ОДА НА ТАГАТА (препев од ОДА НА РАДОСТА) – за хор – револтирани
граѓани
Граѓани на Штип сме ние,
Душички измачени. Измами и лаги нас на глава ни се качени! Секој ден чекаме ние нас некој да не вработи, Секој ден се молиме и недели и саботи. Само да имаме лебче Нормален живот сакаме А во ѓубре паѓаме За џабе комунално плаќаме! Молиме, сакаме правда од нашио градоначалник Ама Мара не не пушта кај него да влеземе!
Мислат многу богати сме а ние сме сиротиња,
Колку сме си бедни толку плитка не е Отиња. Центар сме на Истокот ние во мила Македонија, Арно ама живот беден други ни поклонија. Градат нешто, само за чалам и за на телевизија А од секој наш ден тие земаат провизија! Пееме, викаме гласно, дремеме во чекалница, Ако не не примат , тогаш, правец – во Брегалница! Секој ден на фејсбук коментираме на постови Гладни сме а тука градат разно-разни мостови. Не сме ние задоволни вака, сакаме малку промени! Жива среќа градот пркна од странските студенти. Кој знае што ли не` чека, дај Боже да не скренеме, Уште малку време и востание ќе кренеме! Кој шо пее – зло не мисли, па, ете, сега пееме, Шо ли друго ќе остане освен да се смееме?