Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Јунаците во Илијадата – Ахил наспроти Агамемнон 

     Илијадата е најсовремената епопеја на сите времиња, за сите народи. Во неа се обработува


еден единствен настан – Тројанската војна, односно борбите околу градот Илиј. Илијада
претставува бесмртно дело на Хомер каде што гневот на Ахил се провлекува како црвена нишка
нишка низ целото дело, од самиот почеток па се до неговиот крај. 
Слепиот Хомер пред себе имал мноштво на личности, кои имале една желба и цел, да победат и
да се прослават. Тој ја покажува својата величина во сликањето на многу различни карактери,
во изнесувањето на нивните добри и лоши страни. Секој карактер во Илијада се одликува со
нешто свое, индивидуално. 

     Двигател на дејството во „Илијада“ е гневот на Ахил. Тој е главен војсководец, јунак на


страстите кој оди во крајности. Ахил претставува литерарен лик, создаден од авторот, лик кој
има божествени особини – идеали. 
     Главната причина за тој гнев и таа омраза да се појави кај Ахил е грабнувањето на неговата
робинка Брисеида од страна на Агамемнон. Тој е лик во кој покрај храброста се слеле себичноста
и неразумноста, а сето тоа е доволно за Ахил да се навреди и да престане да се бори за
Ахајците. Сакајќи да ја докаже вистината, за тоа колку е тој важен за нив и дека без негово
учество нема да ја добијат борбата. Престојува во бродовите и покрај сите молби да се врати на
бојното поле тој не сака да попушти, ги остава Ахајците полека да ја губат борбата. Кога веке
Тројанците ќе стигнат и до самите бродови за Ахил не е доволно извинувањето на Агамемнон и
молбите од неговиот најдобар пријател Патрокло. За тој повторно да настапи во борба, Партокло
земајќи ја облеката и оружјето на Ахил оди во двобој со најголемиот тројански јунак Хектор. На
прв поглед Хектор е подисплашен од мислата дека Ахил се вратил во борбата, но потоа гледа
дека тоа е Патрокло со Ахиловите алишта дека нема потреба од паника. Сето тоа покажува дека
Ахил е оној кој може да даде отпор и да вллее стравопочит кај Тројанците. Двобојот завршува со
убисто на Патрокле од страна на Хектор. 
     Ахил дознава за смртта на својот пријател, тој е прекумерно тажен – оди во крајности. Тој
кубе коси, се облекува во тажечка облека... Едвај го разубедуваат таа тага и болка да ја замени
со омраза и одмазда кон непријателот. Ахил конечно тргнува да се бори. 
     На тој свој пат прави ѕверска одмазда, ги убива тројанските војници, а нивните тела ги фрла
во реката, та место вода се излевало крв од мртвите тројански војници. Се судира и со Хектор,
воден од гневот и желбата за одмазда, поради загубениот пријател и него го убива. 
     За тоа колку Ахил може да биде гневен и крајно суров покажува мигот и по убивањето на
Хектор. Неговиот гнев не се стишува, го врзува за својата двоколка и го влече телото на Хектор
седум дена околу градот, и сето тоа предизвикало потресни сцени во Троја. 
     Силата што конечно ќе го смекне неговото тврдо срце е љубовта кон својот татко, поточно
плачот на хекторовиот татко – Пријам, кој го потетува на неговиот сакан татко. Заедно Ахил и
Пријам плачат и жалат, војната престанува за одредено време за сите да му одадат почит на
Хектор. 

     Со оплакување на закопот на големиот Хектор се завршува прекрасното дело. Ахил сепак
останува феномен како помеѓу луѓето така и помеѓу боговите, а Илијада останува извор на
мотиви и карактери, како пример за создавање епска поезија. 

You might also like