Самоилово Царство

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 11

ИСТОРИЈА

САМОИЛОВО ЦАРСТВО
Самоилово Царство
Самоилово царство или Славинија е средновековна држава на територијата на
денешните Македонија, Бугарија без Тракија,романска Добруџа, Србија без Банат и Бачка, Црна Гора без
приморјето, Албанија, Косово и северозападна Грција, која под водство на цар Самоил постоела од 976 до 1018 година.

За престолнина на царството се смета Охрид, иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови како
Преспа.
Некои Византиски , Хрватски, Арапски и други историчари од средниот век ја нарекуваат оваа држава Бугарија, бидејќи
Византијците и другите народи ги нарекувале некои соседни словенски народи на Византија Бугари.

Цар Самоил
Цар Самоил или Цар Самуил (958 - 6 октомври 1014) е средновековен македонски владетел кој на преминот
од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

Државата која ја создал е позната како Самуилово Царство, а еден дел од историчарите, за да направат јасна разлика
помеѓу државата која ја создал Самуил и царството на Бугарскиот цар Симеон I Прво Бугарско царство, го
нарекуваат Македонско Словенско царство, Македонско царство или Западно бугарско царство.

Македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на
комитопулите 969 година, кога била отфрлена Бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле
поставени темелите на Македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самуилово Царство,
најголема ранофеудална државна творба на Балканот.

Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.Учествувал во востанието
на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј
и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал
единствен владетел во државата во 986 година.

Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот император Василиј . Учествувал во сите позначајни битки и походи
против Византија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски
територии освен Солун, освоил голем дел од Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел
од Бугарија.

Потекло
Самоил и неговите браќа Давид, Мојсеј и Арон се познати како комитопули, односно млади кнезови, синови на кнезот Никола.
Потеклото на четворицата браќа комитопули, вклучително и Самуил, во историската наука сѐ уште се водат полемики. Засега се
доминантни четири хипотези. Првата се сведува дека комитопулите потекнувале од словенски род и тоа од племето Берзити.
Втората дека се од бугарски род, a оваа теза се заснова врз сведоштвото на Јован Скилица кои истакнува: Потоа пак, Бугарите,
штом умре кралот, кренаа востание и за свои владетели избраа четворица, браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синови на некој
кнез, кој кај Бугарите бил многу моќен и затоа се наречени комитопули.

Ова укажува на тоа дека сите дотогашни подготовки на комитопулите вродиле со плод и дека Бугарите од стариот центар на
Бугарија кренале востание против Византија и ги повикале своите владетели Самуил и неговите браќа.

Tретата хипотеза дека се од персиски род т.е. од оние персиски колонисти кои Византија ги населила во Македонија.

Четврта претпоставка е дека тие се од ерменско потекло . Приврзаниците на последната хипотеза се потпираат на Стефан
Таронски, наречен Асохикили Асолит. Тој истакнува дека Самуил и неговите браќа потекнуваат од ерменски род. Но бидејќи овие
вести хронолошки се неточни прашањето за потеклото на комитопулите во науката останува отворено.

Рани години
Бугарско-византиско-киевска војна

Во 60-тите години на X век дошло до заострување на бугарско-византиските односи. Византискиот цар Никифор II Фока,
чувствувајќи се доволно моќен го нарушил бугарско-византискиот договор за мир од 927 година, според
кој Византија била обврзана да ѝ плаќа данок секоја година на Бугарија.
Во 967 година Фока подготвил голема војска и ги нападнал пограничните бугарски територии. Византискиот владетел
освоил повеќе тврдини, но морал да се повлече поради силниот отпор. Во изворите се истакнува дека Фока не сакајќи
да му биде искасапена војската како добиток од Бугарите се вратил во Цариград.
Бидејќи Фока немал доволно сили сам да ја заврши војната решил да склучи сојуз со киевскиот кнез Свјатослав. Овој
кнез со 60.000 војници во 968 година ја минал реката Дунав и ги нападнал подунавските бугарски градови.
Лав Ѓакон истакнува дека поради нападот на Свјатослав бугарскиот цар Петар I добил епилептичен удар и по кратко
време умрел на 30 јануари 969 година.
По смртта на бугарскиот владетел навлегувањата на Свјатослав станале
опасни и за самата Византија и затоа Фока го раскинал сојузот со киевскиот
кнез и испратил пратеништво кај Бугарите за склучување на сојуз против
Киевската држава. Бугарско-византиско-киевската војна која се водела во
Подунавјето, влијаела врз бугарскиот двор да повлече дел од својата војска
во Македонија.

Востание на комитопулите и создавање на нова


словенска држава
Во историската наука сè уште не е јасно дали во 969 година комитопулите
кренале востание. Еден дел од историчарите Стјепан Антолјак, Бранко
Панов сметат дека имало востание против бугарската власт.
Друг дел Оболенски, Јонатан Шепард, Ѓорѓија Острогорски и поголемиот дел од бугарските историчари) се на
спротивното мислење. Причина за несогласувањето е еден извадок од хрониката на Јован Скилица кој што различните
историчари различно го интерпретираат.
Според Антолјак и Панов, по повлекувањето на бугарската војска во поранешната склавинија Берзитија дошло до
востание. На чело на ова востание застанале синовите на кнезот
Никола, комитопулите (младите кнезови) Давид, Мојсеј, Арон и Самуил.
Востанието било кренато во 969 година и била отстранета бугарската
власт од Југозападна Македонија со што била создадена
нова Словенска држава која во науката е позната како Македонско
словенско царство, Самоилово Царство или Западнобугарско Царство со
престолнина во Преспа.
Византија, плашејќи се да не се прошири востанието и во нејзините
владенија во Македонија, одлучила да ги ослободи синовите на
покојниот бугарски цар Петар - Борис и Роман и ги испратила да го
заземат празниот бугарски престол во Преслав, а според Јован
Скилица и да ги спречат комитопулите во понатамошното напредување. На чело на бугарскиот престол застанал Борис
Втори, а неговиот брат Роман не можел да биде прогласен за цар бидејќи бил кастриран.

Уништување на Првото бугарско царство


Додека се поставувале темелите на новата држава во Југозападна Македонија, бугарско-византиско-киевската војна во
Подунавјето продолжила.
Во меѓувреме Никифор Фока бил убиен, а за нов византиски цар бил крунисан Јован Цимискиј кој успеал за кратко
време да ја отстрани киевската опасност од Балканот.
Во 971 година Свјатослав морал да се повлече, а потоа Јован Цимискиј се пресметал и со бугарскиот цар Борис
Втори.
Во оваа војна победила Византија и
во 971 година било ликвидирано Првото Бугарско
Царство и Бугарија била претворена во
византиска провинција. Царот Борис Втори и
неговиот брат Роман биле одведени во
Констатинопол како заложници, а таму била
испратена и Бугарската царска круна.
Византија во истата 971 година ја наметнала
својата власт и над Србија кој станал византиска
провинција. Новата словенска држава во
Југозападна Македонија како независна
продолжила да егзистира до 971 година.

Според Стјепан Антолјак, ерменското потекло на византискиот цар Јован Цимискиј и четворицата браќа Комитопули,
влијаело за сето време на нивното владеење тој да ги остави на мира.

Тоа значи дека новата словенска држава во 971 година ја признала врховната власт на Византија, но комитопулите си
ја задржале управата во свои раце.

Јован Цимискиј во 973 година ѝ дозволил на Македонско - Словенската држава да испрати свои претставници на
дворот на германскиот император отон први во Кведлинбург и заедно со останатите европски владетели да му ги
честитаат . Според Антолјак во Кведлинбург со богати подароци заминал Самуил со еден од своите браќа.

Според тој дел од историчарите, кои што сметат дека немало востание во 969 година, по византиската победа над
Бугарија во 971 година и формалното покорување на Бугарското Царство, западниот дел од државата останал
неокупиран и слабо засегнат од војната во исток. Тоа овозможило отфрлањето на централно наложената византиска
власт и обновувањето на Бугарското Царство во 976 година, кога во Византија по смртта на Јован Цимискиј започнала
граѓанска војна.

Востание на комитопулите против Византија


(976 година)
Во 976 година византискиот цар Јован Цимискиј умрел, а комитопулите
кренале востание да ја отстранат наложенаврховна византиска власт.

Со ова востание Македонско словенската држава повторно станала


независна, а комитопулите успеале да присоединат и голем број на
бугарски области, затоа што населението на овие области се кренало
против Византија и се ставиле под власт на комитопулите.

Во текот на овие настани бугарскиот Цар Борис Втори и неговиот брат


Роман успеале тајно да избегаат од Цариград, но на границата Борис бил
убиен, а брат му Роман, кој успеал да се провлече, бил поставен од комитопулите за управник на градот Скопје.

Прогласување на Самуил за монарх


Во текот на 976 година за неполни шест месеци умреле двајца од браќата на Самуил.
Според Јован Скилица Давид бил убиен кај
месноста Убави дабови од страна на Власи, а Мојсеј
загинал во битка со Византијците под sидините на
градот Сер.
Потоа, Арон бил убиен затоа што сакал да ја приграби
власта за себе со помош на Византијците.
Самуил покрај Арон ги ликвидирал и сите членови на
неговото семејство со исклучок на Јован Владислав кој
бил спасен од Гаврил Радомир.

На тој начин Самуил станал единствен владетел на


целата држава.

Освојувања

Борби во Северна Грција

Самуил откако станал монарх започнал офанзивна војна против Византија.


Според византиските извори тој ги искористил внатрешните немири во империјата за да го нападне целиот запад,
односно византиските владенија сè до Пелопонез.
Првите походи на Самуил биле насочени кон Северна Грција каде успеал да освои неколку тврдини по што го опседнал
градот Лариса и по неколкуте обиди за негово заземање градот во 985 година бил без крв освоен, а многу луѓе биле
одведени во ропство меѓу кои и убавата Ирина во која се вљубил синот на Самуил Гаврил Радомир.
Радомир ја избркал својата жена која била бремена, инаку унгарска принцеза и се оженил за Ирина. Самуил од Лариса
ги однел и моштите на Свети Ахил и ги пренел во Преспа.

Битка кај Трајановата порта

Со падот на Лариса бил отворен патот на Самоиловата војска кон останатиот дел на Северна Грција и тоа го принудило
византискиот император Василиј II на противдејствија.

Откако подготвил силна војска, Василиј II го опседнал градот Сердика, а покрај царската војска се движела и војската
под команда на Лав Мелесин кој имал задача да ја штити царевата заднина од напади.
Според Лав Ѓакон опсадата на Сердика траела 20 дена, а во меѓувреме во
околината на овој град со своја војска дошол и Самоил, меѓутоа според Јован
Зонара, Самоил не се осмелил да влезе
во судир со Византијците и затоа својата
војска ја распоредил по врвовите на
околните планини.
Со доаѓањето на Самоил во
летото 986 година Василиј II ја прекинал
опсадата и се повлекол кон Пловдив.
Самуил сметал дека повлекувањето на
византискиот цар е поради страв и затоа
се решил да го нападне. На 17
август 986 година дошло до битката
кај Трајановата порта во која
Византијците биле катастрофално
поразени.

Византиската војска била заобиколена во


тесните и непристапни места и била
нападната од сите страни, при што голем
број византиски војници биле убиени или заробени. Според Скилица Василиј II одвај успеал да се спаси, повлекувајќи
се кон Филопол денешен Пловдив.

Лав Ѓакон кој учествувал во битката истакнува дека сета византиска коњаница била уништена. Јован Геометар пак од
своја страна во една своја песна соопштува дека во битката:
стрелите на Мизите (Самоиловите) ги надминаа копјата на Абзоните...

Овој напад војниците предводени од Самоил, неговиот син и внук, го проследиле со борбени извици и силни викотници,
со што внесле уште поголема забуна во редовите на Византијците. Византиската армија ја зафатила огромна паника и
во тој хаос се заробени царските знамиња, царската благајна, целокупниот воен материјал, заедно со царскиот шатор.

Поход во Далмација

Охрабрен од оваа победа Самуил уште истата 986 година презел поход кон Далмација. За овој поход податоци има во
летописот на Поп Дукљанин кој истакнува дека Самуил најпрво ги нападнал владенијата на дукљанскиот кнез Јован
Владимир, кој не сакајќи да му биде уништена воjската се повлекол кон планината Облиќ.
Меѓутоа Самуил успеал да го зароби Владимир и го испратил на својот двор во Преспа. По заробувањето на
дукљанскиот кнез Самуиловите војници го опседнале градот Улцињ, но не успеале да го освојат. Според летописот на
Поп Дукљанин, Самуил бил огорчен поради тоа па почнал да ја пустоши Далмација, при што особено настрадале
градовите Котор и Дубровник.
Самуил потоа стасал до Задар, но не успеал да го заземе и се упатил кон Босна и Рашка. Овие области успеал да ги
освои и ги приклучил кон својата држава и потоа се вратил во Македонија. Во својата престолнина, Самуил дознал
дека неговата ќерка Косара се вљубила во Јован Владимир и затоа Самуил донел одлука да се одржи свадба, а Јован
Владимир бил вратен во Дукља да управува со неа и со Требиње како вазал на Самуил.

Напад на Солун
Додека Самуил војувал во северозападниот дел на Балканот, Василиј II се пресметувал со своите внатрешни
противници и откако успеал да ги совлада во 991 година презел поход против Самуил. Тој од Цариград заминал
за Солун со цел да ја засили одбраната на овој град.
Во периодот помеѓу 991 и 995 година војната помеѓу двајцата владетели се водела со наизменичен успех, но во 995
година Василиј II бил принуден да се повлече од Балканот и да замине на исток во војна против Арапите.
Заминувањето на византискиот цар го искористил Самуил и со голема војска се упатил кон Солун.
Одбраната на градот ја раководел Григориј Таронит и располагал со голема војска. Кога Самуил со своите војници се
доближил до Солун, Таронит го испратил својот син Ашот да ја испита големината на Самуиловата војска, но паднал во
заседа и бил заробен, а неговиот татко се упатил да го ослободи но и тој бил опколен по што бил убиен.
Кога Василиј II разбрал за смртта на Григориј Таронит му наредил на прославениот војсководач и командант на
западните војски Никифор Уран да замине во поход против словенскиот цар.
Битка кај реката Сперхеј
Додека Уран бил на пат кон Солун, Самуил се повлекол од солунско и се спуштил кон Тесалија.
Неговата војска ја минала Тесалската теснина и успеала преку Беотија и Атика да се спушти се
до Пелопонез пустошејќи и ограбувајќи. Меѓутоа во 996 година Никифор веднаш се упатил кон Пелопонез и успеал да
ги стигне кај реката Сперхеј каде Самуил логорувал со својата војска.
Поради силните дождови, се чинело дека не е можен никаков судир меѓу двете војски. Но, сепак, Уран ја преминал ноќе
реката на погоден премин и ја нападнал војската на Самуил на спиење и голем дел од војската била уништена. Поради
факторот изненадување, војската на Самуил не успеала да се брани.
И самиот Самуил и неговиот син Гаврил Радомир биле тешко ранети и успеале да избегаат затоа што се скриле меѓу
труповите. Наредната ноќ, тајно пребегале преку Eтолските Планини се упатиле кон Пинд, а од таму за Македонија и
стигнале во Преспа. Уран ги ограбил и ги оставил незакопани војниците на Самуил, а заробените Византијци ги
ослободил и со голем плен се вратил во Солун.[

Легализирање на својата власт


Во Преспа Самуил решил да се круниса за цар и тоа со помошта и поддршката на римскиот папа ]. Во научната
литература сѐ уште не е точно утврдена годината на прогласувањето на Самуил за цар и на неговата држава за
царство.
Еден од историчарите истакнуваат дека тоа се случило најверојатно во последните години на X век.
Според некои официјалното крунисување на Самуил за цар било извршено во црквата св. Ахил во Мала Преспа и тоа
во присуство на римските претставници кои по склучената спогодба меѓу него и папата Григориј V во Преспа ја донеле
царската круна .
Со тоа градот Преспа станал царско седиште на Самуиловото Царство,
Самуил успеал да ја оствари својата цел како што истакнува Поп Дукљанин во својот летопис.

За сметка на Византија создал големо кралство т.е. кралство на Словените. Според некој научници
градот Преспа станал и црковно седиште на Самуиловото Царство. Со папска дозвола Самуил својата црква ја
издигнал во ранг на архиепископија .

Со крунисувањето на Самуил за цар неговата држава добила меѓународно признавање.


Од расположливите податоци не може да се утврди видот на круната кој ја добил Самуил од Папата. Најверојатно е
дека папата го удостоил Самуил со титулата рекс што значи дека добил кралска круна, на латински наречена corona.
Треба да се истакне дека Римската црква со царска титула единствено ги
удостоила франечките владетели почнувајќи од Карло Велики и германските
владетели од Отон I.
Самуил иако формално-правно се стекнал со кралска титула, тоа не му сметало да
се нарекува цар или поточно бугарски цар. Некој од западните автори избегнувале
да ја употребуваат царската титула за Самуил, а таков пример е Лупус
Протоспатариус кој во своите анали го нарекува Самуил (Samuel rex), сепак
Самуил бил признат за цар и таа титула била прифатена од византиските,
арапските и другите автори.

Полемики
Има само два извора кои опишуваат како Самуил станал цар.
Првиот е Јахја, современик на овие настани, кој изнесува дека Самуил по поразот
што му го нанесе Никифор Уран, отпрвин барал од Василиј II милост, ветувајќи му
послушност.
И токму кога владетелот сакал да се согласи со тоа, се случи да умре бугарскиот
цар, кој се наоѓаше во царскиот затвор во Цариград. Кога Самуил чу за неговата смрт, самиот се прогласи за цар.
Втор, но подоцнежен извор е Поп Дукљанин, кој вели:
Во тоа време, се крена некој Самуил, кој наредил да го нарекуваат цар, и започна многу војни со Грците и ги
исфрли од цела Бугарија, така што во негово време Грците не се осмелуваа ни да се приближат [60]

Јасно е дека круната на Самуил не му ја дал младиот Василиј II, со кого бил во непријателство.
Исто така е јасно и дека бугарската круна била во Цариград заедно по 971 година, па до неа Самоил не можел никако
да дојде. Затоа е очигледно дека патот до круната му бил отворен единствено преку Рим, каде што седиште имал
папата, што се потврдува со подоцнежната преписка меѓу бугарскиот цар Калојан (1197-1207) и папата Инокентиј
III (1198-1216).
Дека Самуил навистина имал круна (се споменува круна составена од зрна
бисери), сведочат неколку наоди, меѓу кои и извештајот од шпанскиот Евреин
Ибрахим Ибн Јакуб.
Но, и покрај сите претпоставки, денес не се знае со сигурност каде е
крунисан, кој присуствувал на овој важен чин и каква обврска примил Самуил
при крунисувањето. Титулата на цар Самоил како бугарски цар,
крунисувањето и воопшто, припадноста на Самоил и неговото царство е
контроверзна денес и претставува предмет на спор меѓу историчарите.

Војна со Византија

Борби со Василиј (1001-1004 година)


Веднаш по прогласувањето на Самуил за цар, византискиот владетел Василиј II уште додека бил на истокот им
наредил на патрициј Теодорокан и протоспатариј Никифор Ксифијас да ги нападнат Самуиловите владенија на
територијата помеѓу Дунав и Стара Планина односно голем и мал Преслав и Плиска и по успешниот поход
византиската војска се вратила во Цариград.
Откако Василиј II склучил примирје со египетскиот калиф Ал-Хакимон, се посветил на борбите против Самоил.
Во 1001 година Василиј II со голема војска се насочил кон Солун. По патот за Солун го зазел селото Вероја (Бер) кое
било предадено од тамошниот управник Добромир и кои за таквото дело ја добил титулата антијат.
Тогаш Василиј II се обидел да го придобие на своја страна и управникот на Сервија, но
не успеал по што таа била опседната и освоена.
По падот на овој град Василиј II од него иселил голем број на луѓе а заробениот
Николица го однел во Цариград кој подоцна успеал да избега и да се врати кај Самуил.
Потоа Сервија била опколена од Самуиловите војници, но Василиј II успеал да ги
натера да се повлечат и зазеде неколку тврдини во околината на градот.
При овие борби Николица повторно бил заробен и однесен во Цариград, а Василиј II го
освоил и Воден по што се вратил во Солун.
Во летото 1002 година ненадејно се појавил со својата војска на брегот на реката Дунав,
и тоа пред градот Видин. Самоил не дошол да му помогне на градот, и конечно после
осум месеци во 1003 година, Видин паднал во рацете на Византијците.
По освојувањето на овој воено-стратешки центар, Василиј II се насочил кон северо-
западна Македонија.
Јован Скилица соопштува дека за време на овој поход во овој дел на Mакедонија било
нападнато и Скопје. Во одбраната на овој град учествувал лично Самуил со својата
војска.
Тој сметал дека Василиј нема да може да ја мине реката Вардар, па затоа се улогорил на другата страна од реката. Но
со помош на сплавови Византијците ја минале реката и го изненадиле Самуил.
Не очекувајќи го тоа Самуил избегал и го оставил својот логор и царскиот
шатор.
Така во 1004 година Византијците го освоиле градот. Всушност, Василиј II
го освоил Скопје по пат на предавство, а градот бил предаден од Роман
Симеон, син на покојниот бугарски цар Петар, на кого уште во 976 година
Самуил му ја доверил управата. За овој чин Роман од страна на Василиј
II бил удостоен со титулата Патрициј и Препозит и бил испратен како
стратег во Абидос.
По заземањето на Скопје, Василиј II тргнал кон Перник (блиску
до Софија) кој бил бранет од управникот Кракра. Но откако видел дека не
може да го освои, се откажал од Перник, па заминал кон Пловдив, и
оттаму во Цариград. Така завршил овој четиригодишен поход на Василиј
против Самуил.
Војната меѓу двајцата владетели се разгорела и се проширила на
територијата на Македонија како и на други Самуилови владенија.
Византискиот цар сѐ уште не успеал да ја уништи главнината на
Самуиловото Царство, а самиот Самуил кроел планови како да му
нанесе катастрофален пораз на Василиј II.

Беласичка битка 29 јули 1014 година

До 1014 година, Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото Царство и напаѓал. Откако Самуил
ги проучил сите начини за судир со византискиот цар и откако дознал по кои патишта главно се движела византиската
војска, одлучил во 1014 година да влезе во директен судир со Василиј II.
За таа цел, Самуил презел напор за преградување на кој водел од Цариград преку Струма кон нејзината притока
Струмица. Овој пат бил познат како царски пат.
На најтесното место каде се доближуваат Беласица и Огражден, Самуил изградил дема (преграда) и на неа поставил
добро извежбани луѓе, а во стрмните долини распоредил добро извежбани стрелци.
Според Јован Скилица, Василиј II имал обичај секоја година да навлегува во центарот на Македонија, па затоа Самуил
се одлучил да му го прегради приодот на византискиот владетел низ теснината Кимба Лонга што во превод значи долго
поле и е од влашко потекло и Клидис што значи клуч.
По теснината е наречена и сета клисура по течението на реката Струмица односно Клучка Клисура и овој израз е од
грчко потекло.
Кога во летото 1014 година Василиј II ја минал реката Струма и се упатил кон градот Струмица наишол на демата.
Тогаш војниците на Самуил почнале да стрелаат и од демата и од стрмнините, нанесувајќи и на византиската војска
голема загуба.
Според Скилица, византискиот цар сакал да се
повлече, но бил разубеден од Никифор Ксифија кој
му предложил план за освојување на демата.

Според планот, Никифор Ксифија требало со својата


војска да ја заобиколи планината Беласица и да се
спушти од другата страна и зад грб да ги нападне
бранителите на демата и овој план бил одобрен од
византискиот цар.

Самоиловите војници не очекувајќи напад, се


исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу
војници загинале, а уште повеќе биле заробени.
Ова го искористил Василиј II кој успеал да ја сруши
демата и на 29 јули 1014 година дошло до голема
битка меѓу двајцата владетели.
Таа се одвивала во самото подножје на планината
Беласица на просторот меѓу Клучката Клисура и
денешните села Борисово и Мокриево. Во оваа битка
учествувал и самиот Самуил. Притоа тој решил да
стави сè на коцка, и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел
да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците.
Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица, Самоиловиот
војсководец.
Вотанијат всушност, гонејќи ги Самуиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал Беласица и ги
изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб. Самоиловите војници биле целосно поразени, а самиот Самуил
одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го
качил татка си на коњ и го одвел во тврдината во Прилеп.
По битката Василиј II се упатил кон тврдината Мацукион која се наоѓала во подножјето на планината Беласица и откако
ја разурнал заминал кон другата тврдина Термица која се наоѓала во близината на денешната бања Банско, но не
успеал да ја освои и затоа се упатил кон Струмица.
Според Јован Скилица, додека траела опсадата на Струмица византискиот владетел го испратил словенскиот дукс
Теофилакт Вотанијат со еден дел од војската да му обезбеди пат кој водел низ Дојран за Кукуш и Солун. На овој
пат Гаврил Радомир имал поставено повеќе заседи.
Кога Теофилакт Вотанијат одел по овој пат бил пуштен да помине, но кога се враќал назад бил нападнат и целата
византиска војска била уништена. Михајло Деволски истакнува дека Гаврил Радомир лично го убил Теофилакт
Вотанијат. Кога византискиот владетел разбрал за смртта на својот војсководач решил да се одмазди.
Василиј II уште пред да ги крене опсадите на Струмица, Мосинопол и Мелник наредил сите Самуилови војници да се
ослепат, а на секој стоти да му се извади по едно око и така тие осакатени да ги одведат останатите ослепени војници
кај Самуил во Прилеп. Ова се случило во село Водоча по што и само село го добило своето име.
По малку повеќе од два месеци, на 6 октомври 1014 година, Самуил умрел од срцев удар. Во историската наука нема
согласност каде точно умрел Самуил. Според веста на Јован Скилица еден дел од историчарите се на мислење дека
тоа се случило во Прилеп, но некој од научниците се сомневаат во тоа. Треба да се истакне дека Јован Скилица
воопшто не соопштува каде Самуил починал. Имено тој соопштува за бегството на Самуил по битката во Прилеп, а
потоа раскажува за ослепувањето на Самуиловите војници и истакнува:
... и нареди (Василиј) секој група од сто ослепени да ја води еден кој има едно око и ги испрати кај Самуил. А
тој, гледајќи ги како доаѓаат во таков број и не можејќи храбро да ја поднесе таа несреќа, му се заврте во
главата и падна во несвест на земјата. Присутните со вода и со мириси му ја повртија свеста и тој малку
закрепна. Откако се поврати побара да се напие ладна вода.
Кога ја испи доби срцев напад и по два дена умрел.

Скилица детално ја опишува смртта на Самуил, но не наведува


каде починал, а настаните ги изложува како тие да се случувале
последователно и брзо еден по друг и поради тоа се добива
впечаток дека Самуил починал во Прилеп. Меѓутоа се заборава
дека помеѓу двете случувања: бегството на Самуил во Прилеп и
неговата смрт поминале повеќе од два месеци. Затоа дел од
историчарите се сомневаат дека тој останал во Прилеп и дека
всушност тој починал во Преспа како што наведува Михаил
Аталијат.
Самуил како законски наследник го поставил својот син Гаврил
Радомир, дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој
незаконски син со непознато име Самоиловото
Царство останало независно уште 4 години по смртта на својот
водач.
Во 1969 година грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос
правел ископувања во базиликата Свети Ахил на истоимениот
остров во Мала Преспа и на десниот нејзин наос отворил четири
богати гроба, кои биле ограбени уште во средниот век. И покрај отсуството на натписи Муцопулос претпоставува дека
тоа се гробовите на Самуил, неговиот син Гаврил Радомир, Јован Владислав и зет му Јован Владимир.
Антрополошките истражување на коските за кои се смета дека се на Самоил, покажуваат дека мажот бил висок околу
1,60 метри и починал на околу 70 години.

Губење на независноста

По Битката на Беласица во 1014 армијата под водство на императорот Васичиј Втори ја порази војската
на Самоил при што 14.000 војници биле заробени, ослепени и пратени на Самоил.

Глетката била премногу за Самоил кој се разболел и умрел по два месеци, на 6 октомври 1014. По
неговата смрт Самоил го наследува неговиот син Гаврило Радомир. Набрзо, и тој ќе биде убиен од
страна на неговиот братучед Јован Владисалав, кој ќе владее до 1018, кога и конечно Самоиловото
царство потпаѓа под византиска власт.
По ликвидирањето на државата на Самoил и на неговите наследници од страна на императорот
Василиј II во 1018 година, заземената територија влегла во составот на Византиското Царство и била
вклучена во рамките на византискиот воено-административен управен систем.

Но, активностите што ги спровел Василиј II веднаш потоа говорат во насока на дека се направени
сериозни компромиси на императорот во однос на посоченава освоена територија и на тамошното
население. Така, по византиското освојување, голем дел од територијата на Македонија била
инкорпорирана во рамките на новоформираната голема тема позната под името Бугарија. Оваа воено-
административна единица во територијален поглед ги опфаќала централните делови на, некогаш,
пространата држава на Самоил.

You might also like