Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ОГЛАС

Елементи на огласот се: наслов, илустрација, текст. Огласот се сретнува во:


весници, списанија, ревии. Во огласот 75% од вниманието припага на насловот.
Квалитетен оглас ги содржи следните елементи: наслов, главен текст, илустрација,
карактеристичен логотип.

ЛЕТОК

Елементи на леток се: наслов, илустрација, текст. Летокот се изработува на формат


не поголем од 15x21cm. Најчесто користени големини за изработка на леток се: А5 и А6
формат.

ВЕСНИЦИ И СПИСАНИЈА

Во весниците и списанијата како основна илустрација се користи фотографијата.

ПЛАКАТ

Плакатитет најчесто се изработуваат на кунстдруг хартија, а форматот е најчесто


поголем од А3 односно минималната димензија изнесува 100x80cm, а максималната
димензија 120x180cm. Плакатот (постерот) најчесто служи за реклама. Плакатот треба да
биде објавен на јавно и видливо место. Писмовната големина на текстот на плакатот
треба да биде поголема од 36тт, а насловот со големина од 80тт. Текстот и сликата кај
постерите имаат еднаква улога, но визуелно се практикува 70% слика и 30% текст.
Најдобро е текстот да биде во вертикална колона затоа што читањето не бара физичко
движење. Пишаниот текст на плакатот треба да биде од 12 до 15 реда.Текстот треба да
биде од 300-500 зборови и да се чита на оддалеченост од 1 до 2 метри. Плакатот треба
да има квалитетна-издржана порака која се памети. За добар плакат важи: краток текст и
зборови, јасен текст, јарки тонови на боја, јака идентификација на производ или услуга.
Џамбо плакатите се изработуваат од повеќе еднакви делови, а на рекламното пано
се спојуваат според однапред утврдена шема. Нивната големина изнесува Б1 или Б0
формат, а на поединечните делови 504x300cm или 400x300cm.

КАЛЕНДАРИ

Календарите се различни по формат, ги делиме на ѕидни, столни и џепни. Најчесто


се печатат на премачкани хартии (сјајни или мат) со граматура од 80 до 160 г/м 2 .

РАЗГЛЕДНИЦИ

Разгледниците и честитките се печатат на полукартон еднострано премачкан со


граматура од 220 д0 250 г/м 2. Стандардната големина на разгледниците и честитките
изнесува 10x15cm или 15 x10cm.

You might also like