Professional Documents
Culture Documents
06-10.04.2020 IV Odd. Angliski Jazik
06-10.04.2020 IV Odd. Angliski Jazik
06-10.04.2020 IV Odd. Angliski Jazik
Скопје Велковска
Одд. IV a/б Дата: 07.04.2020
Наставна единица: Повторување за искажување на време
Цели:
Учениците да умеат
- да кажат колку е часот според гледање на сликичките
- да го прочитаат текстот со дадени фрази за време
- соодветно да ги применат прилозите за време (in-за дел од денот,at-во точно
определено време)
- да опишат како Масид го поминува денот (проект)
Задачи:
Учениците да го слушаат текстот од вежба 1, стр.66, аудио 62, папка бр.2. Се
обидуваат да го прочитаат текстот првин сами и да го преведат, а потоа да ги
подвлечат фразите за време на пр. She gets up at eight o’clock every morning. A, потоа да
ги напишат речениците за Хелен според дадениот пример и сликата од часовникот.
На пр. Helen gets up at eight o’clock. Како и да ја нацртаат малата стрелка на сликата
за да часовникот покажува точно 8 часот.
Следна ја решаваат вежба 2 од истата страна со тоа што ќе одговорат на прашањата
со знакот за точно и неточно.
Во вежба 3 треба да ги напишат речениците со користење на Сегашно просто време
(Present Simple Tense), како и прилозите за време (in,at). Нека го следат дадениот
пример Cindy gets up at six o’clock in the morning.
Вежба 4 е проект во кој треба да напишат краток текст за тоа како изгледа еден
обичен ден на Масид(лик од учебникот). Во вежба 6 стр.67 ги има сите потребни
информации.
Вежба 5 е брзозборка(аудио 63, папка бр.2). Ја слушаат, а потоа сами се обидуваат да
ја изговорат најбргу што можат без грешка.
ОOУ ,,Вера Циривири – Трена’’ Наставник: Кристина Николовска-
Скопје Велковска
Одд. IV а/б Дата: 09.4.2020
10.04.2020
Наставна единица: Повторување на деновите од неделата, Present Simple Tense и
пеење на песничка
Цели:
Учениците да умеат
- да ги напишат и усно изговорат деновите од неделата
- да напишат граматично точни реченици во Present Simple Tense
- да ја разберат и научат песничката This is the Time I Go to School
Задачи:
Учениците прво да се потсетат како се применува Сегашно просто време(со нагласок
на потврдни реченици во 3 лице еднина) со гледање на ова кратко објаснување на
youtube од eduino платформата:
https://www.youtube.com/watch?v=dohIsWoYfe8&feature=youtu.be
Потоа ја решаваат вежба 6 на стр.67 следејќи ја табелата со реченици за тоа што Масид прави во
текот на неделата.(Во оваа вежба ги има податоците потребни за изработка на проектот)
Следна вежба е 7, стр.67 . Ја слушаат песната This is the Time I Go to School –Ова е времето
кога јас тргнувам на училиште.Потоа се обидуваат да ја преведат и да ја научат да ја пеат
со помош на текстот во учебникот.
ЗАБЕЛЕШКА: Откако ученикот ќе ги реши вежбите, Ве замолувам да ги сликате/скенирате, кој
како е во можност и да ми ги пратите решените вежби на овој меил:
kikinikolovska92@gmail.com. Ова сè вежби за 3 часа од оваа работна недела 06.04.2020-
10.04.2020. Меилот треба да ми го пратите најдоцна до следниот понеделник (13.04.2020), со
subject- име и презиме на ученикот одд.и работна недела. Потоа ќе добиете следни задачи за
наредните 3 часа, а јас ќе Ви вратам повратен одговор за решените задачи.
Со почит,
Кристина Николовска-Велковска