Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

    Ахил-"Илијада"

         Композицијата на “Илијада“ е сосем едноставна, раскажуваињето е


спокојно и мирно, а на некои места со драматичност. Целото дејствие се движи
околу гневот на Ахил и се развива во причинско-последична
врска.Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето на
Тројанската војна, што се случила во периодот од тринаесеттиот до
дванаесеттиот век пред н.е. Според митот за Tројанската војна, Парис, синот на
тројанскиот цар Пријам, ја грабналEлена, жената на спартанскиот цар Mенелеј,
и ја однесол во родниот град Илион (Троја). Сите грчки јунаци од одделни
области на чело со Агамемнон, царот на арг, се кренале против ова нечесно
дело на Парис за да му се одмаздат. Така почнала војната што траела десет
години. Настаните за кои се раскажува во „Илијадата” се случиле во
последната, десетта година од војната.
            Ахил е син на кралот пелеј и божицата Тетида. Тој е претсавен како
најголем јунак и пример за совршен човек. Неизмерната сила се крие во
неговата слаба точка (ахиловата пета) за што зборува легендата дека неговата
мајка кога го родила го фатила за петтата и го потопила во реката, единствено
место каде водата не допрела била неговата пета, а воедно и единствениот
ранлив дел кој принцот Парис случајно ќе го открие и ке ја заврши легендата
за Ахил. Ахил е бестрашен јунак и Хомер ни го покажува во разни ситуации:
кога е гневен и упорен, кога се бори на бојното поле, нанесувајки смртоносни
удари; кога се колне над телата на мртвиот Патрокле дека ќе го одмазди; кога
се одмаздува, бездушно влечејќи го телато на Хектор под сидиштата на Троја и
кога наредува да се убијат дванаесет Тројанци. Силата и бестрашноста не се
единствените одлики на Ахил. Тој знае да биде благороден и великодушен.
Молбите на Пријам да му го даде мртвото тело на Хектор го смекнуваат
неговото гневно срце. Тој е трогнат до солзи кога стариот крал Пријам
клекнува и му ја бакнува раката, раката што ги убила неговите синови. Ахил му
го дал телото на убиениот Хектор, кого Тројанците го пречекале со плачење.
Епопејата завршува со свечен закоп на Хектор, кого го спалуваат на клада.
            Контрастот и антитезата, што се среќаваат многу често, придонесуваат
читателот да ги открива најспротивните настроенија на личностите. “Илијада“
не ја читаме како соопштение за некој древен мит или историска битка, туку
како повест за јунакот и човекат Ахил со чии чувства и гнев, тага и внатрешни
судири, можеме да сочувствуваме, иако сме далеку од јуначките разбирњаа
што ја определуваат неговата личност. Судбината на Ахил и Хектор, судбината
на убавата Елена и стариот Пријам се човечки судбини. и покрај херојските
димензии на личностите, и во митот и легендата гледаме еден повисок одраз на
животната реалност.

You might also like