Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 19

You have downloaded a document from

The Central and Eastern European Online Library

The joined archive of hundreds of Central-, East- and South-East-European publishers,


research institutes, and various content providers

Source: Гласник

Glasnik

Location: North Macedonia


Author(s): Milan Boškoski
Title: Монархија или тетрархија
Monarchy or Tetrarchy
Issue: 1/2017
Citation Milan Boškoski. "Монархија или тетрархија". Гласник 1:41-58.
style:

https://www.ceeol.com/search/article-detail?id=597146
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 ISSN 0583-4961

СТАТИИ
УДК 321.1:94(497.)”11/20”

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

Милан Бошкоски
научен советник во Институтот за национална историја – Скопје

Abstract

The paper is about the government of the Macedonian Empire or Samuel’s State in the
first years of its creation toTsar Samuel’s coming to power. In the historiography from the
XVII century to the second half of the XIX century and until 1908 it was considered that
there has been a monarchical principle of government, and that David under the principle of
primogeniture was the first tsar. In 1908 the medievalist B. Prokic imposed the thesis that
the four Cometopuli, David, Moses, Aaron, and Samuel had common government under
the cooperative principle of tetrarchy. This Prokic’snationalist thesis in the period when
Serbia became a kingdom, was adopted in the Bulgarian historiography by V. N. Zlatarski.
From 1962, and particularly after 1969 also from the young Macedonian historiography of
S. Antoljak. In 1981 it was outlined that probably David, asthe eldest brother, had the leading
role in the state, that the principle of primogeniture has been honored, which was somehow
addressed as some criticism of Prokic’s thesis. At the end of the XX andin particular in the
first two decades of the XXI century there was serious criticism of the tetrarchy principle of
governance, whereasthe efforts of the monarchist principle of governance intensified, which
is a bit imprecise also in the Macedonian historiography. A contribution tothe thesis of the
tetrarchy principle of governance is the imprecision of the contemporary sources that have not
considered this issue, unlike the church books and the sources of the revival that suggest that
David was tsar, and therefore, he was artistically representedin the copperplate engravingsand
in the church frescoes. Thus, Prokic’s thesis about some cooperative government or tetrarchy of
the Comitopuli had to make way for the monarchy, as a normal principle of governance,where
the principle of primogeniture of power has been strictly respected, that is David, as the eldest
brother of the four Comitopuli was a tsar, or self-proclaimed tsar.

Keywords: tetrarchy, triarchy, diarchy, monarchy, triumvirate, Tsar David, Moses, Aaron, Tsar
Samuel, Meglen (Almopia), Voden (Edessa), Prespa, Ohrid, Constantinople

Во македонската, но и во балканската и во европската византологија и


медиевистика широко е распространета тезата за четиривластието – тетрахијата,
како тип на уредување на македонската средновековна држава (969 – 1018) од
страна на четворицата синови на комесoт Никола, односно Давид, Мојсеј, Арон
и Самоил. Таа теза прв ја лансира српскиот византолог и медиевист Божидар
Прокиќ во 1908 година. Притоа, некои автори кои ја прифатиле се соочиле со
проблемот да го објаснат тоа со конкретни примери, па затоа изразиле одредена
резерва за таквиот начин на управување со државата. Во таа смисла, во овој

41
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 Милан Бошкоски

научен прилог ќе се обидеме изворно и аргументирано да изнесеме ставови по


тоа прашање.
Шарл Диканж (Du Cange) во делото „Византиска Империја“ зборува за тоа
дека по детронирањето на бугарскиот цар Борис II, коренот на бугарската врховна
власт бил прекинат и затоа земјата била управувана од четворицата браќа: Давид,
Мојсеј, Арон и Самоил, но никаде не споменува четиривластие или тетрархија.
Понатаму, зборувајќи за смртта на бугарскиот цар Петар (927 – 969), наведува
дека синовите на починатиот цар Борис и на Роман биле вратени во татковината
за да го преземат татковиот престол, но биле „притиснати од превратностите,
короната на Давид, Мойсей, Арон и Самуил, които се наричали комитопули,
т. е синове на комита“. Кога родот на кралот Петар бил прекинат, „Бугарите
предоставили върховната власт на четиримата братя за които споменахме по-
горе – ДАВИД, МОЙСЕЙ, ААРОН И САМOИЛ, които се наричали комитопули,
понеже били синове на еден комита, твърде влиятелен измежду българите“, што
значи дека ни овој автор не зборува за четиривластие или тетрархија1.
Во XIX век, А. Гилфердинг во Историјата на Србите и на Бугарите истакнува
дека по навлегувањето на киевскиот кнез Свјатослав во Бугарија во 968 година,
во Македонија дошло до востание под водство на четворица „боярича, которые
являютея предводителями Болгаръ послѣ смерти Цимисхія. Кажается, что тогда
же (въ 968 г.) отецъ ихъ провозглашенъ былъ царемъ (...)“ Тука најветојатно
станува збор за Шишман, погрешното име на комесот Никола, и за неговото
второ име Мокрос2. Понатаму, во врска со убиството на Давид помеѓу Костур
и Преспа, авторот констатира: „Давида Болгарскій народъ чтилъ потомъ какъ
святаго. Преданіе именовало его царемъ Болгарскимъ. Носилъ ли онъ въ самомъ
дѣлѣ нѣсколько времени царскій вѣнецъ (...) этого нельзя ни утверждать, ни
отрицать; онъ имѣлъ на него право, какъ старшій сынъ; (...)“ Од ова јасно
произлегува неговиот став дека се работи за монархија, односно дека Давид
бил не само цар, како најстар брат, туку и светец3.
Бугарскиот славист и медиевист М. Дринов, повикувајќи се на Зографскиот
поменик од 1502 година и на делото на отец Паисиј Хилендарски, донесува нови
податоци за историјата на комитопулите. Имено, од него се дознава дека по
смртта на цар Петар, како негови наследници се споменувааат царевите Борис
II, евнухот Роман, „Шишманъ [комесот Никола – заб. М. Б.], Давидъ, Самуилъ“.
Уште во 1874 година, од делото „Заселение Балканского Полуострова Славянами“
и „Началото на Самуиловата държава“, издадена во Харков во 1874 година, и
од „Южные Славяне и Византия в X веке“ дознаваме дека пред цар Самоил,
Давид владеел како цар (969 – 986), што би значело дека М. Дринов е на мислење

1 Шарл Дюканж, Византийска Импеия, История на Империята на Константинопол,


Издателство „Агрес“, София 1992, 19, 49. Францускиот оригинал е објавен во далечната
1680 година.
2 Собраніе сочиненій А. Гилфердинга, Томъ Первый, Историія Сербовъ и Болгаръ,

С. Петербургь 1868, 198–199 (cf.: Гилфердинг, Историія Сербовъ и Болгаръ).


3 Гилфердинг, Историія Сербовъ и Болгаръ, 200–201.

42
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

дека станува збор за монархија. Меѓу другото, овој автор во своите научни
согледувања евидентирал бројни фрескопортрети со ликот на св. Давид цар4.
Чешкиот историчар Константин Јиречек во „Историјата на Бугарија“,
објавена во Одеса во 1878 година, во XI глава насловена како „Западното
Българско царство и неговото падане. Царь Самуилъ“ зборува за цар Шишман,
под кого се мисли на комесот Никола, таткото на комитопулите Давид, Мојсеј,
Арон и Самоил. Тие во 969 година, по смртта на бугарскиот цар Петар, дигнале
востание против централната власт. По смртта на Шишман [комесот Никола –
заб. М. Б.], „Наследилъ го синъ му царь Давидъ“. Малку понатаму во текстот,
авторот известува за убиството на комитопулот Арон од страна на Самоил
поради соработка со Ромеите, но по доброволното откажување од престолот
на цар Давид во корист на Самоил5.
Познатиот француски византолог Гистав Шлумберже во монументалното
дело „Ľ Epopée Byzantine“, повикувајќи се на М. Дринов, зборува за монархија и
за монархистички принцип на владење на комитопулите. Според него, синовите
на комесот Никола го почитувале принципот на примогенитура, според кој прв
и, веројатно, самонаречен цар бил царот Давид, кој во даден момент, во интерес
на македонската држава, се откажал од престолот – абдицирал, се замонашил и
власта му ја препуштил на својот најмлад и најамбициозен брат Самоил. Поради
ваквата благородна заслуга, како и поради нетлејноста на неговите мошти,
подоцна од црквата и од народот бил прогласен за светител. Македонската
држава тој ја нарекува „(…) la jeune monarchie indèpendante des David et des
Samuel (…).“ Определувајќи ги синовите на комесот Никола: Давид, Мојсеј,
Арон и Самоил, погрешно како синови на Шишман, и другите пишани извори,
Шлумберже истакнува: „Ces quatre jeuùnes hommes reconnaissaient pour leur chef
et leur tsar ľaìné ďentre euh, David, qui avaít été proclamé à la mort de leur père mais
tous dirigeaient en commun ľattaque contre Byzance.“6
Б. Прокиќ во 1908 година, кога Србија станала кралство, во статијата под
наслов „Постанак једне словенске царевине“ најнапред зборува за македонските
склавинии кои биле управувани од еден архонт (кнез) или рекс (крал). Но,
за востанието на синовите на комесот Никола, комитопулите Давид, Мојсеј,
Арон и Самоил, во 969 година смета дека нивната влада била организирана
на задругарски принцип, односно дека сите четворица браќа биле заедно, под
врховно старешинство на најстариот брат. Понатаму тој се заложил дека била
воспоставена заедничка влада меѓу четворицата браќа – тетрархија, мислење

4 Йор. Ивановъ, Български старини изъ Македония, Софиія, 1931, 489; М. Дринов,
Избрани Съчинения, том Първи, под редакцията на Иван Дуйчев, София, 1971, 326,
396–397, 406, 431–432, 522, 548, 549.
5 Д-ръ Конст. Иречекъ, История на Българитъ, подъ редакциятта на проф. В. Н.

Златарски, преведоха А. Диамандиевъ и Ив. Раевъ, София, 1929, 140–141, 144.


6 Gustave Schlumberger, Ľ Eporée Byzantine à la fin du dihième siècle, Hachette, Paris,

1896, 590–592, 599–605; Гюставъ Шльмберже, Царь Самуилъ и Василий II, Библиотека
„Времена и Народи“, София, 1943, 14–22.

43
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 Милан Бошкоски

кое во македонската, српската и во бугарската историска наука некритички


било прифатено7.
В. Н. Златарски во првот том на „Историјата на Првото бугарско царство“
не споменува конкретно тетрархија како тип на владеење со државата на
комитопулите, туку ја нарекува „един федеративен сојуз съ военно-отбранителна“
цел и затоа власта била поделена помеѓу четворицата браќа, при што здружено,
секој управувал со одделна погранична област со Византија. Притоа, тој
заклучува: „Давид управлявал юго-истчна Македонија“ меѓу долното течение
на реките Бистрица и Вардар, односно областите на соседната солунска тема
„съ център Воден или Мъгленъ и, като найстар братъ, при него се намиралъ и
българскиятъ архиепископъ-патриарх“8, како што е наведено во Втората грамота
на византискиот цар Василиј II од 1020 година за Охридската архиепископија9.
Седиштето на архиепископот „отъ Триадица или Срѣдецъ било прѣнесено
въ Воденъ и Мъгленъ“. Во понатамошниот текст се наведуваат областите со
кои управувале комитопулите Мојсеј, Арон и Самоил. Златарски констатира:
„Отначало братята не се рѣшавали да обявятъ отцѣпилитеѣ се западни български
области за отдѣлна държава“, затоа што не знаеле како ќе се развиваат настаните
во источна Бугарија за време на руско-византиската војна, а по покорување-
то и одведувањето на законскиот цар Борис II и на брат му Роман од Јован
Цимискиј и детронирањето на Борис, „тѣ решили да се отдлятъ като самостойна
федеративна държава.“ Употребата на терминот федеративна држава за државата на
комитопулите го потврдува залагањето на Златарски дека се работи за тетрархија,
што е во спротивност со фактот дека Давид, како најстар брат, имал примат
во владеењето, а во Воден и во Меглен покрај него се наоѓал и пребегнатиот
бугарски архиепископ – патријарх Дамјан10. Овие факти, всушност, упатуваат
на монархија како принцип на владеење.
Охриѓанецот Г. Баласчев, за разлика од Златарски, смета дека Давид ги
наследил татковите владенија со тврдините Охрид, Преспа, Девол, Божиград,
Koлонеја, Дринопол, Kанина, Koстур, Битола, Прилеп, Кичево, Дебар до тесалските
области и драчката област. Тој, меѓу другото, мисли дека комитопулите биле
„български царе – съуправители“11.
В. Ќоровиќ во „Историја Југославије“, во поглавјето IX насловено како
„Држава Маћедонских Словена“, пишувајќи за принципот на владеење на
комитопулите истакнува дека: „Власт су, по словенском обичају, држала сва
четири брата; најстарији, Давид, био је веројатно најпре глава заједнице“12, што
7 Б. Прокић, Постанак једне словенске царевине у Маћедонији у X веку, Глас српске
краљевске академије, LXXVI, други разред 4 6, Београд 1908, 213–307, особено 255–256,
282–283.
8 В. Н. Златарски, История на първото бългатско царство, часть 2, София, 1927,

640 (cf.: Златарски, История на първото бългатско царство, т. I, ч. 2).


9 Й. Ивановъ, Български старини изъ Македония, второ, допълнето издание, БАН,

София 1931, 557.


10 Златарски, История на първото бългатско царство, т. I. ч. 2, 640–641.
11 Г. Баласчев, Българите през последните десет годишнини на десетия век, София,

1927, 26–27, 48.


12 В. Ђоровић, Историја Југославије, Београд, 1933, 77.

44
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

би значело дека тој бил првиот монарх. Ова мислење на Ќоровиќ за заедничката
власт (тетрархијата) на комитопулите значително отстапува од она на Б. Прокиќ
и на В. Н. Златарски.
Во „Historija naroda Jugoslavije“, том I, проф. Љубен Лапе, во VIII поглавје со
наслов „Makedonci u rano feudalno doba (оd VII. do XII. stoljeća)“, во потточката
5, „Makedonska država pod Samuilom i njezino širenje na Balkanu“, пишува за
интервенцијата на рускиот кнез Свјатослав (958 – 971) во Бугарија за време на
царот Никифор Фока (963 – 969) и на неговиот наследник Јован Цимискиј (969
– 976), за ликвидирањето на Бугарското Царство, детронирањето на Борис II
(969 – 971) во Константинопол и „ukidanjem bugarske nezavisnoiti (971)“. По
смртта царот Петар (927 – 969) во 969 година, авторот смета дека „u makedonskim
oblastima“ се случило востание кое го предводеле „četiri brata: David, Mojsej, Aron
i Samuilo, sinovi komesa brsjačke oblasti Nikole (otuda njihov naziv ’komitopuli‘)
koji je zbog feudalizacije države stekao je ivesnu samostalnost. Ustanak je bio uperen
protiv centralne vlasti, ali kakav je poblže bio njegov karakter i kakav je bio njegov
kranji rezultat, teško je odrediti zbog oskudice izvora. Za vrijeme rusko-bizavtijskih
sukoba, koji se odigravaju i svršavaju na teritoriju Podunavske Bugarske, izvori ne
daju nikakve podatke o makedonskim oblastima kao ni o sudbini samog ustanka.
Mišljenja nekih historičara, da su se 969 kao rezultat spomenutog ustanka, zapadne, t.j.
makedonske oblasti odijelile od bugarskog carstva i postale samostalnom državom pod
komitopulima, koja se neokrnjena održala za rusko-bizantijskih sukoba, nadživjela pad
Podunavske Bugarske pod bizantijsku vlast i nastavila, zatim, svoj život u Samuilovu
carstvu (…)“, за да заклучи дека по детронирањето на царот Борис II „makedonske
oblasti priznale vrhovnu vlast Bizanta, jer svi izvori govore o novom ustanku protiv
bizantske vlasti 976 kao o ustanku, kojim je stvorena Samuilova država.“
Понатаму авторот зборува за второто востание на комитопулите против
византиската власт, кусо задржувајќи се на судбината на сите тројца комитопули
кои загинале можеби во 976 година и дека „Samuilo, možda već u prvоj godini
[се мисли на 976 – заб. М. Б.] је ostao sam na čelu ustanka i nove makedonske
države, koja se u borbi stvarala.“ Ова значи дека авторот не споменува никаква
тетрархија, туку, веројатно, се залага за монархија13. Драган Ташковски, иако
социолог, поради неизграденоста на македонската медиевистика во 1961 година,
го напиша првиот труд за Самоиловото Царство. Иако од социолошко-историски
аспект, со достапната историска литература, тој презентира интересни научни
ставови. Тој смета дека „македонската држава во почетокот не била управувана
само од еден од четворицата браќа“, за потаму да го негира претходниот став,
наведувајќи дека државата „во почетокот повеќе претставувала некаков сојуз на
владеење под старешинство на најстариот брат Давид“, што упатува на монар-
хија. Во белешката под бр. 7 Ташковски констатира дека „Давид, како најстар
брат, кај кого бил пребегнатиот патријарх Дамјан, управувал со областа западно
од Солун, меѓу реките Вардар и Бистрица, со центар Воден и Меглен“, градови
кои во првите години од постоењето на македонската држава претставувале
црковно-политички центри и во кои се наоѓало политичкото и црковното седиште
на државата. Затоа таму се засолнил и расчинетиот патријарх Дамјан, факт што
13 Historija naroda Jugoslavije, tom I, Izdavačko preduzeće „Školska кnjiga“ Zagreb,
1953, 295–296.

45
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 Милан Бошкоски

упатува на монархистичко владеење со државата, каде што на едно место се


наоѓа политичкиот и црковниот центар14.
Ј. Ферлуга во коментарот на „Византиски извори за историју народа
Југославије“, т. III, во преводот и коментарите на Ј. Скилица, повикувајќи се
на трудовите на Х. Гилфердинг, М. Дринов, Г. Шлумберже и на К. Јиречек,
ја истакнува теоријата за монархистичкиот принцип на уредување, според
кој, Шишман [погрешно, наместо комесот Никола – заб. М. Б.], таткото на
комитопулите „преузео је у западној Бугарској власт као цар, и њега је наследио
његов син Давид, а овога Самуило“, при што наведува некои извори кои
зборуваат за царската титула на Давид, односно за монархистички принцип на
управување, не споменувајќи го четиривластието/ тетрархијата. Ферлуга како
да го преферира ставот на Б. Прокиќ дека четворицата комитопули биле под
врховно старешинство на најстариот брат, односно на Давид15.
Во првата „Историја на македонскиот народ“, издадена во Скопје во 1969
година, пишува дека по смртта на бугарскиот цар Петар (927 – 969), синовите на
кнезот (комесот) „Никола, кој бил многу моќен во бугарската држава и, секако,
верен на својот господар царот Петар“, користејќи ја ситуацијата дека неговите
синови Борис и Роман се наоѓаат како заложници во Константинопол, веднаш
кренале востание против бугарската власт. Имајќи го предвид руското воено
присуство на киевскиот кнез Свјатослав во Бугарија во 969 година кога бил
заробен Борис II (969 – 971) и по Свјатиславовото навлегување до Филипопол,
што претставувало опасност за Источното Римското Царство, царот Ј. Цимискиј
ја отстранил руската опасност, го ослободил и бугарскиот цар, го поздравил како
цар и го донел во Константинопол како воен плен, по што го детронирал. За
сето тоа време комитопулите „во непоштедната, гигантска и решителна борба
за Балканот останале неутрални“. По смртта на царот Цимискиј во 976 година,
„четворицата браќа Давид, Мојсеј, Арон и Самоил“ кренале второ востание,
овој пат против византиската власт.
Во однос на начинот на владеење со македонската држава, С. Антолјак
смета дека по отфрлањето на византиската власт, „сите четворица браќа владееле
заеднички. Тоа било т.н. тетрархија.“ Истиот автор понатаму истакнува дека
„не е познато какви титули имале и дали одземените и ослободени предели од
Византија си ги поделиле меѓу себе на четири области“. Зборувајќи за ваквиот
принцип на владеење со македонската држава, ќе констатира дека „оваа тетрархија
имала кус век“ поради тоа што комитопулот Давид бил убиен во 976 година, а
наскоро кај Сер загинал и Мојсеј. Авторот констатира дека по смртта на двајцата
комитопули настапила „диархија“,16 а по убиството на Арон, Самоил со целиот
род, освен син му Јован Владислав, за чиј живот се заложил Гаврил Радомир,

14 Драган Ташковски, Самоиловото Царство, „Култура“, Скопје 1961, 95–96, бел. 7.


15 Византијски извори за истоију народа Југославије III, Београд 1966, бел. 9, 62,
67; бел. 14.
16 Историја на македонскиот народ, Книга прва, Од предисториско време до крајот

на XVIII век, Издава: НИП „Нова Македонија“ – Заедница за издавачка дејност: Книги,
периодика и публицистика, Скопје, 1969 година, 117–120 (cf.: Историја на македонскиот
народ, Книга Прва).

46
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

Самоиловиот син, на 14 јули 976 година создал „монархија“17, или, според


Златарски, врз основа на дополнувањата на епископот Михаил Деволски и на
Јован Скилица, на 14 јуни 987 година.18
Истиот автор во првото монографско дело за Самуиловата држава, во
поднасловот „Тетрархија“ децидно образложува за типот на владеењето со
државата. Тој истакнува дека „комитопулите Давид, Мојсие, Арон и Самоил со
еднодушна волја на ослободените ’Бугари‘ станале нивни вистински владетели.
Таквиот систем на заедничко владеење се нарекува тетрархија, кое во тоа време
не било никаква необична појава, посебно кај Јужните Словени.“ Во продолжение
на текстот укажува на тоа дека територијата на државата на комитопулите со
центар во Преспа си ја поделиле меѓу себе на четири области. Во однос на
тетрархијата, Антолјак потенцира дека „ваков облик на владеење немале освен
Србите ни Хрватите, а дотогаш ни Бугарите. Но затоа постоела триархија и кај
Србите и кај Хрватите.“ По смртта на комитопулот Давид кај Убави Дабови, место
помеѓу Костур и Преспа, тетрархијата се претворила во „триархија“, а по смртта
на Мојсеј кај Сер и останувањето на Арон и Самоил, настапила „диархија“. По
насилната смрт, односно убиството на Арон од страна на Самоил, престанала
да постои диархијата, по што со Самоил, од 14 јули 976 година, односно од јуни
987 година започнала монархијата19.
Во списанието „Историја“, г. V, бр. 2 за 1969 година, во кусиот преглед на
својата претходно издадена монографија за Самоиловата држава, пишува дека
по второто востание на комитопулите против византиската власт во 976 година,
„Бугарите“ својата „власт им ја предале на четворицата браќа Давид, Мојсие,
Арон и Самоил“, за да продолжи: „Таквиот систем на заедничко владеење на
четворицата браќа се вика тетрархија, што за она време кај Јужните Словени
не е никаква необична појава.“20
Бугарскиот историчар П. Петров, кој е автор на текстот на третата глава
од „Историјата на Бугарија“ том 2 од 1981 година, која носи наслов „Борба за
запазване независимоста на България“, во точката 2 – „Давид, Мойсей, Арон и
Самуил“, пишува дека „комитопулите приели при себе си избягалия от Преслав
патриарх Дамян и му дали възможност и занапред да испълнява задълженията
си като глава на българската църква“. Во однос на управувањето со државата
смета дека: „Четиримата братя управлявали страната общо, т.е. било установено
своеобразно четиривластие. Най-старият от братята, Давид, управлявал найюжните
области.“21 Тој владеел со областите околу Солун и Тесалија кои граничеле со
Источното Римско Царство, а нивниот центар се наоѓал помеѓу Костур и Преспа.
17 Историја на македонскиот народ, Книга прва, 120.
18 B. Prokić, Die Zusätze in der handschrift des Johannes Skylitzes, München, codex
Vindobensis hist. grac. LXXIV. Ein Betrag zur Geschihte des sogenamiten westbulgarishen
Reiches, von Božidar Рrokić, München, 1908, 7–8, 28, №. 9; Златарски, История на първото
българско царство, т. I, ч. 2, 650–651.
19 С. Антолјак, Самуиловата држава, Институт за национална историја, Скопје,

1969, 27–30 (cf.: Антолјак, Самуиловата држава), (= Средновековна Македонија 1, (Том


први), „Мисла“, Скопје 1985, 352–362).
20 С. Антолјак, Самоиловата држава, Историја, V/2, Скопје 1969, 23.
21 История на България, т. 2, Първа Българска държава, София, 1981, 398.

47
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 Милан Бошкоски

Понатаму ги наведува областите со кои владееле другите комитопули како


Мојсеј, Арон и Самоил. П. Петров на некој начин се оградува од толкувањето
за тетрархијата, давајќи му предност во управувањето на најстариот брат Давид,
со што го застапува ставот дека се работи за монархија, кој подоцна е прифатен
и од други автори. Имено, тој пишува вака: „Споменаването пък на Давид в
някои поменици като цар навежда на мислата, че най-старият брат ще да играл
ръководна роля в българската държава през този бурен няклкогодишен период.“22
Бранко Панов во монографијата „Охрид и Охридско низ историјата“, Кни-
га прва, во делот V. Т. „Охрид и неговата област во рамките на македонската
средновековна држава (969 – 1018)“, т. 1, истакнува: „По извојувањето на
независноста, четворицата браќа–комитопули заеднички продолжиле да владеат
со државата, заведувајќи четиривластие (тетрархија), уште во 976 година“, по
смртта на Давид, Мојсеј и убиството на Арон, „Самуил станал единствен владетел
на државата, т.е. монарх (m/narxo)“23. Асен Василиев во делото „Бугарски
светци во уметноста во текот на преродбата“ посочува дека „твърде оскъдни
са сведенията за него като български цар, но все пак в историята се намират
опорни точки, от които могат да се уяснат някои страни от живота му“. Со ова
негира дека постоела тетрархија како тип на управување со државата, туку дека
е во прашање монархистички принцип24.
Во кратката „Историја на македонскиот народ“, А. Стојановски, во одде-
лот за Самоиловото Царство, првото востание на комитопулите од 969 година
погрешно го смета за „антивизантиска насоченост“ иако тоа има антибугарски
карактер. Пишувајќи понатаму за востанието од 976 година по смртта на
источноромејскиот цар Јован Цимискиј, авторот со право го истакнува востанието
на комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил и неговиот антивизантиски
карактер. Во новосоздадената македонска држава, авторот констатира дека
„браќата отпрвин владееле заеднички“, што значи имало четиривластие или
тетрархија. По пресметката на Арон и Самоил околу власта, „го започнала
својот живот новата монархија“, без да се наведе година кога се случило тоа25.
С. Пириватриќ во студијата „Самуилова држава“ во принцип е на мислење
дека тоа било тетрархија како принцип на владеење на комитопулите, иако го
критикува Б. Прокиќ за употребениот термин. Тој посочува: „Влада кометопула
је у почетку била заједничка, све до тренутка када је Самуило постао једини
владар.“26
И Божилов, во коавторство со акад. В. Ѓузелев, во „Историјата на средновековна
Бугарија VII – XIV век“, користејќи го искажувањето на П. Петров во „Историјата
на Бугарија“ од 1981 година, истакнува дека современите истражувачи главно
22 История на България, т. 2, 398.
23 Охрид и Охридско низ историјата, Книга прва, Собрание на општина Охрид,
Скопје, 1985 година, 193–194.
24 Асен Василиев, Български светци в изобразителното искуство, ДИ „Септември“,

София, 1987, 66.


25 Историја на македонскиот народ, д-р Александар Стојановски, д-р Иван Катарџиев,

д-р Данчо Зографски, д-р Михајло Апостолски, Издавачи „Македонска книга“, „Култура“,
„Мисла“, „Наша книга“, Скопје, 1988, 38, 39.
26 С. Пириватрић, Самуилова држава, Београд, 1998, 87, бел. 46.

48
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

се придржуваат кон формулата „своеобразно четиривластие“, при што му се


припишува „някакво предимство на найстария брат Давид“, неспорен податок со
кој се упатува критика на тетрархиската управа, а во бел. 48 Божилов забележува
изворни податоци за царскиот статус на Давид од Зографскиот поменик и од
„Историјата“ на отец Паисиј27.
Со издавањето на „Историјата на македонскиот народ“ под редакција на
проф. Бранко Панов, работите околу типот на владеењето на македонската
држава, тетрархија или евентуално монархија, како постепено да се менуваат.
Во споменатото издание, проф. Стјепан Антолјак во текстот на петтата глава
под наслов „Создавање на македонската држава и нејзино претворување во
моќно балканско царство“, односно во потточката 5 – „Внатрешно уредување
на Самоиловото Царство“, изнесува двосмислен став, при што во почетокот
зборува за тетрархија, а потоа изнесува став од кој може да се заклучи дека се
залага за монархистички принцип на владеење, нешто слично како што веќе во
1981 година се произнесол П. Петров, а малку подоцна и И. Божилов28. Имено,
еве што пишува Антолјак: „Македонската држава која била создадена во 969
година на територијата на бившите македонски склавинии, со средиште во градот
Преспа, сè до 976 година била управувана од четворицата браќа-комитопули
Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, што значи постоело четиривластие (тетратхија).“
Понатаму, откако констатира дека изворните податоци не овозможуваат да се
дознае со кои делови од државата управувале четворицата комитопули, авторот
пишува дека не се знае ни каква улога играл комесот Никола и претпоставува
дека тој, веројатно, имал советодавна улога. Понатаму пишува дека смртта на
кнезот Никола се случила набргу по создавањето на македонската држава (меѓу
970 и 976 година).
Во понатамошниот текст С. Антолјак изнесува сосема поинаков став, од кој
може да се заклучи поинакво мислење за уредувањето на македонската држава.
Имено, пишува дека „според тогашните државно-правни обичаи најистакната
улога во управата на државата имал најстариот брат Давид“ [курзивот е мој
– М. Б.]. Ако Давид навистина имал најистакната улога во управувањето со
државата, а по сè изгледа имал, тогаш станува збор за класична монархија
[курзивот е мој – М. Б.]. Имено, во средниот век, кога е во прашање власта,
секогаш се почитувал принципот на примогенитура, освен некои оправдани
исклучоци како умствена болест, некоја значајна повреда или самоткажување
од власта, што се сосема ретки случаи. Според ова, во понатамошниот текст
од споменатото поглавје на С. Антолјак стои: „По неговото убиство [се мисли
на Давид, за што исто така подготвуваме научен прилог со нови ставови – заб.
М. Б.], како и на Мојсеј, кратко време владееле како диархи Арон и Самуил“,
за да заклучи дека по судирот на Самоил и Арон околу власта, „била заведена
единствена (монархиска) управа“.29
27 И. Божилов – В. Гюзелев, История на средновековна България, Издателска Къща
„Анубис“, София, 1999, 313–318, бел. 47, 48.
28 История на България, т. 2, 398.
29 Историја на македонскиот народ, 1 (Том први), Македонија од праисториското

време до потпаѓањето под турска власт (1371 година), редактор проф. д-р Бранко
Панов, Институт за национална историја, Скопје, 2000, 359, 383–384.

49
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017

Непосредно по излегувањето на „Историјата на македонскиот народ“ под


редакција на Б. Панов, во 2001 година излезе од печат делото „Запознајте ја
Македонија“, кое претендира на македонската историја од антиката до 2000 година.
Во текстот за Македонија во средниот век, авторот К. Аџиевски, пишувајќи за
македонската средновековна држава и за Самоиловото Царство од 969 година, се
задржува на создавањето на државата и наведува дека користејќи ја нестабилната
ситуација во Македонија, синовите на комесот Никола, комитопулите Давид,
Мојсеј, Арон и Самоил, ја отфрлиле бугарската врховна власт и се осамостоиле во
западните и во југозападните делови на Македонија. Во однос на управувањето
со државата, констатира: „Во почетокот браќата владееле заеднички (тетрархија)
и ја признавале врховната власт на Византискиот император Јован I Цимискиј“.30
Толкувањето на четиривластието, или тетрархијата, како тип на управување
со македонското средновековно царство, покрај во научната литература, е
застапено и во учебниците по историја за средните училишта. Така, М. Бош-
коски во учебникот по историја за Прва година гимназиско образование, покрај
споменувањето на тетрархијата, направил и сликовит приказ на пирамидата на
власта од тетрархија до монархија31.
Г. Николов, слично како И. Божилов, зазема критички став околу начинот
на управувањето на слободната територија на комитопулите и смета дека било
востановено „временно намесничество на комитипулите“, но „врховната власт
обаче си оставала в ръцете на царя. Следователно тук не става дума за ’тетрархия
в управлението‘“, туку за монархија32.
Митко Б. Панов во краткото издание на „Историјата на македонскиот
народ“ издадена во 2008 година, пишувајќи за создавањето на средновековната
држава во Македонија по востанието од 969 година, истакнува дека таа настанала
како резултат на поволниот амбиент за реализација на културните, социјалните
и на духовните тенденции за креирање на независен политички субјект. Во
однос на управувањето со државата, смета дека четворицата комитопули „за
кратко време воспоставиле стабилна административна управа, во чии рамки
рамноправно раководеле со државата“, што значи дека авторот смета дека
постоело четиривластие, односно тетрархија33. И. Стефоска во монографското
дело „Струмица и Струмичко во средновековието“ го преферира мислењето за
тетрархијата како тип на владеење со државата во првите години на владеењето
на комитопулите. Иако консултира обемна литература која е критички настроена
кон тетрархијата, сепак во белешката 212 констатира дека „ниту еден извор не

30 Запознајте ја Македонија (Get acquianted with Macedonia), Издавачка куќа „ИНА-


КОМЕРЦ“, Скопје, 2001, 30.
31 М. Бошкоски, В. Лилчиќ, Ј. Илиоски, Историја за Прва година гимназија, Институт

за национална историја, Скопје 2002, 181, 191.


32 Г. Николов, Централизъм и регионализъм в ранносредновековна България, София,

2005, Академическо издателство „Марин Дринов“, 125, бел. 11.


33 Историја на македонскиот народ, Институт за национална историја, Скопје,

2008 (скратено издание), М. Б. Панов, 101.

50
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

допушта да се утврди ниту природата на нивното владеење, а уште помалку


областите со кои управувале“34.
Авторот на овој текст во 2012 година се произнесе критички кон прашањето
за тетрархија или монархија како тип на почетното владеење во македонската
средновековна држава. И покрај пишаните извори за комитопулот Давид како цар,
М. Бошкоски информира за девет ликовни претстави, од кои три бакрорези на
Христифор Жефаровиќ и пет фрески со ликот на св. цар Давид од македонските
манастири. Бошкоски му замерува на Златарски за укажувањето дека тетрархиски
принцип на владеење имало само во доцноримскиот период, во времето на царот
Диоклецијан (284 – 304). Но, таквата тетрархија се состоела од двајца августи и
двајца цезари, кои не биле во роднинско сродство, а раководната улога, особено
управувањето со војската, ја имал врховниот заповедник, царот Диоклецијан.
Тој ја установил тетрархијата за да ја зголеми ефикасноста на управувањето
со Римската Империја. Општо земено, владетелските куќи во средновековна
Европа секогаш го почитувале принципот на примогенитура во однос на на-
следувањето на власта, како што, впрочем, се случило и со четворицата браќа
комитопули, синовите на комесот Никола35. М. Бошкоски во монографијата
по повод милениумското постоење на градот Прилеп, во текстот за градот во
средниот век, во врска со востанието на комитопулите против бугарската власт
во 969 година истакнува дека „Давид (969 – 986) како најстар брат на коми-
топулите, бил водач на востанието во Македонија и негов прв владетел“, со што
се посочува на монархистичкиот принцип на владеење, односно монархија36.
Меѓу последните застапници на мислењето за тетрархијата како принцип на
уредување на македонската држава е А. Атанасовски, професор на Филозофскиот
факултет во Скопје. Тој во монографијата „Пијанец во XIII и XIV век“ пишува
дека „во времето на на тетрархијата во Македонската држава со Пијанец
управувал Арон“. Во една негова подоцнежна научнопопуларна статија под
наслов „Востанието (апостасијата) на Комитопулите во 969 година“, објавена
во 2015 година, задржувајќи се на востанието на четворицата синови на кнезот
(комесот) Никола, односно комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, против
бугарската администрација во Македонија вели дека на чело на таа држава стоеле
четворицата браќа, за да продолжи дека „таквиот вид на владеење во историјата
е познат како тетрархијата“.
Понатаму, зборувајќи на потеклото на четворицата браќа „комитопули“,
Атанасовски повторно истакнува дека „постоело четиривластие, познато во
науката како тетрархија“. Осврнувајќи се на востанието на комитопулите од 976
година против Источното Римско Царство – Византија, по смртта на императорот
Јован Цимискиј, кога тие се отцепиле, нагласува дека Византија, „во отсуство
на претставници од нивната владетелска лоза, тие (Бугарите) сами ги избрале
за свои водачи комитопулите“, што би значело дека четворицата комитопули
34 И. Стефоска, Струмица и Струмичко во средновековието, „Сигмапрес“, Скопје,
2011, 992–97, бел. 212 и 213.
35 М. Бошкоски, Комитопулот Давид, цар Давид, Св. Давид цар (историско-уметнички

преглед), Patrimonium. MK (Патримониум), Kalamus, Skopje, 10/2012, 127–140.


36 Прилеп милениумско пулсирање 1014 – 2014, повеќе автори, Локална самоуправа

на општина ДНУ, Прилеп, 2014, 74–75 сл.

51
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 Милан Бошкоски

станале нивни владетели. На крајот, авторот заклучува дека „Давид, Мојсеј,


Арон и Самуил станале владетели и на Бугарија“, за да додаде дека „такви-
от систем на заедничко владеење се нарекува тетрархија“, што во тоа време,
парафразирајќи го С. Антолјак, и не било никаква појава кај Јужните Словени.
Но, тој не наведува изворни податоци кај кој народ од Јужните Словени и била
застапена тетрархијата37. Стриктно држејќи се до мислењето на С. Антолјак и
на други автори кои сметаат дека тетрархијата била начин на управување со
државата на комитопулите, Атанасовски прво констатира дека по смртта на
комитопулот Давид, настапила „триархија“, а по смртта на Мојсеј кај Сер на
власт останале само Арон и Самоил како „диерси врз кои паднал товарот за
продолжување на војната против Византија и требало да се договорат во кој
правец ќе се движи новата офанзива“. Расправајќи за судирот помеѓу Арон и
Самоил поради провизантиската настроеност на првиот, оценува дека 14 јуни
(јули) 976 година, кога е убиен Арон, е денот кога престанува да функционира
„диархијата и е ден кога се родила монархијата на чело со Самуил“38.
Во истата 2015 година се појавува уште еден научен прилог на А. Атанасовски
во коавторство со Војислав Саракински на тема „Кои биле Комитопулите и од
кого се одменале“. Одговарајќи на поставеното прашање, тие, или првиот автор,
ги изложуваат истите ставови кои во претходниот труд ги застапува Атанасовски.
Авторите сметаат дека комитопулите биле синови на комесот Никола кој управувал
во Македонија, како комес во името на бугарската централната власт, а востанале
и се „отцепиле“ или направиле „апостасиа“ по смртта на бугарскиот цар Петар
во 969 година. Така ја создале новата македонска држава, по што морале да ја
признаат византиската врховна власт, во која имале широка автономија. Во 976
година, по смртта на Јован I Цимискиј, „Бугарите (се мисли на Македонците)
комитопули“ се отцепиле од Византија39.
Полските историчари Мирослав Ј. Леска и Кирил Маринов, пак, во
монографијата за Бугарското Царство од 866 до 971 не донесуват никакви
нови податоци за типот на власта на синовите на комесот Никола (Микола),
Давид, Мојсеј, Арон и Самоил освен што го изнесуваат гледиштето дека еден
од синовите бил владетел.40
По проследувањето на овие аргументирани мислења во науката околу
прашањето за монархијата или за тетрархијата, би се осврнале накусо на начините
на управување со државите во антиката и во средниот век. Принципот на
управување со државата со владеење на двајца басилеи (кралеви), или диархија,
37 А. Атанасовски, Пијанец во XIII и XIV век, Куманово, 1996, 35; Зборник: Востанијата во
Македонија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Филозофски факултет, Скопје, 2015;
А. Атанасовски, Востанието (апостасијата) на Комитопулите во 969 година, 33–54,
особено 44–45, 50–51.
38 Атанасовски, Востанието (апостасијата) на Комитопулите, 52, 53.
39 А. Атанасовски, В. Саракински, „Кои биле Комитопулите и од кого ’отпаднале‘“,

во Зборникот: Самуиловата држава во историската, воено-политичката духовнта и


културната традиција на Македонија, Завод за заштита на спомениците на културата
и Народен музеј – Струмица, Струмица 2015, 13–26.
40 M. J. Leszka – M. Marinov, Carstwo Bułgarskie, polityka – społeczeństwo – gospo-

darka – kultura, 866-791, Warszawa, 2015, 216, n. 86.

52
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

најрано е познат од Спарта, но има објаснување зошто е така. Таму постоела


диархијата како тип на владеење на двајца кралеви со еднакви ингеренции и
меѓусебна почит. Како најобичен пример од литературата ќе го наведаме Петар
Лисичар, автор на универзитетски учебник на Скопскиот универзитет. Во неговата
„Историјата на античките Грци“, во поглавјето за државното уредување на Спарта
е напишано следното: „Спарта, Лакедемонската држава, историските документи
откако ја следат, секогаш имала два крала (басилеи или архагети), едниот бил од
генсот Агиди, а другиот од генсот Еврипонтиди. Веројатно тие два генса имале
големи заслуги за освојувањето на Лаконија. Секој крал бил наследуван од си-
нот кој прв се родил по доаѓањето на таткото на власт.“ Спартанските кралеви
имале кралски углед, ги имале првите места во сè, најголемите имоти и сл., но
и: „Биле закопувани со кралски почести.“ Причината за диархијата во Спарта,
значи, била поради познатата заслуга за освојувањето на Лаконија41.
Тетрархијата како тип на владење за првпат се споменува во Новиот завет,
во Светото Евангелие според Лука, 2.3. Таму пишува: „Во петнаесеттата година
од владеењето на ќесарот Тивериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја,
а Ирод – четворовласник над Галилеја, и Филип брат му, четворовласник во
Итуреја и Трахонитската област, и Лисиниј – четворовласник во Авилинија.“42
Во римскиот период, поточно во 60 година пр. н. е., поради граѓанските војни
се создале услови за концентрација на власта кај една личност, познато као
тривластие – триумвират. Првиот триумвират го сочинувале Гнеј Помпеј,
Марко Крас и Гај Јулиј Кајсар. По ликвидацијата на двајцата триумвири,
Кајсар воспоставил диктаторска власт, која траела кратко. Откако бил убиен,
повторно била воспоставена република. Во 43 година повторно бил создаден
триумвират од Марко Антониј, Емилиј Лепид и Гај Октавијан. По поделбата на
територијата на Републиката, триумвирите започнале меѓусебна борба, а во 31
година Октавијан, како апсолутен господар, воспоставил монархија – царство43.
Во доцноримскиот период, за време на владеењето на царот Диоклецијан била
воспоставена тетрархија, со двајца августи и двајца цезари, со што била одвоена
цивилната од воената власт. Целта на Диоклецијановата тетрархија била да се
постигне поефикасно владеење со Империјата44.
Од изворите единствено во Летописот на поп Дукљанин изворно е споменато
дека во време на владеењето на кралот [кнезот – заб. М. Б.] Силвестер постоела
тетрархија. Наводот од изворот е следниов: „Rex itaque Sylvester, accepto regno,
gubernavit totam Tetrarchiam in pace cum timore dei it iustitia“. (И така кралот

41 Д-р Петар Лисичар, Историја на античките Грци, Скопје, 1961, 104. За двајца
кралеви во Спарта се зборува и во История Древней Греции од повеќе советски (руски)
автори, а под ред. на В. И. Авдиева и Н. Н. Пикуса, Государственное издательсьство
„Высшая школа“, Москва, 1962, 160–161, како и кај други советски автори.
42 Свето писмо (Библија), Свето Евангелие според Лука, 2.3, 70.
43 Н. А. Машкин, Историја старог Рима, „Научна књига“, Београд, 1969, 250–279,

285–334.
44 Г. Острогорски, Историја Византије, 50, 53–56, 60–66, 92, со таму наведента

литература.

53
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 Милан Бошкоски

Силвестер, откако го прими кралството, мирно управуваше со целата тетрархија


во божји страв и со правда.)45
Во антиката и во средниот век секогаш се почитувал принципот на
примогенитура, односно најстариот син на владетелот ја добивал царската,
кралската кнежевската (канската) или жупанската власт. Секако, имало и
отстапување од тој принцип, но само во случај кога моќта на владетелскиот совет
ќе проценела дека најстариот син од некои причини не е подобен да владее, па
власта му се отстапувала на владетелот за кој ќе проценеле дека им одговара.
Такви примери, во антиката и во средниот век, има повеќе, но често се случувале
и манипулации при проценката на способноста на владетелот.
Во понатамошниот текст да видиме што зборуваат современите или
подоцнежните извори од XI и од XII век, Ј. Скилица и Ј. Зонара, за евентуалната
тетрархија. Ј. Скилица се родил во 1018 година, кога Македонското Царство било
во фаза на ромејско освојување, а умрел во 1096/7 година. Во делото „Кратка
историја“ (S/noysi (istori=) заедно ги споменува двапати четворицата
комитопули Давид, Мојсеј, Арон и Самоил – првиот пат по смртта на неговата
жена Ирина во 963 година и повторно по склучениот византиско-бугарски
договор за пријателство, кога бугарскиот цар, како заложници на мирот во Кон-
стантинопол ги испратил своите синови Борис и Роман, па известува дека кусо
време потоа умрел царот Петар. По оваа вест следува информацијата дека од
Константинопол биле испратени синовите на Петар да го преземат татковото
царство, но и „да ги спречат комитопулите во понатамошното напредување“
(kai tu\ komhtop/lou a0pe/rcws t= pr/s for=)46. Понатаму пишува:
„Имено, Давид и Мојсеј и Арон и Самоил, кои биле синови на еден од многу
моќните комеси во Бугарија, се оддале на одметништво и ја збуниле Бугарија“
(Dabi\ ga\ kaiMws= kaiA  arw\ kai Samou/ 9no\ o2nte pa=de t= m/g
dunhq/ntw e0Boulgar/ kom/tw pro\ a0postas/a a0pe=do kai taBoulg/
rw a0n/sei)“47
Второто споменување на четворицата браќа комитопули е во врска со смртта
на императорот Ј. Цимискиј и со второтo востание на комитопулите. Скилица
ја соопштува веста: „Кога Бугарите во исто време кога умрел царот Jован се
одметнаа, власта над нив ја здобија четворицата браќа Давид, Мојсеј, Арон и
Самоил, кои беа синови на еден многу моќен комес кај Бугарите по име Никола
и мајка му Рипсимија и затоа се нарекувале комитопули“ (t= deBoulg/rw
a3m t teleut to basil/wIw/nno a0postaths/ntw a1xe au0t proeir/
zonta t/saare a0delfoDav/Mwu^s=Aarw\ kai Samou/ eno t=
paraBoulg/roi m/g dunhq/ntw k/mhto !nte pa=de Nikol/o n) omazom/
no mhtro\ (Riymi kai dia to=t komht/pwlo katanomaz/meno), за малку
понатаму да ги наведе нивните имиња: Давид, Мојсеј и Арон, и да ја спомене
нивната животна судбина без да ја наведе годината на нивото загинување.
45 Ljetopis popa Dukljanina, priredio, napisao uvod i komentar dr. Vladimir Mošin, Matica
Hrvatska, Zagreb, 1950, XXXII, 77, бел. 178.
46 Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum, rec. I. Thurn, Apud Walter de Gruyter et

Socios, Berolini et novi Eboraci MCMLXXIII, 255, (cf.: Scylitzae): Византиски извори за
историју народа Југославије, III, Београд, 1966, 56–57 (cf.: ВИИНЈ, III).
47 Scylitzae, 255, 78–256, 79–80; ВИИНЈ, III, 57–58.

54
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

Годината на загинувањето на Давид е непозната, слично како и Мојсеј, а Арон


бил убиен од Самоил во пресметката околу престолот, според дополнувањата
на Михаил Деволски на соопшувањето од Ј. Скилица, не на 14 јули 976 година,
туку на 14 јуни 987 година.48 Податокот на Ј. Скилица дека по убиството на
Арон „Самоил стана единствен владетел на цела Бугарија“, не би требало да
значи дека пред тоа се владело поинаку, но веројатно упатува на периодот кога
се исчекувало кој ќе го заземе престолот – Арон, кој бил постар и имал предност,
или Самоил, кој бил помал, но се истакнувал како според политичката така и
воената вештина, која особено ја потенцира Скилица49.
Во прилог на монархиското владење на комитопулите според принципот
на примогенитура, интересен е случајот кој го наведува Скилица во вестите за
востанието на Петар Делјан во врска со прогласувањето на Тихомир за цар од
побунетите востаници на Драчката тема. На средбата пред двете востанички
војски, Петар Делјан, во прилог на тоа дека само еден треба да биде водач, рекол
„оти две птици певици не ги храни еден жбун, нити, пак, една земја ќе помине
среќно ако со неа управуваат двајца владетели“50.
Јован Зонара, кој живеел во првата половина на XII век, исто така не дава
никакви информации за карактерот на владеењето на комитопулите, но на
двапати ги споменува. Првото споменување се однесува на 969 година, по смртта
на бугарскиот цар Петар. Зонара пишува дека на синовите на Петар им било
дозволено да се вратат од Константинопол во својата земја за да ја преземат власта
на татко им „затоа што четворицата синови на еден од комитите во Бугарија,51
Давид, Мојсеј, Арон и Самоил одметнувајќи се, ги побуниле Бугарите“ (9no\
ga\ t= kom/tw t= e0Boulg/roi t/ssare pa=deDab/Mws=A
ar/ Samou/ )postat/sante tou\Boulg/rou a0n/seio)52. Панатаму
зборувајќи за смртта на Цимискиј во 976 година, Зонара пишува „Бугарите
повторно се побунија. Затоа што, штом е објавена веста за смртта на Цимискиј,
им ја предадоа својата власт на четворицата браќа, Давид, Мијсеј, Арон и Са-
моил, кои се нарекуваа комитопули, затоа што биле синови на еден од нивните
угледни и наречени комити (Ta deBoulg/rw au[qi kek/nhto· 9 ga\  to
Tzimisk kat/ggelt teleut t/ssarisi a0delfo= a0ntiq/as th\ sfet/ra
a0rx/Dab/MwusAar/ t kai Samou/ o komit/pwlo w0nom/zont
o3t u9oi geg/nasi 9no\ t= par au0to= e0pis/mw kai legm/nw kom/tw)“53.
Ова значи дека Бугарите им ја предале власта на четворицата браќа комитопули,
а не дека имало четиривластие, или тетрархија. Зонара појаснува дека „потомците
на царскиот род изумреле, а преостанал само еден од Петровите синови, поодре-
дено да кажам Роман, кој бил кастриран“. Потоа наведува дека од четворицата
браќа најрано умрел Давид, потоа Мојсеј опседнувајќи го Сер, а „Арона, пак, со
целото семејство го лишил од животот брат му Самоил, или затоа што само за
48
Scylitzae, 329, 77–91; ВИИНЈ, III, 59–77.
49
Scylitzae, 349, 47–48; ВИИНЈ, III, 77–79.
50 Scylitzae.,410, 31–33; ВИИНЈ III, 147.
51 Овој податок укажува на тоа дека во Царството Бугарија постоеле повеќе комитати.
52 Ioannis Zonarae Epitomae Historirum Libri XVIII, t. III, Bonnae, Impensis ed. Weberi,

MDCCCVII, 495, 11–13 (cf.: Zonarae, III); ВИИНЈ, III, 246.


53 Zonarae, III, 495, 547, 5–9; ВИИНЈ, III, 246.

55
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 Милан Бошкоски

себе сакал да ја обезбеди власта или затоа што сакал да ја приграби ромејската
власт, додека преживеал само син му ’Свендослав и Јован‘“54.
Јован Гликас, автор од XII век, во својот Летопис од 971 година наведува
дека царот Јован Цимискиј истата година (971) ги покорил Бугарите, за подоцна
да укаже на небеските појави како на знак за лоши состојби во земјата и за
востанието на четворицата комитопули во Македонија. Тој пишува дека во
976 година „Бугарите востанале во исто време со смртта на царот Јован и да ги
управуваат биле избрани четворицата браќа – Давид, Мојсеј, Арон и Самоил“.
Ни збор за четиривластие или за монархија, која се подразбира, а само податок
дека четворицата браќа биле избрани да управуваат со државата55.
Самоукиот македонски преродбеник и историчар Ѓорѓија М. Пулевски
во „Славјанско-маќедонската општа историја“ пишува дека по смртта на
византискиот император Јован I Цимискиј, која погрешно ја определува во
975 година, истакнува: „А историк Кедрин писал оту Болгари на Восточната
Империя одреклье повиновеньето, паче и кральевство си четиријем бракьи
Давиду и Mојсею и Арону и Самуильу го предалье.“ Од Пулевски може да се
заклучи дека Византиската Империја се одрекла од обврската кон комитопулите
и затоа на четворицата браќа Давид, Мојсеј, Арон и Самоил „кралството“ им го
„предале“, не наведувајќи точно кому, по што може да се сфати дека се однесува
на четворицата. Потоа Пулевски уште еднаш зборува за смртта на императорот
Јован I Цимискиј, кога од византиската престолнина побегнале магистерот Борис,
детронираниот бугарски цар и брат му Роман, кој порано бил кастриран56.
Би навеле и некои подоцнежни претпреродбенски и преродбенски извори во
кои недвосмислено е нагласено дека Давид како најстар син на комесот Никола
бил цар. Во Зографскиот поменик од 1502 година се споменува Давид како цар, а
по него следуваат цар Самоил, цар Гаврил и цар Радомир57. Интересни податоци
наоѓаме и во преродбенските истории, кои се под силно влијание на светогорските
манастири и монаштвото. Во „Историја слајанобугарска“ од јеромонахот Паисиј
од 1762 година не се споменува никаква тетрархија, туку децидно се зборува
за монархија. Отец Паисиј пишува дека во времето на Василиј II и на неговиот
брат Константин VIII, пo рушењето на Бугарското Царство во 971 година „от
грци поставили на царство Давида сина Комистопулова“. Цар Давид е споменат
и во списокот во кој се наведува кој цар по кого владеел. Така, на 15. место се
споменува дека царот свети Давид царувал по цар Селевкиј, а на 16. место се
кажува дека цар Самоил царувал по Давида58.

54 Zonarae, III, 547, 10–548, 1; ВИИНЈ, III, 246.


55 Извори за българската истотия, Гръцки извори за Българската история, т. Х,
София, 1980, 115.
56 Ѓорѓија М. Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја, Македонска

академија на науките и уметностите, Фондација „Трифун Костовски“, подготовка: Блаже


Ристовски, Билјана Ристовска-Јосифовска, Скопје 2003, 310.
57 Йорданъ Ивановъ, Български старини изъ Македония София, 1931, 489 (cf.:

Ивановъ, Български старини).


58 Исторія Славъноболгарская, собрана и нареждена Паисіъ Іеромонахомъ в лѣто

1762 стъкми за печатъ по първообраза Йор. Йвановъ, София, 1914, 31, 59.

56
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

МОНАРХИЈА ИЛИ ТЕТРАРХИЈА

Во „Зографската историја“ од 1785 година,


која е независна од Паисиевата историја, по
детронирањето на Борис II и уврстувањето
во византиското благородништво со чинот
магистер е наведено дека „по него приїатъ
сыин комистапуловъ. Давыдъ“, а на друго место
пишува: „(...) Давид имјаше, и мир он бе добр
во всем и стое житие имејеше, и мир творјаше
ко всем (...) Он же разуме самоволно остави
царство: и иде в манастир и бист монах, и мошти
целокупни осташа (...).“ Давид како преподобен
светител и цар е наведен и во списокот на
светците на бугарскиот народ, и тоа на второ
место59. За некои од овие податоци знаел и
професорот С. Антолјак, но, можеби, не било
дојдено времето за овие прашања да се стават
на дневен ред60.
Од цитираните византиски, латински и
преродбенски извори и од консултираната
историографска литература не може да се
констатира четворовластието/ тетрархијата како
начин на управување со власта во македонската
средновековна држава. Изворите споменуваат
дека по востанието, власта им била предадена
на четворицата комитопули, но од помениците и
од преродбенските извори може да се забележи
заложба за монархија. Нема четиривластие,
или тетрархија, ако се прифати дека врховното
старешинство го имал најстариот брат, мислење
за кое се залага Б. Прокиќ, а е прифатено од современите историчари. Тогаш тоа
е монархија. Во антиката и во средниот век секогаш бил почитуван принципот
на примогенитура при изборот на владетелот. Од тој принцип не било отстапено
ни во случајот со комитопулите. Секое востание, од антиката на робовите или на
узурпаторите, во римскиот период и во средниот век, го предводело едно лице,
никогаш нема двајца водачи. Во тој случај, востанието однапред е осудено на
неуспех. Појавата на друг водач секогаш е поттикната од власта. Таков е случајот
со востанието на Петар Далјан, кому Империјата, за полесно да се пресмета
со неговото востание, му го спротивставила Тихомир од Драчката тема, потоа
Алусијан, роднината на Петар Делјан од семејството на царот Јован Владислав,
синот на Арон, во кого византискиот император имал доверба61.
На крајот би заклучиле дека современите извори се непрецизни околу
карактерот на власта на комитопулите иако во средниот век вообичаено се
почитувал принципот на примогенитура. Дека било така, говори и пресметката
59 Ивановъ, Български старини, 636, 641.
60 С. Антолјак, Средновековна Македонија, 1, Скопје 1985, 357, бел. 218.
61 ВИИНЈ III, 141–155; 206–210, 220–224, 252–254.

57
CEEOL copyright 2020
CEEOL copyright 2020

ГЛАСНИК 61 1 2017 Милан Бошкоски

помеѓу комитопулот Арон и Самоил, која сосема веројатно била не поради тоа
што Арон бил провизантиски настроен, како што шпекулираат изворите, туку
затоа што Арон бил постар и имал предност во наследувањето на власта, но
Самоил, иако бил помлад, бил помудар, воено-политички поекспониран, како
што наведува Јован Скилица, па затоа нему цар Давид му ја доверил власта. За
тоа подоцна говорат некои преродбенски извори и јеромонахот Паисиј. Значи,
во Македонското Царство постоел монархистички принцип на владеење, а не
тетрархија, која е измислен принцип на владеење и теза која нема изворна потврда,
а и во науката ги губи приврзаниците. Прв некрунисан цар на Македонското
Царство бил цар Давид (969 – 986), најстариот син на комесот Никола.

58
CEEOL copyright 2020

You might also like