Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Наставник – Кети Додева-Трајчева

Наставен предмет – Биологија


Тема 3.Екологија
Наставна единица – Синџири на исхрана

1. На што се базира динамиката на биоценозата?


- Динамиката на биоценозата се базира врз круженјето на материјата и
протекувањето на енергијата во системот.
2. Наведи два примера за синџири на исхрана.
- 1. Синџирот може да почне со произведувачот, како што е автотрофната алга,
која ја јаде потрошувачот-тревојад,инсект. Потоа рибата го јаде инсектот. Видрата
ја јаде рибата. Кога видрата ќе умре бактериите се хранат со трупот,
ослободувајќи притоа хранливи материи назад во екосистемот.
2.Синџирот на исхрана во екосистемот на тревна област почнува со трева што
врши фотосинтеза, која е произведувач.Продолжува со консумент на треввата
може да е тревојадната зебра. Потоа продолжува со лав и чистачот
мршојадец.Бактериите повторно ја вршат завршната работа на разложување на
трупот.
3. Зошто енергетската пирамида никогаш неможе да биде превртена?
- Енергетската пирамида никогаш неможе да биде превртена бидејки енергијата
секогаш се губи од едното во другото повисоко трофичко ниво.
4. Која е разликата меѓу пирамида на бројност, пирамида на биомаса и енергетска
пирамида?
- Пирамидата на бројност го споредува бројот на единки во секое трофичко
ниво.Пирамидата на биомаса го споредува количеството биомаса во секое
трофичко ниво.Енергетската пирамида го споредува севкупното количество
енергија, измерено во килоџули, во секое трофичко ниво.

Ученик: Анастасија Петрушева 1-2

You might also like