Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Салама Со Желе Бонбони

Во сликата има и чоколадни бомбици. 


                         
Се добиваат 35 парчиња
Kcal/kЈ по парче                  75kcal/313kj 

Материјал:

Прв дел:

100гр шеќер
¼ филџан вода, 50мл
125гр мелени ореви
Кора од еден лимон
70гр сечкани желе бонбони во повеќе бои
½ белка од јајце

Втор дел:

100гр шеќер
¼ филџан вода
125гр мелени ореви
1 лажиче какао
½ белка од јајце

Прибор: триаголен калап со должина од 35см

Припрема на првата смеса:

Се сечкаат желе бонбоните на ситни коцкици. Од водата и шеќерот се


прави шербет како за слатко. Садот со шербет се тргнува од шпоретот и се
додаваат
мелените ореви и се промешува. Потоа се додава кора од лимон и белката
и се меша кратко да се соединат сите состојки.
Смесата се распоредува на парче фолија додека е уште топла, се прави
правоаголан кора 35x10см со еднаква дебелина.
Желе бонбоните ако се лепат се валаат со една лажица од мелените ореви,
и се распоредуваат врз кората. Кората се завиткува и се префрла во
калапот обложен со мрсна хартија. Се чува во фрижидер да се стегни 12
саати.

Припрема на втората смеса:


Водата и шеќерот се варат да се добие шербет исто како за првиот дел.
Садот со шербет се тргнува од шпоретот и се додаваат
мелените ореви, какаото и се промешува. Потоа се додава белката и се
добива хомогена смеса. 
Од оваа смеса се распоредува  кора на парче фолија со правоаголана
форма од 35x16см со еднаква дебелина. (кората е поширока за да има
доволно ширина да се препокрие првата призма).  Полесно се обвиткува
првиот дел ако темниот слој се остави да се олади во фрижидер 10 минути.
Светлата призма се завиткува со темната кора и заедно со мрсна хартија се
враќа во калапот.  Се остава во фрижидер 12 саати да се зацврсти.
Следниот ден се сечат танки триаголници со помош на нож натопен во
топла вода.

Се добиваат многу декоративни триаголни суви колачи.

You might also like