Складирање PDF

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 13

Складирање

Основни задачи на складирањето се зачувување на квалитетот и масата на


производот, а доколку е можно, и подобрување на неговиот квалитет. Складирањето
претставува прилично сложен технолошки процес кој бара стручна оспособеност на
сите учесници вклучени во организацијата и извршувањето на активностите во
рамките на самиот технолошки процес како и во процесите на одржување на опремата
и самите постројки. По извршениот прием и подготовка, зрното се складира, кое
временски може да трае неколку месеци, а во одделни случаи, дури и неколку години.
Од факторите кои имаат најголемо влијание врз правилното складирање се влажноста
и температурата. Под влажност се подразбира како содржината на влага во зрното така
и содржината на влага во околната средина. Сувата материја во зрното и водата
претставуваат динамичен систем во кој водата, во зависност од надворешните услови,
се апсорбира или десорбира, односно зрното се влажи или се суши. При одредено ниво
на релативна влажност на воздухот во зрното се случува рамнотежа, т.е. количината на
вода која се апсорбира е еднаква на количината на вода која испарува. Зрнестата маса
се смета за сува доколку процентот на вода што таа го содржи е под критичното ниво,
меѓутоа треба да се има предвид дека одделни зрна имаат прилично невоедначена
влажност, што може да претставува сериозен проблем во текот на складирањето
доколку не се преземат соодветни мерки.

1. ПРИПРЕМНИ АКТИВНОСТИ

Во насока на оптимизација на приемната контрола, согледување на квалитетот на


производот кој треба да биде складиран, прелиминарно одредување на местата за
складирање на зрнестите култури во самото складиште како и согледување на бројот
на потребните ќелии (комори) за складирање на културите по класи и квалитет,
пожелно е складиштата, доколку е можно, да извршат припремни активности кои им
претходат на пристигање на зрнестите култури на прием и складирање. Овие
активности опфаќаат:

- земање примероци од производот на терен и претходна анализа доколку се


работи за превземање на производ од друго складиште;
- преджетвена контрола на квалитетот кога се работи за прием на нов род од
зрнестите култури;
- донесување на оперативен план за прием на зрнестите култури.

2. ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДОТ ВО СКЛАДИШТАТА

Во насока на успешна реализација на прием и складирање на зрнестите култури по


квалитет, складиштата треба да обезбедат обучени работници и соодветен надзор во
клучните точки во процесот на прием и тоа:

- земање примероци (мостри) од зрнестите култури пристигнати за складирање;


- утврдување на показателите на квалитет релевантни за конкретната зрнеста
култура;

- дефинирање на местата и начинот на складирање за секоја од пристигнатите


партии;

- утврдување на количината;
- усмерување и прием во складишниот простор.

Од земениот примерок на пропишан начин се формираат подпримероци и тоа:


а) еден за утврдување на квалитетот при прием;
б) еден кој се предава на производителот (депонентот, кој ја остава робата)
в) еден кој се чува во складиштето.

Доколку е потребно се формираат дополнителни примероци. Во насока на


остварување на максимална доверба помеѓу производителот (депонентот) и
складиштето, се препорачува примероците да се формираат во присуство на
производителот. Од формираните подпримероци еден се доставува до приемната
лабораторија за утврдување на квалитетот, а останатите два се означуваат на
идентичен начин и се пломбираат. Од двата формирани подпримероци се препорачува
производителот да го избере оној што го сака и го задржува за себе.

Пломбираните примероци кои остануваат во складиштето се чуваат во соодветна


просторија (ладна и сува) за време кое е дефинирано во договорот за складирање
помеѓу складиштето и депонентот. Ако во дефинираниот рок депонентот, кој може да
достави приговор во поглед на утврдениот квалитет на производот, не бара
суперанализа на примерокот, се смета дека превземениот производ е без приговор. По
истекот на периодот предвиден за чување, се пристапува кон расходување или
уништување на примерокот. Постапката за рекламација и рокот за рекламација мора
да бидат истакнати на приемното место. Доколку депонентот не е согласен или се
сомнева со резултатите од испитувањата, може, на свој трошок, да ангажира друга
контролна компанија или акредитирана лабораторија, за проверка на подпримерокот
кој е земен и формиран при прием на робата.
Во случај на несогласување на резултутатите добиени од повторената анализа со
тие добиени при приемот и неможноста за постигнување на согласност помеѓу
депонентот и складиштето, се пристапува со анализа на примерокт оставен за
суперанализа во акредитирана референтна лабораторија. Трошоците за суперанализата
ги сноси страната чии вредности од анализата не се во согласност со вредностите
добиени при суперанализата.
Во процесот на земање примероци од големо значење е да се оствари следливост на
сите потребни податоци за земјоделскиот производ, резултатите од испитувањата на
квалитетот, измерената количина, формираните подпримероци како и начинот и
местото на складирање на примената зрнеста култура. Најпогоден начин за ова е преку
воведување на приемен картон со однапред отпечатени сериски броеви кои
овозможуваат еднозначно поврзување на сите наведени податоци.

2.1.Чистење од примеси

Главна активност во силосите по приемот на зрнестите култури е да се издвојат


грубите примеси. Како резултат на тоа, машините за грубо чистење на зрнестата маса
се дизајнирани со релативно груби отвори на ситата и другите соодветни елементи,
како би го спречиле загушувањето на зрната при протокот. Аспирацијата и ефикасниот
систем за собирање на прашината се од примарно значење за отпрашување на
зрнестата маса и елиминирање на опасноста од експлозија. Заедно со зрнестата маса,
во силосните ќелии можат да преминат и сите видови на стран материјал. Грубите
примеси можат да ги оштетат уредите за чистење и транспорт. Претходното (грубо)
чистење претставува прв степен во издвојување и отстранување на грубите и крупни
примеси, на делумно издвоените и отстранети ситни примеси, додека лесните примеси
се издвојуваат и отстрануваат по пат на аспирација. Во силосите, за грубо чистење на
зрнестата маса најчесто се користат силосни аспиратори од раличен тип, ротациони
пречистувачи како и магнетни сепаратори.
Текот на процесот на чистење се одвива на следниов начин:
a) Сувата зрнеста маса со примеси, од транспортните возила се прима во
приемниот кош. Од примениот кош, со помош на транспортни ленти или други типови
на транспортери и елеватори, масата се подига во машинската куќа над аспираторот и
оттука по слободен пад доаѓа на чистење во силосниот аспиратор (слика 4 и 5).

Слика 4. Силосен аспиратор Слика 5. Шема на силисен аспиратор: 1. зрнеста


култура со примеси; 2. крупни примеси; 3. лесни
примеси; 4. прочистена зрнеста маса; 5. поситни
примеси

Исчистената зрнеста маса по слободен пад доаѓа до кофичест елеватор, кој ја


подига до највисоката точка од машинската куќа. Од елеваторот по слободен пад се
пренесува до соодветен хоризонтален транспортер, најчесто транспотртна лента, со
чија помош се усмерува на складирање во силосните ќелии.
При тоа, проаѓа низ разделна глава во која се
поставени цевни магнети (слика 6) за издвојување
на металните примеси. Складирањето се врши во
ќелии на бетонски или метални силоси. По
чистењето, а пред полнење на силосните ќелии, се
зема примерок од масата за лабораториско
испитување.
б) Влажната зрнеста маса, од транспортните
Слика 6. Цевен магнет
возила се прима во приемниот кош. Од примениот
кош, со помош на транспортни ленти или други типови на транспортери и кофичести
елеватори, зрнестата маса се упатува на ротациски предчистач или силосен аспиратор
предвиден за чистење на влажните зрна, а понатаму во тампон ќелии. Од тампон
ќелиите масата се упатува на сушење.
в) Исушената зрнеста маса, од сушарите преку транспортен систем се упатува на
аспиратор и понатаму на складирање, како и природно сувата зрнеста маса.

2.2.Сушење

Во процесот на сушење,
содржината на вода во зрнестата маса
се сведува на ниво кое обезбедува
долготрајно и безбедно складирање. За
организација на работата на сушарата
(слика 7), неопходно е да се обезбеди
доволна количество погонско гориво за
нејзина континуирана работа. Лицата
(оператори) кои управуваат со работата
на сушарата перманентно треба да
внимаваат на односот помеѓу
темпратурата на сушарата и брзината
на движење на зрнестата маса низ
сушарата, со цел да се постигне
сушење до оптимална влажност со
Слика 7. Сушара за зрно
минимална потрошувачка на гориво и
минимално оштетување на зрнестата маса, како резултат на дејството на високите
температури, односно како резултат на пресушување. Сушењето на зрнестите култури
до содржина на вода под складишната влажност претставува неповратна економска
загуба, како заради неоправдано отстранетата вода, така и заради потрошената
енергија, односно зголемената опасност од пресушување и кршење на зрната. При
неадекватно сушење, на зрната се јавуваат пукнатини кои ја зголемуваат нивната
подложност на микробиолошки расипувања. Оттука, при постапката на сушење мора
да се водат прецизни записи, за што по правило е одговорен технологот во
складиштето.
2.3.Мерки за зачувување на квалитетот на зрнестата маса

Во насока на зачувување на квалитетот, количината и општата состојба на


складираната зрнеста маса, се применуваат соодветни технолошки операции како:

- елевирање на зрнестата маса со или без фино чистење;


- активна вентилација;
- ладење;
- чување во инертна атмосвера;
- чување со додаток на хемиски инертна прашина

Елевирањето е процес на префрлање на складираната зрнеста маса преку систем


на внатрешни транспортни уреди од една силосна ќелија во друга, со или без
пропуштање на зрнестата маса низ силосни аспиратори заради фино чистење на зрната.
По правило, складираната зрнеста маса, доколку нема потреба од интервентно
елевирање, се елевира 3 до 4 пати годишно. При самата постапка, на зрнестата маса и
се снижува температурата, и се изедначува влажноста, се аерира, и и се отстрануваат
евентуално формираните страни мириси. За овие ефекти да се постигнат во целост,
неопходно е елевирањето да се практикува само кога временските прилики се поволни
за изведување на оваа технолошка мерка, првенствено кога влажноста на воздухот е
ниска и кога нема врнежи.
Активна вентилација на складираните зрнести култури се применува во силоси
опремени за реализација на оваа технолошка операција, со цел одржување на
физичката состојба на зрнестите култури на подолг период на чување. Во текот на
вентилацијата мора да се води сметка за количеството на присутен стран материјал во
силосната ќелија. Плевите и примесите влијаат на протокот на воздухот низ зрнестата
маса, при што влагата од плевелните семиња може да се пренесе во складираното зрно.
Релативната влажност и температурата на воздухот се важни за одредување на
должината и условите за изведување на вентилацијата.
Ладење на складираната зрнеста маса се изведува со вдувување на изладен воздух
во долниот дел од ќелијата за складирање. На пазарот се достапни стационарни и
преносни уреди наменети за ладење и вдувување на ладен воздух. При употреба на
овие уреди, зрнестите култури со висока содржина на вода можат да се складираат и
подолго време. Изладениот воздух одреден број саати во период од неколку месеци
континуирано се пушта низ зрнестата маса, постапка која зависи од големината на
ќелијата, содржината на вода во зрнестите култури, атмосверската температура и други
локални фактори. Кога атмосверскиот воздух се олади на околу 8 0C, дел од влагата од
воздухот се кондензира во уредите за ладење. Складиштата кои не располагаат со
уреди за ладење можат да ја снижат температурата на зрнестата маса за 0.5 – 1 °C со
примена на класичен начин на елевирање и аспирација во силосите.
Складирањето во инертна атмосвера се применува при долготрајно чување на
зрнестите култури, како би се успорил процесот на активност на инсектите. Како гас се
користи обичен азот кој ги лишува инсектите со кислород и кој може да остане во
складираната зрнеста маса подолг временски период.
Хемиската инертна прашина, со големина на честички од 1 μm или помали, се
однесува како десикант – ја впива влагата и ги убива инсектите. Оваа прашина лесно се
отстранува во постапката на чистење на зрнестите култури, а може да се набави по
многу прифатливи цени.

Складирање на сончогледот

Сончогледовото семе се доставува во силоси или големи подни складишта со


различна содржина на влага (16 – 18%) која зависи од процентот на масло, и пред
складирање задолжително се суши во сушари и се чисти од примеси. Складишниот
простор мора да има добра термичка и хидроизолација, обезбедена вентилација како и
инструменти за мерење на температурата на семенската маса. Оптималната складишна
влажност за сорти/хибриди кои содржат до 44% масло е 6,9%, додека за сорти/хибриди
со поголем процент на масло (47%), складишната влажност треба да биде максимално
6,5%. Доколку влагата во сончогледот се зголеми над оптималната, се активираат
ензимски процеси кои резултираат со зголемување на содржината на слободните масни
киселини т.е. доаѓа до ужегнатост на семето.
За маслодајните култури постојат формули со чија помош може да се одреди
влагата во семето за нивно успешно чување. Тоа се:

14 x Z
𝑉=
100

каде:
V – гранична количина на влага (%);
Z – 100 - количина на масло (%);
14 – стандарден коефициент

За сигурно одредување на складишната влажност се применува формулата:

16 x (100 − U)
𝑉= − 2
100

каде:
V – горна граница на складишната влажност (%);
U – количина на масло во апсолутно сува семе (%);
16 – стандарден коефициент.

Во текот на складирање на сончогледот мора секој месец да се земаат примероци и


да се анализира присуството на инсекти во нив. Во складиштата со сончогледово семе
можат да се јават разни тврдокрилци (Coleoptera) – Tribolium castaneum Herbst,
Ahasverus advena Walt., како и претставниици од Psocoptera од родот Liposcelis.

1. КЛАСИФИКАЦИЈА НА СКЛАДИШТАТА

Класификацијата на складиштата за зрнести култури можа да се изврши на


различни начини. Истите се делат според:

- типот на конструкцијата на складиштата;


- видот на материјалот од кое е складиштето е направено;
- намената и функцијата;
- локацијата и местото во ланецот на производство, промет и претаботка
- зрнестите култури кои се складираат

Силосите денес се најчесто употребувани објекти за складирање на зрната (слика


9). Истите претставуваат комплексни индустриски објекти со сложена опрема и
инсталација чија улога е зрнестата маса не само да се складира, туку и да се доработи,
зголемувајѓи ја нејзината пазарна и технолошка вредност. Современите силоси
претставуваат комплекс сочинет од силосна ќелија, машинска куќа и бункери. Покрај
тоа, во склоп на силосите присутни се и сушари. Силосите се градат од пластика, метал
или армиран бетон.
Функционално се состојат од три дела:

- тело на силосот со различен попречен пресек во форма на круг, квадрат,


правоаголник, шестоаголник или некој друг многуаголник. Пречникот или
некоја друга најголема димензија на попречниот пресек е 6 m и повеќе.
Висините се различни што зависи од експлоатациските потреби, но не се
повисоки од 50 m;
- надсилосна галерија снабдена со транспортери за довод на зрнеста маса и за
рамномерна дистрибуција за зрната во ќелијата, и
- подсилосна галерија со отвори са истекување на зрнестата маса.

Силосните ќелии можат да бидат округли, квадратни или шестоаголни, но најчесто


се округли. Пречникот на ќелијата најчесто е помеѓу 5 и 8 m, иако постојат ќелии со
помали, како и со значително поголеми пречници, меѓутоа ваквите силоси многу
поретко се градат. Висината на ќелијата најчесто изнесува од 20 до 40 m.
Ограничувачки фактор на висината е носивоста на земјиштето. Иначе, со висината
расте и економичноста на изградбата.
Повеќе силосни ќелии сочинуваат батерија. Силосот може да содржи една или
повеќе батерии кои моажат бидат разместени на различни начини.

2.4.Класификација според видот на материјалот од кое складиштетото е


изградено

Силосните ќелии можат да бидат:

- армирано-бетонски конструкции, или


- челични конструкции.

Најчесто се употребуваат армирано-бетонски силоси заради добрите


термоизолациски, статички и други карактеристики (слика 10), додека за помали
капацитети се прават силоси од челична конструкција кои се поевтини, но со
евидентни недостатоци, како што се перманентната потребата за одржување и лошите
термоизолациски карактеристики. Во споредба со бетонските, челичните ќелии многу
побрзо и поевтино можат да се вклучат во користење.
Најголема примена имаат армирано-бетонските силоси со монолитна конструкција.
Се одлкуваат со тоа што во нив не се кондезира влага, а температурните промени се
одвиваат полека низ ѕидовите на бетонските ќелии. Ѕидовите од армиран бетон
обезбедуваат топлотна изолација 1000 пати поголема отколку ѕидовите на челичните
ќелии. Иако трошоците за одржување на бетонските силоси се значително помали,
трошоците за нивна изградба се три пати поголеми од трошоците за изградба на
металните ќелии.
Најважен недостаток на челичните силоси е тоа што ѕидовите на ќелијата се добри
спроводници на топлина. Промените на надворешната температура се пренесуваат на
зрната кои многу лесно може да се расипат доколку се складираат на подолго време.
Челичните ќелии исто така се подложни на кондезирање на влага со што ја зголемуваат
содржината на вода во надворешниот слој од складираните зрна.

2.5.Класификација на складиштата според намената и функцијата


Во зависност од организацијата и функцијата, силосите можат да се поделат во 4
групи:

- силоси за прием на зрната после жетва;


- собирни силоси, од каде зрната се депонираат кон потрошувачките центри или
извозните пристаништа и истите имаат транзитен карактер;
- претоварни пристанишни силоси, експортни и импортни силоси со големи
капацитети;
- силоси за преработувачките капацитети (млинови, фабрики за добиточна храна
или маслодајни фабрики). Карактеристиката на овие силоси се високите
манипулативни можности, големиот број на складишни единици (ќелии), како
би можело да се формира најпогодната мешавина за преработка.

2.6.Класификација според локацијата и местото во ланецот на производство,


промет и преработка

Според местото во ланецот на производство, прометот и преработката, складиштата


за зрнести култури се делат на:

- привремени складишта;
- складишта/силоси на фарми;
- индустриски силоси;
- претоварни трговски силоси;
- големи силосни комплекси
3. САМОЗАГРЕВАЊЕ НА ЗРНЕСТАТА МАСА ВО
СКЛАДИШТАТА

Под поимот самозагревање на складираната зрнеста маса се подразбира


зголемување на температурата на зрната како резултат на разни физиолошки процеси.
Физиолошките процеси се од егзотермен карактер, ослободената топлина се акумулира
бидејќи зрнестата маса е лош проводник на топлина и условува релативно брзо
зголемување на температурата. При самозагревање, температурата може да достигне
55 – 65 0С, а во исклучителни случаи и 70 – 75 0С. Зрнестата маса претставува сложен
повеќекомплексен систем сочинет од доста живи компоненти (зрна на основната
култура, зрна од други култури, примеси, инсекти, глодари, микрофлора), кои влијаат
врз физиолошкитеа и микробиолошките активности. Несомнено, зрнестата маса која е
повеќе контаминирана со коровски примеси, штетници и микроорганизми, е
поподложна на самозагревање. Директни причинители на самозагревањето се сите
животни процеси кои се одвиваат во зрното и зрнестата маса: биохемиските процеси
(дишење на зрната), развој на микроорганизмите и активност на инсектите. За сите
овие процеси карактеристично е издвојување на топлина, а последица е зголемување
на температурата на зрнестата маса.
Постојат различни форми на самозагревање
Локално жариште т.е. појава на самозагревање на одделни делови од
складираните зрна се јавува заради:

- влажење на партијата зрна како резултат на лошите хидро-изолациски ѕидови на


складиштето;
- влажење од директни атмосверки влијание (дожд, снег) низ отворите за истовар
на зрната;
- формирање маса во складиштата со исклучително зголемена содржина на
примеси и искршени зрна како резултат на самосортирање

Самозагревањето на одделни слоеви се случува во сите складишта независно од


нивната конструкција и тоа во вид на хоризонтални и вертикални слоеви. Овие слоеви
никогаш не се појавуваат во централната зона на складираното зрно, а се формираат
како последица на преносот на влагата и топлината во зрнестата маса која е складирана
на подолг рок во променливи климатски услови.
Самозагревањето на целата складирана зрнеста маса се јавува како краен вид на
самозагревање на оддлените слоеви. Самиот процес има неколку карактеристични
фази:
Почетната фаза се карактеризира со значително зголемување на бројот на
колониите микроорганизми, особено на бакетриите и габите. Појавата е поизразена
кога зрното е повлажно бидејќи истото претставува идеална средина за развој на
габите од родовите Alternaria, Aspergillus и Penicillium. Со својата активност габите ги
разрушуваат површинските слоеви на зрната, создавајќи услови не само за свое
интензивно размножување, туку и за развој на други видови. Преку дишење тие
развиваат одредена количина на топлина и со тоа ја зголемуваат температурата во
масата зрна.
Развојната фаза се одликува со понатамошно зголемување на бројот на колонии, а
со тоа и зголемување на топлината, од каде температурата на зрната се покачува на 30
– 38 0С. Значително се намалува порозноста на зрнестата маса, се јавуваат потемнети
зрна, и од складиштата се осеќа мирис на распаѓање.
Кулуминација е фазата кога температурата на зрнестата маса достига 40 – 50 0С.
Овие услови воглавно се неповолни за понатамошна активност на габите па бројот на
нивните колонии се намалува (изумираат), меѓутоа наместо нив се јавуваат
термофилни бактерии. Порозноста на зрнестата маса е нарушенa, а мирисот на труење
и распаѓање станува поинтензивен.
Крајната фаза се карактеризира со понатамошно намалување на бројот на колонии
на сите микроорганизми. Масата на зрната добива кашеста структура, а по изумирање
на микроорганизмите се суши и станува цврст монолит.

3.1.Последици од загревањето и превентивни мерки

Врз основа на особините на складираната зрнеста маса и температурата, се


разликуваат три стадиуми на самозагревање. Првиот претставува полесен облик на
самозагревање кога температурата на зрната не преоѓа 30 0С. Доколку на време се
превземат соодветни мерки (активна вентилација, елевирање) практично нема промени
во квалитетот на зрната и можат да се користат за основната намена. Вториот стадиум
претставува развиена форма, со пораст на темепратурата до 38 0С и е пропратен со
промени на мирисот и бојата на зрната со влошување на нивниот технолошки
квалитет. И покрај мерките на санација, последиците по квалитетот на зрната
остануваат, па зрното станува неупотребливо. Доколку се јави во мал процент
складиштата можат ваквото зрно го мешаат со здравото, но ова не е препорачливо
заради присутвото на микотоксини како последица на микробиолошката активност.
Третиот стадиум претставува тешка форма за кој е карактеристично прилично висока
0
температура (50 С и повеќе), зрното во потполност ги губи биолошкиот и
технолошкиот квалитет и станува неупотребливо.
Заштитените мерки за сузбивање на самозагревањето зависат од опременоста на
складиштата и степенот на зафатеност и опфаќаат:
- снижување на влагата и на температурата (сушење и продувување со ладен
воздух);
- секојдневна контрола на складираната зрнеста маса и нејзино елевирање;
- мерки за подобрување на хидроизолацијата и топлотната изолација на
складираните објекти.

You might also like