Download as rtf, pdf, or txt
Download as rtf, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Самонасловениот деби албум „Мизар“ бил снимен во 1988, со тогашните членови на

групата: Горан Таневски (вокали), Горазд Чаповски (гитара), Борис Георгиев (тапани), Сашо


Крстевски (бас гитара) и Катерина Велјановска (клавијатури). Продуцент на албумот бил Горан
Лисица-Фокс. Албумот го донел незаборавниот хит „Девојка од бронза“, а освен сопствените
песни, на албумот се нашла и преработката на македонската народна песна „Зајди, зајди“, на
албумот насловена како „Златно сонце“. Покрај ова, групата сними многу демо-снимки, а
некои од нив се мошне различни од студиските, како на пример пократката верзија за "Градот
е нем", која за разлика од студиската, е снимена само на Македонски јазик. Во 1991 следел
вториот албум „Свјат Dreams“ кој ја донел необичната обработка на "Sweet Dreams"
од Јуритмикс, обработката на народната „1762 лето“ и песната „Дом“ на Ристо Вртев, првиот
пејач на Мизар, денес лидер на Архангел. По снимањето на албумот, групата ја напуштил
пејачот Горан Таневски, кој бил заменет од пејачката Нора. Со Нора е снимена и последната
песна на Мизар - "The Fog", која всушност претставува преработка на песната "Магла", од
првиот албум. Кон крајот на 1991 престаналаа со работа. Тогаш, Таневски се посветил на
организација на концерти, Каевски ја обновил својата група Cyborg, a Чаповски заминал за
Австралија каде што во 1993 ја основал Кисмет, продолжение на Мизар.

По објавувањето на неколку албуми, Чаповски во 1999 се вратил во Македонија и продолжил


да работи со Кисмет, кој заедно со него, бил сочинуван од Илија Стојановски (бас гитара)
и Стефан Поповиќ (тапани). Тие го поттикнале снимањето на дискот „Tribute To Mizar“ (2001)
на кој песните на Мизар биле обработени од македонски алтернативни групи како: Ден
потоа, Синијак, Music Makers, Ataraxia, No Name Nation, Мајаковски, Brainless Genius и
други. Lithium Records во почетокот на 2003 на компакт дискови ги ре-издала првите две плочи
на Мизар, дополнувајќи ги со претходно необјавени демо и концертни снимки.

You might also like