Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 270

НЕНАД ЈОВАНОВ

,, БЕШЕ ТОА... ‘’

Август, 2011

2
3
„Помеѓу тебе и мене има нешто повеќе...
Постои нешто друго... Поради тебе мојата судбина
се смени... Само ти (ништо друго) го држиш клучот
од срцето мое...
Секој збор, секоја песна, дури и тишината
зборува само за тебе.
Каде сакаш – оди, но јас секогаш ќе те чувам во
моите спомени.
Ти живееш во мене уште од денот кога те
запознав.
ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ТЕ САКАМ! ‘’

4
Се разбира дека нема да те сакам засекогаш. 
Заборави ли дека јас се шегувам мошне
квалитетно???

5
ПРЕДГОВОР (или нешто слично)

Здраво.
Јас сум Ноно.
Ви пишувам од рајот.
Овде сум веќе неколку дена.
Морам да признаам, воопшто не размислувам за
животот долу. Некако сѐ ми изгледа просто и глупаво што
не заслужува ниту ронка споредба со она кое што јас го
доживувам тука.
Долу е навистина долу.
Долна работа.
Ниска.
Тука сум горе, погоре од вашето егоистично,
кренатоглаво горе. Погоре од сите дигнати фацки. Погоре
сум од кое било горе кое, за вас никогаш нема да биде на
дофат.
Јас имам посебна чест да живеам тука.
Мислите дека не заслужувам?
Ма, што сакате мислете си... Вие секогаш сте
делеле разни мислења без да се основате на
веродостојни факти. А, додека се занимавате со туѓото, јас
уживам. Па, сега, видете кој е во ќар. А кој во зијан.
Не ми недостасува животот долу, да си знаете.
А, чекајте, кога и како беше кога живеев јас? Немам
појма што се случи... Беше некако брзо...
Сѐ што паметам од моите последни минути на
Земјата е тоа дека мојата љубена ме прободе со нож во
левата страна од мојот граден кош. Веројатно ја погодила
целта – острилото навлегло длабоко во средината на
моето срце. Болка не сум почувствувал, барем не се
сеќавам на нешто такво. А, и да имало, сигурен сум дека
не била ниту процент поголема од онаа болка која што ја
чувствував додека бев жив. Мене тогаш срцето ме болеше
толку многу што не сум сигурен дали навистина сум
живеел или само сум се трудел тоа да изгледа така.
Гледате, штом се сеќавам само на тоа (и тоа
повторно нејасно), тогаш, јас навистина сум го решил
проблемот со секојдневието и проблемите кое тоа ни ги
сервира. Очигледно е дека мене повеќе ништо не може да
6
ме изнервира, затоа што, она кое што ми се беше случило
во земниот живот некако избледеа во моите сеќавања.
Конечно сфатив дека вредам и дека ниту еден друг не
заслужува да ми биде пречка во напредокот.
Јас имав бурно минато.
Млад си, сакаш една личност не гледајќи ништо
друго околу себе. Колекционер си на лаги кажани од
Принцезата на Лагите а ла твојата вечна љубов, па таа
те измачува до степен на изнемоштеност, по што, конечно,
ти го забива ножот во центарот на твојот сопствен живот.
Во срцето.
Шит хепенс.
НеЛи?
Не се сеќавам ниту како сум стигнал до овде,
избегнувајќи го фактот дека десетина ангели, плачејќи,
внимаваа да не ме разбудат од длабокиот сон. Очигледно
сакаа да се наспијам, им беше жал да ме будат. Ги
слушнав дека ме сожалуваат: многу несреќи сум видел
додека сум бил таму долу.
Потоа - летав.
Да, летав!
Крилја имав привремено, кога морав да летам за да
стигнам овде. Сега ги немам. Но, пак ќе ги имам. Наскоро.
Си има тука некои правила.
Отсекогаш сум посакувал да имам крилја. Сега и
таа желба ми се оствари.
Всушност, една по една, мене сега сите желби ми
се остваруваат. Некако е полесно да се живее во едно
вака убаво, магично место. Јок, воопшто не е ниту
приближно исто со она магичното кое вие долу го
опишувате како рај. Тука сѐ е уникатно, ништо не може да
се опише со човечкиот јазик. Еве, пробувам да најдам
зборови, но не можам. Ем немам време да размислувам
за такви ситни глупости, ем сум егоистичен и не сакам да
ви ја доловам целата овдешна атмосфера. Успејте си, бе,
и дознајте си самите!
Во моментов слушам пискања. Доаѓаат од еден кат
подолу. Тоа место, разбрав, го викале пекол. Таму било
страшно жешко. Неподносливо. Не сакам ни да помислам
како им е на некои од моите пријатели за кои дознав дека
се преселиле таму. Стварно ич не ги разбирам! Што
7
убавина виделе во едно такво грдо место? Нив ги жалам,
а уште повеќе ми е криво за оние кои што допрва ќе одат
таму. Јас за сѐ сум известен, привилегиран сум член на
овој свет.
Еј, луѓе, па јас изгледа сум ангел! И таа желба ми
се исполнува, лека-полека! Крилја за мене сѐ уште нема,
но, дознав дека веќе ми ги подготвуваат. Тогаш ќе можам
бесконечно да летам и да стигнам секаде кај што порано
не сум можел. И сега можам да летам, не дека не, но ми
оди малку потешко. Имам време, ќе почекам додека не се
среди сѐ. А, дотогаш ќе уживам во убавините кои рајот ми
ги нуди на тацна.
Ангел сум во фаза на креирање. Можеби тоа што
имам само малку пердуви на грбот е резултат на новите
крилја, тие што треба да ми никнат. Кој знае... Во секој
случај, ич не ми е гајле. Така да знаете. Си имам јас многу
поважни работи на кои треба да им се посветам. Како на
пример, да уживам.
Не ми е гајле за никој кој што го оставив таму долу,
кај вас. Нема да ми поверувате, ама не се нервирам ниту
за онаа, што цел живот ја сакав. А таа мислеше дека ја
зафркавам. Гуска.
Јагода. Така се викаше таа. То ест, тоа можеби и
не беше нејзиното вистинско име, но, навистина така
мирисаше... Вкусна, зрела јагода.
Се надевам дека во остатоците од вашите животи, нема
да сретнете некоја таква. Јагода.
Затоа, ви порачувам: Секоја јагода вкусна да ви
биде!
И, внимавајте-навидум сите се црвени, но може да
ви се погоди некоја црвлива. Одвнатре. Е, тогаш сте ја
на*бале.
И, не заборавајте- јагоди јадете само тогаш кога
тие навистина зреат. Оние, кои ги нудат во време на дуњи
и грозје – не јадете ги. Не за друго, пластични се.
Неприродни. Иако , и тогаш кога зреат јагодите, се нудат и
пластични дуњи. И грозје, исто така. Пластично. Секако,
само природно – не.
Еј, да...Сепак... Никогаш нема да го заборавам
мојот живот што го живеев таму долу, кај вас. Па такво
нешто, драги мои, не може да се заборави! Иако, тоа
8
можеби и не беше оној вистинскиот. Живот. Оној кој сум го
замислувал во детските, безгрижни денови.
Сѐ ми се чини дека баш овде и баш сега го живеам она,
вистинското. Иако е различно од она што се случи пред да
дојдам овде.
Моето минато?
Беше тоа еден чуден живот, драги мои. Живот
исполнет со многу среќни мигови, но, исто така и со тажни
и несреќни моменти. Цели купишта љубоморни умови,
проѕирни луѓе кои се продаваат за пари, несреќни лица
кои ја лечат сопствената несреќа преку вашите среќни
лица, уништувајќи ги и осакатувајќи ги. Можев да ги ринам
таквите кои ти беа пријатели од корист. За жал, имаше и
онакви кои што дале ветување за доживотно пријателство,
а те разочарале многу побрзо, на многу далечен пат од
целта која си ја предвидувал да ја освоиш со нив. А си ги
сакал, си ги почитувал, си правел сѐ за нив, само за да им
докажеш колку ги обожаваш. За жал, тие тоа не го правеле
за тебе. И, баш тогаш кога мислиш дека животот е убав, во
глава ти светнува еден блиц. За да те потсети дека,
всушност, животот не е фер. Животот е тежок и трнлив
пат, драги мои.
Немојте да дозволите некој да се вмеша во вашиот
личен живот. Можеби е краток, но тој заслужува посебен
третман, а таков само вие самите себе можете да си
овозможите. Никој друг. Сите постојано ќе ви се мешаат во
приватноста, ќе чепкаат длабоко во вашите најболни рани,
ќе целат да ве погодат онаму каде што вие сте им се
довериле дека сте најосетливи... За инает! Такви се
луѓето, живеат од и за инает. Инаетчии. Продадени души.
Души што не си го знаат својот вистински животен пат, па
чекорат по вашите патеки. Ви ги опсипуваат со трња, за да
не ви биде лесно патувањето.
Да ви отежнат.
Да ви направат лошо.
Да ви го загорчат убавото што за миг сте го
почувствувале. Љубоморни.
Да знаете дека нивниот проблем се крие во
болната љубомора, во желбата да се биде некој друг. Тие
не успеале да стигнат до нивото на кое што сте вие, па
така закржлавени и закопани во нивното ниско животно
9
ниво, се лигават и прават проблеми, дигаат галама на
ваш терен, само да го вознемират вашето секојдневие. Не
давајте им се, драги мои, на таквите. Тие не заслужуваат
да бидат причината поради која вие сте нервозни.
Оставете ги да живеат во подрумот на вашите сеќавања.
Нивното место е таму. И на ниту едно друго место. Уште
еднаш ќе повторам: НЕ ДАВАЈТЕ ИМ СЕ! Тие обожаваат
кога плачете и се нервирате благодарение на нивните зли
намери. Тогаш тие се полнат и мислат дека успеале, па
ќе продолжат да ве живцираат уште повеќе, со нови сили,
неуморно чекајќи го моментот кога ќе се смеат на вашиот
крај.
Дајте им до знаење дека не сте така лесни. Кажете
им в лице дека тој филм во вашето кино нема веќе да го
гледаат.
ОК?
Праќам поздрав до сите болни умови кои ми
мислеле лошо. А такви секогаш имало, има... И ќе има! Јас
ги познавав еден куп. Ги поздравувам со песната: Фук ју
вери мач, за да им изразам голема благодарност што биле
дел од актерите во мојата лична театарска претстава. Жал
ми е што не успеале да режираат со неа... Сум ги зезнал,
очигледно. Да, ги поздравувам, со бесплатен – бонус
совет дека овде, во рајот, се шпекулира дека судбината
сами си ја кроиме. Така што, тие единствено можат да
бидат посилни од самите себе, и од никој друг на светот. А
најмалку од судбината.
Одовде светот е мал. Како точка. Како од кечап на
бели панталони лочка. Како од огромен, градски тоалет –
плочка.
Речиси сум убеден дека на вашите лица во
моментов се појавила искривена црта. Па, дали тоа вие се
смешкате? Можете да се смеете? Навистина? Имате
чувства? И вие? СЕ СМЕЕТЕ ?
Смешна е мојата приказна?
Ако е така, нека ви се случи и вам – и пак да си се
смеете. Нооо, самите на своето.
Знаете, не би им посветил јас `волку внимание на
вашите глупави животи (напоменувам дека овој дел важи
за оние кои се пронаоѓаат во текстот, немојте утре да
се дувате од лутина затоа што јас ``демек`` зборувам
10
лошо за вас и ве правам идиоти) доколку не сум бил
разочаран од некој или нешто. Икс пати сум бил
разочаруван. И од некој – и од нешто. Од сешто. А
највеќе од едно нешто:
Мене љубовта ме издаде! Ме направи ваков каков
што сум – ладен како камен, исплашен да се заљубам по
втор пат.
Додека бев жив, многу од вас ми велеа дека она
што ми се случува ќе остави траен белег врз мене. И
навистина е така. Иако невидлив, белегот се познава. Тоа
е еден вид лузна која, за жал, никогаш не ќе може да биде
избришана.
Во следните страници ќе го споделам најважниот
период, еден од оние кои во себе ги носеа последните
денови што ми нудеа било каков контакт со девојката која
највеќе ја сакав. Ќе читате за мене во едниот дел, а во
другиот дел ќе навлезете во последните денови од
животот на една девојка. Ќе го дознаете и почетокот, но и
крајот. Предлагам сами да си ги споите двата дела: сами
да го пронајдете почетокот, сами да го пронајдете крајот.
Јас верувам во вас!
Почетокот ќе ве насмее. Крајот - исто така. Со
можност за по некоја залутана солза. Или солзи, секако.
Иако, не би сакал да ве видам како плачете за мене. Кога
требаше да плачете – вие се смеевте. Сега е веќе доцна.
Би било навистина грубо да плачете за некој кој толку
многу сте го исмевале и мразеле.
Размислувам дека ова можеби и не е вистинскиот
начин да ве запознаам со моето јас, затоа што, никогаш се
немаме запознаено лично. А тоа е голем минус. Огромен.
Со мене мораш да проживееш години и години за да ме
разбереш, за да ме сфатиш кој навистина сум. Па дури
ниту тогаш не би можеле да кажете дека навистина добро
ме познавате.
Нека не се лаже ниту еден од вас дека ме има
запознаено. Никој!
За крај, ги сакам со сето рајско срце сите што ме
сакале.
Имаше, фала ти Боже, и такви. Се гордеам што сум
ги познавал. Гледано од овој аспект, конечно можам да им
признаам колку сум си ги сакал. Срцки мои. Срцки, да ви
11
кажам дека ми беше многу тешко кога ве гледав како
повеќе од мене сакате некои за кои знаев дека ви мислат
лошо. Жалам што навремено не успеав да ве оттргнам од
таквите луѓе, но сепак, убеден сум дека вие самите ќе си
ги откриете таквите и еден ден ќе ми кажете дека сум во
право.
Еден ден... Некогаш... Колку е големо растојанието
помеѓу еден ден и некогаш! Неверојатно големо
растојание!
Она што го проживеав јас, беше еден ден... Во
минатото. Затоа што, еден ден може да биде и во
иднината. Така?
Значи, моето еден ден е сместено во минатото.
Беше тоа тогаш кога јас живеев со луѓето кои ги
сакав. Беа малку, но, често доволно.
За мене лично – доволно, за многумина кои не ме
познаваа – премалку.
Како и да е...
Ми недостасуваат!
Како и да е, јас знам дека наскоро ќе се видиме.
Тоа наскорo можеби се и пет, и десет, но и педесет
години, ама за мене тоа не е воопшто долго време.
Овде ја имам целата вечност и тоа дуплирана за
безброј пати повеќе од вашата. Вашата вечност е нула во
споредба со нашава овде.
Бидете среќни ако се преселите тука. Нема да
згрешите. Всушност,ако згрешите, ви се намалува
шансата за овдешниот престој. Па сега вие видете што-
како.
Бај д уеј, овде запознав една прекрасна девојка.
Има прекрасна, црна коса, каква што отсекогаш сум
копнеел да милувам. Ги има најслатките црвени усни што
од бебе сум мечтаел да ги бакнувам. И најпроѕирната,
бела кожа, што од памтивек сум замислувал дека ќе ја
мирисам.
Се вика Клаудија.
Кутрата, и таа била убиена. Од некој кретен.
Замислете, толку многу ја сакал што ја третирал како
животно. Животно ниедно!

12
Ми личи на мојата драга, на Јагода. Среќен сум
што нема да го почувствувам нејзиното отсуство додека
сум овде. Секако, благодарение на Клаудија.
И, дефинитивно можам да се смирам: конечно
одново се заљубив. Или, само така ми се чини? Кој знае...
Ќе ви кажам некогаш кога повторно ќе се сретнеме.
(Сигурен сум дека се прашувате, драги мои, од кај
ве најдов баш вас за да ви ја раскажам мојата приказна.
Е, па, мили мои, беше тоа случајно. А во животот нема
случајности...)
Сега одам, ме вика Клаудија. Ќе ми раскажувала за
нејзиниот живот. Едвај чекам и јас да ѝ го раскажам мојот.
Ќе ѝ го раскажам истото што сега ќе ви го кажам на вас. Не
плашете се, ништо нема да сокријам.
Пред да започнам, да ги предупредам оние кои што
на некој начин ќе се пронајдат во личностите од моето
некогашно секојдневие: Колку сакајте викајте, нервирајте
се, иритирајте се, плукајте ме, колнете ме, оговарајте ме,
озлогласувајте ме и ненормален правете ме... Јас нема да
се предадам. Јас нема да се покајам. Јас немам влакна на
јазикот па, автоматски, ќе си немам ниту мува на капата.
Мразам муви на капи.
Јас нема да ја сокријам вистината. Оти, јас сум
никој и ништо! Јас не сум тој кој што може да ја сокрие
вистината. Оти, вистината не може да биде сокриена.
Може само да се маскира, но... Еден ден, ќе се открие така
убаво што никој нема да може да ве спаси. Затоа, пазете
си ги маските.
Сум рекол јас дека на сите нас само Еден ќе ни
суди.
Дотогаш – глупирајте се! Само вие глупирајте се!

Ве сака,
ваш НОНО.

П.С.
Патем, седам на едно меко облаче.
Неверојатно е чувството да се седи на ваков стол.
Царски. Знаете колку сте смешни, а? Многу! Мно-гу! Ве
жалам што сѐ уште сте долу и се замарате со глупости. Ич
не знаете да си ги живеете животите! Вам очите сѐ во
13
туѓите животи ви се вперени. Кутри души. Среќа што рајот
е доволно високо, па ако се трудите да ме видите,
предупредувам дека постои огромна можност вратовите
да си ги истегнете со уште поголема можност дека веќе
никогаш ќе нема да можете да си ги вратите во
првобитната положба. А тоа ќе биде страшно. И грдо!

П.С.2
Морам да ви упатам уште еден поздрав. Ќе
повторам дека земскиот живот никогаш нема да го
заборавам, во пакет со мојата неостварена, никогаш
непрежалена, за џабе потрошена и дадена љубов. И, да -
еден поздрав специЛајно за Јагода:
Чувај се, драга. Можеби беше мојата карма, но,
тркалото се врти. Немој да те земам овде... Ќе пукнеш
од љубомора што запознав една типка на која не можеш
да ѝ се фатиш ниту за малото прсте, кое, патем ѝ е
совршено налакирано. Со црвен лак. Баш како и
карминот. Црвен. Јас ѝ го купив.
Јагодо црвлива...Те сакав.
БЕШЕ ТОА нешто што го носам овде, со
мене...Го чувам под пазуви... Веднаш под крилјата. Кои сѐ
уште се во фаза на формирање. И кои никогаш повеќе
нема да ги отворам за тебе. Ниту овде, кога ќе дојдеш,
нема да можеш да леташ заедно со мене. Дефинитивно
нема да ти дозволам да го уживаш тоа прекрасно
чувство... Затоа што ти тоа не го заслужи со ништо!
Можеби треба да ти вратам со лошо, меѓутоа, не
сум тој тип, мила...
Затоа, ти седи си... И не нервирај се што сум
ваков, после сѐ. Не лути се што нема да ти дадам можност
заедно да летаме. Можеш да се издигнеш до облаците,
ама да знаеш дека тоа нема да биде повисоко од овој на
кој што седам јас. Облак. Исто така, можеш да се гордееш
што си била дел од мојот живот. Но, и да се нервираш, со
право да се нервираш и лутиш.
Без разлика на тоа: ЈАС НЕ СЕ КААМ! Во ред? Нема
да се покаам за ништо што ќе го раскажам овде. Тоа за
меене е само едно големо олеснување и ставање точка на
приказната со која владееше ти! Животот ми го уништи!

14
А сега, мирувај.
Ќе ме гледаш стуткана во некое ќоше, таму долу,
и ќе ми се молиш за трошка љубов. Нема проблем, ќе
прифатам, ќе посакам да ти дадам, но... Нема да можам.
Ќе бидеш далеку од мене, тонејќи во бездната на
пеколот. Ќе гориш! Жал ми е...

П.С. 3
Ова нема крај... Можам да ви зборувам до
552352462462 и назад. Не дека немам време, ама
означувам крај.
Тука е крајот.
На почетокот.
Не мора веќе да ме слушате. Или читате, уатев`р.
Уживајте си во животите. А јас ќе ви го раскажам мојот.
Живот.
Во продолжение: Почетокот и Крајот. Крајот на
Почетокот и Почетокот на Крајот. Сами составете ја
сложувалката. Мислам дека сите сте паметни, штом се
дружите со мене.
Уште еднаш, многу ве љуби,

вашиот драг, често омразен,

НОНО

Своерачен потпис: (тука не се продаваат пенкала)


Место за печат: (празно)
Датум: (Сега или некогаш. Не се знае.)

15
1.ВОВЕД. МОЖЕБИ ТАКА СÈ ЌЕ ВИ БИДЕ
ЈАСНО. ИЛИ БАРЕМ ПОЈАСНО.

Беше тоа пред 14 години, 7 месеци и 17 дена.

Не можам да се помирам со фактот дека денес не е


датумот кога можам да кажам дека јас и Јагода правиме
јубилеј, ама сепак, прецизноста секогаш ме инспирирала.
И ме инспирира.

Значи, беше тоа пред мноооогу години наназад.


Дури не се ни сеќавам како изгледав јас, ама за сметка на
тоа, совршено знам како изгледаше ти. Совршено.
Совршено изгледаше. Е, сѐ до тој ден јас не знаев дека
постоиш. А тогаш, како и сега, беше вообичаено да знаеш
сѐ за личностите околу тебе. Ама, деца бевме, па тоа баш
и не требаше да го знаеме. Простено ни беше за тој
минус. Всушност, никој и не ни замеруваше. Камо среќа и
сега да е така. Но - не е.

Немам причина, не постои ниту една фУкинг


причина за да се потсетувам на тој ден. Мислам, ако
гледаме од еден аспект кој што е даден од гледната точка
на луѓето кои што ме познаваат мене. И тебе. Се
обложувам дека и сега тие истите би ме искарале и би ми
кажале дека токму ти не си таа која што заслужува да
биде дел од моето бебе. Литературно бебе, драга моја. Па
нели е литературно ова мое раскажување? (Јас сум
целиот литература произлезена од авантура. Жими сѐ! Јас
никогаш не сум бил по литературата, ама ич! Јас сум бил
по спортот, по математиката, по физиката, по природните
науки...По љубовта – НАЈВЕЌЕ! Хо-Хо.)
Сите тие вака некако ми велат:
Ноно, ај не гњави. Ноно, ај не претерувај. Ноно, па
таа е глупача што не заслужува ни ЗДРАВО. Ноно,
уживај бе, брат. Ноно, таа е ненормална. Ноно, таа е
луда. Ноно, таа те зафркава. Ноно, не се замарај со неа.
Ноно, остави ја. Ноно вака, Ноно онака, Ноно тоа, Ноно...
Ама аман веќе, ако не па ! Јас сум си јас, што значи дека
тие не можат да бидат јас. Простете ми, тие мои.

16
А јас, јас само ќе замижев пред нив и при секое
очно стискање би им одговорил дека не се во право. Така
правев јас секогаш.
Од така правење станав ваков каков што сум.
Сам.
Без тебе.

(Веројатно сфативте дека моментално


повторно ѝ се обраќам на онаа на која не смеам. Се
извинувам. И вам ви се извинувам, а и нејзе... Знам дека
сега тоне во земја. Срцка.)

Во моментов пијам сок од портокал. Портокалов е


сокот и ми прави киселини во желудникот. Секоја чест за
тебе: киселините кои ти ми ги правеше во срцето се
далеку неспоредливи со оваа, моменталнава. Оваа лесно
ќе помине: Кога ќе се разбудам утре, убеден сум дека ќе
бидам како нов. Ќе имам нов желудник, спремен за нови
битки. Ама, сепак, ќе си останам стариот, оној стар Ноно
кој старее благодарение на твојата рана младост. Колку
тоа апсурдно звучи, некој да старее во нечија чест. Во чест
на твојата младост. Во чест на времето кога ти, како
Јагода, уште не си била ни пркната.Ти секогаш си ја имала
таа чест, драга моја. А ни тогаш не си знаела да бидеш
благодарна на мојата искреност. И на мојата крената
глава како резултат на искрената заљубеност во тебе.
Секогаш сакаше да ми ја пресечеш. Главата. Или срцето,
сеедно.

Пред да заспијам, и оваа вечер се покајувам до сто


и назад што, по кој знае кој пат, започнав да пишувам на
тема: тебе. Знам дека наскоро ќе го заборавам овој
расказ, но, нешто ми вели дека од ова, можеби, ќе излезе
роман. Каков - таков, но – мој. И твој, да не заборавиме.
Рајски роман. Или нешто слично. Како сакаш ослови го.
Да, да, драга моја, сѐ што правев јас, го правев за
тебе. Нема минато, сегашност и иднина. Ма, ти тоа добро
го знаеш, нема потреба да повторувам.
НеЛи?
Романот на Ноно.

17
Мразам романи! Мојот живот не е приказна која
треба сите да ја читаат.Во мојот живот сите глумат. Мојот
живот е драма.
Театар.
Светот е театар.
А јас и ти... Ние живееме во еден безвременски
простор, драга моја. Простор кој имал сила и храброст да
нѐ прибере само нас во своите временски окови. И треба
да бидеме среќни што сме постоеле, иако ти и јас заедно
бевме само во моите сништа. Освен... Кога би ги тргнале
на страна оние нашите состаноци на слепо кога успевавме
само да се прегрнеме и ништо повеќе од тоа. Плус, по
некој бакнеж во чело, залутани усни на образите, и капка
солза солена која мене ми изгледаше толку горка што не
можев да јадам ништо солено два дена потоа. Само јагоди
јадев, да ми се заблажи вкусот. Смешно е колку сум бил
глупав што сум ги јадел јагодите. Смешно е, затоа што сѐ
што тие успеале да ми разблажат- била мојата тага. А
блага тага воопшто не е среќен миг. Само блага тага и
ништо повеќе.
Горчина.
Слатка горчина.
Знаеш, сега е ноќ кога сакам да те прегрнам.
Секоја ноќ е различна. Оваа ми е топла. Срцето,
слушам, ми плаче. А машко срце кога плаче – не е на
арно. На лошо е.
Драга моја, те прегрнувам со силата на љубовта,
оти, сосема добро знам дека и ти мислиш на мене. И знам
дека знаеш колку е силна силата на мојата љубов. Често
си ја осетила. Дури и тогаш кога не си сакала. Оти, јас
тебе често љубов ти дарев. Без да сакам да ми ја
возвратиш.
Еднаш рековме дека јас и ти сме поврзани на некој
чуден начин, дека помеѓу нас постои некоја невидлива
папочна врска. Само што, не знам кој е мајката, а кој
детето. Мене повеќе ми одговара мајчината улога, иако
сум машко, затоа што јас сум тој кој те сака повеќе од сѐ, а
ти си непослушното детенце кое постојано бега од
мајчините прегратки и бакнежи.
Во ред.
Збрка.
18
Некако нема логика ова.
Непланирана и непотребна збрка.

Драга моја, посакувам да заспиеш убаво, иако


постои голема можност дека ќе заспиеш на голото тело на
твојот љубовник. Го мразам, но посакувам да те сака
повеќе од мене. Ти заслужуваш да бидеш сакана. И тоа
нека му биде закана. Закана по повод мојата сакана. Нека
му мисли како те чува. Оти, ако му дојдам... (Или: Ако му
се симнам...)
Те сакам, драга моја. Знаеш. Знам дека знаеш. К
ажи им на сите дека сум ти пишал од рајот.
Нешто вака:
``ЕКСКЛУЗИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ОД РАЈОТ СО
НАШИОТ РЕПОРТЕР НОНО! НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ЈА
ПОГЛЕДНЕТЕ ОВАА ПРВА И ПОСЛЕДНА ЕМИСИЈА КОЈА
ЌЕ УСПЕЕ ЗА ПРВ И ПОСЛЕДЕН ПАТ ДА ВОСПОСТАВИ
КОНТАКТ СО ОНА ШТО НЕ СЕ НАОЃА НА ЗЕМЈАТА.
ВЕЧЕРВА, НА НАШАТА ТЕЛЕВИЗИЈА...``.

Леле! 

А сега, јас заминувам да те сонувам.


Синоќешниот сон ми даде можност два пати да те
видам. Утринава станав со излигавена уста, бев убеден
дека сме имале страсни бакнежи. После освестувањето,
сфатив дека сѐ било само сон. И се разочарав. Па, мене,
всушност, така ми помина целиот Божји ден. И животот.

Разочарано.

Тука некаде ти праќам доза извинување што сум ти


го употребил твоето бесценето име во моето обраќање.
И жалам што на многумина ќе им дозволам да
бркаат во животот наш. Но, нема потреба да се грижиш.
Истите тие, (на ваков, или друг, поинаков начин), секако
еден ден ќе бркнат.
Море, и ќе сркнат по малку од нашите животи, ај
ти...Ги знам јас што гагаџии се тие.

19
И, да не заборавам: биди паметна оваа вечер, не
бакнувај ме. Еднаш барем сакам да доживеам сон еднакво
пропорционален на моето јаве. Еднаш барем сакам да не
се разбудам настинат. Не сакам да те имам само на сон,
затоа што ми е преку глава од сонување. А толку многу ми
се спие, што не знам како ли ќе ми започне работната
недела.
Не дај Боже да те видам на улица, ќе ми го упропастиш
секој изеден залак. И ќе ослабнам толку многу, што ќе ме
прашуваат дали имам рак. Такви се луѓето, вадат муабети,
знаеш... Особено кога нешто ти се случува...
А не знаат дека, ракот, всушност, си токму ТИ.

20
2. ЗА ДА ВИ БИДЕ УШТЕ ПОЈАСНО (не дека ве
сметам за недоволно паметни. Ова е само бонус-доза)

Беше тоа многу одамна. Толку одамна што не знам


од каде да почнам.
Мразам што не се сеќавам на облеката која ја
носев тој ден. Сигурно била пригодна, облека за првиот
училиштен ден. Тебе те паметам во розево-бела блузичка,
онаква мека, блузичка што совршено ја доцртува целата
слика на мала, штотуку никната јагода. Џинсот надолу го
паметам, исто така. За другото – не се сеќавам.
Руменилото на твоите обравчиња не е дел од стајлингот
кога станува збор за облеката, ама од твојот личен
стајлинг - и те како беше дел.
Косичката...Посебна тема за разговор. Нешто што
заслужува поема. А време за поема – немам. Ме поеба
поемата еднаш, па сега се плашам да пишувам нова.
Те видов како стоиш раченце за раченце фатена со
твојата сестра, со далеку поразличен од твојот стајлинг ,
иако и двете бевте идентично облечени. Идентични
неидентификувани објекти.
Неидентификувани објекти.Човечки, не летачки.
Пред низата широки скалила, стоеше едно
момченце. Дебелко, со румени обравчиња. Навидум,
слични како твоите. Дури отпосле, сега, сфаќам дека
грешев: ТИ ги имаше најуникатните образи во целото
училиште. Поправи ме, те молам, ако грешам.
Момченцето стоеше мирно, трепкајќи во ритамот на
птичјиот пој од последните птици кои брзаа да заминат на
југ. Беше тоа есен, први септември, првиот училиштен
ден.
Во очите на момченцето можев да видам само
среќа и збунетост. Среќа – затоа што го чекаше нов
предизвик, ново скалило во животниот пат. Збунетост –
затоа што се плашеше од сѐ што го опкружува, а му беше
ново. И тоа се држеше за рака со мајка си, баш како ти и
твојата сестра. Со вашата мајка.

21
Те гледаше момченцето право во очињата како
маслинки крупни и од секунда во секунда црвенееше. Во
обравчињата, да.
Јас останав со подотворена уста од оваа слика,
драга моја. Немав сила да извикам колку сте слатки, па
морав незабележливо да заминам од училишниот двор.
Не смееше никој да ме види, па дури ни ти.
Отидов правец-дома. Седнав на старата кафеава
фотелја чиј материјал беше како од кадифе и го стиснав
филџанот до половина полн со првото утринско кафе.
Ладно.
Решив да го испијам. Тргнав со долната усна да го
вкусам кафето што мирисаше на први септември и тогаш...
Се насмеав во себе кога се сетив дека тоа момченцето
бев јас. Лично јас.
Колку често правам вакви пропусти.
Ништо не е чудно. Често ми се случува, како сега,
самиот себе да не си се препознаам присетувајќи се на
минатото.
Овде започнува тоа што никогаш не било, не е, а
нема ни да биде. Но, сепак...

...Беше тоа...

22
I < КОГА ЕДНАШ ЌЕ ПРЕСТАНЕШ? >

Клаудија - реков.
Таа немо ме гледаше позади десното крило на
вратата што ја спојуваше дневната со кујната.
Јас продолжив. Како и секогаш кога ќе се
најдевме таму.
Клаудија, престани да ме гледаш така немо,
Клаудија!- почнав да викам погласно, со доза нервоза.
Тогаш пукна тиквата. Ланчето се заглави. Јас
продолжив во истиот ритам, да ја опоменувам, да и се
дерам, да ја правам ништо, да ја срамнувам со земјата:
Клаудија, па каков е овој неред, Клаудија? До
кога ќе ги собирам овие празни ливчиња од земја,
Клаудија? Кога еднаш ќе престанеш да ги расфрлаш
неплатените сметки насекаде низ станот, драга
моја? Има ли крај на твојата наивност, Клаудија? -
бев паничен. Паника по навика.
Таа почна да плаче. Отпрвин тивко, нежно, како
незаштитено сираче кое штотуку ја изгубило својата
мајка. На лицето ми се појави мал знак на сожалување.
И, секако, продолжив. Продолжив, а завршив.
Завршив со навредите, а продолжив со зборувањето:
Доста. Избриши се. Дојди и прегрни ме - не
можев да им одолеам на усните што добија изразено
црвена боја од нервоза и стрес. Клаудија доживеа
стрес. Нервен слом. Изгледаше лигаво. Мрсоли и
течеа од носот, но ја избегнуваа прекрасната уста.
Течеа право надолу кон подот, кон теписонот низ кој
беа расфрлани сите отпадоци. Ништо не ми одговори,
само продолжи да плаче.
Ќе престанеш ли да плачеш, Клаудија? Ќе
престанеш ли да лелекаш, душо? Душо? Смири се,
мило, смири се, ангелче мое. Па, јас не сакав да те
повредам. Знаеш колку те сакам - глумев.
Клаудија? - ја погледнав прашално, а таа
направи еден чекор од прагот кој водеше до дневната,
во која бев јас. На старата кафеава фотелја. И тогаш,
проговори:

23
Престани! Престани да ме викаш така! Јас не
сум Клаудија, јасно? ЈАС НЕ-СУМ КЛА-У-ДИ-ЈА! Ќе
разбереш ли веќе еднаш? - се дереше. Хистерично.
Е тогаш јас станав она што никогаш и никој не
посакуваше да станам. Станав од фотелјата. А кога
станувам од фотелјата, јас сум груб. Насилен.
Препотентен. Брутален. Убиствен. Самоубиствен.
Фотелјата е моето омилено место каде што сакам да го
поминувам речиси целото мое слободно време. А
слободно време, во последно време имав многу.
Премногу. Доволно многу за да можам да ѝ се
посветам на мојата драга.
Ќе си ја пресечам вената на местото кое што
најповеќе ме нервира кога некој ќе ми го допре.
Левата рака, таму кај што се опипува пулсот.
Потоа ќе те испрскам со крв и сѐ ќе стане црвено.
Сите наши слики, сите наши спомени ќе изумрат
катастрофално. Во катастрофална несреќа,
Клаудија. - на крај се смирив. Изгледав како штотуку да
бев завршил со долг и тежок говор пред огромна
публика на стадион.
Земав длабок здив. Издишав, па погледот го
спуштив право надолу, кон подот. Навистина не можев
повеќе да издржам да живеам во таков неред. Ниту јас,
ниту Клаудија не го чистевме нашиот стан. А во него
живеевме повеќе од четиринаесет години.
Непрекинато. Во ланец.
Уште повеќе во главата ме бодеше тој нем звук,
таа празнина што во последно време беше сѐ
поприсутна и поприсутна во нашето секојдневие.
Клаудија молчеше. Изгледаше како да очекува
извинување или нешто слично. Каење, на пример. Од
моја страна, секако.
Ти изгледа ништо не разбираш... - се вратив
назад во фотелјата, ја ставив главата во скут,и од
длабочините на скутот продолжив - ...Клаудија.
Клаудија остана стаписана. Вџашена. Усните ѝ
мрдаа од страв. Косата ѝ беше разбушавена. Пред да
седнам ја искубав толку силно што мора да ги
избројала сите ѕвезди на небото кое не можеше да го
види секогаш кога ќе посака. Јас не ѝ дозволував да
24
излегува надвор. Таа беше принудена да живее во
мојот свет на начин како што и јас самиот бев
принуден да живеам во нејзиниот. Свет.
На образите, паралелно со мрсолите ѝ течеше
новиот римел нарачан од каталог преку мојата
колешка која секогаш знаеше да ме убеди за да ѝ
направам промет.
Не знаев како да реагирам. Останав без
реакција. Останав неподвижен, иако седев. И седејќи
можев да почувствувам како чувството за рамнотежа
ме напуштило. Имав чувство дека во главата мозокот
ми вибрира, во најмала рака си игра пинг-понг
ударајќи се од сопствените кори.
Двајца инвалиди во една соба, на растојание од
еден метар, не знаеја кој звук да биде оној следниот
што ќе прошуми во малата, неуредна соба, изградена
со скап мебел.
Јас почувствував уште нешто.Дека и таа ме
сака.Вака или онака – и таа ме сака. Ме нервираше
фактот што тоа никогаш не сакаше да ми го каже. Не
можела.
Од масичката до мене, го земав тапиот нож за
отварање писма, и силно го стиснав во десната
тупаница. Посакував да добијам сила да си го забодам
во левата рака, таму каде што најповеќе мразам да
бидам допрен. На местото кај што се опипува пулсот.
Мрднав со главата додека ги врглев очите, гледајќи ја
Клаудија со израз на исплашеност:
Немам пулс, - реков - Инаку, еВано силно ќе го
забодев овој метал во мене - ова го кажав очајно,
драмски.
Клаудија се сврте. Почна да се враќа назад, во
нејзината соба. Во нашата спална. Спалната,
последните неколку месеци, на Клаудија како да ѝ
стана омиленото место за живот.
На заминување, ја сврте главата низ левото
рамо, и низ два разбушавени прамени црна коса, ја
стутка устата онака како што секогаш сакав да ја тутка,
и со заоблени усни ми рече:
Ти мене ме мразиш, нели? - веднаш се сврте и
продолжи да оди. Изгледаше како невино девојче кое
25
заминува на спиење во 19 часот после вечерата,
цртаниот филм и напишаното домашно.
Требаше да ѝ сварам млеко, се сетив:
Клаудија? А млеко?- прашав.
Не. - одговори ладно. Како фрижидер.
Можеш да заминеш и во историјата, ако сакаш.
Гајле ми е-изгледав сериозно, а раздразнето.
На ова, таа само замижа со очите, чисто за да ги
истисне сите солзи кои ѝ останале. Да си ги прочисти
очите пред спиење. Кутрата, беше изнемоштена. Често
се прашував зошто е тоа така?
Јас седев во фотелјата и плачев. Како пијаница
која имала плодна ноќ. Не можев да го исповратам она
испиеното, а толку сакав...
Станав, ги спуштив ракавите од омилената
жолта плетена блуза, за која волницата едвај ја најдов.
Ми ја сплете една жена. Бедна старица.
Повторно погледнав кон подот, кон гадниот
тепих. Мирисаше на чад. На цигари и алкохол.
Мирисаше на први септември. Корнеше.
Набрзо некако почнав да се освестувам. Како да
ја исклумкав паметта што ми беше останала во
главата, и во истиот момент како да дознав нешто
многу идеално.
Се наведнав близу до тепихот, и почнав.
Бев како полициски пес. Ги душкав нејзините
стапала, го следев патот по кој таа пред малку
поминала. Како да не знаев дека мојата драга
заминала во спалната соба. Се разбира дека знаев,
само што, ми беше интересно да го правам тоа. Па,
драги мои, навистина ми беше досадно само да седам!
Нежно, сосема тивко ја стиснав олабавената
квака, и влегов.
Кога погледнав внатре, Клаудија лежеше на
креветот. На почетокот мислев дека е мртва. Тоа го
помислувам секогаш на прва помисла кога ќе
погледнам човек како спие. Кога ќе осетам мал звук
испуштен од устата – се олабавувам дека не станува
збор за смрт. Туку, за краток прекин на секојдневието –
спиење.
На истиот тој начин ми олесна и сега.
26
Издишав, како да сум решил тешка мистерија.
Таа навистина заспала.

27
II < СЕПАК,МОЖНОСТ ДА ПРЕСТАНЕШ НАСКОРО-
НЕМА! .>

Кога се разбудив, беше ден. Сум спиел цел ден.


Ми се гадеше.
Уште пред да ги отворам очите, ме обзема
неверојатна смрдеа. Клаудија испушила премногу
цигари. Препушила. Се отрула од пушење. Чудно како
не ме разбудила додека била овде. Таа секогаш пуши
во дневната. Мрази да спие во чад. И покрај тоа што
јас често ѝ го рушев филмот.
Но, изгледа овој пат не било така. Кога влегов
во спалната, Клаудија не беше таму. Клаудија одлично
изглумила крадец. Била сосема инкогнито.
Внимателно ме насамарила. Се разбудила, пушела, се
спремала и... Заминала. Мојата Клаудија побегнала од
дома! Каков неред во мојата глава!
Па, последниот пат кога мојата драга успеа да
избега од дома беше пред неколку години! Мислев
дека веќе нема желба да оди надвор. Мислев дека ѝ
одговара да живее со мене на ваков начин.
Се налутив. Горев од бес.
Ѝ пишав СМС порака:
Те сакам.
Ми врати и таа, секако. Ми пиша:
А јас не можам без тебе.
Страшно! Кукавички! Курвински! Кокошката не
можела без мене?! Ма даааај! Не можела без мене? А
како тогаш, сепак, можела? Па сигурно можела без
мене штом побегнала од дома и ме оставила сам!
Не можев да поверувам на сопствените очи што
читам. Па тоа беше најемотивната порака која некогаш
Клаудија ми ја има испратено. Бев благодарен до
небото и назад. О, Боже, па тоа беше напишано од
бројот на Клаудија, автоматски тоа е напишано лично
од неа. Од Клаудија. Мојата стара навика. Клаудија,
сепак, ми напиша порака. Даде некаков знак.
Добро е. Не е мртва - си реков сам на себе.
Тука некаде сакав да ѝ пишам пак, да ѝ вратам
reply.
28
Рацете брзаа, срцето не даваше. Обично,
рацете секогаш победувале, но, овој пат... Повторно
победија тие. Ѝ пишав колку многу ја сакам, ѝ пишав
дека сакам пак да ја видам, ѝ кажав дека ја чекам да се
врати, да ја прегрнам. Сакав да ѝ кажам дека едвај
чекам да ја бакнам, но, знаев оти тоа е невозможно. За
нас важеше правило на небакнување, кога стануваше
збор за бакнежите. Оние во уста. Француските.
Клаудија мразеше француски. Јазик. И бакнежи. Оние
во чело и на образ секогаш беа добредојдени. Добро,
понекогаш. Во специјални пригоди.
Каде отишла? Повеќе не беше важно, или само
така ми се чинеше поради тоа што бев премногу
изморен?
Легнав и продолжив да спијам. Сакав да
останам буден, но тоа решив да го реализирам
подоцна, кога ќе се стемни. Уживам да живеам во
ноќите на раната есен. Тогаш раната на срцето некако
добро ми функционира. Престанува да ме боли.
Раната во раната есен.
Клаудија сѐ уште ја немаше. Не се врати ни кога
се разбудив по втор пат, некаде пред самиот почеток
на ноќта. Тогаш се разбудив по втор пат, но
официјално бев буден.
Почна да ме јаде нешто одвнатре. Најверојатно,
сето тоа беа прашања на тема: КАДЕ Е ? Сепак, не
можев а да не мислам на мојата драга.
Таа би можела да направи секаква глупост, па
потоа јас ќе бидам виновен. Се разбира. Јас секогаш
бев виновен за сето она што беше направено од
рацете и идеите на мојата драга. Секогаш јас! Затоа
патам.
Ми требаше нешто да ме раздрма. Да ме опушти.
А, после спиење, многу е јасно што треба да се прави:
КАФЕ! За да се расониш, за да ти започне денот. А
мене денот што туку ми беше започнал. И покрај
фактот што веќе беше ноќ. За мене денот е ноќ, а ноќта
е ден. Јас, Ноно, сум ноќна птица.
Морав експресно да се напијам кафе. Еспресо.

Експресно еспресо.
29
3. И СЕГА, КОГА (МОЖЕБИ) ВИ Е ПОЈАСНО,
МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕМЕ: ТРИ, ДВА, ЕДЕН, СЕГА!

Го допивав ладното првосептемвриско кафе и


размислував колку и зошто сум нервозен. Сфатив дека тоа
е така единствено поради фактот што имам дваесет и
една година и што за мене повеќе никогаш нема да важи
први септември како прв училиштен ден. Впрочем, за
мене, уште малку, ниту еден датум нема да биде валиден
за прв училиштен ден. Уште некоја година, и јас ќе станам
човек со завршен факултет. Освен ако не продолжам на
постдипломски студии. Кои, траат една година. Една
бедна година. А тоа е ништо во споредба со мојата желба
за секојдневен првоучилиштен ден. Да, да, јас сакав секој
ден да ми биде први септември и секој ден да ми се
случува она што ми се случило на првиот од сите први
првосептемвриски денови.
Излегов со благи чекори кон надворешноста од
задимената дневна соба, на балконот кој гледаше во
стари куќи кои секогаш ми личеа како да се дело на некоја
бомба која паднала пред две-три години. Маалото сѐ уште
не може да се опорави.
Замижав за да го почувствувам ветрето како ме
удира по образите. А тоа се измеша со ледениот вкус на
одвратното кафе кое се беше претворило во талог. Црн
талог.
И мене ми беше црно пред очите. Знаев дека
наскоро ќе се отселам и од оваа куќа. Немаше да останам
ниту месец повеќе. Имавме проблеми со газдите.Денес, не
се ни сеќавам какви. Ги паметам само убавите моменти.
И повторно влегов во дневната. Таа беше моја
дневна, моја спална, моја кујна, моја трпезарија, моја
соблекувална. Моја. И нивна: на моите цимери. Утрово ги
немаше. Чудно утро. Тие секогаш спијат кога сите се
будни. Тие секогаш се будни кога сите спијат. Ретко се
начекувавме. Во последно време, многу почесто. Се
начекувавме. Се навикнав на нивниот животен стил, кој
сега (о колку гадно) ми недостасува.
30
Седнав на мојот расклатен кревет, погледнав во
витрината на која беше трупнат телевизорот со сребрена
боја, кој со помош на последните собно-антенски сили ја
емитуваше програмата на која секој ден во исто време
одеше мојата тогаш омилена серија. Омилена од што
мораше да биде така - немаше што друго да гледам. Беше
тоа серија со познатиот доктор Куќа. Обично го гледавме
заедно со цимерката од соседната соба, Киго.
Киго беше личност која не може да се опише, нешто
без кое што јас, после првата средба, не можев добро да
функционирам. Човече, Киго беше второ јас! Моја копија.
Човече!
Откако Киго се отсели, јас не знаев како ќе
продолжам да живеам во друг град. Некако, по
дефиниција, за да живеам надвор од моето матично дома,
ми беше потребна поддршката на Киго.
Киго сега ја нема. Ќе ја видам само накратко еднаш
во два месеци додека брзам на автобуската станица. Се
однесува како да е сосема истата, онаа старата Киго, но
јас знаев дека не е така. Добро знам кога лаже.
Убеден сум дека погодувате, и погодивте: Повеќе
не живеам во Шит.
Грешка.
(тииит) - Звук за грешка, драги мои! (Замислете си
го. ОК?)
Точниот одговор гласи вака:
Јас живеам, и те како живеам во Шит. Само, не
спијам таму. Уште тоа ми фали, и животот би ми станал
комплетен шит. Онаков каков што ми беше кога живеев.
До глава во шит. Во шитс, поточно. Шитс фром Шит, колку
тоа добро звучи!
Да се вратиме на креветот. Смрдеше на цигари.
Опасно пушеа сите членови на цимерството. Со сѐ
цимерки, другари и другарки, познати и непознати. Сѐ се
правеше во оваа соба. Веќе ви е јасно. А кога не можев да
издржам, бегав во собата на Киго. Сега таа соба е
заклучена. Газдите ја земаа под нивна територија. Имавме
забрана, вето. Ставија дури и полициска лента на самата
врата, лента од оние што се поставуваат на местото на
злосторот. Тотален хаос, апсолутна забрана за влез во
собата на Киго. Мислиш, Киго се обесила, па сега прават
31
истрага. А Киго – жива и здрава. Поздрава – здравје.
Веројатно сега, во моментов, пие кафе со Ле ФиФи.
Диригентот.
Погледнав нагоре, кон таванот. Попатно погледот
ми замрзна на една дамка на синиот ѕид. Мастика -
залепена, исушена.
Ми заличе на некој. Знаев од каде е таа мастика, но
не сакав да знам. Ама знаев. Мозокот не можеше да се
откаже од давање непотребни информации, од
информации што ми го трујат мозокот. Мозокот сам себе
да се труе, кај се видело тоа, драги мои?
Морав, едноставно морав да се сетам на целиот
историјат на фамозната мастика.
Ми заличе на девојка со црна коса. Ми заличе на
неа.
На Јагода.

32
III < КЛАУДИЈА ЈА НЕМА. КАДЕ Е ? >

На белиот јорган со кој се покриваше Клаудија,


најдов три долги црни влакна од нејзината коса.
Всушност, не беа црни. Некако почнале да бледеат. Се
плашев дека Клаудија ќе стане плава. Мразев
плавуши. Се палев на црнки. На црни коси и црвени
усни, поточно. Нешто како гејшите. Како насловната
страница од еден популарен филм, од една популарна
книга за гејшата и нејзините мемоари.
Отсекогаш сум имал желба да истурам бела
бејби-пудра на лицето на Клаудија, да ѝ ставам црн
креон и римел на очите, да ѝ ја исчешлам косата
праволиниски, а на усните да ѝ нанесам крв црвен
кармин, слој врз слој, се додека сето тоа не ми изгледа
сосема доволно црвено и секси. Па да ја бакнам, а, ако
одбие, да ја стиснам толку силно за усните што ќе ја
здоболи, па од нервоза со палецот да потеглам една
линија од левото ќоше на долната усна и да ѝ ја
размачкам црвената шминка.
Колку тоа секси изгледа!
Мојата омилена гејша од фантазиите.
Но, не сакав Клаудија и навистина да стане
гејша. Барем не додека сум жив. Не можев да
замислам дека сум заљубен во гејша. Па тоа е курва,
драги мои, тоа е чиста јапонска курва. А курва јас не
сакав да сакам. Се знае за што служат гејшите. Башка
не сум јапонец, и покрај тоа што го обожавам
јапонскиот. Јазик.
Ги зедов трите влакна и инстинктивно почнав
да ги трлам во дланката, а потоа да си ги мирисам
прстите. Личев на манијак. Глупав потег. Па, целата
соба мирисаше на Клаудија, не само нејзините влакна.
Но, тоа беше единствениот жив контакт со мојата
драга, драги мои. Само така знаев дека таа, сепак, сѐ
уште е тука. Нејзините влакна беа доказ дека Клаудија
навистина постои. И дека навистина била тука.
А ме остави. Сам. Осамен. Сам во својата соба.
Во нашиот стан.
33
Клаудија ви е, драги мои, една сосема клауди
девојка. Облачна. Облакот и јас. Клауд и ја. Таа беше
облак кој секогаш ме следеше. Постојано, во било која
ситуација која ја живеев, Клауди беше со мене.
Клаудија.
Ширум ги отворив завесите, а потоа и
прозорците. Да излуфтирам. Поточно, да се
излуфтира. Од цигари. Од Клаудија. Од Клаудија
можеби ќе се излуфтираше за кус момент, но, откако
ќе ги затворев прозорците, секогаш повторно се
враќаше оној истиот, мирис на јагоди. На новороденче
облечено во пелени претходно испрани во сок од
јагода.
Месечината ме удри во глава, баш онака како
што на вас сонцето ви прави. Сѐ што посакав е да ја
најдам Клаудија, мојата јагода, и да ја истискам во
чаша па да ја испијам како свеж сок за да ми се
разбистри во главата. Обожавав да пијам сок од
јагода. Тогаш, бев убеден дека ја пијам неа. Мојата
драга.
Башка и кафето недоволно ме разбуди. Само ми
предизвика гадење во стомакот. Гадно, црно,
експресно кафе. Експресно, црно, гадно еспресо.
Никогаш повеќе нема да го пијам!
А нејзе ја немаше. Чекав од самрак. Потоа до
зори. Спиев само еден час. А кога се разбудив, на
екранот од мобилниот стоеше дека имам две
непрочитани пораки. Пропуштени.
Клаудија е голем баксуз. Јас сум голем баксуз.
Сеедно.
Важно пораките што ми ги испратила, како да
внимавала да ми ги испрати баш во тој фУкинг час
кога спиев.
Знаев дека се од неа. Од Клаудија. Го бакнав
телефонот и оставив устата да ми дише врз екранот.
Така и пратив бакнеж на мојата гејша. Ѝ кажав дека ја
сакам и на тој начин. Не постоеше начин на кој што не
беше изјавена мојата љубов кон неа. Само, кој да
сфати?

34
4.ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ МИХАЈЛО И КЛАЈД.
МАСТИКАТА НА ЅИДОТ ВО АЗУРНА БОЈА, ПЛУКНАТА
И ЗАЛЕПЕНА.

Тогаш посакав да ја одлепам мастиката од


азурниот ѕид, ама се сетив дека после мене таму ќе
живеат уште многу други. Па и тие нека се прашуваат што
бара гума за џвакање на ѕид во дневна соба! Ќе помислат,
можеби, дека пред нив на тој кревет спиело некое дете. Ќе
помислат, веројатно, дека порано тоа било детска
градинка. Смешно. Во моментот посакав да го видам
изразот на нивните лица, да уживам во нивната заблуда и
од страна да им се смеам посакувајќи да им кажам колку
се прости. Сак`зот беше од Јагода.
Тогаш влегоа Михајло и Клајд. Без Бони. Биле да
пазаруваат, ноќта требаше да се учи. А кога ноќта
требаше да се учи, значеше дека утре требаше да се
полага. Испит. А кога требаше да се полага испит,
значеше дека треба да се пие. Па, биле по пиење. Тоа
пазарувале.
За салата можевме секогаш да се снајдеме, ама за
пиење – единствено со пари. А пари за пиење и цигари
секогаш имаше. Можеби ќе држевме принудена диета, ама
пари за забава секогаш можевме да најдеме. Случајно.
Демек, во внатрешниот џеб. Или од шишето кое го
полневме со монети-остатоци, народски кажано – кусур од
продавниците од кои пазаревме основни продукти за
преживување. Баш преживувавме.
-Кај е Бони? – се свртев кон двајцава едвај
подигајќи ја главата.
-Аман бе ти, доста цимолеше. Ццц.- реплицираше
Клајд додека ги редеше кесињата по масата, вадејќи ги
шишињата полни со алкохол. Тука се вмеша и Михајло кој
секогаш знаеше како да се вмеша. Почна да си ја прави
косата, да си ја чеша. Секогаш ставаше премногу гел.
Михајло забележа дека со мене нешто, повторно не е во
ред:
Па ли бе? – праша.
Па. – реков.
Ајде, ајде...Ќе биде. – беше сѐ што додаде Михајло.

35
Помислив, колку ли само сум му досаден. Не јас
како јас, туку јас како некој друг кој живееше во јас. Се
натажив. Не сакав да им правам проблеми. Понекогаш се
чувствував како натрапник во нивните совршено забавни
животи. Сите беа успешни на полето на љубовта, и ниту
еден од нив немаше проблеми какви што имав јас. Се
чувствував како црна овца. Како тринаесетто прасе.
Единственото нешто што јас можев да го направам,
е да им одговорам. Всушност, бев приморан да им
одговорам. Ситуацијата беше така напната а опуштена,
што, едноставно, морав да кажам нешто.
Да. Ќе биде. МОРА да биде. – реков.
Михајло од едно кесиште извади уште едно
ќесенце, а од него две три завиткани хартии. Односно,
НЕШТА завиткани во неколку хартии. Од едното никна
слајс салама, од другото слајс кашкавал - моето омилено
јадење. Сите ги научив да им биде омилено. Јас само тоа
јадев. И можев да го најдам само во Шит. Кашкавал.
Од третата хартија излегоа неколку кифличиња. И
тоа беше аманет од мене. Моја добитна комбинација кога
стануваше збор за ручек малку покалоричен од
вообичаеното.
Михајло седна, притоа грубо туркајќи го столот, и
веднаш, без да си даде простор за длабок здив – му се
нафрли на ручекот. Во паузите помеѓу залаците си
потпевнуваше некоја турбо-српска песна. Со рапавиот
глас кој требаше да биде совршен бас.
Ми беше смешен што јаде нешто што никогаш не
може да го најаде. Ама, што да прави, сака да нема пивски
стомак. А пие пиво. Е, Михајло, Михајло, за стомакот не
треба да гладуваш. Само престани да пиеш. Пиво. Друго
можеш да пиеш сѐ (барем кога станува збор за оние
пијалоци кои не го дуваат стомакот) !
Клајд во меѓувреме успеал да ја извлече гитарата.
Веќе свиреше стари југословенски песни. Популарни
некогаш и сега. Евергрини од нашите простори.
Јас?
Јас подлегнав на креветот, и сакав да почнам да
сонувам. Под итно! Во тој момент посакав да постои број
за итна служба која доаѓа и ти овозможува долг сон. Ама и
да те разбуди. После сонот. Од сонот.
36
Не можев да заспијам, а бев уморен.
Од надвор се слушаше глас на ученици, мали и
поголеми. Едни се враќаа од училиште, други одеа. И ние
бевме на училиште. Всушност, за Клајд не сум сосема
сигурен. Тој сака да поспие уште малку. Ќе се јави на
Светлана да го рецне на листата. Таа секогаш прифаќаше.
И го рецнуваше.
Благодарение на Светлана, јас завршив
факултет- велеше Клајд, втора година факултет од
можни четири. А тоа е факт кој вели дека Клајд сѐ уште не
завршил факултет. А тоа е факт кој вели дека Светлана
уште многу ќе рецка.
Ме дрмна удар од таванот. Валита се кара со Кан.
Или Кан имитира. Кој знае.
Не дај се, кажем, Инес. Не дај се.
И заспав.
Очите мора да ми личеле на сливи. А вечерта ме
чекаше забава по повод утрешниот испит. А кога утре има
испит, значи дека ќе се... Закотвува.

37
IV < СЕ ПЛАШАМ ДЕКА КЛАУДИЈА НЕМА ДА СЕ
ВРАТИ. ВО СЛУЧАЈ ДА СЕ ПОЈАВИ ПАК,ПОДГОТВИВ
КАФЕЗ.ЗА ДА НЕ Ѝ ТЕКНЕ ДА СИ ОДИ ПАК >

СМС пораките беа обични. А очекував дека ќе


бидат неверојатни, бомбастични, нови, раритетни! Но,
не. Беа само обични СМС пораки. Клаудија ми
кажуваше дека заминала да купи нов кармин. Црвен.
Стариот сум ѝ го истрошил. Премногу ја шминкам,
разбирливо.
Меѓутоа, знаев дека имаме резерви по фиоките.
Чудно.
Почнав да размислувам како да ја задржам
повеќе дома. Сакав да ја врзам со ластиците со кои
некогаш ја врзував за креветот, но таа најде како да ги
одврзува. Змијулче е Клаудија.
Ми текна дека е најдобро да ја ставам во кафез.
Така ќе биде само моја. Како птица. Иако мразев птици
во кафез – нивното постоење не се сведува на живот
во кафез. Имаат крилја, а кога некој има крилја – треба
да лета. Замислете си ангел во кафез. Тажно.
Без размислување излегов од дома. Ја
искористив приликата додека таа не беше. Дома.
Купив кафез од најблиската продавница за
домашни миленичиња. Го зедов најголемиот, за
мајмунчиња. Домашни мајмунчиња. Мразам кога
животните живеат во кафези. Нивното постоење на се
сведува на живот во кафез. Имаат раце и нозе – треба
да се движат.
На продавачката љубезно ѝ се насмевнав и ѝ
објаснив, лажејќи ја, дека мајмунот ми е на поклон од
драг колега кој заминал на работа во Африка. Па се
вратил назад на кратко и ми донел мајмун. И кажав
дека мајмунот нема сида. Сѐ – само сликата да изгледа
пореална, да останам незабележан. Продавачката ме
праша како ќе го транспортирам.
Сам - реков. Ама не можев. Сам. Ми помогнаа
двајца од продавницата. Немав време ни да ги
погледнам, па не ги прашав ни како се викаат. Не им

38
оставив ниту бакшиш. Не ги ни испратив, лесен е патот
до влезната врата од мојот стан.
Кафезот стоеше на средина од дневната. Беше
обичен. А така празен не можев да го гледам, само
железо и простор празен. Морав да превземам нешто
околу тоа. Морав да го украсам. Под итно!
Сакав да направам едно мало царство за мојата
принцеза. Кралица ќе стане само тогаш кога ќе вети
бескрајна љубов со мене. Јас бев нејзиниот крал, таа
беше мојата потчинета. Сѐ уште.
Клаудија започна да се однесува вака од
неодамна. Всушност, беше тоа еден првосептемвриски
ден. Откако се врати од училиште, Клаудија беше
изменета. Не личеше на себе. Со денови се прашував
што се случило. Можеби некој ја силувал, си велев.
Но, не. Таа сѐ уште е девица. А силувачите не
бакнуваат - тие одземаат невиност. Кај невините.
Дознав каде лежи проблемот дури после
четиринаесет непроспани ноќи. Или две недели,
сеедно.
Клаудија беше силувана. Силувана во мозокот.
Која ли гадотија се осудила да ѝ ја одземе психичката
невиност на мојата принцеза? Го сакав и го мразев
злосторникот. Го мразев затоа што одземал добар дел
од психата на мојата принцеза. Го сакав затоа што така
само направи таа засекогаш да остане моја. И само
моја. Робинка.
Робинка! Таа ќе биде мојата робинка! Веќе
никогаш нема да ја пуштам од кафезот!
За два часа, кафезот беше претворен во нешто
што во никој случај не личеше на купениот кафез од
продавницата.
Личеше на мал замок, еднособен. Прекриен со
бел сатен, а на него закачени цветови од црвени рози.
Стотици. Се договорив телефонски со најдобрата
локална цвеќарница неделно да ми испраќаат по сто
нови рози. Црвени. Така домот на мојата принцеза
секогаш ќе изгледа како да е нов, штотуку купен.
На врвот од кафезот поставив картичка со
нејзиното име. Клаудија. А под тоа напишав:

39
Малку романтика за мојата принцеза. Со
љубов, Добрин.
Сѐ беше подготвено.
Пушејќи ја дваесеттата цигара за тој ден,
гледајќи во небото од подотворениот прозорец, чекав
да се врати таа. Клаудија. Уште неколку минути, и таа
засекогаш ќе биде моја.

40
5.МОЖЕБИ КЛАЈД НЕ БЕШЕ РЕЖИСЕРОТ, АМА
ТЕАТАРОТ НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ.

Не спиев долго. Откако се разбудив, имав чувство


како да сум копал. Најтешките два часа спиење во мојата
животна спиечка кариера. Веќе беше дојдено времето кога
требаше да започнеме со подготовките за вечерашната
журка. Клајд и Михајло веќе ја преместиле големата маса
веднаш под прозорецот кој гледаше кон Шит. Цел Шит на
дланка преку дрвен прозорец – ретка слика за евтини
пари. Па, и не баш така евтини.
Михајло седеше на високо бар-столче (од каде го
најде навистина не знам) и свиреше турбо песниченца.
Бев среќен, се чувствував како да славам матура. Секако
матурската вечер ми помина како епизода од досаден
сериски филм. Незабележително.
Видов дека на другата маса веќе е изложено она
што вечерта требаше да се консумира: црвено вино, бело,
вино. Грицки. Мицки. И сосема малку сок. Колку за лек.
Чисто ако на некој му се слоши да има што да му се
подаде. Или да измеша со црвеното. Вино. Јас пиев чисто
црвено вино, никогаш не му додавав сок. Ем не ми беше
вкусно, ем сакав побрзо да се опијам. Со тек на времето –
тоа ми стана навика.
Сѐ уште со подзамижани очи, го фатив ритамот на
Михајло. Клајд отишол да се тушира. Во истата минута го
земав микрофонот во рака и почнав да пеам. Јас пеев
турбо фолк, да , да, драги мои, јас пеев турбо. Јас пеев
фолк. Ама, таа вечер ако требаше и бос по оган ќе одев.
Ми стигнале две СМС пораки, една по друга. Првата, со
прашање, а втората, пак со прашање - зошто не сум
реагирал на првата. Втората, значи, беше дополнување на
првата. Порака.
Беа од неа.
Вечерва ќе дојде ТАА, сестра и на ТАА и некоја
другарка... Или роднина, сеедно.
Се плашев како ќе се одвиваат нештата. Уште час и
половина и сѐ ќе започне. Забавата ќе стартува!
Влезе Киго. Почна да се смее. Хистерично, како и
секогаш. Заразно. Го извади нејзиниот телефон и почна да
ме снима. Очигледно – ѝ бев интересен како пеам нешто
41
што не милувам да го слушам. Нека ме снима, си велев,
доказ нека постои и за оваа ноќ. Ѝ возвратив со насмевка.
На Киго.
И така, целата соба почна да заличува на
театарска сцена. Секако, недостасуваа неколкумина други,
но, се знаеше дека наскоро ќе бидеме сите на куп.
Па што ако бев весел, а? Ништо. НИШ-ТО! Весела ми
беше само насмевката залепена за устата. (Од кај ли ја
купив м.м.е.? Сигурно снемало залихи, подоцна ретко кога
можев да ја најдам.Насмевката.)
Тогаш, со мокра, разбушавена коса, влезе Клајд.
Од светкањето на очите беше повеќе од јасно дека во
собата влегува со голема доза на креативност. Клајд беше
креативен, а ние едвај чекавме да ја сподели идејата
заедно со нас. Тогаш на вратата се потпре Мистер Мускул
со неговиот реп, и џвакајќи банани измешани со млеко,
житарици и други глупости, неразбирливо праша ШТО СЕ
СПРЕМА ТУКА?
Секако, му раскажавме. Ама накратко. Сега ништо
не беше поважно од идејата на Клајд.
Михајло престана да свири. Праша:
Што е она што следува?
Јас му одговорив дека чекам идеја. Од било кој,
иако знаев дека Клајд ја има совршената. Михајло ме
сфати, и извика, онака, басо-профондо:
Ајде Клајд, презентирај!
А Клајд не чекаше. Одма почна:
Михајло, женска ти во Шит ли е? – се сврте кон
Михајло, притоа прскајќи неколку капки вода од мократа
коса.
-Да, тука е. Зошто? – праша Михајло.
-Вечерва нема да ти биде женска. Ќе му биде
женска на Ноно, ок?
Хаха. Ок. И?
-И, ТАА ќе полуди. Кога ТАА , заедно со сите што
ќе ги донесе на гости, ќе влезе во собава, нема да има
мир, сфаќаш? А ако ТАА е немирна, тогаш тоа значи
дека Ноно треба да има надеж. Дека го сака. Нејзиниот
немир е знак дека нешто добро се случува, дека има
резултати нашата цел. Сфаќаш ли бе, мајмун?

42
-Сакаш да кажеш дека моја лејди Батерфлај ќе ми
раскине на кратко за да му биде женска на Ноно само
вечерва? Нема проблем! Но, ако ТАА знае дека
Батерфлај ми е женска? И, како таа ќе сфати дека сега
Батерфлај му е женска на Ноно, а? Сигурно нема да се
бакнуваат, нели? – нервозно, а со доза хумор во гласот
праша Михајло. Клајд одма почна да импровизира нервоза
и нетрпеливост, и во очи му изрецитира:
Сѐ е средено. Слушнете ме внимателно. Секој од
вас ќе има по една улога. Главна, споредна или статист
– не е важно. Важно е тоа дека сите сме дел од
вечерашниов театар.
Јас пеев. Феноменално се чувствувам. Киго се
виткаше од смеење. Во нејзините очи можев да го видам
задоволството од идејата која требаше сите ние да ја
реализираме претстојната вечер. Даде Киго еден
громогласен аплауз и ги покани и останатите да ѝ се
придружат. Им се придружив и јас. Додека пеев.
Се чека невестата. Бони. – кажав, смеејќи се, на
паузите од пеењето.
Бев некако опуштен. Како да бев во право дека
вечерта нешто добро ќе се случи.
А знаев дека бев во право. Собата, таа вечер,
личеше на театарска сцена.
Не ни претпоставував која претстава ќе се игра
истата вечер на репертоар.

43
V <КЛАУДИЈА СЕ ВРАТИ. КЛАУДИЈА, ТЕ САКАМ.>

Се слушна звук на остри потпетици. Брзи, а


нежни. Ми го уништија филмот во главата додека
седев потпрен на мојата омилена фотелја. Ако добро
се сеќавам, размислував за улогата на минатото во
мојата иднина. Сето тоа пропадна во вода кога се
сетив која е, всушност, девојката во потпетици чиј
остар звук се приближуваше кон влезната врата од
мојот стан.
Клаудија се враќаше дома.
Се сепнав, веднаш заборавив на прекрасните
облаци кои дотогаш ги анимирав во главата,
создавајќи си посебен цртан филм во две бои: сина и
бела, со примеси на нивна мешавина.
Слушнав како Клаудија ја фати кваката. После
првиот неуспешен обид, таа очајно почна да штрака.
Се изнервирав. Пак заборавила да земе клуч. А
немаше дупликат, клуч секогаш имав само јас.
Побрзав да ѝ отклучам. Го свртев клучот еднаш-
ЖДРАНГ! Но, тогаш се сетив дека заклучив два пати!
Уште едно ЖДРАНГ! недостасуваше - и вратата ќе
биде отворена.
Во тие неколку краткотрајни секунди, низ глава
ми прелета мислата дека можеби е подобро да не
отклучувам. Никогаш повеќе да не ја пуштам во мојот
стан. Ама, кога малку подобро размислив и се сетив
дека она што го сакам јас се крие токму во нејзиното
постојано присуство до мене , се предомислив.
Се слушна фамозното второ ЖДРАНГ!
И, ете ти ја Клаудија повторно во мојот свет.
Клаудија. – реков, а звучев како нешто да ја
прашувам.
Молам? – одговори. И таа праша. Беше јасно
дека не и е по ќеф да се враќа овде.
Во очињата нејзини се гледаше дека беше
ненормално лута што повторно ја ословувам така:
КЛАУДИЈА. Таа не сакаше да биде Клаудија. Не сакаше
да ја викам така. Не знам зошто си го мразеше
сопственото име.

44
Моли се во црква, Клаудија! Каде, по ѓаволите,
беше до сега? Знаеш ли колку време те чекав? А?
Знаеш ли? – бев лут. Навистина бев лут. И луд.
Ти реков дека ќе одам да купам нов кармин -
ова го кажа постудено од коцка мраз. И одбивно.
Клаудија звучеше одбивно и студено. Како одбивна
коцка мраз, коцка мраз што се одбива од затресена
длабока чаша.
Никогаш ништо не ми кажа, Клаудија. Ти ми
НАПИША. А не ми кажа. Изгледа не разбираш што
значи нешто да се КАЖЕ, драга моја. Изгледа ти не
умееш да правиш разлика помеѓу НАПИША и КАЖА!
Молк. Клаудија молчеше. Како да се исплаши.
Па супер! Тоа и ми беше целта.
Продолжив со зборувањето.Звучев како нејзин
родител, како некој што е приморан да ја советува:
Клаудија? Можеш ли да престанеш да се
однесуваш како да доаѓаш од психилог? Не успеаја ли
твоите пријатели да те сретнат накратко и да ти
го наполнат мозокот против мене толку доволно
што ќе одлучеше веќе да не ми се вратиш? Не те
предомислија ли? А, Клаудија? – бев зајадлив додека
таа стоеше со наведната глава како мало, послушно
девојче кое во секој момент би можело да прсне во
плач. Кутрата, мораше да ми одговори:
Не. Никого не видов. Никој ништо не ми
наполни. Само ми го испразнија паричникот.
Карминот, знаеш, скап е. – ми одговори како да
кажува поезија на памет.
Ме извади од контакт. Дали со тоа сакаше да
каже дека беспотребно фрлам пари на кармини што ги
трошам на неа и нејзината уста? Дали таа можеби не го
разбираше моето страствено обожавање на нејзините
совршени усни кои секогаш сакав да бидат нацрвени
со црвен квалитетен кармин, без разлика на тоа дека е
скап?
Морав да ја опоменам. И да ја раздразнам.
Изгледаш одвратно! Влегувај внатре,
соблекувај се. Немој да ми се шеташ како некоја
``Дама из Париза``, по дома! Не си на улица! И, да, ќе
те нашминкам по мој вкус.
45
-Да ти го дадам карминот? – за чудо, Клауди
беше сосема смирена, како ништо да не се беше
случило.
-Не. Остави го на табуретката до фотелјата.
Сам ќе си го земам. Не би сакал да ти ги допирам
рацете со кои што си фаќала ...кој знае што.
-Добро...
Е, тогаш се изнервирав. Уште еднаш се
изнервирав. Клауди можеше да ме изнервира сто пати
на минута.
Што е добро ма, Клаудија, што е добро?
Ништо не е добро, Клаудија! Сѐ е отидено во минус.
А знаеш што е најстрашно, Клаудија? Знаеш?
Најстрашно е тоа што никогаш нема да се врати
она што е отидено во минус! - се дерев драмски
додека ја гледав како сѐ уште смирено стои во место.
Изгледаше како да не ме слушаше што ѝ зборувам,
меѓутоа, таа моја теза уште веднаш беше потисната.
Клаудија проговори:
Ако додадеш една вертикална линија врз
минусната хоризонтала, тогаш ќе имаш плус. – сега
таа проба да биде зајадлива со мене.
Слушај ваму: Замолчувај! Стави патент на
таа твоја уста, оти црвен кармин на ширум
отворена уста не личи! Немој јас тебе да ти
нацртам плус на челото, во ред? Немој да ме
нервираш, добро?
Клаудија одеднаш се смири. Изгледа се
исплаши - ме послуша. Клаудија секогаш беше
послушно девојченче. Многу добро знаеше каков
можам да бидам кога претерано ќе се изнервирам.
Особено кога ТАА ќе ме изнервира.
Во последно време многу си досадна.
Размислував... Како би било ако воведам нов ред во
твојот живот, драга моја. Што мислиш ти на ова,
мила? Се согласуваш?
Таа само кимна со главичето. Косичето ѝ се размрда.
Се исплашив да не ѝ се измрси од толку движења: кој
ќе ја бања после? Ме мрзеше да ја туширам. Кога се
тушира, Клаудија секогаш е немирна. Мразев да
скротувам бесно, диво животно кое мрази вода. И туш.
46
А јас ја туширав, не можев да ѝ дозволам да влезе
сама. Таму, под тушот, би можела да се самоубие.
Можеби ќе игра руски рулет со бојлер – нема да го
исклучи. Луда е Клаудија, не ја познавате доволно вие
неа, драги мои.
-Од каде го купи карминот?
-Од ``Блек``. Зошто?
-Од ``Блек``, а? –го имитирав нејзиниот тон, па
продолжив :
- Па нели ти е срам да купуваш црвен кармин
``ОД БЛЕК`` секоја недела, Клаудија? Од
продавачката, не ти е срам?
-Не ми е.
-Па да, ти немаш срам од никого, драга моја. Ти
си толку многу самоуверена што...
-Што...?
Ме изнервира уште повеќе, а тоа беше скалило
повеќе до она што следува. Верувајте, не би сакале да
се случи она кое што јас планирав да се случи.
Почнав да ѝ ја бушавам косата. Таа отпрвин се
противеше, но подоцна ѝ стана интересно. Еднаш ми
кажа дека обожава кога си играат со нејзината коса.
Можеби ме излажа - не ми изгледаше дека сосема му е
препуштена на уживањето. Сепак, јас продолжив да
изигравам нејзин личен фризер. Иако се што знаев од
областа на фризерството е да начукам гел за коса. И
тоа на кратка коса. На мојата.
Така разбушавена, ѝ дадов знак дека може да
појде кон својата соба и да се соблече. Но, очигледно
беше дека таа тоа не го разбра онака како што сакав
јас да го разбере: брзо.
-Драга моја, ти мене не ме разбираш, така?
Уште не си го научила говорот на моето тело,
така?
-Така. Така некако.
-Марш! Соблекувај се и враќај се гола. Јас знам
што најдобро ти стои. Летај!
И – летна.
Тогаш се исплашив.
О, Боже, а ако го отвори прозорецот и скокне?
Што ќе правам јас тогаш?
47
Шајки. Клинци. Чекан. Ќе ги заковам сите
прозорци во мојот стан. Со изразени затворски
елементи во нашата спална соба. Ако треба ќе
мириса на влага, ама прозорец нема да биде отворен
барем во следните неколку недели. Додека Клаудија
не биде само моја. Тоа ќе го направам утре, си реков.
И – ако има потреба, секако.
Чекав. Ми се пристори дека чекам подолго од
сопствената вечност. Морав да викнам посилно:
КЛАУДИЈААААА! Доаѓај веднаш!
-Еве, уште хулахопките.
-Не мора. Дојди со нив. Така изгледаш
попривлечно.
Влезе. Конечно. Фајнали!
Навистина беше секси во хулахопките со месо-
боја. Беа речиси неприметливи, даваа извонреден сјај
на нејзините слаби, ковчести нозе.
Го зграпчив тапиот нож кој секогаш ми се
нудеше да ме убие, во моментите кога Клаудија ќе
побегнеше од нашиот стан без да побара дозвола од
мене. Тогаш паѓав во длабоки депресии, па сакав да си
го одземам животот. Се разбира дека сум претерувал –
некој како јас не би можел да го стори тоа. За мене,
самоубиството е глупава и ниска работа. Резултат на
слаби нерви. Резултат на мала самодоверба.
Со благ потег го допрев врвот од ножот до
десната нога на Клаудија. Еден стисок, и се слушна –
крц. Пукна хулахопката. Ама малку. Се расцвета на
мало парченце. Личеше на рез од операција. Само што
не крвавеше.
Соблечи ги. Одвратни се. – ѝ кажав заповедно.
Ме послуша. И се стресе. Почна да се тресе со
изглед дека во собата има минус педесет. Степени
Целзиусови.
Тогаш, јас почнав да се траумирам. И, баш така,
трауматично, и реков:
Те сакам, Клаудија.
И почнав да ја бакнувам по целото тело.

48
6.КАРТИТЕ СЕ ПРОДАДЕНИ. СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА
ПРЕМИЕРАТА БЕЗ РЕПРИЗИ.ТУКА СЕ И НОВИТЕ
АКТЕРИ.ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ.

Ете, некако стигна и вечерта. Фамозната вечер,


партито по кое сите копнеевме иако тоа не знаевме да го
доловиме успешно на нашите лица. Изгледаше како да ни
е сеедно што ќе пиеме.
Но, не ни беше сеедно. Секогаш кога се пиеше – од
внатре како да ни клокотеше нешто. Глумци. Бевме глумци
што глумат само со причина. А вечерва имавме причина, и
тоа повеќе од добра. Значи – ќе се глуми.
Батерфлај беше известена детално. Добро беше
запознаена со целото сценарио, па немавме причина да
не бидеме сигурни дека таа совршено добро ќе ја одигра
својата улога, и покрај тоа што на пробата не беше со нас.
Батерфлај е професионалка, немаше простор за паника.
Михајло беше на позиција – свиреше маестрално.
Ги научил првите акорди од омилената песна на
Јагода.
Клајд мешаше салата од зелка. Со оцет.
Мистер Мускул јадеше банана шејк во аголот од
собата, на кожениот двосед на кој смееше да седне само
секси мачкица во црни хеланки.
Реков јас еднаш дека таму само добра црна
хеланка може да седи. Што мајка тражи Мистер Мускул на
ова место – никој не знаеше, а не ни сакаше да дознае,
оти, Мистер Мускул би се налутил и би не претворил во
пепел. Сила е во прашање, не е играчка. Од каде ли му
беше таа сила во желудникот цел ден да гмечи банани и
млеко? Протеини. Бљак.
А, да, и Киго беше таму, секако. Киго беше секогаш
тука и секогаш таму. Или кај нас или во нејзината соба.
Повеќе во нашата. А нашата беше нејзина. Најчесто.
Таа се смешкаше пеејќи ја Прашина во воздухот
која подоцна ми стана омилена песна што ме потсетува
само на Киго. И ден денешен си ја пуштам за да се сетам
на мојата омилена Киго која во животот многу ми помогна.
Емотивно.

49
На забавата недостасуваше уште еден член. Таа
тропна на вратата и праша да не случајно спремама
свадба. Невестата.
Таа ноќ не беше нејзин ден. Не можела да
пее.Сакала да искулира. Штета што немавме клима. Ама
знаевме да искулираме природно, на наш начин.
Оригинално.
Невестата влезе.
Бони.
Оцерена од шестка до шестка внесе зрак ведрина
во нашата соба. Клајд одеднаш стана друг човек. Смирен
мафијаш. Тој и Бони тогаш не беа заедно, ама сепак беа,
само што ништо не беше официјално.
Бони знаеше што сме подготвиле без потреба да ѝ
се објаснува. Таа беше полна со идеи, нашиот идеолог без
влакна на јазикот. Личеше на подготвен војник кој ќе се
впушти во театар да игра улога повторно на војник. Војник
во срце – војник на сцена. Тоа е Бони.
Почна свирката.
Почна забавата.
Се отвори шишето.
Чашите беа полни.
Па празни.
Па повторно полни до врв.
Па повторно празни до дно.
И се така, во круг.
Мистер Мускул излезе. Во теретана, секако. Тие
банани мораше некако да се истераат од него. Плус, нему
мускули никогаш доволно не му беа.
Валита тропна три пати во знак на сеќавање дека е
ниедно време. А беше само 9 часот пред полноќ. Таа
секогаш се бунеше, секогаш нешто ѝ сметаше.
Јас? Јас дремев. И чекав. Се вцрвенував во
образите како зрела лубеница. Од срам. И од очекувања.
Да, јас повторно бев облеан во очекувања. Оваа вечер
театарот мораше да ја даде својата најдобра премиера. А
јас се чувствував како главен и одговорен за сето тоа, иако
знаев дека сите сме дел од приказната, и дека, кога би се
случило нешто – сите би одговарале за тоа.
И така... Насобрани: јас, Киго, Михајло, Бони и
Клајд, се трудевме да личиме на нормални луѓе. Исто како
50
ништо и никој да не се очекува во собата. Ама филмот ни
се сруши. Одма. Не траеше ни пет минути.
Краткометражен. Ама најдобар во својата категорија.
Филм.
Немавме ѕвонче. Директива влегуваш, освен ако не
го почитуваш листот на вратата Отворено секој ден освен
денес. Ова не важеше за сите, особено не за оние со
краток вид. А Јагода беше таква.
Уште пред да се отвори вратата, мене ми замириса
на Јагода. Се здрвив во место. И мозокот ми се здрви. И
вратот ми беше здрвен. Вкочанет бев. Ми беше вкочането
сѐ.
Добро вечеееееееер - кажа Јагода, со намерен
скопски дијалект. Лигавешки.
Истите зборови со различни тонови ги отпеаја и
Локо Бејбе и Гризелда.
Дојдоа гостите.
Сега забавата навистина можеше да почне.
Сѐ беше на своето место. Секој беше на своето
место. Само јас не знаев кај ми е местото. Ама, го барав.
Ми го бараа моите другари. И другарки. Нонови пионери.
Пијалок во секоја чаша. Пепелјарите започнаа да
се полнат. Почна да смрди на цигари. Прозвуче и првиот
акорд од Помеѓу нас. Омилената песна на мене и Јагода
што Михајло научи да ја свири на синтисајзер за рекордни
две минути. Или помалку, сеедно. Михајло беше
исчеличен музичар со добар слух. Немаше нешто што не
може да фати на клавир. Почесто на синтисајзер.
Најчесто.
Следуваа низа упатени полу-љубовни пораки од
очите на Јагода директно кон моето срце.
И уште неколку одвратни погледи на Гризелда. А не
дека беше одвратна. Девојчето баш си беше на место. На
столот до Локо Бејбе. А таа, димеше со наведната глава,
иронично смешкајќи се. Отсекогаш сум мислел дека Локо
Бејбе е иронична. Со исклучок на моментите кога сум се
каел мислејќи дека јас навистина се лажам.
Ама после тоа ќе ја сретнев и, после два реда
муабет, во неа пак ќе проработеше она, ироничното.
Се чекаше на Мадам Батерфлај. А неа нигде ја
нема.
51
Бони седна до мене, од лево.
Киго седна десно, од мене.
Јас бев во средина. Јас секогаш сум бил во
средина. Сардина.
И тогаш Бони почна да зборува глупости, ама на
увце. Јас се смешкав. Тука почнаа оние нервозни потези
на Јагода. Приметив дека не треба да форсирам. Со
ништо. Дадов знак дека треба да успориме, да дозволиме
сѐ да си тече онака како што треба, по природен пат.
Клајд нервозно пушеше. Очигледно му требаше
Бони. Колку само посакуваа да излетаат од собата, да
испарат и да ги снема. Ама, не можеа. Тогаш не беа
заедно.
Звуците од синтисајзер со свадба примеси –
престанаа. Очигледно нешто го тресеше Михајло. И тоа
како го тресеше. Мобилниот во џебот од тесните
фармерки. Го извади. Очите му светнаа како мачор пред
парење. Во собата се случи тензија. Бони успеа да не се
насмее. Клајд само дигна глава. Киго издаде срамежлива,
неприметлива насмевка. Одеднаш сите ние, нашите,
комунициравме низ воздухот.
Михајло не можеше да молчи. Погледна правец кон
мене, и со убиствено предупредувачко-смирувачки тон ми
рече:
Ноно, Батерфлај е. Бесплатно е во нашата
мрежа, затоа тука ѕвони. Се вратила во Шит. Сака да
те слушне. И да те види. На , разбери се. – изрецитира
Михајло со најбасовскиот бас над басовите. Плус рапав.
Од роџење, како што се правдаше тој.
Јееее – кажав јас, Батерфлај! Јес! – кој знае колку
сум бил проѕирен. Сепак, бев потемен од било што.
Она што го глумевме немаше да биде совршено,
немаше воошто да биде природно ако Мистер Мускул (се
вратил од теретана) не се појавеше на вратата со
зборовите:
Бони, сакаш пуканки? Ела, ќе ги пукаме, со свинска
маст, знаеш ама се вкусни?

Патос.

52
VI < ШТО ЛОШО ТИ СТОРИВ ЈАС? ШТО ДОБРО МИ
СТОРИ ТИ? >

Клаудија влезе, ама не влезе. Влезе во


дневната, но не и таму каде што требаше да влезе – во
кафезот. Не ми беше јасно зошто сѐ уште не го
забележува, или пак тоа беше само преправање?
Можеби, едноставно не сакаше да го види тоа чудно
нешто што стоеше никнато како чир во средината од
дневната соба на местото каде што претходно стоеше
висока бар-масичка и две високи бар-столчиња. Бар
столчиња имаше. Ако не друго.
Бакнувајќи ја по целото тело, уживав во
мирисот кој отсекогаш ми бил омилен – мирис на
бебешка кожа, невиност и крв. Свежа крв, од вена
неистечена.
Не успеав да ја бакнам филмски. За нас беше
невозможно да се бакнеме во уста. Нема шанси!
Ја одлепив долната усна од папокот на Клаудија
во моментот кога ми се згади од помислата дека јас
бакнувам девојка која секогаш си играла со мене и
моите чувства. Не смеев да дозволам да продолжи.
Затоа престанав со играта т.н. бакнување, но
продолжив да изгледам смирено, сталожено и
опуштено.
Клаудија си ги прегриза усните. Помислив дека
паѓа во делириум, очите ѝ светкаа како да доживува
оргазам. Морав да го прекинам нејзиното задоволство.
Ама, се плашев. Не знаев како. Можеше да биде кобно
по моето тело. Клаудија можеше да ги зарие своите
долги црвени нокти во моето месо кое не видело
болка поголема од обичен родителски шамар. Пред
сто илјади години ударен.
Повторно бев изигран. Клаудија беше во водство. Ме
пресече.
Ме мразиш ли? – праша толку тивко што човек
би можел да помисли дека пред него стои најневиното
невино суштество на оваа планета.

53
Морав да ѝ одговорам, колку и да не сакав – ми
беше жал.
Не. Зошто? Зошто мислиш така? – одговорив
и поставив прашање. Истовремено. И покрај тоа што
знаев дека Клаудија немаше да ми одговори. Таа
никогаш немаше конкретен одговор на моите досадни
прашања.
Тогаш престани да зборуваш лошо за мене
наоколу. Можеш тоа да ми го кажеш лично мене –
рече.
КОМУ тоа јас сум зборувал лошо за тебе? –
знаев дека некој нешто навистина ѝ кажал, и дека тоа
се случило кога излегла да купува кармин. Сто пати се
покајав што не ја заклучив ден порано во оној кафез
што сѐ уште стоеше како здрвен плачејќи по
присуството на мојата драга.
Јоана ми кажа . Сѐ !– уште да заплаче.
Јоана? Дали навистина таа... О, Боже – не
можев да верувам. Навистина не можев да верувам.
Ама, се трудев да останам ОК и продолжив со
испрашувањето и докажувањето и оправдувањето:
Бев поднапиен. Бев изнервиран. Сиве овие
искинати листови... Знаеш... И неплатените
сметки... по... теписите... Па... се расправавме... и...
ти заспа... Морав да и се јавам на Јоана... Да ѝ кажам
за да ти пренесе во случај да те види – звучев како
да имав стопроцентно присуство на алкохол во мојата
крв. Или крв во мојот алкохол, сеедно.
Можеш ли да престанеш да пиеш? Ако ме... Ако
не сакаш да личиш на крвопиец. Господе Боже, толку
многу беше пијан последен пат кога се видовме...
Надвор. Очите ти беа изврглени како на некој
монструм. Се плашев дека во секој миг ќе ме
нападнеш, ќе ме залепиш на некој ѕид , и ...
-И? Ќе те силувам? По ѓаволите, Клаудија, се
слушаш ли ти што зборуваш? Глупава девојко!
Смотана. Чудак!
-Престани да ме викаш со тоа име. Јас не сум
Клаудија. Сакаш ти да се викаш Бошко, на пример?

54
-Бошко. Јас. Јас да се викам Бошко? Е не може!
– бев спремен да ја нападнам. Ама овој пат – стварно!
Да ја убијам.
Ја кренав десната рака со стисната тупаница,
решително подготвена да се зарие во ликот на Клауди.
Тогаш пред мене се испречија најубавите усни на оваа
Земја. Не можев да ги скинам. Не смеев да им ја
одземам невиноста. Не тогаш. Не во тој час.
Клаудија, те молам... – навистина ја молев. Се
трудев да бидам добар. Паднав на колена со раце
вклопени една во друга со положба за молитва.
-Зошто ме викаш така? А? – праша со големо
количество иронија. И злоба.
-Ќе дознаеш, драга моја... Ќе дојде и тој ден...
Всушност, ќе дознаеш АКО ВООПШТО треба да
дознаеш. Ќе видиме како ќе... биде. – дадов
дипломатски одговор во вид на пелтечење.
-Добро. Добро. Колку си мрднат ти, Добрине.-
ме исплаши колку поетски го кажа тоа ``Добрине``. Со
француско ``р``. Намерно. Како француска дама беше
мојата Клаудија.
Ја засакав повеќе од пред една минута. Здивот
во грлото се бореше да излезе низ устата, да
воздивнам силно можев уште истиот миг. Ама тогаш
Клаудија ќе сфатеше дека се уште сум слаб. А тоа не
смееше да се случи. Па, јас бев нејзиниот господар.
Таа беше мојата робинка. А господарот им заповедува
на робинките. Тој е силен, им заповедува!
Затоа, јас заповедав:
Влегувај во кафезот!
И, веднаш следуваше измачувањето.
Заплашувањето, поточно:
Таму ќе останеш одредено време.
Клаудија замрзна.
Термометарот покажуваше 24. Степени
Целзиусови. А тоа беше премногу жешко. Сакам да
кажам, немаше теоретски шанси и основни можности
Клаудија да замрзне. А сепак – замрзна. Во место. Се
вкочани. Изгледаше како да е мразулец, со нејзината
ковчеста конституција.

55
Зграпчив добар дел од најубавата коса која
секогаш обожавав да ја галам и мирисам. Сега ја
теглев. Насилно ја влечев по подот носејќи ја кон
спалната. Од нејзиното смрзнување ми стана јасно
дека не сака да влезе во кафезот, дека се плаши од
него.
По ѓаволите, па таа не треба ни најмалку да се
плаши! Па таму е толку убаво! Внатре, во кафезот, има
сѐ што еден човек може да посака. Една жена. Една
девојка, поточно. Една личност како Клаудија. Имаше
цветови од црвени рози. Миризливи свеќи. Шарени
картички. Ѕидови од бел сатен. Бели и розеви меки
кадифени перничиња во форма на срценца,
недопрени, невини... Па, тоа беше едно мало царство!
Клаудија требаше да биде една мала принцеза (сѐ
уште не беше дорасната за да биде кралица).
Клаудија беше лута. Надувана во образите,
устичките црвени. Очињата нејзини беа асоцијација на
зајаче исплашено од правта што лета и се лепи на
неговото крзно од плиш. Тенот ѝ беше речиси пет
нијанси потемен. Беше модра. Од нервоза. Од мака. Од
инает. Клаудија беше инаетчика. И остана.
Јас бев лут. Исушен во образите, устата во
права линија. Очите мои беа асоцијација на бедник кој
очајно моли за ронка помош или петминутен
охрабрувачки разговор. За совет. Не знаев како да
постапам. Тенот ми беше нормален. Ама се тресев. Од
мака. Од инает. Јас бев инаетчија. И останав.
Одлучив да ѝ ја пуштам косата, па да ја
прегрнам. Да ја стиснам. За почеток. Прво, да
почувствувам како ѝ мириса косата откако за прв пат
го напушти нашиот стан. Во изминатите четиринаесет
години Клаудија ретко излегуваше. Речиси воопшто.
Секогаш беше со мене. Само што, тоа беа поинакви
времиња. Тогаш сѐ беше совршено. Сега сѐ беше
разрушено. Сега требаше само да ја помирисам
лутината на мојата драга и дури тогаш да одлучам што
ќе биде понатаму.
Клаудија насети дека ќе се случи нешто лошо.
Веќе беше дресирана.
Кучка.
56
Беше во право. Нејзината интуиција никогаш не
ја лажеше.
Затишје пред бура.
Мозокот ми работеше брзо, без цензура.
Цигара, сок, стисок врз нејзината рака. Потоа
нова тура.
Таква е мојата култура.
Бев тром, а нежен.
Не за џабе еднаш имав петка ликовно, а двојка
фискултура.
Клаудија не можеше да каже Ура.
Јас бев навистина лут. И луд.
Таа беспомошно ја крена главата од моите раце
кои ѝ ја подарија најискрената прегратка.
Клаудија не би била Клаудија ако не постави
лошо прашање:
Што лошо ти сторив јас?
Заплакав.

57
7.СМРДЛИВИ ПУКАНКИ СО СВИНСКА МАСТ ПО
ПОВОД ПРВ ЧИН, ПРВА СЦЕНА.ТЕАТАР. И КРАЈ НА
ТЕАТАРОТ.

Мирисаше на пуканки. Смрдеше, поточно. Или на


пуканки, или на свинска маст. Измешано, гадно аромиче
кое подмолно ти влегува во ноздрите и те тера да ти
потечат лиги од устата. Ма каква диета, ќе ја прекршиш и
најригорозната ако треба!
Секако, Бони и Мистер Мускул пукаа пуканки во
кујната која се наоѓаше на крајот од ходникот. Во чело од
влезната врата. Блиску, а толку далеку. Блиску – оти беше
блиску до тоалетот. Далеку – оти беше на крајот од
ходникот. Блиску – оти, кога и да се готвеше – мирисаше –
издигаше. Така кујната беше блиску до сите нас, а далеку
од нас сите.
Ние, во собата, можевме да слушнеме сѐ што се
случуваше надвор во ходникот. Сега, сѐ што се слушаше
беше мелодичниот глас на Бони која, очигледно, глумеше
лудача на која ѝ се смешни Мускуловите шеги. –Чки.
Се обложувам дека Мистер Мускул во тој момент
така силно посакувал да ја крене во раце наша Бони и да
ја внесе во собата кај нас со горда насмевка, мандајќи го
репот од косата како бик кој победил човек – тореадор на
корида.
На сите наши лица се гледаше, (о, ДА, беше повеќе
од очигледно и природно) еден природен израз кој
кажуваше СЕ освен тоа дека сме актери. Сосема
заборавивме на нашите улоги. Ама, нема да е тоа-тоа ако
некој нѐ не потсети.
Тогаш влегоа ТИЕ:
Локо Бејбе, Гризелда и ... Јагода.
Со Локо Бејбе се поздравив вообичаено. Откако се
испоздрави со сите правејќи фаци дека ги познава веќе
долго време и дека ѝ е мило што повторно ги гледа.
Со мене беше најсреќна: иронична насмевка и груб
стисок при гушкањето.Можев да ја почувствувам нејзината

58
шегобијност според треперењето на нејзиното тело.
Одвратно.
Со Гризелда се поздравив онака, ладно. Со
најстудената гушка на белиов студен свет.
Моментот на ракување со Јагода... Е, тоа беше
момент! Момент на вистината! Тоа е оној момент кога се
трудиш да не се издадеш самиот себе си и сопственото
срце дека си возбуден. А јас бев возбуден. Видно. Ама
Јагода во никој случај не смееше тоа да го почувствува.
Ни под разно. Е тоа ви е, драги мои, навистина
безобразно: да не можеш да бидеш она што навистина си.
А јас тоа го мразев.
Ја пружив раката кон Јагода, и не ја гушнав.
Единствено нејзе не ја гушнав. Не ми текна ни малку дека
токму тоа е оној факт кој што ме издава. Не го открив
мојот предавник. Мојот Јуда. Верував во него како слеп кој
му верува на стапот: каде го носи – таму оди. Без ронка
двоумење.
Е, баш без двоумење, јас седнав на креветот. До
Киго. Набрзина повторно влезе и Бони. Смрдеше на
пуканки. Во двете раце стискаше мрсни топчиња со сол.
Не успеа да се ракува со гостинките, па само ги
отпоздрави, онака, низ заби, низ храна, низ пуканки:
Зњљдараво. Тоа требаше да значи ЗДРАВО. Ми стана
смешно. Се сетив кога беше принудена да се слика со
Циганката од нереалното шоу. Каква кисела насмевка
држи Бони на фотката – еден Господ знае.
Седна до Киго. Бони, Киго, па јас. На креветот. На
мојот кревет. Таму кај што спиев. И седев. И лежев. И
одмарав. И јадев. Сѐ! Мојот кревет – мојот целодневен
престој.
Останатите од нашиот тим си беа на своите
почетни позиции. Помеѓу нив – промена. Помеѓу секој од
нив по една дама. До Клајд – Гризелда. До Мистер Мускул
– Локо Бејбе. До Михајло – Јагода.
Актери до обични смртници. Глумци до луѓе. Или
нелуѓе.
Јас, Киго и Бони – смирени. Како да не сме
слушнале што е тоа насмевка. Зедов бел лист и шкртав:
кругови, букви, стихови од балади. Срциња. Полу-срциња.
Скршени срциња. Киго само ми помагаше во цртањето и
59
кисело се смешкаше. Но, не покисело од Бони на
фотографијата со Циганката. Во никој случај. Бони
немаше конкуренција во правење кисели насмевки. Беше
првак. Професионалец. Браво, Бони. Но, за тоа – потоа.
Јагода се смешкаше по теркот на Локо Бејбе.
Лудото бебе пушеше цигара како шериф.
Гризелда, исто така, со примеси на винце.
Сите ние, од нашите, едвај чекавме да тропне
вратата за да почне претставата. Тоа ни беше однапред
договорениот, непланиран знак за старт.
И, тогаш вратата тропна. Поточно, некој тропна на
вратата. Три пати.
Мадам Батерфлај. Во полн ефект.
Ноноооооооооооооооооооооуууууууууууу!!! – како
да го видела Бред Пит!
Јас се здрвив. Не знаев како да се
однесувам.Талентот за глума во истиот момент како да ме
напушти.
Станав од креветот. Скокнав, поточно. Ја гушнав.
Ја стиснав. Ѕврцките ѝ ги извадив. Сто посто. Дури ,
слушнав и „крк“ под рацете. Како што сто посто сум
сигурен дека сум ѝ ги извадил ѕврцките, така сто посто
Мадам Батерфлај сакала да ми бувне еден бокс во лице.
Ама, не можеше. За атер на Јагода.
Драги мои, не бевме свесни ни малку дека
режисерот на оваа претстава, всушност, беше Јагода. Таа
ги даваше правилата. Ние бевме само помошници:
шминкери, суфлери, костимографи, сценографи. На
подготвена сцена да дојде режисерот и да управува со
нашите движења. Вербални и физички. Движења.
Сите наши скришум се смешкаа. Јас ќе им ја
возвратев најгласната насмевка што ја имаат чуено, ама,
пустиот, не смеев. Морав да бидам сериозен. Па, нели сме
на сцена? Глумци ли сме, што ли сме?
Мадам Батерфлај се плесна на креветот помеѓу
мене и Киго. Јас се потргнав до ќошот, за да ѝ направам
простор на мојата девојка. Идна девојка. Ама, само во
претставата.
За неполни две секунди , јас и Пеперутката
изгледавме како најзаљубениот пар на векот .А, всушност

60
бевме преваранти како Енџи и Бред. Нашминкана љубов
за слава и пари. Љубов за љубов.
Тука следуваа гушкања, шушкања, мушкања,
бушкања... Помеѓу мене и Мадам Батерфлај, многу јасно.
Јас ја галев по косата, прстите ми минуваа врз нејзините
обравчиња. Морам да признаам дека беше прекрасна,
баш беше мој тип. Бебе.
Кога сме кај Бебе, Локо Бејбе не престануваше
иронично да се смее. Смеење од зорт, ТИП А. Гризелда
само нуркаше во земја, како да измислува робот. Гризелда
научникот.
Во Јагода никако не погледнував. Ем не смеев, ем
не сакав. Ако погледнев во неа – сѐ ќе пропаднеше.
Глумците, тогаш, од нервоза би ја напуштиле претставата.
Од принцип. А не од непрофесионализам. Јас не сакав да
глумам во претстава без добра екипа, не можев да
останам на сцената сам. Тогаш тоа ќе личеше на бледа
ученичка пиеса изведена на табла пред глупавите
другарчиња приморани да гледаат глупости на класниот
час. Такво нешто правев, ама кога бев во основно. Сега
сум академски граѓанин, па претставите мораат да бидат
академски. Отмени. Професионални. Сериозни.
Се трудев погледот да го држам некаде настрана,
евентуално во Батерфлај или во Киго, или во Бони, која
што, несомнено, таа вечер беше една од погласните.
Раскажуваше во нејзин стил за случки од минатото. Бони е
како компјутер. Понекогаш се прашувам како ли ги
запаметува сите нешта во себе, каде ли ги складира, и на
крај, како ги пронаоѓа баш во вистинскиот момент. Бони,
браво, Бони!
Значи, се трудев погледот да не ми лута кон масата
на која седеше Јагода. Само еден единствен грешен
поглед и сѐ можеше да пропадне во вода – Јагода ќе
сфатеше дека сѐ што правиме – правиме за неа. Сепак, со
краевите од очите не можев а да не поткачам по некој
дел од потезите кои ги правеше таа. Беше црвена во
обравчињата, баш онаква каква што беше на првиот од
најпрвите училишни денови кога ја запознав. На масата
стоеја две огромни длабоки чинии преполни до врвовите
со пуканки. За мезе. Мистер Мускул и Бони и овојпат

61
добро си ја извршиле задачата. Гостинките, по правило, и
тие јадеа. Пуканки.
Поткачив еден момент кога на Михајло му падна
пуканка од рака при обид да си ја стави во уста и да ја
смачка. Му падна на подот, а имајќи во предвид дека
одамна не беше чистено, не планираше да ја крене. Но, за
чудо над чудата, Јагода се наведна и ја зема малата,
солена, миризлива, полна со маст, пуканка. Нежно ја зема
со двата долги прста од десната рака и појде кон устата на
Михајло. Ми дојде да вреснам, да фрлам чаша, или шише,
божем несакајќи. Не смеев. Морав да останам смирен. Се
изненадив кога овој `бон-тон` гест Михајло го прифати без
ниту тронка покајание. Оу Мај Гад : МИХАЈЛО ЈА ИЗЕДЕ
ПУКАНКАТА! Не ми беше мака што е гадна. Повеќе ме
јадеше фактот што Јагода му ја стави во уста и се
однесуваше како да му се пушта на мојот френд.
Ненормална! Е, тука некаде пукна филмот! Време беше за
нов чин. Решив сам да го кројам сценариото, барем
остатокот од таа претстава сакав да биде мој производ,
замислен баш по теркот на моите правила и
размислувања.
КАДЕ МИ Е НИВЕАТААААААААААААА? – невиден
лапсус на Михајло. Како само можеше да го каже ова? Тоа
беше нешто што Јагода и Локо Бејбе ми го кажаа во
доверба. Нешто што го извикала Гризелда во некоја
одмор-прилика, незнаејќи каде се наоѓа нејзината помада.
Не смеев да испуштам дека знам за тоа, ама беше
смешно па сосема нормално го споделив со мојата банда.
Без команда. Сега Гризелда знаеше дека е издадена, а
сестриве живи се јадеа што ми кажале за тоа. Јас
пропаднав. Не во земја. Во креветот. Пропаднав. Ја
стиснав скришум раката на Бони а таа само се насмевна.
Таа знаеше дека КАДЕ МИ Е НИВЕАТА е израз на
Гризелда. Михајло ги забележа изразите на нашите лица,
и, незнаејќи во што е проблемот – продолжи да свири и да
пее. Погласно. Јас не знаев што да правам. Црвенеев и
пропаѓав. Федерите од мојот кревет само што не се
откачија. Пропаѓавме и јас, и Бони.
Тогаш, јас, како созреан актер, сосема нечујно и
соопштив на Мадам Батерфлај дека треба да замине од
оваа и да премине на малата сцена. Имавме сцена во
62
сцена. Или, соба до соба, како повеќе милувате. Како ви е
појасно. И посликовито.
Мадам излезе како газела. Мирисаше нападно, а
слатко. Никогаш нема да го заборавам тој мирис кој ме
натера да размислувам дека таа и навистина е мојата
нова љубов.
Овде ќе ја прекинам официјалната претстава. Се
селам во бекстејџот. Во грин-рум. Малото собиче кое
подоцна ќе му припадне на неверојатниот Цецо. Излегов
од сцената, и како вистински актер си ја избришав потта
од челото, после добро одиграниот прв чин. Според
текстот, имав простор за десетминутна пауза, ништо
повеќе. Се трудев да се релаксирам - не бев дел од
главните случувања. Влеговме јас и Мадам во соседната
соба, запаливме миризлива свеќа која јас ја пронајдов
барајќи во старите шкафови на Валита. Пронајдов некои
стари фотографии од Валита-млада, па почнавме да се
смееме како луди. Мадам ме предупреди да бидам тивок,
да не се издадеме.Јас неконтролирано ги гризев ноктите
од рацете и за миг се почувствував кретенски. Батерфлај
ме потсети дека треба да се смирам, затоа што сѐ се
одвиваше според однапред предвидениот план.
За сето тоа време, во соседната соба се случувале
низа перипетии. Не очекував дека толку брзо ќе дојде
крајот на нашата претстава. Иако, јас им верував на моите
глумци. Знаев дека на сцената ќе бидат подеднакво добри
и кога јас, главната улога, не сум присутен на истата.
Чекај, чекај... Јас главна улога? Не верувам... Сѐ повеќе
ми се чини дека таа вечер главната улога ѝ припаѓаше на
Јагода, но, залудно, затоа што таа не доби улога на
кастингот. Барем не во официјалниот дел. Таа сега беше
само дел од интимната публика. Интимна публика за
интимна претстава, колку убаво се совпаднаа работите.
Да, сѐ беше така убаво совпаднато што мораше
некој да падне. А кој друг, ако не ЈАС? Јас и лично јас, по
кој знае кој пат! Не очекував дека театарската претстава е
возможно да ги добие димензиите кои во тој момент
започнуваа да излегуваат од контрола. Сантиметар по
сантиметар. Метар по метар. До километража. Сѐ беше
излезено од сопствените граници.

63
Се растропаа врати. Баш кога јас и Мадам сакавме
да излеземе од грин рум-от и да си ги бришеме устите
небаре сме се бакнувале до бесвест. Така наложи
режисерот. Сепак, изгледа дека бевме принудени таа
сцена да ја прескокнеме. Да ја избришеме. Публиката
негодувала, стивнале аплаузите, пукнала подлогата на
нивните седишта и веќе место не ги држело. Гостите
сакале да си одат. Дома. Во второто дома.
Јас и Батерфлај динамично, во алегро-темпо.
Видно исплашени, љубопитни да дознаеме зошто се
кренала врева. Јас помислив дека избил пожар на
„сцената“ и дека сега сите истрчуваат, онака, громогласно
од сите страни, секој одејќи на своја страна за да спаси
глава од оган. Но, не било така. Да, во ходникот навистина
владееше хаос, тотален хаос, постреволуционерен,
чиниш. Јагода веќе излетала од театарската куќа. Локо
Бејбе и Гризелда правеа набрзински обиди да си ги
навлечат патиките на нозе, па да си ја летнат и тие по
својата другарка, роднина, или што и да е.
Се што се сеќавам е моментот кога Локо Бејбе,
повторно иронично, ме погледна и отсечно ми рече:
Ноно, чао, Ноно. Кај се изгуби бе ти? Имаш гости,
ако не па!
А јас, Ноно, кутриот, само поцрвенев во образите и
реков:
Де, па ти па... Останете уште малку... Зошто
брзате... Тука сум јас... Имав битен муабет со Мадам
Батерфлај... Еее, ама сте... – лошо пелтечев. Речиси
неразбирливо. Природен ефект кој се јавуваше кај мене
секогаш при разговорите со Локо Бејбе. Зошто – ден
денешен не ми е јасно!
И така, драги мои, претставата заврши. Не го
доживеа ни својот трет чин, иако беа планирани три за
одигрување. Ние, актерите, се погледнавме во очи, секој
со секого, секое око со секое друго. Око. Ни беше јасно
дека доживеавме крах. Дека платите ќе ни ги намалат.
Можеби ќе не набркаат од работа. Арно ама, никој не
беше позагрижен од мене. Да , да, драги мои, пак јас си го
окркав стапот. Останат сам, на прагот од нашата соба,
како дете-скитник во потрага по засолниште, немо гледав
кон таванот и чекав. Чекав да ми одржат лекција. Чекав
64
реакции. Знаев што ме чека, затоа и чекав. А не ми се
влегуваше. Не бев подготвен за нова доза на нервоза. Бев
пред нервен слом. Изгубен во просторот, во светот и во
векот. Изгубен во самиот себе. Без ронка надеж за светла
иднина. А мојата иднина беше Јагода. Сега и таа замина,
без поздрав. Со неми погледи ги прашував моите колеги
што навистина се случило, кој е крив, зошто претставата
завршила? Никој не ми кажуваше.
Не бев ни забележал дека околу мене веќе сѐ беше
чисто. Секој си го фатил своето место. Еден ја раскреваше
масата, друг седеше со запалена цигара... Мистер Мускул
уште џвакаше... А таму, некаде од длабочините на
ходникот, на самиот крај кој водеше до тоалетот, слушнав
нервозно пцуење. Беше тоа Михајло, очигледно, крајно
незадоволен од оваа актерска постава. Жими мајка знаев
дека ќе ја менува, веќе од утре ќе започне со новиот
кастинг. Како нов режисер на новата претстава.
Се чувствував бедно, понижено. За мене, тука
заврши актерската кариера. Или тоа беше само мое
верување?

65
VII <ПУСТА ЖЕЛБА ЗА ЉУБОВ.ЗА КРАЈ. >

Таа вечер имав желба да ја убијам Клаудија. Јас,


всушност, честопати се имав доведувано во такви или
слични ситуации, само што тоа никогаш не било
доволно силно, доволно реално, доволно возможно,
за да биде остварливо.
Сепак, таа вечер посакав да ја снема мојата
драга.
Не можев да го поднесам секојдневниот
притисок кој ми го вршеше оваа кутра девојка врз
моите сетила. Не сакав да продолжам да ја
малтретирам, а со тоа ќе си направев услуга на самиот
себе си – и јас самиот да не се малтретирам.
Таа спиеше во нашата спална соба. Немав
желба да ја гледам додека спие, како што вообичаено
посакував. Сега сакав само да влезам набрзина, и без
да ја погледнам да испукам еден куршум во нејзините
гради кои беа ставени на излог благодарение на
нејзината проѕирно – бела ноќница.
Во главата набрзина си створив филм: како би
сакал да изгледа убиството. Отпрвин, ме пецна нешто
во срцето. Знаев дека, ако ја убијам Клаудија, јас ќе го
убијам сопствениот мој живот. Таа беше мојот живот.
Таа беше моето сѐ.
Не бев спремен да се самоубијам, знаев дека
размислувам на глупави теми. Сѐ што требаше да се
направи е физичкото присуство на Клаудија да биде
оневозможено за целиот остаток од мојот живот.
Сепак, ми беше јасно дека со тоа Клаудија не би била
потполно мртва: психичкото постоење на мојата
драга, постои можност дека засекогаш ќе ме
придружува. А тоа, и без друго, би можело да ме
докрајчи.
Си ја замислив Клаудија облеана во крв на тој
огромен кревет во таа речиси потполно бела соба.
Единствениот контраст во целата слика го правеше
само нејзиното руменило на образите, природно
црвената уста и темната боја од нејзината коса.
Црвената крв би можела да предизвика контра-ефект,
човек би можел да помисли дека се работи за
66
растечена шминка, не би можело да биде приметливо
дека Клаудија е мртва убиена , па така нејзиното тело,
постоеше голема веројатност, би можело да остане на
тој кревет и таму да скапе. Не сакав мојот стан да биде
вечниот дом на мојата драга.
Речиси го репетирав пиштолот кога се сетив
дека е подобро да ја оставам жива. Помислив, колку е
слатко да ја одржувам во живот, притоа правејќи со
неа се што ќе посакам. Ќе можам да го контролирам
секој нејзин чекор, секој нејзин збор и секое нејзино
движење. Можам да си играм со неа, затоа што таа
отсекогаш обожаваше да си игра.
Да, Клаудија заслужуваше да биде жива. Или,
ако по некоја случајност умре, нека биде тоа од
природна смрт. Не можев да си дозволам затвор на
млади години. Сѐ уште имав што да му покажам на
белиот свет.
Наспроти моите размислувања, влегов во
нашата спална и – ја видов – поубава од кога и да е.
Малку избледеаната црна коса ѝ беше распослана на
белата перница од сатен. Бојата на усните, и таа
почнала да бледее. Усните на Клаудија беа мирни,
истенчени во права, тенка линија. (Долната голема
усна, за чудо, можеше да се види само кога Клаудија е
будна. Кога спиеше, секогаш имаше тенки усни.)
Бев горд на самиот себе што ѝ дозволив да
спие во нашата спална уште оваа вечер. Мораше
постепено да се привикнува на новата животна
средина – нејзиниот кафез. Таа сега спиеше за
последен пат во нашиот заеднички кревет за спиење.
Клаудија лежеше како заклана.
Помислив дека умрела. Беше сосема бледа.
Одвратно, сите живи бои во неа почнале да бледеат.
За миг се стресев и во главата ми помина слика на
грда девојка. Се исплашив: да не е ова можеби знак кој
вели дека мојата драга почнува да грдее?
Морав да почнам да ја разубавувам. Се сетив
дека пред неколку месеци имав купено нови, остри
ножици. Утре Клаудија ќе добие нова фризура. Играте
мора да почне. Првиот ден во кафезот мора да биде
совршен. Едноставно, кога веќе сакам да го сменам
67
животниот стил на Клаудија, морав да го сменам
целосно, од корен. И психички, и физички. Сепак, имав
уште време за да го осмислам сценариото. Сега се
задржав на моментот – Клаудија додека спие. Момент
што секогаш го обожавав. Вака, гледајќи ја како спие
овде за последен пат во нејзиниот живот, решив
целосно да ѝ се посветам.
Ја бакнав врз устата тивко, за да не ја разбудам.
Ѝ беше сува и испукана. Ја обожавав во такво
издание. Ја бакнав на десниот очен капак. Се сетив
дека левиот може да љубомори, па ја бакнав и таму.
Со показалецот од мојата десна рака, сосема нечујно
ја допрев за носето. Ми личеше на она од Мики Маус.
Тогаш, од десното око на Клаудија, потече
солза. Дали тоа беше само случајно лачење од
нејзиното оче, или пак, вистинска солза – не знаев. Не
смеев да дознаам. А ќе дознаев само ако останев уште
малку во таа соба. Морав да излезам.
Без нагли чекори, од фиоката која се наоѓаше
веднаш до страната од креветот на која спиев јас, го
извадив стариот фото-апарат. Морав да ја
фотографирам мојата драга. Сликата како таа спие во
нашиот кревет, од утре вечер може да биде само во
вид на фотографија. Затоа, решив таа фотографија и
навистина да постои. Блицот кој ја осветли целата
соба, вклучувајќи ја и Клаудија, ме потсети на невреме
при дожд, на делот кога СВЕТКА. Овојпат, светкањето
уште повеќе го избледе тенот на Клауди. Жива среќа
што траеше кратко, па немав време за подолг напад на
паника. Се прибрав, си кажав на мозокот дека Клауди е
жива, дека нема да ја убијам, дека утре повторно ќе ја
видам и дека таа утре вечер повторно ќе спие во
нашиот стан, без разлика на тоа каде ќе биде
поставена нејзината постела. Конечно изгледав
задоволно.
Излегов.
Влегов во дневната.
Седнав на каучот.
Морав да поспијам.
Ножиците утре ќе ги најдам.

68
8.ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ СО КИГО. СО МАЛИ
ПРИМЕСИ НА КАН. КИГО БИЛА
ФРИЗЕР(ка).ВЕРУВАЈТЕ.ПОЧЕТОКОТ И КРАЈОТ СО
МОЈАТА ПРИЈАТЕЛКА.

Пресвртот во мојот живот се случи кога во нашата


соба се досели Клајд. Без двоумење тој момент мора да
се спомене.
Нашата соба беше за тројца, а во неа веќе неколку
месеци живеевме јас и Михајло. Сами. Имавме простор за
панаѓур правење, и уживавме во тоа. За сите пари.
Секако, уште од самиот почеток Киго беше постојан
член на нашето секојдневие. Во својата соба, Киго одеше
само за спиење. Понекогаш ни тогаш. А тоа понекогаш
беше во длабоките ноќи кога заседнувавме правејќи
муабет на најразлични теми. Јас, Киго и Михајло. Мистер
Мусклул НИ-КА-КО. Тој постојано зборуваше за протеини.
Банана и млеко ин да микс. Бљак! Тогаш Киго преспиваше
на кожениот двосед поставен на местото каде што
подоцна се смести креветот за Клајд. Тој кожен двосед јас
многу го милував. Секогаш велев дека таму никој не смее
да седне, освен убава девојка со црна коса, црвен кармин
и добра црна хеланка, евентуално хулахопка, со цигара во
раката и чаша жестоко во слабите раце. На ова често ми
се потсмеваа. На моја сметка, секако. Јас никогаш не се
лутев, напротив, секогаш уживав да бидам дел од овие
шеги. И јас се смеев заедно со нив, правејќи, понекогаш,
будала од самиот себе. Кога ќе размислам, можеби не
требало да се однесувам така, ама подоцна сфаќам дека
тоа било сосема во ред.
Да се вратиме на Клајд и неговото вселување.
Една вообичаена ноќ, јас и Киго седевме во нашата
соба. Таа на масата, јас на креветот. Во косата личев на
Робинзон Крусо, а долгата, несредена брада, само
умешно ја дополнуваше целата слика. Пушевме цигари
неконтролирано, а јас, секако, пиев сок. Разговаравме,
природно, за Јагода – каде ли е, со кој ли е, што ли прави
во моментот... Искрено, сега се чудам зошто воопшто
Јагода била центар на нашите животи, и зошто, о, зошто
толку многу нејзиното име го употребувавме во нашите
еври-деј-речници?
69
Будали.
Само толку.
Одеднаш ни светна на мене и Киго дека треба да
се забавуваме. Беше среда, а среда е ден за студентските
забави во Шит. Беше шест пи ем , а тоа значеше дека
имаме доволно време за да размислиме што ќе правиме,
дали ќе одиме, кога ќе одиме и каде ќе одиме. Всушност,
на прашањето КАДЕ и немавме многу шанси за
размислување, затоа што, знаевме каде ќе оди Јагода, а
токму таа беше причината поради забавата која ни
претстоеше. Ете, гледате, драги мои, дека дури и забавата
наша зависела од Јагода. Колку тоа просто звучи. Просто,
ама сме го правеле. Будали. Само толку.
Скокнав од креветот, а Киго од столчето, и како
собари во хотел се разработивме. Киго секогаш беше
далеку повредна од сите нас, кога стануваше збор за
чистење на нашиот хотел-промаја, оти, хороскопскиот
знак за неа зборувал дека не трпи неред и дека сѐ мора да
биде на своето место. Скоцкано. Собата, за кратко време,
некои петнаесеттина минути, заличе на соба. Мирисаше
убаво, не оти распрскавме озонер, туку затоа што беа
исфрлени сите непотребни ситници, кои, рака на срце, ги
имаше во изобилие. Особено во пределот на мојот кревет:
на, до, под и на сите страни околу него. Обожавав да
уживам во неуредноста. Киго не обожаваше. Таа
полудуваше. Не можеше да седи мирна, се стресуваше
кога нешто не беше таму кај што треба да биде. Човече,
рацете и се тресеа, изгледаше како наркоман кој очајно
бара доза. Ма, можеби и полошо од тоа. Во секој случај,
тоа мора да се види, па да се коментира.
И пак се вративме на првичните положби: јас на
креветот – легнав, таа на столчето – легна. И пак цигари.
Неконтролирано. И пак муабет. За Јагода. Сѐ така во круг.
Колку – толку – одморивме. Сѐ на сѐ – петнаесет минути,
исто толку колку што потрошивме на чистењето (колку
работа-толку одмор, братска делба). Не можевме да
пронајдеме нешто различно од темата Јагода и нејзиниот
живот, па почнавме да зборуваме за претходната ноќ,
чисто за разонода, да излеземе од монотонијата.
Коментиравме како е можно Михајло да витка вилушки,
лажици и ножеви со раце, и како е возможно да
70
чувствуваме топлина кога ја држи дланката во близина на
нашите глави.Тикви, пардон.
Бевме убедени дека во Михајло се крие нешто
натприродно. Се нервиравме што не може да се
експонира во јавноста. Размислувавме дека е возможно
да му направиме едно ТВ-шоу, барем на локално ниво, во
кое тој на гледачите ќе им закажува третмани. Во нашата
соба. Во соработка со Сабинче, нашата омилена тетка од
телевизија. Честопати глумевме Сабинче Шоу и се
помочувавме од смеење. Не кажувам кој ја играше
главната улога, а кои беа гледачите. Оние кои го гледаа
шоуто, а не гледачи на кафе. На кафе едно време гледав
јас.
А, да, извитканите прибори за јадење стоеја во
една кошничка веднаш под телевизорот. Сакавме да ги
скриеме, ама очигледно не бевме доволно креативни во
избирањето на скришно место.
Тогаш влезе Кан. Со неговиот смешен глас. И
чудното однесување. Дипломатско.
Шо правите, бе? – праша.
Јас, видно нервозен, лежев и теглев димови. Киго
мораше да му одговори, немаше кој друг. Сакала-нејќела,
мила, мораше да му одговори.
-Еве, БЕ, Кан, дремиме!!!
-Ааа... Доооброооо... – Кан ова го кажа од култура,
колку нешто да се каже додека разгледуваше
наоколу низ собата. Да види што има. И што нема.
Што недостасува. И, има ли нешто што не е онакво
какво што тој го памети. Какво што било од времето
кога на тој спрат живеела бабата чиј дух понекогаш
знаеше да не замисли и да не натера да
размислуваме даркерски, да мислиме дека сме
опседнати од нејзе. Можеби затоа бевме така луди,
тврдевме.
К`о за беља, Кан се упати кон телевизорот. На
регалот имаше излепено разни ливчиња во боја на кои
во срциња стоеја иницијалите од секој почесен член на
нашата соба. И тука Кан почна да го интересираат сите
имиња.

71
Опаааа, кој ни е заљубен, бе? Какви се овие букви,
ајде имињата, да чујам, имињатааааааа – лигаво,
детски, напорно праша Кан. Невозможен е!
Тајна е, БЕ ! – му врати Киго. Киго беше закон. Не
му се даваше. Воопшто. И покрај тоа што беше
пријателски расположена со Валита, не се секираше
многу-многу дали Кан подоцна ќе ја издаде на мајка си.
Голема работа, и така планираше наскоро да си оди од
таа куќа.
Кан , очигледно, не планираше наскоро да ја
напушти нашата соба. Продолжи нон-стопично да
поставува одвратно неподносливи прашања какви што
само тој можеше да смисли. Како на пример:
Опааааааааа, кој пиел кафеееееееееее?
Или:
Уаааааааааааааааааааааау, од каде оваа
пепелјарааааааааааа, кој ја купииииии?
Пролив.
Без можност да се излечи.
Јас и Киго бевме на работ од нервен слом. Особено
Киго. Се тресеше во посилен, поистакнат ритам. Кан тоа го
забележа, па за миг престана да испрашува. Прошета низ
собата, внимателно разгледа што сѐ има расфрлано низ
мојот кревет. Погледна во празниот кревет на Михајло и за
миг како да се зачуди прашувајќи се (фала Богу) самиот
себе си, каде ли заминал другиот цимер, и (О, Шит!)
погледна под телевизорот. Правец во кошничката со
извитканиот прибор за јадење. Си го препозна. Со него,
веројатно, грав и салата јадела неговата мртва баба.
Бизарно,затоа што сега од него јадевме ние. Михајло го
уништил музејскиот примерок на нашите газди. Страшно!
Мирисаше на паника и кавга.
Опаааааааа, кој ги свиткал овие, бе? – немаше ни
една фУкинг минута одмор од прашањата на Кан.
Јас и Киго се погледнавме немо, а потоа се
исклештивме на глас, знаејќи дека Кан веднаш ќе почне да
ја крева сопствената возбуда на високо, бомбастично
ниво.
Киго мораше да објасни.
Беше жешко, се стопија. – рече.

72
Кан, тој не беше баш дете како што изгледаше. И
како што требаше да биде.
Ау, да бе, јас дете ли сум? Божемски немам
памет... Како може железо да се стопи од тоа што
во собата било жешко? Пффффффф...Лаажееш, лаа-
жееш! – со повишен тон, во правилен ритам
изрецитира малото, црно дете што беше како
испаднато од турска серија. Чудо над чудата. Светска
сензација, светско чудо. Такво беше тоа дете.
Невозможно лудо.
Киго прсна. Или, прсна нејзиното внимание. Остана
без концентрација. Киго не можеше да издржи, таа
секогаш сакаше сѐ да биде таму кај што припаѓа. А
Кан, несомнено, не припаѓаше во нашата соба. Тој
имаше простор за живот кат над нашиот, а тоа беше
надвор, по скалите и горе. Не тука, не кај нас, не во
нашата соба. Мораше да му предложи дека не е лошо
да се сети каде се наоѓа вратата, и индиректно да го
избрка од нашата соба, нашиот свет. Размисли
половина минута, можеби малку се двоумеше, но кога
сфати дека нема време за совршен план, веднаш тргна
во акција:
Кан, имаме работа. Јас и Ноно нешто
разговараме. Знаеш... Поздрави ја мајка ти. Оди, ќе
ви почне серијата... Нешто сериозно ќе
разговараме... Ние. Па ќе се подготвуваме... Оди
горе... Ќе одиме на забава... Поздрави ја мајка ти...
Вечер. – звучеше тотално несредено, но ефективно.
Кан за момент се збрка во очите, и не знаеше каде е
вратата а каде е прозорецот. Можеше да бира од каде
да излезе. Секако, доколку е доволно паметен немаше
да дозволи да станам и да го фрлам низ прозорецот.
Тој излез не му беше правилниот избор. А ќе го фрлев.
Ич! Како крпа после прашина бришење! Ма не може,
БЕ, да ми врши нужда детево кога ќе посака, и тоа на
мој терен! Не мо-же! Ние плаќавме да уживаме, а тоа
значеше дека навистина треба да уживаме! За сите
пари! Плус струја и вода.
Конечно бевме слободни. Јас и Киго. Можевме
навистина да разговараме сериозно, но овој пат не ја
одбравме таа опција. Сакавме да прославиме што се
73
ослободивме од стегите на Кан, но сакавме да
излеземе некаде надвор. Тој свечен чин, нели,
заслужува добра забава: диско! Секако , таму ќе биде и
Јагода. По кој знае кој пат го споменавме тој факт.
Само што, јас не можев да одам на забава, да се
појавам во реалноста со таков изглед. Морав под итно
да се шишам, а беше доцна да одам долу, во градот, и
да барам отворено фризерско студио. Берберница,
пардон.
Киго повлече уште еден, длабок дим, и откако го
извади од длабочините на своите бели (пардон, веќе
црни) дробови, во нејзин ораторски стил ми даде еден
неверојатно спектакуларен предлог:
Јас ќе те шишам! – извика со тон карактеристичен
само за неа. Киго-тон.
Јас бев збунет, и не можев да ѝ одговорам со глас.
Само прашално ја гледав во очи, сакајќи да ја прашам
од каде дошла до таа луда идеја. Ме сфати. И веднаш
ми го даде одговорот, како од пушка:
Знаеш, имам работено во фризерски салон. Колку-
толку, сум шишала. Еве, ден денешен соседки ме
викаат да ги шишам, да им правам фризура.
-Киго, јас не сум соседка.
-Да. Ти си сосед. Нема врска. Сум шишала се и
свашта.
-Ова значи дека ти си сериозна? Не ме
зафркаваш?
-Секако дека не, Ноно. Уште ги чувам ножичките,
во несесерот ми се. Да одам да ги земам?
Јас втренчено и вџашено ја гледав во очи. Како да
се плашев да ѝ дозволам да ме шиша, Киго некако не
ме асоцираше на вешти раце. Мојата фризура веќе за
еден ден имаше можност да предизвика бурни реакции
и овации кај моите блиски. Кратко се подзамислив, си
поставив неколку прашања во мозокот, сфатив дека
немам друго решение, друг избор, па одлучно реков:
Земај ги!
Киго само стана, попатно ја изгаси цигарата од која
останаа уште неколку теглења. Се прашував зошто ја
изгасна? Па, нели секој дим значеше богатство за нас?

74
Додека слушав низ вратата преку ходникот како во
својата соба (за спиење) Киго буричкаше низ фиоките,
имав доволно време толку колку да се потсетам како
се викам, каде учам, зошто живеам. И зошто сум
заљубен во Јагода. Да, јас навистина бев заљубен во
таа девојка. Таман влегов во филм, во собата влезе
друг. Филм. Киго. Киго самата по себе беше филм.
Сериски. Уникатен. Во левата рака држеше чешле.
Нејзино. Во другата, десната рака, носеше ножички.
Мали, ситни, остри ножички. Баш тогаш се убедив дека
таа навистина била фризерка, освен ако не купувала
ножици за да експериментира врз косите на некои
кукли. Не, Киго не беше таква. Затоа веднаш се
опуштив.
Облечи се во тренерки, не можеш да седиш во
оваа блуза. Цела влакна ќе ти се наполни!– заповедно
ми рече Киго.
Јас заминав во тоалетот, во ходникот право па
лево. Се пресоблеков во тренерки.
Донеси го чаршафот од кујната. Ќе ми треба.
Го донесов. Го пуштив на земја. Знаев дека со него
ќе ме покрие мене, дека чаршавот ќе ја замени
фризерската заштитна лизгава крпа. Само што, овој
чаршаф беше плетен (или нешто така, нели,
Виолинова, фино девојче со најпозитивната енергија
на светот?).
Киго го зграпчи столот на кој претходно седеше, го
постави очи во очи со излезната врата и повторно ми
нареди, овој пат да седнам. Седнав. Морам да
признаам дека бев малку исплашен. Реков, и ќе
повторам: ми беше страв да не случајно Киго ја утне
работата, па да изгледам како штотуку да сум излегол
од логор.
Сепак, верував во Киго, можев да бидам спокоен
знаејќи дека таа не би дозволила нешто такво. Киго
мене ме сакаше. А сега? Не знам...
Влакна и поголеми парчиња од мојата коса се
лизгаа по кујнскиот чаршаф. Се згрозив од помислата
дека подоцна ќе треба на него да јадеме.
Додека Киго оперираше, јас размислував како да
соберам храброст да станам од столчето и да се
75
погледнам во огледало, да си ја видам новата
фризура. И покрај убедувањата на Киго дека изгледам
баш супер, се плашев. Ете доказ дека доверба во Киго
не сум имал многу. Жал ми е, Киго, ама навистина не
ти верував кога ме шишаше... (Исклучок. Инаку ти
верував на сѐ друго. И самата знаеш).
Киго привршуваше со шишањето, си пееше некоја
позната, креативна странска хит-песничка. Секако дека
запали нова цигара. Баш личеше на фризерка-
мајсторица. Уште собата да беше салон. Фризерски.
Скокај. Оди на бричење. Со вака куса коса, долга
брада не оди – ми рече. Пак заповедно. Јас секогаш бев
роб. Слушав наредби. Ја послушав и оваа. Наредба.
Заминав во тоалетот.
Тогаш, заборавив на обесхрабреноста, во дел од
секундата се охрабрив и успеав да се погледнам во
огледалото:
ЧОВЕЧЕ!
Баш беше добро!
-Кигооооооооооо, алал ти вера, Киго! Супер е, еј,
човече! Браво!
-Еееее, стварно, Нонче? (Киго често ме викаше
Нонче).
-Да, Киго... Да! Искрено...
-Знам, Нонче, ти секогаш си бил искрено, добро
дете. Срцка.
-Тенкс, Киго. – се заблагодарив.

(Јас и Киго, понекогаш влетувавме во наши светови.


Често зборувавме на англиски, тоа нè исполнуваше.
Можеби звучевме како квадрирани студенти по англиски
јазик, ама бевме доволно убедени дека го владееме
основниот англиски јазик. Колку да се разбереме.
Јас и Киго, понекогаш знаевме да бидеме исклучени
од реалноста. Пеевме песни, слушавме музика на
нејзиниот лап-топ. Таа ми раскажуваше за нејзината
ќерка. Баш е мој тип. Ќерка ѝ. Се шегував со Киго
дека таа можеби еден ден ќе ми биде баба. Баба Киго,
хаха.
Срце е – и таа прифаќаше да се шегуваме на
нејзина сметка. Душичка.
76
Јас и Киго, никогаш не се скаравме. Барем јас не
се сеќавам на нешто такво.
Сега не знам дали постои, но сепак, за тоа не е
виновна никаква караница. Барем јас не се сеќавам на
нешто такво.
Човече!
Јас и Киго, паметам, се запознавме првата вечер
од нашето вселување во станот. Јас, Михајло и
Батерфлај сакавме да пиеме кафе. Беше доцна, а
кафе немавме. Ни шеќер. Ништо немавме. Се осудив,
јас, најсрамежливиот, да тропнам на вратата
отспротива (ни беше најавено дека ќе имаме цимерка
во другата соба. Ама, била повлечена. Е како па да не
– повлечена! Ако Киго е повлечена, тогаш ние сме
вовлечени) и да побарам кафе. Од цимерката.
Тропнав еднаш. Никој ништо не рече. Тропнав два
пати. Молк. Три пати тропнав, и откако никој не ми
отвори, се повлеков назад во нашата соба. Таман да
ја затворам вратата, се слушна звук од крцкање на
врата. Друга врата.
-Нема никој!- звучеше, и изгледаше страшно,
истовремено, жената што ми отвори. И веднаш ми
затвори.
Еј, се обложувам дека Киго тогаш била нервозна,
Господ знае колку ја нервирало тоа што ќе добие
нови, машки цимери на својот спрат. Можам да ги
замислам нејзините реакции. Цел ден се тресела,
пиела кафе, слушала гласна музика и испушила пакла
цигари. Гарант!
-А, да Ве замолев ако имате и ако можете и ако
сакате да ни позајмите кафе. Знаете, ние сме нови
овде, па го заборавивме... – продолжив со љубезен
тон, како ништо да не се случило, со надеж дека
жената ќе ми отвори по втор пат. И навистина ми
отвори. Но, за петнаесет минути.
Додека седевме како утепани, јас, Михајло и
Батерфлај веќе се откажавме од кафепиењето.
Сепак, баш тогаш жената од спротивната врата
нѐ изненади. Жената бе!

77
-Еј, имам, слушаш? Ама, и јас ќе пијам. Сакате
друштво? – праша „жената“.

Така почна сѐ. Подоцна влезе кај нас, седна со нас.


Откривме дека јас и таа имаме многу заеднички
нешта. Прво се плашев од неа. Мислев дека е луда.
Прво се плашеше од мене. Мислеше дека сум луд.
На крај, дефинитивно бевме сигурни дека јас и таа ќе
бидеме согласни во сѐ. Дека ќе бидеме најдобрите
цимери на целиот свет. И дека нема ништо да не
раздели.
Гомне..ци. Сепак, нешто нè раздели.
Киго е откачена жена која не може да се ослови
како жена, затоа што повеќе личи на тинејџерка
заглавена во нејзините години, не дозволувајќи си да
порасне. Изгледаше така и однадвор, и одвнатре.
Таа секогаш ми беше пример за вистински пријател,
неверојатна другарка која во секој момент може да
те разбере. Киго ме прегрнуваше кога со поглед ќе
сфатеше дека ми е тешко. Киго ми ги бришеше
солзите во часовите кога без престанување плачев
за Јагода. Киго ја колнеше мојата љубов, ми
кажуваше колку вредам, иако можеби пет пари не
вредев. Таа често ми велеше дека јас не припаѓам
тука, дека јас сум за во некоја друга земја, некаде
каде што можат да ме разберат, уметничка земја.
(Која е таа земја, драги мои, постои ли некој таков
совршен рај? Ако постои, и ако некој ја знае, веднаш
јавете ми – се селам. Со сѐ моите најдраги. Секако
дека не постои, не ми јавивте дека постои нешто
такво. Затоа сум сега во рајот, без да сакам дојдов
тука и сфатив што значи тој. А вие останавте во
СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ каде што владее љубомора и
хаос. Ве жалам.)
Со Киго често пиевме. Не само кафе и сок, туку и
нешто друго. Било што. На почетокот од нашето
дружење, првата ноќ, пиевме чај со рум. Потоа сок.
Ладен. Па газирана вода. И на крај, вино и ракија. Една
длабока зимска ноќ, кога, заедно со Бони, Клајд,
Батерфлај и Михајло бевме во еден ресторан на

78
самиот влез од Шит, јас и Киго се опивме многу. Ама,
Киго далеку повеќе. Се опи.
На враќање, Киго не сакаше да замине дома. Беше
очајна. Тажеше по своето либе, диригентот Ле Фи
Фи. Не кажуваше што беше „расклатено“ во нивната
врска, но јас можев тоа добро да го препознаам. И
затоа ѝ дозволив да се опушти. Ја натерав да си оди,
и си отидовме. Дома. Си игравме манекени во
ходникот – таа гласно пушти музика од нејзиниот
телефон, и шетавме половина час во исто темпо,
еден кон друг, паралелно. Со кренати глави. Како на
„Фешн ТВ“. О, Боже, колку само се смеевме таа ноќ!
Еден Господ знае. Следното утро ја видов како спие
на креветот во кујната. Ја ожалив.
Таа е посебна, оригинална жена. Да бидам искрен,
понекогаш мислам дека претерува, дека забегува, за
да подоцна сфатам дека таа, всушност, го прави
само најдоброто за себе и дека ужива во
сопствениот живот онака како што секој од нас
треба да ужива. Треба, ама не сака.
Посакувам, драги мои, да можевте да ја
запознаете Киго одблизу. Оддалеку, ќе ја направите
луда. Одблизу, во Киго ќе го пронајдете најчовечкиот
човек на човечката Земја.
Знаете, драги мои, Киго е личност што не се
заборава. Не само јас, СЕКОЈ што ја запознал, се
обложувам дека не може да ја заборави. Киго е душа.
Памук. Синоним за вистински човек. Таа многу ми
помогна, затоа сум сигурен во себе и ќе кажам дека ја
сакам и ценам. Ја обожавам.
Кога се отсели од нашата соба, Киго не можеше
да се помири со судбината. Секојдневно беше
гостинка. Се трудевме да глумиме дека се е во ред, и
дека таа повторно ќе си легне во својата соба. Дека
ништо не е сменето. Успевавме. Беше до мене цел
ден и цела ноќ. Ме будеше и успиваше. Мене, и сите
нас. Киго не дозволи да биде заборавена. Мислеше
дека ќе ѝ бидеме лути што не оставила, па затоа не
дозволи да го почувствуваме нејзиното отсуство.
Последната ноќ на Киго во нашата соба ми беше
една од најтешките во мојот живот. Седевме до
79
доцна, сами таа и јас. Си разговаравме – стандард.
На периоди, таа излегуваше од нашата, и
заминуваше во нејзината соба да спакува нешто. Јас
останував на масата на која гореше голема
миризлива свеќа, целата со вдлабнатинки кои ги
правеше Мистер Мускул. Од нервоза,
претпоставувам. Тоа мене страшно ме нервираше,
ама никогаш не го опоменав.
Кога заминуваше Киго од собата, јас плачев. Ќе
слушнев ли звук што значеше дека Киго се враќа –
престанував, набрзина си ги бришев солзите, а во
главата ми вриеше. Сакав да ѝ кажам да остане,
дека ми е неверојатно тешко што мора да си
замине...
-Мора, Нонче. Жал ми е... Но, знаеш, така ќе биде
полесно за мене... – ме тешеше.
Јас се правев дека потполно ја разбирам, и дека сѐ
е навистина во ред. А не беше. Не сакав да биде.
Да не заборавам: додека плачев, имав обиди да ѝ
напишам писмо. Тетратката со нескинатиот лист
од неоствареното писмо се уште ја чувам. Не успеав
да ги пренесам моите чувства на хартија, освен една
неполна реченица. Се срамував. Таков сум јас.Сега се
каам. Требаше да напишам писмо и да ѝ го предадам.
Можеби сега немаше да бидеме далечни пријатели,
можеби тоа ќе беше доказ плус дека таа е мојата
најдобра пријателка од Шит. И пошироко.
За Киго може да се напише роман.Постојат, или
можеби е невозможно да се пронајдат многу зборови
кои треба да ги кажам за Киго. И зборови и настани.
Сепак, таа сега е доволно далеку за да размислувам
дека му припаѓа единствено на минатото.
Сега Киго е таму некаде во Шит, но јас не знам
што прави, зошто прави и како прави. А толку многу
посакувам да знам, затоа што Киго навистина ми
недостига. Во последно време многу често се прашувам
каде згрешив, или каде згрешивме, сеедно. Звучи како да
пропаднала тешка љубовна врска но, сепак, пропадна
едно големо пријателство кое ветуваше многу. Добро,
сепак ја гледам чат-пат. Повеќе чат отколку пат.
Иста е. Физички.
80
Се сменила. Психички.
Ми недостасува старата Киго, онаа Киго што ја
познавам од времето кога знаевме да заседнеме во
нашата соба „до ниедно време“ и да разговараме на
најбаналните теми кои само нам ни беа интересни,
да ни светкаат креативни идеи за тоа што ни се
јаде и што ни се пие, да ми раскажува за својот
напатен живот... Се сеќавам дека еднаш дури и
плачев додека ми ги покажуваше старите
фотографии. На нив, Киго изгледаше како
беспомошна девојка која морала да го одбере
наметнатиот пат. Толку многу ми беше жал за неа
што некој можеше да помисли дека ми е сестра.
Всушност, еднаш некој беше прашал дали сме брат и
сестра. На тоа ние само слатко се изнасмеавме,
полни со задоволство во насмевките, затоа што
тоа значеше уште едно скалило погоре во нашиот
свет.Тоа значеше дека јас и таа многу си личевме
еден на друг.
На Киго секогаш ќе ме потсетува ореолската
песна од дивата, неколку песни од една плава
уникатна пејачка со име Наташа, и „Прашина во
ветрот“... Токму оваа последната најповеќе ме враќа
назад, во времето кога живеевме јас и Киго.
Ах, Киго, врати се!
Ми недостасуваш, дали го разбираш тоа? Барем
да се напиеме едно густо, пенасто капучино во
ирскиот кафич, додека го користам твојот лап-топ,
молчејќи, утепан од носталгија за дома.
Врати се, Киго, макар за кратко. Колку да ми
кажеш дека не сум виновен за ништо и дека,
едноставно, требало и морало да преживееме крај на
нашето пријателство.
Макар да ми ја кажеш причината што долго,
долго се немаме видено како што треба.
Макар само силно да ме прегрнеш и да ми кажеш
дека треба да бидам силен.
Тогаш повторно ќе можам да функционирам. Се
колнам! )

81
Откако ѝ се заблагодарив, Киго беше задоволна од
сработеното. Повеќе од очигледно. Не видов, но
слушнав дека потпевнува, а во меѓувреме се слушна и
едно чак-чак. Запали уште една, нова цигара. За да
прослави.
Набрзина удрив брич. Личев на бебе. Не личев на
себе. Си ја мразев таа слика во огледалото, но се
тешев дека наскоро ќе ми порасне нова. Брада.
Кога се вратив во собата, Киго мистично ме
гледаше. Никогаш не успеав да го сфатам тој нејзин
израз.
Ја прашав дали сум смешен.
Ми кажа дека не сум. Напротив, сум бил нов,
освежен Ноно, Ноно спремен за акција. За забава.

Одам да се облечам. Иако, рака на срце, немам


идеја како. – рече Киго и стана од столчето. Но, не
успеа да стигне до вратата. Ми заѕвони мобилниот.
Беше Михајло.
-Ееееј, Михајло, како е?
-Еее, добро бе, еве...Имам свирка. Вие како сте?
Што има ново таму?
-Ништо бе, Михајло, сѐ по старо...Мислевме да
излеземе со Киго во диско. Знаеш, Јагода ќе биде
таму...
-Аман бе, аман! Не ви е лоша идејата, ама дај
еднаш излези без цел да ја видиш таа глупача.
-Јагода не-е-глупача!
-Добро. Не е. Туку, немам многу време. Сакав да
те прашам нешто, затоа и ти се јавувам.
-Кажи?
-А бе, има едно дете од тука, од кај нас. Фино
дете е. Уствари, закон е. Барал живеалиште во
Шит, имал проблеми со досегашните цимери или
нешто во тој стил. Па...
-Михајло? Мислиш дека е во ред да имаме нов,
непознат цимер? Во нашата банда лесно не влегува
секој, нели така беше договорот? Па добро ни е и
сами, што ќе ни е гужва?

82
-Ех, гужва, па и ти. А бе, супер е детево, ќе
видиш! Ептен ќе се согласуваме со него. Совршен е
за во наше друштво.
-Го знаеш? Како се вика?
-Клајд. Не го познавам лично, ама сум слушал за
него. Супер е, сто посто!
-Хм...
-Не, ок, ако мислиш дека не треба, да му кажам
дека нема место, а?
-Не, бе...Ти си знаеш... Кој сум пак јас да давам
последен збор? Ти си знаеш...
-Е па добро, ќе му кажам да дојде таму, во Шит.
Да го види станот... Собата. Иако, деведесет и
девет запирка девет отсто е сигурен дека ќе живее
со нас. Нема каде на друго место, изгледа…
-А, така... Пааа... Дооообро... Нека биде така.
-ОК, Ноно, јас одам. Ме чекаат. Младите ќе
влегуваат, микрофонот ме чека. И гостите.
Поздрави ја Киго.
-Фала... – исклучив. И тој исто.
Во тој момент помислив дека започнува крајот.
Дека за некое време нашиот свет ќе биде срушен.
Апокалипса во нашата соба. Дека ништо повеќе нема
да биде како што било дотогаш. Се нервирав. Не
можев да изустам ниту еден збор додека Киго ме
гледаше со поглед полн со прашалници. Можев да ја
разберам, таа беше љубопитна, особено кога
стануваше збор за мене и моите проблеми. Личеше на
пес-чувар кој во секој миг е подготвен да му помогне на
својот газда.
Мразам кучиња.
И, мразам газди.
-Киго, изгледа ни доаѓа нов цимер.
-Молам?
-Да, да... Другар на Михајло... Познаник...
-Ма дај?
-Дадено – ѝ подадов цигара.
-Многу смешно.
-Знам дека не е.
-Тогаш, биди сериозен.
-Сериозен сум.
83
-Мислиш, сериозно?
-Сосема.
-Цимер? Нов , велиш, а?
-А-а.
-Господ да чува.
-И да брани.
-Невозможно! Од каде до каде?
-Од овде до онде. Од немајкаде. Остави, и јас не
знам за што станува збор. Дај Боже Михајло да е
пијан. Воопшто не ми се допаѓа идејата да ја делам
оваа соба со уште еден. Нема шанси да му дозволам
да спие на кожениот двосед – ноу уеј!
-Изгледа некој не ја почитува одлуката дека таму
може да седне само добра девојка во црни хеланки...
-И хулахопки, не заборавај.
-Е да де, плус црвен кармин.
-И цигара во раката.
Се дополнувавме како актери на театарска сцена
кои го заборавиле текстот, па умешно ја шминкаат
ситуацијата за да не се забележи дека погрешиле.
-Јави му се и кажи му на Михајло дека нема шанси
да прифатиш нешто такво. Ајде, Ноно. Вед-наш!
-Ама, Киго...Срам ми е.
-Срам? Од што ти е срам? Михајло е наше дете.
Ајде, јавувај се.
-Нема шанси. „Нц...“.
-Ај не ми „ц`цкај“. Ако не се јавиш, ќе треба да се
загушиме од гужва. Башка, кој знае каков е тој тип.
-Бил добар. Така барем рече Михајло.
-Шипинки. А, што ако е некој багабонт, а? Што ќе
правиме тогаш?
-Киго, јави му се ти.
-Боже сачувај...
-Киго! Те молам.
-Моли се во црква.
-КИ-ГО! ТЕ МО-ЛАМ!
-Ок.
Кога Киго вели ОК, тогаш навистина е ОК. Секогаш!
Го зема нејзиниот телефон. Секогаш, бе, Киго беше
фер!
Секогаш!
84
Ало, Михајло? Што била таа работа, бе?
Аха...Добро... Доо-бро... Аха... Добро. И?... Па, кажи му
дека немало место, грешка си разбрал... Дека собата
била тесна... Или... Да?... И?... Аха... Да... Добро...
Поздрав. Ок. – заврши.
Киго претерано често го употребуваше зборот ОК.
И овојпат беше ОК. Уште една ОК ситуација. Киго не
успеа да го разубеди Михајло. И двајцата се
погледнавме со поразени погледи, срамувајќи се еден
од друг што доживеавме пораз. По сѐ изгледа –
моравме да го прифатиме новиот цимер.
-Нонче, немој да ми бидеш тажен. Па, можеби
навистина е добро детето...
-Да, Киго, но... Јас не сакам да живеам со двајца во
соба. Тоа е премногу за мене, ќе се загушам. Не сум
навикнат на такви нешта...Знаеш, дома можам да
уживам...
-Ајде, де...Ќе биде интересно.
-Можеби.
-Секако.
-А, ти? Киго?
-Што јас?
-Па, ти...
-Јас... Ќе разговарам со татко ми и ... Ќе се
вратам дома. Наскоро. Ако даде Господ. И Валита,
секако.
-Киго?
-Молам?
-Сериозна си?
-Да.
-Ќе заминеш одовде поради новиот цимер?
-Па, Ноно, знаеш дека не можам да живеам со
толку машки на едно место... Не ми личи.
-Плус-минус уште едно машко не менува ништо,
Киго. Дај, не претерувај. Те молам?
-Ај не паѓај во депресија. Одам да се облечам,
диското нѐ чека.
-Добро... За колку време ќе бидеш спремна?
-За петнаесеттина минути. Да се нашминкам и
да си ја средам фризурава... Ако може да се нарече
така. Леле, не сакам да го носам ова палто!
85
-Ќе биде, ќе купиш ново.
-Едвај чекам да се вработам. Ух, Нонче, дури
тогаш Киго ќе ми те носи на вечера во ирскиот
ресторан. Важи?
-Важи, Киго. Само сѐ да се среди. Натаму е лесно.
Ќе биде полесно.
-Така е...- се согласи и излезе од нашата соба.
Јас за миг се сепнав. Си помислив дека ова е
можеби една од последните ноќи што ги делам со неа,
со мојата омилена Шитска пријателка.
Имајќи на ум дека ме чека добра забава во диско,
набрзина заборавив на тие луди црни мисли. Верував
дека сѐ ќе се среди за краток период. Па, на крајот на
краиштата, новиот цимер, можеби, кога ќе не види
какви сме, ќе се шекне, и ќе си отиде... Или воопшто
нема да дојде, судејќи според првиот впечаток кој ние
ќе му го оставиме. А ќе се потрудиме да бидеме луди.
Во наш стил. Така, тој ќе се исплаши и ќе фати лимја.
Така размислувајќи сум потрошил цели дваесет
минути. Добро сум се задлабочил.
Нонооооооооо, ајдеееееееееееееее! – се дереше
Киго од ходникот!
-Време е?
-Даааааааааа... Летс гоуууу – ме повика со овие
зборови од кои си направи мелодија.
Изгледаше дека нѐ очекува пријатна вечер, вечер
за паметење: Јас, Киго и диското. Плус водка и Јагода.
Јагода – Јагода, не сок од јагода, или јагода како плод,
да ви биде јасно, драги мои.

Нашето излегување истата вечер беше само


излегување. Во буквална смисла на зборот: излеговме
од дома. И ништо повеќе.
Отидовме во диското, влеговме и... Излеговме.
Реков ли јас дека беше тоа само излегување?

Пуштив сигнал на мобилниот на Јагода, а таа ми


врати порака. СМС. Ми кажа дека е во диско, и дека не
може да издржи затоа што таму било жешко. Милион
пати се покајав зошто не останавме во диското со Киго,
но, сепак...
86
Сепак, јас и Киго не си ја уништивме забавата. Тоа
што не можевме да поднесуваме гужви и чад беше
само причина повеќе за да се забавуваме сами. Си
купивме сок и многу смоки, се вративме во станот и си
пуштивме еден филм кој по малку наликуваше на
хорор. Можам да се сетам дека тоа беше еден од
филмовите кои сум успеал да ги изгледам во еден здив
и кои ме натерале да размислувам на тема: А ШТО
АКО ТОА НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ ?
Откако филмот заврши, Киго замина на спиење. Јас
останав сам во собата, земав хартија да пишувам
нешто, но откако сфатив дека не сум креативен –
престанав, легнав и заспав.
Сѐ на сѐ, беше тоа една успешна ноќ на тема
забава на наш начин. Можам да се обложам дека никој
не знае да се забавува како што знаевме да се
забавуваме јас и Киго. Не ни беа потребни пари -
добра тема на разговор можеше да заврши работа.
Не би требало при крајот да го опишам и моментот
кога Киго ми го откри името на нејзината посилна
половина. Затоа што ѝ ветив дека нема да ја издадам.
Таа отпрвин се плашеше да ни зборува околу тоа,
но јас и Михајло ја убедивме. Ја притиснавме, па таа
попушти и ни раскажа цел роман. Се работеше за Ле
Фи Фи, диригент. Интересна личност, иако, според
описот на Киго, тој и не беше баш некоја личност со
која таа може да дише. Како и да е, Киго знае што
прави и секогаш може да го избере она што навистина
ѝ е потребно. Киго никогаш не прави утки.
Утрото после филмската ноќ, дојде Михајло со
соопштение дека за неколку часа ќе дојде да се всели
новиот цимер. Јас и Киго, секако, бевме многу
разочарани. И исплашени. Не можевме, не сакавме да
вклучиме уште еден во нашето друштво. Цел ден се
прашувавме што ќе се случи и нагодувавме каков ќе
биде новиот цимер. Единствена светла точка ни беше
тоа дека тој можеби е барем неколку проценти близок
до нашите карактери. Имаше мали шанси, според
нашите предвидувања, дека станува збор за некој што
е како нас.

87
Тешко. Такви како нас ретко се раѓаат. Уметнички
души.
Неколку часа пред долгоочекуваниот миг на
новоцимерското вселување, Киго ја снема од нашата
соба. Ја немаше ниту во нејзината, па јас се прашував
зошто е така. Признавам, се исплашив дека побегнала,
онака нервозна. Поради новиот цимер. Можев
потполно да ја разберам доколку навистина направила
така. Но, не. Киго отишла кај Валита за да ги плати
заостанатите сметки. Се врати со кисел израз на
лицето и тогаш, Господе, ми го соопшти соопштението
над соопштенијата, она од кое што се плашев дека ќе
го чујам, иако не очекував дека во моите уши ќе
прозвучи така рано.
-Ноно, јас си заминувам...
-Киго? – прашав, додека лицето ми бледееше.
-Да, Ноно... – беше тажна, иако се трудеше да
изгледа мирно и нормално.
-Кога, Киго? – прашав.
-Наскоро... Всушност, најбрзо што можам. –
одбруси.
-Зошто, Киго? – прашав. Повторно.
-Така. Знаеш дека не можам да издржам, Нонче. Се
нема пари...- почна да звучи убедливо.
Настапи молк. Едноставно не знаев како да реагирам.
-Ок, има време. Ајде, да залееме. Одиме по вино, а,
Киго? – прашав. По трет пат. Аман!
-Па... Да одиме, а? – изгледа Киго се согласи.
-Михајло, кога доаѓа новиот цимер... Клајд, така
се викаше?
-Да, Клајд се вика. Па не знам, веројатно за
половина час. Кажа дека ќе биде овде пред да се
стемни. А надвор само што не се стемнило.
-Во ред, значи, и тој може да ни се придружи во
пиењето. – реков јас, а Киго само ме надополни, како
што само таа знае да надополнува. Оригинално:
-Секако. Таман, тоа би можело да личи на едно
топло добредојде – и, почна да глуми, со драмски
израз – едно топло добредојде за новиот цимер! Уф!
Е, ова беше цинично од нејзина страна. Толку
многу иронично, ова беше тотално ... Вистинито. Морав
88
да ѝ дадам знак дека се согласувам со неа, затоа што
немаше смисла да го озборуваме идниот нов цимер
пред Михајло, затоа што токму тој го пронајде.
Излеговме по вино. Купивме за рекордно време од
маалската продавничка која мирисаше на старо, на
распаѓање. Личеше на селска коперација која ти нуди
само селектирано евтини производи, па кога ти се јаде
чоколадо мораш да јадеш шеќерна табла или некое
друго од ниска класа. А ние не бевме од ниска. Ние
бевме посебна. Класа.
Кога повторно се вративме назад, Михајло ја
чистеше собата. Поточно, ги преместуваше украсите
што ни беа аманет од Валита. Веројатно тој сакаше од
собата да направи нешто ново, примамливо за новиот
цимер.
Се прашував зошто толку многу се труди, кога тој и
така порано или подоцна ќе не научи какви неуредни
личности сме ние. Ако тој, по некоја случајност, биде
многу педантен, веројатно брзо ќе нè напушти.
Дај Боже! - си мислев.
Во наредните минути, секој од нас си правеше
нешто посебно. Индивидуално. Секој на своето место,
како и вообичаено. Само што, овој пат, покрај секој од
нас стоеше и чаша црвено вино.
Јас прославата ја започнав најбрзо. И терав во тој
ритам. Чаша по чаша, чаша до чаша... Како да не ми
беше доста. Попатно ќе напишев некоја неверојатно
романтична порака на Јагода, а таа за возврат ми
даваше... НИШТО. Ниту еден фУкинг сигнал!
Па тука мене тоа ме уништуваше, ме повредуваше,
па јас сипував нова чаша, па Киго се плашеше да не се
опијам, па јас го крадев шишето без да ме види, па таа
ќе ме сожалеше и ќе ми ја дополнеше половично
празната чаша... Киго никогаш не дозволи да бидам
половично празен. Таа секогаш ме надополнуваше. На
нејзин начин. Оригинално. Киго никогаш не ме
оставаше на цедило.
Сега ме остави.

89
VIII <ЈАС И КЛАУДИЈА СМЕ ЛУДИ.>

На ист кревет со Клаудија, а толку далеку еден од


друг. Невозможен простор на далечина царуваше
помеѓу нас. Еден видлив, но толку многу невозможен.
Простор.
Во главата сѐ уште ми бучеа емоциите: пред да
заспијам, минатата ноќ, инспириран од убавината на
мојата заспана драга, пишував поезија. Напишав
десетина страници текст кој не планирав никогаш да го
објавам. Освен после нашето постоење, доколку биде
пронајден од некој случаен среќник. Или несреќник,
сеедно.
Бев буден веќе речиси половина час и немав
сили да станам од креветот. Не сакав да го уништам
тој кралски момент на тишина во близина на таа што
неизмерно ја сакам. Мирисот во собата беше само
еден плус во низата приоритети. Го обожавав тој
мирис на јагода, иако Клаудија никогаш ми немаше
кажано дека користи некој таков парфем.
Клаудија мразеше јагоди. Јас ги обожавав.
Често размислував колку е иронично да мирисаш на
нешто што не можеш да го поднесеш. Тоа ти е исто
како јас да мирисам на месо. Бљак!
Во едната рака ги стискав ножиците – ги најдов
во фиоката покрај спалната пет минути откако тоа
утро ги отворив моите очи и го здогледав новиот ден.
Со другата рака, левата, испрекинато и нежно допирав
по десната рака на мојата душичка. Не сум сигурен
колку таа, но јас дефинитивно се ежев од тие подвизи
на моите прсти: трпки ми лазеа по телото. Се тресев.
Неполна минута ја будев мојата убавица. Мојата
заспана убавица. Длабоко во мене чувствував жал што
мора да се разбуди и да ме трпи, но, од друга страна,
ќејфски беше да се забавуваш со едно така слатко
суштество – грев е тоа да спие повеќе од потребното.
А Клаудија спиеше повеќе од тоа, што и не е за
чудење. Таа имаше обичај да претерува. Во сѐ.
Особено кога бев јас во прашање.
Така, спиејќи, ангелот мој личеше на... На ангел.

90
Ги фрлив ножиците како да држам жежок предмет кој
жари. Набрзина. Се исплашив да не ја разбудам мојата
драга од ударот кој го произведе нивното трескање од
вратата, но, сепак, таа не се ни помрдна. Бев
задоволен што не ја разбудив. И убеден дека спие во
длабок сон. Кој знае што сонува... Низ главата ми се
вртеа милиони и милиони слики кои што посакував да
ги сонува таа. Мечтаев дека, барем на сон ме сака, и
дека таму некаде ми ја возвраќа сета љубов која ми
беше потребна.
Во истата секунда ја протресов главата лево-
десно и сфатив дека живеам во реалниот, суров свет.
А таму мене Клаудија воопшто не ме сакаше. Немаше
љубов.
Колку е лошо слепо да сакаш некого без да
очекуваш да ти биде возвратена љубовта во ниту еден
процент од онаа, твојата! Колку е бедна секундата во
која сфаќаш дека, ти, всушност, си заљубен во нешто
кое не ветува никаква иднина. А сепак го сакаш тоа
нешто, го молиш, му кажуваш колку многу го сакаш, па
правиш сѐ и сешто за да придобиеш макар еден
заводлив поглед, бакнеж во образ барем... Но, тогаш
ти текнува дека ТОА НЕШТО се вика Клаудија. А да се
сака Клаудија е тежок хорор. Со примеси на фантазија.
Научно-фантастичен хорор.
Ми падна жал што ги стискав ножиците во
раката – ја изгубив желбата да ѝ ја скратам косата на
мојата драга. Не ќе можев да продолжам да ја сакам
толку многи доколку има кратка коса. Јас ја сакав
девојката од моите сништа, а таа таму ја имаше
најубавата црна долга коса која секогаш сакав да ја
галам и мирисам.
Ги фрлив ножиците. Се наведнав над Клаудија и
почнав да ѝ ја мирисам косата. Мирисаше вкусно.
Изгледа, скоро и беше измиена. Морав да си купам
еден таков, ист шампон, па и јас да можам да мирисам
на мојата љубов.
Галејќи ја по долгата коса, толку нежно за да не
ја разбудам, со раката се спуштив кон нејзините зрели
усни. Така напрчени и смирени, посакував да ги
гризнам и никогаш да не ги ослободам. Сочно овошје
91
беа усните на Клаудија во тоа прекрасно утро.
Всушност, нејзините усни секогаш биле најубавите на
целиот свет. Со показалецот од раката нежно почнав
да ѝ ја допирам долната усна. Беше мека, и цврста
истовремено. Сувите пукнатини во неа ме
предизвикуваа на двобој, ми влеваа страв во коски
измешан со милион прашања, меѓу кои најчесто се
повторуваше само едно: ЗОШТО СЕ ЗАНЕСУВАМ
ДЕКА ЕДЕН ДЕН ЈАС ТИЕ УСНИ МОЖАМ ДА ГИ
БАКНУВАМ?
Комплекс на ниска вредност.
Така замислен и изнервиран од реалноста дека
не ќе можам да ги бакнувам тие усни, сум заскитал
некаде далеку, во некој посебно чуден свет. Несакајќи,
притиснав со показалецот посилно од дозволеното и
мојата драга почна да мрда со нозете. Стиснав уште
посилно, неосвестувајќи се што правам. Таа веќе
почна да ги отвора очите-маслинки.
О, Боже, колку беше убава! И слатка. Така
поспана, личеше на заспаната убавица од приказните.
Со тоа што, нема плава коса, како таму.
Извини - реков.
Таа, онака сонливо, промрче:
Зошто...?
Па... Те разбудив. Затоа реков... Извини. – како
да ми беше жал што сум ја разбудил. Како претходно
да не правев план за нејзиното будење.
Колку е часот? – ме праша додека се
прозеваше.
Единаесет – одговорив, без да погледнам на
часовникот. Можеби ја лажев. Ич не ми беше гајле
колку часот навистина ѐ
Па тогаш немој да ми се извинуваш. Сум
претерала. Доста ми е. – се прозевна уште еднаш
мојата драга.
Клаудија звучеше како да синоќешниот
драматичен разговор помеѓу нас никогаш се немаше
случено. Како да беше заборавила што сум планирал
со неа. Како да беше заборавила дека во дневната
соба нетрпеливо ја чека кафезот во кој таа треба да
престојува цели 13 дена. Токму поради тоа, решив да
92
ја прашам дали ѝ е добро, со цел да пробуричкам
длабоко во нејзините мисли, и, можеби, да ја натерам
да се издаде. Случајно да се открие самата себе дека
воопшто не е смирена како што делува однадвор.
-Клаудија?
-Молам? – незаинтересирано, гледајќи во
таванот – така ми го постави ова прашање. Одговор,
всушност.
-Клаудија, на прашање со прашање не се
одговара, драга. – ова требаше да биде... Совет.
-А, добро. Се извинувам, господине СЕЗНАЈКО,
ха ха.- сонливо се смешкаше.
-Немој да се смееш, Клаудија. – бев сериозен.
-Да плачам ли? Кажи, ако треба и тоа ќе го
правам. Сѐ за тебе! – леле колку само ме нервираше!
-Клаудија, ти можеби можеш да направиш СЕ
ЗА МЕНЕ, меѓутоа, си размислила ли дека во тоа
твое сѐ не е вклучено она кое мене најповеќе ми
треба?
Молк.
И повторно мое прашање:
-Драга?
-Драги?
-Добрин, не Драги, драга.
-Клаудија, не Драга, драги!
-Клаудија, престани да бидеш иронична со
мене!
-Јас? Јас иронична?
-Да, ти. Ти иронична. Претерано иронична.
-Добрине, навистина си лош. Остави ме да се
расонам па подоцна можеме и да разговараме. Како
луѓе да разговараме. Дај ми цигара.
-Не чини да пушиш на гладно срце. Лошо е.
-Не толку колку што си лош ти...
Откако виде дека не планирам да ѝ дадам
цигара, нервозно скокна од креветот и влечејќи го
белиот чаршаф се упати кон масичката за сама да си
земе. Цигара. Ја запали и се сврте кон мене. Со
замижани очи, што од поспаност што од омраза, и
нешто од димот од цигарата кој несмасно си го
испушти кон очите, Клаудија, онака ладно, ме праша:
93
-Каков е распоредот за денеска? – навистина
креативно.
-За почеток, можеше културно да ме повикаш
за да ти ја запалам цигарата. Знаеш дека обожавам
да го правам тоа.
-Знам, ама не ми текна. ИЗВИНИ! – ова беше
тотално иронично.
-Нема ПРОБЛЕМ. – и ова.
-Може ли да одам да си го измијам лицето,
господине Добрин?
Јас ѝ одговорив со истата боја на гласот како
нејзината:.
-Може госпоѓице, меѓутоа, каде сте слушнале,
или виделе, сеедно, дека некој може лице да си мие
додека пуши цигара? Па тоа не го прават ни
најтешките пушачи, драга моја!
-Твојата драга има колку-толку мозок во
главата. – после оваа реченица, Клаудија го смени
изразот на лицето од сериозен во израз што укажува
на досада:
-Леле, Добрин, досадно ми е! Дај олабави се
малку, пушти работите да течат онака како што
сметаат дека треба.
-Работите не можат да сметаат. Слаби
математичари биле. Ниту да течат. Не знаеле да
пливаат.
-Ти знаеш сѐ! Нели?
-Клаудија, ако не престанеш да ме иритираш
ќе бидам принуден да станам и да те фрлам низ
прозорецот. Жими сѐ!
-Нема да ми кажеш колку ме сакаш? Нема да го
потенцираш тоа дека денеска ме сакаш повеќе од
вчера? И помалку од утре?
-Тоа е моја работа. Денеска не сум расположен
да разговарам на тема љубов. Не спиев баш
најдобро, планирам да лежам и да пишувам
-Ооо, што ќе пишувате, господине Писателу
Славен? Книга за мене?
-Можеби ќе те изненадам, сѐ си бива.

94
-Добрине, ако го направиш тоа, се колнам дека
ќе се јавам дома кај твоите и ќе им кажам дека
претеруваш!
-А во кој тоа дел ти го пронајде моето
претерување? Смеам да знам?
-Како тоа ВО КОЈ ТОА ДЕЛ? Во целиот,
Добрине, во целиот дел! Како можеш да помислиш да
ме вметнуваш во книга? Па тоа е крајно несериозно
од твоја страна! И лудо! Добрине, ти си психопат!
Остави ме да живеам на мир. – опа, мојата драга
знаела да биде навистина одвратна. И одбивна. Добро
го испраксирала делот со одбивноста. Но, исто така,
изгледа доста долго вежбала стрелање. Ме погоди
онаму кај што најмалку сакав да ме погодуваат. Во
срцето.
Ми дојде да заплачам. Таа што ја сакав со сето
срце и со сето постоење, штотуку ми кажа, и тоа во
очи ми кажа дека сум психопат. Почнав да се
нервирам. Крвта почна да ми зоврива. Нервозен, но,
со смирен тон кој го држев во рамките на нормалата за
да не го зголемам па да стане гласен, почнав да ѝ
зборувам и да ѝ се заканувам во исто време:
-Клаудија, драга, слушај ме сега што ќе ти
кажам! Јас тебе те сакам!
-ТИ МЕНЕ НЕ МЕ САКАШ! Ти си опседнат со
мене. Јас сум твојата опсесија, јасно?
-Клаудија, разбери ме, те молам...Те сакам,
душичке... Ти си ми сѐ... Без тебе, јас не би можел да
го замислам овој живот. Без тебе ништо не е исто –
ти си постојано околу мене, во секој предмет што
го гледам. Ти си воздухот - земав длабок воздух-
што го дишам и водата – земав голтка вода од
чашата - која ја пијам... Во секоја девојка – погледнав
низ прозорецот ширејќи ги рацете како да покажувам
кон толпа девојки, убеден дека ги гледаме и двајцата -
го барам твојот лик, Клаудија.
Клаудија тегнеше од цигарата. Постојано. Без
прекин испушташе чад. Клаудија е оџак, драги мои.
Притоа, неколкупати замижа со очињата. Колку
уникатно знаеше да го прави тоа, секоја ѝ чест!
Веројатно ме виде како сум спремен за да излезам на
95
мегдан со неа, па изгледаше нетрпелива да го отпочне
сетоа тоа.
Да нѐ гледаше некој од страна, изгледавме на
актери во театар. Немо се набљубудавме и беше
прашање на време кога „нештото“ меѓу нас, во
воздухот, ќе пукне. Беше прашање на време кој прв ќе
почне да зборува.
Се разбира дека тоа повторно бев јас, оној кој
не брои до десет пред нешто да соопшти:
-Треба ли одговорот во молкот да го барам?
Клаудија не ми одговори. Нервозно пушеше од
цигарата, а во паузите гризеше нокти.
-Треба ли, те прашувам? – пак. Овојпат
нервозно, одвратно, грубо ја прашав.
На крај, Клаудија одговори. Со заклучок:
-Ти си луд!
Збеснав.

96
9. КОНЕЧНО, ЗАПОЗНАЈТЕ ГО И КЛАЈД, КОЈ ВНЕСЕ
ПРОМЕНА ВО НАШИОТ СВЕТ. ЗАСЕКОГАШ.

Дојде и моментот кога во нашата соба – нашиот


свет, влезе и новиот цимер. Најпрвин, затропа
надворешната врата. Се слушаа некои муабети, па
претпоставивме дека се работи за Валита во улога на
водич. Да покаже каде е собата, затоа што, нашиот кат
личеше на хотелски ходник. Имаше четири соби, па
новиот цимер не би можел лесно да се снајде.
Да, навистина се работеше за женски глас, но, тоа
не беше Валита. Беше тоа една ниска женичка со
плава коса врзана во опаш, и со неверојатно
интересна боја на тенок глас кој го исфрлаше преку
уста во вид на смешно девојче кое се расправа со
другарките.
Киго и јас се погледнавме со прашалници. Не
мислевме дека ќе ни се всели цимерка која задоцнила
кога се во прашање студентските години. Стара
цимерка. Јас прснав да се смеам. И Киго, само
потивко, понезабележително. Киго секогаш знаеше
добро да се маскира.
Жената носеше торби, ќесиња... Свашта! Токму тоа
нѐ убеди дека станува збор за цимерка, а не за цимер.
Арно ама, баш кога сакавме да му упатиме
обвинителен поглед на Михајло (мислевме дека не
заебал местејќи ни нешто вакво, цимерско), влезе
тој: облечен во тренерки. Долната на место, горната
врзана на половина. Теглеше торби, носеше ќесиња. И
тој. Долга плава, или смеѓа коса. Неизбричена брада,
но не подолго од два дена. На грбот – гитара.
-Рокер – си презборев во глава. Мразам рокери. Кој
ќе го трпи да ми дрнка над главата. Уф!
-Здра-во ! – измаршира Клајд, како да влегува во
касарна на приемно одделение.
-Клајд – со истиот ритам се обрати кон Киго и ѝ ја
пружи раката за да ја поздрави. Таа отсутно си го кажа
името и ја напушти собата. Овој ја погледна чудно, а
чудно ја погледна и масата на која стоеше шишето
вино. Сфатив дека тоа можеби би било проблем, па
97
инстинктивно го земав шишето и го ставив до мојот
кревет. Си мислев дека неговата мајка за која
претходно мислевме дека ни е новата цимерка, ќе се
налути што нејзиниот син ќе живее со пијаници: таква
слика дадовме со сето тоа што беше понудено на
масата наша.
Помислив да ги растргнам и чашите, но беше
предоцна. Не сакав да чекам да ми пријде, па ја
испружив раката за да изгледам како нормално младо
човечко суштество, да оставам прв, убав впечаток.
Секогаш мислев дека првиот впечаток е најважен.
Џабе ти е ако во првите пет минути ја покакаш
работата. Цел живот ќе те паметат како серко. Па
колку сакаш стискај во себе. Пак ќе бидеш серко.
-Ноно – и јас го изимитирав неговиот марширачки
звук во гласот без да размислувам дека тоа можеби ќе
направи контра-ефект на неговата перцепција кон
мене. Ма немав гајле, бе. Ич! Па нели јас бев
нормално младо суштество за кое нов цимер беше
само една пропратна, нормална работа? И не смеев да
изгледам поинаку, Клајд не смееше да сфати дека е
непожелен за мене. И за Киго.
Сега ми е смешно да зборувам за ова, затоа што
подоцна се воспостави дека Клајд, всушност, е екстра
човек, некој на кому секогаш можам да се потпрам и
некој пред кој што можам да зборувам се што ми лежи
на душата.
Во продолжение, Клајд само се насмевна, ако може
да се нарече така неговото заразно смеење со рапав
глас, како да сум го кажал најсмешниот виц на оваа
планета. Земја.
Со Михајло се прегрнаа, онака, братски.
-Со мене – не – си помислив. И онака мразев
братски прегратки. Не можев да ги сфатам. И не знаев
да ги правам. Јас можев да давам само искрени
прегратки, ама само на Јагода. Не и на други. За жал.
Ова ми остави впечаток дека Клајд и Михајло ќе се
согласуваат подобро од сите други таму. Не можев да
си замислам иднина во која јас и Клајд ќе бидеме
другари. Згрешив. Интуицијата мене често ме лажеше,

98
а тој факт го мразам. Често посакувам да имам добра
интуиција. Но - ја немам.
Да не заборавам да повторам, за да ви биде јасно
како ден, дека ниската женичка беше мајката на Клајд.
Пријатна жена. А, да - носеше и наочари. Со диоптер.
Си замина откако му објасни на Клајд што има во
торбиците, како е сместено и во кој дел може да најде
одреден дел од облеката. Тој не ја слушаше и
постојано мавташе со рацете во воздух, како да го
мачи високо ниво на калциум. Или некој друг витамин.
Уште веднаш бев убеден дека Клајд е крајно
темпераментна личност, некој кој што има црвци во
задникот и не може да се смири. Ма, не може да
престане да мрда! Да прави што и да е, само да не
мирува. Макар тоа било мавтање со рацете, тропкање
со нозете, испуштање чудни звуци, пискање, викање,
пеење, свирење, удирање во маса со неодреден
ритам... Клајд беше енергичен. Калциум. Така го
викавме малку подоцна. За неколку дена. Всушност,
така го нарече Бони.
Истата вечер направивме забава. Пред тоа дојде и
девојката на Клајд, една слаба, лигава девојка со дола
коса и тесни хеланки. Црни. Жив ќе се изедев што
токму таа ја имаше честа прва да седне на кожениот
кревет. Мразев што случајно или намерно се погоди
токму таа да биде облечена во црни хеланки. Веднаш
ја споредував со Јагода и сакав на глас да прогласам
дека НЕМА ВРСКА и дека Јагода би била милион пати
поубава од неа. На Јагода секогаш и сѐ поубаво и
стоеше од сите останати. Но, за жал, беше тоа така
само во мојата глава.
Девојката на Клајд, Клеми, изгледаше смирено, но
лигаво. Веќе кажав дека беше лигава. Го шминкаше.
Нанесе тон шминка на лицето на Клајд, а тој мирно
седеше и се смееше. Не можев да си поверувам на
сопствените очи што јас тоа имам во мојот видик.
Ама тој не дозволи така да се шета. Влезе да се
тушира. Јас, Михајло и Клеми останавме сами во
собата. Јас легнав затоа што ми се спиеше. Ми смрдеа
чорапите, па се срамував од женското суштество што

99
ненадејно нѐ посети. Не можев да поверувам дека сѐ
толку брзо се смени.
Клајд не живееше повеќе од три часа во нашата
соба, а веднаш си донесе гостинка, па уште и влезе да
се тушира...
Мене ми требаа три недели за да се навикнам на
тоалетот, а тој му се пушти за три часа! Можел и
побрзо, ама немал потреба, сто посто!
Решив да се истуширам и да ја истерам сета
жештина што се криеше во мене. Но, немав крпа.
-Јас ќе ти дадам. Одбери си. Која ја сакаш? На,
оваа шаренава... – довикна Клајд додека мавташе со
рацете.
-О, благодарам. Може. – прифатив, како да го знам
со години наназад.
-Па и крпата ќе му ја искористам, бе!
Неверојатно! Ова не сум јас, ова не сме ние! Што се
случува со нашиот „дом“ ? – вакви и слични на овие
прашања ми се мотаа во главата. Конкретни одговори -
немав, но возможни – да. Имав.
Се истуширав, се средив, и на моменти се
подзамислував затворајќи се во себе затоа што навистина
не бев навикнат на новонастанатата ситуација. А, беше
повеќе од очигледно дека ќе ми треба навистина многу
време за да се навикнам на истата.
С о добра винска подлога, продолжив да градам куќа
од црвено вино. Во мојата крв. Видно поднапиен, не знам
зошто, но,Клеми ја нареков Гонореја. Нејзе тоа ѝ сметаше.
А јас, пијан к`о пијан - замарав. Но, со единствена цел: да
направам атмосфера. Луда.
Арно ама, на Клеми воопшто не ѝ се допаѓаше мојата
шегобијност.
Клеми. Проста девојка. Лигла. Уште веднаш ми остави
впечаток на глупача. И знаев дека тоа не е најдобриот
избор на Клајд, и дека нема долго да трае. Иако не го
познавав доволно долго за да судам каква девојка треба
да има. А и без тоа, јас не можев да судам за нешто такво
– немав искуство.
-Немој да ме викаш така, бе, што ти е? – ме
прашуваше Клеми додека изразот на нејзиното лице јасно
кажуваше дека не ѝ е до смеење. Веројатно нешто не ѝ
100
беше погодено од некој друг, ама јас си го јадев стапот.
Како и секогаш.
Како шлаг на тортата (ма, каков шлаг, јагода на
шлагот) дојде и Гонореја. Онаа, вистинската.
Психички погоден од ситуацијата во собата, каде што
скоро сите си седеа со својата друга половина, а јас еден
од оние самците, со чаша вино во рака излегов надвор. Во
дворот. Седнав на едно старо столче покрај гадната
дрвена маса. Мирисаше пријатно. И чудно, истовремено.
Некако сѐ беше толку смирено... Па морав да се штипнам,
буквално, за да можам да сфатам дека е реалност, дека
не сонувам. Јас секогаш, а посебно кога имам поголема
количина алкохол во крвта, длабоко размислувам и
детално го обработувам моето минато. Па така направив и
тогаш, додека седев на извалканото столче гледајќи ја
панорамата на Шит.
Го зедов мобилниот (сум го понел со себе по некоја
случајност) и ѝ пишав СМС на Мери, другарка ми со која
често ми недостасува ред муабет, а таа никогаш, ми се
чини, не го сфати тоа (сѐ си мисли дека се шегувам).
Колку што можам да се сетам, изгледа ја прашав каде е,
па ѝ наредив веднаш да дојде на нашата забава, притоа
заборавајќи дека таа е во Светиот град. Јас заборавив,
ама Мери ме потсети: веднаш ми се јави за да ми објасни.
Веројатно ме проценила и мене и ситуацијата: пијано. И
јас, и ситуацијата.
Во продолжение, напишав уште неколку СМС пораки
на некои ликови за кои моментално не можам да се сетам,
а тоа беше сосема доволно за да се заробам во самиот
себе и да заплачам. Ја поместив до половина полната
чаша со црвено вино подалеку од мене, за да не ја турнам
со раката. До неа го сместив мобилниот. Погледнав кон
светлината од Шит, и заплачев. Плачев толку смирено, во
исто време искрено, од длабочините на моето срце.
Знаете, многу често уживам кога плачам. Како преку
плачењето да ја исфрлам сета непотребна нечистотија од
моето минато (во длабоко минато кај мене спаѓа и
минатото од пред една минута).
Јас надвор – плачам.
Тие внатре – се забавуваат.

101
Доза липање, доза звуци од турбо-музика. Каква
иронија!
-Каква иронија – си мислев во себе додека рацете ми
се тресеа.
Се чувствував како најосамениот скитник во Шит. Како
да немав каде да се вратам, како да немам внатре, само
надвор. И таман почнав уште поубаво да се задлабочувам
во сопственото минато, наслушнав некој чуден звук. Како
мачка да шушкаше во ѓубрето на Валита и нејзината
фамилија.
-Ноуноуууууу... – беше човек. Женски човек. Мачките
не знаат да зборуваат. Барем не сѐ уште.
Не одговорив. Продолжив да липам.
-Ноуноу, штуо ти јее? – пак.
Јас молчев. Без да ја кренам главата. Пак.
-Лиееееелеееееее – извика гласот од женскиот човек.
Последниот збор ме натера да си ги истријам очите со
брзина на светлината и да поставам нов Гинисов рекорд
во кревање на пијана, тешка глава. Беше тоа Гонореја.
Вистинската. Таму, во мракот, позади аголот на куќата,
личеше на малечка срна: очињата како маслинки, убаво
оформено лице, шилеста брада, нежна кожа како од
кадифе и косичка што потсетува на свила.
-Гонореја? – престанав да плачам. Морав.
-Зуошто плачеш, чоек? – почна збунето да ме
испрашува.
-Е , дојди де... Што ти е ? – сега ја прашав јас. Уште
позбунет. Од каде до каде Гонореја во Шит, и тоа во ова
време од ноќта?
-Од каде до каде, Гонореја, ти во Шит, и тоа во ова
време од ноќта? – не можев да не ја прашам.
-АбЈЈе, знУаеш... ЗУаглавив... ГУо испуштив
пУослИедниот автобус... ПУааа... Ќје прИеспијам тука. –
со природно лигавење ми одговори Гонореја.
-О, да? Каде? Овде? Кај нас?
-Ње брИЈе... Кај БУоУнииии... Ти па, ама си! Како тука
да спијам, срУаУмУота е, сЈе мУашки стИје... –
зборуваше додека со долгите прсти си ја местеше веќе
наместената коса. Гонореја секогаш изгледаше како да е
крајно нервозна и како да ништо не е во ред со неа. Не
нешто, туку ништо. Ете така изгледаше таа најчесто, во
102
речиси сите денови од нашето дружење. На почетокот,
мислев дека Гонореја е дигната и дека до неа нема да
можам да допрам. Ама, не било така. Таа беше најмилото
девојче што некогаш го имав запознаено. Со исклучок на
лигавоста. Ама и таа беше слатка. Слатки лигавици.
Гонорејски.
Пријдов поблиску. Ја прегрнав, и ѝ шепнав на уво:
-Те сакам.
-Лиеееелеееее... И јас те сакаааам.
-Е како не!
-Ама зуошто плачеееш? – Гонореја менуваше тема на
две секунди. Расеана до крај.
Тоа беше еден меѓу првите денови кога Гонореја
почна да ме привлекува, на начин сличен како Јагода. Но,
недоволно силен за да ја замени јаготката моја највкусна.
Од тој момент до следното утро, сѐ што се сеќавам е дека
испив уште неколку добри чаши црвено, чисто вино, и дека
се убив од плачење.
Бони, Киго, Гонореја, Михајло – сите ме тешеа.
Бони едно време дури почна и да плаче со мене, како и
таа да ја сакаше Јагода.
Да. Плачев за Јагода. За таа глупава девојка која
не заслужи ниту една моја солза. А сепак...
Им реков да ме остават сам. Повторно во дворот.
Со ветување дека нема да плачам. Дека нема да правам
проблеми. И дека нема да пијам.
Ама, се зафркнаа. Јас ги зафркнав.
Бони ја сокрила полната винска чаша на видно
место. Не се потрудила доволно. Ја најдов, и ја испив. На
екс. Па и чашата стана екс-чаша со вино. Сега беше
празна.
Последната чаша изгледа ја прели чашата.
Чашата е преполна, ме загушува... Па јатоа ја испив.
Цела. До крај.
И, пијан како магаре, ѝ се јавив на Јагода. Кога сум пијан,
не испуштам шанса да ѝ се јавам нејзе и да ме чуе како
плачам по неа. Да си ја ситнам душата и да личам на
простак
. Таа, како и секогаш, не беше расположена да се
малтретира со пијаници, а најмалку со мене. Гледаше да
ме откачи најбрзо што може. Ми кажа дека не може да
103
дојде кај мене на забавата затоа што планирале друга
забава со некои други... И кажав дека ја сакам, дека не
можам да дишам без неа, дека таа е причината што испив
100 чаши вино. И тоа чисто. Не ми поверува. Така ми се
чинеше. Го треснав телефонот од земја, а тој се одби од
едно каменче. Во дворот на Валита немаше каменчиња,
па откако разгледав поубаво, сфатив дека, плачејќи до
кинење на гласилките додека сум се трудел да зборувам
со Јагода, јас сум залутал по тесниот сокак покрај нашата
куќа. Немав сили да го барам патот за назад, па седнав на
земја. Можеа кучиња да ме растргнат во таа темница, но
јас немав сили за ништо.
Жива среќа – дојде Киго! Киго мене секогаш ме
спасуваше! Ми недостига спасувачкиот инстинкт на Киго.
Мојата драга Киго.
Уживав во пијанството. Тогаш бев она што
навистина сум, кажував сѐ што не можев кога не пиев.
Совршенство без мана. Или, мана без совршенство... Кој
знае?
Киго ме фати под рака и почна да ме шета. Како
куче. Киго беше мојата шитска мајка, дефинитивно! Каде
јас без Киго во Шит? Нема шанси! (Се зафркавам, има
шанси, ама сега. Тогаш-не.)
Киго се трудеше да ме орасположи. Да ми даде
инјекција позитива. И, рака на срце, срце на место, успеа
во тоа. Киго ми беше нешто како психолог, исто така.
Секогаш делуваше добро за мојата психа нарушена од
Јагода.
-Човече, ма не се замарај! – ме тешеше – ќе ѝ
текне нејзе еден ден каков човек испуштила од раце!
Смешки во боја! Па, кога мене Јагода воопшто ме
имала во раце за да може да ме испушти? Глупости!
Лека-полека, почнав да се освестувам, иако
количината алкохол што ја примив таа ноќ ми беше
доволна за да ми делува како опијат во следните два-три
дена.
Гонореја не остана на спиење кај нас, а требало да
спие со мене, на мојот кревет. Мојата шанса ја изела
Клеми. Се надувала, не ѝ годело присуството на Гонореја.
Коза. Да дознаев тогаш, ќе ја задавев. Таман пијан... Ќе
имав храброст.
104
Јас, Мистер Мускул, Киго, Бони и Гонореја, одевме
да купиме перечиња, а воедно и да ме освестуваат, да ме
фати воздух свеж. Се најадов, и покрај ригорозната диета.
Пијана работа.
Тие бевме по перечиња, но патот кон дома го
поминав само со мистер Мускул. Киго отиде во својата
вистинска дома, а Бони ја зеде Гонореја да ѝ биде
гостинка. Таму ќе спиела. ФУк!
Мене ме затворија во екс-собата на Киго, што Кан ја
беше подготвил за свое засолниште. Дента пред забавата
ја беше заклучил, а клучот си го зеде со себе. Жива среќа
што клучот од тоалетот беше потполно ист со оној од екс-
собата на Киго, па можев да ја отклучам и да спијам таму.
Кој знае зошто, дали оти бев пијан или оти Клајд и Клеми,
Мадам Батерфлај и Михајло сакале да си го тераат ќефот
сами – не знам, само знам дека таа вечер спиев сам во
екс-собата на Киго.
Така заврши фамозната забава. Следното утро
добив информација дека е петок. И дека, веднаш после
часовите, ќе си одам во моето вистинско дома. Во Светиот
град. Тоа ме тешеше и опушташе.
Сѐ уште пијан, ја издржав и првата половина од тој
петок во Шит, трудејќи се да не размислувам на тема
„јагоди“ и да останам максимално смирен, посветен на
некои други, поведри нешта. И тематики.
Само... Ми беше срам што сум ѝ се јавувал на
Јагода. И што сум ѝ се дерел на телефон додека очајно
сум плачел. Си ја замислував како се смее со другарките
додека им раскажува за мојот детски потег. Секогаш беше
така: прво уживав, отпосле се каев.
Претстојниот викенд, и мојот здив, мирисаа на
црвено вино и јагоди.

105
IX <ТЕ САКАМ.ТЕ МРАЗАМ. >

Додека држејќи ја под пазуви ја влечкав кон


дневната соба, Клаудија беше на работ од нервниот
слом. Беше хистерична и врескаше на цел глас:
-Косата, косата, косатаааааааааа... Добрине,
внимавај, еј... Косатааааааааа... Остави ме, бе,
Добрине, доста... Ауф! Косата... Леле косата! Ме
боооолииии! – врескаше мојата драга. А јас ја влечев
како обична вреќа. Празна.
-Престани да бидеш лоша, глупачке! Немој да
ме натераш да ти кажам дека те мразам!
-Добрин, немој... Не... Ме боли, Добрине... Немој
да ме тегнеш, те молам... Те молаааааааааам...
Ауууууф!
-Немој да ми се жалиш, чудачке. Кој што си
заслужил - тоа си го добива. Така да знаеш. Ќе играш
по моите правила, ок?
-Ок, ќе играм, само пушти...- ме молеше мојата
драга. Јас немав осет. Понекогаш навистина
претерував.
Бран топлина ми помина низ срцето. Можев да
го почувствувам олеснувањето кое ми проструи низ
сите телесни вени кога ја слушнав нејзината последно
кажана реченица. Клаудија ќе игра по моите правила!
Се согласува! Ова беше момент за прослава,
незаборавен!
-Срце мое... Шеќерче... - ја ослободив од моите
стеги и почнав нежно да ѝ ја галам косата како на
самата неа да ѝ се извинував што сум ја тегнел.
И, продолжив со мили зборови:
-Па како би можел јас тебе да те
малтретирам? Па, ти си мојот живот...
-...И инспирација. - ме надополни таа.
Да не бидам кусо, надополнив и јас:
-...Да. И инспирација. – заклучив. А таа повторно
отклучи. Сакаше во неа да го разбуди она
романтичното што со години се крие. Да признаам,
навистина ме изненади:

106
-Ајде сега, запеј ми една песна.
Сентиментална. Нежна. За душа... Не си ми пеел
уште од оној пат, во училницата. – Клаудија
цитираше една реченица од мојата омилена театарска
претстава. Знаеше дека го мразам тоа кога таа цитира
нешто од моите омилени нешта, затоа што знаев дека
тогаш е неприродна и иронична. Но, во тој момент, таа
знаеше и дека не постои можност да се лутам, затоа
што, колку што ме повредува, толку тоа ме погодува
во срцето и ме прави навистина кршлив.
-Сакаш да ти пеам? Навистина? Го сакаш ли
тоа, срценце? – кога го поставив ова прашање бев
навистина смирен, барем посмирен од претходно. Се
трудев да бидам позитивно изненаден. А таков и
навистина бев.
-Да... Сакам... Навистина сакам. - изгледа дека
повеќе немаше трпение. Клауди почна да го губи
своето трпение.
- Пеј! – го одбруси ова со остар тон.
Наредба!?
Мојата драга ми наредува?
Мене?
Е, ова не ѝ требаше! Мразев наредби од нејзина
страна. Таа не смее да ми наредува да ѝ пеам кога
можеби не сум подготвен. Мразев да пеам без
претходни подготовки.
-Е , нема да ти пеам! – реков и ги вкрстив
рацете како дете што се противи да јаде.
-Зошто? – се трудеше да биде изненадена, а
можев целосно да го препознаам ироничниот тон од
длабочините на нејзиното срце. Таа, демек, сака да ѝ
пеам, а всушност сака само да ме смири и да ме
откачи. Оваа финта не ќе запали кај мене. Но, сепак,
останав смирен:
-Може да дадам еден предлог?
-Секако дека може. А шта не би могло?– почна
да се смее трудејќи се тоа да звучи што е можно
поприродно и поискрено.
-Во ред. Ај јас да не пеам. Ме мрзи. Плус, пеам
одвратно...

107
-...Е како па да не ! Ти пееш фантастично!
Алооо, се слушаш ли бе ти што зборуваш? Леле,
Добрине, колку само не знаеш да се цениш!
Неверојатен си!
-И ти си неверојатна. Туку, доста ми ласкаш. Што
велиш ти, шеќерче, јас да ја пуштам нашата омилена
песна... Или, една од нашите омилени песни. Па ние
малку да уживаме во моментот?
Молчеше. Изгледа не сакаше.
Морав да прашам:
-А?
После половина минута, Клаудија го даде
одговорот:
-Добро. Може. – видно незадоволна.
Кутрата... Само да ме откачи. Набрзина да ми го
сврти умот за да ја ослободам од овој стан. Штета за
неа што, колку и да се трудеше, тоа немаше да биде
возможно.
Отидов кон радиото и го вклучив. Го ставив ЦД-
то, и ја избрав втората песна.
Првата ја преслушавме, одиме на следната.
Инструменталка од мојот омилен филм, или нешто
така... Првите звуци од мелодијата ми беа совршени за
да чекорам во ист ритам со нив, додека се
доближувам кон мојата драга. Чекорев лесно, пазејќи
да не нагазнам на замислените трња од рози што ми го
попречуваа патот. Обожавав рози.
И Клаудија ги сакаше. Еднаш ѝ подарив, ме
убедуваше дека сѐ уште ја чува, црна и овената. Ја
потсетувала на мене и на денот кога сум ѝ ја подарил.
Сешто.
Мелодијата ја доживеа својата дваесет и трета
секунда, кога јас бев пред очите на мојата љубов. Ја
погледнав право во нив, и ѝ реков:
-Колку е убава оваа песна... Колку ја сакам... Ја
сакаш и ти, зарем не, убавице? Ајде да танцуваме...
Клаудија го беше задржала своето
незадоволство, не сакаше да го пушти. Сакаше да ме
нервира, па навистина почна да се противи. Да оди
контра моите омилени нешта. Знаеше дека сето тоа ме
иритира.
108
-Всушност, песнава ми оди на нерви! Зошто ја
избра баш оваа? - ме праша рецитирајќи го секој збор
одделно. Да го потенцира.
-Сакаш да запалам свеќи? – се правев дека не ја
слушам. Морав! Ме повреди нејзиниот негативен
коментар. Добро се сеќавав дека до претходниот ден
тоа беше нејзината омилена песна. Па, тогаш како е
возможно сега да го тврди токму она, спротивното? Се
доближив до неа, ја фатив за едната рака и нежно
почнав да ѝ ја масирам, со цел да ја предомислам, да
ѝ дадам до знаење дека нејзиното мислење не е по мој
ќејф. Дека треба да го смени ако не сака да се случи
нешто лошо.
Таа го забележа немирот во моите очи, па се
потруди да ме омекне:
-Не, немој погрешно да ме сфатиш... Ја сакам
песнава. Само, некако ми е здосадена...
НАШАТА песна ѝ здосадила на мојата љубена.
Колку е тоа страшно! Не можев да издржам, а да не ја
погледнам остро и злобно.
Едноставно, моите слаби нерви си го направија
своето: смирениот јас одненадеж се трансформира во
зомби, во ѕвер.
Раката која претходно успеав да ѝ ја фатам и
нежно да ѝ ја галам, сега ја стиснав најсилно што
можам и ја отфрлив назад, да се врати на своето
вистинско место – покрај струкот на мојата совршено
градена драга. Тогаш го свртев грбот и со тешки, бавни
чекори, се враќав назад, кон радиото. Мелодијата веќе
ја доживуваше својата кулминација, а тоа во мене
правеше чувство на немир и неисполнетост. Не
поради кулминацијата, туку, повеќе поради тоа што
беше повеќе од очигледно дека мојата драга се инаети.
Почнува да ги мрази нештата кои до скоро ги
обожаваше.
Триесет секунди пред крајот, песната беше
стопирана. Радиото беше исклучено. Од штек.
Се наведнав кон него, и го бакнав. Почнав да му
зборувам, нему и на песната која не ја пуштив да
прозвучи:

109
-Те сакам, песно. Не нервирај се! Таа повторно
ќе те засака. Нешто не ѝ е добро на мојата драга. -
со раката покажав кон Клаудија, како радиото да
можеше да ја види.
- Не лути се, ќе средам, ок? – завршив.
Клаудија си седеше пропадната во фотелјата и
изгледаше навистина смирено. Ме праша:
-Добрин, што зборуваш? Мене ми рече нешто?
– тогаш таа стана од фотелјата и се упати кон мене.
Како да сакаше на своето прашање да си даде одговор
откако ќе се доближи до мене и ќе ме чуе што
зборувам.
Не ѝ одговорив. Бев зафатен.
Таа ме гледаше чудно, полна со прашалници во
погледот.
Можам да се обложам дека Клауди
претпоставуваше...
Од фиоката под радиото пребркував и со
невнимание исфрлив се што наоѓав а ми беше
непотребно. На крај, го најдов тоа што го барав: две
дебели јажиња. Ги бев ставил таму еднаш кога ги
најдов пред влезот од нашата зграда. Си бев рекол
дека можеби ќе ми притребаат. Изгледа, тој момент
дојде.
-Седнувај на фотелјата! – ѝ наредив на мојата
драга.
Таа стоеше како скаменета.
-Седнувај! Веднаш! – почнав да се дерам. Да се
вознемирувам.
-Ама, Добрин... Јас... - пелтечеше Клаудија. Се
збуни.
-Седи, бре! И не мрдај! – звучев сѐ понервозно и
понервозно.
-Добрин... Јас... Те... – Клауди се трудеше да ми
каже нешто. Ако ѝ дозволев, можеби и ќе ми кажеше.
Но, не ѝ дозволив. Ја прекинав на крајот од
реченицата:
-ЛАЖЕШ!
-Те Са... – уште еден обид.
А јас уште еден прекин на реченицата:
-ЛАЖЕШ! – овојпат многу посилно кажано.
110
Не ѝ дозволував да се доискаже. Решив јас да ја
затворам темата:
-ТЕ МРАЗАМ! – секундарно ги изврглив па ги
вратив очите во нормала. Таков бев секогаш кога ги
кажував тие два збора, без разлика на соговорникот.
Клаудија ме гледаше во очи додека со плеткање во
нозете чекореше кон фотелјата. Седна смирено,
бездушно, иако несмирено.
Личеше на невино гулабче бело, рането во
срцето. Кутрата таа, ја жалев.
Јас стоев пред радиото, во рацете стискајќи ги
јажињата. Имав цел, имав идеја. Морав да се движам.
Така стоејќи, немаше да можам да го извршам она што
го бев наумил.
Заповедничкото во мене почна да се буди.
Упатив уште еден поглед ист како претходниот
кон мојата драга, и низ заби ѝ заповедав:
-Не мрдај, сега ќе те врзам!
Клаудија почна да плаче.

111
10. НАНАЗАД ВО ПОДАЛЕЧНОТО МИНАТО, КОГА
ЈАС И МЕРИ ОРГАНИЗИРАВМЕ РОДЕНДЕНСКИ
ПОДАРОК ЗА МОЈАТА ДРАГА. МЕРИ, ТИ БЛАГОДАРАМ
ЗА ИДЕЈАТА И БЕЗРЕЗЕРВНАТА ПОМОШ!

Летото пред да се случи доселувањето на Јагода


во Шит, се случи и последниот нејзин роденден на кој јас
искрено му се радував. Сега веќе не е така, иако во
последен момент, во 5 до 12 и го честитам преку порака
(не издржувам да ја игнорирам до крај глумејќи дека не се
сеќавам кога е родена. Невозможно. За жал.).
Тоа утро се разбудив со насмевка на лицето. Бев
среќен како да славам роденден... Но, не беше така. Беше
уште поубаво: роденден навистина имаше, но славеникот
не бев јас. Мојата Јагода полнеше 19 години.
Во Шит, јас и Мери отидовме на кафе во најубавото
и најсмиреното шитско место за кафепиење, близу моето
екс-средно училиште во кое сега учеше Мери.
Се досадувавме, ми се чини дека чекавме да дојде
11 часот за да заминеме секој по својот пат. Одеднаш,
очите на Мери добија сјај. Помислив дека станува збор за
некоја нечуена идеја што ќе го убрза нашето слободно
време:
-Мери, кажувај!
Јас и Мери често се разбираме со поглед.
Понекогаш, дури ниту поглед не беше потребен за да
едниот разбере што се случува со другиот. Во некое друго
време, и на некое друго место, Мери веројатно би била
мојата поубава половина.
-Ноно, па денес на Јагода ѝ е роденден, нели?
-Да, секако. Од каде знаеш ти?
-Разговараш со некој непознаник, или со најдобра
другарка? Будалче, ај не се занесувај... Од каде сум
знаела...Тропки тропање!
-Е добро де, батали...Роденден ѝ е. И?
-Имам план.
-Каков?
-Ќе ти се допадне.
-Каков?
112
-Слушај.
И – ми раскажа.
Детален опис на нејзиниот план. Јас додадов уште
нешто плус и се изгледаше беспрекорно. Недостасуваше
уште добро да се подготвиме, и планот можеше да биде
реализиран.
Убаво ги разгледавме сите околности и пречки, па
откако разјаснивме и ги тргнавме сите нагативитети,
отидовме на часови: таа таму, јас онаму.
Попладнето, се вративме во Светиот град. Се
најдовме на однапред договорената локација, и како некои
сомнителни лица се клатевме до продавницата за
материјали. Купивме еден метар бел сатен. И се
прошетавме во Њу Парк, местото каде што некогаш се
релаксиравме, за да уште еднаш ги повториме сите
чекори, чекор по чекор. Изгледаше дека се е под контрола,
па чекавме само да дојде вистинското време. Полноќ.
Отидов кај Мери еден час пред да се означи
стартот за акцијата. Пиевме кафе и сок и муабетевме,
воглавно околу тоа колку нашата идеја е уникатна и
неверојатно отчакена. Во позитивна смисла, секако. Или,
пак, можеби во негативна, за некого. За Јагода, поточно.
Сепак, нешто ми кажуваше дека не е така. Мојата Јагода
би била допрена во срцето од овој потег, таа размислува
исто како мене, зарем не?
Како летаа минутите, така јас и Мери бевме сѐ
повозбудени и не можевме да престанеме да се зезаме на
наша сметка, како што тоа често го правиме, во наш стил,
уникатно. Уникатни бевме ние деца, без сомнежи.
И, дојде и тој момент: 23:30. Излетавме од
нејзината куќа со брзи чекори, како да полноќ ќе дојде за
три, а не за триесет минути. По пат видовме куќа со двор
преполн со црвени рози. Мери откина една. Кога ја прашав
зошто (ги обожавам розите), таа ми одговори дека тоа е
само уште една нејзина идеја, и дека треба да почекам за
да видам за што станува збор.
Јагода живееше во близина од куќата на Мери, па
затоа не ни требаше многу време за да стигнеме до
нејзиниот дом. Во нејзиниот двор, поточно.
Беше темница. Сигурноста која до тој момент
лежеше во нас – нѐ напушти уште во моментот кога јас го
113
распослав белиот сатен на дрвената маса. Требаше да го
поставиме на земја, но сфативме дека во темницата некој
може лесно да го нагазне.
Додека јас го местев сатенот за да изгледа
поубаво, Мери кинеше листови од големата црвена роза и
ги разлеваше насекаде низ него. Од мојата кеса го
извадив розевото кадифено срце на кое пишуваше Ќе те
сакам засекогаш и го поставив на средината од белиот
чаршаф.
Во меѓувреме, Мери ја извади малата црвена
свеќичка со мирис на роза, и ја стави малку потаму од
срцето.
Јас ја извадив картичката која што претставуваше
порака до Јагода, за да може да знае од кого се сите тие
нешта. На картичката пишуваше Малку романтика за
мојата принцеза, на англиски јазик. За да ја составам
правилно, ми помогна мојата драга Маријана без ј од
Прилеп. Мојата омилена англичанка, која секогаш ми
недостасува, особено кога ќе се сетам на прекрасните,
неповторливи моменти од нашето дружење во времињата
на моите почетоци. И таа знаеше дека ја сакам Јагода.
А, да, за малку ќе ја заборавев и преубавата,
природна, црвена роза. И нејзе ја извадив од кесата и ја
ставив да леже допирајќи еден мал дел од кадифеното
срце.
Нешто не беше во ред. Сѐ беше на своето место, а
сепак нешто недостасуваше. Свеќата! Таа стоеше
незапалена, а требаше да гори, за да го долови
потребниот романтичен ефект.
Мери ја крена, а јас набрзина ја извадив запалката
од џебот. Почнав да чкрапам со неа, но по неколку обиди
сфатив дека таа не функционира како што треба – нешто
беше заглавено. Мери испаничи. Рацете почнаа да ни се
тресат при помислата дека некој може да излезе и да не
види. Беше толку многу тивко што и најмалото шушкање
од нашите празни кеси се слушаше насекаде и се
одбиваше во вид на ехо. Или можеби само нам така ни се
чинеше, кој знае? Ништо чудно не е тоа имајќи во предвид
дека бевме многу исплашени.
Тогаш Мери од нејзиниот џеб извади друга запалка.
Жива среќа во несреќа што зела резерва.
114
Јас ја држев свеќата плашејќи се дека ќе ми падне
од рака и ќе се распрсне на милион парчиња. Тогаш
Јагода би можела да нѐ чуе, да излезе во дворот и ...
Тогаш се слушна шушкање. Не, не беше од нашите кеси.
Тоа беше звук кој доаѓаше од друго место, од таму каде
што беше влезната врата од куќата на Јагода. Мери си ги
изгоре прстите, ама свеќата беше запалена. Несигурно ја
плесна на чаршафот, се сврте кон мене, ми даде знак и си
ја киднавме. Трчавме како луди.
Звукот што го чувме бил од мачка. Црна. А црните
мачки, велат, несреќи навестувале. Баксузи.
Трчавме и се смеевме поради сцената со мачката.
Таа беше виновна што многу лесно можевме да
направиме пожар од мојот подарок за роденденот на
Јагода.
Колку романтично, нели? Куќата на Јагода можеше
да блесне во пламен, па така таа ќе си го добиеше
најубавиот роденден во нејзината роденденска историја.
Уф, не испадна така, добро е!
Застанавме во темната уличка и со поглед се
прашавме: Што понатаму? додека се смешкавме поради
тоа што една мачка успеа да не исплаши до смрт.
Го земав телефонот и ѝ напишав порака. СМС. ѝ
кажав на Јагода дека треба да излезе во дворот.
Слушавме за да дознаме кога ќе излезе.
Почекавме две-три минути, но не излезе никој.
Почекавме уште толку – повторно ништо.
Решив да се јавам, иако, според планот не смеев
да ѝ се јавувам. Бидејќи не знаев како ќе го прифати мојот
подарок, можеби ќе ми биде лута. Никогаш не можеш да
бидеш сигурен како Јагода би можела да реагира.
На првиот обид - Јагода не ми одговори. Помислив
дека е навистина лута. Сепак, се одлучив да пробам по
втор пат, уште еднаш. На вториот обид, ми одговори.
Поспано.
Јагода спиела! О, Боже, не! Сега бевме уште
поубедени дека свеќата може да предизвика пожар имајќи
на ум дека нема кој да ја види и да ја угасне.
И објаснив на Јагода дека треба да биде брза, а
таа ми даде потврден одговор. Барем јас така ја разбрав,
затоа што звучеше како да зборува во сон.
115
Мери ми даде предлог дека треба да си заминеме,
затоа што на Јагода, очигледно, не ѝ се брзаше... А нам не
ни се чекаше. Веќе.
Со Мери одлучивме дека треба да прошетаме во
паркот. Не можевме веднаш да заминеме по дома, затоа
што не јадеше сомнежот и прашањето ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ
СО ПОДАРОКОТ НА ЈАГОДА ?.
Одевме по патот од коцки. Јас молчев, Мери
нервозно дишеше. Мери беше нервозна.
-Мери, што се случува? – морав да ја прашам.
-Што се случува? Што НЕ СЕ СЛУЧУВА, Ноно,
тоа мене кажи ми го ТИ! – беше тивка, внимателна, а
бесна, изгорена.
-Мери? А што друго очекуваше ти?
-Што очекував ЈАС? Па да бев ЈАС на
НЕЈЗИНОТО место, до сега сто пати ќе те побарав и ќе
ти се заблагодарев, во најмала рака. Дури и би те
прашала каде си за да дојдам да те прегрнам.
-Не очекувај го тоа од Јагода.
-Веќе не знам што да очекувам од неа, Ноно. Не
знам.
-И јас. Можеби... Можеби, едноставно... Можеби не
требаше да го правиме ова. Изгледа дека Јагода не е по
романтиката... Како што ние мислевме. – го плеткав
јазикот додека мозокот почнуваше да ми блокира. Тоа
беше знак дека и јас сум нервозен, само што не дишев
забрзано како Мери.
-Ноно... Ова не е во ред. Оваа не е нормална!
Уште ја нема. Ај провери на мобилниот...
Јас ја прекинав пред да се докаже:
-Нема ништо.
-Глупава.
-Еј, можеби спие. Можеби ми се јавила во сон па
веднаш продолжила.
-Аха, теши се. Ти само теши се!
Молчевме и чекоревме уште една минута.
Стигнавме во училишниот двор каде што за прв пат ја
видов Јагода. Седнавме на клупа и ништо не се смени –
молчевме. Мери се тресеше и пушеше цигара. Побарав
една. Цигара. И јас запалив. Уште еден доказ дека бев
нервозен.
116
Јагода сѐ уште ја немаше да реагира. Ниту повик,
ниту порака, ниту пак сигнал ми немаше испратено.
Мери зема еден длабок дим од цигарата и ме фати за
рамото на начин кој навестуваше совет:
- Јас мислам дека е време да престанеш да ја
сакаш. Таа не заслужува...
- -Никако. Јас не можам да престанам да ја сакам
неа. Таа е мојот живот. И инспирација.
- -Да. Но...
- Остави... Нека се збие на подарокот. Не ѝ се
допаднал – не ѝ се допаднал, не е крај на светот!
- Сигурен си?
- Веројатно... Да.
- Мене не ми излгедаш на таков.
- Мери... – голтнав кнедла.
- Ноно... – и Мери.
Ја погледнав во очи. Ја фрлив цигарата најдалеку што
можев и... Заплачев. Не плачев силно, но солзите сами ми
течеа по образите.
-Ноно, немој, Ноно... – гласот на Мери вибрираше.
Се почувствував како да сме дел од некоја драма.
-Мери, тешко ми е, Мери...
-Знам, Ноно... О, Господе...Дојди да те прегрнам.
Сакам да те прегрнам. Немаш претстава колку ми е
тешко...
-Тебе нема зошто да ти биде тешко. Единствениот
кој губи овде сум јас, Мери.
-Но, јас ти посакувам сè најдобро, секогаш сум со
тебе, па затоа и јас...
-Мери, ти си душа!
Во следните пет минути се слушаше само моето
липање во тивката ноќ. Од паркот се слушаа гласови на
среќни луѓе. Им завидував. Особено на оние кои се
излезени на прошетка со своите љубени. А што јас? Јас
никогаш ја немав мојата љубена. Никогаш ја немав
почувстувано таа магија да бидам насамо со личноста која
ја сакав од почетокот на моето постоење.
Не ни забележав дека сум се смирил и дека солзите на
лицето ми се исушиле до степен на закоравување. Мери
ме потсети кога ме отпушти од нејзината прегратка.
-Да си одиме, а? Доцна е...
117
-Да си одиме.
-Ајде, ќе се видиме утре. Ќе се дружиме. И, ако има
нешто - слободно ѕвони, ќе ти одговорам. Колку и да е
доцна. За тебе – никогаш не е доцна, во ред?
-Во ред.
-Чао, Ноно... – се забележуваше нијанса посветол тон
во бојата на нејзиниот глас.
-Ти благодарам, Мери. Ти благодарам за сѐ !
-Немаш гајле. Размисли за она што ти го реков.
-За кое?
-Престани да размислуваш за Јагода. Таа не е за
тебе.
Мери замина во темнината.
Заминав и јас, кон светлината. Светлина доаѓаше од
паркот. Колку повеќе одев, толку поубеден бев дека,
всушност, Мери оди кон светлината, а јас кон темнината.
Мене ме чекаше еден страшен, депресивен период. Или
само една депресивна ноќ, без разлика. Макар да беше
тоа уште една ноќ, тоа за мене претставуваше цела
година. Ноќ - година. Депресивните ноќи предизвикани од
лошата Јагода за мене беа подолги од било што друго.
Не можев да си отидам дома. Немав сила. Башка,
многу ми годеше и свежиот воздух што ми плискаше во
лицето, па не сакав да го напуштам ни под разно. Си
седнав во близина од моето дома на една клупа. Сакав
кога некој би ме видел да си помисли дека сум напуштен,
истеран од дома млад човек кој ноќта ќе ја помине надвор.
Тоа го посакував во срцето, затоа што бев срушен на ниво
со земјата, па сигурно дека немав желба да се замислам
на некое друго, повисоко човечко ниво.
Испушив уште неколку цигари. Не ги броев. Се што
броев беа годините откако за прв пат ја сретнав Јагода.
Избројав до дванаесет. Дванаесет години по ред ја сакав
само неа. А таа мене...
Низ главата ми поминуваа секакви црни мисли, дури
помислив дека е најдобро да ме снема од овој преубав
свет. И, можеби ќе си ја изгаснев цигарата од чело, кога
мобилниот ме извади од памет. На екранот стоеше број од
фиксен телефон. Го познав веднаш – бројот на Јагода. Од
дома.

118
Се прашував, што ли се случува? Дали можеби
навистина избило пожар, па сега родителите на мојата
љубена ми ѕвонат за да ми се закануваат? Од картичката
прочитале дека тоа сум јас...
Глупчо, па ако имало пожар, картичката не би можела
да остане жива и здрава.
Се јавив откако добро размислив како да постапам.
Жива среќа што Јагода беше упорна, па не исклучи после
триесетсекундното чекање да кренам.
- Ноно? – Јагода звучеше смирено.
- Добро е, барем нема пожар - си реков во себе.
- Еј, Јагода, кажи? – сакав и морав да звучам
нормално, да глумам дека не знам ништо, како јас
да не сум тој кој што го оставил подарокот.
- Ноно, извини... Стварно извини... Не го видов на
време, знаеш... Сега Бејбе си дојде од град и таа
ме викна да го видам...Го донела во дневна, па се
разбудија и моите и видоа сѐ... Ти благодарам
многу, Ноно, прекрасно е!
- Ок.
- Се лутиш?
- Не.
- Лажеш! Ноно, јас... Извини!
- Во ред е, Јагода. Уживај. Среќен роденден.
- Никој вака ми го нема честитано. Ова никогаш
нема да го заборавам.
- Во ред е, Јагода. Добра ноќ.
Ниту сега не можам да поверувам колку очајно
звучев јас додека разговарав со мојата Јагода.
Никогаш немаше да се сетам на нешто такво, дури
ниту на сон не можев да се однесувам ладно со
девојката која најповеќе ја сакам. Со неа, дури и кога
требаше да бидам ладен, јас бев топол и нежен,
можеби и претерував: сѐ за мојата искрена љубов, сѐ
за да се осигурам дека Јагода ќе ме сфати мене и
искреноста од моето срце.
Разговорот, сакал јас или не, го продолживме на
интернет. Се расправавме долго, долго... До раните
утрински часови. Јас пишував и плачев. И кажав дека
повеќе никогаш нема да ја вознемирувам и дека се
каам што сум и подарил нешто такво, затоа што тоа е
119
толку лигаво и детски... Таа ме убедуваше дека не сум
во право, но јас, разочараниот, си одев по своја волја.
Помеѓу другото, на мојата Јагода ѝ кажав дека веќе
можам да ја замислам како стои на мојот погреб:
фатила дете за рака, мало, а во другата стиска црвена
роза која подоцна ми ја фрла врз ковчегот. Плаче
таинствено под црните наочари, облечена во тенок,
црн фустан, како сицилијанска вдовица. Не, не гледав
дека е моја жена, само една стара љубов која никогаш,
и покрај сѐ, не можела да ме заборави. Оти сум ја
проколнал.
ѝ кажав и дека ЈАС повеќе не сум ЈАС, туку некој
друг, нов Ноно. Стариот Ноно, реков, си отишол некаде
далеку.
На ова, Јагода ми изнакажа милион зборови и ми
кажа дека сум скренал. Браво за дијагнозата, Јагода.
Само што, не верувам дека знаеш од што сум скренал.
Не верувам дека знаеш оти причинителот си токму ТИ,
драга моја.
Таа ноќ заспав рано наутро, откако ја информирав
Мери преку мејл - порака за епилогот на нашата идеја.
Конечно, после сѐ – заспав. И спиев до доцна. До утре
вечер.
Ја сонував Јагода. Беше тоа еден долг сон. Сон во
кој плетев плетенки на небото од нејзината црна коса,
додека таа потпевнуваше лежејќи ми во скутот. Потоа
се сврте кон мене и нежно ме бакна. Во уста.
Се разбудив настинат.
Со потврдени докази дека соновите со бакнежи во
уста значат болести на јаве.
И, дека црните мачки навистина предвидуваат
несреќа.
Во најмала рака, црните мачки уништуваат
роденденски изненадувања.
Гарант!

120
X <КЛАУДИЈА Е ВИСТИНСКО ДИВО ЖИВОТНО. А
ДИВО ЖИВОТНО ВО ПИТОМА СРЕДИНА МОРА ДА СЕ
ВРЗИ. СО ЈАЖИЊА >

Клаудија не плачеше.
Клаудија липаше, како да ѝ починал, не дај
Боже, некој близок.
Плачејќи, седнуваше на фотелјата во забавена
снимка и со потечени очи од солта во солзите сакаше
да ми каже дека не може да го издржи сиот тој
притисок кој ѝ го приредував јас.
Штета што и во овој случај ние двајцата
воопшто не се согласувавме: јас тоа не го гледав како
негативност за нејзе и нејзиниот живот. Напротив,
сметав дека она што јас неа ѝ го правев беше
најголемиот подарок што таа некогаш го добила и би
можела да го добие. Знаејќи дека иднината на една
така прекрасна девојка, така - речи, е во мои раце, јас
уживав во улогата на господар кој го потчинува својот
роб. Секако дека не одев во крајности – па и јас сум
човечко суштество кое е полно со чувства. Бог ми
подарил повеќе емоции од потребното, па ова можеби
беше само еден начин како истите да ги испразнам, да
ги истурам и да ги подарам – немав личност на која би
можел да ѝ ги подарам, па секојдневно ѝ ги давав на
онаа која највеќе ја сакав – Клаудија. Затоа, токму
затоа таа требаше да биде најзадоволна. И
благодарна.
А Клаудија е една обична неблагодарничка.
Никогаш, ниту еден мој гест не беше испочитуван од
нејзина страна. Секогаш беше иронична, секогаш се
потсмеваше на мојот труд, иако се трудешше да ме
убеди дека не е така и дека имам створено грешно
мислење за нејзиниот карактер. Постојано ме
прашуваше што таа мене ми згрешила и зошто јас така
се однесувам со неа. Благодарение на овие досадни
прашања, сега вака се однесувам со неа.
Сега ќе трпи.
И нека трпи, издржлива е таа.

121
Воопшто не ми беше жал што можеби
претерувам. Ми беше важно само тоа што таа е
постојано до мене, во моја близина, што го чувствувам
нејзиниот мирис и имам можност да ја галам нејзината
коса. Сетоа тоа беше на мое големо задоволство:
навистина знаев да го ценам она што животот ми го
нудеше – а можеби и не беше сѐ што посакував. Ете,
задоволен бев од она што го имав, иако често копнеев
по многу повеќе.
Би бил луд доколку не би сакал да бидам во
врска со таква убавица каква што Клаудија е.
Таа скаменето седеше на фотелјата која беше
моето совршено место за одмор и релаксација, место
каде што секогаш добивав бонус инспирација која ја
префрлав на парче хартија и ја претворав во поезија.
Или проза – во зависност од моменталното
расположение и количината на концентрација.
Беше престанала со лигавото плачење. Кога би
знаела колку само мене срцето ми се кинеше додека ја
гледав таква, речиси уништена, не би биле дојдени до
степенот на кој бевме во тие денови.
На некој начин, Клаудија сама си ја одреди
својата судбина, со мала помош од мене. Секогаш
сакав да ѝ помагам на мојата драга.
Со ракавот од белата ноќница си ги избриша
очичките – шминката ѝ беше растечена.
Клаудија, зошто плачеш? – ја прашав.
Таа ја сврте главата кон десно и си ги напрчи
усните нанапред, како мало, луто бебенце.
Ја сакав.
Ја обожавав.
Таа и без тоа беше моето мало бебе, ама сега
совршено си личеше на сликата која ја имав создадено
во мојата глава. Совршено!
Не ми одговори зошто плаче, па морав да ја
прашам уште еднаш, уште еднаш, и... Уште еднаш.
Вкупно три пати со десетсекундни паузи измеѓу.
Конечно, реков АЛЕЛУЈА и таа ми одговори:
Лигла. Лигла сум јас. Затоа. – дипломатски
одговор, нема што.

122
-Клаудија, драга моја...Немој да се однесуваш
така глупаво. Па ти си паметна девојка, срце мое. Не
смееш така да се однесуваш. Немој да мислиш дека
ми е гајле за другите, Клаудија. Мене единствено ми
е гајле за тебе и за твоето срце, убавице. Не сакам и
не можам да те гледам така расеана. Смири се.
Опушти се. Насмевни се! Целиот свет ти го нудам
на дланка. Сѐ што ќе посакаш твое може да биде!
Сакам авион. – ме пресече, а јас брзински ѝ го
возвратив ударот, иако бев сосема смирен:
Претеруваш, Клаудија! Немој да се трудиш да
се враќаш назад во времето. Треба да ти биде јасно
дека ти веќе никогаш нема да можеш да бидеш дете!

-Ти личам на мало девојченце? Претерувам во


своите барања? Мислиш дека не заслужувам, на
пример, авион да ми купиш?

Клаудија, дефинитивно, апсолутно ПРЕТЕРА.


Сакав да бидам фин и трпелив, да останам смирен и
љубезен. Но, не можев. Клаудија ме натера повторно
да ги пуштам моите нерви да излезат на површината
над мојата кожа.
Се наежив.
Се накострешив.
Во последните десет минути бев заборавил што
држам во рацете. Несомнено, Клаудија успешно ми го
оттргна вниманието. Сакаше да го постигне тоа – да ја
смени темата како што умешно го прави тоа секогаш, а
преку тоа да ме натера да заборавам на делот Кога
јажето што го стискав во рацете требаше да го
употребам? .
Од стискање, рацете ми се испотиле, а на
дланките чувствував вдлабнатини во вид на шарите
кои самото јаже ги има. Ме штипеше, но уживав во
тапата болка. Беше тоа причина плус за да се
изнервирам уште повеќе и да стапам во акција.
Клаудија, овој пат, гадно се зезна. Не успеа да ме
надмудри.

123
А и претера. Така што... Следуваше вистинска
акција. Од моја страна. Со помош на хероината:
Клаудија.

Двете јажиња ми тежеа доволно многу за да


почнам да губам рамнотежа. Немајќи можност да
останам на едно место стоејќи, почнав да се движам
кон фотелјата во која седеше Клаудија. Уште од прв
поглед можев да сфатам дека таа е уништена затоа
што не ѝ успеал планот – да ме изигра уште еднаш. Се
познаваше, и тоа оддалеку, дека нешто одвнатре ја
јаде. Уживав во глетката. Редно време е и таа да
почувствува духовен немир. Крајно време!
Движејќи се, двете јажиња ги распределив
подеднакво – во секоја дланка по едно. Тогаш почнав
да правам егзибиции со нив, личев на уличен
забавувач – магионичар. Ги вртев јажињата во кругови
и го расцепував воздухот кој се згуснуваше над нас во
собата.
Клаудија веќе можеше добро да забележи дека
не сум се предомислил во својата намера – сепак, ќе ја
врзам.
ѝ ја поткренав едната рака, и почнав да ја
допирам со врвовите од моите прсти, баш онака како
што ѝ правев утрото, додека спиеше. Почувствував
како порите ѝ се наежија, а влакненцата на раката ѝ се
испрчија како милиони горди знаменца на височинка
над малиот град.
Нежно ѝ ја спуштив раката, со израз на лицето
кажувајќи ѝ дека не смее да зборува, и опоменувајќи ја
дека, доколку каже макар еден краток збор, ќе биде
лошо.
Многу лошо.
Неиспуштајќи ја едната, ѝ ја земав и другата
рака, на малку погруб начин. Ги составив во едно.
Прво ѝ беа во тупаници, но потоа одлучив да ѝ
дозволам да ги издолжи долгите прсти – немаше
потреба да ја мачам до степен на правење тупаници.
Така крвта би можела да престане да ѝ циркулира. А
тоа би било одвратно.

124
Клаудија беше послушно девојче.
Молчеше.
Цело време.
Бев убеден дека, кога би можела, би ми кажала
сѐ што ѝ лежи на срце. За жал - не можеше.
Врзаните раце сѐ уште ги држев со моите две
слободни, к`о да не бев сигурен дека се врзани добро.
Како да имав чувство дека Клаудија ќе може да си ги
ослободи и да побегне. А и тоа би било лошо. Тоа би
било многу лошо!
Се наведнував ниско, до подот. Целев кон
нејзините нозе. Беше боса, во хулахопки. Месо-боја.
Совршените долги нозе мирисаа на топлина. Беа
мошне привлечни. Секси.
Целата Клаудија е секси. Доволно е само да ги
сврти очите и да паднеш на нејзиниот силен сексапил.
Врзував, иако, да признаам, ми беше потешко отколку
во делот со рацете.
Ја стегав со сета сила, не ми беше гајле дали
можеби ќе ѝ направам вдлабнатини над џолбаните,
или пак, можеби, ќе ѝ скинам некоја вена.
Секако, не дојде до тоа. Клаудија успешно беше
врзана. Седеше во фотелјата без можност да мрдне
ниту со малиот прст.
И од рацете, и од нозете.
Едно време ми стана жал да ја гледам таква,
меѓутоа, се присилив себе си да размислувам на
нашето лошо минато. Токму тоа ми даде сила да му се
спротивставам на сожалувањето и да продолжам со
она кое што го започнав. Секогаш мразев да
размислувам за минатото - ми беше тоа болна точка.
Се свртев кон неа најљубезно што можев,
сосредоточувајќи се со нејзиниот молежлив поглед.
-Сега ќе ти читам поезија. Најновото од
мојата рака. И од срцето мое. Слушај ме внимателно
– кажав и ѝ наредив.
Таа продолжи да зјапа во таванот. Во следната
минута на молчење, единствениот потег кој таа го
направи беше вртење на главата де лево – де десно.
Така можев да го набљудувам нејзиниот профил од
двете страни. Совршените контури на нејзиното
125
долгнавесто лице беа голем плус за зголемувањето на
моите чувства. Се тресев од љубов.
После таа тешка минута молк, во која бев
сосема изгубен и заборавив на моите должности, се
сепнав откако Клаудија ме маѓепса со својата убавина,
и продолжив да ѝ објаснувам што е она што следува
на моето дневно мени приготвено со специјални
нешта само за неа.
-Сега ќе ти читам поезија. Најновото од мене.
Слушај ме. – повторив, мислејќи дека не ме слушнала.
А таа, всушност, не сакаше да ме чуе.
Клаудија повторно ништо не искоментира.
Веројатно ја мразеше мојата поезија. Не ѝ се слушаше
таква глупост.
-Ќе ме слушаш ли, Клаудија? – ова го прашав со
доза на налудничаво смеење, бидејќи знаев дека
истото прашање го повторувам по трет пат без да
добијам некаков одговор на истото. Ми беше смешно
тоа што знаев дека мојата душичка, кога би била во
можност, би ја клатела прекрстената нога покрај неа
додека пуши цигара. Сега не можеше ниту цигара да
пуши, ниту нога да клати. Беше врзана. Навистина
беше смешно!
Дојдов до неа, се наведнав и ја помирисав на
вратот. Ја бакнав под левото уво со ситен бакнеж кој
таа го одби како струен удар. А беше тоа толку
искрен...
-Зошто ме малтретираш? – Клаудија процеди
низ заби, задржувајќи се малку повеќе на последното
„ш“. Звучеше како да шушти, а јас за брзо време ѝ
одговорив. Јас секогаш давав брзи одговори, без да
размислувам дали се вистинските, дали можеби
постои можност да го повредат соговорникот,
прашувачот. Без размислување, реков:
-Свињо една! Незадоволна! - ми се згади.
Направи израз на прашалник.
-Што е? – почнував да звучам зајадливо – Како
само не ти е срам да ми го кажеш тоа? Те
малтретирам? Јас те малтретирам? Јас, кој за
тебе направил илјадници нешта во краткиот живот
кој го потрошив само на тебе и на ниту една друга?
126
Јас, којшто немав дозвола за друг живот, којшто
немав виза за друга, нова љубов, освен твојата? Да
ти биде срам, госпоѓице млада! – ги фрлив листовите
испишани со мојата поезија. Се разлетаа во воздухот,
грандиозно.
Младата госпоѓица овој пат не остана
рамнодушна. Веднаш почна да дава блиц - одговори
како реплика на сето она што како последно ѝ го
соопштив јас.
-Најпрвин, твоето ШТО Е – не заслужува
никаков одговор. Затоа што ти многу добро знаеш
каква е нашата ситуација! Престани да живееш во
сопствениот филм во кој јас ја имам главната улога,
која, патем, не сакам да ја прифатам!
И – не, ВООПШТО не ми е срам да го кажам тоа,
затоа што ти мене навистина ме малтретираш! Ми
правиш тортура на психата, Добрине! А ти тоа
многу добро го знаеш... Трагично е што намерно ме
повредуваш. Сакаш да ме мрднеш. Да ме извадиш од
такт. Да скренам сакаш, да полудам... Во лудница
сакаш ти мене да ме видиш! Ма, сите вие мене
сакате да ме полудите... На никој од вас не му е
драго да ме почитува, никој не размислува за моите
чувства, сите си ги чувате вашите чувства, тие
секогаш се на прво место на вашата листа на
грижливост. Бедници. Кретени. Болни психопати!
Добро е што се уште сум жива, после се... Опсесивен
си, Добрине, опсесивен! Кога веќе еднаш ќе сфатиш
дека ти мене не ме са...
ТРАС! Една по глава...
И ударив шамар. Толку силен, што Клаудија
немаше време и простор за да му даде наредба на
мозокот дека треба да вресне од болка. Единствено
што успеа да направи е да ја надува долната усна со
цел да докаже колку таа многу е повредена и
навредена. Најпрвин, од грлото и излета едно
бездушно, бебешко „МИУ“, или нешто слично што
наликува на првите тактови од бебешкиот плач.
После две-три секунди тресење на совршените
долни усти, тие беа подготвени да се отворат и да
зинат во гласен плач.
127
Клаудија почна да плаче.
Клаудија почна да плаче на глас.
Клаудија почна да вреска од плачење.
Мавташе со главата .
Си мислев дека сака да се ослободи од
јажињата. Или, пак, можеби сакаше да си ја куби косата
од нервоза. А, кутрото девојченце, не можеше. А толку
многу сакаше да искаже револт.
ѝ помогнав. Фатив еден прамен од косата и го
потеглив толку силно, што ми се причини дека се
откина од корен.
Сега Клаудија вресна уште посилно. Душа.
Сигурно многу ја болело.
Ја сожалив.
Ја погалив по образот кој претходно ѝ го
плеснав.
Ја бакнав на истото место. Таа не престануваше
да плаче и да ме одбива. Мене и мојата милостија која
ја нудев како покајание за она што сум го сторил.
Врескаше.
Лудата врескаше многу силно!
Лудата и мене ме полуде!
Одеднаш, повторно се сменив. Повторно се
сетив што всушност се случуваше:
-Јас скренав, будало, не ти! – со полуглас
зборував повторувајќи ја истата реченица додека одев
кон комодата и повторно се враќав назад, во раката
држејќи дебел селотејп и кармин.
Се наведнав кон мојата љубена, без да
престанам да повторувам дека таа мене ме полудела.
Таа се дереше и се тресеше. Безуспешно риташе со
врзаните нозе, посакуваше да ме изгребе со врзаните
раце.
Ја нацрвив нејзината дебела уста со црвениот
кармин, па ја погалив.
Тогаш, на истата таа уста залепив дебела трака
селотејп.
Ја потапкав по рамото додека испушташе
задушени звуци низ дебелата трака. Уште повеќе се
спротивставуваше.
Отидов до креветот и се испружив.
128
-Е сега мораш да ме слушаш. Сакала или не!
Конечно те имам! - и ...
...И, го започнав најдолгиот разговор во нашата
љубовна историја.

129
11. БЕШЕ ТОА НОЌТА ШТО ГО ПРЕДВИДУВАШЕ
КРАЈОТ НА МОЈАТА ЗАБЛУДА. МИРИСАШЕ НА МРТВА
ЉУБОВ. БЕЗНАДЕЖНА.

Кога дознав дека Јагода се вселила во Шит,


начисто полудев! Се соочив со еден, за мене, интересен
предизвик. Отидов толку далеку што си замислував дека
таму ние конечно ќе можеме да бидеме заедно, надвор од
Светиот град во кој многумина би можеле да бидат против
нашата љубов.
Каква добра серија би им продале на турците, не се
свесни! Нашата љубов е поинтересна од сите врски од
турските серии. Верувајте ми, драги мои.
Во рекордно време дознав каде таа живее и не ме
држеше место а да не отидам и да ја посетам.
Секако, за ова беше информирана целата банда:
Бони, Клајд, Михајло, Мадам Батерфлај, Мистер Мускул и
Киго. И Валита и Кан. Валита дури и песничка измисли. Да
сум ѝ ја пеел на Јагода. Детска песничка која што
нејзиниот сопруг ја пеел во времето кога бил заљубен во
неа. К`о да сакаше Валита да каже дека повеќе сопругот
не ја сака. Луда Валита.
Една убава, пријатна вечер, решивме да пиеме.
Ние, всушност, често решававме да пиеме, но тогаш
решивме цврсто. Да пиеме. Да се опиеме.
И пивме. И се опивме. Се опивме толку многу, особено јас,
што почнав да инсистирам да одам кај Јагода на гости.
Толку им требаше на Бони, Клајд и Михајло. Веднаш се
согласија.
И тие пијани, ама присебни.
Јас пијан, ама летав. Кога пијам јас летам. Кога се
опивам – правам аеро - акробации.
Навлековме патики и - правец кај Јагода.
Нејзиниот стан беше на петнаесеттина - дваесет
минути одење пеш од нашето дома. Не се сеќавам како
сме поминале по пат, но убаво знам како изреагирав кога
се појавив на вратата кај Јагода. Таа видно се изненади,
се стресе. Со Локо Бејбе си го упатија оној
добропрепознатлив поглед кој наликуваше на зајадлива

130
иронија (Мери, фала на помошта) упатена кон мене, во
стилот Види го, колку е глупав, ајде да го зафркаваме!.
Така си мислев, така сѐ уште мислам.
Сигурен сум дека е така.
И ништо не може да ми го смени тоа мислење.
Никогаш!
Јас ја прегрнав Јагода толку многу силно, што таа
вресна. Ја болело.
Сум бил насилен.
И нападен.
Се смирив.
Ја бакнав во образот и ѝ подарив насмевка, знак
дека ми е мило што ја гледам. Во Шит, за прв пат.
Бони и Клајд нешто си разговараа и во стил кој им
припаѓа само нив си докажуваа кој е во право а кој греши.
Кој знае што им била тематиката тогаш. Срцки. (Тие
секогаш се расправаат, обично Бони ќе се „надува“ и тоа
ќе ѝ трае максимум еден ден, плус-минус, а потоа,
едноставно, не можеше да издржи да биде лоша девојка,
па забораваше на сѐ што се случило. Опасна е Бони...
Секогаш ѝ велам дека нема потреба да се нервира, а
таа ме негира. Утредента, кога ќе ја потсетам што
сум ѝ рекол претходниот ден, таа само ќе се насмее и
ќе рече: „Ццц, Бог да чува... Не сум здрава.“ Таква е Бони.
Секогаш.)
О, па да, секако... Секако дека таму беше и
Гризелда! Им била цимерка.
Собичката им беше фина. За тие пари. Три кревета,
телевизорче, недоградена терасичка... И садови. Да,
садовите им беа во истата соба.
Веднаш го препознав креветот на кој што Јагода
спие: беше најнежен, некако мек и зрачеше со чудна,
посебна енергија. На него сѐ уште ѝ стоеше срцето-
перниче од кадифе со розова боја што ѝ го бев подарил за
нејзиниот роденден, пет месеци пред тоа. Го фатив
срцето, и , како да не знам што е, ја прашав Јагода:
-Опаа, што е ова, а?
-Срце.
-Е срц ,де, ама од каде ти е ?

131
Локо Бејбе и Гризелда се погледнаа, ги ококорија
очиштата и се насмевнаа. Иронично и зајадливо (Мери,
уште еднаш - ти благодарам), секако.
-Многу си го сакам...
-Срцето ли?
-Да,де, НЕГО!
-Ааа... А јас, пак, мислев... Дека многу си го сакаш
тој кој што ти го купил... НЕГО!
-Кој е за кафееееееееее ? – ете ти!
Јагода опасно менува теми. Јагода секогаш знае да
ја смени темата. И кога ќе ја прашам зошто го прави тоа,
таа секогаш се однесува како да тоа не ни било тема на
разговор до тогаш. Како да беше падната од Марс. Или,
уште полошо: МЕНЕ ме правеше како да сум паднат од
Марс. А не бев. Јас паднав од онаму од каде што паѓа
секое нормално човечко суштество. Значи – ништо
посебно. А сепак уникатно.
На креветот на Јагода седна мојата банда. Ми
личеа на стројници, се чувствував како младоженец, како
да бевме отидени по раката на младата, да си дадеме
збор или нешто слично.
Гризелда и Локо Бејбе седеа на креветот на
Гризелда, а Јагода седна на креветот на Бејбе.
Јас? Јас седнав пред телевизорот. На земја. Ги
прекрстив нозете и запалив цигара. И јас бев меѓу тие што
нарачаа кафе. Всушност, кафе сите нарачавме. Редот за
варење ѝ се падна на мојата сакана. Таа стана и како
послушна домаќинка замина во кујната. Чудно, па тие
имале кујна! Значи, садовите во собата ги кријат од
другите. А други имаше со лопата да ги ринеш. Цела
зграда станари, како интернат.
Откако излезе Јагода, јас неколку минути зборував
глупости. Ги делев на килограм. Ми фаќаа сеир. Сите.
Бони ме опоменуваше со поглед дека морам да се
смирам. Знаев дека претерувам, ама пуста возбуда... Не
ми дозволуваше да се смирам фактот дека сум во собата
на Јагода. Плус, страшно мирисаше на јагоди. А мене тој
мирис секогаш ме тера да се однесувам чудно и необично.
Во еден миг брзински ја изгаснав цигарата од паркетот,
промашувајќи ја пепелјарата и скокнав како полуден. Ја
отворив вратата а во ходникот стоеја две женски. Ги
132
прашав каде е кујната, па, откако ми го покажаа патот,
влетав во неа. Таму беше мојата душа. Вареше кафе.
-Како е? – прашав.
-Екстра... Не знам дали ставив доволно шеќер.
-Ха... Не знам ни јас.
-Сакаш цедевита?
-Да, може.
-Чекај, сега ќе ти направам.
-Ти благодарам. Имаш цедевита од јагода ?
-Хаха. Немам. Само од портокал „имам“.
-Не е важно. Направи ми .
Ја набљудував додека го правеше сокот. Не дека
ми се пиеше, немаше резон да ми се пие цедевита после
еден куп испиено црвено вино. Ако додадев портокал на
сето тоа, можев комотно да се исповратам врз мојата
Јагода. А тоа не смеев да го сторам.
-Јагода?
-Молам?
-Може да те гушнам?
-Може.
Ја гушнав и не ја пуштав.
-Аааааа – простенка.
-Аман, што е ?
-Па полека, биди нежен. Насилен си!
Да, драги мои. Јас секогаш сум насилен. Така вели
Јагода. Кој ли нежен тип е тој што ја има за него? Пердув
можеби го викаат. Или памук.
Ги тргнав рацете од нејзе, ја ослободив од моите
стеги.
-Извини. Ненамерно беше тоа.
-Добро, извинето.
Јагода се трудеше да изгледа смирено и
незаинтересирано. И навистина изгледаше така. Мене тоа
ме нервираше. Ја погледнав во очи и подзамижав со
заносен филмски поглед кој секогаш ме асоцираше на неа.
-Зошто ме гледаш? – ме праша.
-Не смеам?
-Не дека не смееш, Бог да чува, само прашав
зошто така одвратно ме гледаш?
-Ајде да одиме во ходникот, сакам нешто да ти
кажам.
133
Се колнам дека сакав да ја изнесам во ходникот и
да ја бакнувам до крајот на мојот живот.
Таа вечер, Јагода ми беше посебно убава и слатка,
а мене ми се јадеа јагоди за да се освежам после
црвеното вино. Црвено на црвено оди, нели, драги мои?
-Ајде, да одиме. А зошто во ходникот? А
кафето...?
-Ај не менувај ја темата, важи? – ова го бев кажал
со лут тон. Тогаш повторно ја зграпчив, ја прегрнав и со
вртење ја изнесов од кујната. Таа се тресеше. Кога ја
прегрнувам, Јагода секогаш се тресе, вибрира. Ми се чини
дека е таква само со мене. Ќе бидам крајно разочаран ако
се тресе кога се прегрнува со било кој. За мене, нејзиното
тресење е само мое и на никој друг! Таа смее да се тресе
единствено кога е во мојата прегратка, јасно?
-Јагода? Ти не разбираш ништо, нели...
-ШТО не разбирам, Ноно?
-Ништо не разбираш!
-Конкретно, што?
- Сѐ .
-Господ да чува...
-Нека чува, нека чува... И нека брани.
-Ноно, пијан си. Ајде да одиме во собата, а?
-Ммммм, ајде. Води ме.
Кутриот јас. Мислев дека Јагода ќе ме носи во
некоја празна соба. Мислев дека Јагода се плаши да не
налета некој во ходникот и да не види, па сака да бидеме
сами, ние двајца. Полетав. Како ангел бев. Од среќа и од
задоволство.
Арно ама, Јагода ме зезна! По кој знае кој пат.
Јагода мене секогаш ме зезнува. Без да ме праша дали и
колку ме боли. Тоа за неа е сосема небитен фактор.Таа
само цели во целта , притоа не осврнувајќи се да види што
останало позади неа. Каков неред, драги мои, каков неред
остава таа, не е свесна! Несвесна е !
Така прегрнати, се упативме кон собата. Но, не кон
празната, туку, кон собата во која беа сите наши бандити.
И моите, и нејзините. Банди без команди. Се клештеа на
глас. Можеби ме оговараа, кој знае. Не се грижев околу
тоа. Се грижев што Јагода начисто ме зезна. Ме однесе
назад затоа што ѝ здосадив.Сто посто беше така.
134
Ја испружив десната рака, ја фатив кваката и силно
ја треснав вратата од што Јагода се исплаши, и , тегнејќи
ме мене, заедно се најдовме на ѕидот од ходникот.
Повторно. Тогаш јас навистина бев лут. И луд.
-Така, а?
-Што е, пак, сега? А, Ноно?
-Што ма што е? ШТО што е сега? Како не ти е
срам? – се дерев и навистина бев лош. Можеби Јагода го
бараше ова насилство во мене. Таа, очигледно, не ме
познава кога сум вистински насилен и груб. Тоа со
прегратките е ништо. Пердув.
-Ноно, смири се!
-Што МА, ДА СЕ СМИРАМ? ШТО?
-Ноно, те молам. Прибери се. Ноно, пијан си!
Контрола, ало?
-ЈАГОДА ДОС-ТА! Каква контрола? Не ти годи ли
мојата прегратка? Не смеам ниту тоа да го правам?
Кажи ми! Така е, нели? - викав на глас. Оние во собата ме
слушнаа, па Бони подвикна:
-Еј, алооо, потивко, бе! Ајде кафе, ние чекаме!
Маха!
-Сегаааа – ѝ возврати Јагода со тенденции да ја
смени темата и да оди по кафето. А кафето можеби веќе
беше започнало да тече. Не се сеќавам. Па, зарем е
возможно да размислувам за кафе во една така деликатна
ситуација, драги мои? Не. Не е возможно. Невозможно е.
-Јагодо! Престани да менуваш теми, не сум
расположен за твоите игри!
-Ти сега мислиш дека јас си играм со тебе?
Зошто секогаш мислиш така, Ноно? И... ЈАГОДО?
Зошто ме нарече така? Лут си ми, нели? Немој да ми
бидеш, бе, Ноно, немој! Не е точно дека...
-Замолчи! Точно е! – се одлепив од неа и ја
отфрлив толку многу силно што таа тресна во вратата од
нејзината соба. Ја подотвори устата од воодушевување,
како да не очекувала таков потег од Ноно. Но, Ноно кога е
пијан може да прави сѐ и сешто.
-ТЕ МРАЗАМ! – ова ѝ го соопштив така лесно, но
сепак, со жар во замижаните очи и со лутина на челото, со
брчки. Се тресев од лутина.

135
Јагода уште пошироко вертикално ја отвори
најубавата уста на целиот свет. О, Боже, колку ја сакав и
посакував во тој момент... Колку многу сакав да ја
прегрнам и да ја бакнувам носејќи ја во кујната. Не ме
интересираше кој ќе нѐ види и што ќе искоментира, јас тоа
едноставно го посакував. Но, во тој момент гордоста тоа
не ми го дозволи.
-Ме мразиш? – ме праша.
-Да, те мразам !– одговорив ноншалантно.
Незаинтересирарно. Без размислување.
-Ноно, дојди, ќе одиме во соба...Сами...
-Доцна е. – реков, тресејќи ги рацете.
Влегов во првата врата што ми се најде на патот.
Беше тоа тоалетот. Тесен тоалет, загушлив. Се заклучив
внатре и почнав да плачам. Се мразев себе си, ја мразев и
Јагода. Ја мразев и љубовта што ја чувствував кон неа,
посакав да исчезнат и двете. И Јагода и Љубовта. Да се
пеплосат. Плачев и се гледав во огледалото. Се
погледнав и плукнав во него. Често правев така. На тој
начин искажував револт. Бог да чува, нели, драги мои?
После десет минути, излегов. Ги облеков патиките и
излегов низ влезната врата.
Кој апсурд е тоа, да излезеш низ влезната врата,
вратата низ која претходно си влегол да се вика излезна.
АПСУРД!
Сѐ уште ми се вртеше во главата.
Сѐ уште бев пијан.
Разгледав наоколу.
Студениот воздух ми даде дополнителен елан за
следниот чекор. Се искачив на недоизградената тераса од
собата на Јагода, се качив и ги видов: како смирено,
опуштено, сите пијат кафе и си муабетат.
Можеби зборуваат за мене, си помислив.
Ги мразев. Сите што беа внатре ги мразев. Затоа
што, сите тие беа сосема опуштени додека едно заљубено
беспомошно суштество плачеше во тоалетот како мало
дете.
Знаете, женски солзи се ценат, но кога машко ќе
заплаче... Тогаш тоа небото го запишува. Ви кажав веќе
еднаш.

136
Сакав да останам незабележан, но, брзите,
зајадливи потези на Локо Бејбе и Клајд ме фатија на дело.
Кога ни се сретнаа погледите, јас фатив уџум. Почнав да
трчам како на спринт - патека. Можев да си ги искршам
нозете, но во тој момент не размислував за тоа. Целта ми
беше што е можно побрзо да излезам од таа куќа.
Додека трчав, слушав како мојата банда излегува и
им се заблагодарува за гоштевањето на Бејбе, Гризелда и
Јагода. Јагода им порача нешто, како да ја слушнав како
го изговара моето име.
Џабе.
Не ме интересираше.
Бев разочаран.
Јагода ме зезна пак. Ми рече дека ќе одиме во
празна соба, а ме внесе во полната. Смотана. Глупава.
Проста.
Ја сакав!
Трчав по улиците празни, по пустите шитски улици
нозе ќе испокршев. Ставив слушалки на ушите.
Бони, Клајд и Михајло се дереа по мене, ги слушав
и преку јакиот бас што ми влегуваше во ушите. Сигурно
беа лути што ги напуштив без да им кажам. А јас така
често знаев да направам. Па што? Ми се може!
Трчав, слушав музика, трчав во ритам. Воздухот
веќе беше свеж, три часа по полноќ. Брзав да стигнам во
мојот стан и да си легнам во креветот покривајќи се преку
глава и заспивајќи облечен така каков што бев облечен.
Беше тоа единственото нешто што го посакував додека
трчав. А во мислите... Во мислите си повторував колку
многу ја сакам Јагода. И си праќав клетви самиот на себе
затоа што испуштив уште една шанса. Да ја бакнувам
Јагода можев и во ходникот. Сфатив дека сѐ уште немам
доволно храброст.
Јас се плашев дека ќе ја скршам мојата драга. Таа
е толку многу кршлива, мили мои, што кожата ѝ е
проѕирна и, некако... Плаче додека ја галиш. Кожата на
мојата Јагода. Свилата е далеку покрута од кожата на
мојата душичка.
Здивот ми се искачи до мозокот. Но, сепак – трчав!
Некои залутани ликови ме гледаа со чудење. Можеби
помислиле дека ме брка сериски убиец.
137
Глупави шитјани.
Ја ставив капата од јакната за да личам на тотално
непозната, забегана личност, на некој кој трча без цел.
Скитник.
Беше тоа првата ноќ од останатите МНОГУ, откако
почнав чудно да се однесувам.
Беше тоа ренесанса за мојата личност.
Беше тоа преродба. Во милион чекори.Тркачка.
Беше тоа првата ноќ кога размислував дека треба
да сфатам едно нешто: ДА СЕ ОТКАЖАМ!
Мене Јагода НЕ МЕ СА-КА!!!

138
XI <АЈДЕ ДА ПОЗБОРУВАМЕ ЗА НАШИТЕ ПОЧЕТОЦИ.
КЛАУДИЈА МРАЗИ ЈАГОДИ, НЕЛИ? МОЖЕБИ... >

Од фиоката на малото шкафче над кое стоеше


радиото, извлеков средно дебел труп хартија.
Беа тоа испишани листови со моја поезија.
Најодозгора беа оние поновите, па откако грижливо ги
селектирав, остатокот го расфрлав низ подот – таму
припаѓаа и совршено се вклопуваа помеѓу оние
листови кои веќе беа расфрални.
Клаудија цела се тресеше. Ми се чинеше дека
целиот стан се ниша како нишалка од нејзините
вибрации. Беше исплашена и потиштена. Пуста
девојка, не знаеше како да реагира: дали да почне да
вреска, да плаче, или да остане смирена и да ми
дозволи да постапам според замислата.
Воопшто не ме интересираше тоа. Јас ја имав
испланирано целата вечер што ни беше на
располагање. Сакав да ѝ читам поезија – тоа и го
сторив.
Ја одбрав првата песна запишана на првиот
лист од петте кои ги зедов со себе. Рандом - избор.
И, почнав:

„За една јагода...


Штотуку од коренот што никнала...
Само што румена се насмевнала -
-а веќе е толку вкусна.
За една принцеза...
Од небото ѕвезда - паднала,
од ѕвездата - зрак најмал -
- а веќе толку светол.
За мојата најмила...
Живот кога сака што ми дава,
насмевка што во себе крие блага-
-а веќе нај искрена е !!!
За таа што години ја сакам...“

Додека читав, Клаудија не престана да вреска.


Од длабочините на нејзиното срце излегуваа искри
139
јадосани, од очи можев да ѝ прочитам дека го мрази
мојот пишувачки стил. Очите ѝ беа искривени во
тажни линии, а солзите кои само светкаа, не можеа да
излезат надвор и да се слеат по заруменетите образи.
-Јагода која плаче – ѝ се обратив на Клаудија
спуштајќи си ги очилата за читање на средината од
носот.
Клаудија продолжи да бунтува. Млада
бунтовничка. Звукот кој што таа го испушташе беше
еднаков на сирена во време на војна.
Фиу, фиу, фиу – ми го збркуваше умот. Не ми
дозволуваше да ги пуштам моите емоции надвор
онака како што посакував. А речиси бев подготвен да
почнам да ѝ кажувам колку многу ја сакам, и дека
токму тоа би требало да ја направи среќна, а не тажна.
Со најсмирен можен тон, ѝ се обратив по втор пат на
мојата драга:
-Шеќерче... Престани да плачеш, мило. Не
сакам да те повредувам, не сакам да те гледам
таква... - само заради сликовитост, ова беше сосема
иронично, меѓу заби кажано,зорле!
Клаудија не престануваше да вреска. Секоја
следна секунда значеше искачување за тон погоре во
нејзиниот глас. Кога мислев дека веќе не можам да го
издржам тој терор за моите уши, решив уште еднаш да
ѝ се обратам, но, со поглед. Со злобен поглед.
Ја погледнав така остро што ѝ ја пресеков
утробата. Метафорички гледано.
Таа се штрекна – не го очекуваше тоа од мене.
Веројатно мислела дека сум смирен.
-Сакаш да ти прочитам уште една?
Наместо одговор, кој, секако, не можеше да го
даде, таа испушти еден звук кој требаше да значи
негација. Нешто како „А – а“. Негација требаше тоа да
биде. Ваљда. Но, не чисто, туку низ тажен,
испрекинато задушен плач.
-Ама немој да ми се лигавиш, девојко! Што се
случува со тебе? Не можеш ли барем еднаш после
сиве овие години да започнеш да се трудиш да
бидеш задоволна? Или барем да изгледаш на
задоволна.
140
Еве, застани пред огледалото и вежбај ги реакциите
кои треба да ми ги дадеш! Восхитувај се, смеј се
присилно, направи нешто што би можело да личи на
позитивна реакција! Нешто, драга моја, само нешто
убаво направи и... И тогаш сѐ ќе биде во ред. Вака...

Вресок.
Овој, последниов вресок, беше најсилен од сите
досегашни.
Мислата ми летна. Не можев да ја завршам
реченицата. Ја бркав низ главата, но никако да ја
фатам. Избегала.
Шок. Тотален хаос ми се случи во мозокот. Како
нешто да ми ја гореше мозочната кора. Како на јаве да
доживував ноќна мора.
Мојата љубена цел ден вреска. Нешто не е во
ред. Нешто, очигледно, не ѝ е јасно.
Тогаш, ајде да ѝ објаснам.
Целиот разговор го водев како професор со
студент – ладнокрвно, отмено и јасно. Одвисоко.
Всушност, тоа не беше разговор, туку монолог.
Еден од моите подолги монолози на тема Клаудија.
-Госпоѓице „Принцезо на лагите“, ШТО се
случува со вас? ШТО вам не ви е јасно... – ги тргнав
очилата - ...А?
Клаудија престана да вреска, веројатно гласот ѝ
се беше истрошил. Сега само липаше во еден досаден
ритам. Липаше и не престануваше, во секој миг
можеше да се загуши од плачот кој не можеше да
излезе надвор од внатрешноста на нејзиното грло.
Беше блокиран секој нејзин звук благодарение на
дебелата леплива лента залепена врз нејзината
дебела уста.
-Ете, не те заклучив во кафезот! Го
преместив во помошната соба, само за да не го
гледаш, да не те вознемирува. Не си благодарна на
тоа?
Почекав десет секунди. Намерно ѝ дадов толку
време за да влезе во филм. Толку време би ѝ било
потребно за да го даде одговорот,во ситуација кога би
можела.
141
-Изгледа ова не те интересира. Хах... Можеби
најдобро ќе беше да те ставам во него, нели?
Упорно ја прашував како да не знаев дека не
може да ми одговори.
-Ајде да зборуваме за нашите почетоци,
сакаш?
Уште едно досадно прашање. Но, сѐ уште не си
бев здосадил самиот на себе.
-Се сеќаваш кога се запознавме, нели? Беше
тоа први септември, пред многу многу години...
Бевме прво одделение. За прв пат те видов. И
веднаш се вљубив во малото, слатко девојченце со
румени обравчиња и црвено усте. Од тогаш, драга
моја, па сѐ до ден денешен, јас те сакам само тебе.
Знаеш...
Низ загушениот плач, Клаудија одговори со
едно „Аха“ - колку што можев да чујам јас.
-А-ха. Значи се сеќаваш.
-„Аха“ - уште еден позитивен одговор, овојпат
со засилен тон и уште погласен плач во неговата
позадина.
-АХА... И само толку. Секогаш така. Никогаш
не ми го даде одговорот кој се бараше низ сите
поминати години. Не ми кажа ниту „да“ ниту „не“.
Сакаш да ме малтретираш? Тоа е твојата цел? А,
КЛАУДИЈА? – требаше некој да ми каже дека
забегувам. Таа НЕ МОЖЕ да ми одговори, иако можеби
САКА.
-Глупачо низаедна! Животот си го потрошив
на тебе, ма, еј, целиот живот ми отиде во амбис
благодарение на твоето постоење! Ме прашуваше
зошто едноставно не те заборавам и пуштам да си
одиш, но, како, драга моја, како би го сторил тоа без
твоја дозвола? Ти никогаш не ми дозволи да те
земам до себе или да те пуштам да паднеш далеку од
мене. Секогаш ми велеше дека чувствуваш нешто,
но, дека не можеш да го искажеш... Мајката? Велиш,
така е, а?
Направив пауза од неколку секунди. Се напив
голтка вода, за да ми се избистри веќе зарипнатиот

142
глас. Потоа, продолжив одново, сега веќе свеж.
Веројатно од водата.
-Клаудија. Зошто... Зошто... Зошто не можеш
да ме сфатиш? А? Еве вака: Јас тебе те сакам. Тоа е
јасно како ден. Јасно е и дека ЈАС не сум сакал ниту
една друга во мојот живот. Ниту една. Само ти.
Само тебе. Сум правел будала од себе, правев еден
куп луди нешта што ниту еден друг не би ги
направил. Или, доколку постои таков глупак, верувај
ми, драга моја, дека ќе престане да го прави тоа
некаде после дваесеттиот обид. Јас никогаш не се
откажав. А, зошто? Дали некогаш си се прашала
зошто е тоа така?
На масичката пред нас стоеше чинија полна со
одмрзнати јагоди. Беше период кога тие не зрееја, но,
бидејќи јас ги обожавав, морав да ги имам во секое
време. Зедов една по случаен избор, и додека ја
соџвакував и проголтував, продолжив да зборувам на
начин како што зборуваат новинари на некоја средба
во редакцијата:
-Сакаш јагода? – и го готлнав
долгосоџвакуваниот залак црвен плод.
-Се шегувам, ма, и ти па! Знам дека мразиш
јагоди. Не за друго, тоа е така затоа што ги сакам
јас.
Зедов уште една. Нова јагода.
-НеЛи?
И втората јагода набрзина ја готлнав и на крајот
си ги излижав прстите како да сум изел цела порција
пилешки стек. Со помфрит. Си го потчукнав стомакот,
како да сум прејадел од јагодите, и тогаш го дадов
предлогот за кој воопшто не размислив пред да го
кажам:
-Ајде нешто да се договориме! Ќе ти дозволам
да станеш од фотелјата. Ќе можеш да одиш да
спиеш во нашата спална баш онака како што го
правиш тоа секоја ноќ. Сѐ ќе биде исто, со
единствена разлика што ќе мораш да останеш
врзана. Нема врска, тоа ништо не менува. Ти ќе
можеш убаво да си се одмориш, но, и да размислиш.
Ти давам време до утре рано наутро, кога ќе се
143
разбудиш, да размислиш и да ми кажеш: ДА или НЕ.
Во ред, Клаудија?
Тогаш таа почна да мумла. Беше среќна,
кутрата. Ова можеби и не беше најсоврешената понуда
која можев да ѝ ја дадам, но таа беше среќна што ќе
може да оди да легне и да ги испружи нозете после
неколкучасовната прикованост за досадната фотелја.
Трепереше од среќа, очите ѝ се ококорија како да
виделе некој што го заборавиле, а им недостасувал.
Некој или нешто.
Почнав лудачки да се смеам. И јас бев среќен
што мојата сакана се радуваше. Отидов до неа и ѝ
помогнав да стане. Беше ослабната. И истоштена. Како
да ја чував во логор, Бог да чува, а не во прекрасен
стан.
За момент се исплашив да не ѝ ја скршам раката
за која ја фатив, па решив да ја кренам и на раце да ја
однесам до спалната соба.
Додека ја носев, со бавни чекори, Клаудија
почна да се смирува. Сепак, постоеше една мала
жичка страв која не ѝ дозволуваше комплетно да се
ослободи. Од каде да знае, па, можев слободно да ја
фрлам низ прозорецот! Доколку се сетев на нешто
такво. Но – не. Секако дека не. Имав уште работи да
завршам со неа. Имавме уште многу време можност за
да расчистиме. Еднаш - засекогаш!
Пред да ја отворам вратата од спалната соба, ѝ
го кажав следново:
-Биди паметно, добро девојче. Ако ме
послушаш – си одиш дома.
-А,а,а,а,аааааа... ДАААААААА- нешто слично се
слушаше од устата на моето шеќерче.
Ја штипнав за обравчето црвено од руменило, и
си ја замислив дека е срамежливо девојченце што се
заљубило без надеж во некој постар. Ја сожалив.
Се плашев да ја бакнам. И покрај сѐ што можев
да ѝ кажам, и покрај сѐ што можев да ѝ направам – јас
сѐ уште се плашев да ја допрам мојата до нејзината
уста. Мислев дека сум лош љубовник. Лош бакнувач.
Не сакав да се посрамам пред мојата драга. Всушност,

144
и навистина е така: никогаш дотогаш не се бев бакнал
уста на уста. За од греоти.
Ја положив совршената фигура на Клаудија врз
мекиот кревет. Ја положив како тест со решен за
одличен (5). Пропадна во него како мало, нежно
пердувче. Душичка, од авион можеше да се забележи
колку многу ѝ се спие. Беше уморна. Како да ѝ се
плачеше за сон.
Ја бакнав. На челото, се разбира. Тивко ѝ ги
запеав првите тонови од нашата омилена песна.
Гласот ми беше истоштен и ослабнат – после цел ден
држење говор на празно.
Го исклучив светлото и ја оставив да спие.
Јас се вратив назад, во дневната, и легнав на
креветот пред телевизорот. Не го вклучив. Ниту
светлото, ниту телевизорот. Ниту радиото. Ништо. Го
отворив прозорецот, да влезе малку воздух, да ме
освежи.
Запалив цигара. После првиот дим, почнав да
размислувам што ќе се случи со мене во блиска
иднина? Се прашував, дали вреди да ја чувам таа
девојка во мојот стан наместо да си најдам некоја нова
и да ја засакам повеќе. Но, дефинитивно не можев да
сакам повеќе. Љубовта моја кон Клаудија се наоѓаше
на работ од совршенството. Уште таа да ми ја
возвратеше – ќе беше совршено. Совршено
совршенство. Љубов од бајките. Љубов за која никој
никогаш нема слушнато.
Испушена до половина, цигарата заврши во
пепелјара. Ја стуткав како парче хартија. Посакував
тоа да биде Клаудија, па така да ја свиткам и да ја
фрлам, неупотребена, половично нова.
Ми стана смешно за какви нешта размислувам.
Уште еднаш си го повторив стихот кој ѝ го
отпеав на мојата драга пред да ја оставам да заспие, и
се прашав во мислите дали таа успеала да ги затвори
очите и со некоја леснотија да потоне во сладок сон?
Можеби.
Во овој стан сѐ се сведуваше на можеби.

145
Тогаш заспав. Изгледа, некоја бубачка успеа да
се протне под ролетната и да влезе во нашата
дневна...
...Можеби.

146
12. ДЕНОВИТЕ ВО ШИТ ПОМИНУВАА
НАВИСТИНА БРЗО. НА МОМЕНТИ, ПОМИСЛУВАВ ДЕКА
ВО ПРАШАЊЕ СЕ ЧАСОВИ, А НЕ ДЕНОВИ.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ МОИТЕ (НЕ)ПРИЈАТЕЛИ.

Секогаш имав обичај да ги бројам деновите што


остануваа до моето следно враќање во мојот вистински
дом. А кога доаѓав таму, не сакав да останам повеќе од
два дена – секогаш ми се насмевнуваше Шит и ликот на
Јагода. Бев убеден дека со живеењето во Шит јас имам
поголеми шанси за остварување на средби со мојата
љубена.
Секако дека постоеја и такви седмици кога воопшто
не можев да ја видам нејзе, но, јас постојано живеев за
моментот кога повторно ќе ја видам, без разлика на тоа
што се случи последниот пат кога се видовме.
За неколку дена ја заборавив случката кога ѝ кажав
во очи дека ја мразам и кога избегав од нејзиниот стан без
поздрав. Се пресрамив. А знаев дека и таа ми простила,
затоа што ме познава повеќе од било кој друг и знае дека
кога се опивам резултирам со бурни реакции. И контра-
реакции.
Тогаш кога не можев да ја видам, ѝ пишував пораки
на мојата Јагода. И таа ми пишуваше мене. Во нив, таа
секогаш беше мистична и двосмислена, но сепак поинаква
од онаа девојка што беше во живо. Често пати знаев да ѝ
кажам дека се плашам што тоа е така. Често ѝ кажував
дека не можам да ја препознаам невината девојка од СМС
пораките што сега стои пред мене и се однесува чудно. А
Јагода тоа секогаш го негираше. Со таквиот пристап ме
тераше да полудам и да се запрашам дали случајно нешто
чудно се случува со мојата психа. Нема шанси, си велев,
јас сум во право, тоа не може да биде вистина, Јагода е
навистина чудна. Плус, сите ми велеа дека е таква: и
Шаки, и Бони, и Клајд, и Киго, и Роуз, и Елем, и Белем,и
Лара, и Тамара, и Мила, и Цоци... Ма, сите! До еден. До
една.

147
Да, тоа се дел од моите пријатели. Денеска е чест
да имаш пријатели, затоа што речиси никој од нас ги нема.
Сите имаме физикуси што стојат до нас и интензивно
цицаат од нашите добри души со цел тие да искористат
нешто плус од она што наивно им го даваш. Имбецили.
Паразити. Така ги нарекувам тие пријатели. Е, сега, не
можам да осудам ниту еден од моиве пријатели дека е
лош. Сигурен сум дека секој од нив многу добро знае што
ми е мене: дали навистина ме почитува и сака, или, пак,
едноставно ме искористува. Ако воопшто има нешто што
би можело да се искористи од мене. Кој знае...
Сега ми личи дека би сакале да ги запознаете
моите пријатели, драги мои...
Ќе се потрудам да ги опишам во две реченици,
најмногу во три. Оти, ако почнам да раскажувам за нив и
нашето меѓусебно пријателство, ќе треба да одземам
добар дел од моето внимание што е насочено кон мојата
Јагода. А таа кај мене никогаш не губи, на мојата топ
листа Јагода секогаш е прва.

Ќе започнам со Шаки.
Шаки е душа.
Шаки секогаш знае да ме ислуша, а и јас неа.
Шаки сака да се докаже, да покаже дека знае и
умее и да се насмевне од срце за да му покаже на светот
колку позитивноста е добра страна.
Шаки многумина ја мразат, но Шаки секогаш знае
да ги игнорира, таа го дава најдоброто игнор што некогаш
сум го видел и сум посакал да го давам и јас, но не сум
можел.
И Шаки има своја Јагода. Машка. Јагод,хаха. И,
Шаки, немој да му пишуваш книга, не заслужува.
Шаки понекогаш може да ми здосади, или да ме
изнервира, но секогаш тоа трае кратко и повторно ми
недостасува дружењето со неа. Моментално, Шаки ми
недостига. Замина во Метрополата на печалба летна. Ми
недостасуваат кафепиењата секој ден во осум, ми
недостасуваат прошетките низ паркот додека како луди се
ѕвериме да ја видиме мојата нова симпатија. Ама, ќе си
дојде Шаки, наскоро. И тоа враќање максимално ќе го
искористиме, нели Шаки? Ќе слушаме турска музика,
148
музика што ни е влезена во глава, музика што ти не си ја
сакала а јас ти ја имам наметнато, па сега не можеш да се
откачиш од истата.
Шаки многупати ми има помогнато и советувано.
Затоа што ме разбира. Затоа што таа знае како е да се
биде јас.
За Шаки сѐ најдобро!

Роуз е чиста психологија.


Посебен карактер, нешто што совршено му
одговара на моето барање сестра.
Таа понекогаш е моја копија, а понекогаш моја
копија од задната страна - бел лист. Е, тогаш, навистина
не се погодуваме, и секогаш се караме без потреба. Се
случувало да не зборуваме по половина година и кусур, но
секогаш доаѓал еден нов, совршен ден, кога јас и Роуз
повторно напаѓаме во градот презентирајќи им го на сите
нашиот чуден свет без срам, без перде.
Јас и Роуз секогаш се смееме. И им правиме
смешки на сите други. Можеби затоа нѐ сакаат оние кои нѐ
сакаат. А тие што мислат дека сме мрднати, нека
продолжат да го прават тоа. Далеку ќе дотуркаат.
Роуз е мој личен психолог. Еднаш сакаше и јас
нејзе да ѝ бидам, но се увери дека не можам. Не дека не
сакам – не можам!
Со Роуз ретко се расправаме, ама кога се
расправаме, навистина претеруваме. Се задлабочуваме
до детали, ситничиме толку многу што навлегуваме во
структурата на клетките на нашите проблеми, или
проблемодавачи.
Секако дека има моменти кои не можам да ѝ ги
простам.
Па и таа исто така има, па што? Таков е животот.
Би сакал никогаш повеќе да не се расправаме.
Највеќе заради сите оние кои се мешале во нашето чисто
другарство. Продадени души. Ситници. Немаат свој, па
живеат во туѓите животи.
Јас и Роуз сме поминале еден цел куп такви.
Роуз е срце. Превезот мој.

149
Елем и Белем би ги сместил во пакет. Не поради
тоа што се исти, туку затоа што некако заедно ми градат
созвучје од своите имиња. Иако исти, Елем и Белем се
толку многу различни. Елем е политички настроена, а
Белем демократски.
Елем сега ја нема.
Белем секогаш е тука.
Тешко е да говорам за нив, а можеби и не морав да
го сторам тоа.
Сепак... Оставиле белег врз мене, па вреди да ги
испочитувам, како дел од мојот живот посветен на Јагода.
Секогаш ја обожавав Белем. Уживав во нејзиното
друштво, па можам да кажам дека и денеска тоа ми
недостасува. Често се прашувам што навистина се случи
за да го прекинеме нашето другарување?
Виша сила.
Тоа ќе е.
Ми недостасува старата Белем. Сега е сменета.
Тоа ѝ го кажав и после нашето полугодишно
молчење.
Со Елем не престанавме да молчиме. Се
однесуваме како риби. Неми сме. И невидливи, макар да
седиме еден до друг. Па и покрај тоа што сме испиле сто
гајби пиво заедно, и покрај тоа што заедно сме изеле еден
тон смрдлив чипс, и покрај тоа што сме се шегувале на
нешта на кои што ниту едни други не би можеле да им
бидат смешни, и што мал милион пати сме разговарале на
теми на кои што само ние можеме да разговараме.
Белем сега е со револуционерот.
Елем е војвода сама за себе.
Елем и Белем се чиста брзозборка, само што им
фали и Бембелија. И Гуте, и Шате... Па и Таралеја. Окма,
Докма и Зелена Смоква - не верувам дека ќе ги пронајдат.
Освен ако не престанат да се оддалечуваат од мене.
Елем, Белем, да знаете дека не ви требаше да
започнувате молк со мене. Белем, ти привремен. Елем, ти
предизборен. Молк.
Да резимирам: ми недостасува времето кога сѐ
беше во ред, кога се дружевме до најдоцните утрински
часови и кога... Ма, било - поминало! Вреди да се спомене,
но, не вреди да се оптеретува човек со нешто такво.
150
Изборот ви го препуштив вам, и сега, веројатно, многу ви е
поубаво. И баш ми е драго ако е навистина така.

Мила... Метрополитенката наша. Убавицата.


Мила секогаш ја боли стомак. И секогаш на лето ме буди
за пиење кафе. Тогаш Мила ме нервира, но откако ќе се
расонам сфаќам дека всушност многу ја сакам. Интересна
девојка е Мила. Сега сака да се прави медена во косите,
ама се предомисли, ќе личела на џипси.
Мила е наивна, Мила е уникатна, Мила му го
застанува здивот на секој минувач. Мила е посакувана.
Таа е мало девојче со мене, друга личност со
другите.
И, Мила е мила со мене, а кога ќе дојдат со мене
плус другите, тогаш е чудна. Ја советувам веќе да не биде
таква, оти, нашето бебешко другарство не заслужува да го
голтне некој што е болен во умот и што единствената цел
е да руши пријателства долги години градени кои биле.
Мила беше луда на Големиот Ден. Тој Ден секогаш
ќе го паметиме. Бљак, Мила, течеше вино црвено од сите
страни.
Пред извесно време, Мила успеа да ми го сруши
целиот филм што со години го градев за неа. Лошо,
мнооогу лошо! Тотално сум оладен, ама тотално,
безнадежно! Од кралица се спушти на слугинка. На
дворски шут. Не можев да си поверувам на ушите дека тоа
што го кажува е Мила. И на очите не им верував – не сакав
да верувам дека тоа е навистина Мила. Таа не е груба, таа
е мила. Арно ама, во тој момент нешто кај неа се смени.
Од тој момент па наваму, јас не можам да се однесувам
исто со неа. Жал ми е, Мила, требало на време да
размислуваш што правиш.
Да не заборавам дека поради тебе, т.е. поради
Роуз, Елем, Белем и тебе јас се разболев и откажав цел
мој спектакл кој со месеци го очекував и го подготвував.
Срам да ви биде! Не дојдовте да ме испочитувате! И вие
сте биле некакви другарки! Ма не сте, бре, не сте ни
малку.
Жал ми е што немате душа.
А мислев дека имате.
Многу ве сакав.
151
И сега ве сакам, ама не како порано.
Мила, не лути ми се...Можам да заплачам од тага
што повеќе ништо не е исто, но... ЈБГ, живот...
На Мила не можеш да ѝ се лутиш. Оти, да се
оперира лубеница во четири наутро може само во нејзино
присуство. Другите би те направиле ненормален. Нели,
Мила?

Цоци? И Цоци е откач. Ама во вистинска смисла на


зборот. Цоци е Д БЕСТ. Цоци понекогаш се исклучува од
реалноста и се загледува во една точка, па ме нервира
што не ме регистрира. А мене, кога некој не ме
регистрира, страшно ме депримира, иритира и од место
ме ротира. Ме вади од такт. Но, Цоци мене никогаш не ме
извадила. Од такт. Од памет – можеби, ама не се сеќавам
кога последен пат ме има зезнато. Одамна не сме се
виделе. Во последно време не се гледаме баш често.
Се сеќавам, пред да заминам во Шит, јас и Цоци
бевме во паркот на цигара. А испушивме шест. Цигари.
Тогаш јас бев многу тажен, па Цоци ме тешеше дека јас и
таа се уште ќе бидеме другари, но дека животот нѐ однел
по различни патеки.
Цоци, понекогаш многу ми недостасуваш, и ти, и
нашите филмски маратони после кои секогаш следуваа
разговори до доцна навечер, или рано сабајле.
Јас и Цоци порано секогаш одевме во пакет,
заедно. Заедно бевме дел од било кое културно
збиднување. Бевме мечето дебело и птицата со долгиот
клун. Еднаш мечето ѝ го гризна прстето на птичката, па со
Цоци сѐ уште се смееме. Кога ќе се сетиме на тоа, секако.
А, често се сеќаваме, нели, Цоци?
Кога бев мал, ја сакав Цоци до коска. Ја
симпатизирав, поточно. Ама, таа симпатизираше друг, па
тоа мене ми одеше на нерви. Ја паметам како девојчето
со две репченца во стил ПИПИ ДОЛГОЧОРАПКА, во
карирана широка суќничка... Страшно се нервирав, ма жив
се јадев што не ме сакаше мене. Еднаш ѝ се јавив да ѝ
кажам дека ја сакам, а таа кажа дека во нејзиниот живот
сака само еден, а ако сакам да знам КОЈ – ќе морам да ѝ
отидам на гости, па да ми каже. Јас не ѝ отидов. На гости.

152
Паднав во депресија. Смешки, Цоци и нејзиниот живот во
второ одделение. Детска љубов, што да правиш...
И сега е во пакет, ама во пакет со сите оние кои
поминале низ мојот живот посветен на Јагода. И баш ми е
жал ако сега ме има заборавено. Оти, мене така ми се
чини. А баш си мислев дека многу ѝ значам, дека ме сака
како другар. Цоци, ме разочаруваш. На ова ти би ми
одговорила дека и јас сум те разочарал, ама јбг... Живот.
Цоци... Баш е глумица. Си живее филмски живот
без да знае за тоа. Ама, јас знам. Барем мене така ми
изгледа. Цоци, те гушкам.

Лара бејбе... Лариџе... Ларедана.


Ја обожавам оваа девојка, секогаш си поминувам
екстра во нејзино друштво. Ама баш секогаш!
Лара знае секогаш да ме орасположи, да ми внесе
позитива во моите моменти на живеење.
Лара може и да ме натажи, ама знае кога и како.
Таа секогаш го погодува вистинскиот момент.
Лара е Ангел во Желе, во буквален превод на
француски.
Вистинско шоу правиме јас и таа.
Во времето кога го правевме нашето прво шоу,
едвај чекав да стигне петок. А потоа, цела недела се
нервирав што не можам да се дружам со мојата колешка.
Кога престанавме да го емитуваме шоуто, не ја бев видел
цела година и кусур. И пишував пораки дека ја сакам, а
таа се чудеше. Лара, бејби, не лути ми се (иако знам дека
ова можеби и си го заборавила).
Посакувам да имам девојка како Лара. Ми се чини
дека на мене Лара тотално ми одговара. Само, кога ќе го
дознае ова, знам дека ќе ме кара. Лара... Од пред некое
време таа успее да ме смени, да ми го покаже вистинскиот
пат.
Сега сум дрзок на Лара.
Сега сум силен, јак, барем со по едно по пред нив.
Ти благодарам, Лара. И, калиспера до следниот пат. Ми
недостигаш.

Секако, Тамара. Тамарче е едно извонредно


девојче. Си игравме уште од времето кога нашите
153
родители ни врзувале пелени (тогаш, не верувам дека
имало памперс, а ако имало, ние не сме биле модерни,
бебиња - снобови како овие денес).
Со Тамара сум поминал милиони и милиони убави
моменти кои никогаш не се забораваат.
Глупирања, вртење хулахопи, измислување
песнички, правење сендвичи и торти од песок... Јас ја
имав само нејзе за другар/ка и затоа си игравме и машки и
женски игри.
Спомените со Тамара никогаш нема да ги
заборавам.
Еднаш ја чекавме Мила да си дојде од
Метрополата, па пеевме, игравме, украсувавме... За да го
прославиме нејзиниот роденден со изненадување. На
Мила и купивме танга, завиткана во мало кутивче од
петарди обложено во целофан. Тангата ни се падна во
бугарски смоки со играчки.
Едно време јас и Тамара не зборувавме, се
однесувавме како да никогаш се немаме запознаено. Но,
помина тоа време, па сега сме речиси поврзани: знаеме сѐ
еден за друг. Тамарче и јас сме врзани, хаха.
Ја обожавам Тамара, и со нетрпение чекам да се
напиеме кафе на тераса. Тамара... Мојата секретарка.И
водителка. Тамара, ти благодарам за сѐ.И, ајде, кога на
концерт кај нашата омилена пејачка чија песна за виските
секогаш не мава во срце? Или, пак, следна е барбиката со
нејзината несоница? Сеедно, јас и ти секогаш убаво
знаеме да си поминеме, зарем не?
Тамара, немој да ме разочараш! Немој да си го
дозволиш тоа! Немој да паднеш ниско како оние кои
паднаа во мојот живот. Некако натаму ми одиш...
Последен пат ме разочара толку многу што јас и сите
околу мене останавме со подотворени усти. Не ми се
верува дека оние кои мене ме плукаат ти беа подобри
пријатели од мене! Внимавај, еден ден ќе ја почувствуваш
нивната лошотија, и ќе се сетиш дека не требало да
постапиш така. До следниот пат, те поздравувам.

Драги мои, во овие моменти сум така расположен...


Не можам да ви го објаснам тоа така затоа што е
едноставно... така! И баш поради тоа така јас успеав да
154
ви раскажам само еден мал дел од сите 3123414135
страници кои би ги испишал за моите мили пријателчиња.
Јас со нив ги имам доживеано моите најлуди, најоткачени,
најзабавни... Но, и најтажни, најнесреќни и најДАУН
ситуации. Ама пак си ги сакам, баш поради тоа што со нив
сум го доживеал сето она што го собира во мојот куфер
направен од кожата на мојот живот. Јас ги сакам моите
пријателчиња, без разлика на тоа дали сѐ уште се
гледаме, или пак не. Тие оставиле траен белег во мојот
живот. И, да не заборавам... Моите пријателчиња ми
мислат сѐ најдобро, па, веројатно, најдобро за мене би
било да престанам да ја сакам Јагода. Сите тие ме
разбрале дека јас чувствувам вистинска љубов, но, сите
ме посоветувале од срце дека морам да престанам со тоа,
затоа што Јагода апсолутно не е мој тип. На половина и
повеќе од нив, баш поради тоа, Јагода не им зборува. Со
некои таа дури се има и расправано... И закани фрчеле
насекаде. А , зошто, кога таа мене не ме сака? Што има
неа да ја гајле што јас ги сакам нив? Моите пријателчиња.
Превезчиња мои црни.
Имам и други. Мили пријателчиња. Ама, за нив во
некоја друга прилика, кога повторно ќе бидам меѓу вас.
Посакувам да ги запознаете сите овие,
гореспоменативе, па самите да сфатите какви души од
деца се. Срцки.
Ве сакам.
И вас, и нив 

П.С.

90 отсто (90%) од она, горенаведеното, паѓа во вода.


Да, драги мои, паѓа во вода!
Паѓа, тоне со ниту еден мал процент тенденција да
се искачи повторно горе до површината.
Да ви упростам: Почетокот... И личноста која го носи
бројот кој што е еднаков на страните на коцката – тие се
држат многу добро. Заедно со останатите кои ќе проврват
понатаму во текстот. Ама буквално понатаму, длабоко.
Не сум компетентен да го правам ова, но, сепак, ќе
ги поделам моите пријатели. (Повторувам: не се ова сите
155
мои пријатели. Ова е само делот кој оставил трага врз
животот мој, добра или лоша, сеедно.)
90 отсто од моите гореспоменати пријатели ми го
завртеа грбот и ме оставија сам.
90 отсто од тие луѓе, сега се нелуѓе.
90 отсто од нив така мноуг силно ме повредиле,
што, едноставно... Едноставно не заслужуваат да бидат
тема во било кој разговор (прост или сложен) од мојот
понатамошен живот. Овде, во рајот...
Само 10 отсто успеале да си останат достојни на
називот пријатели.
Другото е сè ШИТ!
Чест ми е што сум ги познавал и што сум се дружел
со нив. Уште поголема чест ми е тоа што со нив ги имам
споделено сите мои животни моменти, и позитивни, и
негативни.
А најголема чест ми е што, на крај, успеав да им ги
препознаам нивните вистински лица: љубоморни, наивни,
психопати, лажливци, дволични... Анти - другари.
Еден со друг се плукаат, а на крај мене ме
окривуаат.
Еден за друг се отеруваат во три пи*ке
материне, а на крај јас сум тој кој што опцул.
Бедно. Бедно. БЕДНО!
Ниско. Ниско. ДУПКА!
Каква штета, драги мои!
Каква штета е кога ќе се разбудиш во денот кој
најавува нов живот, многу поразличен од дотогашниот.
Голема штета, драги мои, голема штета!
Штетници се 90 отсто од моите гореспоменати
пријатели.
Не дека не ги сакам, јас ги сакам... Јас уште ги
сакам моите пријателчиња, и срцето ми се кине што (сакал
– нејќел - морал) морам да им ги упатам овие
разочарувачки зборови, и тоа повторно (како и секогаш) од
длабочините на моето срце: ГЕТ АУТ ОФ МАЈ ЛАЈФ!
(Разбирате англиски, НеЛи?).
Ете така.
Сега можам спокојно да го продолжам мојот
совршен живот. Овде, во рајот, или што и да е ова место
во кое што живеам.
156
Знаете, понекогаш мислам дека е баш добро да се
биде ЈАС.
Со надеж дека ќе го продолжам живеењето во рајот
со таа парола, ги оставам моите 90 отсто пријатели да си
ги продолжат нивните бедни, дволични животи.
А, доколку некогаш повторно си ги вратат
природните лица на своите, јас ќе бидам тука за да ги
поздравам, да испијам со нив едно кафе, но, веднаш потоа
да си заминам.
Никогаш повеќе не планирам да поминам повеќе
од еден час на едно место.
Затоа што не влијаат добро врз мојот живот.
Пријатели, се гледаме овде, во рајот, пријатели.
Многу наскоро, пријатели мои.
Ве љубам!
И вие мене?
Не ви верувам!
Повеќе - не!
БЕШЕ ТОА времето кога ви верував и тогаш кога
знаев дека во очи ме лажете.
Сега... Сега ЈАС ви намигнувам.

;-)

Тик-Тик

157
XII <КЛАУДИЈА Е ЖИВА. ЖИ-ВА! САМО КОСАТА Ѝ
Е МРТВА. МРСНА, ДЕ! >

Утрото пристигна брзо.


Не осетив кога сум заспал, ниту пак се
чувствував како да сум спиел цели десет часа. Во
нашиот стан сѐ беше тивко. Прозорецот беше отворен,
онака како што го оставив претходната ноќ, и низ него
влегуваше утринскиот воздух кој беше влажен и
измешан со мирис на влажна трева – сигурно врнело
дожд.
На жицата од бандерата покрај нашиот балкон,
стоеше една сива гугутка и ја пееше својата
вообичаена песна по која што јас секогаш можев да го
препознаам новиот ден. Ги обожавам тие утра – тивки,
а сепак исполнети со некоја звучна магија составена
од гугутките што пеат во ист ритам, како да си
разговараат, во комбинација со звуците од
автомобилите кои одеа на работа натпреварувајќи се
со дамите кои брзаа да го стигнат автобусот облечени
во високи потпетици.
Кога сето тоа ќе го чуев – знаев дека почнал нов
ден, и не ми требаше ниту светлина ниту поглед преку
прозорецот за да бидам сигурен дека тоа навистина е
така.
Отидов да си сварам кафе.
Турско.
Цели десет минути не помислив на Клаудија.
Живеев онака како што отсекогаш сум си замислувал:
во стан, јас и мојата љубена, осамени и повлечени во
еден наш, сопствен креиран свет. Едно нешто
излегуваше од колосек, беше како дамка во совршено
обоената слика: мојата љубена не ме сака. Но, и без
тоа јас во мене ја имав сета потребна љубов за да
можам да бидам задоволен. А за да бидам задоволен,
не мораше да чекам да ми возвратат – доволно беше
да подарувам – тогаш највеќе уживам.
Го исипав кафето од џезвето во филџанот.
Рачката од џезвето беше врела, па си ја изгорев
158
раката. Во воздухот испуштив звук на негодување и
болка која кратко траеше. Пуштив студен млаз вода и
под него го поставив изгореното место. Откако
завршив со водата, си ставив малку сол. Ме штипеше,
но болката наскоро целосно исчезна. После целата
оваа процедура, го кренав филџанот и го поместив
џезвето малку потаму за да можам со сунгерчето за
садови да ја исчистам дамката од истуреното кафе. И
тоа помина.
Следуваше цигара.
Ја доближив фотелјата до прозорецот, го
вклучив радиото и седнав. Влажниот воздух ме
удираше директно во лицето, а тоа беше навистина
добар начин да се расонам. На радио одеше некоја
утринска емисија, но не забележав што точно зборува
водителката. Не ме интересираше. Размислував за
мојот живот. Повеќе за минатото одошто за иднината.
Заборавив да земам пепелјара, па решив пепелта да ја
тресам низ процорецот, надвор. Се смешкав во себе,
помислувајќи како би било фино да погодам некој
случаен минувач и да го изреволтирам уште пред
почетокот на неговиот работен ден. Да вресне од
лутина и да се ѕвери нагоре кон балконите од нашата
зграда посакувајќи да го пронајде злосторникот и да го
скрши од ќотек.
Ова не го помислив затоа што бев луд, туку,
затоа што и мене ми се имаше случено веќе неколку
пати. Навистина е одвратно додека одиш, особено
додека некаде брзаш, некој да ти истури вода, ѓубре
или лебни трошки брз главата. Тоа вади од контакт.
Плус, ако го додадеш и имбецилното смеење од
злосторниците кои вообичаено се шегуваат во група,
е, тогаш навистина ти пука филмот! Така е, верувам,
со секого, а со мене е подеднакво исто, со едно мало
продолжение: на самиот крај, јас се депримирам и
тонам во страв од прашањата кои ми се поставуваат
сами во глава ДАЛИ ОВА МОЖЕБИ Е НЕКАКВА
МАГИЈА И КАЈ МЕ НАЈДЕ БАШ МЕНЕ??? .
Не сум забележал дека цигарата ми отишла до
половина без да земам дим цели две минути. Многу се
нервирав кога цигарата ќе ми отиде до половина, кога
159
ќе се испуши самата себе. Секако дека забележав
благодарение на пепелта кој додека паѓаше ме
штрекна, бидејќи дел од неа заврши на моите долни
пижами. Плукнав на показалецот и ја размачкав
плуканката врз пепелта на пижамата истовремено
дувајќи со уста со цел да ја турнам на под. Глупости.
Работев како да немам мозок. Како може мокра пепел
да дуваш и да очекуваш да летне?
Изнервиран од сивата дамка на пижамите кои
прв пат ги облеков претходната ноќ, почнав да пцујам
на глас.
Одненадеж слушнав силен тресок.
Замрзнав во место. На фотелјата.
Мразот во вид на коцка кој моментално се беше
изградил околу мојата фигура, почна да се топи откако
ми текна дека е возможно тоа да биде мојата драга –
веројатно се разбудила од спиење. Не ми беше јасен
делот со трескањето. Кој знае што се случило.
Станав од фотелјата. Од мене капеа капки од
растопениот мраз. Мускулите на нозете почнаа да ми
се стегаат и отпуштаат во нагласен ритам. Можеби ми
беа воспалени, можеби лошо сум спиел. Сетоа тоа
падна во вода. И тоа, во онаа вода во вид на вир од
растопениот мраз, кој,конечно, целиот се растопи.
Падна од мене.
Влегов во спалната соба – Клаудија ја немаше
на креветот. Чудни мисли ми прелетаа низ главата –
во последно време можеби ја малтретирав, а сега, кога
можеби и се случило нешто лошо – ми беше жал.
Всушност, како би можело да не ми биде жал кога ја
сакав повеќе од сопствениот живот? Да ѝ се случи
нешто на мојата драга автоматски значеше повреда и
за мене лично. Можев да ја почувствувам секоја
нејзина болка длабоко во моето срце, во моите коски.
Ми олесна уште повеќе и целосно се ослободив кога
ги видов нејзините нозе како претаат на подот.
-И удар да добила, и да се онесветсила, барем
сѐ уште е жива. Жи - ва! – ми прелета низ мислите.
Се доближив блиску до креветот за да можам да
ја видам и да сфатам што навистина ѝ се беше
случило. Кога го видов тоа совршено лице, јас бев
160
најсреќниот човек на оваа планета. На Земја - та. Уште
и кога се уверив дека со Клаудија сѐ е во ред –
мускулите на нозете ми се опуштија и паднав покрај
неа лизгајќи се како конфета во воздух.
Од безориентирачкиот пад не видов кога ја
поткачив мојата драга по левото рамо. Тоа го сфатив
откако таа силно вресна и рече нешто што личеше на
пази, знак на негодување.
Сум ударил со главата на подот и лежев на грб
гледајќи го таванот кој се вртеше во сѐ побрзи и
побрзи кругови кои заедно формираа неиздржливо
луда илузија. Почнав да се губам, кога го
почувствував цврстиот граден кош на Клаудија како се
лепи до мојот. Топлината од нејзините гради ми го
растрепери телото и за миг имав чувство дека сум
залепен до термо - печка. Или камин.
Сѐ уште гледав во таванот без да направам ниту
еден минимален потег со било кој дел од моето тело,
кога Клаудија ме бакна. Во челото.
Во истиот момент се прашував дали можеби
сонувам. Ако добро ме држеше сеќавањето, врз
нејзината уста залепив дебела трака селотејп.
Ја свртев главата без да ја подигнам од подот,
трепнав неколку пати за да се осигурам дека тоа што
се случува се случува на јаве. Дека не сонувам. Тогаш
ја видов неа – најубавата уста на целиот свет. На неа
беше нанесен црвен кармин кој беше избледен од
лепилото и лигавиците кои ги испуштала додека
спиела мојата драга. Ми светна во главата дека таа ја
ослободила нејзината уста преку ноќ, борејќи се да
земе посвеж воздух. Лигавејќи се, направила
постепено да се одлепува лентата почнувајќи од
рабовите кон средината, и со јазикот ја турнала
оставајќи ја на перницата. Бидејќи употребила
премногу сила, како со јазикот така и со рацете и
нозете, паднала од креветот и треснала на земја.
Си помислив дека тоа бил можеби некој нејзин
план – со ослободената уста подоцна да ги истегли
врзаните јажиња и да побегне додека јас спијам. Колку
одвратно од нејзина страна!

161
Престанав да си правам филмови во главата.
Не сакав уште еден ден лошо да ни почне. Токму тој
ден требаше да биде посебен и уникатен, затоа што
беше тоа денот кога мојата драга свечено ќе влезе во
кафезот во кој што ќе мора да остане цели 13 дена.
Клаудија ме гледаше директно во очите гризајќи
си ја долната усна со горните заби.
-Ќе ми дадеш цигара? – ме праша тивко, со доза
на тага.
-Не.
-Зошто? – си ја оближа устата со јазикот.
Направи круг привлечен. Многу секси.
-Затоа што не смееш да пушиш. Можеш да си
го уништиш здравјето, мила. Треба да се одвикнеш
од таа лоша навика.
-Па тогаш одвикни се и ти!
-Ти мене остави ме! Нема потреба да ме
потсетуваш колку се лоши моите навики.
-Секако. Па нели и јас сум твоја навика?
Молчев.
А таа додаде:
-Е што, па нели е така? Ти самиот ми кажа... –
преврте со очите и го задржа погледот на некоја точка
од таванот. Беше повеќе од очигледно дека ме
провоцира. Ако не беше така – ќе ми зборуваше
гледајќи ме во очи, немаше да дозволи погледот туку-
така да ѝ лута.
-Клаудија, зошто ја тргна лентата од твојата
уста? – почнав да се нервирам. Ми се познаваше по
тонот на говорењето.
-Затоа што не можев да дишам. Сакаш ли да
ти умрам?
Молчев.
-Тоа го сакаш, а, Добрине? Сакаш да умрам и да
се смееш на мојот погреб, така ли? Ако - ако. Само
ти така продолжи. Бездушник! – Клаудија беше ем
нервозна, ем иронична. Ем полна со зајадливост во
гласот. Вистинска актерка! Често се прашував зошто
не сака да глуми, макар аматерски. Секогаш би ѝ ја
доделувале главната улога.

162
-Она што го сакам си ти. И тоа е кажано мал
милион пати. ОК?
Сега Клаудија веќе ги немаше истите оние
изрази на лицето кои ги правеше пред половина
минута. Сега беше опуштена и на лицето залепи блага
насмевка која кажуваше дека сѐ е во ред. Дека не ѝ е
гајле за ништо, а глуми лудило.
-ОК – кажа таа.
-Не ми се верува колку ладно ја прифаќаш
мојата љубов. А, чекај, не сум сигурен дали воопшто
ја прифаќаш или ја одбиваш? Ќе ми кажеш?
-Не. И да сакам – не можам да ти кажам. Се
чувствувам гадно. Косата ми е мрсна. Види каква ми
е...
-Косата воопшто не ти е мрсна, немој да
измислуваш.
-Не измислувам, бе, Добрин, еве, фати ја и
самиот увери се!
Ја послушав. Зедов еден прамен и го стиснав во
раката влечејќи го низ моите прсти. Косата беше мека,
а поради тоа што искуство со фаќање женска коса ми
беше единствено косата на мојата Клаудија, не знаев
дали навистина е мрсна или така таа вели за да си
најде тема за разговор што ќе биде поразлична од
моите досадни, романтични и зајадливи љубовни
муабети.
-Мислам дека не ти е мрсна. Прекрасна ти е.
Многу ја сакам оваа коса! Срце е! Најубава е! Сакаш да
те галам, да ти ја чешам косата сакаш ли?
-Сакам.
Скокнав од подот, застанав за нозе на една
секунда и повторно плеснав назад. Се струполив до
мојата драга и почнав да ја бакнувам по образите.
Ненаситно. Бев возбуден, речиси потресен од
вистината која велеше дека МОЈАТА ДРАГА МИ
ДОЗВОЛИ ДА ЈА ГАЛАМ ПО КОСАТА!
Тогаш настапи оној вообичаениот момент на
разочарување, а ми го поклони, кој друг ако не –
мојата драга!
-Може, но не сега...
Направив кисела фаца:
163
-А... Кога? – прашав. Развлечено.
-Дозволи ми да одам да се истуширам.
-И?
-И, откако ќе се истуширам, ќе си ја исушам
косата, ќе си ја испеглам и ќе ти дозволам да ми ја
галиш. Добрин?
-Во ред. Ајде, оди.
Ја стисна устата во топка и го намршти челото:
-Мислиш дека сум... – почна да испушта звук на
смеење низ собраната уста, во вид на иронија - ...
способна да станам од овде и вака врзана да се
движам, па дури и да успеам влезам во бањата? Ти се
шегуваш со мене, Добрине!
Токму така. Невозможно е мојата драга така
врзана да се одвлечка до бањата. Морав да ѝ
помогнам. Или, не! Подобро да ја одврзам и да ја
ослободам од јажињата. Можеби го има одговорот за
кој ѝ дадов време да го размислува цела ноќ. За да
бидам сигурен дека е така, ја прашав:
-Клаудија, шеќеру мој, размисли ли за тоа што
те прашав вчера?
-Размислував.
-Знам дека размислуваше, но, дали размисли?
ТО ЕСТ, одлучи ли?
-Мислам дека да.
-Немој многу да мислиш, срценце, ајде, кажи ми
го одговорот...
Мора да личев на мало детенце кое е
љубопитно и сака да дознае што лежи во главата на
неговото другарче. Мора!
-Да се истуширам, да ми олесни, па ќе ти
кажам. Во ред?
Не дека беше во ред, ама направив да биде. Што
ќе ѝ правам, очите да ѝ ги извадам?
Ја одврзав: прво рацете, па нозете.
Клаудија беше слободна после 12 часа стегнато
тело.
Ми дојде да заплачам од глетката: така слабичка
и изморена, со надуени зглобови на нозете и рацете се
тетеравеше кон бањата. Додека чекореше, ја следев

164
како со рацете си ја фаќа косата и намерно ја
разлетува во воздухот од нејзините две страни.
Посакав да влезам и јас со неа. Под туш. Сами.
Заедно.
Невозможно.
Тоа добро го знаев.
Влезе сама.
Исчезна од мојот видик.
Со прашалници во главата како сум одлучил да
останам сам дозволувајќи и да се тушира, се плашев
да не се самоубие. Сѐ доаѓаше во предвид!

Отидов да испушам уште една цигара.

Пред да го означам почетокот на свечената


церемонија на вселување во кафезот.

165
13. ЈАС ЈА САКАМ, А ТАА НЕ МОЖЕ БЕЗ МЕНЕ.
ДИСКО-ШЕМА.

Како што веќе ви кажав, драги мои, деновите во


Шит поминуваа навистина брзо. Да, да, јас воопшто не
забележував дека стареам и дека сите можни можности
летаат покрај мене без да ги забележам. Но, што можев
друго да сторам кога единственото женско битие на оваа
планета за мене беше само Јагода, и никоја друга!?
Ништо!
Ниш-то!
Таа ми беше сѐ!
Откако беше обавен првиот чекор, знаете, оној со
моето гостување во станот на Јагода, се срамев од самиот
себе што направив така. Длабоко се каев што во пијана
состојба ѝ го кажав тоа што ѝ го кажав, затоа што... Па,
добро, можеби тоа и навистина сум го мислел во тој
момент, и што? Никој ништо не ми направи, па дури ни
таа. Во ред, можеби малку оладивме, но, јас и Јагода брзо
се загреваме. Таа секогаш повторно се враќа назад во
мојот свет баш тогаш кога мислам дека конечно
испаднала. Јагода никако не сака да исчезне од мене и
мојот свет, како да ѝ годи она што јас го нудам на менито
за животот на моите жители.
И, еве ја и фамозната вечер – ноќта кога јас,
конечно, се појавив во диското на Шит. Едно од
единствените, тогаш. Бев со Бони, сестра ѝ Виолинова
(девојче кое многу го ценам и сакам), некои нејзини
сокласници, и, секако, Михајло. Однапред знаевме дека
Јагода е таму со своите другарки или нешто слично. Стоев
во некој агол од диското со моите френдови, и лизнував
мали голтки од водката што успеав да ја нарачам и земам
во сета таа гужва.
Дремев.
Секогаш има нешто чудно во воздухот кога во една
иста просторија се наоѓаме јас и мојата љубена. Душкаме,
душкаме, и се намирисуваме еден со друг. Но, јас никогаш
не пристигнувам прв, таа секогаш ме престигнува. Таа
секогаш сака да биде прва, центар на моето внимание, на
мојот свет.

166
Овој пат, не дојде таа. Ја испратила сестра ѝ, Локо
Бејбе, заедно со Гризелда. И двете ме тупнаа по грб и со
ококорени очи (стандард) и со зајадливост во гласот
(уште по стандард) ме поздравија и ме прашаа како сум.
Стандард. Јас им одговорив. Стандардно. Не прашав, ама
ми кажаа дека Јагода е таму некаде... Се поткренав на
прсти и можев да ја видам како си ја мести најпрекрасната
коса на свет додека пуши цигара. Тоа беше најубавото
суштество во диското, дефинитивно.
Локо Бејбе и Гризелда ме отпоздравија, ветувајќи
ми дека ќе дојдат набрзо доколку јас не отидам да се
поздравам со Јагода. Локо Бејбе мене секогаш ми се
закануваше на тој начин. И, Локо Бејбе секогаш ме
боцкаше затоа што знаеше колку многу мене нејзината
сестра ми значи. Е, во тие моменти, искрено, ми доаѓало
да ја задавам со два прста. Навистина е одвратно некој да
се шегува со некој кој што е така многу заљубен...
Љубовта треба да се цени, драги мои. Вљубеноста – уште
повеќе. Кога си вљубен, даваш сѐ од себе за да на
најуспешен и најквалитетен начин го покажеш она што го
имаш стиснато во сопственото срце.
Изгледа, водката полека но сигурно ги беше
прифатила моите лесно опивливи мозочни клетки. Крвта
алкохол ми стана, и почнав да играм во ритамот на
музиката. Не го исполнив ветувањето дека ќе одам да ја
видам Јагода. Ама не заборавив дека и таа е под истиот
покрив каде што сум јас, а тоа постојано ме копкаше и не
ми дозволуваше да се опуштам до крај. Башка не сакам
полни места со толпи народ кој не знае што прави па
слуша секаква музика и џуска со шишето во рака. Јас бев
тип кој сака смирена атмосфера, театар, ресторан, тивок
парк... Замислете си таков тип и поврзете ме мене и
диското таа ноќ. Катастрофа. Светска катастрофа!
Така замислен, сѐ уште играјќи, некој се потруди да
ме извади од памет. Се свртев и ја видов. Неа. Мојата
Јагода. Без шлаг. Најубава до тогаш. Од сите во диското.
Јагода, мојата љубов непреболена и непресушена. Ми се
фрли во прегратка, па ме бакна во образ. Јас го повторив
истото. Се тресев и јас, ама таа се дрмаше како бас во
автомобилски вуфер. Се чинеше дека целото диско се
тресе од нејзините вибрации.
167
И навистина беше така. Можеби за сите, можеби
само во мојата глава – но – беше така!
Јас и Јагода понекогаш се разбиравме со поглед.
Така се разбравме и сега. Таа нежно и немо ме погледна и
во тој момент ми се заврте сиот свет околу мојата
замислена оска. Имајќи во предвид дека мојата замислена
оска беше токму таа – Јагода, можете да замислите, драги
мои, како ли само таа го издржала сиот светски терет. Да
се врти свет околу една така невина личност, па и не е
така мала работа. Одговорност е тоа, дефинитивно.
Одговорност која треба да се поднесе со голема доза на
внимание.
Сѐ што можев да сторам во тој миг беше да ги
вкрстам рацете околу нејзиниот врат. Внимателно. Морав
да внимавам да не ја скршам толку лесно кршливата моја
Јагода. Секогаш кога беше близу до мене јас морав да ја
„издушкам“ како куче. Одбрав сноп прамени од нејзината
најубава црна коса и ги мирисав како да се вкусно
омилено јадење. И повеќе од тоа.
Имаше некоја музика која соодветствуваше на
дадениот момент, па тоа само го усоврши и така
совршеното збиднување. Беше повеќе од сигурно дека јас
таа вечер имав причина да славам – успеав да ја видам,
да ја гушнам, па на крајот и да заиграм со мојата љубена.
Каков успех, драги мои, беше тоа! Имав чувство дека
луѓето околу нас нѐ гледаат со прашалници во нивните
очи. Можеби им бевме чудни: двајца млади, очигледно
заљубени, само се гушкаат и танцуваат. Бакнежи – јок.
Чудно – почудно - најчудно!
Многу ја сакав Јагода во тие три минути. Ја сакав
највеќе во целото диско. И надвор, во радиус од цел Шит.
И подалеку.
И, за да не биде сѐ така совршено, се појави Локо
Бејбе.
-Јагода, ајде МА! – и рече со нервозен тон. И
зајадлив, секако дека да.
А Јагода, кутрата, со споро темпо се одлепи од
мене и ме погледна право во очите. Очи во очи со мојата
драга, драги мои. Беше тоа момент кој никогаш нема да го
заборавам. Можев да заплачам ако постоевме така уште

168
неколку секунди. О, Боже, колку само сакав да ѝ кажам ТЕ
САКАМ, но... Секогаш постоеше но.
ФУкинг НО! Би сакал да го исфрлат тој збор од
секојдневната употреба. Што ќе ни е? Ич не ни е потребен!
Воопшто!
Пред да си замине, морав да ја бакнам. На образ,
секако. Ја бакнав, и, со поглед, ми се чини, ѝ кажав дека ја
сакам. Дека сѐ уште ја сакам. Таа немо ме гледаше, како
да сакаше да ми одговори дека тоа го знае, но не може
ништо да направи. Па да, мене ми беше јасно дека таа не
може да направи ништо! Кога таа всушност знаела што
треба да направи? Па кој ми е крив што јас ја сакам
знаејќи дека таа мене не може да ме гледа повеќе од
другар? Кој ми е крив, а?
Цацко. Тој секогаш е крив. Кутриот... Да знае колку
го обвинуваат... Ќе си го смени евергрин името. Ќе му
премине во невергрин .
Локо Бејбе ја потегли мојата Белла Беллисимма, и
тоа со силен потег од нејзините ковчести раце. Косата на
Јагода се разлета во задушениот воздух и од тогаш па
наваму сѐ ми е како развлечен филм, со намалена брзина.
Успорена снимка.
Заминаа.
И тука некаде, се разбира, започнав со
вообичаеното покајание: ЗОШТО НЕ ЈА БАКНАВ? ДА И
КАЖЕВ БАРЕМ ДЕКА ЈА САКАМ! ГЛУПАК, КРЕТЕН,
СМОТАН, НЕНОРМАЛЕН... Навреди на сопствена сметка,
драги мои. Неизречени навреди, а сепак кажани со
внатрешниот глас на мојата болка и незадоволство. Ја
гледав како си заминува губејќи се во толпата од млади
луѓе, и... И, за мене ноќта тогаш беше завршена. Си
седнав на сепарето каде што беа сите мои мили
пријателчиња од факултет. Пријателчиња - колеги. Кој
знае што си помислиле додека ја гледале мојата
премиерна изведба (за нив) во најновата претстава (за
нив) со Јагода во споредна улога (за нив. Јагода беше
главна улога, за мене).
Понатаму: музика, безволно играње, голтка по
голтка кока-кола, живеење на ноќта со зорт. Орле-зорле,
драги мои. Без Јагода ниту ноќниот мој живот смисла
немаше. Сакав сѐ околу мене да биде празно, сите да
169
исчезнат, само јас и таа да останеме и да танцуваме до
рани зори. Па да ја бакнувам, па да ја гушкам колку сакам,
па да ѝ кажувам дека ја сакам до сто и една и назад... Да
ѝ симнувам ѕвезди преку кровот од диското...
Се повлековме со Бони и сестра ѝ некаде
понатаму. Михајло го снема, но веднаш го лоциравме – се
качил таму кај што стоеше групата која свиреше во живо.
Пиеше пиво и чекаше ред, за да стигне до микрофонот.
Михајло ќе пее, не е нормален. Браво, Михајло!
Пејачот од групата ја завршуваше песната. Јас,
Бони и сестра ѝ , Виолинова (душа од човек, а денеска е
многу тешко да си ем душа ем човек, наеднаш...), си се
смешкавме и си кажувавме шегички. На наша, и на сметка
на другите. Си ја правевме интересна , де...
Е, тогаш... Тогаш се случи тоа што (веројатно)
требаше да се случи, затоа што така сакал Бог.
Со помош на Михајло, секако.
Се намести Михајло пред микрофонот, поткашла за
да си го прочисти грлото, и почна (без да се поклони):
-А сега, следува една песна со која што Ноно ја
поздравува Јагода! Јагода, ова е специјално за тебе!!! –
одечи во диското цело.
Нозете ми се отсекоа.
Ма, и рацете и нозете ми беа отсечени.
КокаТА кола ќе ја испуштев од раце, малку ми
недостасуваше.
МИХАЈЛО ЈА ПОЗДРАВИ ЈАГОДА ВО МОЕ ИМЕ!
И тоа со една прекрасна екс - ју песна која што и
ден денешен ме асоцира на таа ноќ...
Михајло, брате, фала ти! Немаш појма колку ти
должам за овој потег. Неверојатен си, Михајло!
Следуваше бурен аплауз и овации од страна на
многубројната публика. Поим си немаа дека јас сум Ноно и
дека Јагода е таа што ѐ. Дека јас сум таа шушумига. Не
нѐ познаваа, но сигурен сум дека аплаузот се должеше на
самиот гест што некој зацапан и го приредува на својата
симпатија. Тоа, да бидеме реални, ретко се случува. НеЛи,
драги мои? Е, па, јас и тоа го направив. За Јагода – сѐ !
Секое чудо за три дена. За три минути, во случајов.
Песната заврши, ја преболевме. И јас, и Бони, која

170
секогаш ми праќа искрена доза на сочувство. Бони ја
мразеше Јагода, не сакаше да и го чуе името:
-Таа девојка мене многу ме нервира! Не ми ја
спомнувај оти ќе ѝ ја скршам фацата. Ок? Ненормална
една... Па таа нема чувства, јасно ли ти е тебе тоа? –
речиси секогаш го кажуваше истото кога зборував за
Јагода со нејзе.
Си нарачав пиво. Па уште едно. И, уште едно.
Се опив. По кој знае кој пат таа вечер се опив.
Водка, кока-кола, пиво.
Џумбуш во моите вени.
Во главата... Да не зборувам.
Почнав да се чувствувам несигурно. Сите
рефлектори ми се вртеа околу очите, околу главата, околу
мене. Сите луѓе што играа во еден момент почнаа да ми
налкикуваат на смешни мајмуни на журка организирана од
шефот на зоолошката. Седнав на кожениот двосед и
дремев мислејќи на Јагода. Се прашував, каде ли е таа?
Погледнав околу мене, па откако не ја пронајдов, Бони
мораше да ми каже:
-Ете ја, си заминува.
-Каде?
-Абе ене ги... Накај излезот. Гризелда и Бејбе
одат први со некои други... Онаа твојана е сама, позади
нив. Чепка во телефонот.
А, така ли, чепка во телефонот значи. Напишав
порака. Ја пратив на бројот на Јагода. Во неа ѝ кажав дека
одлуката да си оди е феноменална, затоа што не можам
да делам ист покрив со неа. Со еден збор – ѝ кажав на
мојата љубена дека не сакам да ја видам. Револтиран бев.
Пијана работа.
Немаше одговор.
Мразев сѐ живо. И диво. Почнав да тропам по
масата од нервоза. Јагода си отиде. Меѓу нас ништо не се
случи. Прокоцкав уште една шанса. Ноно – слабаку
низаеден!
„НОНО, НИЕ САМО ШТО ИЗЛЕГОВМЕ. ТИ КАДЕ
СИ? ЗОШТО НЕ ДОЈДЕ ДА МЕ ВИДИШ НА НАШЕТО
СЕПАРЕ? ТЕ ЧЕКАВМЕ...“ - СМС порака од Јагода стигна
на мојот мобилен апарат три минути откако јас ја пратив

171
мојата порака која стигнала на нејзиниот мобилен апарат.
Веднаш ѝ вратив, во рекордно време:
„КАДЕ САКАШ ОТИ, ШИРОКО ТИ ПОЛЕ. ОДИ И НЕ
ВРАЌАЈ СЕ. И ЈАС ЌЕ СИ ОДАМ. ПОЗДРАВ, НОНО“.
За петнаесет секунди – нова порака. Од Јагода:
„АМА ЈАС САКАВ ДА ДОЈДЕМЕ КАЈ ТЕБЕ ДА... ПЕЕМЕ
КАКО ПРЕТХОДНИОТ ПАТ... хихи... НЕМА ВРСКА,
З*ЕБИ... ПОЗДРАВ, ЈАГОДА.“
Уф, како ме иритира оваа девојка! Ме нервира!
Секогаш цели онаму каде што највеќе ме боли. А Јагода
секогаш знаела каде највеќе ме боли, па затоа секогаш ѝ
успеваше.
Сите испратени и добиени СМС пораки веднаш ѝ ги
презентирав на Бони. Рапорт. Секогаш го давав на тој што
ќе се најдеше до мене, чисто за да ми олесни, да земам
мислење и ако е возможно - да ми се помогне. Макар што
тоа се случуваше многу често. Успевањето. Не
известувањето.
Бони е срцка!
И покрај тоа што ја мрази Јагода, ме советуваше да ја
повикам на гости, да се согласам на нејзината понуда, да
ѝ ја исполнам желбата – да дојдат кај нас и да пееме.
Е, добро де, можеби нема да можеме да пееме, затоа што
е доцна, ама можевме културно да си поседеме, а со тоа
добивав шанса да ѝ кажам дека ја сакам, да ја прашам
дали за нас двајцата има надеж и... И сè живо и диво.
Ја поканив, секако. И прифати, нормално.
Јупииииииииии! Леле колку бев среќен... Беше тоа,
драги мои, една прекрасна ноќ! ДЕ-ФИ-НИ-ТИВ-НО! Една
од најпрекрасните дотогаш. Пукав од среќа, ма блескав од
задоволство! Сите ги сакав, и вино и невино. Без
селекција, бре!
Качување во такси, пеење по пат накај дома,
правење планови како да се однесувам и што треба да
правам...
Во станот, сѐ што не требаше да биде видливо го
набутавме во која фиока стигнавме. А тоа значи дека
исчистивме, направивме генералка! И Киго ја разбудивме,
и Мистер Мускул дојде. Се собравме сите, како да
организиравме погреб, не дај Боже.

172
Јагода ми праќаше пораки кажувајќи ми дека не
знае каде се наоѓа нашиот стан. Бараше помош. Да сум
излегол да ги пречекам.
Пијана работа.
Излегов, ги пречекав, ги дочекав... И црвен килим
да побараа – и тоа ќе им беше овозможено.
Дојдоа, влегоа, се сместија... Локо Бејбе, пред да
тргнат наваму, повратила на сред соба. Сѐ уште беше
бледа, но, обезбедувањето на Јагода секогаш мора да
биде свежо. И присутно на самото место на злосторот.
Инаку, каде Јагода ќе тргне сама? Нема шанси! Јагода
никогаш не била сама. Кај мене. Со мене. Десетина
минути, или дваесет, беше сѐ што сум успеал да извлечам
од неа на само.
Ми беше здодевно да седам и да разговарам на
глупави теми со присутните. Морав да стапам во акција. Ја
отворив вратата и ја викнав Јагода да дојде со мене.
Демек, да ми прави друштво да се напијам вода. Прифати.
Излеговме во ходникот, но, наместо да се упатам право,
кон импровизираната кујна, нагло свртев лево
поткачувајќи ја мојата срцка за рака и теглејќи ја – се
внесовме директива во собата која сѐ уште беше во
потрага по свој цимер. Подоцна таму се всели Цецо. Сам.
Седнавме на креветот.
Го извадив мобилниот и почнав да си чепкам во
менито. Не знаев како да го започнам разговорот. И
двајцата бевме во фаза на отрезнување, но сѐ уште бевме
пијани. Правевме очајни потези.
Сепак, мразот мораше да се скрши. Вообичаено,
мразокршачот бев јас.
-Јагода, што ти е?
-Што ми е? Ништо не ми е! Тебе што ти е ?
-Зошто избега од диското? Зошто не остана
подолго со мене? Не ти беше удобно во мојата
прегратка, а ?
-Неееее... Нема врска! Морав. Локо Бејбе ме
натера, ѝ беше лошо. Што да правам... Ноно, зошто си
таков? Зошто секогаш си правиш филмови? Секогаш ги
преувеличуваш работите ...
-Ај не тропај глупости! Јас само реално гледам на
нештата што се случуваат околу мене. Ништо повеќе.
173
Признај дека не сакаше да останеш со мене уште малку.
Така е, нели?
-Не е така. Грешка си.
Јас почнав да се тресам. Сега јас бев тој кој што
вибрираше. Можеби вибрираше и таа, но не знаев... Не
можев да ја допрам, се плашев. Како да ја гледав прв пат,
како штотуку да се запознававме. Како да беше први
септември пред... години.
-Јагода?
-М?
-Ти не сфаќаш ништо...
-Што не сфаќам?
-Сѐ.
-Сѐ или ништо?
-Сѐ. И ништо. Комбинирано.
-Поточно...?
-Поточно...Те сакам, Јагода.
Молчеше со наведната глава.
-Те сакам повеќе од сѐ... Многу те сакам...
-Знам...
-И?
-Што „и“ ?
-Имам ли шанса... Со тебе...?
-Не знам.
-Мораш да дознаеш, Јагода. Веќе не можам да
издржам. Со години те сакам само тебе. Можеби дојде
денот кога и ти треба да прозбориш. Лесно е, Јагода.
Сѐ што треба да ми кажеш е дали ме сакаш или не. Да
или не. Едно од тие. Еден збор од две букви треба низ
уста да ти излезе.
-Не можам, Ноно...
-Ама зошто, Јагода? Што те спречува да ми
кажеш? Кажи ми, нема да се лутам, верувај ми! Само
сакам да знам на што сум, да си бидам на чисто. Ако
немам шанси - да престанам да се малтретирам себе си
и тебе. Те молам...
-Не, Ноно... Јас не можам да се изразувам, нели го
знаеш тоа? Едноставно, не можам да го кажам на глас
она што го чувствувам... За мене тоа претставува
голема тешкотија...

174
-...А за мене претставува товар што на себе го
носам со години наназад. Нели ти е жал, Јагода? Сожали
се над мене, кажи ми. Да го решиме ова веќе еднаш -
засекогаш! ПЛИС!
Го кренав мобилниот од креветот и ја пуштив
нашата омилена песна Помеѓу нас. На првите звуци, јас се
наежив. Јагода почна да плаче. Тивко, со душа...
Најубавите тркалезни солзи ѝ се слеваа по нејзиното
најнежно проѕирно - бело лице. Сакав да ги бакнувам тие
невини солзички, сакав да ја вкусам болката на Јагода
преку нив. Можеби тие ќе ми го дадат одговорот на
прашањето кое толку често си го поставував... Одговорот
кој јас, и сите што ме сакаа го бараа заедно со мене. И
никако не можеа да го пронајдат.
-Јагода? Зошто плачеш...?
Не ми одговори. О, мајко Божја, колку беше тажно
да се гледа тоа прекрасно суштество облеано во солзи.
Морав да ја прегрнам. Се доближив и ја стиснав до мене.
Ја галев по косата. Образите и вратот ми се влажнеа од
нејзиние солзи. Ми дојде и мене да заплачам, но се
соземав и не дозволив да бидам слабак. За прв пат
дотогаш бев силен, воздржан. За прв пат ја немаше
кукавицата во мене. Сега, очигледно, се беше преселила
кај мојата љубена.
-Кажи ми, кажи ми, кажи ми... Да или не...Те
преколнувам...
-Не можам, не можам, не можам...
-Те молам, те молам, те молам... Ова боли,
Јагода, ова силно боли! Ова боли толку многу што за
мене живот не постои. КАЖИ МИ! КАЖИ МИИИИИИИ! –
ја молев со болка во гласот. Срцето ми се кинеше. Знаев
дека и нејзе ѝ е тешко, но морав да ја присилам, морав да
продолжам да ја убедувам.
Ја стискав се посилно и посилно... Со секој стисок,
како да ја засилував мојата љубов кон неа.
-Те сакам, те сакам, те сакам...Те сакам повеќе од
сѐ... Ти си ми сѐ, мило мое...За тебе ќе направам сѐ! Тоа
добро го знаеш. За тебе можам да убијам. Да се убијам.
Те сакам, те обожавам...Т и си ми нешто свето...
Тогаш, таа како да ме сфати. Ја крена главата и се
одлепи од мене. Ме погледна право во очи. Очичките ѝ
175
беа насолзени до смрт. Како невина срна изгубена во
шумата, исплашена од пукотницата што ја испуштила
пушката на ловецот кој пред малку ја убил нејзината мајка.
Душичка. Памукче мое.
-ЈАС НЕ МОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ! ! !
Тогаш заборавив како се викам. Јагода ми кажа
нешто. Јагода за прв пат се отвори (два прста). Таа за прв
пат пред мене проговори нешто што е поврзано со нашата
љубов. Со мојата љубов кон неа. И со нејзината љубов
кон мене, ако воопшто постоела.
-Тогаш, значи ли тоа дека имам шанса?
-Растечена ли ми е шминката?
-Јагода, не менувај ја темата! Те молам!
Оф леле, аман! И сега ли ќе менува теми, уф! Дотр
оф а бич.
-Таа уште еднаш ме погледна замижувајќи со
очите од кои се разлеваше црниот римел. Евтин, си
помислив. Можеби беше водоотпорен, ама солзоотпорен
- во никој случај!
Таман да се наведнев да ја бакнам во уста, таа ме
престигна. Ме превари. (Во тој момент морало во себе да
си ја запеам: превари ме, само ме не остављај...)
Јагода ме бакна во чело.
Ништо повеќе.
Ништо помалку.
Во чело.
На средината.
И скокна од креветот, ја отвори вратата и - излезе.
Во ходникот сите нѐ чекаа. Бони ги креваше вегите
среќна, мислејќи дека сум ја смувал мојата драга, драги
мои. Колку само НЕ! Колку само Бони се лажеше!
Јагода никој не регистрираше. Како да бевме само
јас и таа. Отиде во тоалетот, а по неа тргнав и јас.
Влеговме внатре, а таа пушти студена вода. Да се измие.
-Јагода, што ти е? Зошто плачеш, будалче? Ај да
се вратиме назад...
-Не... Да се измијам и ќе си одиме. Седум е часот.
Се разденило. А после треба да полагам. Немам учено...
-Колку убаво ти стојат солзичките... Не бриши
ги...Слатка си.

176
-Лигла. Јас сум лигла! Колку сум лигава, хахахаха,
леле леле леле леле... – почна да се смее. Очигледно, на
Јагода ѝ е потребно да се исплаче за да отрезни.
Дефинитивно беше отрезнета. Можеби се освести, се сети
што кажала и сега од срам сака да исчезне. Сто посто
беше така.
Локо Бејбе се смешкаше на наша сметка. Иронично
и зајадливо, многу јасно. Како ден!
Си заминаа.
Киго, Бони, Клајд, Михајло, Мистер Мускул... Сите
ме прашуваа дали сме се фатиле. Сме се фатиле, за уши
сме се фатиле! Постојано одрекував, само за да не ме
замараат. Не бев расположен да давам детали околу
ситуацијата која ме изнемошти до степен на
неподвижност. Легнав во мојот кревет онака како што бев
облечен. Дотеран за на диско. ДотерЕн. Променет. Како
селско дете за на вакцина. Желудникот почна да ми
реагира, а и мозокот. Алкохолот си ја заврши работата, ме
опушти да се отворам пред Јагода, па сега почна да ми
прави крвта да ја чувствувам како пиво и водка со примеси
на кока - кола. Почна да ми се гади, почна да ми се врти.
Свест.
За да не паднам во несвест, затоа легнав.
Го земав телефонот и, пред да заспијам, ѝ
испратив порака на Јагода:
„ТЕ САКАМ“.
За неполна минута, и таа ми врати. REPLY:
„А ЈАС НЕ МОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ“ - на бугарски
дијалект.
Тоа беше последното нешто што го доживеав за
таа ноќ која што траеше до рани зори.
Една продолжена ноќ за сите пари.
И за сите солзи.
И за сите љубовни приказни.
Сега можев лесно да спијам.
Можеби поради тоа што имав прекрасна ноќ во
диското, можеби затоа што танцував со мојата сакана...
Можеби поради тоа што ја имав блиску до мене во собата
во мојот стан... Можеби затоа што ѝ кажав дека ја сакам,
за прв пат во очи...
Но, едно е сигурно:
177
Можев лесно да спијам затоа што Јагода не може
без мене.
Беше тоа сосема доволно за да уште посилно ја
засакам мојата Јагода. Ако воопшто било возможно повеќе
да ја сакам.
-Добра ноќ, пријатели – им соопштив на моите
цимери дека дојде времето за спиење, тогаш, кога сите
нормални луѓе се будат.
-Добра ноќ, Ноно.
-Добра ноќ, Нонче.
Замижав гушкајќи ја перницата и реков:
-Добра ноќ, Јагода...

178
XII <ТАКА ЧИСТА, КЛАУДИЈА УШТЕ ГО НЕМА
ОДГОВОРОТ. ВЛЕЗИ ВО КАФЕЗОТ,ТОГАШ! ТОА Е
ВИСТИНСКОТО РЕШЕНИЕ! >

Додека се тушираше, Клаудија пееше. Пееше


различни песни – сите наши хитови. Песни кои ги
сакавме и двајцата. Јас и таа.
За тоа време, јас средив сѐ. Од А до Ш. Целата
дневна доби еден поинаков изглед и воопшто не
личеше како онаа досадната соба во која дотогаш
живеевме. Поводот-јасен: вселување на мојата драга
во кафезот. Колку добра причина за славење имавме
јас и Клаудија!
Кога завршив со последните подготовки,
сфатив дека Клаудија малку претерува. Во бањата се
задржа повеќе од половина час. Ме утеши идејата дека
таа таму убаво и детално се подготвува за свеченоста.
Душичка. Сигурно е многу возбудена. Да се селиш не е
мала работа, зар не?
Низ главата ми прелетуваше едно необично
прашање кое никогаш дотогаш немав навика да си го
поставувам: Зошто јас, мојата драга ја викам
КЛАУДИЈА, кога таа не се вика така? Не се сеќавам
кога за прв пат ѝ го променив името, но, едноставно,
тоа беше единственото кое ме асоцираше на нејзиниот
изглед. Како што на почетокот кажав, Клауди: таа е
навистина облачна девојка. Како облак. Како темен
облак. Често променлива, исто така. Клаудија е
облачна со можности за повремени врнежи
проследени со многу, многу громотевици и
светкавици. Чиста молња е мојата Клауди.
Нејзе тоа ја нервираше – добро знаев дека е
така. Но, јас, сепак, не престанував да ја викам така
како што бев решил. Цврстината на мојот инает не ми
дозволуваше веќе подолго време да го кажам
нејзиното вистинско име. Нема ниту сега да ви го
откријам, затоа што, сметам дека, доколку би знаеле
како навистина се вика мојата драга, би можеле да се
изнервирате и да ме направите луд. Од нејзиното, до
ова име, постои голема разлика. Во поглед на буквите.

179
Всушност, и јас можеби никогаш не сум се викал
Добрин, но тоа е името кое го носам веќе речиси
четиринаесет години. Тоа име ми го даде први
септември, денот кога го запознав најсовршеното
суштество што за мене може да биде родено на овој
свет. Клаудија.
Добрин... Добар.
Паметам кога ги заокружувавме почетните
букви од нашите вистински имиња во срценца, па сите
сокласници нѐ зафркаваа за тоа дека се сакаме. А што
сме разбирале ние од љубов ? Деца.
Го паметам и првиот бакнеж. Другарчињата од
класот ме туркаа право кон нејзе и ме тераа да ја
бакнам. Срамежлив јас - срамежлива таа, сѐ што
успеавме да направиме е да се бакнеме во образ,
обострано. Од сета турканица успеаја да ми го скинат
патентот на мојата нова јакна. Никогаш не го
поправивме. Си остана таков, расипан, баш како и
нашиот бакнеж: еден, единствен, нов и траен. И
расипан. Засекогаш замрзнат помеѓу невидливата
материја која со години царува помеѓу нас. Материјата
која е виновна што јас никогаш не ја заборавив мојата
драга.
Низ сиве овие години, јас постојано зборувам за
Клаудија, без разлика каде сум, со кого сум или зошто
сум. Секогаш таа мораше да биде тема на разговор,
покрај оние другите, стандардните, вообичаените. На
луѓето околу мене, секоја им чест што ме издржале.
Такво нешто не можел да издржи баш секој. А сите тие
ми делеа совети.
Можеби сето тоа, почнувајќи од моментот на
малиот мост во нашиот град, кога јас и таа си
шепкавме преку неговите држачи кои на краевите
завршуваа со дупки... Низ цевките си шепнавме дека
се сакаме. Јас ѝ кажав прв. После долго мислење и
срамување, и таа успеа да ми каже дека ме сака. И
веднаш побегна. Си замина дома трчајќи. Од тој
момент, сѐ до денеска, јас сум опседнат со неа. На
мостот, можеби нагазнав на некоја магија, кој знае?
Во главата ми играше лично мојот сериски
филм, а не ни забележав дека треба да заврши.
180
Поминале дваесет минути и кусур. Без реклами. Со
нив-четириесет и пет минути губење време.
Крајот на епизодата ми го соопшти токму таа-
Клаудија. На крај, излезе од бањата.
Кога ја погледнав, можев да ѝ дадам
оправдување за изостанокот: сфатив зошто толку
долго се задржала таму.
Клаудија не личеше на себе. Тушот ѝ ја
избришал сета шминка што ја имаше на нејзиното
лице. Сега кожата ѝ беше проѕирна, а устата со бледо-
црвена боја. Косата, за среќа, ја испеглала. Се уште ѝ
беше црна и долга. Исправена во пад до половината.
На јагодите од лицето како да имаше ситни точки.
Пеги. Личеше на...
-Ми личиш на јагода... Црвено-сочен плод. – ѝ
реков.
Клаудија направи израз на срамување, како да ѝ
беше незгодно што ја споредувам со моето омилено
овошје, кое таа, патем, многу го мрази.
-Изгледаш совршено, драга. – продолжив да
делам комплименти.
Таа преврте со очињата, повторно срамежливо,
ги стави рацете на струкот, и се сврте во еден бавен
круг околу замислена оска. Се променила. Белата
ноќница ја заменила со прекрасен црвен фустан кој
совршено и прилегаше на фигурата. На нозете носеше
нови хулахопки, со малку потемна боја од
претходната. Додала и прекрасни потпетици.Обожавав
кога мојата драга носи потпетици. Целиот сексапил
тогаш ѝ излегува на виделина.
-Те сакам – кажав искрено, од дното на срцето –
прекрасна си... Прекрасна си... Те обожавам...
Клаудија?
Таа продолжи со срамежливоста:
-Молам? – го исплази јазичето над горната
усна,што беше уште еден совршен знак за нејзината
срамежливост.
-Не срамувај се, срце мое!. Ајде, зборувај. –
наредив. Изгледа не можев да престанам да ѝ
наредувам. Беше добро што во еден таков грандиозен
момент не ја повредувам. И навредувам.
181
-Што да зборувам? Сликата нели кажува
повеќе? Не сум ти убава? – звучеше изненадено.
-Не... Како можеш да помислиш на тоа?
Совршена си! Перфекција! Перфекцијо моја.
Скулптуро извајана. Убавице. Принцезо. Јаготке
слатка. Преслатка. Најслатка. Дојди да те гушнам!
Клаудија елегантно чекореше до фотелјата на
која што седев јас.
-Ќе се напиеме шампањ? – ме праша, повторно
срамежливо.
-Опааа, тоа моето срценце сака да прославиме
за нешто? Ајде, срценце, кажувај ја среќната вест...
Мене ми мириса на позитивен одговор.
Таа молчеше со насмевка во вид на исправена
линија. Ништо повеќе од тоа. Како да почна да се
нервира што го прекинав моментот на совршенство.
Сѐ тргна како што треба, и одеднаш се појавувам јас
со моите досадни прашања.
-Што тоа треба јас да кажам? Кој е тој среќен
момент?
Моментално ме удри гром.
Од ведро небо.
Подивев.
-Како тоа, ШТО ТОА ТРЕБА ЈАС ДА КАЖАМ,
Клаудија?
Таа се тргна малку потаму. Како да се плашеше
од мојата следна реакција. Судејќи според нејзиниот
изглед, Клаудија немаше да ми соопшти добри вести.
Затоа и се плашеше.
-Клаудија? Заборави ли што ми вети вчера?
Сакаш да те потсетам, драга ?
-Може. Потсети ме.
Иронијата, која раснеше сѐ повеќе и повеќе во
гласот на Клаудија, ме тревожеше до неподносливост.
До пред малку бев речиси убеден дека таа ја донела
најважната одлука за нас двајца и дека, конечно, сѐ ќе
се реши.
Се лажев. Себе си.
Сепак, ја потсетив. Гласот ми трепереше и во
секој следен миг можев лесно да заплачам и да се
посрамотам пред Клаудија.
182
-Ти... Ти требаше да ми го дадеш одговорот...
ДА... или... Не... Клаудија... Ти требаше да
размислуваш цела ноќ за да одлучиш за нас...
-Извини. Сосема заборавив на тоа. Бев уморна.
ПРЕмногу. – продолжуваше со иронијата бидејќи
мислеше дека таква ја сакам.
-Мислиш ли дека ако бидеш иронична ќе
предизвикаш поголемо внимание, драга ?
-Не мислам така. Повторно грешиш. По кој
знае кој пат! Добрине, ти секогаш грешиш. Секогаш
носиш погрешни заклучоци, уште пред да дознаеш
каква е вистината. Ти советувам да броиш до десет
пред нешто да кажеш. За твое добро.
-Ме советуваш, така? Тоа ти годи?
-Ти го мислам и посакувам сето најдобро на
овој свет. За тебе – секое добро!
Молчев и почнав да ја мрдам устата од напор да
не заплачам. Бев максимално разочаран. Мојата
Клаудија воопшто не се посветила на мене. Само
спиела.
-Што сонуваше, ма ти? Сонуваше ли нешто
минатата ноќ?
-Да. Сонував. Сонував еден сон кој често го
сонам: ти и јас како се бркаме. Ти сакаш да ме
бакнеш... А јас... бегам.
Посакав да ѝ се заблагодарам од срце. Клаудија
успеа да ме насмее. Почнав да се кикотам како лудак
во лудница:
-Хахахаха... Ништо ново, драга моја....
Хахахаха... Ништо ново! Хахаха... Па... Па тоа се
случува и на јаве, зошто воопшто си се трудела да
го сонуваш тој глупав сон? – хистерија во моето
смеење.
Клаудија ме гледаше злобно. И низ белите,
совршено белите заби, процеди:
-Ти си луд. ЛУД!
-Хахаха... И ти. И ти си луда. ЛУДА!
-Остави ме!
-Не те оставам!
-Пушти ме!
-Е па нема!
183
-Сакам дома!
-Ова е твојот дом!
-Кога сето ова ќе заврши на сите ќе им
раскажам каков си бил.
-Сум бил и ќе останам! Ми е гајле дали ќе
кажеш. И така веќе сите знаат дека само тебе те
сакам.
-Невозможен си, Добрине!
-И ти си. Ти си повеќе од невозможна, ама пак
те сакам! – сега бев многу смирен. Релакс.
-Уф! Ми се повраќа од тебе. Бљак – го испрчи
јазикот надвор од устата импровизирајќи повраќање.
-Немој... Да ме... живцираш! – рацете почнаа да
ми се тресат. Ми требаше цигара. Посегнав по
празната кутија и сфатив дека е празна. Сум се отрул
од пушење.
-И јас немам – рече таа.
-Те прашав ли?
-Не. Ама гледам дека бараш цигара. Помислив
дека ќе ме замолиш една да ти позајмам.
-Да ми позајмиш? ТИ МЕНЕ? ТИ МЕНЕ ЌЕ МИ
ПОЗАЈМУВАШ? Па како не ти е срам да го кажеш ова,
Клаудија? Сѐ што ти имам дадено безрезервно сум
ти го дал, не очекувајќи дека ќе ми го вратиш ниту
во најмал процент. Несебично ти делев сѐ што
знаев дека обожаваш, а ти... Ти мене ќе ми
позајмуваш? Ти од мене чекаш уште? Што? Што е
тоа што го бараш од мене, Клаудија? Што сакаш
повеќе? Кажи ми, луда девојко, кажи ми и олесни ми
веќе еднаш!
-Господ да чува. – ја сврте главата, се наведна и
од под тепихот извади цигара. Ја запали и зема опоен
дим.
-Ненормална... Имаш цигара а велиш дека
немаш!? Себична си, Клаудија. СЕБИЧНА!
-Не можам постојано да мислам за тебе и
твоите потреби. Секој за своето си гледа. Требало
да си обезбедиш повеќе цигари, или, едноставно, да
си сокриеш едно плус. Како што јас секогаш правам.

184
-Секогаш кога снемував цигари ти ме лажеше
дека веќе нема, само за да не ти ја потрошам
резервата???
-Така некако...
-Ма иди лечи се! Или не, не иди! Почекај. Биди
овде. Ако сакаш седни. Или отвори го прозорецот.
Веднаш се враќам, ќе одам до другата соба.
-Во ред. Те чекам.
Си направивме разговор.
Си помуабетивме.
Во другата соба се задржав нецела минута.
Излегов од неа, но, не сам. Позади себе го влечкав
новиот кафез, спремен за нов потстанар.
Кога ме виде, Клаудија пребледна. Лицето ја
смени онаа нејзината карактеристично бледа боја во
нешто уште побледо. Нешто како жив мртовец, или
мртов, сеедно.
Почнав да се смешкам во себе, а подоцна не
успеав да продолжам така, па морав да се искикотам
на глас.
Откако ми престана смешниот дел, се смирив и
почнав да ги пеам истите стихови кои Клаудија ги
мумлаше додека се тушираше. Оние од нашата
омилена песна.
Клаудија ја фрли цигарата на подот. Сѐ уште
неиспушена. Беше речиси цела. Во дел од секундата
упати еден поглед кон цигарата: со тажни очи ја
сожалуваше и се каеше што не може да ја допуши.
Потоа ја нагазна со десната потпетица. Ја уби.
Клаудија е убиец.
Клаудија знаеше што ја чека.
Се насмевна.
Праволиниски.
Без да ги отвара забите.
И устата, воопшто.
Знаев дека тоа е уште еден , последен ироничен
удар упатен кон мене. Како и да е, знаев дека е
беспомошен. Не можеше ништо да ме спречи во
намерата да ја вселам Клауди во кафезот!
Го потргнав белиот сатен за да се појави
влезната врата на кафезот. На подот паднаа неколку
185
листови од црвена роза. Оние, со кои го украсив
покривот од градбата.
Откако вратничката ширум се отвори, погледнав
внатре за да се осигурам дека е празно. Дека сѐ е во
ред.
Влегов. Во кафезот.
-ПРЕКРАСНО Е! – и додадов хистерично
смеење-
-МИРИСА НА РОЗИ. ИМА СВЕЌИ ОД РОЗИ.
МИРИЗЛИВИ. – како да ја интересираше.
А таа, кутрата, нервозно удираше со нозете по
подот. Судбината ѝ беше црна. Веројатно, така
немоќна, посакувала да направи брз план како да ми
побегне. За жал, не можеше да го направи тоа.
А знаев дека сака.
Многу сакаше да побегне.
Драматично излегов од вратничката, како од
позади некоја голема сцена.
Стапив на сцена.
На подот. На даските кои живот значат.
Си го смирив залутаниот поглед кој шараше
околу ѕидовите од собата, успеав да го смирам и
брзото ми срцебиење, си ја наместив косата, ја
избришав потта од оросеното чело и ја отворив устата
во широка насмевка:
-ВЛЕЗИ!

186
14. НОЌ ВО ЗНАКОТ НА ЈАГОДИТЕ.УШТЕ ЕДНА
ПРОКОЦКАНА ШАНСА.НЕПОВТОРЛИВА.
______ ________________________________
Можев да се заколнам дека проблемот со мојата
љубов конечно е решен. Бев сосема сигурен дека
работите тргнаа кон подобро. Убеден дека Јагода
започнува да покажува знаци на заљубеност, конечно
можев да се опуштам и да се препуштам на убавите
моменти од мојот живот во Шит. Започнав да се забавувам
како и секој нормален млад човек. Всушност, јас никогаш
не знаев да се забавувам на начинот на кој што повеќето
мои врсници знаеја да го прават тоа. Едноставно, јас си
имав свој терк на забава и никој и ништо не можеше тоа
да го смени.
СМС-допишувањето со мојата сакана и понатаму
продолжи. Секојдневно си испраќавме пораки, па со текот
на времето тоа ми стана рутина. Не можев да
функционирам ако не знаев каде е, со кого е и што прави
мојата Јагода. Иако, рака на срце, ме копкаше одвнатре
фактот што не можам да ја видам блиску до мене.
Постојано си мислев колку е таа блиску до мене, а сепак
далеку. Во секој случај, тоа не можеше да претставува
пречка за силната љубов што јас ја чувствував кон нејзе.
Знаете, драги мои, јас отсекогаш сум сакал да давам,
одошто да земам. Јас секогаш уживав да подарувам не
очекувајќи нешто за возврат. Бев најсреќниот човек на
планетата кога подарував нешто што однапред со часови
го бирав и барав за да може личноста на која што ќе го
подарам да биде сосема задоволна и изненадена. Во
таквите мигови, верувајте ми, немало посреќен човек од
мене. Можеби е тоа така затоа што не знам како да
реагирам кога добивам подароци, па токму поради тоа и
не сакам да ми подаруваат.
Ситуацијата со Јагода започна да ги добива
потребните димензии. Бев повеќе од задоволен.
Насмевката на моето лице беше секојдневна лепенка, па
сите околу мене беа вчудовидени а истовремено и
задоволни што со нивна помош сум успеал да допрам до
она за кое што сум мислел дека никогаш не ќе можам –
нов живот. И, секако, да допрам, колку-толку, како-така, до
Јагода. Не знам дали јагодите ги засакав поради нејзиното
187
име, или отсекогаш сум ги сакал, но, бидете уверени дека
тие се моето омилено овошје. Арно ама, постои и еден
проблем (а што би било интересно доколку не би се
појавил и Г-дин Проблем, нели?). Имено, кога јагодите
навистина зреат – јас не ги јадам. Купувам, ми купуваат,
стојат на масата, до масата, насекаде околу мене... Ама
јас не ги јадам. Дали од жал, затоа што ми личат на
Јагода, дали затоа што навистина не ми се вкусни...
Одговорот сѐ уште го немам пронајдено. Во секој случај,
обожавам да ги гледам. Е – тогаш душата ми се
исполнува. Ете уште еден факт кој го докажува моето
радување на ситници.
Малите нешта го прават животот убав, драги мои.
Потрудете се да се усреќите со малку материјални добра
и ќе сфатите дека суштината на вашето постоење не се
темели на пари и луксуз. Се е чувство, драги мои. Се е
психа.Замислете си, на пример, едно крајно сиромашно
семејство кое трпи за леб. Таткото се враќа од работа а
петте деца со нетрпение го очекуваат, само да го видат.
Тој им носи чорапи, на секој по еден пар. Тие скокаат,
урлаат, врескаат, танцуваат со мајка си од радост за
новите чорапи. Задоволни се, среќни и исполнети.
Што мислите, драги мои, би се радувал ли така
некој кој што има пари кои не се бројат, куп автомобили и
палата, доколку си купат, на пример, чорапи? Не.
Одговорот е негативен. Зошто? Затоа што, тој, богатиот,
можеби се радува, но не од срце, не затоа што е
задоволен. Нему не можат да го задоволат сите куќи на
целиот свет, затоа што знае дека кога и да посака може да
ги има. Но, сиромашните деца кога ќе посакаат не можат
да облечат чисто нови чорапи. Ср`жта на приказната
говори се што јас сакам да ви кажам – да се радувате на
ситниците. Од неколку ситници ќе живеете еден солиден,
мирен и исполнет со среќа живот. Од многу скапи нешта ќе
полудете. Ќе скренете. Евентуално, ќе забегате во матни
води, па ќе почнете да пиете, да се дрогирате... И ќе
завршите прерано.
Не знам во која категорија би ја вметнал Јагода.
Навистина не знам. Нејзе ѝ имам подарено неколку
ситници изработени од срце, но таа никогаш не реагираше
доволно силно за да можам да сфатам дали се радува или
188
тоа го прифаќа со рамнодушност. Баш затоа и ме нервира.
Никогаш не можам да разберам што таа навистина мисли
за да знам како да продолжам – и дали воопшто да
продолжам. Истото се случува и со нашата љубов: не
знам дали да продолжам да ја сакам. Од една страна,
доколку сака да ја сакам – треба да продолжам, но,
доколку не сака да ја сакам – треба да престанам. Да ја
сакам. Што да направам? Не знам. Вие, знаете, драги
мои? Не верувам. Не ќе дознаете ниту кога би имале
можност да ја запознаете мојата драга.
Две-три недели после нашата последна средба,
Јагода почна да се однесува малку потопло кон мене.
Чувствував како и бие срцето преку моите вени. Можев да
ја почувствувам миризбата на нејзината коса само ако ги
затворам очите, и ништо друго. Сѐ беше толку едноставно
и лесно. Беше тоа сон што не сакав да заврши, сакав
вечно да трае, со предупредување да прерасне во уште
поголема, пореална магија. Никогаш да не го намали
темпото на своето постоење. Беше тоа лошо за мене од
причина што јас во секој можен и неможен предмет ја
гледав Јагода. Ако погледнев пред мене и се свртев за
360 степени гледајќи илјадници луѓе – насекаде ја гледав
неа. Во било која црта од лицата што ги гледав правев
споредба со мојата драга. И секогаш наоѓав сличности,
добри сличности. Идентични сличности. На Јагода. Мојата
љубена, никогаш непрељубена.
Еден ден, посакав повторно да ја видам. Насамо.
Решив да и пишам. СМС. Ја поканив да дојде кај мене. На
гости. Сама. Кажав дека ќе бидам сам во станот. Не ја
излажав: Киго отиде на гости, останатите си заминаа по
дома. И јас ќе си заминев доколку не сакав да ја видам
мојата драга, драги мои. A тоа кај мене не може да се
случи: јас секогаш сакам да ја видам неа.
Прифати. Јагода прифати да биде моја гостинка.
Насамо. Бев среќен, посреќен од било кога до тогаш,
најсреќен! Не можев да си поверувам на сопствените очи
додека по стоти пат ја препрочитував нејзината порака со
потврден одговор.
Неколку часа пред и официјално да останам сам во
станот, отидовме со Бони и Михајло на прошетка низ Шит.
Ми се чини дека купивме нешто за јадење, па додека се
189
смеевме на глас раскажувајќи си разно-разни шеги,
Михајло ми даде идеја:
-Купи јагоди-магоди, миризливи свеќи-меќи...
И, купив. Купив половина килограм јагоди. Ги
платив скапо – не беше период кога јагодите навистина
зрееја. Купив и миризливи свеќи, со арома на јагода. Од
маалската продавница која наликуваше на селска
коперација, успеав да пронајдам и да купам еден озонер
за во соба. Со мирис на јагода, секако. Сѐ во знакот на
Јагода.
Ја средив собата, исчистив онолку колку што
можев. Сѐ беше спремно за прием на мојата сакана
гостинка.
Дојде и тој момент: излегов до центарот на Шит за
да ја пречекам. Заедно стигнавме до моето второ дома и
влеговме во собата.
Водејќи се според однапред замислениот план,
мислев дека таа ќе седне на креветот – таму полесно
може да започне сѐ што посакував да почне. Но, Јагода не
би била Јагода ако не ми ги руши плановите: седна на
стол покрај големата централна маса. Јас го изгаснав
светлото, ги запалив миризливите свеќички и прснав од
озонерот со мирис на јагода. Таа веднаш го препозна
мирисот, но не изреагира на некој посебен начин. Остана
ладнокрвна. Јагода има ладна крв.
Пушеше цигари. Многу цигари. Едно врз друго.
Секако дека ѝ се придружив и јас. Пушевме, пушевме,
пушевме.. .Се гледавме, зборувавме глупости...
Дремевме. Ништо не можеше да се започне за да мојот
план почне да функционира. Ајде, ги извадив од
фрижидер и јагодите.
-Јагоди, ммм... – рече Јагода.
-Јагоди, да...Г и купив специјално за тебе.–кажав
глупавиот јас, па ѝ понудив да земе. Зеде една. Ја гризна
слатко со совршените усни, и толку. Втора не зема. Да не
зборуваме за трета. Јагода.
Изгледа Јагода не сакаше јагоди. Само се
преправаше дека ги сака, можеби да ми помогне да го
изградам сопствениот ЈАГОДА-ФИЛМ. Кој знае...
Не сметав на тоа дека е добар момент за да ѝ
кажувам колку ја сакам. Мислев дека таа тоа добро го
190
знае, па затоа започнав да ѝ раскажувам за Гонореја која
во тие денови ми беше мошне мила и симпатична. На ова,
Јагода реагираше онака како што требаше: седеше
нервозно и гледаше во една точка, со цигара во раката, од
устата испуштајќи тешки димови.
-Дојдов ли јас овде за да те слушам како ми
раскажуваш за твојата срна ? – ме праша во еден миг.
-Срна? Од каде до каде сега Гонореја е мојата
срна ? – навистина не ми беше јасно.
-Па, според тоа како ја опишуваш, наликува на
срна. Батали...Ми стана досадно да слушам за неа.
-Добро, Јагода. Извини. Нема да продолжам. Иако,
навистина е срцка. Гонореја.
-Многу ми е гајле!
-Сакаш сок?
-Не сакам.
Штета. Сокот беше од јагоди.
Го извадив на масата, за секој случај, колку да види
дека сум се потрудил сѐ да биде во истиот знак.
Еднозначно. Едноовошно. Едноимено.
Станав од масата и седнав на креветот. Мораше
некој прв да започне. Па, Бога ти, како би можел да бидам
мил и нежен и да ја бакнам преку маса? Невозможно! Ако
веќе треба да ја бакнам, нека се случи тоа на креветот,
нели? Така е поромантично, апсолутно!
Ја поканив да ми се придружи, а таа веднаш
позитивно одговори на мојата понуда. Седна до мене,
потпирајќи се на делот каде што, кога спијам, ги
положувам нозете. Грозно.
Ама, не ја предупредив. Ја оставив да си седи
онаму каде што сака. Ако и кажев нешто, можеше да биде
ризично. Таа е голем инат, па би можела да стане и
повторно да се врати на првобитната положба-
централната маса.
А јас тоа не го сакав.
Ич.
-Уф, ме боли главата. Ај измасирај ме, можеш? –
ме замоли, демек.
-Можам.
-Само, не стискај ме премногу силно.
-Ова треба да биде предупредување?
191
-Па, не предупредување, ама, ти обично премногу
стискаш. Многу си насилен бе, Ноно, зошто си таков?
-Јас? Јас насилен? Абе ајде...
-Озбилно! Насилен си.
Насилен. Јагода мислеше дека јас сум насилен. А
насилен беше последното нешто што сакав да биде моја
карактеристика во главата на мојата драга.
Драги мои, беше тоа еден од поубавите моменти во
мојот дотогашен живот.
И кариера.
И професија.
Ја масирав на вратот, продолжив преку рамениците
се до нејзината половина. И четвртина. Го допирав
нејзиниот прслук, под прстите чувствував каде започнува и
каде завршува. Потфатив малку и од делот каде што
кулминира, само што не можев да продолжам. Не ми се
јадеше шамар. Поточно, не сакав да го растурам
волшебниот момент. Уживав до бесвест. Таа само
мавташе со главата во успорена снимка, немо кажувајќи
ми дека ѝ е убаво. Од време-навреме ќе заофкаше, затоа
што, нели, јас сум насилен, но, набрзо потоа ќе
престанеше да глуми лудило. Во тие пет минути масажа,
цело време мислев како да ѝ пријдам поблизу за да ја
бакнам.
-Залапај ја, Ноно, ајде... -си мислев во себе. Морон.
Нездрав. Глупчо невиден. Можев да ја бакнам, ама не
знаев како. Се плашев.
-Не ми е згодно да седам на ивицата од
креветот, дај да легнам во тебе.
УАУ! Јагода сака да ми лежи во скут. Одлично! Ме
запали. Речиси.
Се поднаместив потпирајќи се на ѕидот (иако го
мразам тој звук кога нешто се струга од ѕид) и ја
потеглив во мене, како секој ден да го правиме тоа.
Да се масираме.
Да ја масирам.
Легна во мене, а јас продолжив да ја галам, нежно и
страсно. Нежно – за да не бидам насилен. Страсно –
бидејќи не можеше да ме види во лице и да сфати дека
поцрвенувам и дека вртам со очите од романтика. Чувство

192
што не се опишува беше тоа, драги мои. Затоа и нема да
го опишам.
Таа се сврте кон мене, ме погледна во очи
замижувајќи (о, Господи, толку привлечно!) и од устата ја
извади мастиката. Почна да потпевнува, а јас го извадив
телефонот. Сакав да се сликаме. Сакаше и таа, но,
сликите не ни се допаднаа, па ги избришавме. Го вклучив
снимачот на глас. Ја снимив како зборува нешто што едвај
ѝ го извлеков од уста. Некои глупости кои ги чував во
стариот мобилно-телефонски апарат.
Мастиката ја тегнеше меѓу прстите, ја направи
топче мало и ја шлапна на ѕидот, на просторот над
местото каде што, кога би спиел, би се наоѓала мојата
глава. Мастиката, веројатно, сѐ уште стои таму. Освен ако
Валита не ги белела ѕидовите. Со помош на Кан,
природно.
Одненадеж, Јагода скокна. Мене ми се качи
притисокот. Зошто секогаш мора да менува теми? Или
положби, во случајот? Или, било што, во секој случај?
Јагода беше створена за промени!
Според нејзиното име би требало да се именува
некоја политичка партија, несомнено!
Изговорот за поместувањето беше дека се здрвила.
Шипинки се здрвила! Па како може да се здрви кога ја
масирам? Па нели работевме на случајот да ја опуштам?
Гуска!
И така, повторно се повлековме на централната
маса, палејќи цигара до две.
Тогаш ѝ светна мобилниот. Беше порака од Локо
Бејбе: да се врати назад, ѝ било досадно. Кретенка! Ова
намерно ми го прави, си мислев. Не сака да ѝ дозволи на
сестра си да ужива во моментите со некој кој што
најповеќе ја сака. Смотана. Ама ако, нека... Еден ден ќе
сфати што беше тоа... Што пропуштила. Што пропуштилЕ.
Јагода мораше да си оди. Изгледа многу ја слуша сестра
си. Или ја слуша, или се плаши од неа. Трето-нема.
Ја испратив повторно до центарот на Шит.
И си замина.
Сама.
Малку потаму ја чекаше Гризелда. Немој некој
Јагода да ја изеде, Бог да чува! Гризелда, па јас не јадам
193
девојки, драга. Точно дека сакам јагоди, ама не полни со
крв. Ти намигнувам.
Се вратив назад и не знаев што да правам. Ми
доаѓаше да заплачам, па да искршам сѐ околу мене.
Посакав да ги фрлам јагодите низ прозорец, заедно
со свеќите, озонерот и сокот од јагоди. Или да цртам со
нив по ѕидот! Сѐ ме потсетуваше на мојот уште еден
неуспешен обид да се доближам до мојата сакана, или
барем до нејзините усни од мед во црвена боја.
Немаше никаков сигнал од Јагода. Легнав на мојот
кревет, го вклучив телевизорот за да ја разбива
темнината, му го намалив тонот и се ѕверев во залепената
мастика на Јагода. На ѕидот, над мојата глава. Станав и ја
мирисав. Мислам дека ја бакнав. Сакав да почувствувам
каков вкус има мојата мила. Беше вкусно. Ментол, чинам.
Бљак. (Бљак би рекла и Јагода доколку го чита ова.
Многу е гадлива, ДЕ!).
Бев многу нервозен од епилогот на нашата средба.
Јагода никаде ја немаше. Не ми пушти ниту еден фУкинг
сигнал. Срамота! Барем да беше благодарна на сиот мој
труд. Па, да се најдат и купат јагода-нешта во таков,
студентски период од животот, кога секоја пара ти е мало
богатство, и те како требаше да биде гест за поздрав. Ама,
на Јагода сето тоа ѝ се чинеше како ситница. Ете, гледате,
драги мои, Јагода не ги цени ситниците во нејзиниот
живот. За неа ситници, за мене големи нешта.
Се откажав од неа. Го баталив телефонот, го
заборавив на централната маса пред да си го положам
сопственото тело на креветот, испружен колку што сум
широк и долг. Го вклучив тонот на телевизорот, но сфатив
дека немам доволно концентрација за да гледам било
што. Решив да пишувам. Напишав неколку стихови
поезија, ги преточив чувствата на љубов и омраза врз
парче хартија што подоцна некаде го зафрлив и го
изгубив. Веројатно.
Таман затворив очи, после неколку неуспешни
обиди, ете ти го телефонот мој мил – пишти, вибрира и
светка! Каков страшен ефект во момент на тишина!
Грозно! Морници ми пролазија низ телото, како да ми
пуштија струја низ вените. Се тресев. Милував да се
тресам, тоа беше една од многуте карактеристики на
194
мојата љубена која јас намерно сакав да ја поседувам. И
се трудев да ја поседувам барем малку. Сакав да личам
на мојата драга. Не физички, ами психички. Не психички.
Ами карактерно.
Беше тоа СМС порака од мојата Јагода:
„Ноно, како си? Што те нема да ми пишеш? Лут
си ми? Ако-ако! Јас гледам телевизија и слушам Моцарт,
верувал или не. Поздрав кис“.
Беше тоа СМС пораката што направи крвта уште
побрзо да ми се движи низ моите вени низ кои течеше
напатена, уникатна крв. Срцето ми биеше во
вчудоневидувачки ритам. Не знаев кој ѝ е филмот на
мојата драга. Дали се фалеше дека слуша Моцарт бидејќи
тој е мојот омилен композитор, кој што таа случајно , на
неколку секунди го фатила додека менувала тв-програми,
или тоа мојата драга се труди да ги сака нештата кои што
ги сакам јас? Не ми се веруваше дека таа е способна да си
купи ЦД или да си спушти музика од Моцарт. Чиста научна
фантастика! Повеќе од Амелја од источниот сосед, мојата
драга не би можела да мрдне. Музички гледано барем. И
јас ѝ вратив со порака, секако. Каков би бил тој ден кога
јас нема да вратам одговор на порака добиена од
суштеството кое најповеќе го сакам? Куково Лето-ден. Ете
тој ден.
„Ау, Моцарт, а? Браво, браво! Јас си лежам... така
...некако нешто не сум во ред... Поздрав, уживај“. Без
кисс, замислете. Без кисс, без хагс... Без ништо. Чиста
пријателска порака. Ова мора да ја загрижило мојата
драга. Таа ужива да биде сакана, а мојот одговор ниту
малку не наликуваше на нешто напишано од заљубен
човек. Пораката која што ја испратив како одговор на
мојата најмила, беше чиста преправотина. Во себе не
содржеше ништо искрено, освен делот дека нешто не сум
во ред. Не ја поздравив и не сакав да ѝ кажам да ужива.
Сакав да пати. Процентуално, барем десет отсто од стоте
проценти колку што патев јас. А, понапатена душа од
мојава, драги мои, верувајте ми – нема. Кога се зборува за
љубовта. И љубовното патење.
Ми прати уште една порака назад:
„Аааа... Е што ти е? Ништо не ти е, ќе помине...
Одмори се. Позз“. И, тоа беше сѐ . Никакво смилување,
195
никакви нежности... Во себе додала мраз. Започнала да
оладува.
Се наежив.
Уште повеќе.
Ми се стресе крвта.
Уште побрзо.
Почнав да ја манифестирам нервозата: лупав по
ѕидот, гребев, го удирав креветот со целото тело, пиштев,
врескав, правев тупаници со рацете и... Заплакав. Не ми
се верува, но јас навистина заплакав. По кој знае кој пат,
поради мојата љубена, драга и мила Јагода. Решив да се
инаетам – да не ѝ враќам СМС. И успеав. Си се загледав
фино-лепо во таванот, си избрав една точка по случаен
избор и си зјапав во неа. Сакав да се одморам и да
престанам да се измачувам со мисли поврзани со сега
одвратната Јагода. И, ако се исклучат минутите кога
помислував на нејзиниот лик и кога сфаќав колку е таа
најслатката девојка во мојот свет, јас сосема заборавив на
неа. И успеав да не ѝ напишам порака, на што, таа,
секако, реагираше бурно:
„Е што, бе? Ми се лутиш, а? Што лошо ти
сторив јас?Ј ас ништо лошо не направив, зошто си
таков со мене? Ме избегнуваш, така? Е баш ти фала!
Нејќеш да кажеш ни што правиш... Ако-ако. Миу.“ -
аууууу, одвратна работа! Лигава работа! Ама, паметна
работа, дефинитивно! Јагода успеа да ме натера да ѝ
напишам СМС, не бирајќи дали тоа ќе го сторам во афект
на љубов, или омраза. Мене ми личеше повеќе на она,
второто:
„Ништо не правам. И не се лутам. Планирам да
спијам. А не можам. Бакнежи рој...Ти што правиш? Добра
ноќ...“- бев искрен, иако звучев некако оладено. Ја немав
таа цел, но ако требаше да се биде оригинален – тоа
беше тоа.
Немав ниту две минути простор за пауза од
случувањата, а Јагода ми врати нова порака. Се
обложувам дека јас и таа, кога би учествувале на некој
СМС натпревер за најбрзо пишување пораки, би го зеле
првото, евентуално специјалното место во конкуренција од
сите светски најбрзоесемеспишувачи.
Гарант!
196
„Добро, спиј, очигледно не сум ти интересна.
Можеш и да не спиеш, без гајле, нема да те замарам ако
не ти се допишува со мене. Ама, ако спиеш, ќе ме
сонуваш, така да си знаеш. Поздрав. Кис.“ - мразев кога
кисс е напишано со едно с.
Ништо не ѝ одговорив.
Се нервирав.
Ми фалеше поголемо внимание.
Јас секогаш сум бил ненаситен кога станува збор за
посветеноста на Јагода кон мене, па така беше и овој пат.
Секако дека ме копкаше одвнатре во срцето, сакав да
имам уште една бурна ноќ исполнета со мноооогу СМС
пораки помеѓу мене и мојата љубов, љубовта на мојот
живот. Лежев и молчев во нашата соба исполнета со
некоја чудна темнина која ме обземаше секогаш кога ќе
останев да спијам сам, без цимерите. Морници ме лазеа
кога погледнував кон дрвените ролетни, сѐ си мислев дека
однадвор ме гледаат многу чудни суштества кои бараат
начин како да влезат внатре и да ме нападнат. Типичен
хорор филм.
Лежејќи така и размислувајќи си за неодамна
поминатата средба, сум заспал.
Јас издржав, но таа - не.
Ми напиша уште една порака, нова.
Изгледа место не ја фаќало, се грижела зошто јас
не ѝ посветувам внимание таа ноќ.
„Јас си седам, уште не сум заспала... Слушам
музика, слушам како ми свират на гитара, некои песни,
на пример „Сонце за три светови“ и слично. Ти? Како
си?“
Па оваа не е нормална, си велев. Морав да ѝ
пишам пак. СЕПАК!
Ме обзеде чувство на љубомора, се прашував кој
свири на гитара. Обично, гитаристите се машки. Па, тогаш,
кој е тој кој ја маѓепсува единствената девојка која не
сакам никој да ја допре? Некој кретен!
„Слушаш како свират, или тебе ти свират, а?“ -
беше тоа мојата СМС порака, на која Јагода набрзина ми
одговори:
„Хмм... Па...Така некако... Не знам баш... Убаво е.“

197
И повторно без кис, и повторно без хагс, и повторно
обична СМС порака, ладна. Мразев ладни пораки, па дури
и СМС. А Јагода, последните неколку, очигледно, ги
чувала во фрижидер: беа ладни – замрзнати.
И јас оладив, па што? Толку многу ми се спиеше
што потонав во сон како заклан. Сонував како Јагода се
оддалечува од мене одејќи кон една нејасна машка
фигура која што свири на гитара. Сум се препотил толку
многу што во текот на ноќта неколку пати станував да се
напијам вода, за да се оладам. И сетоа тоа во сон,
неосетно. Тука некаде беше почетокот на еден
неверојатно тежок период за мене како индивидуа. За
мене, и за мојата психа. Не можете ни да помислите,
драги мои, за што станува збор. Но, ќе дознаете. Ќе се
потрудам да ви раскажам колкава тежина имам носено јас
на моето срце. Љубовна тежина. Тежина толку многу
тешка што од самиот напор, сѐ уште чувствувам притисок
во градите. Тешко дека некогаш ќе исчезне тој притисок.
Тешко е баш онолку колку што е тешка тежината од која
што беше тој создаден.

Утрото се разбудив со главоболка. Главата ми


тежеше на вратот. Ми требаше многу течност, студен сок,
кафе и многу цигари. Се облеков набрзина и така бушав
во косата одлетав до маалската продавница. Си го купив
сето она што ми беше потребно и се вратив назад, за да
се подготвам и за неколку часа да се вратам назад, дома,
во Светиот град. За да ми олесни.
За да се испразнам.
За да разговарам со Мери.
Мери секогаш може да ме издржи. А да се издржи
некој како мене е навистина тешка работа – не го може тоа
секој. Мери го може. Таа не може да сфати колку многу,
понекогаш, ми е потребно нејзиното внимание -
понекогаш, едноставно, нејзината присутност додека си ја
празнам душата, ми беше потреба повеќе од сѐ, не ми
требало понекогаш дури ниту разговор: само да зборувам,
а таа да молчи. Чудна енергија тогаш се ширеше во
воздухот! Знаев дека Мери ме разбира и знае како да ми
помогне – веднаш или подоцна. Со разговор или на дело.

198
Ако требало, Мери се карала, пречкала и тепала за мене,
со гуски кои не ѝ се дораснати.

(Дел од тие гуски беа и другарките на Јагода кои


до скоро таа ги нарекуваше баш онака како што ги
ословив и јас. Затоа без срам така ги ословив. Плус,
едната од нив, за Јагода беше толку многу проста што
ја викаше „трактор“. Морав да го лажам „тракторот“
(некогашна моја блиска другарка која ми го користеше
скутерот како превозно средство, за жал) дека имам
работа, само за да Јагода и Локо Бејбе дојдат на
прошетка со мене. Ја мразеа. Не ја поднесуваа.
Сега тракторот ѝ е најдобра другарка на мојата
сакана. Колку добар доказ дека Јагода е лоша!
Тркалото се врти.
Што правиш - тоа ќе ти се врати.
Јагода - пази се! Тракторот може да те прегази,
ако дознае какво мислење си имала за неа. Опасна е
таа.)

Во Светиот град стигнав за четириесетина минути.


Патот не ми беше напорен – ми летна набрзина затоа што
цело време размислував за мојата невозможна љубов.
Тогаш, за прв пат почувствував лошо чувство во срцето –
како да знаев дека Јагода се заљубила.

199
XIV <ТРИНАЕСЕТ ДЕНОВИ - ГОДИНИ.
СИМБОЛИЧНО. >

Дванаесет дена поминаа откако Клаудија се


всели во нејзиниот нов дом.
Дванаесетте денови успешно ги преживеа
мојата драга.
Слабо се хранеше, па ослабна. Свежината во
нејзината коса, устата и очите веќе не беше иста. Се
трудеше да избие на површината, но самиот тесен
простор ја правеше Клаудија да личи на
клаустрофобична девојка. И никогаш порано да се
немаше плашено од тесен простор, тоа сега беше веќе
минато – таа и те како се плашеше од тесниот кафез.
Меѓутоа, се навикна. Мораше.
Во тие изминати денови, покрај тоа што не
јадеше, Клаудија не пиеше ниту течност. Многу ретко.
Сѐ на сѐ, таа испи само еден литар вода, и тоа тогаш
кога јас ќе се сетев дека можеби е жедна. Во
спротивно, улогата на издржлива камила ќе можеше
да ја столчи. Да ја бутне на земја. Да ми умре без
потреба.
Секој ден беше година.
Дваесет и четирите часа можеби минуваа
побрзо од тоа што претпоставував, но симболиката
ден-година си беше достојна на своето.
Правев споредби со секоја година од нашето
познавање.
Заедно сме повеќе од тринаесет години, уште
малку па четиринаесет.
Приказната за секој ден беше уникат сама за
себе и си одговараше со случките од годината со која
што си парира во однос на бројот.
Почнав да ѝ раскажував приказни на мојата
драга.
Вистинити приказни.
200
Приказни од нашето минато. Од нас. Заеднички.
Што ние сме ги живееле, приказни што некогаш се
случувале, а можеби почнавме да ги забораваме.
Сметав дека не смееме да ги фрлиме во минатото, па
затоа ги одржував во живот.
Првиот ден беше потсетување на годината кога
јас и таа се запознавме.
Вториот, третиот и четвртиот беа посветени на
годините кога мојата љубов кон неа очиглено почна да
се шири. Да метастазира. Да расне.
Веќе петтиот ден беше продаден заедно со
шестиот и седмиот, на годините кога почнав да се
отворам самиот себе си пред неа, кажувајќи ѝ на ваков
или онаков начин, директно или индиректно, дека ја
сакам. Тоа беа годините кога, всушност, започнаа
нашите проблеми. Моите, поточно. Беа тоа годините
кога можеби за прв пат сфатив дека сум слепо
заљубен во девојка која никогаш нема да ме сака. Или,
кога сфатив дека истата таа девојка пробува да ме
зафркава, да ме иронизира, да си игра со моите
чувства и да ме тортурира. Психички. Години на
првите излегувања во град, првите другарски состави,
првите симпатии, и, за некои, првите љубови.
Официјално – првите врски. Ако можат така да се
наречат. Години кога мојата драга, и покрај тоа што
знаеше дека ја сакам како што никој друг не може да
биде сакан, се заљуби во еден кретен од нашата
околина. Пред мои очи почна врска да гради со него.
Нашиот другарски состав сѐ почесто се
соочуваше со отсуството на Клаудија. Таа сѐ поретко
излегуваше со нас и одеше на интимни прошетки со
својот драг. Мојата драга си го најде нејзиниот драг.
Кој, патем, мене ми беше одвратен. И сѐ уште ми е.
Некои од нашите пријателчиња, како да знаеја
дека срцето ми венее, па згора на тоа и ме прашуваа
да дадам мислење околу љубовната состојба на
Клаудија. Индиректно ми даваа до знаење дека знаат
оти ја сакам повеќе од сѐ, па уште и ме задеваа, со
отровни стрели ме погодуваа онаму каде што највеќе
ме боли.

201
Осмиот ден - осмата година. Последната од
нашето секојдневно видување. Преодна година, време
кога и да не сакав – морав да ја напуштам мојата
драга. Време на почетоците од нашата официјална
физичка раздвоеност.
Овие, последните две години, беа години на
првите СМС пораки кои ѝ ги пратив. Мобилно-доба.
Време кога за прв пат ѝ подарив мала картичка со
мини-штипка на мојата драга, скришно, за денот на
вљубените. Во училницата, на закачалките го
пронајдов нејзиното палто и ја боднав таму
картичката, во џебот, каде што рачињата си ги
топлеше сѐ поубавата и поубавата Клауди.
Паметам дека тогаш највеќе ја сакав.
Кулминација на дотогашната, осумгодишна
љубов беа часовите по физичко воспитување. Кога
Клауди се враќаше од нив, беше вцрвенета во
обравчињата. Лицето ѝ пукаше од младешки живот.
Беше на прагот од своето созревање. Почна да
наликува на вистинска девојка. А јас – сѐ уште бев
дете. И во тело, и во однесување. НО, и покрај тие
разлики, јас сѐ уште ја сакав. Ни помалку – ни повеќе
(Можеби повеќе). Исто како првиот ден.

Клаудија внимателно ги слушаше моите


приказни. Првиот залак храна ѝ беше во третиот ден,
кога можеби и немав толку многу материјал за
раскажување. Третата година ми беше бледа, немаше
некои посебни моменти за паметење.
Истиот ден, ноќта, Клаудија за прв пат се напи
вода.

После осмиот ден, Клаудија повторно побара да


јаде. Всушност, беа тоа нејзините црева кои почнаа да
се бунат во недостиг од храна. Обично ѝ готвев нешто
лесно. Нешто што таа го сака. Клаудија не јадеше
секакво сирење, можеше да ѝ се згади ако ѝ дадам
сирење кое не е од нејзиниот омилен бренд.
Клаудија мразеше лук.
И кромид.

202
Јас сакав. И кромид, а и лук. Вистински
пеницилин. Да ме чува од болести. Превентива.
Деветтата, десетата и единаесеттата година од
нашето постоење, успешно ги раскажав.
Беше тоа период кога мојата драга целосно се
отцепи од мене. Немав можност често да ја гледам-
излегуваше таму кај што јас можев само да сонувам
дека можам да одам. Со нејзините другарки, беше таа
хит во градот.
Таква убавина лесно не може да пројде, па
набрзо, мојата драга си најде нов драг. Со него, таа
помина малку време, иако тоа беше сосема доволно за
моето сопствено себејадење. За мојот селф-
канибализам.
Неизоставни беа сите мои СМС пораки упатени
кон нејзиниот мобилен апарат, а автоматски и
нејзините одбивања кои упорно продолжуваа да траат.
Понекогаш ѝ се јавував, а родендените редовно ѝ ги
честитав прв. И таа мене.
Кога ќе се одлучеше да ми врати на пораката,
Клаудија никогаш не звучеше одбивно. Секогаш
велеше дека ужива во моите писма, во мојот стил на
пишување, и во моите чувства и емоции. Сум бил
посебен.
Ги мразам тие години. Залудно сум ги трошел.
Тогаш се родила онаа лошата Клаудија. Камо среќа да
направев уште тогаш да абортира тоа слатко девојче
кое одненадеж се трансформираше во вистински ѕвер.
Убавица со карактер на ѕвер. Страшно.
Дванаесеттиот ден беше посветен на годината
кога Клаудија си најде нов драг. Уште еден.
Некаде помеѓу единаесетката и дванаесетката,
јас и таа започнавме интензивно да се дружиме. За
моја среќа, можев почесто да ја гледам. За моја
несреќа, сето тоа беше набрзина. Беше тоа само
искористување од нејзина страна. Денот го минуваше
со мене за да се подготви за ноќта во која ја чекаше
нејзиниот љубовник. Срцето ми се кинеше кога
зборуваше за него, иако, рака на срце, се трудеше да ја
избегнува таа тема пред мене. И ден денешен се
прашувам зошто Клаудија се плашеше да каже дека е
203
заљубена, или, просто, дека ќе излезе да се види со
љубовникот. Лажеше дека е во град, а јас претходно
случајно ќе ја видев како оди на гости кај нејзиниот
драг. Зошто беше Клауди таква, лоша? Се срамуваше,
или се плашеше? Не сакаше да ме повреди, можеби?
Глупости! Па таа ме повредуваше и без тоа! Јас секако
знаев дека има љубов. Дали неговото име ќе ми го
каже или не – мала работа. Ситница. Сам ќе си го
дознаев.

Тринаесеттиот ден , Клаудија доживеа уште


една, нова и посилна кулминација во мојата приказна.
Го откачи дотогашниот, и си најде нов драг. Уште еден.
Малку подалеку одовде.
Истиот тој ме сретна, и без да знам кој е ми
понуди да се појавам на телевизија.
Имбецил.
Клаудија се заљуби. Клаудија вистински се
заљуби во тринаесеттата, баксузна година од нашето
постоење.
Но, од друга страна, таа почна сѐ повеќе да ме
боли. Ми праќаше отровни стрели, ми кажуваше дека
во последно време поинаку ме гледа. Дома кога
кажувала, велеле дека ме сака.
Ми велеше дека ѝ е жал да ме гледа како
пропаѓам.
О, па секако дека пропаѓав. Види-види: Клаудија
знаела колку ми е лошо, и уживала во тоа!
Па тогаш, зошто се правела фина женска и ме
тешела?
Сето ова можеби и не би било толку страшно сѐ
додека не дознаеш дека Клаудија мене за тоа воопшто
ми немаше кажано.
Но, јас дознавам сѐ за мојата љубена. Од било
кого и било каде – дознавам. Секогаш знам каде е, со
кого е и зошто е. Морав да ја следам во деновите кога
таа бегаше од дома. Во деновите кога ме напушташе. И
покрај тоа што пак ми се враќаше, во ниту еден наврат
Клаудија не беше онаа истата од пред заминувањето.
Никогаш не признаваше дека бега, секогаш

204
измислуваше некои причини кои, за чудо, секогаш
палеа кај мене.
Штом дознав што правела при последното
бегство, и тоа од блиски пријатели, резимирав дека
станува збор за тешка година.
Баксузна.
Тринаесеттата година беше една од најтешките.
Затоа, решив тринаесеттиот ден од нејзината
затворска казна да биде еден од најчудните. Да ја
исцрпам до последна солза, до последен нерв. Да
сфати дека знам за неа и нејзините надворешни
активности, вон нашата соба.
Веќе добро знаете дека Клаудија не сакаше
јагоди. Највеќе поради тоа што и самата таа во моите
очи беше тоа. Мала, слатка, румена јагода, која
секогаш зрее, за која нема зима.
Последен пат јадеше пред четири години. Се
извинувам, пред четири дена, и нешто плус часови.
Затоа, отидов во кујната и направив милк-шејк
од јагоди. Од многу јагоди, грижливо селектирани да
бидат големи и сочни. Сѐ за мојата драга!

Кога ѝ ја однесов чашата, Клаудија беше


заспана како заклана. Црвениот фустан сѐ уште го
носеше, а за сето време ниту еднаш не си ја изми
косата. Овој пат, навистина ѝ беше мрсна.
(Во тоалет одеше тогаш кога ќе посакаше.Тоа
задоволство не ѝ го скратив. А посакуваше многу
ретко. Малку јадеше – малку посакуваше. А кога
посакуваше - одеше. Заедно одевме. Јас чував стража
пред вратата. Како во затвор. Сѐ беше на ниво.
Ми се плаче кога ќе се сетам колку напорни беа овие
тринаесет дена за мојата љубена. Ја жалам. Која
тортура, човеку! Која издржливост! Секоја ѝ чест!)
Најпрвин, секако, Клаудија одбиваше да го
испие јагодовиот шејк, но, откако ѝ соопштив дека не
планирам да ѝ готвам нешто друго, мораше да го
направи тоа. Во спротивно, самата ќе си го уништеше
здравјето, па ќе нема да има сили ни да спие.
Кога излезе од кафезот, со моја помош,
Клаудија едвај можеше да стои на нозе. После првите
205
речиси успешни чекори, таа се онесвести. Клаудија се
онесвести на моите раце. Цела среќа што бев близу до
неа па не се испружи на подот. Тогаш би можела да си
ја повреди главата, и многу потешко ќе беше да ја
освестам.
Ја освестив, ѝ ударив неколку шамари и ѝ дадов да се
напие вода. Веројатно не стануваше збор за нешто
опасно. Брзо се опорави. Брзо се освести, а и додека
беше неосвестена верувам дека била сосема свесна.
Не се работеше за класично онесвестување. Тоа беше
само момент на соединување со старо-новата
средина. Промена на клима и простор.
Тринаесет дена во кафез.
Тринаесет дена во тесен простор, и одеднаш –
цела соба ти е на располагање! Голема е тоа промена!

Тринаесет години љубов.


Тринаесет години измачување за двајцата нас.
Тринаесет деноноќија за мојата драга сместена
во кафез.

Сето тоа успешно го пренесов врз емотивната


состојба на мојата драга, потсетувајќи ја за сето она
што таа го беше направила за целото време колку што
бевме заедно.
Преку раскажување приказни на мојата драга.
Нешто како Илјада и една ноќ.
Само пократко.
Сосема успешно.

Клаудија... Се нервираше, плачеше,


размислуваше, но... Но, никогаш не успеа да ми даде
некакво објаснување. Секогаш молчеше, никогаш не
ме погледна во очи. Претпоставувам дека се
срамуваше од сопствените постапки. На моменти,
можеби и се каеше, кој знае?
Tринаесет денови затвор за Клаудија.
Ги издржа.
Ги поднесе... Машки!
Како ли само успеав да ги издржам јас
тринаесетте... години?
206
15. КАКО Е ДА СЕ САКА ЈАГОДА?

Во одредени моменти од мојот шитски живот,


помислував дека сум го потрошил сето мое ценето време
на една личност – факт што многу ме нервираше, па затоа
посакував одново да се родам.
Постоеја и такви моменти кога одев спротивно од
тоа,всадувајќи си во главата непотребни мисли дека
времето, иако потрошено, не е залудно. Тоа се оние
моменти кога си сигурен дека сѐ што имаш направено
било од голема полза за твојата единствена желба: да
имаш девојка, тоа да биде Јагода, таа и да остане.
Засекогаш. Но, се разбира, беше тоа невозможно.
И така, помирен со фактот дека животот навистина
ми е уништен, си живеев во светот на љубовните лаги,
трпејќи ги сите мозочни тортури од сите што се прашуваа
зошто немам девојка, зошто не сум заљубен.
Заљубен бев јас, драги мои, и те како бев заљубен.
Само што, бев заљубен во погрешната личност. И тоа,
цели 13 години. Сега може да се и многу повеќе.
Навидум совршена, мојата љубов никогаш не беше
сосема доволна за да го освојам срцето на мојата Јагода.
А таа – слепа.
Слепа, затоа што никогаш не сфати дека јас
навистина ја сакам.
Глупава, затоа што секогаш мислеше дека таа ми е
само некој вид на опсесија.
Невозможно чудна, затоа што ,никогаш, после низа
молења на колена, не успеа да ми кажа едно фУкинг ДА
или НЕ за да си бидам на чисто. Ја мрзеше ли, навистина
ли не сакаше да ми каже – и ден денешен не знам.
Тортура на моето срце.
Моја карма, така се ословуваше Јагода самата
себе.

207
Е, па, драги мои, вратете се погоре и прочитајте
уште еднаш. Ќе наидете на две тортури. Првата, плус
втората, од Јагода. Можете ли сега да ме разберете
колкава тоа болка сум чувствувал јас во времето кога
требало да бидам најсреќен и најбезгрижен? Воопшто не е
лесно да бидеш безрезервно, прекувселенски заљубен во
една девојка која не ти дава ниту ронка значење. Тоа
боли, драги мои, боли до коскената срж. Срцето ти се кине
на милион парчиња толку реално што секое парче те
боцка во градите и не ти дозволува правилно да дишеш.
Болката можеш да ја почувствуваш, највеќе кога ќе си
легнеш, навечер. Па плачеш, си ја удираш главата од ѕид,
буквално. Па стануваш после илјада обиди да заспиеш,
седнуваш на компјутер и пишуваш, пишуваш... Пишуваш
поезија, пишуваш проза... Песни создаваш... Сѐ за твојата
љубов. А знаеш дека не треба. Дека е безуспешно,
знаеш... Знаеш дека одиш на ризик. Одиш на сигурна смрт.
Знаеш дека ќе завршиш лошо, но сепак не престануваш да
одиш таму каде што срцето те води. Храбар си, а во
срцето си лесен како тенка трска откорната од срцето на
една осамена бара. Те боли телото, сѐ те боли, но се
насмевнуваш. Глумиш дека си среќен. Сфаќаш дека си
совршен актер, па започнуваш аматерски да се
занимаваш со актерство, дури и драмски текстови
почнуваш да пишуваш за да ги истуриш сопствените
чувства на хартија барем, кога веќе не можеш тоа да го
сториш со таа што ја сакаш. Хартијата ти станува најверен
пријател, а прозорецот од твојата соба со дупчињата од
ролетните прераснува во единствениот твој контакт со
реалноста.
Осамен си. Се нервираш. Сѐ те иритира. Па кавги
по дома, чудно однесување. Никој не може убаво да те
сфати што се случува со тебе и твојот ум, со твоето
невино детско срце. Па дури и да им објасниш, нема да ти
поверуваат. Ќе те направат луд. Невозможен. Ќе те
направат психопат, опседнат манијак, чудак! А ти, кутриот,
само ќе ја наведнеш главата и ќе заминеш во твојата соба,
ќе го изгаснеш светлото, ќе запалиш неколку свеќи, ќе
пуштиш тажна музика и плачејќи тивко ќе се загледаш во
една точка која претходно си ја селектирал од таванот кој

208
како да се надвиснува над тебе и ти се заканува дека ќе те
смачка како камион мачка.
Сѐ е тивко, а целата тишина ти ја рушат гласовите
на младите од надвор. Одеднаш уште повеќе ти станува
тешко – сите се забавуваат, а ти старееш во својата соба.
Не сакаш да излегуваш, не сакаш да се дружиш, мислиш
дека не си на истиот степен како останатите. Плус, си
имаш причина за сопствена забава. Се
САМОЗАБАВУВАШ. Си играш со љубовта, убаво ти е да
сакаш. Убаво ти е кога сакаш. Макар што не си сакан, ама
ич!
Па пушташ сигнали на мобилниот на саканата,
пишуваш и СМС пораки, очекувајќи дека нешто ќе ти
врати, барем еден обичен, грд, неискрен поздрав, или
бакнеж со едно с на англиски јазик, нешто што ќе биде
симбол на нејзиниот карактер.
Таа не те регистрира, па се разочаруваш. Па си ја
замислуваш каква е – нешто ти се одлепува одвнатре кога
ќе се сетиш дека таа што ја сакаш е твојата совршена
девојка од соништата – и надворешно, и внатрешно. Па
повторно се мачиш за да заспиеш, но... Не можеш.
Го отвараш прозорецот, палиш цигара. Не дека ти
се пуши, не дека тоа е во ред, но ризикуваш... Си играш
додека го испушташ димот од цигарата загледан во една
ѕвезда. Или нешто слично. Си правиш споредби со небото
и изгледот на таа што ја сакаш. Надвор повторно е тивко.
И повторно тишината се крши. Тоа твојата сакана писка во
прегратките на нејзиниот сакан. Твојата сакана е сакана на
нејзиниот сакан. Па тонеш сѐ подлабоко, пропаѓаш во нов
вид на депресија, ако може тоа така да се каже.
Па пишуваш уште една песна посветена на сликата
што си ја видел пред малку во сопствените мисли.
Конечно, успеваш да решиш да спиеш. Но, тогаш
твојата сакана се враќа дома после веселата ноќ, и така
добро искулирана седнува на компјутер па ти пишува на
скајп. Па ти праќа хагз, па ти праќа бакнежи, па ти кажува
дека се чувствува чудно во последно време... Вели,
кажала по дома како ѝ е, а сестра ѝ дала дијагноза – така
се чувствувала затоа што, можеби, ме сака.
МОЖЕБИ. Секогаш беше така. Цели 13 години.
МОЖЕБИ и повеќе, сега.
209
Е, ова е момент на одлука! Тогаш е мигот кога
треба самиот да одлучиш ШТО ПОНАТАМУ. Дали да ѝ
поверуваш, или да ја откачиш како улична проститутка
после секс.
Но, слаб си на неа - продолжуваш понатаму. Откако
ќе ѝ поверуваш (се подразбира дека мораш), ќе почнеш да
ѝ се лигавиш раскажувајќи ѝ на кој начин ќе ѝ го подариш
светот и сето она што таа го посакува. И таа е НА СЕДМО
НЕБО, заедно со тебе, велејќи дека така се чувствува
необично, како да си ѝ бил дечко. Тоа тебе те прави горд.
Се издигнуваш до облаци и назад со чувство на напредок,
сметајќи на тоа дека во прашање се уште само неколку
недели или месеци додека да го освоиш нејзиното срце.
Па си правиш филмови како ќе ја шеташ додека ја држиш
за рака, па како ќе ѝ ја галиш косата, па како ќе ѝ ја
допираш долната усна нацрвена со црвен кармин, па ќе ѝ
ја размачкаш шминката низ игра... Па ќе уживате на
отворено небо, под ѕвездите... Ќе ѝ пееш...Поезија ќе ѝ
читаш...
...И... ЖДРАНГ! БУМ!
Се будиш од сонот.
Таа ти се извинува, ти кажува дека е мртва-уморна
и дека мора да си оди. Ја прашуваш зошто е изморена,
таа вели дека до доцна била на забава во кафич. Знаеш
дека те лаже: па пред три часа ја виде како оди кај
љубовникот дома, на гости. Прво ја премолчуваш
вистината, но паѓа одлука дека, сепак, треба да ѝ кажеш
што си видел. По низа перипетии, таа ти признава дека
тоа било навистина така, и дека, всушност, не сакала тоа
да го каже за да не те повреди.
Кучка.
Со тоа што мисли дека не те повредува таа
всушност те распарува на илјадници делчиња за кои
враќање назад НЕМА!
Лудача.
И, на крај, успеваш да го дочекаш фамозниот
момент – таа да се измори за да си легнеш ти. Инаку, ако
не е уморна, со неа би теглел и до утре во исто време. Па
и повеќе.
Таа се исклучува од интернет, ти се исклучуваш и
од таму, и од реалноста.
210
Погледнуваш на часовникот и сфаќаш дека твоето
ДОБРА НОЌ воопшто не парира на ДОБРО УТРОто на
твоите дома. Уличниот звук однадвор се заменил со звук
од штикли – жени кои одат на работа. Почнал нов ден. А
ти не си го завршил претходниот. Посакуваш еден ден да
ти трае 1235345 часа, за да можеш сите нив да ги
поминеш со таа што ја сакаш.
А таа ти пушта една СМС и ти кажува дека ѝ
недостигаш.
Те лаже. Те гледа, бре, во очи те гледа, и те лаже.
СЕКОГАШ ТЕ ЛАЖЕЛА!
Ајде, веќе дошло време да спиеш, а спиеш за да
имаш сила за утрешното допишување со твојата драга.
Ама, од неа нема куртул ниту на сон. Таман сакаш
да спиеш за да живееш нормален живот таму барем – се
појавува таа. Со косите како метла, со устата како слива,
со очите како топки... И ти се смее во лице додека те
предизвикува на бакнеж КОЛНЕЈЌИ се дека нема да ти го
даде. А ти, сепак, трчаш по неа со рацете како да бараш
светло во тунел, и трчаш, трчаш, трчаш... Се сопнуваш. Се
повредуваш. Те боли. Ем што си паднал, ама повеќе што
ти избегала. Па врескаш. Плачеш на глас.
Нормалните луѓе, кои штотуку се разбудиле, те
слушаат и ти се чудат. Само го потврдуваат сомнежот тека
ти си нездрав, болен.
Тоа го мисли и таа, шит! Го знаеш тоа подобро од
сѐ, те боли, те корне, ама не... Тоа сепак, можеби, не е
точно. Можеби таа те сака, еднаш-два пати виде надеж во
нејзините очи.
Се будиш во пет попладне и гледаш – пропуштен
повик од неа.
И пораки.
Две.
Те чека да одите на прошетка, таму, во дивиот
парк, кај што нема жив човек. Секако, тоа таа го избира за
да не се појавува со тебе во нормалниот свет. Се срамува
од тебе. Срамота било, драги мои, да излегуваш во
центарот на градот со некој што те сака, со тој кој што
нема да дозволи мува да те пролазе.
Џабе.

211
Се помируваш со судбината, и, пустиот, одиш таму
кај што наложува таа. Ти дала налог – ќе ја извршиш
наредбата.
Катастрофа од живот.
Живот од катастрофа.
Болка до коски.
Коски до кожа.
Главоболки.
Сомнежи.
Плукања.
Иритирања.
Исмевања.
Трпение – спасение.
Трпение – шитјадение.
Сите те гледаат како пропаѓаш, а се прават како да
гледаат успешен млад човек.
Не се прават. Направени се.
Се преправаат.
Сѐ преправаат.
Прават лице.
А го немаат.
Ти подаваат рака.
А рацете им се валкани.
Ти даваат поддршка.
А те држат за дршка.
Како плод. Скапан.
Те прашуваат што ти е, откако ќе сфатат дека со
тебе нешто не е во ред. Само тогаш ги интересира што ти
е.
Мора нешто со тебе да се случи за да те прашаат
како си. Инаку, ќе те заборават и ќе те фрлат во споредна
слепа улица и не ти кажуваат како назад да се вратиш.
Имбецили.
Другари-фејкери.
Психопати.
Ги мразиш!
Сакаш да им го кажеш тоа – срце немаш.
Ги сакаш – не сфатиле.
Велат, си ги повредил – а никогаш не си го
направил тоа.
Чудни луѓе.
212
Дволични.
Нелуѓе.
Ма, не заслужуваат ни името да им го спомнеш.
Те разочарале.
Пробале да те уништат.
Не си дозволил да им се предадеш!
Браво!
Сепак...
Искрено им ја соопштуваш тажната вест дека си
вљубен.
И трагичната – во кого си вљубен.
Те жалат.
Те убедуваат дека ТАА за тебе НЕ Е.
Лоша за нив – неверојатно добра за тебе.
Просечна за повеќето – најубава за тебе.
Тежок живот дошол.
А мораш да го живееш.
Самоубиството е смртен грев.
Таму, горе, или долу, нема добро да си поминеш.
Па затоа тераш напред.
Главна улога во твојата претстава наречена
ЖИВОТ.
Живот – неживот.
Смрт-љубов.
Ти се јаде плод.
Компот.
Живот – компот. Ти мачкај го, тој ќе тече. Ама пак ќе
јадеш. Гладен си.
Компотите ти здосадуваат. Па купуваш нешто
друго, нешто наизглед поубаво.
Нешто црвено, како бојата на усните кои најповеќе
ги сакаш.
Благо и кисело истовремено.
Купуваш јагода во време кога грозје зрее.
Јагода – отровна.
Цел живот ти прелетува низ мислите, преку глава.
Умираш.
А таму некаде, повторно те чека твојата драга.
ДРАГИ МОИ! КАКВА ИРОНИЈА!

213
XV <ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ДЕН-ГОДИНА. КЛАУДИЈА ГО
ИМА ОДГОВОРОТ. УШТЕ НЕ САКА ДА МИ ГО ДАДЕ. >

Четиринаесеттиот ден е денес.


Воедно, денес правиме јубилеј: четиринаесет
години заедно!
Четиринаесет години јас живеам во нејзиниот, а
таа во мојот. Свет.
А јубилеј како јубилеј, мора да блеска. Мора да
се прослави. На уникатен начин. Достоинствено.
Спектакуларно. Забележано. Запаметено. За навек!
Картите мораат да се отворат, на крај.
Утрово не можев да ја гледам мојата драга
свиена во клопче на подот од кафезот.
Се обложувам дека не знаеше оти славиме
јубилеј. Беше таа изгубена во просторот.
И помогнав да излезе, кажувајќи ѝ дека
затворската казна успешно ја одлежала и дека сега е
моментот кога може да го напушти кафезот.
Беше среќна.
На изнемоштеното лице кое веќе почнало да се
брчка од маки, ненадејно се појави искривена линија.
Беше тоа насмевка. Можеби тоа не беше насмевка која
означуваше среќа, но, сепак беше насмевка.
Го отворив прозорецот за да ја фати воздух.
Воздух мојата драга одамна не почувствувала.
Клаудија не можеше правилно да се движи. Се
влечкаше како змија.
Змија-отровница е мојата драга.
Се одвлечка до прозорецот, дотерана како за на
бал. Пепелашка. Со црна коса.
Пред неколку часа сфатив дека се лажам:
Клаудија, (покрај тоа што не се викаше навистина така)
воопшто нема црна долга коса! Имаше кафеава. Коса.
Темно кафеава. Се прашувам, како ли само дојдов до
тоа дека нејзината коса е темна како ноќ? Или дека има
црни очи кои, сепак, беа кафеави?
Мојата драга не е јагода!
Мојата драга е костен. Див костен.

214
Или, ако веќе мора да биде јагода, мојата драга
е несозреана. Сѐ уште е зелена, речиси кафеаво-
жолта. Безбојна.
Предмалку ѝ наредив да се пресоблече.
Наредив да се истушира и повторно да ја облече
белата ноќница.
Клаудија се враќаше во нормала. Во принудна
нормала.
Таа повторно ја доби дозволата од мене да
живее онака како што живееше пред да се всели во
кафезот.
Обично.
А толку необично.
Кога излезе од бањата, наликуваше на девојчето
од првата година на нашето запознавање. Повторно
пеги на нејзините образи, повторно руменило на
нејзиното лице. Повторно уста со бледо црвена боја. И
повторно црна коса со нијанса што на почетокот ја
имаше.
Косата ѝ паѓаше преку рамениците сѐ до
нејзината тенка половина.
Клаудија седна на фотелјата.
Ми беше грда. Не сакав да ја гледам без кармин.
Црвено – бело - црниот контраст отсекогаш сум го
обожавал.
Од комодата врз која стоеше радиото, поточно
од една фиока, извадив бело бејби - пудро и оној
добро познат црвен кармин кој што мојата драга го
купи кога мислев дека побегнала. Тој кармин беше
еден од многуте такви, слични или исти. Куп кармини
стоеше во фиоката. Не знаеш кој е посвеж.
Кратко се двоумев, но зедов и црвен лак.
Одамна ноктите на Клаудија не беа средени, а ѝ беа и
изгризани од нервоза. Сега гледам со што се хранела
мојата драга и зошто одбивала да јаде леб.
Клаудија сѐ уште беше изнемоштена, и покрај
свежиот туш кој требаше да ја обнови во целост.
Седеше во фотелјата на начин кој што беше
соодветен само за неа.

215
Таман да прослави човек дека ги откажал
цигарите на тринаесет дена, бркнав во џебот и
извадив нова цигара. Малку почекав, па ѝ ја подадов.
Ја стави меѓу двете усни и без плунка, со сув
потфат, почна да ја мрда лево-десно.
Извадив запалка.
Цигарата беше запалена.
Гореше таа, гореше срцето мое.
Гореше мозокот на мојата драга. Од нервоза и
неиздржливост.
Клаудија потегли од цигарата.
Во едната рака ја држев бебешката пудра во
прав, а до неа беше залепен карминот заедно со лакот
за нокти. Црвени.
-Испрчи ја устата! – ѝ наредив.
Ја испрчи. Беше навикната да ја шминкам.
Секогаш прво ја црвев нејзината уста, потоа лицето, и,
ако требаше, на крајот ги лакирав нејзините нокти.
Сега одлучив да направам мала промена за да
излеземе од досадната шема:
-Мислам дека е подобро да почнеме од лицето.
Ако ти ставам кармин а потоа пудра, устата може
да ти се избели и целиот труд да биде за џабе. Ајде,
затвори ги очите. Нанесуваме пудро. Бејби.
Клаудија замижа. И за пудра имаше навика.
Со памук внимателно ја напуфкав врз лицето и
секој негов дел убаво го изедначив – подеднакво да
биде опфатено целото лице. Беше бела. Лицето на
Клаудија го доби оној прекрасен изглед, баш онаков
каков што имаше кога ја сонував.
-Во ред. Би била прекрасен фото-модел. Многу
си културна и фина. Го слушаш асистентот. Браво!
-Благодарам. – рече таа и се закашла. Во устата
и влегла прав од бејби-пудрата.
-Пази, пази, пази, внимавај срце, немој да ми се
задавиш сега тука... – звучев нормално, како да
разговарам со другарка од основно.
-Сега можам да ја напрчам устата, така? –
леле, колку лигаво и слатко го кажа тоа Клауди.
-Така.

216
-Во ред. Ајде. Само, внимавај да не ти излезе
карминот од линиите на устата.
-Клаудија – реков низ смеа- па не ми е прв пат,
знам како треба.
И навистина знаев.
Карминот имаше јака, жар-црвена боја. Го купи
таа кога последен пат избега од дома.
-Мислам дека нема потреба да се лакираш.
Ноктите ти се во сосема добра состојба. Само,
потруди се да не ги гризаш. Би можеле да ти се
уништат.
Се вратив назад, кон комодата, за да ги вратам
шминките. Кога ги оставив, во фиоката видов еден
парфем. Парфемот кој еднаш ми го подари Клаудија
затоа што не можела да го поднесе.
Клаудија секогаш ми ги давала само нештата
кои не може да ги поднесе.
Се стрчнав кон неа пеејќи и песна со
неодредена, лигава мелодија:
-Се-га До-би ќееее ја на-мииии-ри-сааааааа
Клааааууууу-дии-и-и-ии-ииии!!! Сега Доби ќе ја
парфимира Клау-у-ди!
Почнав да прскам од парфемот кој мирисаше
премногу јако. Нападно.
Убаво ја испрскав. Цела.
-Бљак. Воопшто не ми се допаѓа! Премногу е
јак - рече.
-Не се сеќаваш дека... Ти ми го даде? – ја
прашав изненадено.
-Не се сеќавам. Кога? – секако дека се сеќаваше,
ама глумеше. Сеедно, јас реплицирав, разочарано:
-Еднаш... Не е важно. Беше тоа...
-Ах, се сетив. Во ред! Добро, нека... Ќе се
излуфтира.
Направив полукруг и се најдов позади
фотелјата. Застанав, и земав длабок воздух. Она што
успеав да го помирисам во воздухот беше измешаниот
мирис на јагоди и шампон за коса. Ветрето кое
влегуваше низ прозорецот беше совршен апарат за
микс на овие две ароми.

217
Еден ден, ќе направам парфем со името на
мојата драга. Ќе мириса на неа. Кога ќе ја немам покрај
себе, секогаш ќе го користам него.
Или, ќе го дадам да го користи мојата нова
драга, доколку успеам да ја запознаам.
Се доближив до тилот на Клауди. Фатив голем
сноп од нејзината коса и почнав да си играм.
-Земи едно влакно, Добрине. Потегни го. Ќе се
изненадиш колку е цврсто. – со тон на здосаденост
ми заповеда Клауди.
Ја послушав.
Одбрав едно од многуте влакна. Клаудија
имаше густа, тешка коса. Ми велеше дека, доколку
замавне со неа, би можела многу лесно да ме убие.
Избраното влакно навистина беше силно, како да беше
квалитетна жица од гитара.
Колку само беше забавно да си играш со
влакната на Клаудија. Како мало дете почнав да го
тегнам влакното, погледнував длабоко во нејзината
коса, до коренот на влакното, за да проверам дали има
нешто необично, нешто што не е исто како кај другите.
Но, беше обично место од каде што никнува влакно.
Потегнав уште неколку пати – влакното сѐ уште не се
скина.
Тогаш, решив да проверам на кој степен на
совршеност и затегнатост се наоѓа косата на Клауди.
Зедов залет со раката и ги раширив прстите од
десната рака. Таа ми летна со авионска брзина и
потфатив едно влакно од косата на мојата драга.
Внимателно, го подигнав високо над нејзината глава,
повторно зедов здив како што направив и претходно,
и на крај потеглив толку силно што Клаудија вресна на
глас.
Изгледа ја здоболе.
Ја искубав.
Силно.
Без осет.
-Упс...! – реков – се извинувам.
-Ова болеше! Добрине, зошто си толку
насилен? – ме праша мојата драга.

218
-Се извинувам, срценце, не беше намерно. Се
заиграв, ми стана забавно...
-Секако, јас отсекогаш сум била твојата
играчка... Кукла... На сите вас јас бев само кукла!
-Амааааа... Јас не сум дел од „сите вас“, тоа да
ти биде јасно!
-Нема да докажувам. Воопшто не се ни трудам
да докажам некои нешта на некој толку тврдоглав
каков што си ти.
Не, ова не беше начинот на кој што јас
замислував дека треба да се прослави нашиот јубилеј.
Отсекогаш сум сакал нашите јубилеи достојно да
бидат одбележани.
За мене, секој јубилеен ден во секоја следна
година бил посебен, чуден, мистичен... Се случувало
да бидам сам, без Клаудија до мене, но во никој случај
не дозволив да заборавам и да не го прославам тој
особено важен ден од годината.
Тогаш, кога славев сам, си купував убава храна,
си палев миризливи свеќички, си пуштав музика која
ме потсетува на мојата љубена... Си ја украсував
дневната соба со најубавите украси, наместо истите да
ѝ ги подарам нејзе.
Оваа година, Клаудија беше покрај мене.
Откако видов дека таа не се сеќава кој ден е
денес, решив да ѝ кажам. На крај, доста ми беше барем
да видам како ќе изреагира.
Не ѝ се лутев што заборавила, знаев дека е
изгубена во времето и дека датумите не ѝ
претставуваат нешто посебно. Секој следен ден за неа
беше уште 24 часа измачување и досадување, едвај
чекаше да зазори нов ден за тринаесеттиот да стигне
што е можно побрзо.
Излегов пред неа, за тоа што го сакав да можам
да и го кажам гледајќи ја директно во очите.
-Клаудија, денес ни е јубилеј... – претпоставувам
дека тонев од срам. Секогаш кога со Клаудија
зборував на тема „јубилеи“ - јас пропаѓав во земја од
срам и сакав земјата да ме голтне.
И овој пат не ме проголта.
За жал.
219
Таа не го менуваше изразот. Продолжи да дише
во истото темпо, но во очите ѝ видов скриена возбуда.
Јас продолжив да ѝ објаснувам:
-Ако не знаеш во врска со што зборувам, да ти
појаснам! Денеска е денот кога јас и ти за прв пат се
запознавме. Денот кога пред четиринаесет години
јас се заљубив во тебе, драга моја!
-Навистина? Не сум знаела дека поминале
толку многу години...
-Се разбира дека не знаеш, драга моја. Не ни
очекував да биде поинаку. Сепак, мислам дека треба
да прославиме. Може?
-Ајде, пуштај музика, рипај, скокај, смеј се на
глас, танцувај, покани ме и мене, ќе те одбијам,
грабни ме, влечи ме, туркај ме, колни ме, присилувај
ме, навредувај ме, кажувај ми колку си ме сакал... Ајде,
немој да чекаш ниту минута повеќе! АЈДЕ!
-Во... Состојба во каква што си ти, тажно е да
те терам да се забавуваш, Клаудија. Да јадеме јагоди,
со јагоди да го одбележиме денешниот ден. Се
согласуваш ли?
-Знаеш дека не сакам јагоди.
-А ти уште подобро знаеш дека јас ги сакам. Ти
си мојата јагода. Сакаш сега, на пример, тебе да те
изедам? Нема проблем! Ако не сакаш јагоди да јадеме,
тебе ќе те изедам! Доби папа Клауди, Доби папа
Клаудиии. Хе-хе...
-Ај, те молам, не претерувај. Мене ќе ме јадел.
Одвратно! – ме пресече на сред „хе-хе“.
-Се шегувам, ма, и ти па!Л елеее! Ај, ти се
молам! Ама вкусни се! Не за џабе јас ги обожавам. Ќе
пробаш мал залак и ќе се увериш во нивната магична
привлечност. Ајде да се обложиме дека од утре ќе ми
бараш уште. А, секако ти требаат и витамини.
Вчера за малку ќе се онесвестеше...
-Гледаш дека не може на сила... Ќе ти умрам и
после - што? – уште една промена на темата.
Откако виде дека молчам и не сакам да
зборувам на таа тема, продолжи:

220
-Од каде наоѓаш јагоди на есен, Добрине? - се
прашував, од каде тој талент на експресно менување
теми? Сто теми во една минута!
-Јас секогаш јадам јагоди. Не дозволувам да
помине недела а на моето мени барем еден ден да ги
нема јагодите. Ги купувам замрзнати, од маркетот.
-Вештачки.
-Нема врска. Вкусни се речиси колку и во
времето кога зреат. Речиси да нема некоја значајна
разлика.
-И, велиш, да јадеме?
-Да јадеме. Ќе отвориме и шампањ.
-А, ако одбијам? Не се чувствувам добро за да
можам да глумам дека сум весела.
-Господ да чува, глупачке! Па народот пие
шампањ кога е нервозен, за да стане весел, идиотке!
– секундарно се стресов и уште побрзо се смирив.
Па продолжив со малку поопуштени гестови да
ѝ објаснувам:
-Не мораш да глумиш, Клаудија. Опушти се!
Смири се! Насмевни се! Само позитивно, драга моја!
Ќе јадеме јагоди и ќе се напиеме по една чаша
шампањ- совршена комбинација!
Клаудија направи израз на негодување и
гадење. Тоа ме натера благо да ѝ се заканам:
-А, ако одбиеш... Не морам да ти кажувам што
би можело да ти се случи ако одбиеш.
Претпоставувам дека знаеш до каде се моите
граници.
-Ти не знаеш за граници!
-Само љубовта не знае за граници! - ја
погледнав предупредувачки. Целев во сржта на
нејзините очи-маслинки, - Љубовта... Дали си
заљубена?
-Нема да одговорам. – гласот ѝ пукна, иако беше
тивка. Како да ја погодив „на незгодно место“.
-Зошто? Заљубена си, па се срамиш од тоа?
Не сакаш да ми кажеш дека СИ за да не ме повредиш,
како што ми правеше секогаш кога ќе си „фатиш“
нов? Погодувам, нели?
Молчеше.
221
Повторно запали цигара. Толку многу цигари,
една по една, Клаудија пушеше само кога е нервозна.
За да се опушти. Откако потегли неколку дима, ја
поткрена главата и ми рече, со истиот, тивок тон:
-Па и да сум... И што? Не смеам? Нема да ми
дадеш дозвола? Глупости!
-Не можеш да ми го направиш тоа! Ми вети
дека засекогаш ќе останеш да живееш овде, со мене,
што и да се случи... Ми вети дека, еден ден, без
разлика на тоа колку девојки ќе сменам или колку
момчиња ќе промениш, јас и ти ќе останеме заедно.
Јас мислам дека денеска е тој ден. Ете, јас на пример,
немав ниту една освен тебе. За мене е лесно. Ајде,
нека биде и за тебе. Ќе ти прогледам низ прсти. Ќе
ги заборавам сите твои љубови. И така се несреќни.
Не грижи се!
-Не! Не сум заљубена! Ајде сега побрзо донеси
ги јагодите! – ова можеби требаше да ме загрижи, да
биде знак дека таа повторно ја менува темата за да
престанам да ја малтретирам со прашањата поврзани
со нејзината состојба на тема љубовен статус.
Кога два пати си го вратив филмот за да се
потсетам дека Клаудија навистина се согласи да јаде
јагоди, за мене ништо друго не беше важно. Бев
најсреќниот човек во историјата на најсреќни луѓе,
според Гинис. Сѐ што гледав пред мене беше
убавината на Клаудија, и јагоди. Многу јагоди.
-Веднаш се враќам. Да ги земам јагодите од
фрижидер. – и, пеејќи си некоја забавна мелодија
трчав кон кујната. На половина пат ме пресече остриот
глас на Клаудија. Да забележев навреме дека во него
се крие нешто предупредувачки чудно, се колнам дека
уште тогаш ќе престанев да бидам среќен! Сепак, се
свртев, за да видам зошто ме вика.
-Кажи? – прашав со загрижен тон. Се плашев да
не се предомислила.
Но, не беше така:
-Сакам јагоди со шлаг. Ммм, вкусно...
-Се разбира, драга, јагоди со шлаг... Ммм,
вкусно...-

222
Клаудија како да знаеше дека немаме шлаг. Кога
ли успеала да се увери во тоа? Мислев дека добро
внимавам на секој нејзин чекор. Чудно.
-Но... Има еден проблем, Клауди. Немаме шлаг.
Жал ми е, срцка!
-Па куби, бе, срцка, купи! Слези долу и купи од
маркетот. Јас ќе те почекам.
Стоев и гледав.
Збунет.
Ем сакав да излетам преку вратата за да ѝ
овозможам максимално задоволство во јадењето
јагоди на мојата драга, ем се прашував, полн со
сомнежи, дали тоа мојата драга претходно проверила
и се уверила дека во фрижидерот немаме шлаг, па
намерно го изрежирала ова?
Вториот филм заврши.
Клаудија тоа не можеше да го знае.
Дефинитивно на памет ми паѓаа секакви
глупости.
Се свртев кон неа за последен пат пред да
излезам, и ја прашав:
-Клаудија, можеш ли да ми кажеш зошто така
наеднаш се одлучи... Да јадеш јагоди? Зарем не ги
мразеше? Хмм... Знам дека нешто криеш...Чудно е!
-Го имам одговорот...
Вреснав од среќа:
- ЈЕС!
Клаудија го има одговорот!
Супер!
Сто посто е позитивен!
Набрзина, додека трчав, ги соблеков собните
влечки, облеков патики без врвци и излетав низ
вратата.
Секако дека заклучив. Сѐ уште постоеше шанса
Клаудија да побегне.
Трчав по скалите и викав:
-Клаудија ме сака, Клаудија ме са-ка, Клаудија
ме са-а-ка...
Мојата драга остана сама во нашиот стан.
А јас бев среќен, што после толку време, јас и
таа, конечно ќе можеме заедно да јадеме јагоди.
223
И тоа, со шлаг.
И тоа, на нашиот четиринаесетгодишен јубилеј.
На денот кога таа ќе ми го даде
долгоочекуваниот одговор.

224
16. ЈАГОДА МЕ БАРА СЕКОГАШ КОГА ЗНАЕ
ДЕКА НЕ СУМ БЛИСКУ ДО НЕА.

Во Светиот град не секогаш се чувствував свој на


своето, иако тоа мораше секогаш да биде така, по дифолт.
Таму, многу често ми се случуваше да се чувствувам
осамено. Осамено и бедно. Но, никогаш не се предавав.
Ги имав моите пријатели кои секогаш се трудеа да ми
угодат и да ме развеселат.
Со почит кон оние кои се трудеа да ми го
уништуваат напредокот. Сељаци.
Постои разлика помеѓу селани и сељаци, драги
мои.
Селаните живеат нормален, прекрасен, незаменлив
живот на село.
Сељаците живеат во градот и се однесуваат
нечовечки. Ниско.
А Светиот град е град на најголемите сељаци.
Со почит кон селаните и граѓаните кои се за
пример.
Кога се вратив во Светиот град, ден после
средбата насамо со Јагода моја, не можев да си ја
препознаам собата во која што живеам – како никогаш
порано да не бев стапнал таму. Креветот на кој што спиев
ми личеше на мало, дрвено бродче на средината од
океанот што стои. Навистина имав чувство дека пловам по
океанска шир – прозорецот од собата беше отворен и
ветрето што влегуваше нежно ги тресеше моите мисли,
додавајќи плус на целата замислена ситуација.
Месечината светеше силно, немаше потреба да ја
вклучувам сијалицата. И така мразев вештачка светлина –
повеќе функционирав во темно.
Си пишував со Киго. На скајп. Ми недостасуваше. И
јас нејзе. Си кажувавме колку си недостасуваме еден со
друг, сакавме времето да се врати. Повторно да живееме
на истото место каде што јас останав сам, со Михајло и
Клајд. Тоа место веќе не наликуваше на станот во времето
на Киго. Таа си беше заминала, сега живее на друго
место. Времето на Киго... Да, така го делев времето: Пред,

225
за време и после Киго. Да не можеш да поверуваш!
ЧОВЕЧЕ!
Киго ме прашуваше како сум поминал со Јагода. Не можев
да ѝ објаснувам. Всушност, не само нејзе, туку... За љубов
не сакав со никој да зборувам. Почнав да се плашам од
госпоѓа Амора. Јагода, де.
Откако го финиширавме разговорот, го исклучив
лап-топот и сакав да спијам. Бев уморен од сѐ.
Психофизички.
Таман ги затворив очите – ми заѕвони телефонот:
Ес Ем Ес порака.
Беше еден часот по полноќ, па целата таа океанска
тишина ме натера да се исплашам и да помислам дека се
случило нешто лошо. Па што друго би можело да биде во
прашање кога ти стигнува Ес Ем Ес толку доцна и тоа во
време кога сите треба да спијат?
Не беше лето.
Беше есен, полна со врнежи. Мојата најсакана
есен. Царицата на лисјата, полна со емоции. И ветрови.
Топло-ладни.
За есента давам сѐ!
И сешто!
Малку помалку од она што го дадов за Јагода.
Во еден момент, сакав да заборавам на пораката и
воопшто да не ја читам – и утрето имаше ден. Но, нешто
ме копкаше. Како да ми кажуваше дека морам да ја
прочитам пораката. Затоа, ја прочитав.
Погодувате? Беше од Јагода!
„Ноно, мене ми е многу лошо... Болна сум, лежам во соба,
сама... Сите други се во другата соба и никој не ми
обрнува внимание. Во Шит си? Кис“
ОМФГ! Јагода се сетила на мене! И веднаш тука си
повторував во себе:
„Ете, гледаш, не треба да се нервираш. Смири се,
сѐ е во ред, Јагода мисли на тебе, можеби дури и те
сака... Има надеж, ок е...“.
Ми се активираа прстите.
Се ококорив.
Набрзина склопив текст за да ја прашам зошто ме
прашува дали сум во Шит.
Веднаш, ама со светлинска брзина ми врати:
226
„Па, да дојдеш ако сакаш, да ме видиш... Лошо ми
е, имам температура... Дојди... Не е доцна.“
„Нема шанси ова да е вистина!“ - си велев.
Се мразев себе, и сите други, и сѐ ! Се нервирав
што не бев во Шит баш во моментот кога Јагода сака да
одам кај неа и да седиме сами во соба. Ми падна жал за
неа, си ја замислив така болничка и изнемоштена како
лежи на креветот обвиена во кебенце... Моето мало
бебенце... Сакав да ја гушнам, да ѝ направам чај, да ѝ
измерам температура бакнувајќи ја на челото... Сето ова
ме натера да полудам!
Ах, зошто не знам да возам? – беше прашањето
што постојано ми се моткаше низ глава.
„Не, Јаготке, не сум во Шит. Баш ми е жал... А
што вака се сети на мене?“
„А кога не сум се сетила на тебе, ај кажи, а? Не
претерувај... Не е фер што не си тука! Досадно ми е...
Кис. Ќе се видиме...“
Кис, со едно „с“. Грд збор!
И – да ! Се разбира дека ѝ е досадно. Ќе ме
изненадеше доколку таа сакаше да ме види кога НЕ ѝ е
досадно. Вака, ситуацијата доби нов изглед – Ноно
продолжува да биде човек по потреба. И покрај тоа што
сите му велеа да престане да го прави тоа.
Ништо не ѝ вратив на ова последново... Ме мрзеше
да се расправам. Решив да бојкотирам, да помисли дека
не ја рецкам два посто.
Бев речиси на работ од сонот.
Ја поткренав главата и ја видов Месечината.
Беше полна. Месечина.
Од десното око, без да сакам, ми се спушти една
солза.
По неа уште една.
Па уште една.
Вкупно – три.
Се засрамив што сум толку многу слаб со
емоциите.
Емотивно слаб.
Пропаднав во креветот и се покрив преку глава.
Веднаш сум заспал.
Тогаш, ја сонував НЕА.
227
Еден од првите сништа кои вечно ќе ги паметам.
Еден од низата тешки сништа... Кошмари, реално кажано.
Секогаш кога ја сонувам Јагода, јас и таа се
бакнуваме. Таа ќе се наведне да ме бакне, а јас ќе ја
прифатам понудата. И секое следно утро се будев
настинат .Соновниците погодуваат: бакнеж на сон –
болест на јаве.
А, зарем постои поголема болест од мојата?
Сонот беше тежок. Таа и јас седиме еден до друг,
па плачеме до бескрај. Па Јагода станува, а јас летнувам
да ја бркам. Таа бега додека плачејќи си ја куби косата.
Јас успевам да фатам еден прамен, за да го помирисам,
но таа вреска уште посилно и ми вели дека ѝ требам
поблизу до неа. Конечно, ѝ се доближувам и се фрлам во
нејзината прегратка. Таа ме одбива со зборовите: „ЈАС НЕ
МОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ!!!“ Прави тажна, чудна фаца, се
свртува и продолжува со бегството. Јас липам како мало
дете, погледнувам кон небото, и... Некој ме сослушува и
ми ја исполнува желбата што ја рецитирам во полушепот:
ја престасувам и се доближувам до нејзиното лице. Таа се
тресе додека ја галам за проѕирните раце и ме гледа
право во очите, велејќи ми дека многу ѝ е жал. Јас се
наведнувам за да ја бакнам. Усните ни се составуваат,
правиме срце од нашите профили. Кратко. Како блиц.
Тогаш се будам.
Најпрвин знам дека ваквиот сон често го сонувам:
улогите секогаш исти. Само местата на настанот се
менуваа. Различна сценографија.
Оваа ноќ бевме во шума.
Претходната - кај мене дома, во Шит.
Мрдам со нозе и раце, го туркам ќебето на земја. Сфаќам
дека се дерам од викање. И плачам. Не знам каде сум.
Месечината ме потсетува дека сум дома. Сам. И дека
Јагода не постои.
Таа е само моја илузија.
Мој сон.
Опсесија, како што некогаш рече таа.
Болест.
Непребол.
Мојата љубов.
Невозможна.
228
XVI < МОНОЛОГОТ НА КЛАУДИЈА >

Се чувствувам... одвратно.
Пред малку Добрин отиде да купи шлаг. Ќе
јадеме јагоди со шлаг.
Бљак, мразам јагоди.
Денеска е нашиот јубилеј. Славиме
четиринаесет години од денот кога се запознавме.
Колку подобро би било доколку не се
запознаевме.
Сега веќе ништо не може да се смени...
Добрин очајно е заљубен во мене.
Јас него не го сакам.
Јас него го... сакам.
Да... Јас него изгледа навистина го сакам.
Никогаш не успеав да му го кажам тоа во лице.
Се срамував.
Ми беше чудно да му го кажам тоа на еден
човек каков што е Добрин. Секогаш мислев дека
нашата врска би била невозможна, неостварлива.
Влијаат овде многу фактори, за кои, искрено, не
сакам да зборувам.
Се плашам.
Целата се тресам од страв.
Се плашам дека, доколку се дознае дека јас сум
заљубена во него, сите би ми се потсмевале на
мојот избор. Добрин не е за мене. Јас не сум за него.
Ние не можеме да функционираме онака како што
сака тој, ниту онака како што посакувам јас.
Да живеевме во некој поинаков свет, кој не е
толку љубоморен и посветен на туѓите проблеми,
знам дека би можеле да успееме. Ваква љубов ретко
се раѓа.
Постојана.
Непрекината.
Љубов која никогаш не згасна. Само
продолжуваше да се разгорува.

229
Љубовта на Добрин е пламен кој не верувам
дека некогаш би можел да згасне.
Тој секогаш мене ќе ме сака.
Мене, и ниту една друга. Го знам тоа.
Јас сум неговата Карма.
Неговата однапред определена судбина.
Инаетлива сум.
Можеби никогаш досега не успеав да
разговарам со него на темите кои тој ми ги
наметнуваше. Но, сакам да знаете дека сето тоа не
е поради мојата егоистичност или лошотија... Јас
сум фина девојка, само што... Некако... Едноставно,
не можам да си го отворам срцето кон некој што
знае толку многу силно да љуби. Се плашам од силна
љубов. Не можам да ја прифатам. Секогаш сум
мислела дека љубовта на Добрин би можела да ме
поклопи и да ме срамни со земја. Не би можела да го
издржам тој притисок на позитивни, нежни и невини
чувства.
Добрин е премногу добар за мене.
Јас сум премногу лоша за Добрин.
Еве, ветувам, дека... Доколку успеам да живеам
во некој друг свет, макар и некаде надвор од овој,
нормалниот, ветувам дека ќе се потрудам да сакам
со сето срце, баш онака како што Добрин мене ме
љуби.
Гревче.
Добрин е срце. Често му го кажував тоа. Тој се
противеше, меѓутоа, јас секогаш му велев дека тоа е
навистина така. Тој е личност каква што ретко се
раѓа, машко кое е заљубено на начинот кој ја
карактеризира љубовта онака како што треба,
оригинално. Ниту едно друго машко немам
запознаено, а да љуби со целото свое постоење
некоја која што воопшто не му дава ниту ронка
значење.
Не дека не му давам значење на Добрин. Му
давам. Само што, кон него сум премногу лоша.
Кутриот, секогаш се трудеше да ми извлече
од уста само еден збор, не се плашеше дека би
можело тоа да биде негативен одговор. Сѐ што
230
сакаше тој, беше еден краток одговор од мене, за да
знае до каде е, дали успеал или не да ме добие за
себе.
Искрено, ме нервира тоа што тој ме сака само
мене. Треба да засака и некоја друга, подобра...
Јас му ја посакувам сета среќа на овој свет.
Често пред спиење ги затворам очите и замислувам
желба. Желба посветена на мојот Добрин. Му ја
праќам низ ѕвездите, преку облаците па с ѐ до
неговиот кревет. Воздухот да му шепне дека мислам
на него и дека не сакам да пати поради мене.
Добрин никогаш не го прифати моето
извинување. Секогаш ме сметаше за злобна девојка.
А јас воопшто не сум таква.
Денеска е првиот ден од четиринаесеттата
година на нашето постоење. Се надевам дека
наскоро овој ланец од години ќе биде прекинат и јас,
конечно, ќе можам да дишам. И, дека Добрин конечно
ќе се заљуби во некоја друга, која целосно ќе му ја
возврати неговата љубов која ретко се среќава во
целиот Свет.
Ако се прашувате како се чувствував за сето
ова време, ќе ве разочарам со одговорот: не можам
да го пронајдам оној, конкретниот.
Од една страна, јас бев многу тажна, несреќна,
збунета, нервозна и лута. Таква тортура ретко кој
може да издржи. Јас би можела да бидам прогласена
за јунак на векот на полето на љубовта. Да беше
некоја друга, до сега мал милион пати ќе го
оставеше Добрин сам, па нека умира во сопствената
животна идеја, нека се задуши во сопствено
изградениот свет.
Јас не го направив тоа. Јас секогаш бев покрај
него, физички, или преку мислите.
Еднаш тој ми кажа дека , јас и тој сме поврзани
на еден необичен, мисловен начин. Некоја чудна
материја во воздухот нѐ поврзувала и правела да
знаеме, еден за друг, што ни се случува. Рака на срце,
често сум го осетила тоа и на сопствена кожа. Сум
знаела дека тој е во неволја, или дека се смее...

231
Од друга страна, пак, јас сум толку многу
среќна. Толку многу среќа извира од моето срце, што
е невозможно тоа да ви го опишам. Тоа не може да се
опише, тоа мора да се доживее.
Среќна сум затоа што го познавам Добрин.
Никој не го познава Добрин онака како што го
познавам јас.
Мислите дека не сум во право?
Убедени сте дека и вие го познавате?
Ха-ха... Се лажете, несреќници. Ниту еден од
вас не го познава Добрин.
Ти? – Не го познаваш!
А ти? - ВООПШТО!
Можеби... ТИ? – Подобри си го начинот на
глума. Добрин не е ниту процент онаков каков што
ти мислиш дека е.
Всушност, ниту еден од вас не може да
замисли каков човек е Добрин.
Тоа го знам само јас.
Тој ми има кажано дека за него знаат само
неколку негови блиски пријатели. Но, не е така. Само
јас знам кој е Добрин. Тој е посебен човек, срце од
човек, неповторлив Ромео на нашето време. Ниту
еден не може да му се фати за малото прсте, јас
нема да му дозволам!
Добрин е премногу наивен.
Тој е во состојба да си го подари сопствениот
живот за да спаси друг.
Кога би здогледал изнемоштена старица на
улица, тој би оставил сѐ друго за да помогне.
Би го дал и последниот денар на дете кое
проси. На истото тоа дете, кое, сите вие би го
одминале, би го опцуле и би го навредиле со
најтешките зборови.
Да ве чуе како го правите тоа, Добрин би
заплакал. Со денови би му било тешко... Па ќе се
затвори во себе, ќе си направи еден штит околу
себе, ќе падне во една депресија во која ниту еден од
вас не може да падне. Затоа што, сѐ што тој прави,
сѐ во што Добрин живее е уникат! Баш како и
самиот тој.
232
Тешко ми е кога ме навредува... Срцето ми се
кине кога ми кажува гадни зборови. Но, длабоко во
себе, јас знам дека тој тоа не го мисли вистински.
Тоа е само неговиот револт, тоа раната од срцето
зборува низ неговата уста.
Кревката душа на Добрин е лесно кршлива.
Многупати се прашувам зошто не го оставам да
дише и да живее без мене. Пробав, се трудев,
меѓутоа... Тој мене премногу ме сака за да може во
целост да ме заборави.
Можеби често бев далеку од неговите очи, но,
од неговото срце - никогаш. Го чувствував тоа каде
и да сум, со кој и да сум.
Сигурно Добрин ви кажал дека еднаш побегнав
од нашиот стан. Можеби рекол дека тоа беше
првпат во овие тринаесет, веќе четиринаесет
години. Не е така. Јас често бегав. Додека тој
спиеше, сонувајќи за мене, јас често бегав одовде.
Зошто?
Се среќавав со оние кои јас ги сакав.
Тоа е навистина смешно и налудничаво. Ниту
еден од нив не ме сакаше онака како што Добрин го
сакаше моето срце.
Ниту јас самата не можам да се разберам.
Понекогаш се прашувам што сум видела во моите
љубовници, па ме боли што сум го изневерила овој
кутар човек.
Ниту еден од нив не беше толку паметен,
толку добар колку што мојот Добрин е.
Мојот Добрин.
Добрин секогаш бил, е, и ќе остане само мој.
Не би можела да го поднесам денот кога тој ќе
престане да биде тоа нешто кое гори во моето срце
на едно посебно резервирано место кое вечно ќе
стои отворено за да го прими назад мојот драг.
Можеби врескам кога нешто ми прави,
меѓутоа... Неописливо е колку јас уживам додека тој
ми става црвен кармин на мојата уста. Па како ја
третира мојата уста... Не сум слушнала дека
постои некој кој е заљубен во уста. Добрин беше
заљубен.
233
Плачев кога ме кубеше. А всушност, уживав во
неговите смирени допири. Мојата коса ниту еден не
знаеше така да ја мрси.

Еднаш ме бакна врз десното око. О, Боже,


какво необично чувство беше тоа... Целата
треперев.
И, можеби никогаш не успеавме да се бакнеме
во уста, но, јас секогаш знаев да го почувствувам
неговиот вкус.

Ме иритираше тоа што ме споредува со


јагода. Се правев дека тоа ми е одвратно.
Но, не можете да сфатите колку тоа мене ме
правеше среќна. Ниту еден друг не ме споредуваше
со нешто толку слатко, кревко и невино: јаготка.
Кога ќе ме наречеше така, целата се претворав во
принцеза на која сѐ ѝ е угодено. Добрин секогаш ми
угодуваше, правеше да се чувствувам среќна.
Мислеше дека и јас ги сакам сите нешта кои ги сака
тој.
Глумев дека мразам јагоди. Јас нив секогаш
скришно ги јадев. Една по една, ги крадев од
фрижидерот, за тој да не може да забележи дека сум
почнала да ги сакам. Не сакав да дознае дека и јас,
всушност, навистина сакам с ѐ што тој обожава.
Беше тоа за мене нешто ниско, не можев да паднам
на толку ниско ниво.
Глупачка.
Каде ми беа очите, ми одлета ли некаде умот?
Чувствувам дека го губам... Во последно време
е премногу ладен со мене. Можеби вам ви се чини
дека е опседнат, но тој, всушност е... Ладен. Добрин,
порано, беше многу поромантичен. Ова е ништо во
споредба со некогаш.
Некогаш...
Беше тоа... Беше тоа еден долг период од
нашите животи. Период што, колку и да сакаме, ние
двајцата не ќе можеме да го заборавиме. Беше тоа
234
приказна која засекогаш ќе се прераскажува од еден
на друг. Целиот свет беше запознаен со нашата
љубов. Ако воопшто може така да се нарече сето
она низ кое што ние поминавме.
Имало и мигови кога сум сакала да му кажам
колку го сакам, но... Секогаш кога ќе почнев да ја
менувам темата, тоа го правев затоа што не сакав
да ја потврдам големата љубов што ја чувстував
кон него. Се срамев. Мислев дека не сум достојна да
прифатам толкав подарок од него. Искрен.
Бесценет.
Кога ќе се погледнам во огледало, не гледам
ништо посебно на моето лице: сосема обична, слаба
девојка која нема истакната црти.
Сето она што јас не можам да го видам на
огледалото во мене, Добрин умееше да го види. И ми
го кажуваше, ми делеше комплименти за кои никогаш
не сум сонувала дека ќе ги добијам. Благодарение на
него, јас повеќе се сакам и ценам.
Тој ми го промени животот, ми ја смени кон
подобро идејата за живеењето.
Кога ме прегрнуваше... Јас бев
најзаштитената девојка на светот бел. Се
чувстував како мало, згрижено пиленце кое трепери
во рацете на некој голем по душа. Некој што е
спремен животот да го даде, со насмевка да гледа
како умира додека пилето останува живо.
Сите од вас пилето би го изеле. Бездушници.
Секој гледа месо, мрсно повеќе да има... Никој не ја
гледа убавината на пилето како живот. Секој сака да
му го одземе, за подоцна дури и да се насладува од
неговата утроба.
Проклети да сте.
Ве мразам!
Сите ве мразам!
Вие не ми дозволивте да го сакам Добрин!
Тој пати поради вас.
Јас трпам сѐ и сешто токму поради вас, луѓе-
нелуѓе.
О, Боже, зошто воопшто ве послушав? Да не
го направев тоа, денеска ќе можев да живеам смирен,
235
живот полн со љубов и чувства кои секој следен ден
би ме издигале до небото и назад.

Нашата омилена песна... Таа е една од


неколкуте кои јас му ги посветив нему, а тој ми ги
посвети мене. Се расправавме често: кој кому
песната му ја посветува. Јас велев дека е од мене за
него, тој велеше дека е од него за мене. Сеедно.
Песната беше само наша. И вие ја слушате, и вие ја
сакате, но, јас и Добрин ја третираме како нешто
посебно, нешто свето. Само ние двајца можеме да ја
почувствуваме магијата на нејзиниот звук.

Кога плачам, гледајќи кон небото, се сеќавам


на нашите почетоци.
Никогаш, ма колку и да сакам, нема да го
заборавам првиот ден.
И сите следни, сѐ до денеска.
Тоа е белег кој вечно ќе стои на исто место
врз нашите тела. Ќе бидеме како близнаци кои вечно
разделени ќе бидат, но, секогаш кога ќе се погледнат
во огледало и ќе го видат тој белег, ќе се сетат
дека, таму некаде, сепак, постои нивната втора
половина.
Можеби еден ден јас и Добрин ќе успееме да
станеме едно, сплотувајќи ги нашите
спротивности во една целина. Се молам за тој ден.

Наскоро, Добрин ќе се врати.


Среќен е. Многу ми е драго што го гледам како
се смее.
Исполнет е. Се радува, кутриот, што заедно
ќе јадеме јагоди. Отиде да ми купи и шлаг, иако
можев да поминам и без тоа. Претерувам. Секогаш
сум претерувала. Никогаш не го ценев тоа што тој
ми го даваше. Секогаш барав нешто плус.
Веројатно Добрин сега размислува каков ќе биде
одговорот што ќе му го дадам...
И јас... И јас размислувам.
Можам да му кажам дека е крај. Дека не го
сакам. Дека го мразам. Дека ми е доста од неговите
236
тортури, од неговата опседнатост, од неговата
посветеност кон мене. И да додадам дека, при моето
последно бегство, јас всушност се запознав со
мојот нов љубовник. Господе, ако Добрин дознае за
тоа, би можел да се налути толку многу, што ќе го
уништам. Најпрвин ќе падне во длабока депресија, па
потоа, и да му кажам дека сум го излажала, тешко ќе
го промени мислењето, па дури би можел и да ме ...
Убие.
Карминот, кој беше оправдувањето мое, дека
сум го купила тогаш кога ме немало дома...
Всушност, тој беше подарок од мојот нов љубовник.
Од оној кој застана на Добриновото место, без
негова дозвола.
Кога Добрин би знаел дека има и други кои ја
сакаат мојата уста да биде црвена, би полудел.
Подобро да не му кажувам. Подобро да
продолжиме да живееме вака, па можеби, еднаш
месечно, ќе успевам да побегнам одовде. Додека се
тушира, додека свири на пијаниното, додека ги
наводнува розите на балконот кои од неодамна ги
одгледува специјално за мене, во црвена боја...
Додека ми шие бели ноќници и црвени фустани,
додека плаче во спалната соба поради несреќниот
живот и недостигот од љубов... Или, додека пишува
поезија посветена за мене...

**********************************************************************

-Ало, душо... Добра сум...


Не, не, не сум излезена... Дома сум, да. Ти како
си, буби?...Аха,секако...Кога се враќаш?.... Аха... Аха...
Па не знам... Претпоставувам дека не ќе можеме да
се видиме наскоро... Ќе биде... Жал ми е... Проблеми по
дома, знаеш... Не... Не... Не, навистина сум во ред. Не
грижи се, шеќерче...Ти, како си?... А, јадеш... Што
јадеш?... Ммм, пица...
Милкшејк? Од јагоди?... Ммм.. .Всушност,
бљак. Мразам јагоди.... Слушај... немам време...

237
Разговарам со мојот љубовник. Добрин го
заборави мобилниот... Да искористам шанса.
Од дневната, одам кон спалната. Пред да ја
отворам вратата од спалната соба, продолжувам да
зборувам со мојот драг:

-Да... За една недела. Две - највеќе. Ќе се


потрудам да ги наговорам моите дома да ме
пуштат... Ги знаеш какви се... Ме чуваат како око во
глава... Навистина? И јас... И јас тебе...

Некој одеше по скалите. Не беше Добрин, не би


можел да заврши за толку кратко време.
Ја допрев кваката од вратата која води до спалната
соба, и реков:
-Те сакам, и јас тебе те сакам. Многу те сакам.
Те обожавам, срцко... Не можам без тебе... Едвај
чекам да те видам... Чувај се... Те сакам... И, еј... Не
заборавај на...
Ја затворив вратата.
Сега сум во спалната.

-Немој да ѕвониш на овој телефон. На татко


ми е. Знаеш дека не знае за нас. Ќе ме убие. И тебе.
Ајде, сега одам да јадам јаг... Јаболки. Ќе се напијам
чаша шам... Хаха, ќе кажев, ќе си ја измијам косата
со... шампон. Да ти биде убава кога ќе ја галиш. Те
сакам... Ти благодарам... И ти мене... Се гледаме...

Се испружив на креветот и почнав да мислам.


Се мразев самата себе. Ми беше непријатно што
уште еднаш го издадов Добрин. Добро е што успеав
да му се јавам на љубовникот, инаку ќе ме бараше и
сите ќе дознаеја дека со мене нешто не е во ред. Ќе
се издадеше вистината, дека јас, всушност, не сум
во градот каде што сите знаеја дека сум на
студирање. Морав да ги лажам. Инаку, Добрин досега
ќе беше во затвор.
Тогаш, целата се скаменив.
-КЛАУДИЈАААААААААА?
Добрин дошол.
238
Добредошол.
-КЛАУДИЈААААА, КАДЕ СИ?
Упорно викаше.
Морав да му одговорам, и уште еднаш да го
излажам.
-Леле – извикав со половина глас.
-Каде си, Леле? - ме праша со истиот тон.
Замрзнав. Сфатив дека...
-Во спалната... Си ја чешлам косата.-
продолжив да се трудам да звучам природно, иако
глумев. Морав да глумам, иако не сакав. Она што го
сакав беше да ставам крај. Оваа приказна морав
некако да ја завршам. Или јас, или тој. Нешто трето
– не би можело, затоа што, одговорни за нашата
драма бевме само ние.
-Ах, во ред. Верувам дека е така. – рече Добрин.
Звучеше смирено. И јас се смирив, но сепак телото
ми се тресеше. Добро го познавав Добрин и можев да
претпоставам дека тој глуми, затоа што тој тоа
често го правеше за да ме лаже.
О, Боже, се надевам дека не го чул мојот
телефонски разговор. Рацете ми играа додека се
трудев да останам смирена. Срцето ќе ми излезеше
низ градата. Крвта ми беше зовриена до степен на
излив.
-Ннн... Немој да влегуваш. Стави го шлагот
врз јагодите, доаѓам веднаш... Ќе видиш како косата
ми е прекрасна... Изненадувачки за тебе. – викав од
спалната трудејќи се да звучам како сѐ да е во ред.
-Во ред... Те чекам во дневната.- ми
одговори.Звучеше нормално па помислив дека, сепак,
не слушнал ништо.
Воздивнав. Мал дел од мене се ослободи кога
се уверив дека Добрин нема да влезе во спалната и
нема да го види мобилниот во мојата рака.
Одлучно излегов од отворената врата.
Успеав.
Изгледа.
После пет минути намерно задржување
внатре, конечно, се појавив во дневната.

239
17.БОНИ И КЛАЈД ОФИЦИЈАЛНО ВО ВРСКА.ТАА
ВЕЧЕР УМРЕ ЈАГОДА ВО МЕНЕ. ЕДНА ЉУБОВ СЕ
РАЃА, ДРУГА УМИРА – ТОА СЕКОГАШ Е ТАКА!

Два и пол дена во Светиот град.


Летнаа како еден час. Плус половина.
Се видов со Роуз, Елем и Белем. Бевме да пиеме
кафе. А што друго, кога сѐ уште беше студено и времето
не дозволуваше да пиеме пиво! А пиво ние највеќе
сакавме. Ма, обожававме!
Се видов и со Мери. И нејзе, како и на останатите, и
раскажав за новитетите поврзани со Јагода. Сите беа
заинтересирани и сите беа запрепастени. Ме советуваа,
ми беа дури и лути што сум дозволил на таа чудачка да се
однесува така со мене. Белем ми кажа дури дека треба по
кратка постапка да се сменам, ако сакам да останам
нормален. Џабе, кога јас веќе одамна бев ненормален.
Надвор од нормалата.
Кога ќе помислам на тие денови ми се лоши. Колку
сум бил глупав што сум верувал на такви личности кои
година подоцна го изневерија моето пријателство...

Конечно, назад во Шит. Таму – Михајло, Клајд и... И


Бони. Бони и Клајд легнати заедно на креветот на Клајд.
Во моментот не можев да размислувам за што станува
збор, затоа што беше рано утро и ми се спиеше. Сфатив
дека ми го нема новчаникот. Кренав паника. Паника по
навика. Почнав да расфрлам околу мене, па ги разбудив
сите. Им ја соопштив несреќната случка и излетав надвор
да го барам. Новчаникот. Се разбира дека не го најдов.
Некој убаво си се нагостил со петте илјадарки.
После напорниот ден, следуваше и напорна ноќ. Со
Бони учевме италијански, следниот ден испит не чекаше.
Се сеќавате кога ви реков дека, штом утре има испит,
ноќта спрема него мора да се залие, нели? Е, па, и таа ноќ
се заливаше. Ама, други заливаа – јас и Бони – не.
Моравме да бидеме свежи за испит.
Дојдоа две другарки на Клајд кои Бони чудно ги
гледаше. Јас сѐ уште не можев да сфатам зошто. Едната
беше грда, другата дебела.
240
Парче за мене - ѝ реков на Бони, на што таа се
изнасмеа слатко.
Маха! - ми одговори.
Махам (или Маха) е нешто како ДА, СЕКАКО.
Обично се употребува во речникот на црните превези,
измислен од Бони, најпозитивната личност на целиот свет!

Утредента, испитот помина во најдобар ред.


Професорката , госпоѓица Бену, не беше дарежлива во
оценките. Јас и Бони, секако, бевме многу разочарани.
Кога се враќавме од факултет, таа ми го соопшти
најчудното неочекувано соопштение на белиов свет:
„Ноно, јас се смував со Клајд“.
„А, да. Добро.“ - реков.
Продолживме да одиме кон нашиот стан,
разговарајќи сѐ и сешто. Никако не можев да запалам.
Никако не можев да сфатам за што, всушност, станува
збор. После петминутно одење, се извикав на сет глас:
„ШТОООООООООООООООООО???“
Тогаш Бони бликна во смеа. Не ѝ се веруваше
колку сум забегал и дека уште не сум сфатил дека таа и
Клајд се на почетокот од нивната врска. О, Боже, колку ли
тоа јас сум бил опседнат со Јагода штом сум почнал да се
однесувам така дебилно?
Штета за мене.
СТВАРНО штета за мене, како што пее колешката
наша.
Случкава долго се прераскажуваше, а се раскажува
за неа и до ден денешен. Навистина беше смешно.

Ако јас и Бони не можевме претходната, тогаш, сто


посто бевме спремни да ја залиеме следната вечер. Ја
поканивме и Киго. Јас и Клајд купивме жолта ракија од
еден дедо од соседството. И газиран сок, и многу вино.
Црвено и бело. На гости ни дојдоа и други млади луѓе, но
сосема е небитно да се споменуваат. Плус, не ни паметам
кои беа.
Насетувате пијанство, нели драги мои? Во право
сте, како и секогаш. Толку многу се опивме, што јас не се
сеќавам на ништо. И Киго беше добра. И сите.

241
Но, сите отрезнуваа брзо, само јас брзо се
опијанував. Бев магаре кога легнав да спијам. Според
кажувањата на Михајло и Киго, сум зборувал. Дали во сон
или на јаве – не знаат, само знаат дека сум бил страшен.
Сум зборувал латински, сум споменувал светци,
ангели... Сум го шашардисал Михајло дека светците се на
прозорецот и го чекаат, но, сум му кажал дека нема
потреба да се плаши, затоа што нема никаде да го носат.
Јас сум им рекол да си заминат, бидејќи тој е сѐ уште
млад.
Сум земал и икона, сум зборувал чудни нешта...
Сирот Михајло, како ли успеал да заспие...
Означувам прв ден, или втор, од моето депресивно
однесување. Ете, нека биде прв. Зошто? Па, сигурно нема
за џабе да се опијам до даска.
Имено, час пред „залевањето“, Михајло ми ја кажа
реченицата што ми го промени животот:
„А, бе, кај е Јагода? Со денови ја нема да дојде...
Ти пишува ли? Ти се јавува ли? Вчера ја видов во градот,
си фатила дечко... Од Штип е, го познавам изгледа...“.
Крај.
Јагода навистина се заљубила.
Типот од пораката што свирел на гитара, сега беше
нејзиниот љубовник. Можеби бил и тогаш, не знам...
Светот околу мене почна да се врти. Без престан.
Буквално го сменив изразот. Михајло го забележа тоа, па
му падна жал:
„Ајде, бе, ќе пиеме... Опиј се, ќе ја заборавиш...
Батали ја, не ти е потребна. Нели гледаш колку е луда,
болна?“
„Михајло... Ја сакам. Го знаеш тоа. Нема да
повторувам...“
„...Ах бре, дете... Зошто не напишеш книга? Кога
ни ги читаше расказите на мене и Киго, искрено –
уживав. Баш би било штета ако не ја раскажеш твојата
приказна со скапаната Јагода.“

Таа вечер умре Јагода во мене.


Во пијана состојба, се јавив на нејзиниот број и ја
преколнував да дојде, да ја видам, во очи да ми каже дека
е крај. Посакував да ми каже дека се нервира што
242
реагирам така и што сакам да ставам крај на нашите
тринаесет години, како што секогаш ги нарекуваше таа. Но
– не! Јагода беше ладна. Како камен. Како змија. Како
змија под камен. Дефинитивно Јагода се сменила.
Пред неколку дена сакаше да ме види.
Сега не сака.
Можеби тогаш сакала да ми каже дека е крај.
Кој знае.
Со тоа или без тоа – крајот навистина дојде.
И нашиот - заедничкиот, а, и мојот -личниот крај.
Ништо не беше поважно од Јагода. Јагода не смееше да
престане да постои за мене. Јас си ветив дека секогаш ќе
ја сакам. Што и да се случи...
Каде исчезна Јагода од пред една недела,
девојчето што беше несигурно во своите чувства, што ми
плачеше во прегратки, што ми пишуваше СМС пораки до
бесвест, што ми се тресеше додека ја гушкав... Каде беа
тие очиња на срна што солзеа секогаш кога ја нервирав
спомнувајќи други женски имиња... Каде беше таа
најубава црвена уста која никогаш не успеав да ја допрам?
Немаше ништо. Празно како празна табла. Табула
раза.
Нула.
Рамнина без докази дека некогаш свет постоел.
Пропаднат свет. Шитска Атлантида.
Скапана ЈАГОДА...
...Која, сепак, обожавав да ја јадам.
И скапана - за мене најубава беше!

243
XVII < МОНОЛОГОТ НА ДОБРИН >

Каква среќа во срцето мое!


Каков трепет низ вените мои!
Кое чувство на успех го доживував јас додека
како мало детенце трчав надолу по скалите, брзајќи да
купам шлаг.
Мојата драга посака да јаде јагоди! Тоа е знак кој
нешто кажува! Тоа е најпозитивниот од сите возможни
позитивни знаци кои јас некогаш сум посакувал да ги
добијам. Врв. Успех над успесите! Мој успех!
Сѐ уште не бев искачен до самиот врв, меѓутоа,
знаев дека многу наскоро гордо ќе го забодам знамето
како планинар кој штотуку го има освоено највисокиот
врв во светот. Мојата планина беше Клаудија. Мојата
највисока, најубава... Планина која што отсекогаш била
мојот предизвик.
Убавице моја... Душичке... -беа тоа дел од
зборовите кои ми се мотаа во глава додека брзав за да
не потрошам залудно минута повеќе. Сакав да бидам
брз и експресен – мојата драга не смее да остане сама
и да ме чека. Би можела да потоне во очај и
нетрпение!
Уште пред да го пречекорам прагот од
продавницата, почнав да ги прашувам продавачките
на кој рафт можам да најдам шлаг во шише. Сите тие
збунето ме погледнаа, иако тоа за нив не беше ништо
ново: јас често знаев така да се однесувам кога одам
на купување. По природа сум си таков. Само што, овој
пат, бев за нијанса поненормален од вообичаеното.
Ме услужија со брзина на светлината – секој им
чест! Заслужуваат да работат во поголем маркет!
Кусурот им го оставив, а тие ми се заблагодарија како
да сум им оставил 20.000 денари во наследство, а не
20 како бакшиш. Душички.

Излегов од продавницата. Притоа успеав да


бутнам десетици пакетчиња мастики на подот, од
244
возбуда. Секако дека попатно се подбутнав и со некои
други купувачи, кои само намуртено ме погледнуваа
како да сум им ја пресекол главната вена. А јас само
малку ги поткачив за рамениците... Бедници. Да знаеја
само зошто го правам тоа, верувам дека немаше да
реагираат така.
Трчав како дете. Си замислив дека сум
првоодделенче. Често ми се случуваше тоа. Во тој
момент, имав причина плус за да го правам тоа: ем
бев среќен, ем мојата драга ме чекаше дома за да ми ја
соопшти убавата вест, дека ме сака. И тоа баш на први
септември, на денот кога ја запознав, во прво
одделение. Значи: бев прваче со неколку причини.
Во влезот се подбутнав со некои деца – соседи
кои живееја кат подолу од мојот стан. Од нашиот стан.
Од станот на мене и Клаудија. Децата почнаа да
пискаат, да ме навредуваат со детски, неразвиени
причини. Сакаа да ми го уништат расположението, но,
јас, за жал, не им дозволив. Ги зезнав. Забавачиња. Кај
можат тие да си играат со првоодделенец? Сешто!
Додека ги искачував првите три ката, ја гледав
амбалажата на шишето со шлаг: јагоди, а врз нив шлаг
– на сликата. Тоа уште повеќе ме го разгоре пламенот
во мене. Среќата во мене не познаваше граници,
можев да искршам се околу мене само поради тоа што
знаев дека ме чека таму горе, во станот.
Во левата рака го држев шишето со шлаг додека
со десната немирно го барав клучот. Се исплашив – го
немаше никаде. Секогаш правев така кога премногу се
возбудувам. Секако дека клучот беше тука, го бев
ставил во десниот џеб. А тој длабок... А тоа бара малку
повеќе да се ангажира раката – подлабоко да бркне.
Не ни забележав дека на лицето ми се појави
кисела насмевка предизвикана од страв да не го
загубив клучот, меѓутоа, наскоро сето тоа падна во
вода. Повторно бликнав во најискрената
првоодделенска среќа на овој бел свет.
ЈА САКАВ КЛАУДИЈА! Тоа беше она најважното
за мене во тие минути... Едвај чекав да го пречекорам
прагот, да ги посипам јаготките со шлаг и да ја

245
нахранам мојата драга. Јас и таа, конечно, да уживаме
во моментот.
Мојата драга никогаш не прифати јагоди да јаде,
а фактот што денеска направи исклучок ме правеше да
се чувствувам како некој горд професор кој ги гледа
напредоците кај студентот свој. За почит и награда!
Отклучив и го забодев клучот до крај во
бравата. За секој случај. Од кај знаеш, може некој
крадец да влезе... Иако нашиот стан не беше еден од
оние привлечните, но... Но, Клаудија беше највредна
од сите најскапи работи во нашиот влез. Таква
убавина секој би сакал да украде, не мора да биде
крадец.
Ги соблеков шарените патики а раката ми се
потеше од стискање на шишето со шлаг. Не сакав да
губам време за да одам до дневната да ја видам мојата
драга – решив да се упатам директива во кујната и
набрзина да го завршам процесот со подготвување на
јагодите на начинот кој што од мене го побара
Клаудија.
Но!
Секогаш постои НО!
СЕКОГАШ!
Вратата од дневната соба секогаш беше
отворена доволно многу за да можеш да видиш што
стои во собата. И дали е сѐ во ред. На своето место.
Сѐ беше во ред. Сѐ беше на своето место.
Мебелот, телевизорот, сликите, радиото, масичката,
столовите... Сѐ! Сепак, едно нешто не беше на своето
место: мојата драга!
Мојата драга не беше во дневната соба!
Погледнав на часовникот и сфатив дека сум бил
отсутен помалку од пет минути – за тоа време мојата
драга не би можела да успее да побегне од дома.
Влегов во дневната за да го проверам прозорецот.
Беше затворен. И бегството низ прозорец пропадна.
Па, тогаш, каде е Клаудија?
Се вознемирив, иако си давав до знаење дека
не треба да го правам тоа. Мене, сепак, ме чекаше еден
крајно убав љубовен момент. Клаудија е тука, сто
посто!
246
Погледот ми застана на вратата од спалната
соба: беше подотворена.
Клаудија е во спалната соба, – одбрусив
олеснувајќи си на душичката.
Решив да си дадам малку простор и време:
додека да дојде мојата драга, јас би можел малку да ја
украсам собата. Не за џабе ќе славиме јубилеј!
Ја отворив големата фиока под телевизорот и
извадив парче бел сатен. Од соседната фиока извадив
неколку разнобојни миризливи свеќи. Го подигнав
креветот и од таму извадив едно прекрасно, кадифено
перниче во форма на срце. На него пишуваше: ЌЕ ТЕ
САКАМ ЗАСЕКОГАШ!
Се сетив дека ќе биде добро доколку ставам
картичка со посвета. На картичката напишав: МАЛКУ
РОМАНТИКА ЗА МОЈАТА ПРИНЦЕЗА... Од Добрин.
Колку романтично, нели?
Го наместив сатенот на подот, веднаш пред
малата масичка, на празниот простор. Врз него го
ставив кадифеното срце-перниче, до него ја потпрев
картичката со посвета а одоколу ги распоредив
свеќичките во боја. Ги запалив. Брзо. Затоа што,
Клаудија во секој момент требаше да влезе.
Се сетив, повторно се сетив... Се сетив на
розите кои ни ги доставуваа од цвеќарницата. Знаете,
розите за кафезот...
Се вратив во кујната. Од вазната извадив две
прекрасни црвено обоени рози. Едната ја ставив врз
сатенскиот чаршаф, а на другата и ги откорнав
листовите. Срцето ми се кинеше што го правам тоа, но,
морав...
Сега веќе сѐ си беше на своето место! Беше
совршено! Малку потсетуваше на кафезот во кој што ја
чував мојата драга, но, знаев дека таа тоа го сака. Не
можев да грешам. Јас и таа порано често знаевме да
забегаме во иднината и да си замислуваме кревети
распослани со бели сатени и листови од црвени
рози... Куќарќи во форма на јагоди... Романтични
бевме Клаудија и јас.
Седнав на фотелјата и немо зјапав во јагодите
што стоеја во проѕирната чинија на малата масичка.
247
Не можев да го дочекам моментот кога ќе почнеме да
ги јадеме, па земав една и цела ја ставив во уста.
Превртев со очите и испуштив едно гласно: АХХХХХ...
– јагодата беше превкусна!
Среќата на моето лице некако почна да
скиселува... Затоа што Клаудија уште ја немаше! Не
можев да глумам дека сум смирен и трпелив, затоа
што, едноставно, не бев! Морав да ја викнам и да ѝ
кажам да побрза! Морав!
Станав од фотелјата и застанав на средината од
собата. Тогаш, ја слушнав Клаудија како зборува.
Претпоставив дека ми се обраќа на мене, меѓутоа, тоа
не беше возможно, затоа што не можеше да знае дека
сум се вратил од маркетот. Плус, бев внимателен.
Сепак, Клаудија продолжи да зборува во шепот:
-Немој да ѕвониш на овој телефон. На татко
ми е. Знаеш дека не знае за нас. Ќе ме убие. И тебе.
Ајде, сега одам да јадам јаг... Јаболки. Ќе се напијам
чаша шам... Хаха, ќе кажев, ќе си ја измијам косата
со... шампон. Да ти биде убава кога ќе ја галиш. Те
сакам... Ти благодарам... И ти мене... Се гледаме...

Нема да ви го откријам изразот кој што го бев


направил во дадениот момент. Не може! Сами
замислете си го! Еве ви помош: убитачно!
Таков, каков што бев во тој момент, не можев да
бидам природно весел. Морав да глумам. Беше тоа
еден од малкуте моменти од мојот живот кои требаше
на глумење да ги потрошам. Мразев да глумам пред
Клаудија, но, понекогаш едноставно морав.
-КЛАУДИЈААААААААААА! – извикав со среќа во
гласот.
Како да наслушнав нешто како „ЛЕЛЕ“...
-Каде си, Леле? – продолжив. Мора да звучев
иронично.
-Во спалната... Си ја чешлам косата.
-Ах, во ред. Верувам дека е така. – реков јас..
Звучев смирено, но сепак телото ми се тресеше. Добро
ја познавав Клаудија и можев да претпоставам дека

248
таа глуми, затоа што таај тоа често го правеше за да ме
лаже.
-Ннн... Немој да влегуваш. Стави го шлагот
врз јагодите, доаѓам веднаш... Ќе видиш како косата
ми е прекрасна... Изненадувачки за тебе. – викаше
Клаудија од спалната трудејќи се да звучи како сѐ да
е во ред.
-Во ред... Те чекам во дневната.- одговорив.
Звучев нормално за да помисли дека, сепак, не
слушнав ништо.
Јас ништо не слушнав? Абе ај, ти се молам! Јас
сѐ слушам! Постојано сум во тек со настаните! Мене
никој не може да ме насамари, а најмалку Клаудија и
нејзиниот простотилак. Гуска! Косата таа си ја
чешлала, прекрасна ѝ била, изненадувачки за мене,
бла бла бла! Жими... Ова!
Сосема смирено отидов во кујната. Се вратив
назад со шампањот и две високи кристални чаши. Во
едната рака. Игла ставена на шприц полн со силен
отров (чинам против глувци ќе да беше). Во другата
рака.
Шампањот и чашките внимателно ги ставив на
масичката. Морав да се ослободам најпрвин од нив,
затоа што, фатени во една рака, не можев да им ја
одржувам потребната рамнотежа за да не паднат и да
се испокршат.
Откако се ослободив од пијалокот и чашките, ја
започнав процедурата за втората моја идеја.
Се што ми леташе низ главата е тоа дека
повторно бев предаден и излажан од страна на
личноста која најповеќе ја сакав! Моајта драга,
Клаудија, повторно ме излажа! А ми вети дека, кога ќе
се вратам, ќе ми ја каже радосната вест.Сега, и да ми ја
каже, залудно би било, затоа што знаев дека таа е
заљубена во друг, и тоа во некој со кој што таа тајно се
гледа! Одговорот на прашањето ЗОШТО МИ ИЗБЕГА
ОД ДОМА моментално, како блиц ми светна во
главата: ЗАТОА ШТО ОДЕЛА ДА СЕ ГЛЕДА СО
ЉУБОВНИКОТ!
Клаудија ме лажела цело време! Клаудија
пискала кога сум ѝ читал поезија, Клаудија врескала
249
кога сум ја врзувал со јажињата, Клаудија едвај чекала
да излезе од кафезот за да смисли нова лага како да
излезе од дома! Клаудија никогаш не излегла од дома
со цел да купи нов црвен кармин!
Колку многу мене тоа ме иритираше.
Подивев.
Не знаев главата кај ми е.
Сакав да исчезнам, сакав да направам било
што, нешто што би можело да стави крај на овој чуден
свет во кој со години живеев јас.
Се наведнав над масичката и ја одбрав
најголемата и најсочната јагода од чинијата. Првата
јагода која Клаудија ќе ја вкуси мора да биде
примамлива.
Гордо го подигнав шприцот кон таванот и
иронично се насмевнав:
-Во име на љубовта – и целата отровна
содржина ја вбризгав во големата јагода што можеше
да пукне од премногу течност во неа.
Тука некаде мојата искрена љубов кон јагодите
некако изгуби од сопствениот сјај. Јас уништив јагода.
Таман сакав да ја вратам назад во чинијата, на
врвот, над сите други јагоди, на вратата се појави
мојата драга, Клаудија. Со мила насмевка на нејзиното
лице. Ама, насмевката беше залепена, се познаваше
толку многу дека станува збор за лепенка, а не за
природен смев.
И јас се насмевнав кисело. Ја ископирав.
-Ајде, ангелче, не можам да дочекам...
-Еве сум. Извини. - звучеше срамежливо.
-Срамежливке моја! Кукличке! Упс, не. Не
замерувај ми, не сакав така да ти кажам. Убавице
моја! Перфекцијо! Скулптуро извајана! Јаготке
преслатка, најслатка... Дојди да те... Најадам со
најубавата јагода на целиот свет. Дојди...
Клаудија елегантно чекореше кон мене.
Одеднаш некако се изненади:
-Уаауууууууу, Добрине, па што е ова? Си
направил вистинско царство, Добрине! Прекрасно е!
-Навистина ти се допаѓа, шекерче? Убаво е,
нели? Добро, можеше и поубаво да биде, ама, толку
250
време имав... Многу БРЗО се врати, хехе... – иронијата
почна да ме издава.
Клаудија за миг се стресе, тоа можев да го
почувствувам во воздухот.
-Дојди, шекеру, застани од другата страна. Со
лицето мене гледај ме.
-Добрине, можам да настинам од прозорецот...
Не сакаш да ти умрам млада, нели?
-Срце мое! Нема да настинеш, кратко ќе се
задржиме овде. Само да наздравиме! Па не за џабе ја
правев оваа сцена... Се изнамачив!
-Ок...
Јас ја зедов јагодата која претходно ја држев во
рака. Со опоен поглед отидов до Клаудија и ја стиснав
во прегратка.
Зедов еден прамен од нејзината коса и го
стиснав. Не забележав дека тоа го направив со раката
во која што ја држев јагодата, па малку ја извалкав
мојата драга. Го подигнав праменот високо и го
помирисав.
-За последен пат, - си помислив, - можеби е
ова... – завршив.
А ич не сакав да го правам тоа. Сето тоа со
отровот, јагодите... Не знам зошто постапив така. Не
дека се каам, ама...
-Ммм.. .Јагодата совршено изгледа. Зошто
нема шлаг на неа? - ме праша срценцето Клаудија со
тивко гласче.
-Решив првата јагода да биде чиста. За да
можеш да се увериш во прекрасната магична
привлечност на овие плодови, па да разбереш зошто
така те викам тебе, срце мое! Ако?
-Ако... - Клаудија процеди низ заби.
Бев сè поблизу и поблизу до лицето на мојата
драга. Од џебот го извадив црвениот кармин со кој
што ја шминкав последниот пат. Го отворив, а
капачето го фрлив на земја. Се одби од подот, можеше
тоа добро да се чуе во мртвата тишина која владееше
во дневната соба. Се насмевнав и го допрев карминот
до устата на мојата драга. Иако беше веќе нацрвена,

251
јас решив да ја повторам црвената линија со уште
еден слој. Повеќе да сјае.
Клаудија со чудење ме гледаше. Како да сакаше
да ме праша зошто ѝ нанесувам нов слој на кармин.
Но, изгледа дека се предомисли. Ја мразеше да
зборува. А секој нејзин следен збор би можел да биде
повод за рушење на моменталниот мир кој успеавме
да го задржиме повеќе од неколку секунди. А тоа беше
успех за нас! Ние секогаш се каравме.
-Ам... – ѝ се обратив на Клауди како на мало
девојченце. Сакав да бидеме првоодделенчиња, како
на првиот ден кога се запознавме. Затоа така и ја
третирав.
Долната усна на Клаудија беше испрчена. Баш
онака како што јас обожавам напрчена да биде: детски,
наивно, миличко.
Мојата љубена беше послатка од било кога
дотогаш! Ја сакав повеќе од сѐ во тој момент! Со
предниот дел од јаготката ѝ ја измасирав устичката на
мојата драга. Таа се стресе од гадење: дури тогаш
сфатив дека навистина мрази јагоди. Не ги поднесува
психички, башка стомачно.
Клаудија ја отвори устата. Усните ѝ се раздвоија
совршено. Белите заби ѕиркаа од длабочините.
Сфатив дека Клаудија има убави заби. Ретко ги
покажуваше.
-Браво! Бра-во, душичке моја! Гледаш дека
можеш да јадеш јаготки, а шеќерче? Ќе те изедам јас
тебе, злато мое! Те сак... - ме прекина еден звук. Тоа
Клаудија нешто негираше. Претходно се слушна како
мојата драга го голтна залакот јагода.
Остатокот од јагодата ѝ го наметнав – мораше
да ја изеде до крај!
-Така, одлично! Уште малку, и Клауди ќе успее
да изеде една цела јагода! Феноменално! Бра-во!
Челото на Клаудија се ороси. Капки студени пот
почнаа да светкаат на нејзиното високо чело.
-Мило? Што ти е? Дојди да те гушнам! – ја
гушнав. Силно. Многу силно, затоа што... Затоа што...
О,Боже, затоа што Клаудија се тресеше во моите

252
прегратки. Но,Клаудија не се тресеше како што
вообичаено знаеше да се тресе, од срам или трема.
Отровот почнал да делува.
Се одлепив од неа и ја погледнав право во очи:
-Оченца мои најубави... – ѝ го бакнав десното,
па левото окце. И тие трепереа, кутрите.
Кога посакав да ја бакнам, ми се згади. Од
устата на мојата драга излегуваше пена. Црвена.
Мојата драга умираше.
Ах, тој убиствен поглед кој ништо не открива!
-Клаудија? Ќе престанеш ли да ме гледаш така
немо, Клаудија? Клаудија?
Немаше одговор. Клаудија ме гледаше немо
директно во очите. Погледот ѝ беше милостив,
Клаудија молеше за помош.
О, Боже... О,БОЖЕ! Клаудија! Клаудија не смее
да умре! Во моментот се сетив дека мојата цел не
беше Клаудија да умре, туку... Туку... Туку, само да се
онесвести, можеби?
Глупак!
Ја држев во полу-прегратка и ја тресев за
рамениците. Прамени од нејзината коса ме плескаа врз
лицето и ме потсетуваа дека јас нејзе премногу ја
сакам. Ме потсетуваа дека не смеам да ја изгубам!
-Клаудија, па како би можел јас тебе да те
повредувам... Клаудија? Клаудија, кажи нешто,
Клаудија! Ти си мојот живот! Да, и инспирација моја
си ти, Клаудија, и инспирација! Ти си ми се, срце мое!
Во предметите си ти, во воздухот, во водата, во
сите девојки си само ти, убавице! Клаудија! КАЖИ
НЕШТО ГЛУПАЧКЕ, ПРОГОВОРИ! НЕМОЈ ДА МЕ
НАТЕРАШ ДА ТИ КАЖАМ ДЕКА ТЕ...
Во тој миг, светот ми се сруши.
Во тој миг, сфатив дека понатаму ќе морам да
продолжам сам.
Во тој миг, сфатив дека ништо не е важно колку
што беше важна мојата љубов.
Во тој миг, сфатив дека јас ја загубив мојата
единствена љубов.
Тогаш сфатив дека мојата драга...
Телото на Клаудија тресна на подот.
253
Косата ѝ се распосла кон прозорецот кој беше
отворен. Ветрето кое влегуваше во собата и ги
поместуваше прамените на мојата драга во вид на
лелеави гранчиња од некое убаво дрво.
Ми се отсекоа нозете. И рацете. Сѐ почна да ми
се отсекува од телото. Не можев да се почувствувам
самиот себе, не можев да се препознаам. Не можев да
бидам сигурен дека сум присутен во таа соба.
Посакував да го вратам времето, но... Не можев.
-КЛАУДИЈААААААААААААААААААААА!!!!!!!!!
ИДИОТКЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!
ТЕ МРАЗАААААААААМ!!! НЕ ПРАВИ МИ ГО ОВА,
МА, НЕМОЈ, МА, ЕЕЕЈ, АЛООО!? ТЕ САКААААААААМ!!!
НЕ СФАТИ ЛИ ДЕКА ТЕ САКАМ, А? А? А? АААААА? А,
А, А? – се дерев како наркоман во затвортска келија.
Се тресев, се потев, ритав со нозете, мавтав со
рацете...

...Доцна.
Надвор почна да врне. Капките дожд во ритам
капеа врз олукот од прозорецот од нашата соба.
Мојата соба.
Ненадејно добив сила.
Се уверив дека тоа не е вистина.
Дека халуцинирам.
Седнав на фотелјата и ја зграпчив чинијата со
свежи јагоди и почнав да ги јадам: една по една. Како
ништо да не се случило. Ладно.
Шприцот беше на подот, покрај мојата драга. Ми
се смееше во лице, предупредувајќи ме дека се лажам,
дека она што се случило навистина е вистина. Не
сакав да му поверувам. Знаев дека ме лаже. Станав и
го фрлив низ прозорецот.
Отидов до радиото и ја пуштив нашата омилена
песна.
Јадејќи јагоди, заспав.
Мојата драга...
254
...Потона во длабок сон. Со тенденции никогаш
повеќе да не се разбуди.

Клаудија беше мртва.

255
18. Мојот крај. Почеток на крајот. Крај на
почетокот. Или нешто слично. Сами проценете.

Во следните денови, недели и месеци, јас тотално


се сменив. Во тој период станав фан на една филмска
сага. Главната женска улога ја споредував со Јагода.
Јагода ја немаше да ми пише, ниту да ми пушти
сигнал.
Киго ми кажа дека се виделе во некое кафуле, и
дека Јагода се однесувала најнормално, пријателски. Не
прашала ништо за мене. Не ни очекував.
И Михајло ми кажуваше дека често ја гледа со
дечко ѝ. Биле многу заљубени.

Бони и Клајд веќе официјално беа во врска. Се


сакаа мнооооогу, како мали деца. Се закачкаа, се чешкаа,
се галкаа... Срцки.
Не можам а да не ви раскажам за Бони. Мојата
најдобра другарка. На почетокот беше таква – најдобра,
таква и си остана – до ден денешен! Ја обожавам Бони.
Со неа никогаш не може да ми биде досадно. Со неа
секогаш убаво се чувствувам. Бони многу ми има
помогнато. И токму поради тоа морам да и кажам дека
никогаш не би можел да ѝ се оддолжам.
Со Бони сме поминале низ низа ситуации: добри,
лоши, смешни, тажни, весели, луди и незаборавни, само
луди, само незаборавни...
Обожавам кога сум со Бони во кафеана. Ми
недостасува тоа време.
Бони... Просто кажано, не постојат зборови кои би
можеле неа да ја опишат! Девојката со најубавиот глас во
целата држава. Никој не може да ѝ се фати ниту за малото
прсте.
Кога би правел ретроспектива на најсмешните
моменти од животот мој, Бони, несомнено, би го зела гран-
при-то. Јас и таа се имаме смеено колку што сите вие
собрани во едно не можете да се насмеете. Најголемите
глупости и шеги сме ги правеле токму јас и Бони.

256
Во Шит, Бони речиси секогаш беше со мене, а тоа
правеше никогаш да не се чувствувам осамено, изгубено
или уништено... Таа секогаш ме тешеше, ми даваше сила
за да продолжам, ми делеше совети кои и те како ми
помогнаа во многу сфери од животот мој.
Бони е срцка.
Искрено, на почетокот, во деновите кога се
запознавме, за неа мислев дека е некоја препотентна,
дигнатоглава девојка до која многу тешко може да се
дојде. Но, сепак, потребни беа само две-три недели за да
се уверам токму во спротивното – таа е толку обична и
едноставна девојка која е совршен тип за моја пријателка!
Бони успеа да ги замени сите мои изгубени пријателства. А
да се оствари тоа, и тоа од само една личност – навистина
е голем успех! Бони, ти благодарам! Никогаш нема да те
заборавам! Секогаш ќе бидеш на местото број еден од
моите најдобри пријатели! Никој нема да може да те
замени.

Мистер Мускул си остана во своето дувло, да јаде


протеини.

Се досели и Цецо. Во собата кај што се гушкав со


Јагода, на креветот кај што седев со Мадам Батерфлај,
кога правевме театар.

Мадам Батерфлај повеќе не е со Михајло. Од


тогаш, тој смени петстотини пеперутки. Не знам која му е
моменталната.

Роуз, Елем и Белем ме чекаа во Светиот град, да


се договориме за Нова Година.

Мери... Нејзе ја снема. Веројатно период на тага.


Мери често тажеше по Барака, која живееше на
кенгурскиот континент. Сестра на Мери со различна крв.
Неповторлива приказна за две верни другарки. Магија.

257
Шаки со Маки... Уште еднаш ме извисија. Требаше
заедно да го славиме новиот почеток. Но, Шаки ко Шаки,
Маки ко Маки... Живи не се ако не измрдаат од план.

Се случи и ШИТФЕСТ, малку подоцна од


вообичаеното. Со Шаки бевме таму, како пресери. Ме
сретна еден шитски пресер и ме праша дали може да ми
земе изјава, интеДвју. Не знаев дека така изгледа
вистинската љубов на Јагода. Не ми беше по нејзин вкус.

Михајло, Киго, Бони и Клајд кои никогаш не одат


посебно, Мистер Мускул, Мадам Батерфлај, Цецо... Тие
ликови во ТИЕ денови сега ми се бледи. Недоволно сум
бил присутен за да можам да кажам што НАВИСТИНА се
случуваше со нив.

Јас?

Јас одев по шитските улици, слушајќи ја преубавата


инструменталка од мојата омилена филмска сага. Со
слушалки во ушите, одев низ сите места кои ме
потсетуваа на мојата драга, драги мои. Чат-пат
погледнував кон небото. Барав спас. И помош. Сакав да
ми се смилуваат ангелите и да ме земат кај нив. На гости.
Понекогаш и плачев, додека шетав. Сам, како бездомник.
Не знаев што друго да правам, па во ниедно време
излегував и одев, одев, одев... И постојано истата песна
на рипит. Забеготина.
Луѓето ме гледаа, сите шитски шитјани се чудеа со
прашалници упатени к’о стрели кон мене. Знам дека се
прашувале дали ми е добро. Бев блед, истоштен и...
Видно ослабнат. Рачно. Леукемично ослабнат. Испиен. Ме
пиеше Јагода. Кај се видело самата јагода да пие било
што? А најмалку – КРВ? И маст. Многу маст. Да се правеа
џимирки од човек, добро ќе се заработеше благодарение
на мене.
Шетав. Плачев. Се тресев. Се губев.
Пропаѓав.
И во земја, и од срам.
И од љубов, и од омраза.
И самиот во себе.
258
И самиот со себе.
И во сите други – ПРОПАЃАВ.
Запоставив и учење, и сѐ...
Двете недели до крајот на годината стара не ми
претставуваа повод да започнам со новогодишната
еуфорија. Големата ноќ сакав да ја поминам дома, сам.
Меѓу другото, додека се шетав така сам, имав цел
да ја начекам Јагода со нејзиниот дечко. Никогаш не ги
видов.
Еден ден ѝ се јавив. Морав да го чујам нејзиниот
глас. Го повторив тоа уште три пати за еден час.
Последниот повик беше звучен, преостанатите јавувања –
молчев.
Третиот пат, реков:
„Те сакам“ - низ шепот.
Ме препозна.Гласот ми беше маскиран, ама очигледно не
ја сакаше никој друг, кутрата. Знаеше дека ја сакам само
ЈАС. Сето друго беше шминка.

Заминав на спиење, во шитскиот дом, во една од


последните ноќи од мојот тамошен живот.
Не се исплашив што бев препознат од Јагода на
телефон. И така таа ме сметаше за луд манијак. Ништо
ново.

Повторно сам во собата – сите цимери заминале на


журка. Почнав да мразам да се забавувам.
Немав желба да пијам.
Изгубив апетит. Последен пат јадев и се опив во
Винчини, ноќта кога мрдна Кока да не мрднам јас за да
Бони заработи некој денар повеќе, да може да преживее
уште неколку скапи денови во Шит.
Легнав на креветот загледан во залепената гума за
џвакање. Ја погалив и ја бакнав. Сочно. Бакнеж за крај.
Кис (со едно С) за гудбај.
Немав појма дека таа ноќ ќе се преселам во рајот.
Во воздухот имаше тивка тишина што ветуваше
нормален живот следното утро.
Нешто тропна на прозорецот.
Светците на Михајло - помислив смеејќи се во
себе, ако воопшто имав сила да се смеам.
259
Одненадеж, еден од прозорците се скрши. Изрипав
од креветот за да проверам дали Валита сака да го убие
Михајло поради неплатена кирија. Не беше таа.
Немаше никој.
Нагазнав на срчи. И двете стапала ми беа во шок –
не можев да стојам на нозе. Паднав на земја. Нозете ми се
облеаја во крв. Бев ранет. Ме болеше до смрт. Ме
ШТИПеше.
Слушнав глас:
„Престани да бидеш опседнат, ок? Јас не те
сакам, јасно? Заљубена сум и убаво ми е. Јасно? Остави
ме!“ - Јагода. Беше тоа ЈАГОДА. ТАА ШТО ЈА САКАМ!
„Но, Јаготке, па јас те сакам...“ - и реков
центрирајќи ја со крвавите очи како да ја гледам за
последен пат.
Посегнав со рацете кон неа, но таа ме удри со
камшикот кој го држеше во раце.
Почнав да се влечам по тепихот полн со ситни
срчи. Нозете веќе апсолутно ги изгубив – немав осет.
Можев само да се влечам неосетно, кон Јагода.
Таа иронично се смешкаше. Така ја научиле Локо
Бејбе и Гризелда кои стоеја позади неа. Една до друга си
шепотеа во уши. Ме оговараа. Им бев смешен, таков крвав
и уништен, на работ од мојот театарски живот.
Уште еднаш пробав да се доближам до неа. Сакав
да ја бакнам, макар за прв и последен пат. Можев да го
почувствувам опивачкиот мирис на јагода како се шири
насекаде околу мене.
„Јагода ти бев, црвена ко крв. Крв стори се.Не
смееш да ме бакнеш“ - низ заби прозвуче Јагода.
„Секогаш ќе те сакам... Што сакаш зборувај“ - ѝ
одговорив.
Успеав со перничето од показалецот на десната
рака да ѝ ја погалам долната уста на мојата љубена. Беше
мека. Како кадифе. Ја спуштив главата за да ја допрам ,
овојпат со мојата уста.
Таман го почувствував нејзиниот уникатен топол
здив како струи врз моето лице, невообичаен удар ме
запре. Почувствував болка во левата страна од градниот
кош – онаму кај што стои срцето од кое веќе излегуваше
сета љубов која ја имав во него. Љубовта кон светот.
260
Љубовта кон Јагода. Сеискрена љубов.Сега почна да се
распрснува. Барем ќе биде поделена.
Никогаш не успеав да подарам љубов. Ја собирав
во себе. Не се сетив дека треба да ја испразнам, но Јагода
мислеше и на тоа.
Ја погледнав со очите кои ми беа на половина копје
и започнуваа да се превртуваат. Од рацете прсаше крв –
тоа моите вени сум ги исекол од срчите. Не ми беше гајле.
Морав да ја бакнам мојата срна, мојата јагода, мојата
цреша...
Никоја... не...сум...сакал...Те...сака...м...само...тебе.
Јагода не престануваше да се смее. Во десната
рака држеше парче метал, ноже за отварање писма.
Беше тоа оружјето на мојата драга, драги мои.
Ја фатив нејзината рака и се поткренав. Сега
Јагода плачеше и викаше на глас.Ми ја стискаше дланката
силно, силно, дури милно...
Колку солзи имав – не се сеќавам, но една, знам –
пуштив. И јас.
Плачевме заедно.
Таа се сврте да бега, почна да трча...Гризелда и
Локо Бејбе ја следеа фатени под рака со успорен од, како
да ѝ дозволуваа на мојата драга да брза и да навремено
да стигне онаму каде што одеше.
Држев нешто во дланката која до пред малку ми ја
стискаше таа. Ја отворив и видов едно писмо.
Адресирано: За оној кој не може без мене. Посакав да го
прочитам. Немав сила.

Ја гледав Јагода како трча, облечена во бело


фустанче на кое беа исцртани ситни јаготчиња. Се
маскирала, си реков. Се облекла достојно на нејзиното
минато. Трчаше брзо, а нежно... Исчезнуваше во
темнината додека убавата, долга коса ѝ се лелееше низ
воздухот. Плачеше, тоа добро можев да го чујам.
Мирисаше – труеше... На јагоди.
Ги чув гласовите на тие што ме сакаа: најгласна
беше Бони која не сакаше да ме пушти да се мачам.
Одеднаш сѐ почна да се губи: и слика и тон.
И јас.
Заврши мојата љубов.
261
Јагода не ме сака, тоа го дознав.
Можела таа и без мене, разбрав.
Скршен од болка, предаден (и продаден), бев
сигурен дека следниот ден нема да се разбудам.
Настинат.

262
XVIII < ...КРАЈ?... Е,НЕ ЗНАМ... ВИЕ СИ ЗНАЕТЕ... >

Грмеше. Многу силно грмеше.


И светкаше, исто така. Времето беше баш
онакво какво што јас сакав секогаш да биде – мрачно.
Една посилна грмотевица успеа да ме разбуди.
Во собата беше темно. Изгледа снемало струја.
Така си помислив, де.
Ми го немаше мобилниот. Не се сеќавав каде го бев
ставил, но, после едноминутно размислување, сфатив
дека со него последен пат разговараше Клаудија со...
Клаудија?
Па каде е таа, по ѓаволите?
Скокнав од фотелјата и поспано се тетеравев до
аголот од вратата на спалната, каде што стоеше
прекинувачот. Го стиснав и дознав дека всушност не
снемало струја. Тоа била само луда претпоставка. Се
стемнило.
Собата се осветли цела.
Си ги триев очите трудејќи се убаво да се
расонам, па почнав да разгледувам наоколу.
Се штрекнав. Како струја да ме удри изгледав.
Клаудија на беше на подот!
Го немаше телото на мојата драга!
Телото?
Нема шанси!
Нема шанси да сум дозволил да ја убијам мојата
драга!
Сатенот, картичката, розата и листовите од
роза, перничето во форма на срце, свеќите... Ништо не
беше онаму каде што беше пред да заспијам. А не
можев да се сетам ниту кога сум заспал.
На масата стоеше само шампањот и двете
високи кристални чашки. Празни, се разбира. И суви,
исто така.
Не сме пиеле. Значи, не сум бил пијан.
На подот, покрај фотелјата, преобрната лежеше
проѕирната стаклена чинија. Празна.

263
Покрај неа, пак, имаше лочка. Се наведнав за да
ја допрам. Околу мене труеше на јагоди.
Во чинијата имаше јагоди, се сетив.
Се сетив дека на Клаудија ѝ се слоши, дека се
онесвести и дека... Умре.
Се сетив дека ја убив мојата драга, Клаудија.
Но, нејзе ја немаше никаде во собата.
Отидов до спалната – и таму ја немаше.
Кога се вратив назад, во дневната, сфатив дека
сум пропуштил голем детаљ: на местото каде што
требаше да биде телото на мојата драга, стоеше едно
парче хартија на чија средина стоеше испишано кратко
парче текст.
Го подигнав внимателно, и набрзина го
прочитав. Механички.
Некако не успеав да го разберам, да го
протолкувам. Беше напишано мистично, таинствено,
шифрирано беше тоа писмо. Исто како мојата драга.
Почнав да плачам, да лелекам и да се тресам кога
видов за кого е адресирано тоа писмо:
За единствениот кој знаеше како да ме сака.
Плачејќи, шарав со погледот насекаде по
листот, за да се уверам дека писмото е ...
(Погледот ми застана на дното од писмото)
...Од Клаудија.
Сувиот бакнеж од црвен кармин на самиот агол
од листот, ме потсети на времето кога ја сакав.
Неа.
Мојата драга.
Клаудија.
Не знаев дали сум сонувал, или навистина сум
бил жив.
Нашиот заеднички живот за миг се претвори во
еден сладок, необичен сон.
Единствено писмото можеше да биде доказ за
нашето постоење.
За нас.
За нашата љубов.
За Добрин и Клаудија.

264
Погледнав на часовникот во радиото: уште една
минута, па полноќ. До радиото висеше календарот.
Сѐ уште беше...
...ПРВИ СЕПТЕМВРИ.

265
Ти си срце.
Ти си едно големо срце.
Ти благодарам за сѐ.
Ти ме научи што е тоа љубов.
Само ти знаеше да ме сакаш онака како што
сакав да ме сакаат.
Само ти го имаш клучот од моето срце, само ти
и никој друг.
Помеѓу мене и тебе постои нешто друго, нешто
повеќе... Нешто што не може да се опише, ама сепак
постои. Добрине...
...Знам дека не сакаше да го направиш ова. Беше
премногу изнервиран, и тоа го знам.
Те лажев, признавам.
Но, не грижи се, не сум заљубена. Оној кој е со
мене...Тоа е така затоа што морам. Не прашувај ме
зошто, меѓутоа, морам... Навистина морам да сум со
него. И убаво ми беше, не велам не.
Лажев и во врска со јагодите. Јас нив ги сакам.
Глумев дека ми се гади од нив.
Зошто ми даде отровна јагода, Добрине, зошто?
Навистина ли сакаше да ме убиеш?
Сега сум во рајот. Прекрасно е овде.
Те гледам и ти мавтам качена на едно облаче.
Неописливо е чувството да се биде дел од едно
вакво место. Не е ниту приближно исто како она
кое што вие мислите дека е.
Добрине, не грижи се: јагода од јагода не може да
умре. Јагода твоја бев, зарем не?
Те са.... :$ Ма не е важно...
П.С.
Патем, овде сретнав едно прекрасно момче.
Ми личи на тебе. Срце е. Голем емотивец.
Се надевам дека нема да ми се лутиш што ќе
пробам да бидам со него. Така ќе можам да ти ја
возвратам љубовта, барем некако да се потрудам во
тоа.
Се вика Ноно.

Со љубов,
Клаудија.
266
267
268
269
270

You might also like