Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

ГЕОМЕТРИЈА И РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ 7 ОДД 2ПОЛУГОДИЕ

Конструкција на правоаголник, квадрат и правилен


многуаголник

Фокусот на овoј час е конструирање правоаголници, квадрати и други


правилни многуаголници, со дадена страна и внатрешен агол.

Kористете ги вашите вештини за конструкција на триаголници, како и за цртање


паралелни и нормални прави во следниве задачи:

1. Конструирај квадрат чија страна има должина 5 cm.


2. Конструирај правоаголник со дадени димензии, должина 6 cm и ширина 2,5 cm.
3. Конструирај правилен петтаголник со должина на страната 6cm и внатрешен
агол 108°.

На следниот линк имате видео за конструкција на прав агол (90°).


Во видеото се прикажани два начини за конструкција на прав агол.

Правиот агол нема да го мериме со агломер (тоа не смее во конструкцијата) и не


мора да го цртате во „Дадено“, туку само директно во третиот чекор, според
видеото што ви го споделувам.

https://www.youtube.com/watch?v=CMgLnXcQiXA

Во секоја од задачите запази ги трите чекори на конструкцијата „Дадено“,


„Скица“ и „Конструкција“!

1 Изработил: м-р Елена Аспровска Божиновска


elenaasprovska@gmail.com

You might also like