Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС И ЛОГИСТИКА-ГЕВГЕЛИЈА


СМЕР: БИЗНИС AДМИНИСТРАЦИЈА
ГЕВГЕЛИЈА

Проектна задача по предметот


Претприемништво

Тема
РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКА ИДЕЈА
Слаткарница - Gerbeuad

Ментор: Изработил:
Д-р Марија Магдинчева Шопова Jован Тушевски
Бр.на индекс:173776

Гевгелија,Декември2013
СОДРЖИНА

1.Вовед.......................................................................................................................4

2.Планирање и подготовки пред започнување со сопствен бизнис......................5

3.Извори на информации за посакуваниот бизнис................................................5

4.Подготвителни истражувања (SWOT анализа)....................................................5

5.Проектирање на новиот бизнис............................................................................6

5.1Проектирање на деловниот план.......................................................................6

5.2Анализа на услужната стратегија.......................................................................6

5.3Анализа на пазарната стратегија.......................................................................6

5.4Анализа на трошоците на работењето...............................................................7

5.2Проектирање на акционите планови...................................................................8

5.2.1 Мапа на активности за маркетинг стратегија.................................................8

5.2.2Мапа на активности за извршување на услуги................................................8

5.2.3Мапа на активности за обезбедување на ресурси..........................................8

Заклучок .....................................................................................................................9

Прилози....................................................................................................................10

Користена литература.............................................................................................11
Резиме
Мојата бизнис идеја се однесува на отварање на слаткарница во Валандово,
која ке им служи на лугето да се насладат со вкусните слатки.Услугите кои ке ги
нуди слаткарницата се најразлични видови на слатки,лимонада,боза,алкохолни
и безалкохолни пијалоци и достава на слатки до куќата на
потрошувачите.Претпријатието ке има одличен ентриер но исто така има и
прекрасна летна бавча која ке може да се користи само во пролет и
лето.Претприемачот на овој бизнис е Јован Тушевски.
Мојата претприемничка идеја ке се реализира со тоа што ке изнајмам простор
за кој секој месец ќе плаќам кирија од 200 евра.И 15 000 евра од сопствени
заштеди за реновирање на просторот и отпочнување со работата.Сега следува
деловниот план кој ќе вклучува анализа и истражување на пазарот,анализа на
услужната стратегија,анализа на пазарната стратегија,анализа на трошоците
на работење и проектирање на акционите планови.
1.Вовед
Во Валандово мислам дека има потреба од уште една помодерна слаткарница
која ќе нуди подобри услуги од веќе постоечката.Па затоа јас се одлучив да
изнајмам простор и ја реализирам мојата идеја.Слаткарницата спаѓа во
услужни дејности.Ке има убаво реновиран простор за во зима додека пак во
лето луѓето ке можат да ги вкусат вкусните слатки во летната
тераса.Слаткарницата ќе има келнер кој ке ги служи клиентите.Како
претприемач високо сум мотивиран да создадам да создадам слаткарница и да
ги задоволам потребите од вкусни слатки на потрошувачите.Сопстевник на овој
бизнис е Јован Тушевски кој со помош на сопствени финасиски средства од 15
000 евра лична заштеда ке биде реализирана оваа претприемничка идеја.

4
 2.Планирање и подготовки пред започнување со сопствен бизнис

Локацијата на која ќе се наоѓа Слаткарницата ќе биде до сендвичарата „Фреш“


и Lunch Bar Легиноер Стојмир односно во центарот на градот.Местото каде што
ке се наоѓа слаткарницата е поранешен супермаркет Ченчер.Откако го зедов
просторот го реновирав целосно ентериерот и купив маси и столови за идните
потрошувачи.Ангажирав стручен човек кој ми помогна во декорацијата на
слаткарницата за таа да изгледа ултра модерно.Ке има вработено 2 келнери 1
хигиеничар и јас.Ке работи во 2 смени.Првата од 8 часот наутро до 14 часот,и
од 16 до 22 навечер.Ке има најразлични видови на слатки и торти кој досега ги
немаше во Валандово и исто така слаткарницата ке нуди
боза,лимонада,безалкохолни и алкохолни пијалоци.

3.Извор на информации за посакуваниот бизнис

Информациите за мојот бизнис се добиени преку спроведување на анкета врз


жителите на општина Валандово.
Анкетирани се 1000 жители од кои 850 рекоа дека е потребно ваква работа
бидејќи истите слатки сегашната слаткара ги продава веќе 20тина години а
останатите 150 рекоа дека немора ваква работа но тие претежно беа луѓе над
50 години.Спроведов истражување за тоа какви услуги нуди и другата
слаткарница и луѓето не се баш најзадоволни од услугите кој ги нуди таа и од
покачените цени на слатките поради тоа што немаат конкуренција.

 4.SWOT Анализа

Јаки страни
Локацијата ни на строгиот центар во градот, ке има искусни келнери, и исто
така воведувањето на новите услуги ќе ги привлечи луѓето во мојата
слаткарница и да ги вкусат вкусните слатки кој ги нудиме.

Слаби страни
Почетната слабата финасиска состојба, неискуството во работење од таков
вид на претпријатие

Можности
Доколку се остварува посакуваниот профит или доколку се надминува постојат
можности за проширување на бизнисот,односно отварање на нови слаткари во
други градови.Со ова може да станеме најпозната слаткарница во регионот.

Закани
Доколку конкуретното претпријатие ги подобри своите услуги и слабиот
стандард односно лошата финасиска состјба кај луѓето кој не сакаат да си
приуштат никаков луксуз заради тоа што немаат пари.

5
5.ПРОЕКТИРАЊЕ НА НОВИОТ БИЗНИС

 Најпогодно време за започнување на мојата бизнис идеја е летото.Односно


почетокот на летото во месец Јуни.Смета вака бидејки тогаш се враќаат сите
студенти во градот и во тоа време градот има најмногу жители па така и
потрошувачката ке биде поголема со тоа ке остварам поголем профит.

5.1Проектирање на деловен план


Со деловниот план ќе ги дефинираме општите и посебните цели на овој
бизнис,како и анализа на конкурентите и маркетинг стратегија.

5.1.1Анализа и истражување на пазарот


Од истражувањето на пазарот во врска со конкурентите,дојдов до заклучок
дека постои едно конкурентно претпријатие во нашата општина но тој не ги
нуди услуги кој го привлекуваат денешниот модерен свет.
За моето претпријатие беше спроведен анкетен прашалник врз жителите на
Валандово од најразлични старосни групи.
Поставивме повеќе прашања на кои што жителите одговорија со и ДА и со НЕ.
Прашањата беа следниве:
1.Дали мислите дека треба да се отвори нова слаткарница ?
Со ДА одговорија 80% од жителите со НЕ само 20% но тоа беа претежно лица
над 50 годишна возраст.
2.Дали сметате дека треба да има и летна тереса ?
ДА – 90% НЕ – 10%
3.Дали сметате дека слаткарницата треба да врши достава до куќите на
потрошувачите?
ДА – 85% НЕ – 15%
4.Дали сметате дека слаткарницата треба да служи и алкохолни и
безалкохолни пијалоци не само боза и лимонада?
ДА – 76% НЕ- 24%

5.1.2Анализа на услужната стратегија

Бидејки планирам да остварам поголем профит нема да работам двократно


односно во две смени туку ќе работам по цел ден за да ги задоволам барањата
на потрошувачите,и да остварам поголем профит за да можам да го проширам
својот бизнис.

 5.1.3 Анализа на пазарната стратегија

Преку оваа анализа ќе треба да се остварат предвидените општи и посебни


цели.Анализата на конкуретното претпријатие ни претставува најважниот
сегмент за опстанок во деловниот пазар.Затоа ќе биде ангажирано лице кое ќе
истражува за претприемачот да биде во тек со случувањата.Доколку
конкуретното претпријатие воведе нешто ново и почне да ги привлекува
клиентите претпријатието треба да биде во тек со случувањата и да превземе
нешто во врска со тоа.

6
5.1.4Анализа на трошоци на работењето

Трошоци за откуп на место

2400 евра годишно за кирија

Трошоци за опрема

Материјали за реновирање на слаткарницата 2000 евра

Столови и маси 500 евра

Чаши и тајнири 150 евра

Трошоци за набавка на слатки и пијалоци 1000 евра

Вкупно 3650 евра

Трошоци за вработени

Келнери 2 вработени – 200евра x 2 = 400 евра

1 Хигиеничар – 150 евра

Дизајнер – 500 евра

Вкупно 1050 евра

Трошпоци за информациони системи

1 компјутер 500 евра

7
5.2ПРОЕКТИРАЊЕ НА АКЦИОНИТЕ ПЛАНОВИ

5.2.1Мапа на активности за маркетинг стратегија

Отварањето на слаткарницата ќе се рекламира на локалното радио Валандово


ќе има направено страница на Facebook, и своја веб страна.Благодарение на
рекламата корисниците ќе бидат информирани за отварањето на
слаткарницата.Така нашите потрошувачи ќе бидат подобро информирани за
новостите кој ќе ги нуди слаткарницата.

5.2.2Мапа на активности за извршување на услуги


За претпријатието добро да ги извршува сите услуги потребно е секој да си ја
знае својата здачата.Јас ќе се занимавам со пресметување на трошоците,
келнерите ќе ги служат лугето а хигиеничарот ќе ја чисти наутро и навечер
слаткарницата.

5.2.3Мапа на активности за обезбедување на ресурси


Слаткарницата ќе дава квалитетни услуги на сите клиенти.Слатките и
пијалоците кој ќе бидат набавувани од страна на потрошувачите секогаш ќе
бидат навреме набавувани и ќе бидат со врвен квалитет за да се задоволат
очекувањета.Келнерите кој ке работат се со големо искуство од нивната област
т.е келнерството.

8
 6.Заклучок
После горе напишаново заклучуваме дека започнувањето на одреден бизнис
не е ни најмалку лесна работа.За да се биде вистински претприемач треба да
се има многу знање,да бидеш одлучен, да прифатиш ризик и многу други
работи.
Со отварање на овој бизнис јас сакам да ги задоволам потребите од благи
делакатеси на потрошувавчите но исто така сакам да ги остварам своите цели
т.е да остварам профит.За сево ова потребно е пари,знаење и многу поминати
часови макотрпно работење.
Се надевам дека ке ми се исплатат и вложените пари и потрошениот труд и
дека ке станам вистински претприемач.

9
7.Прилози

Анкетен прашалник

1.Дали мислите дека треба да се отвори нова слаткарница ?


ДА , НЕ

2.Дали сметате дека треба да има и летна тераса?


ДА , НЕ

3.Дали сметате дека слаткарницата треба да врши достава до куќите на


потрошувачите?
ДА, НЕ

4.Дали сметате дека слаткарницата треба да служи алкохолни и безалкохолни


пијалоци не само боза и лимонада ?
ДА , НЕ

10
Користена литература

http://biznisidea.wordpress.com/category/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF
%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%BE/

11

You might also like