близина на друго дрво кое во
истото време прима полен.Исто така во пренесувањето на поленот важна улога
играат и пчелите или другите инсекти.Така,една сложена координација на сончева
светлина,топлина,инсекти ветар и локација ја овозможува репродукцијата на овој
плод.
Заклучок
Од оваа можеме да заклучиме дека плодот во средината бил мек и по состав како
путер со вкус сличен на орев.На крајот станало познато како авокадо и авокадото
се одгледува на многу места со топла или умерена клима,вклучувајќи ги
Австралија,Кенија,Нов Зеланд,Америка,Филипините и др.

Користена литература
https://www.google.com/search?q=avokado&es_sm=93&source=lnms
&tbm=isch&sa=X&ei=O0hfVfHED4GfyAPY3IDACg&ved=0CAcQ_AUoAQ
&biw=1280&bih=923

Енциклопедии

Интернет

You might also like