Басна Дневна подготовка

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Одд. наставник/паралелка/бр.час Ољга Георгиевска IV a 3.

час
Наставен предмет МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Време на реализација 20.11.2019 (среда)
Програмско подрачје Литература и лектира
Наставна содржина Интерпретација на басната:,, Магарето, лисицата и лавот“
Тип на час обработка, вежби, повторување, увежбување, проверување
Цели
Образовни: Ученикот/ученичката:
 да препознава басна како вид на прозен текст ;
 да се оспособува за слушање, разбирање и откривање на елементите од басната - (место на
случување, настани, ликови, тема, идеја и порака).
Дифеенцирани цели: /
Воспитни: Ученикот/ученичката:
 да ги почитуваат поставените правила за време на часот;
Очекувани исходи
Препознава басна како вид на прозен текст .Открива елементи од басната - (место на случување, настани,
ликови, тема, идеја и порака).

Наставни методи метод на разговор, објаснување, демонстративен,текст метода,


Наставни техники наставникот чита на глас-ЈП , Ѕвезда на приказната ЈП
Наставни форми фронтална групна работа во пар индивидуална
Наставни средства и помагала тетратка, прибор за работа, книга, SMART табла
Опис на текот на активностите (на наставникот/ученикот)
ВОВЕДЕН ДЕЛ: Часот го започнувам со игра на СМАРТ таблата. „ Откриј го прозниот текст “ . Со оваат
активност, учениците ги систематизираат стекнатите знаења за видови прозни текстови. По завршување на играта
преку соодветни прашања ги систематизирам знаењата (поврзување на претходно стекнатите знаења и
информации) за именките како видови зборови што означуваат имиња на суштества, предмети, или нешто што
чувствуваме или замислуваме , а со тоа ги насочувам учениците кон поставената цел за време на часот.
ГЛАВЕН ДЕЛ: Ја откривам целта на часот . Ја читам изразно басната и обрнувам посебно внимание на основните
компоненти на изразниот говор: темпо, интонација, пауза, ритам за да учениците максимално се мотивираат и
концентрираат на активно слушање. Додека ја читам басната поставувам прашања:
Фактички прашања:
 Кого сретнале по пат?
 Што му направила лисицата на магарето?
Предвидувачки прашања:
 Што се случило понатака,што мислите?
Инферентни прашања:
 Која е пораката од овој текст?
Им кажувам на учениците дека повторно ќе ја прочитам басната , за да се запознаат подобро со содржината. Басната
ја читам целосно. Ги прашувам учениците за непознатите зборови доколку ги има.
Им кажувам на учениците дека денес ќе зборуваме за елементите во приказната и дека ќе го користиме Постерот
Ѕвезда. Го откривам постерот кој што е залепен на таблата. Почнувам од врвот на Ѕвездата со прашањата, за секој
одговор лепам соодветна сликичка покрај кракот на ѕвездата.
 Кој е во приказната?
 Каде се одвива приказната?
 Кои важни работи се случија во приказната?
 Дали имаше проблем?
 Кој беше проблемот?
 Како се реши?
 Кој беше твојот најомилен/најнеомилен дел од приказната? Зошто?
Ги пофалувам учениците за нивната одлична работа.
ЗАВРШЕН ДЕЛ: : За да се добијат повратните информации за стекнатите знаења на овој час , учениците се
седнати во групи. Секоја група има по четири ученици. Им кажувам на учениците дека ќе изработиме Книга за
басната . Секој група добива по еден лист и по една задача.
 I – група Анализа на басната ( главна мисла за секоја целина)
 II – група Тема, идеја, место,време, ликови, вид литературен текст, порака
 III – група Илустрација на најомилен дел од басната
 IV – група Ја цртаат корицата од басната (добиваат подебел лист –картонче)
Им кажувам на учениците да си ги напишат нивните имиња на корицата на книгата бидејќи се тие автори на
книгата. Презентација на групите. Преку анализа и дискусија ги резимираат добиените резултати од целокупната
работа. Со ова учениците имаат преглед во сопствените знаења и способности. Наставникот како главен
координатор ги споделува сопствените согледувања за групната работа на учениците. Ги истакнува позитивните, а
негативните решенија ги посочува како да се корегираат во иднина за понатамошно ефикасно и квалитетно учење.
Учениците пак ги согледуваат и анализираат негативните решенија, со цел во иднина да ги надминат..
Следење и вреднување Следам 5 ученици . Следам дали ја разбираат и дали ги откриваат елементите од басната :
место на случување, настани, ликови и порака.
Домашна работа: Одговарање на прашања на стр. 60
Рефлексија:

You might also like