Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Дата: 25.06.

2019
Оглас за ангажирање во Центарот за истражување и аналитика на
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија

Работно место: Специјалист за истражување и анализа на јавното мислење

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/вештини за


работното место 

1. Услови: 

1.1 Степен на образование


Високо образование или апсолвент
1.2 Потребен вид на образование
Технички факултети - Природно математички, Електротехнички, Машински и
Економски
1.3 Професионални компетенции
Работа со компјутер (MS Office напредно ниво на excel, OLAP алатки, client server
инфраструктура)
Познавање на техники за истражување на јавно мислење
Познавање на политичките услови во РСМ
1.4 Работно искуство
3 години искуство ќе се смета за предност
Апсолвент кој ги исполнува професионалните компетенции за извршување на
работните задачи
1.5 Познавање на странски јазик
Активно познавање на англиски јазик
1.6 Возачка дозвола
(Б-категорија)
2. Работни задачи:

2.1 Подготовка на годишен план за истражувања на јавното мислење според тип на


истражување, спроведувач на истражувањето (надворешна агенција, интерни ресурси) и
предлог буџет
2.2 Подготовка на брифинзи за професионалните агенции за истражување на јавното
мислење
2.3 Подготовка на годишен извештај за позиционираноста на партијата
2.4 Подготовка и спроведување на регуларни и периодични истражувања на јавното
мислење
2.5 Подготовка и спроведување на истражување на јавното мислење според специфични
теми и намени
2.6 Подготовка и спроведување на предвидувања на изборните резултати
2.7 Подготовка на извештаи за гласачкото тело
2.8 Постизборна анализа на предвидените во однос на остварените резултати според
изборни единици и избирачки места
2.9 Регуларно истражување на јавното мислење за сите акции спроведени од страна на
СДСМ
2.10 Регуларно истражување на јавното мислење за носителите на јавни функции
2.11 Подготовка на листи за директна комуникација со гласачкото тело
2.12 Подготовка на темплејти, извршни прегледи и колквијални извештаи од сите
спроведени истражувања
2.13 Подготовка на предлог мерки и планови заради подобрување на добиените
резултати од истражувањата.
2.14 Подготвување на препораки, предлози и специфични мерки во насока на
поефикасно управување со екстерните податоци и извештаи.
2.15 Да извршува и други деловни задачи од делокругот на активностите на
организациската единица дадени од страна на претпоставениот

Способности и вештини:

Добри аналитички способности, афинитет за детали, добри комуникациски способности,


познавање на методи за прибирање на податоци, одржување на дата бази, планирање,
анализи и подготовка на извештаи. Тимска работа, проактивен пристап кон подобрување
на постоечките методи на работење, активно учење и пренесување на знаењето,
способност за работа под притисок и прекувремена работа.
Вашата биографија треба да ја доставите електронски до Мартин Попов, Директор на
Центар за истражување и аналитика на е-маил адреса: martin.popov@sdsm.org.mk

Огласот ќе биде објавен на ден 25.06.2019 година и ќе трае до 01.07.2019 година 


Лице за контакт Мартин Попов со мобилен телефон 078/421-184

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и


покажаните вештини со кој располага кандидатот 

Сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите од огласот ќе бидат повикани на


интревју на ден 06.07.2019

You might also like