Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 62

СОЦИОЛОГИЈА

Предавање на проф. д-р Цане T. Мојаноски


Што е социологијата?
 Прашањето: се одговара на многу различини
начини. Но, пред да се навлезе во
контроверзите во врска со ова прашање,
најпрво за самиот проблем, односно за тоа
што може да се очекува како решение?
 Прво, начинот на поставување на пробле-
мот од нас бара да одредиме што е нештото
или појавата наречена „социологија".
Што е социологијата?
 Тоа, второ, значи дека нешто како социологија веќе е, веќе
постои. Значи, проблемот не се поставува нормативно,
односно што социологијата треба да биде, туку позитивно,
што е социологијата? Така поставен, проблемот не
насочува кон чисто методско, a не кон конституирачко
решение.
 Тоа, пак, значи, трето, дека нештото наречено
„социологија" успешно ги минало „црните точки" на патот
на настанувањето. Таа ги преживеала моментите на раѓање
(појавување), консолидирање и конституирање,
препознавање и признавање.
кога се зборува за социологијата
 не само во секојдневниот или јавниот, туку и во
научниот говор, кога се зборува за социологијата
се вели: „размислува социолошки", „социологијата
нè учи", „познавањето на социологијата на
групите", „разбирање на суштинатана...", „знае што
значи", „социолошки сознанија", „социјални
категории на луѓе", „социолошки фактори кои му
се достапни само на тренираното и
информираното" социолошко око.
кога се зборува за социологијата
 Семасиолошката анализа на овие лексички ставки покажува
дека тие означуваат најмалку барем три различни категории
на нешта:
 Зборовните форми: „размислува социолошки" и „разбирање
на суштината" означуават одредена форма на мислење.
 Зборовните изрази: „социолошки сознанија",
„социологијата нè учи" и „знае што значи" означуваат
одредена форма на знаење или сознание.
 Co третата група зборови: „познавање на социологијата на
групите", „социјални категории на луѓе" и „социолошки
фактори", се означува еден посебен ред од стварност или
една посебна димензија на човековиот социјален живот.
кога се зборува за социологијата
 Трите појави на кои упатуваат или кои
се означуваат со споменатите лексички
ставки се основа на трите најзначајани
начини на сфаќање на социологијата и
на дефинирање на поимот социологија.
Тоа се поимањето на социологијата
како начин на мислење, како сознајна
дисциплина и социологијата како
сегмент или ниво на стварноста.
кога се зборува за социологијата
 Трите аспекти се меѓусебно поврзани и
условени. Социолошкиот начин на мислење не
e можен без одреден квантум на општи
сознанија и, се разбира, без одреден квантум
на специјализирани, односно социолошки
сознанија, a пак вторите, во согласнот со
емпирицистичката филозофија на сознанието,
имаат смисла под претпоставка дека постои
одредено ниво на стварноста кое има своја
посебна феноменологија и посебен идентитет
и кои се сознајно и мисловно дофатливи.
Socius+logos = социологија
 Зборот „социологија" во
македонскиот, како и во сите други
јазици, потекнува од францускиот
збор sociologie. За првпат го употребил
францускиот социолог Огист Конт,
создавајќи го како кованица од два
антички збора:
 од старогрчкиот logos и од
латинскиот socius, односно societas.
Socius+logos = социологија
 societas = општество = во смисла на тотална, глобална
и најголема социјална единица во која индивидуата го
создава и го пресоздава својот живот, на пример,
современо општество, индустриско општество,
капиталистичко општество или, пак, француско,
општество, американско или македонско општество
 socius, што значи друг човек, односно содружник
(партнер или компанион).
 Зборот societas, според ова толкување е изведен од
socius и како таков означува здружение, друштво, или
содружништво.
Огис Конт за називот
социологија
 Во таа смисла, тој во четириесет и седмото предавање од
неговиот Курс по позитивна филозофија, образложувајќи
ги причините за употребата на зборот социологија пишува:
 „Мислам дека морам уште од сега да се соочам со
опасноста што го употребувам овој нов израз
(„социологија",) кој е сосема еквивалентен на мојот
израз социјална физика, за да би ГО означил со
поедноставно име оној комплементарен дел на
филозофијата на природата кој се однесува на
позитивното проучување на целината на
фундаменталните закони што им се својствени на
социјалните појави“
Социологијата критичка наука
 Во овој контовски дух, во нашата интелектуална
традиција социологијата се дефинира, пред се,
како наука (за општеството), но истовремено, и
како последица од марксистичката инспирација,
често пати оваа дефиниција се надополнува или
поточно речено се надополнуваше со придавката
„критичка" (наука за општеството).
 Co ова доопределување се постигнува одредена
рамнотежа меѓу позитивно научниот и
хуманистичко критичкиот позив на социологијата
како сознајна дисциплина.
Социологија - здружување
 На тој начин, многу оддалеку, но сепак, со
враќањето на човекот во социолошкото видно
поле, се отвораат теориски можности за
вдомување на оние определби на социологијата
кои, како што беше назначено во разгледувањето
на неговите латински (читај приватно и
договорно правни) етимолошки основи, поимот
социологија го втемелуваат врз идејата за
здружувањето (содружувањето) меѓу луѓето
како индивидуи
Поимот теорија
 Поимот теорија потекнува од старогрчкиот збор
‘θεωρείν’, theoria, што значи „да се гледа на нешто“.
 Според некои извори, зборот често се користел во
фрази како да се гледа на театарска сцена, што објас-
нува зошто некогаш зборот теорија се користи
провизорно, или не секогаш во научна смисла, како
нешто нестварно, магловито.
 Во науката, поимот теорија се користи неформално
во однос на одредено знаење.
 Ова знаење е составено од аксиоми, дефиниции,
теореми и сметачки техники, кои на одреден начин
сите се поврзани преку традицијата или практиката13
Поимот теорија
 Во хуманистичките науки, поимот теорија често се
користи како синоним за критичка теорија и се
однесува на обид да се разбере структурата на
општество, како и да се концептуализираат алтернати-
вите.
 Затоа, теоријата во научна смисла претставува дебата
за природата на појавите, кои се засноваат врз
утврдени законитости.
 Секако дека само со логика и практика потврдените
законитости влегуваат во нејзиниот состав и таа
претставува воопштено искуство, но во уште почист
вид, отколку што се тоа законите. 14
Поимот теорија
 Тежиштето на теоријата е врз објаснувањето на
појавите, за разлика од законот кој повеќе се
занимава со врските меѓу појавите.
 Законите ги објаснуваат појавите, но не во потпол-
ност, бидејќи се однесуваат на помал број врски.
 Дури откако ќе се согледаат многубројните врски -
закони, тогаш може да се каже што претставува
некоја појава.
 Внатрешните својства на појавата се во директен
однос со целината на стварноста во која, како во
лулка, настанува нивната суштина
15
Научната теорија
Теоријата, значи, е збир
на систематски поврзани
искуствени ставови,
најчесто закони, кои ја
објаснуваат суштината
на појавата и се одне-
суваат на целината или
на дел од предметната
стварност (видови
појави).

16
Состав на теоријата
 Според составот, научната теорија е од двоен
карактер:
 има логичка и
 предметна содржина.
 Логичната содржина ја прават формализираните,
 а предметната квалитативните елементи

17
Социолошката теорија
 На тој начин, многу оддалеку, но сепак, со враќањето
на човекот во социолошкото видно поле, се отвораат
теориски можности за вдомување на оние определби
на социологијата кои, како што беше назначено во
разгледувањето на неговите латински (читај
приватно и договорно правни) етимолошки основи,
поимот социологија го втемелуваат врз идејата за
здружувањето (содружувањето) меѓу луѓето како
индивидуи
 Социолошката теорија претставува збир на
меѓусебно поврзани идеи кои овозможуваат
систематизирање на знањета за општетсвото,
објаснувањењето на тоа општество и
предвидувањето на неговата иднина.
изразот „социолошка теорија"
 изразот „социолошка теорија" се употребува на
многу различни начини покажува дека
превладуваат позитивните одговори на ова
прашање.
 Оваа состојба во социологијата и во
социолошката теорија e прилично различна во
споредба со природните науки.
 Во нив теориите ги исполнуваат до крај сите
четири услови на теориските искази.
изразот „социолошка теорија"
 Заради овие причини во социологијата се
разграничуваат неколку видови теориски искази.
Како такви во продолжение се прикажуваат
шестте видови теориски активности кои ги
преземаат социолозите, понапред назначени
според Роберт Мертон.
 (1) Тоа се општaтa методологија, (2) социолошките
ориентации (пристапи), (3) анализите на
социолошките поими, (4) социолошките толкувања
post factum, (5) емпириските воопштувања и (6)
социолошките теории во потесна смисла на зборот.
МЕРТОН за изразот „социолошка
теорија“
 а) Општиот социолошки пристап,
 б) Анализата на социолошките
поими
 в) Социолошките интерпретации
post factum
 г) Емпириските генерализации
 д) Социолошката теорија во потесна
смисла на зборот;
Општиот социолошки пристап

 а) Општиот социолошки пристап, зависно


од тоа дали овој поим се операционализира
теориски или методолошки, може да биде
дефиниран како „општ теориски" или, пак,
како „општ методолошки" пристап. Овие два
аспекта се меѓусебно тесно поврзани и
најчесто се слеваат еден со друг.
 Овде, од чисто логички и методски причини,
се назначуваат елементите на општиот
социолошки теориски пристап,
Општиот социолошки теориски пристап

 Општиот социолошки теориски пристап се состои од


постулати за тоа кој сегмент од општествената
стварност треба да се испитува и какви типови поими
треба да се употребат за опишување, за разбирање или
за објаснување на општествените појави.
 Според Мертоновата, и според многу други оценки,
најголемиот придонес на социологијата за развитокот
на општествените и хуманистичките науки се состои
токму во развивањето на различните општотеориски
пристапи како што се, на пример,
функционалистичкиот, системскиот,
интерпретативниот и критичко дијалектичкиот
пристап.
Социолошката имагинација
 Социолошката имагинација ни овозможува да
сфатиме како бројни случувања се индивидуални,
се однесуваат само на поединецот, а во суштина, се
одраз на некои пошироки феномени.
 На пример разводот. Тој за некого може да е
особено тешко искуство, одноно како што вели
Милс „голема лична неволја“. Но, таа, исто така е
и индикатор за феномен во општеството во кое
преку една четвртина од сите бракови доживува
крах во првите пет години.
социолошка имагинација
 Да се изучува социологијата не може, ниту е едноставна,
рутинска постапка на стекнување на знање. Социологот е
тој кој е во сосотојба да се ослободи од непосредните
лични околности во кои се наоѓа за да ги види стварите
во еднем поширок контекст. Социолошката работа
зависи од тоа што С. Рајт Милс сјајно го нарекол —
социолошка имагинација.
 Социолошката имагинација од нас бара, да се
„оддалечиме од сопствената секојдневна рутина за да
можеме стварите да ги гледаме од нов агол“.
 Како илустрација да го наведеме чинот пиење кафе.
Социолошка имагинација

 Социолошка имагинација (СИ) или социолошка


перспектива (пристап) кон социумот;
 „Социолошката имагинација го оспособува секого
кој ќе ја сфати поширокатa историска сцена така
што нејзината смисла ја поима од гледна точка на
внатрешниот живот и надворешните животни
кариери на човековите единки.
 СИ му овозможува да има предвид дека
индивидуите, во сложената атмосфера на
нивниот секојдневен живот, честопати ја
искривуваат сликата за сопствената општествена
положба.
Социолошка имагинација

 Непосреден плод на СИ - првата поука на која


не подучува општетсвената наука која ја
олицетворува таа имагинација - e идејата
дека поединецот ќе биде во состојба да го
сфати сопственото искуство и да ја одмери
својата лажна судбина единствено ако се
постави себеси во рамките на своето време,
a дека неговите можности во животот ќе може
да ги процени единствено ако стане свесен за
можностите на сите оние единки кои се
наоѓаат во слични услови како и неговите.
 СИ нe оспособува да ги сфатиме историјата и животот на
поедищите/како и нивните меѓусебни односи, во рамките
на даденото општество. За оној кој e во состојба да ја
сфа-ти и да ја согледа важноста на таа задача и значењето
на тој пристап можеме да; речеме дека го красат одлики
на клаеинен аналити чар на општестото.
три прашања битни за секој
аналитичар:
 Без оглед на тоа кои специфични проблеми го
преокупираат класичниот аналитичар на
општеството..., оние кои со својата фантазија ја
чувствуваат перспективата на својот труд себеси
неуморно си ги поставуваат овие три прашања:
 1. Каква e струкурата на ова, проучувано, посебно
општество земено во целина? Коисе неговите битни
елементи и во каква врска стојат едни спрема други?
По што тоа општество се разликува од другите видови
на општествено уредување?
 Кои посебни карактеристики на набљудуваното
општество сугерираат негов континуитет или негова
промена?
 2. Каков e односот на ова општество спрема
човековата историја?
 Според кои принципи се менува ова општество?
 Какво e неговото место во развитокот на човештвото во
целина и какво e неговото значење за човештвото?
 На кој начин секоја конкретна општествена појава која ја
проучуваме влијае врз историскиот период во кој се
случува и, на друга страна, како историскиот период
влијае врз неа?
 Што се однесува до историскиот развиток кои се неговите
битни одлики?
 По што тој период се разликува од другите
историски периоди?
 На кој карактеристичен начин тој влијае врз
текот на историјата?
 3. Какав сој мажи и жени сега доминираат во
опшествата и во дадениот период?
 Каков сој веројатно ќе доминира во иднина?
 На кој начин овие слоеви се одбираат и
формираат, ослободуваат и притискаат, како
стануваат чувствителни на настаните, a како
рамнодушни?
б) Анализата на социолошките поими
 б) Анализата на социолошките поими (поимна
анализа) се состои во разложување на клучните поими на
социологијата на нивните составни категории и
дефиниции.
 На тој начин се изградува аналитичката или категори-
јалната апаратура на социологијата. Треба да се има
предвид дека социолошките поими, како такви, на
пример, социјалната улога, социјалната структура,
социјалната стратификација итн. сами за себе не прават
социолошка теорија.
 За тоа е неопходно нивно меѓусебно поврзување со
одреден код или со одредена теза. Таква функција
најчесто имаат општотеориските пристапи, но и
другите видови теориски искази и конструкции со кои се
поврзуваат поими со различни ниво на општост, различен
обем и статус
в) Социолошките интерпретации post factum

 в) Социолошките интерпретации post factum


се активности кои социолозите ги преземаат по
изведените емпириски истражувања. Тоа обично
се случува тогаш кога некое истражување е
изведено без претходно разработен општ
теориски пристап и без соодветно развиена
поимно-хипотетичка рамка или пак кога се
добиени неочекувани, зачудувачки емпириски
показатели за кои не постои или не било земено
предвид соодветно теориско објаснување
Г) Емпириските генерализации
 Г) Емпириските генерализации се разлику-
ваат од социолошките интерпретации post fac-
tum пo тоа што со нив се тежнее кон
воопштување на резултатите од емпириските
испитувања и кон утврдување на одредени
правилности меѓу појавите.
 Социолошката теорија изобилува со ваков вид
теориски искази.
 Пример за тоа се Енгелсовите „закони" на
потрошувачката или, на пример, откритето дека
индустриските работниците по глава на жител
трошат повеќе килограми леб од работниците
со бели крагни, т.е. од чиновниците
д) Социолошката теорија во потесна смисла

 д) Социолошката теорија во потесна смисла: теза.


Мертон ја определува како теориски исказ кој е
дедуциран од одредена група фундаментално
теориски искази и кој е во согласност со искуството.
 Овој тип теориски искази се најмалку присутни во
социологијата, иако постојат типични примери за тоа.
Таква е, на пример, Диркемовата теорија за
самоубиствата. Заради иделтипскиот карактер на
оваа теорија, како нешто кон што стреми
социологијата како наука, во продолжение ја даваме
нејзината структура:
1. Социјалната кохезија на групата им

Поимно – хипотетска рамка


Фундаментални теориски
пружа психичка поддршка на нејзините
членови кои се подложни на актуелен
стрес и анксиозност.
2. Стапката на самоубиства е функција на
скриената анксиозност и стресови на кои
се изложени индивидуите.
искази

3. Католиците имаат поголема социјална


кохезија од протестантите.

4. Може да се очекува пониска стапка на


теза: самоубиства кај католиците отколку кај
протестантите.
 На овој начин изолираните униформности
или емпириски генерализации (на пример,
дека протестантите почесто се самоубиваат
од католоците), со посредство на
фундаменталните теориски искази опфатени
со поимно- хипотетската рамка (зацртана со
поимите и хипотезите: католицизам,
социјална кохезија, стапка на самоубиства и
сл.), сега се покажува како однос меѓу
социјалната кохезија на групата и
однесувањето, a не како што се чинеше на
почетокот - како однос меѓу религиската
припадност и однесувањето
социологијата
 Бернард С. Филипс социологијата ја
дефинира како "наука за човековото
однесување, со посебно внимание врз
интеракциите и групите... таа ги вклучува
методите што ја прават способна да го
проучува однесувањето; да се анализнра
човековото однесување, таа се занимава со
човековото однесување и користи научен
метод".
социологијата
 Проф. Лендис го цитира речникот според кој социологијата е
"наука или учење за потеклото, развојот, организацијата и
функционирањето на човековото општество". Тој натаму
наведува дека социолозите го проучуваат човековото
општество и општественото однесување и своето внимание го
фокусираат врз групите, институциите и општествените
организации. Кај социолошките дисциплини постојат повеќе
области за изучување.
 На пример, социолозите се специјализираат за такви области
како што се: малите групи; големите организации; религијата;
бракот и семејството; социјалните проблеми; криминологијата
и деликвенцијата; општествените класи; урбаната и руралната
социологија; популацијата и демографијата; политичката
социологија; социологијата на медицината; социологијата на
правото и другите специјализирани социологии"
социологијата
 Проф. Станојчнќ смета дека социологијата ги
проучува најопштите "општествени односи"
(не одвојувајќи ја притоа формата од
содржината) кои се нужни, објективни и
независни од волјата на оние што стапуваат во
тие односи.
 Само нужните, објективните социјални односи,
што всушност значи, социјалните релации во
своето општо и посебно пројавување, влегуваат
во доменот на изучувањето на општата
соцнологија
социологијата
 Според проф. Лукиќ социологијата " не ја проучува само
суштината на сите општествени појави, туку и човечкото
општество како целина н неговиот развиток.
 Таа го утврдува поимот на човечкото општество како
целина на сите општествени појави, законите на
поврзувањето на сите тие појави во една целина и
законите на развитокот на општеството како целина.
 Таа значи, го утврдува не само она што е заедничко за
сите општествени појави, туку и она што е заедничко за
сите човечки општества, како во поглед на нивниот
состав, така и во поглед на нивниот развиток воопшто"
социологијата
 Проф. Чокревски социологијата ја дефинира како наука
што ги проучува:
 -структуралните, функционалните и генетичките
особености и врски на општествените појави и на
општеството како целина;
 -општеството како севкупност на сложени човечки
односи засновани врз поврзаноста на луѓето во
процесот на производството на материјалните услови
на нивната егзистенција;
 -промените, движењето и развитокот на општеството,
основните движечки сили и фактори на
периодизацијата на општествениот развиток;
социологијата
 -човекот како делотворно суштество кое преку
општествената практика се создава себе си како човек и го
создава својот општествен свет, општите особености на
човековата егзистенција како општествена егзистенција,
општеството како "довршено суштинско единство на
човекот со природата" (Маркс);
 -врз основа на вака определените содржини социологијата
ги утврдува општите и заедничките особености на
општествените појави и на општеството како целина,
создава определени класификации и типологии на
општествените појави со цел да ги открие основните закони
за појавата, опстанокот и развитокот на општеството, на
разните видови посебни општествени целини и на човекот
социологијата како наука за
глобалното општество настојува:
 социологијата како наука за глобалното
општество настојува:
 да го проучува општеството како севкупност
на сложени човечки односи засновани врз
поврзаноста на луѓето во процесот на
производството на материјалните услови на
нивната егзистенција
 да ги утврдува главните карактеристики на
општеството како целина и законнтостите на
неговото движење
социологијата како наука за
глобалното општество настојува:
 да утврди како е opганизирано u како функционира
општеството, како целина (на кои општествени установи
се базира општествениот поредок, како меѓусебе се
поврзани установите, кои се неговите основни
спротивности по кои едно општество се разликува од
другите улогата на поедините елементи на неговата
структура во движењето и развитокот на општеството).
 да го утврдува она што е општо u заедничко кај сите
општествени појави
 да се утврдат врските u односите меѓу различните
општествени појави во глобалното општество, што значи да
се објасни во која мера и на кој начин општата состојба во
општеството влијае врз поедините општествени појави. a
како тие појави влијаат врз општеството како целина
социологијата
 Социологијата во корпусот на општествените науки се
јавува, всушност, како наука која, наспроти
поединечните аспекти од општествениот живот со кои
се занимаваат посебните општествени науки, за
централен предмет на своето проучување го има
општеството како определен и целосен систем во
објективната стварност; при тоа таа има задача да даде
одговор на прашањата за неговиот настанок,
движечките сили на неговиот развој, законитостите
на тој развој, составните елементи на структурата на
општеството, односот меѓу човекот и општеството,
начинот на меѓусебно комуницирање на луѓето,
како и односот меѓу општеството и природата
МЕТОДОЛОГИЈА НА СОЦИОЛИГИЈATA

 Науката воопштено е човекова активност чија


цел е континуирано да се ангажира врз
откривањето на вистината за достапниот и
недостапниот свет (универзумот, природата и
општеството).
 Цел на секоја поединечна наука би била
континуирано да се ангажира врз откривањето на
вистината за оној сегмент од објективната
стварност кој таа го прогласила за предмет на свое
истражување. Меѓутоа, спознавањето на вистината
е долг, динамичен, тежок и сложен процес.
МЕТОДОЛОГИЈА НА СОЦИОЛИГИЈATA

 Вистината е релативна категорија која дијалектички


се развива, што произлегува од промените во самата
објективна стварност која научно се следи и на која се
однесува вистината. Од друга страна, за да се дојде до
вистината потребни се адекватни патишта и средства,
односно начини по кои и со кои се доаѓа и се
определува предметот на интересот на некоја наука, а
потоа и се контактира со него и се овозможува и
олеснува негово проучување. Овие патишта и
средства, односно начините со кои се извршува оваа
операција се викаат методи, а науката што се
занимава со нив се нарекува методологија.
Дилеми во врска со методите
на социологијата
 Во досегашната историја на општествената мисла
околу прашањетио на научните методи се
синтетизирале четири основни става:
 -првиот став смета дека и природните науки и
општествените науки (и самата социологија) имаат
исти методи.
 Методите од природните науки (физиката,
биологијата, хемијата и др.) можат и треба да се
применуваат и во општествените науки, па и во
социолошките истражувања. Овој став ги испушта од
вид спецификитс на општествените појави во однос
на природните појави;
Дилеми во врска со методите
на социологијата
 -вториот став поаѓа од идејата дека сите општествени
науки имаат ист предмет на истражување -
општеството и неговите појави, па, според тоа, тие би
требало да имаат и исти методи. Меѓутоа, овој став не
води сметка за фактот дека секоја поединечна
општествена наука има свој специфичен агол на
набљудување на општествената материја, свој
предмет на истражување како специфичен сегмент од
општеството кој се разликува од останатите сегменти.
 Токму тие специфики се рефлектираат и во однос на
методите, односно налагаат потреба од пронаоѓање на
специфични методи што ќе можат да ги распознаат
овие специфики;
Дилеми во врска со методите
на социологијата
 -според третиот став, токму поаѓајќи од
горенаведените специфики, секоја општествена
наука, до колку сака успешно да ја открива
вистината за својот предмет на истражувањс,
треба да гради и свои посебни методи во однос
на другите општествени науки.
 Меѓутоа, пренагласувањето на спецификите ја
испушта од предвид дијалектичката поврзаност и
меѓузависност на појавите и процесите во
општествениот живот;
Дилеми во врска со методите
на социологијата
 -четвртиот став, очигледно со намера да
ги надмине слабостите на трите претходни,
смета дека општествените науки покрај
општата методологија треба да развиваат
и методи со кои ќе се задоволат
специфичните барања на секоја наука во
однос на нејзиниот предмет на
истражување.
Социолошки метод
 при проучувањето на предметот, во модерната социолошка мисла се
поаѓа, воглавно, од неколку битни моменти:
 -прво, социологијата и нејзините методи се во единство.
 второ, при определување на методите социологијата соработува и со
другите општествени науки
 трето, определувањето на методите во социологијата го усложнува
поделбата на социологијата на посебни социологии, кои од свој
социолошки аспект ги проучуваат посебните сегменти на
општествениот живот и и' даваат на општата социологија попрецизни
сознанија за нив.
 -четврто, пред социологијата стои генерално барање за
дијалектичко единство помеѓу теоријата и емпиријата, зашто
одвојувањето на едното од другото дава искривена слика за
истражуваните општествени појави.
СОЦИОЛОГИЈАТА И СРОДНИТЕ НАУКИ

 Социологијата воспоставува нужни и блиски


контакти со, речиси, сите општествени науки:
историјата, социјалната псижологија,
стнологијата, културната антропологија,
статистиката, демографијата, педагогијата,
политичките науки, итн.
 Особено с атрактивен односот на
социологијата со историјата, политичката
економија и социјалната психологија.
Социологијата и историјата
 Социологијата го проучува својот предмет (општеството како
тоталитет), покрај другото и во неговата развојна димензија -
кога и како се случувале одделни настани во историјата на
општеството кои оставале поголем или помал печат врз неговиот
развој.
 Историјата хронолошки ги следи настаните и појавите и ги
опишува. Меѓутоа, таа проучува конкретни општествени
настани, а социологијата се интересира за општите и
заедничките компоненти на настаните и појавите во развојот на
човековото општество.
 Социологијата со своите сознанија за општеството, неговите
законитости и неговата структура, ѝ дава на историјата теориска
и методолошка основа таа подобро да ги објасни внатрешните
збиднувања и врски меѓу одделните настани и појави.
Социологијата и економијата

 Социологијата и економијата при објаснувањето на природата на


општествените појави поаѓаат од процесот на материјалното
производство. Меѓутоа, додека економијата ги проучува посебните
законистости што владеат во производството, социологијата се
занимава со општите законитости кои се однесуваат на глобалното
ошптество.
 Економските науки, кои се најразвиени науки во областа на
општествените науки, ги проучуваат производството, распределбата и
потрошувачката на добрата и услугите.
 Економистите истражуваат на пример од што се детерминирани цените,
или каков е ефектот од даноците.
 Економијата е дел од општеството: добрата и услугите не се
произведуваат, распределуваат и трошат самите. Тоа го прават луѓето
со своите активности. Општествените аспекти на економскиот живот се
предмет на една поссбна социологија: социологија на економијата.
Социологијата и психологијата

 Психологијата ги проучува хуманите ментални


процеси, како што се емоциите, памтењето,
перцепциите и интелигенцијата.
 Оваа научна дисциплина, повеќе од било која
друга, своето внимание го фокусира на
поединецот.
 Психологијата споделува едно значајно поле со
социологијата, а тоа е социјалната психологија,
наука која се интересира за тоа какво е
влијанието на социјалниот контекст врз
персоналитетот и однесувањето на луѓето.
Социологијата и психологијата

 За разлика од општата социологија која ги проучува големите


општествени групи и општите законитости, социјалната
психологија се интересира за општествените појави од помали
димензии: микро групите, однесувањето на личноста во
определена општествена ситуација и во определена средина,
итн. Тоа значи дека предмет на проучување на социјалната
психологија е специфично осветлен и лоциран дел во
општествената целина која е предмет на проучување на општата
социологија.
 Зошто, малите групи (семејството, круг на пријатели, група на
соседи, и друго) се дел од широките општествени групи (класи,
слоеви, и друго). Според тоа, овие две научни дисциплини во
своите сознанија се преплетуваат меѓусебно. Општата
социологија дава основа за разбирање на малите групи, а овие
сознанија ги користи социјалната психологија.
Социологијата и политичката
наука
 Политичката наука, традиционално, своето
внимание го фокусира главно врз две подрачја:
од една страна, врз политичката филозофија и,
од друга страна, врз актуелните форми на
управување, со посебен акцент врз нивната
поврзаност.
 Во поново време оваа наука е под влијание на
политичката социологија, која го анализира
политичкото дејствување и ја проучува
социјалната интеракција што е вклучена во
процесот на управување.
Социологијата и политичката
наука
 Политичките науки денес поставуваат бројни
"социолошки" прашања, како на пример, зошто
луѓето гласаат на овој или оној начин, или што се
случува "позади сцената" при неформалните
манипулации со власта и моќта.
 Социолошките истражувања, исто така, во голема
мера се користат при градењето на државната
политика.
 Во најновите случувања во современите општества,
интересот на политиколозите и на социолозите
постепено се приближува, а во одделни истражувачки
подрачја и се надополнува и поклопува.
Социологијата и антропологијата
 Антропологијата е многу блиска наука на социологијата.
 Таа се разликува од социологијата најмногу по тоа што својот
интерес го фокусира целосно врз малите, примитивни
општества, додека социологијата повеќе се концентрира врз
процесите на групирање во големите модерни индустриски
општества.
 Антропологијата има неколку бранши: архслогија, која се
занимава со остатоците од старите цивилизации;
лингвистика, која се занимава со проучување на аспектите
на јазикот; физичка аптропологија, која врз основа на
фосилите настојува да ја обележи патеката на еволуцијата на
човечките суштества; како и културна антропологија, која
го проучува начинот на живот (културата) на другите луѓе.
За денес толку?

Прашувајте

Прашања? Прашувајте

Прашувајте
На крајот ќе треба да
нудите одговори

62

You might also like