Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Прашања :

Кога е создадена словенската писменост?


- Словенската писменост е создадена во деветти век.
Кои се причините за појавата на словенската писменост?
- Постојат два вида на причини – политички и религиозни причини. Од политички
причини словенската писменост се создала за да не се претопат словените со
другите народи, на запад да се германизираат, а на југ да се елинизираат. Од
религиозни причини словенската писменост била потребна за да се шири
христијанството на словенски јазик, бидејќи словените не го знаеле грчкиот,
латинскиот и еврејскиот.
Каде се школува Кирил?
- Кирил се школувал во Магнаурската школа, која во тоа време била најпрочуена.
Зошто е наречен Филозоф?
- Кирил е наречен Филозоф, бидејќи работел како наставник по филозофија во
Магнаурската школа.
Во колку мисии има учествувано Кирил Филозоф?
- Тој има учествувано во три мисии, а тоа се: Арапската (сараценска) мисија во 851
година, Хазарската мисија 860-861 година и Моравската мисија во 863 година.
Повод за Моравската мисија?
- Повод за Моравската мисија е писмото на кнезот на Моравија Ростислав до
Михаил трети, царот на Византија во кој бара мисионери кој ке го шират
христијанството на словенски јазик и на словенско писмо.
Причини за Моравската мисија?
- Причина било да се зацврсти државата и да се избегне асимилација, односно
германизација.
Кои се одликите на Охридската книжевна школа?
- Охридската книжевна школа броела 3500 ученици, од кои секоја година
св.Климент по 120 ученици оспособувал за учители.
Која е темата на делото „Панонски легенди“?
- Во Панонските легенди темите се житијата на св.Кирил и св.Методиј.
Каква е композициската структура на житијата во „Панонските легенди“?
- Панонските легенди се составени од два дела – житие на Кирил и житие на
Методиј.
Кој вид на текстови создавани во средновековната литература го сочинуваат делото
„Панонски легенди“ ?
- Панонските легенди го сочинуваат житија.
Како се викала азбуката создадена од св.Кирил?
- Азбуката од св.Кирил се вика глаголица.
Која мисија е најважна за Словените?
- Најважна мисија за Словените е Моравската мисија.
Наведи го името на еден од учениците кој станува следбеник на дејноста на браќата
Кирил и Методиј.
- Св.Климет Охридски
Според времето на создавањето ,,О писмених” пирпаѓа на: средновековната литература.
Каков вид творба е делото „О писмених“?
- О писмених е краток полемички текст наречен трактат.
Од колку дела е составена композицијата на делото „О писмених“?
- Композицијата на делото е составена од два дела. Прв дел -општествено-јазичен и
втор дел- полемички карактер.
Со кого полемизирал Црноризец Храбар?
- Црноризец Храбар полемизирал со оние што ја оспорувале словенската азбука.
Набројте ги аргументите со кој Храбар ја брани азбуката?
- Ја брани азбуката со следните аргументи:
Словенската азбука е направена од свет човек, а грчката од многубошци.
Словенската азбука е направена од еден човек, а грчката од повеќе.
Објаснува и зошто има 38 букви, кога може да се пишува со 24. Тој кажува дека
грчката азбука можеби има 24 букви но има плус 14 знаци со кој вкупно се 38.
Кој јазик прв, според светото писме, Бог го создал прв?
- Сирискиот јазик.

You might also like