Professional Documents
Culture Documents
Zakon - Za - Hemikaliite - 113 - 200907
Zakon - Za - Hemikaliite - 113 - 200907
Zakon - Za - Hemikaliite - 113 - 200907
m k
ЗАКОН ЗА ХЕМИКАЛИИ
Сл. Весник на Р. Македонија бр.113/07 од 20.09.2007 год.
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
1) Со овој закон се уредуваат условите и начинот на ставање на
хемикалиите во промет, условите за производство на хемикалиите, правата и
обврските на правните лица кои произведуваат и вршат промет со хемикалии
или ги употребуваат, тестирањето, оценувањето, класификацијата,
означувањето и пакувањето на хемикалиите, како и надзорот, со цел заштита на
здравјето на луѓето и заштита на животната средина.
2) Одредбите на овој закон во однос на оценувањето и класификацијата се
однесуваат и на биоцидите и на детергентите.
3) Овој закон ги уредува и барањата и постапките за пријавување на нови
супстанции и оценувањето на нови и постоечки супстанции, водење на хемиски
регистер, постапките за нотификација, постапките за меѓусебно признавање на
сертификатите, обврските за известување, утврдување на содржината, начинот и
условите за размена на информации за хемикалиите во однос на нивниот степен
на опасност, како и условите, обврските и начинот за сигурно ракување со
хемикалиите.
Член 2
Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:
1. “Хемикалии “ се супстанции и препарати;
а) “супстанции“ се хемиски елементи и нивни соединенија во природна
состојба или добиени во производен процес, вклучувајќи ги и додатоците кои се
неопходни за зачувување на нивната стабилност, односно онечистувањата кои
се појавуваат во текот на производството, заради применетиот процес на
добивање. Поимот ги вклучува и полимерните супстанции, како и растворите на
супстанциите кај кои при отстранувањето на растворувачот може да дојде до
хемиска промена на супстанцијата или да има влијание врз нејзината
стабилност;
б) “полимери” се супстанции составени од молекули, за кои е важен
распоредот на една или повеќе видови на мономерни единици, каде што
поголемиот број на молекули содржи најмалку три мономерни единици,
меѓусебно поврзани со ковалентна врска, или со една или повеќе други
мономерни единици или некои други реактанти. Таквите молекули мораат да
бидат со различни молекуларни маси каде разликите во молекуларните маси
примарно се должат на разликите во бројот на мономерни единици. Во тој
смисол, изразот мономерна единица е реактантна форма на мономер во полимер;
в) “препарати” се смеси или раствори составени од две или повеќе
супстанции;
2. “Опасни хемикалии “ се:
а) “експлозивни хемикалии” се цврсти, течни, во облик на пасти или
желатинозни супстанции или препарати кои реагираат егзотермно без
атмосферски кислород, при што брзо создаваат гасови и кои при дефинирани
тест услови детонираат, бргу се распаѓаат или при загревање експлодираат ако
се во ограничен простор;
1
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
2
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
3
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
4
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
5
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 3
1) Одредбите на овој закон се применуваат и на:
- производството и прометот на хемиско оружје и хемикалии за добивање
на хемиско оружје, ако не се уредени со посебен закон;
- производството и прометот на прекурсори од член 2 точка 2 на овој закон,
и
- предметите за општа употреба ако содржат некои од хемикалиите
наведени во член 2 точка 2 од овој закон.
2) Одредбите од овој закон што се однесуваат на класификацијата,
пакувањето и означувањето се применуваат и кај производи за заштита на
растенијата, експлозивните супстанции, радиоактивните супстанции и
производите што содржат радиоактивни супстанции, отпад и нечистотиите во
хемикалиите ако содржат некоја од хемикалиите наведени во член 2 точка 2 од
овој закон.
Член 4
Одредбите на овој закон не се применуваат за супстанции и препарати во
конечен облик и тоа:
1. фармацевтски производи за хумана и ветеринарна употреба;
2. храна и предмети и материјали што доаѓаат во контакт со храна;
3. предмети за општа употреба (со исклучок на оние што содржат отровни
супстанции);
4. козметички производи;
5. oпојни дроги и психотропни супстанции;
6. производи за исхрана на животни;
6
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
7. експлозивни супстанции;
8. производи за заштита на растенијата;
9. вештачки ѓубрива;
10. производи кои содржат радиоактивни супстанции и
11. превоз на опасните хемикалии со железнички, патен, внатрешен воден
или воздушен сообраќај.
Член 5
1) Управните и стручните работи во врска со хемикалиите ги врши Бирото
за лекови, како орган во состав на Министерството за здравство (во натамошниот
текст: ″Биро за лекови″).
2) Проценката на ризикот за опасност и класификацијата на хемикалиите ги
врши Министерството за здравство на предлог на Комисија за хемикалии.
3) Интерсекторската соработка за спроведување на овој закон ја врши
интерсекторско тело за хемикалии кое го формира Владата на Република
Македонија.
Член 6
1) Комисијата од член 5 став 3 на овој закон, е составена од претседател и
четири членови кои ги именува министерот за здравство, од редот на
истакнатите стручни и научни лица од областа на фармацијата, медицината,
ветерината, хемијата, технологијата, биологијата, земјоделието и шумарството и
заштитата на животната средина.
2) Проценувањето на ризикот за опасност, класификацијата на
хемикалиите, како и нивната безбедна употреба, ги пропишува министерот за
здравство во согласност со министерот за животна средина и просторно
планирање и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство..
3) Комисијата е стручно, самостојно и советодавно тело.
4) Министерството за здравство ги покрива трошоците на работењето на
Комисијата.
5) Комисијата работи врз основа на деловник и за својата работа одговора
пред министерот за здравство.
Член 7
1) Министерот за здравство овластува јавна здравствена установа која ги
врши работите на Центар за информирање за труење од хемикалии (во
натамошниот текст: Центарот).
2) Центарот од став 1 на овој член собира и обработува податоци за акутни
труења и други несакани ефекти и информира за акутните труења и другите
несакани ефекти, врши документирање, информативни и консултативни
активности, води регистер на несреќни случаи на труење, учествува во
формулирање и контрола на централната берза на антидоти во Република
Македонија и врши и други работи согласно со закон.
3) Производителите, нотификаторите, односно предлагачите се должни да
достават податоци на барање на Центарот.
4) Содржината и начинот на водењето на регистерот од став 2 на овој член
ги пропишува министерот за здравство.
Член 8
1) За обезбедување на интерсекторска соработка, за следење на
спроведувањето на овој закон, предлагање измени и дополнувања на Законот
врз основа на европските и светски препораки во управувањето со хемикалиите,
7
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 9
Начинот на тестирање на физичко-хемиските, токсичните и екотоксичните
својства на хемикалиите го пропишува министерот за здравство во согласност со
министерот за животната средина и просторно планирање и министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство..
Член 10
1) Оценувањето на опасноста на хемикалиите се засновува врз одредување
на физичко-хемиските својства, својствата кои влијаат врз здравјето на луѓето и
влијанието врз животната средина.
2) Опасните својства врз здравјето на луѓето се утврдуваат како:
1. aкутни смртоносни ефекти;
2. несмртоносни неповратни ефекти по еднократна изложеност;
3. тешки ефекти по повторена или пролонгирана изложеност;
4. корозивни ефекти, ефекти кои предизвикуваат иритација;
5. ефекти на сензибилизација и
6. канцерогени, мутагени, тератогени, ембриотоксични и токсични ефекти
за репродуктивниот систем.
3) Во постапката на оценување, Бирото за лекови ја одредува проценката
на ризикот врз основа на податоците доставени од нотификаторот или
предлагачот. Оценувањето на доставената документација ја врши Бирото за
лекови, врз основа на мислење од Комисијата за хемикалии.
4) Проценка на ризикот врз здравјето на луѓето и врз животната средина ја
пропишува министерот за здравство во согласност со министерот за животна
средина и просторно планирање и министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство.
5) Реалните трошоци за проценка на ризикот се на товар на подносителот
на барањето.
6) Постапките за утврдување на опасните својства ги пропишува
министерот за здравство во согласност со министерот за животна средина и
просторно планирање и министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство.
8
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 11
1) Хемикалијата се класифицира според највисокиот степен на опасност.
2) Ако се утврди дека хемикалијата има некое од својствата од член 2 точка
2 од овој закон се класифицира како опасна.
3) Класифицирањето на опасните супстанции се врши врз основа на
важечката EINECS листа на класифицирани супстанции кои се во промет на
Европската унија, доколку супстанциите содржани во препаратот се
класифицирани по оваа листа.
4) Националната листа на нови и веќе класифицирани супстанции кои се во
промет на територија на Република Македонија ја утврдува министерот за
здравство во согласност со министерот за животна средина и просторно
планирање и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
5) Во случај кога опасната супстанција не е содржана во листите од став 3
и 4 на овој член, истата се класифицира врз основа на:
1. резултатите од испитувањата на својствата на супстанциите во согласност
со одредбите од овој закон или
2. сознанијата од веќе постоечки податоци.
6) Класифицирањето на опасни препарати се врши врз основа на:
1. пропишан пресметковен метод;
2. непосредни експериментални истражувања на токсиколошките својства
на препаратот според пропишани мерки и постапки и
3. сознанија за својствата на супстанциите кои препаратот ги содржи,
користејќи ги постоечките податоци.
7) Кога некои од токсиколошките својства на препаратот се потврдени со
методите од став 6 точка 1 и 2 на овој член, при класификацијата се користат
резултатите добиени според методата од став 6 точка 2 на овој член, освен ако
супстанцијата е канцерогена, мутагена или токсична за репродуктивниот систем,
кога задолжително се користат резултатите добиени според методата од став 5
точка 1 на овој член.
8) За секој поединечен случај посебно се оценува потребата од
испитување, ако за супстанцијата или препаратот се уште нема податоци или тие
се добиени со некоја друга метода која не е во согласност со овој закон, за да се
избегнат испитувањата врз ’рбетници,
9) Нотификаторот кој произведува и става во промет опасни супстанции од
листите од став 3 и 4 на овој член, а кои не се класифицирани во ЕУ листата на
опасни супстанции, ако нотификаторот кој произведува и става во промет опасни
препарати е должен, заради избегнување на непотребни испитувања врз
експериментални животни, да ги употреби постоечките податоци за
класифицирање.
10. Методите за класификација на опасните супстанции ги пропишува
министерот за здравство.
Член 12
1) Министерот за здравство во согласност со министерот за земјоделство,
шумарство и водостопанство и министерот за животна средина и просторно
планирање го пропишува начинот на класификација и означување на опасните
хемикалии од членот 2 точка 2 на овој закон.
2) Листата на класифицирани и означени хемикалии се објавува во
″Службен весник на Република Македонија″.
3) Листата од став 2 на овој член ги содржи сите класифицирани и
означени хемикалии произведени и/или ставени во промет на територијата на
9
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 13
1) Нотификација на нова супстанција се поднесува од нотификаторот.
2) Постапката за нотификација може да биде целосна (потполна) и
скратена.
3) Содржината на пријавата од став 1 на овој член ja пропишува
министерот за здравство.
Член 14
1) Нотификаторот е должен на надлежниот орган во земјата во која
супстанцијата е произведена или во земјата во која нотификаторот има седиште
да му достави нотификација со:
- техничко досие со сите достапни релевантни податоци неопходни за
евалуирање на можните ризици кои може хемикалијата да ги предизвика на
човекот и животната средина и кое минимум ги содржи информациите и
резултатите од извршените студии за утврдување на опасноста, заедно со
целосен и детален опис на извршените испитувања, методите што се применети
и/или литературните податоци во врска со направените испитувања и
применетите методи;
- техничко досие со информации потребни за евалуација за предвидливи
ризици независно дали настапуваат веднаш или имаат одложено дејство, кои
супстанцијата може да ги има за здравјето на луѓето и животната средина;
- изјава во врска со несаканите дејства на супстанцијата при различни
предвидливи начини на употреба;
- предлог класификација и означување;
- предлог безбедносен лист;
- договор за застапување и
- барање од нотификаторот нотификацијата да биде исклучена од
примената на одредбите од член 21 на овој закон, за максимум период од една
година по доставувањето на нотификацијата, ако тоа посебно го бара
нотификаторот.
2) Министерот за здравство во согласност со министерот за земјоделство,
шумарство и водостопанство на предлог на Комисијата за хемикалии, ги
пропишува податоците кои треба да ги содржи техничкото досие, како и начинот
на информирање за нотифицираните хемикалии од нотификаторот.
Член 15
1) Нотификаторот кој има намера да стави во промет хемикалии на
територија на Република Македонија во количини помали од еден тон годишно
по производител, е должен да достави нотификација до Бирото за лекови, која
вклучува:
- техничко досие со сите достапни релевантни податоци неопходни за
евалуација на можните ризици кои хемикалијата може да ги предизвика на
човекот и животната средина. Досието содржи минимум информации и резултати
од извршените студии за утврдување на опасноста, како и целосен и детален
опис на студиите кои се спроведени, методите кои се применети или литературни
податоци доколку Бирото за лекови не одлучи поинаку и
- сите други информации од член 14, алинеа 3 до 7 на овој закон.
10
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 16
Процедурите за нотификација и испитувањата од член 14 и 15 од овој закон
не се однесуваат на:
- супстанциите наведени во EINECS листата;
- адитивите и супстанции кои се користат исклучиво во животинска
исхрана;
- супстанции кои се користат исклучиво во храна и
- активни состојки кои се користат исклучиво за лекови, но не и хемиски
меѓупроизводи.
Член 17
1) Нотифицирани супстанции се оние кои ги исполнуваат следните услови:
- полимери, со исклучок на оние кои содржат во комбинирана форма 2%
или повеќе од 2 % на некоја супстанција која не е наведена во ЕИНЕКС листата:
- супстанции во промет во количини помали од 10 кг по годинa по
производител доколку производителот ги задоволува критериумите кои се
пропишани со овој закон;
- супстанции во ограничени количини кои не надминуваат 100 кг по година
по производител и се наменети исклучиво за научно истражување и развој, под
контролирани услови. Производителите мора да чуваат пишани документи со
податоци за идентитетот на супстанцата, податоци за означувањето, количините
и листата на корисници и истите мора да бидат достапни на надлежниот орган во
земјата каде се врши промет со нив и
- супстанции наменети за процесно ориентирано научно истражување и
развој со ограничен број на регистрирани корисници во количини ограничени за
целите на истражувањето и развојот. За овие супстанции исклучокот важи една
година, при што увозникот или производителот треба да ги достави до
надлежниот орган податоците за идентитетот, означувањето, количините,
листата на корисници и програмата за истражување и развој, при што треба да
се обезбеди супстанцијата да не биде достапна до јавноста. Едногодишниот
период може да биде продолжен доколку нотификаторот достави податоци дека
тоа е оправдано.
2) Во случај кога не е можно супстанциите да се означат согласно со член
59 од овој закон, покрај етикетата која произлегува од спроведените испитувања
мора да стои предупредувањето “ВНИМАНИЕ - супстанцијата не е целосно
испитана“.
11
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 18
1) Хемикалии за кои се врши целосна постапка за нотификација, можат да
бидат ставени во промет по поднесување на потребната документација до Бирото
за лекови од страна на нотификаторот. Бирото за лекови, во рок од 60 дена од
денот на поднесувањето на потребната документација, е должно да ја прегледа
документацијата и да издаде одобрение за ставање во промет на хемикалијата,
како и да го извести нотификаторот за доделениот број.
2) Ако поднесената документација не е комплетна, Бирото за лекови може
во писмена форма од нотификаторот да побара нејзино дополнување.
3) Хемикалии за кои се врши скратена постапка за нотификација, можат да
бидат ставени во промет по поднесување на потребната документација до Бирото
за лекови од страна на нотификаторот. Бирото за лекови е должно во рок од 30
дена да ја прегледа документацијата и да издаде одобрение за ставање во
промет на хемикалијата како и да го извести нотификаторот за доделениот број.
4) Ако поднесената документација не е доволна, надлежниот орган може во
писмена форма од нотификаторот да побара нејзино дополнување.
5) Рокот од став 2 на овој член престанува да тече од денот кога Бирото за
лекови ќе побара од подносителот да обезбеди дополнителни документи,
информации или објаснувања за кои смета дека се неопходни и рокот
продолжува да тече од денот на задоволувањето на барањето на Бирото за
лекови.
6) Против решението за ставање во промет на хемикалијата може да се
изјави жалба до министерот за здравство.
Член 19
Во случај кога супстанциите се класифицирани како многу отровни,
канцерогени, како токсични за репродуктивниот систем или мутагени,
производителот или увозникот мора да ги достави до Бирото за лекови
соодветните податоци кои се однесуваат на препорачаните методи и мерки за
претпазливост при ракување, складирање, транспорт, пожар и други видови
опасност, особено хемиски реакции со вода, ако е тоа релевантно информации
кои се однесуваат на сомневање дека супстанцијата може да експлодира кога е
во форма на прав, како и мерки за итна помош при истурање или при повреда на
лица. Ако се достапни, задолжително се доставуваат податоците за акутната
токсичност.
Член 20
1) Бирото за лекови издава решение за ставање на нови супстанции и
препарати во промет, на мислење на Комисијата за хемикалии, а врз основа на
извршено оценување на пријавата и приложената документација за ставање во
промет на нова супстанција, самостојно или во состав на препарат.
2) Важноста на решението за ставање на нова супстанција во промет е до
десет години.
3) Нотификаторот е должен да поднесе барање за обновата на решението
од став 2 на овој член 120 дена пред истекот на важноста.
Член 21
1) Во случај на хемикалија која веќе била нотифицирана согласно
одредбите од овој закон, Бирото за лекови може да се согласи следниот
нотификатор да се повика на резултатите за физичко-хемиските,
токсиколошките и екотоксиколошките испитувања поднесени од првиот
нотификатор, ако може да обезбеди докази дека супстанцијата за која врши
12
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 22
1) Бирото за лекови ќе го извести нотификаторот дали документацијата за
пријавување е комплетна и која постапка за нотификација ќе биде спроведена,
во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.
2) При оценувањето на нови супстанции, што не биле предмет на
пријавување се спроведува комплетна постапка за нотификација, во рок од 60
дена, сметано од денот на приемот на комплетна документација.
3) За оние супстанции кои веќе биле предмет на пријава од друг
пријавувач, се спроведува скратена постапка за нотификација, во рок од 30
дена. Бирото за лекови ќе го информира, во писмена форма, следниот
пријавувач, за претходно издаденото одобрение на пријавата за нова
хемикалија со цитирање на бројот под која е заведена хемикалијата во Листата
од член 11 став 3 од овој закон.
4) Ако постои некаков сомнеж заснован врз најнови научни сознанија дека
супстанцијата е поопасна отколку што е евидентирано со документацијата на
пријавување, Бирото за лекови може да бара доставување на документација за
дополнителни тестови врз супстанцијата која веќе е нотифицирана.
5) Во случајот од став 4 на овој член, Бирото за лекови може да донесе
решение за привремена забрана на пуштање во промет на хемикалијата се
додека не се достави бараната документација.
6) Против решението на Бирото за лекови за привремена забрана за
ставање во промет на хемикалијата, може да се изјави жалба до министерот за
здравство. Жалбата не го одлага извршувањето на одлуката.
Член 23
Хемикалии, во форма на супстанции или во состав на препарат, кои
претставуваат, експлозивни супстанции, отпад и нечистотии во хемикалиите и
други, доколку имаат некои од својствата на хемикалиите наведени во член 2
13
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 24
1) Супстанците кои се користат за изработка на биоциди (во натамошниот
текст: активни супстанции) можат да бидат ставени во промет и да се користат
само ако се во согласност со барањата од овој закон.
2) Листата на активните супстанции за вклучување во биоцидни производи,
листата за вклучување во ниско-ризични биоцидни производи, листата на
базични супстанции, типот на биоцидните производи, како и нивниот опис ги
пропишува министерот за здравство.
3) За активните супстанции кои врз основа на изјавата на предлагачот
ќе се употребат исклучиво за изработка на биоциди, не се применуваат
одредбите на овој закон кои се однесуваат на пријавување на нови супстанции.
Член 25
1) Биоцидите може да се стават во промет и да се користат ако Бирото за
лекови, врз основа на мислење на Комисијата за хемикалии, издаде одобрение
за ставање во промет преку постапка на одобрување или регистрација и ги
впише во регистерот на биоциди.
2) Начинот на ставање во промет преку постапка на одобрување или
регистрација го пропишува министерот за здравство.
3) Одобрението за ставање во промет на биоциди се издава најдолго за
период до десет години.
4) Одобрението за ставање во промет може да биде условено со посебни
ограничувања кои произлегуваат од природата на биоцидот и неговата
предвидена примена содржани во барањето за ставање во промет од член 26
став 2 од овој закон.
5) При издавањето на одобрението за ставање во промет надлежниот орган
ќе ги земе во предвид и другите прописи кои се однесуваат на заштита на
здравјето на населението, работниците, потрошувачите, животните и животната
средина.
6) Реалните трошоците на постапката за ставање во промет на биоциди се
на товар на подносителот на барањето.
Член 26
1) Барањето за ставање во промет на биоциди се поднесува до Бирото за
лекови од правното лице или негов овластен застапник, одговорно за првиот
влез на биоцидот во земјата.
2) Секој предлагач треба да има седиште во Република Македонија.
Член 27
1) Одобрението за ставање во промет може да биде променето во било кој
период од важноста, ако се променети условите под кои било издадено.
2) Носителот на одобрението за ставање во промет на биоцидот е должен по
барање на Бирото за лекови да ги обезбеди податоците потребни за промената.
14
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 28
1) Барањето за издавање на одобрение за ставање на биоциди во промет
содржи податоци особено за:
1. предлагачот;
2. производителот на биоцидот;
3. податоци за физичко-хемиските својства на биоцидот;
4. податоци за лабораториските и другите испитувања врз основа на кои
може да се заклучи каква е штетноста на биоцидот за човекот и животната
средина;
5. предлог на декларација и упатство за употреба;
6. решение за ставање во промет на биоцидот во земјата на
производителот;
7. список на земји во кои биоцидот е одобрен за употреба и е ставен во
промет;
8. статусот на биоцидот во земјата на производство;
9. упатство за начинот на ракување со остатоците и амбалажата по
поминувањето на рокот на биоцидот, односно по неговата употреба;
10. досие или писмо за одобрување за биоцидниот производ со податоци
содржани во збирката на клучни податоци за биоцидниот производ и за
активната супстанција, како и во збирката на дополнителните податоци за
биоцидниот производ и за активната супстанција, пропишани од министерот за
здравство, и
11. други податоци што ќе ги пропише министерот за здравство.
2) Содржината на барањето и начинот на издавањето на одобрението од
став 1 на овој член, ги пропишува министерот за здравство.
3) Ако заради природата на биоцидниот производ или неговата предложена
употреба постојат информации кои не е неопходно да бидат доставени,
информациите не се доставуваат.
4) Одредбата од став 3 на овој член се применува и кога не е научно
неопходно или технички возможно да се поднесат бараните информации. Во тие
случаи се поднесуваат потврдувања прифатливи за Бирото за лекови, како што е
постоењето на рамковна формулација до која предлагачот има право на пристап.
5) Ако по евалуацијата на документите, заради евалуацијата на ризикот од
биоцидниот производ, се покаже дека е неопходно да се достават дополнителни
податоци, предлагачот е должен да ги обезбеди, вклучително и податоците од
потребните дополнителни тестирања.
6) Временскиот период за евалуација на досието се смета од денот на
доставувањето на комплетното досие.
7) Начинот на евалуација на досиејата за биоцидните производи го
пропишува министерот за здравство.
Член 29
1) Името на активната супстанција мора да е како што е наведено во
Листата на активни супстанции од член 24 став 2 од овој закон или како што е
наведено во EINECS листата и Националната листа на нови и веќе
класифицирани супстанции кои се во промет на територија на Република
Македонија.
2) Ако активната супстанција не е вклучена во листите од став 1 на овој
член, се наведува нејзиното вообичаено ISO име, или ако тоа не достапно, се
означува согласно IUPAC номенклатурата.
15
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 30
Министерот за здравство ја пропишува постапката за вклучување на
активни супстанции во листите од член 24 став 2 од овој закон.
Член 31
1) Тестирањата на биоцидите се спроведуваат согласно со член 9 од овој
закон.
2) Ако тестирањето е вршено со методи поинакви од пропишаните,
потребата за вршење на нови тестирања се утврдува за секое барање
поединечно, при што се зема во предвид потребата од минимизирање на
тестирања врз ’рбетници.
Член 32
1) За да се избегне повторувањето на тестирања врз ’рбетници,
подносителот на барањето за ставање во промет на биоцидниот производ, пред
отпочнувањето на постапките кои вклучуваат вршење на експерименти врз
’рбетници е должен да го извести Бирото за лекови за своите намери и да побара
податоци за извршените испитувања на слични биоцидни производи, како и име
и адреса на носителот на одобрението за ставање во промет на биоцидот.
2) Барањето од став 1 на овој член треба да е придружено со докази дека
предлагачот има намера да поднесе барање за ставање во промет на биоцид и
дека ги поседува сите останати потребни податоци.
3) Бирото за лекови е должно да го извести носителот на одобрението за
ставање на биоциди во промет за името и адресата на носителот на одобрението,
и го информира носителот на одобрението за името и адресата на новиот
предлагач за да се договори размената на информациите, во интерес на
избегнување на повторување на веќе извршени тестови врз ’рбетници.
Член 33
Информациите содржани во досието на подносителот на барањето за
ставање во промет на биоцид за кој е издадено одобрение за ставање во промет,
не можат да бидат користени од страна на други подносители на барања за
ставање во промет на биоциди освен во случаи пропишани од министерот за
здравство.
Член 34
Носителот на одобрението е должен на Бирото за лекови да му ги достави
сите релевантни информации за:
- новите сознанија или информации за ефектите на активната супстанција
или биоцидниот производ врз луѓето и животната средина;
- промени на изворот или составот на активната супстанција;
- промени во составот на биоцидниот производ;
- појава на резистентност и
- промени од административен карактер, како што се промени на
пакувањето.
Член 35
1) Бирото за лекови води регистер на биоциди врз основа на издадени
решенија за ставање во промет.
2) Регистерот се објавува еднаш годишно во “Службен весник на Република
Македонија” и ги содржи податоци за трговското име на биоцидот, името на
16
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 36
Биоцидите кои што се класифицирани како отровни, многу отровни,
канцерогени или мутагени, како и токсични за репродуктивниот систем не смеат
да бидат одобрени за ставање во промет за јавна употреба.
Член 37
По исклучок од член 25 став 1 од овој закон, Бирото за лекови може да
издаде дозвола за користење на биоцидот најдолго за период од 120 дена, под
одредени услови и во одредени количини.
Член 38
Во случај на вонредна состојба, а со цел да се спречи развој на некој
непредвиден организам, кога нема соодветни достапни средства или кога не е
можно да се превземат други мерки, Бирото за лекови издава дозвола за
користење на одделни биоцидни препарати под посебни услови и во
специфицирани количини.
Член 39
1) Одобрението за ставање во промет на биоцидот се издава во рок од 60
дена од денот на приемот на комплетната документација.
2) Ако документацијата не е комплетна, Бирото за лекови, во рок од 15 дена
од денот на приемот на барањето, ќе го извести подносителот на барањето да ја
дополни документацијата.
3) Против решението на Бирото за лекови може да се изјави жалба до
министерот за здравство.
Член 40
1) Одобрението за ставање во промет на биоцидите се обновува пред
истекот на рокот за кој е издадено врз основа на повторна оценка на
документацијата од член 28 став 1 од овој закон.
2) Заради обновување на одобрението за ставање во промет, носителот на
одобрението за ставање во промет треба да поднесе барање до Бирото за
лекови најмалку 90 дена пред денот на истекот на важноста на одобрението за
ставање во промет.
Член 41
1) Бирото за лекови го укинува или изменува одобрението за обновување
за ставање во промет на биоцидите ако:
- дошло до промена на фактите врз основа на кои е издадено одобрението;
- активната супстанца е исклучена од употреба;
- условите за издавање на одобрението за ставање во промет се
променети или повеќе не се исполнети;
- дошло до промена на предлагачот на правата на биоцидот;
- одобрението е издадено врз основа на погрешни или неточни податоци;
- дополнителни податоци од Центарот и
- носителот на одобрението достави образложено барање за укинување
или измена.
2) Ако промената се должи на измена на содржината на листата на активни
супстанции, истата се одобрува по извршена евалуација на активната
17
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 42
Бирото за лекови може да изврши промена на одобрените услови за
употреба на биоцидот, особено на начинот на употреба и количините за
употреба, врз основа на обезбедени нови научни и технички сознанија, како и
заради заштита на здравјето на луѓето и животната средина.
Член 43
1) Биоцидите треба да се користат согласно со означувањето и упатството
за употреба на биоцидот.
2) Правилна употреба на биоцидот е рационална примена на комбинации од
физички, биолошки, хемиски и други соодветни мерки, при што употребата на
биоцидот производи се ограничува на потребниот минимум.
3) Ако биоцидот се користи на работно место, употребата треба да е во
согласност со прописите за заштита при работа.
Член 44
За биоциди за кои се поседува одобрение за ставање во промет во некоја од
земјите членки на Европска унија, се спроведува скратена постапка за ставање
во промет на територијата на Република Македонија во согласност со член 25
став 2 од овој закон.
Член 45
Ако Бирото за лекови процени дека биоцидот одобрен од друга земја не ги
исполнува условите од член 28 од овој закон и предложи да се одбие барањето
или ќе го ограничи одобрувањето за тоа ќе ги извести Европската комисија,
земјата која го издала одобрувањето и предлагачот и ќе ги образложи причините
за одбивањето или ограничувањето.
Член 46
1) По исклучок од член 25 од овој закон, Бирото за лекови може да дозволи
употреба на неодобрени биоцидни производи и активни супстанции за биоцидни
производи заради спроведување на научни истражувања и развој и тестирања
потребни за ставање во промет.
2) Испитувањата и тестирања од став 1 на овој член не се спроведуваат ако
се поднесени податоци:
- кај научни истражувања и развој, ако се подготват и одржуваат пишани
досиеја со податоци за идентитетот на биоцидниот производ и активната
супстанција, податоци за означувањето, набавените количини, името и адресата
на крајните корисници на биоцидните производи или активната супстанција со
сите податоци за влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина и
- процесно ориентирано истражување и развој, информациите се
доставуваат до Бирото за лекови пред ставањето во промет до надлежниот орган
во земјата каде ќе се изврши тестирањето.
Член 47
1) Биоциди кои немаат одобрение за ставање во промет или активна
супстанција која се употребува во биоцид, не може да биде во промет заради
18
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 48
1) Ако експериментот или тестирањето се одвива во земја во која биоцидот
нема да биде ставен во промет, подносителот на барањето треба да обезбеди
дозвола за нивно спроведување од надлежниот орган на земјата каде тоа ќе се
спроведе.
2) Ако експериментите, односно тестирањата можат да доведат до штетни
ефекти по луѓето, животните или неприфатливи несакани ефекти по животната
средина, Бирото за лекови може да го забрани нивното спроведување или да го
дозволи под одредени услови и ограничувања.
Член 49
Министерот за здравство го пропишува начинот за класификација, пакување
и означување на биоцидните производи.
Член 50
Ако одобрениот биоциден производ се користи како инсектицид, акарицид,
родентицид, авицид или молускицид, Бирото за лекови може да одобри поинаков
начин на означување и пакување.
Член 51
1) Детергентите кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат условите
по однос на биоразградивоста и означувањето утврдени со овој закон.
2) За ПАС кои се и активни супстанции за биоциди и кои се користат како
дезинфициенси, не се применуваат тестовите за примарна и конечна
биоразградивост, дополнителната проценка на ризик и методите за испитување и
анализа на детергенти ако:
- наведени во Листата на активните супстанции за вклучување во биоцидни
производи и во Листата за вклучување во нискоризични биоцидни производи од
член 24 став 2 од овој закон и
- составен дел на биоцидниот производ одобрен согласно член 37 од овој
закон.
3) Производител на детергенти и/или ПАС може да биде правно лице со
седиште во Република Македонија.
4) Производителот е одговорен за усогласеноста на детергентите и/или ПАС
за детергенти со одредбите на овој закон.
Член 52
1) ПАС или детергентите кои содржат ПАС и кои ги исполнуваат
критериумите за конечна аеробна биодеградација утврдени со овој закон, можат
да бидат ставени во промет без натамошни ограничувања во однос на
биоразградливоста.
19
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 53
1) Барањето за исклучок се поднесува до Бирото за лекови со техничко
досие со информации неопходни за евалуација на безбедносните аспекти
поврзани со специфичната употреба на ПАС во детергенти кои не ги исполнуваат
условите од тестовите за конечна биоразградливост.
2) Досието вклучува и информации и резултати од тестовите за примарна
биоразградивост и од извршената дополнителна проценка на ризик, спроведени
на основа на пристап на последователност и во согласност со начелата на
Добрата лабораториска практика.
3) Одлуката за одобрување на исклучокот Бирото за лекови ја донесува врз
основа на мислење на Комисијата за хемикалии врз основа на следните
критериуми, ако:
- детергентот, односно ПАС за детергентот нема широка примена,;
- се користи само за примена во индустријата или институции и
- ризикот по здравјето на луѓето и животната средина согласно со обемот на
продажба и начинот на употреба е мал споредено со социо-економската корист,
вклучително и безбедноста на храната и хигиенските стандарди.
4) Министерот за здравство ја пропишува содржината на дополнителната
проценка на ризик.
Член 54
1) Производителот кој става во промет детергенти или ПАС за детергенти е
должен на Бирото за лекови да му достави:
- информации за еден или повеќе резултати од тестовите за
биоразградливост;
- информации за ПАС кои не ги поминале тестовите на конечна
биоразградливост и за кои била побарана дерогација;
- техничко досие за резултатите од тестовите за примарна биоразградивост
и
- техничко досие за резултатите од тестовите и дополнителни информации
за проценката на ризикот за ПАС во детергентите.
2) Производителот е одговорен за коректното изведување на тестовите за
детергентите кои се ставени во промет.
3) Производителот треба да има достапна документација за спроведените
испитувања за да докаже дека истите се спроведени согласно прописите
донесени врз основа на овој закон, како и дека тој смее да има корист од
правото на сопственост на резултатите од испитувањата, за разлика од
резултатите од испитувањата кои се веќе познати на јавноста.
20
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 55
Секое правно лице кое произведува или става во промет хемикалии е
должно да ги пакува и означува согласно одредбите од овој закон и прописите
донесени врз основа на него.
Член 56
1) Опасни хемикалии, за кои што не се пропишани специјални безбедносни
направи, може да се ставаат во промет само во пакувања што ги исполнуваат
следните услови:
1. пакувањето треба да е дизајнирано и конструирано така што содржината
да не може да истече или да се истури, освен во случај ако не се пропишани
специјални мерки на безбедност;
2. пакувањето и затворачите да се изработени од јаки и цврсти материјали
кои нема да се разлабават и нема да реагираат со содржината на пакувањето,
или нема можност да формираат опасни соединенија со содржината на
пакувањето;
3. пакувањето и затворачите да ги издржат изложувањата на притисок и
другите оптоварувања при вообичаени услови на ракување;
4. садовите снабдени со заменливи направи за затварање да се дизајнирани
така што пакувањата да можат повторно да се затворат без излевање односно
истурање на содржината;
5. сите пакувања без разлика на нивната зафатнина, што содржат
хемикалии наменети за продажба, обележани како “многу отровни”, “отровни”, и
“корозивни” мора да поседуваат детски сигурносни затворачи и тактилно
предупредување за опасност и
6. сите пакувања без разлика на нивната зафатнина, што содржат
хемикалии наменети за продажба, обележани како, “штетни”, “многу лесно
запаливи” и “лесно запаливи”, мора да поседуваат тактилно предупредување за
опасност.
2) Пакувањето треба да биде затворено со печат на таков начин што при
првото отворање, печатот неповратно се оштетува.
Член 57
Пакувањата кои содржат опасни хемикалии, а кои се наменети за широка
потрошувачка не смеат да имаат:
1. форма и/или графичка декорација која лесно ќе привлече или поттикне
активна љубопитност кај децата или ќе ги доведе во заблуда потрошувачите или
2. претставување и/или ознака која се користи за означување на храна или
производи за исхрана на животни или медицински или козметички производи.
Член 58
1) Производителот, при изборот на пакувањето во која опасната хемикалија
се става во промет, е должен да води сметка за својствата на хемикалијата,
нејзината намена и начинот на употреба.
21
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 59
1) Хемикалиите што се ставаат во промет мора да ги исполнуваат следните
услови во однос на означувањето на пакувањето:
1. означувањето на опасните хемикалии мора да е видливо, јасно,
недвосмислено и неизбришливо;
2. секое пакување на опасната хемикалија мора да ги содржи следниве
минимум информации:
- заштитеното име на хемикалијата;
- ознака за обликот на хемикалијата;
- името на супстанцијата како што е дадено во EINECS листата. Ако
супстанцијата се уште не е вклучена во постоечката листа, името мора да биде
дадено со меѓународно препознатливо имe;
- име, адреса и телефонски број на лицето кое е одговорно за ставање во
промет на препаратот - производител, увозник или дистрибутер;
- симболите за опасност и укажувањето на опасност при употреба на
хемикалиите, дизајнот на симболите за опасност и написите што укажуваат на
опасност треба да бидат во согласност со меѓународните стандарди. Симболите
треба да бидат отпечатени во црна боја на портокалово-жолта позадина. Кога за
означување на опасната хемикалија треба да се применат повеќе од еден знак
или симбол, тогаш обврската да се стави знакот Т, ги прави знаците Х и S
условни, освен ако не е поинаку определено, обврската да се стави знакот S ја
прави необврзувачка примената на знакот Х и обврската да се стави знакот Е ги
прави необврзувачки примената на знаците F и О;
- стандардизиран текст во согласност со меѓународните стандарди што
овозможува предупредување за ризиците поврзани со употребата на опасните
хемикалии (R-фрази);
- стандардизиран текст во согласност со меѓународните стандарди што
овозможува известување за совети на безбедно чување и употреба на опасните
хемикалии (S-фрази) и
- ЕЕС бројот, кога е одреден, (се презема од EINECS листата или ELINCS);
3. во случај на хемикалии што се класифицирани како надразнувачки, лесно
запаливи, запаливи и оксидирачки, каде што пакувањето нема поголема
зафатнина од 125 мл., не е потребно означување со R-фраза и S-фрази, Ова се
применува и во случај на иста зафатнина на штетни супстанции кои не се
наменети за малопродажба.
4. означувањето на хемикалиите со зборовите “неотровни”, “нештетни” или
било кои други слични означувања, не смеат да се ставаат на етикетата на
пакувањето на хемикалиите што се предмет на овој закон.
5. ознаката на пакувањето треба да е цврсто прикачена на една или повеќе
површини од пакувањето, така што податоците кои се на ознаката да се читаат
хоризонтално кога пакувањето е поставано нормално. Димензиите на етикетата
треба да бидат:
- најмалку 52х74 мм кај пакувања чија зафатнина не надминува 3 l;
- најмалку 74х105 мм кај пакувања со зафатнина над 3 l до 50 l;
- најмалку 105х148 мм кај пакувања со зафатнина над 50 l до 500 l;
22
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 60
По исклучок од член 59 од овој закон, ќе се смета дека барањата за
означување за исполнети и кај:
- надворешни пакувања кои содржат едно или повеќе внатрешни пакувања
доколку се означени согласно со меѓународните правила за транспорт на опасни
супстанции и доколку внатрешните пакувања се означени согласно барањата од
член 59 од овој закон;
- единечните пакувања доколку пакувањето е означено во согласност со
меѓународните правила за транспорт на опасни супстанции како и согласно
барањата од член 59 точка 2, алинеја 1, 2, 4, 6, 7 и 8 од овој закон;
- посебни типови на пакувања (мобилни гас цилиндри).
Член 61
1) По исклучок од член 59 точка 5 од овој закон означувањето може да се
изврши и на поинаков начин:
- кај пакувања кои се премногу мали или на поинаков начин несоодветни за
означување;
- кај пакувања кои содржат многу мали количини на опасни супстанции кои
не се експлозивни, многу отровни или отровни и кои не претставуваат опасност
за лицата кои ракуваат со нив, или за други лица и
- во случај кога пакувањата кои содржат експлозивни, многу отровни и
отровни супстанции се многу мали и нема основа за стравување за било каква
опасност за лицето кое ракува со нив или за други лица.
2) Исклучокот од став 1 на овој член не дозволува поинаква употреба на
симболи, знаци за опасност, за ризик и безбедност од утврдените со овој закон.
23
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 62
1) Опасните хемикалии мора да бидат означени со највисокиот степен на
опасност кои го преставуваат.
2) Ако некоја хемикалија е класифицирана како опасна, се забранува да се
означи како помалку опасна или неопасна за здравјето на луѓето и животната
средина.
3) Забрането е означување на опасните хемикалии со ознаки како
“неотровно”, “незагадувачки”, “еколошки” или секој друг термин кој укажува
дека препаратот не е опасен, односно термин кој наведува на потценување на
опасностите на препаратот.
Член 63
Во упатствата за употреба на препаратите за општа употреба, кои содржат
супстанции наведени во член 2 точка 2 од овој закон, потребно е да бидат
вклучени информации за безбедноста при ракување, заштита на здравјето на
луѓето, мерки на претпазливост и мерки за прва помош во случај на несреќа.
Член 64
Начинот на означувањето и начинот на пакување на опасните хемикалии ги
пропишува министерот за здравство.
Член 65
1) Со цел да им се овозможи на професионалните корисници да ги преземат
неопходните мерки за заштита на животната средина и здравјето на луѓето и
безбедноста на работното место при или пред првата испорака на опасната
супстанција и биоцидни производи секој производител, увозник, или
дистрибутер треба на крајниот корисник да му достави безбедносен лист.
2) Безбедносниот лист може да се достави во хартиена или во електронска
верзија и треба да содржи информации за здравјето на луѓето и животната
средина.
3) Содржината на упатство за мерките на безбедност ја пропишува
министерот за здравство во согласност со министерот за животна средина и
просторно планирање, министерот за труд и социјална политика и министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство.
4) Правните лица кои ставаат хемикалии во промет се должни непрекинато
да ги следат промените и новите сознанија за хемикалиите и да ги известат
крајниот корисник и Бирото за лекови.
Член 66
Производителите, дистрибутерите и увозниците на опасни супстанции
наведени во ELINCS листата, но не и во Националната листа на нови и веќе
класифицирани супстанции кои се во промет на територија на Република
Македонија должни се да извршат истражувања за да се осознаат релевантните
и достапни податоци за супстанцијата. Пакувањето и условното означување на
тие супстанции треба да се направи врз основа на така добиените информации, а
согласно член 59 од овој закон.
Член 67
Се забранува рекламирање на опасните хемикалии без наведување на
категоријата на опасност согласно член 2 точка 2 од овој закон.
24
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 68
1) Предлагачот кој има намера да го рекламира биоцидот должен е со
пријавата да приложи и интегрален текст на рекламата.
2) При рекламирањето на биоцидите задолжително се употребува следниот
текст: “Употребувај го биоцидот сигурно. Секогаш прочитај ја етикетата и
информациите за производот пред употреба“.
3) Овие реченици треба да бидат јасно одвоени во однос на целата реклама.
4) Зборот биоцид при рекламирањето, може да се замени со видот на
биоцидот.
5) При рекламирањето не смее да се доведе во заблуда потрошувачот за
ризикот кој го претставува хемикалијата за здравјето на луѓето и животната
средина.
6) При рекламирањето на биоцидните производи не смее да се користат
изразите “ниско ризичен биоциден производ“, “нетокисчен“, “безопасен“ или
слични изрази.
Член 69
1) На пакувањето во кое детергентите се ставаат во продажба со читливи,
јасни видливи и неизбришливи ознаки треба да стојат следните информации:
1. името и заштитеното име на производот;
2. името, или заштитеното име или пак заштитниот знак и адресата и
телефонскиот број на страната одговорна за пуштањето во промет на производот
и
3. адресата, е-маил адресата (доколку е возможно) и телефонскиот број на
лицето од кое може да се добие листата на податоци за состојките.
2) Информациите од став 1 на овој член се наведуваат и на сите документи
кои ги придружуваат детергентите кои се транспортираат во големи пакувања.
3) На пакувањето на детергентите мора да е назначена и неговата
содржина. Пакувањето треба да ги содржи и инструкциите за употреба и
специјалните предупредувања, ако е потребно.
4) Не смеат да се користат графички ознаки на овошје на пакувањата во кои
детергентите се продаваат на потрошувачите и со кои може да се предизвика
погрешна претстава кај корисникот во однос на употребата на течните
производи.
5) Податоците за содржината на детергентите кои треба да бидат наведени
на пакувањето, како и општите и посебните правила на означувањето ги
пропишува министерот за здравство.
Член 70
1) Правните лица кои вршат производство или промет со хемикалии,
согласно овој закон, како и сите кои употребуваат или ракуваат со хемикалии, се
должни да обезбедат хемиска безбедност.
2) Сите корисници на опасни хемикалии, при набавка на хемикалијата,
потребно е да бидат предупредени за нејзините опасни својства, со соодветни
упатства за правилна употреба, постапките за зачувување на здравјето на луѓето
и животната средина, како и за управувањето со отпадот од хемикалијата и од
пакувањето.
3) Содржината и начинот на предупредувањата за корисниците ги
пропишува министерот за здравство во согласност со министерот за животна
средина и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
25
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 71
Правните лица кои произведуваат или ставаат во промет хемикалии, се
должни да обезбедат упатство за правилна употреба на опасни хемикалии, за
ракување, без загрозување на сопствениот живот или животите на други лица,
да не предизвикуваат штетни ефекти на здравјето на луѓето или животната
средина, да постапуваат со отпадот согласно прописите и се одговорни за било
каква штета која може да настане при нивното производство или промет.
Член 72
1) Нотификаторот мора редовно, најмалку еднаш годишно, писмено да го
извести Бирото за лекови за:
- промени на годишната или вкупната количина на хемикалии ставени во
промет;
- новите сознанија за ефектите на хемикалиите за човекот и/или животната
средина;
- за секоја нова употреба за која се става во промет;
- за секоја промена во составот и
- за секоја промена во статусот на производителот или увозникот,
2) Нотификаторот е должен податоците за името и количините на
хемикалиите ставени во промет во текот на претходната година да ги достави до
Бирото за лекови до крајот на првиот квартал на тековната година.
Член 73
1) Ако количината на пријавената супстанција која нотификаторот ја ставил
во промет, во текот на една година или вкупно од почетокот на ставањето во
промет, ги надминува граничните количини, нотификаторот е должен да ги
достави до Бирото за лекови резултатите на дополнителните испитувања.
2) Видовите на дополнителните испитувања ги пропишува министерот за
здравство.
3) Бирото за лекови може да ги признае и резултатите на испитувањата врз
’рбетниците за истата супстанција кои ги направил друг пријавувач, ако тој со
тоа писмено се согласил.
4) Ако нотификаторот не достави дополнителни испитувања, Бирото за
лекови може времено да го забрани ставањето во промет на супстанцијата.
5) Граничните количини на новите супстанции за кои се бараат
дополнителни испитувања, видот и опфатот на испитувањата, како и методите за
испитување врз основа на кои податоците добиени за иста цел од друг објавувач
можат да се користат ги пропишува министерот за здравство.
Член 74
Бирото за лекови разменува податоци на меѓународно ниво за:
- нова супстанција објавена на листата ELINCS;
- податоци за постоечките супстанции со цел изработка на проценка на
опасноста и за поединечна класификација на постоечките супстанции од листата
на EINECS;
- податоци за биоцидите со цел подготвување на збирни листи и
- други податоци кои произлегуваат од овој закон, согласно меѓународните
програми за соработка и меѓународните договори.
26
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 75
1) Ако нотификаторот и предлагачот докажат дека откривањето на посебни
податоци кои преставуваат деловна тајна може да предизвикаат комерцијални
загуби, можат да ги означат таквите податоци со степен на тајност, а Бирото за
лекови мора да ги третира истите како такви, освен во случаи кои преставуваат
закана за заштита на здравјето на луѓето и животната средина .
2) Податоци кои се важни за заштита на здравјето на луѓето и животната
средина и кои нема да се сметаат за тајна се:
1. трговско име на супстанцијата или препаратот;
2. име и адреса на производител на хемикалијата, биоцидниот производ,
односно активната супстанца за биоцидни производ;
3. име и адреса на нотификаторот, односно предлагачот;
4. име и содржина на активната супстанција во биоцидниот производ и
името на биоцидниот производ;
5. физички и хемиски својства на хемикалијата, биоцидниот производ,
односно активната супстанција за биоцидниот производ;
6. опис на методите и мерките за заштита од штетните ефекти на
супстанцијата или за преведување на супстанцијата во безопасна;
7. сумирани резултати од испитувањата и тестирањата на биоцидниот
производ спроведени согласно член 31 од овој закон;
8. сумирани резултати на токсиколошките и екотоксиколошките
испитувања;
9. степен на чистота на супстанцијата и идентификација на опасни
дополнителни супстанции и смеси, ако таквите се опасни и ако ова е неопходно
за класификација и означување на супстанцата;
10. препораки за превентивните мерки за време на ракување, складирање,
транспорт, употреба и итни мерки во случај на пожар и други опасности;
11. податоци од упатството за мерките за безбедност;
12. методи за отстранување на отпадот и неговата амбалажа;
13. процедури кои треба да следат итни мерки кои треба да се превземат во
случај на истекување или истурање;
14. аналитички методи за процена на изложеноста на луѓе и животната
средина и
15. мерки за прва помош и медицински совети во случај на повреда на лица.
3) Ако производителот, подносителот на барањето или увозникот на
биоцидниот производ или на активната супстанција наменета за биоциден
производ одлучи одредени податоци претходно сметани за доверливи да станат
достапни, за истото е должен да го информира Бирото за лекови.
Член 76
Правните лица што произведуваат опасни хемикалии должни се да
обезбедат услови со кои ќе се намали или спречи опасноста по здравјето на
луѓето и животната средина и да обезбедат замена на опасните хемикалии со
помалку опасни.
Член 77
1) Правните лица што вршат производство на опасни хемикалии мораат да
ги исполнуваат условите пропишани со овој закон и прописите донесени врз
основа на него и да имаат дозвола за вршење на дејност производство на опасни
хемикалии.
27
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 78
1) Правните лица што произведуваат опасни хемикалии мора да имаат
соодветен простор, опрема и кадар.
2) Поблиските услови по однос на простор, опрема и кадар од став 1 на овој
член ги пропишува министерот за здравство во согласност со министерот за
животна средина и просторно планирање.
Член 79
1) Правното лице што врши производство на опасни хемикалии должно е да
ги запознае сите вработени со опасноста по здравјето и животната средина од
опасните хемикалии и со начинот на заштита .
2) Работниците кои што ракуваат и работат со опасни хемикалии мора да
бидат стручно оспособени за безбедност при работа со хемикалии.
3) Правните лица од став 1 на овој член должни се да се грижат за
континуирано оспособување на работниците кои ракуваат и работат со опасни
хемикалии.
4) Оспособување на работниците кои ракуваат и работат со опасни
хемикалии го вршат правни лица кои ги исполнуваат условите по однос на
простор, опрема и кадар, врз основа на овластување од министерот за здравство.
5) Содржината на програмата за оспособување, начинот на оспособувањето,
знаењата на работникот во зависност од видот на работата што ја врши, како и
просторот, опремата и кадарот што треба да ги исполнуваат правните лица кои
го спроведуваат оспособувањето, ги пропишува министерот за здравство во
согласност со министерот за труд и социјална политика, министерот за животна
средина и просторно планирање и министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство.
Член 80
Правните лица што произведуваат опасни хемикалии должни се да водат
евиденција во која се содржани податоци за името на хемикалијата,
произведените количини, рокот на траење, датумот на производство и намената.
Член 81
Правните лица што произведуваат опасни хемикалии должни се да се
грижат за собирање, правилно чување и безбедно отстранување на отпадот
согласно прописите за отпад.
Член 82
1) Производителот на опасни хемикалии должно е да го извести Бирото за
лекови за секоја промена која може да влијае на исполнување на условите
пропишани со овој закон.
2) Ако условите за производство не се исполнети, Бирото за лекови ја
одзема дозволата за работа и го брише правното лице од евиденцијата на
правните лица што вршат производство на хемикалии.
28
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
X. ПРОМЕТ СО ХЕМИКАЛИИ
Член 83
1) Промет со опасни хемикалии можат да вршат правни лица кои ги
исполнуваат условите по однос на простор, опрема и кадар пропишани со овој
закон и прописите донесени врз основа на него и имаат одобрение за вршење на
дејност издадено од Бирото за лекови.
2) Одобрението за вршење на дејност промет со опасни хемикалии се
издава за временски период од пет години.
3) Бирото за лекови води евиденција за правните лица на кои им е издадено
одобрение за вршење на промет со опасни хемикалии.
Член 84
1) Покрај општите услови, правните лица должни се да ги исполнат и
минимум следните посебни услови за вршење на промет со опасни хемикалии:
1. да имаат кадар со висока стручна подготовка од областа на хемијата,
технологијата, фармацијата, медицината, биологијата, односно земјоделството
или ветерината во зависност од намената на хемикалиите и да се стручно
оспособени за ракување со хемикалии;
2. да имаат соодветни простории за сместување, чување и издавање на
опасните хемикалии, кои во поглед на локацијата, начинот на изградба,
вентилација, температура и влажност ги исполнуваат техничките и санитарно
хигиенските услови и други услови утврдени со закон;
3. на видно место во просторијата каде се врши промет со хемикалии да
истакнат упатство за мерките и средствата за спречување на труење, начинот на
укажување на прва помош во случај на труење, начинот за отстранување на
хемикалијата (неутрализација, средства за исплакнување) која се става во
промет и
4. да имаат на располагање соодветни средства за укажување на прва
помош (против отрови-антидоти, средства за исплакнување и друго).
2) Поблиските услови во однос на просторот и опремата ги пропишува
министерот за здравство во согласност со министерот за животна средина.
3) Одредбата од став 1 на овој член не се применува на научно-
истражувачките, образовните и здравствените установи кои хемикалиите ги
користат исклучиво за вршење на основната дејност.
Член 85
1) Правното лице што врши промет на опасни хемикалии должно е да
обезбеди стручно оспособување на лицата што работат со хемикалии и да се
грижи за нивно континуирано оспособување.
2) Содржината на програмата за оспособување, начинот на оспособувањето,
знаењата на работникот во зависност од видот на работата што ја врши, како и
условите што треба да ги исполнуваат правните лица кои го спроведуваат
оспособувањето ги пропишува министерот за здравство во согласност со
министерот за труд и социјална политика, министерот за животна средина и
просторно планирање и министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство.
Член 86
1) Правните лица што вршат промет на опасни хемикалии должни се да
водат евиденција во која се содржани:
29
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 87
1) Правното лице што врши промет на хемикалии може да увезе опасни
хемикалии од член 2 точка 2 подточките ѓ) до ж) од овој закон, врз основа на
дозвола за увоз, издадена од Бирото за лекови.
2) Бирото за лекови води евиденција на издадените дозволи за увоз на
хемикалиите од став 1 на овој член.
Член 88
Правните лица кои вршат промет на опасни хемикалии должни се да се
грижат за собирање, правилно чување и безбедно отстранување на отпадот
согласно прописите за опасен отпад.
Член 89
1) Министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно
планирање, можат привремено да забрани или ограничи производство,
дистрибуција или употреба на опасни хемикалии ако постои сомневање дека тие
се штетни по здравјето на луѓето и животната средина.
2) Министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно
планирање може да забрани или ограничи производство, промет и употреба на
опасни хемикалии кои се на листата на ратификуваните меѓународни конвенции.
3) Министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно
планирање можат да одобрат ставање во промет или користење под посебни
услови на одредени опасни хемикалии кои содржат или можат да ослободат
супстанции опасни по луѓето или животната средина.
Член 90
1) Не клиничките испитувања на некоја хемикалија, чии резултати ја
овозможуваат проценката на нивната потенцијална опасност по луѓето и
животната средина, а кои се вршат во постапките на ставање на хемикалијата во
промет и употребата, регистрацијата, пријавувањето или известувањето, се
изведуваат во согласност со принципите за Добра лабораториска пракса.
2) Начелата на Добрата лабораториска пракса ги пропишува министерот за
здравство.
Член 91
1) Одговорните лица кои доставуваат резултати од испитувањата должни се
да потврдат дека испитувањата врз кои се базирани резултатите се во
согласност со барањата на начела на Добра лабораториска пракса. Потврдата
мора да содржи:
30
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 92
1) Инспекцискиот надзор на спроведувањето на овој закон и прописите
донесени врз основа на овој закон го врши Државниот санитарен и здравствен
инспекторат, преку инспектори за хемикалии.
2) Инспекцискиот надзор над прометот на хемикалиите наменети за заштита
на растенијата го врши надлежниот орган на управата од Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство.
3) Инспекцискиот надзор над исполнувањето на условите за производство и
промет со хемикалии во поглед на заштита на животната средина од можни
несакани дејства на хемикалиите го врши Државниот инспекторат за животна
средина.
4) Инспекцискиот надзор над исполнувањето на условите за заштита при
работа, го врши Државниот инспекторат за труд.
Член 93
1) Инспектори за хемикалии може да бидат лица кои покрај општите услови
од Законот за државните службеници имаат високо образование од областа
фармацијата, хемијата, технологијата со положен испит за познавање на
хемикалии и најмалку пет години работно искуство.
2) Начинот за спроведување на обуката и содржината на програмата за
полагање на испитот за познавање на хемикалии ги пропишува министерот за
здравство во согласност со министерот за животна средина и просторно
планирање.
Член 94
1) Инспекторите за хемикалии можат да земат мостри на хемикалии без
надоместок на нивната вредност, со цел проверка на квалитетот.
2) Анализите на мострите земени од инспекторите се вршат во акредитирани
лаборатории.
3) Акредитацијата на лабораториите се врши согласно прописите за
акредитација.
4) До акредитацијата на лабораториите, анализата на мострите од ставот 2
на овој член ќе ја вршат постојните лаборатории.
Член 95
1) При вршење на инспекцискиот надзор, инспекторот во рамките на своите
овластувања, има право и должност да:
1. забрани производство и промет на хемикалии ако не се исполнети
условите пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на овој
закон;
2. забрани производството и прометот на хемикалии ако постои непосредна
опасност по здравјето на луѓето и околината;
31
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 96
1) Инспекторот со решение ги определува мерките за кои е овластен,
согласно прописите за општа управна постапка и овој закон.
2) Жалбата по решението не го одлага неговото извршување.
3) По жалбата против решението на инспекторот во втор степен решава
министерот за здравство.
Член 97
1) Глоба во износ од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе се
изрече на правно лице, ако:
1. не достават податоци на барање на Центарот (член 7);
2. не употребува постоечки податоци за класифицирање заради
избегнување на непотребни испитувања врз експериментални животни (член 11
став 9);
3. не достави нотификација со документацијата од член 14 став 1 на овој
закон на надлежниот орган во земјата во која супстанцијата е произведена или
во земјата во која нотификаторот има седиште;
4. не достави нотификација согласно со член 15 од овој закон;
5. не поднесе барање за обнова на решението за ставање на нова
супстанција во промет 120 дена пред истекот на важноста на решението (член 20
став 3);
6. не обезбеди писмена согласност од првиот нотификатор за користење на
резултатите од наведените испитувања за нотифицирани супстанции (член 21
став 2);
7. како следен нотификатор не докаже дека се работи за иста супстанција
која е идентична со веќе пријавената, не побара податок дали супстанцијата
веќе била пријавена и кој е прв пријавувач, не достави доказ дека има намера
супстанцијата да ја стави во промет и не наведе во колкави количини (член 21
став 4, 5 и 6);
8. како носител на одобрението за ставање во промет на биоцидот не
обезбеди податоци по барање на Бирото за лекови потребни за промена (член 27
став 2);
9. не постапи согласно член 32 став 1 од овој закон пред започнување на
постапките кои вклучуваат вршење на експерименти врз ’рбетници;
10. не ги достави релевантните информации од член 34 став 1 на овој закон
до Бирото за лекови;
32
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
33
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член 98
1) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од
18 месеци од денот на неговото влегување во сила.
2) До донесување на прописите од став 1 на овој член ќе продолжат да се
применуваат постојните прописи.
Член 99
Правните лица кои ставаат во промет хемикалии ќе ја усогласат својата
работа со одредбите од овој закон во рок од една година од денот на
влегувањето во сила на овој закон.
Член 100
Поднесените барања за производство, промет и распределба на препарати
по група на отровност до денот на влегување во сила на овој закон ќе се решат
согласно прописите кои важеле до денот на влегување во сила на овој закон.
Член 101
Министерот за здравство ќе овласти јавна здравствена установа што ќе ги
врши работите на Центарот за информирање за труење од хемикалии во рок од
три месеци од денот на влегување во сила на овој закон, а ќе отпочне со работа
од 1 јануари 2008 година.
Член 102
Владата на Република Македонија ќе го формира интерсекторското тело од
член 8 на овој закон во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на
овој закон, а ќе отпочне со работа од 1 јануари 2008 година.
Член 103
Со денот на влегување во сила на овој закон престанува да се применува
Законот за прометот на отрови (“Сл. лист на СФРЈ”, бр.13/91) и престанува да
важи Законот за производство на отрови (“Службен весник на СРМ“, бр.18/76)
Член 104
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”.
34