Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Франшиза- изнајмување на бизнис

Дефинирање на франшиза
Франшиза е начин на започнување нов бизнис,раст и развој на постојно
претпријатие односно можност за подобрување на бизнисот.Поимот франшиза
потекнува од француски збор franchise што значи привилегија.Во деловното
работење франшизата ги определуваа формалните односи помеѓу
сопственикот на производот,процесот или услугата и сопственикот на малиот
бизнис.Сопственикот на малиот бизнис франшизер-franchiser му го дава
изнајмува бизнисот за одреден надомест на примачот на бизнисот или услугата
на франшизантот-franchisee.Франшизата е метод на дистрибуција или
маркетинг каде сопственикот на бизнисот претпријатието кое е изнајмувач на
бизнисот преку договорот со примачот на бизнисот,поединец или претпријатие
му овозможува да го извршува бизнисот на ист начин на позната локација за
одреден временски период.Договорот за франшиза претставува договор
помеѓу продавачот и купувачот преку кој му се овозможува на купувачот
-франшизер да го продава производот или услугата на продавачот-
франшизантот.Во меѓународниот бизнис под поимот франшиза се подразбира
вид на стратегија на лиценцирање каде едно домашно претпријатие ги купува
законските права за користење на името,материјалите или методите на
работење од некое странско претпријатие.Во развиените земји франшиза
претставува многу популарен начин на започнување со мал
бизнис.Франшизингтон најмногу е застапен во Унгарија.Франшизерот го
определува начинот на кој бизнисот се реализира.содржината,карактерот на
производите,нивниот квалитет и цена ,обемот на вложените
средства,времето.Привилегијата за примачот на франшизата подразбира
користење на трговското име,трговскиот знак и сите други заштитни
логоа,бизнис,технички методи.Купувачот на бизнисот-франшизантот му плаќа
на франшизерот надомест или дек од остварена добивка-тантиема за времето
на бизнисот.Во 1960 година во Чикаго е основано Меѓународното здружение за
франшизинг.
ВИДОВИ ФРАНШИЗА
 Франшиза-дистрибуција
 Франшиза за производство
 Франшиза по име и
 Франшиза на трговска марка.
Франшиза-дистрибуција подразбира склучување на договор помеѓу две
страни франшизер и франшизант за размена на права,да чува одредена
колигина стоки и услуги на залиха.Со договорот за франшиза дистрибуција
треба да се користат услугите за обука и реклама на франшизерот.
Франшиза за производство претставува договор склучен помеѓу две страни
независно со кои се регулираат производите и времето на производство.Со
договорот за производство се каарактеризира можат да ја користат марката за
производство како замена за надомест во добивката.
Франшиза по име претставува договор со кој се овозможува корисникот на
франшизата да го користи иметона позната личност со цел зголемување на
продажба на определен производ или името на познатата личност се користи
за симбол за квалитетот на одреден производ.
Франшизата на трговска марка тука познатиот производ се користи за
надоместок наместо името на поединецот.Оваа франшиза постои кога
франшизантот ги користи правата за користење трговската марка.
Видови договори за франшиза:
Бизнис формат-франшизата претставува договор за франшиза каде
франшизантот плаќа надомест за користење на франшизата уште на почетокот
од склучување на договорот и награда за користење на франшизата.
Франшизата за припаѓање претставува можност за комбинирање ресурси под
името на една мрежа.Тука се користат заеднички средства за реклама и
купување.
Избор на договорот за франшизата
Договорот за франшиза претставува обврзувачки документ кој ги обврзува
страните потписнички на договорот на исполнување на обврските односно
извршување на работата.

Процесот на избор на франшизата ги има следниве фазии:


Спроведување на сопствената анализа за бизнисот во кој сака да се
вклучи корисникот на франшизата оваа е првата фаза од изборот на
франшизата тука треба да се следат слабостите предностите пред склучување
на договорот за франшиза ,идниот претприемач ја избира онаа дејност која му
нуди остварување на висок степен на финансиска заработувачка.
Спроведување на анализа за индустријата и пазарот во кои ќе се
извршува бизнисот претставува спроведување на анализа на резултатите од
првата фаза за избор на франшизата целите на франшизантот ја
определуваат индустијата за дејствување.Во оваа фаза се добиваат
информации дали производите и услугите се бараат на пазарот
,конкуренцијата за производство на производи и услуги,конкуренцијата на
пазарот за услугите и производите.
Спроведување на анализа на франшизерот подразбира сптоведување на
анализата од страна на франшизата за карактеристиките на франшизата.Во
оваа фаза треба да се анализираат податоците за раст и развој на
претпријатието,профитабилноста и структурата,проблемите во
работењето,финансиските средтсва .Сопственикот на франшизата објавува
изјава-документ во кој е претставена состојбата ,дали постојат податови за
измами во работењето,прекршување на законската регулатива,судски постапки
и сл.Овој извештај уште се нарекува и извештај за обелоденување овој
извештај може да ја покаже целата состојба на франшизата.Во оваа фаза
треба да се постават контакти помеѓу поранешни и идни корисници .
УЧЕСНИЦИ ВО ФРАНШИЗАТА
Деловна активност за да биде франшиза потребно се слефниве услови;
 Деловната активност франшиза треба да претставува единствен нов
концепт за ширење во национални и интернационални граници;
 Деловната активност треба да биде профитабилна
 Деловата активност претставува систематизиран концепт
 Деловната активност претставува лесно пренослив бизнис
 Деловната активност претставува лесно достапен бизнис
Процесот на деловната франшиза подразбира учество на 2 субјекта;
 Сопственик на франшизата или давателот на франшизата наречен
франшизер
 Корисник на франшизата или примач на франшизата наречен
франшизант
Сопственикот на франшизата давателот на франшизата е оној субјект кој го
продава својот бизнисот,трговското име и својот начин на работа односно му
овозможува на корисникот на франшизата подршка и има контрола над
начинот на работа на примач на франшизата.Сопственикот на франшизата е
оној кој е сопственикна трговската марка и препознатливиот идентитет на
пазарен производ и истиот ги нуди производите услугите и технологијата преку
дистрибутивни канали кои имаат мрежа на продажба на работата и е во
состојба својот метод,искуства и знаења преку обука да го пренесе на
купувачите на бизнисот-корисници на франшизата.Сопственикот на
франшизата со своите корисници ја создаваат фрашизинг мрежата.
Корисникот на франшизата примачот на франшизата со потпишување на
договорот станува сам свој газда, работата му овозможува
самостојност.Франшинзантот е учесник и соработник во франшизинг мрежата.
Од правен аспект франшизантот е независен но и претставува дел од
целокупниот франшизинг системот.Со купување на бизнисот франшинзантот
добива можност да стане успешен претприемач а околината добива можност
за поквалитетна понуда на производите и услугите.Од аспект на франшизантот
на бизнисот му овозможува нови можности и начини на
размислување.Корисникот на франшизата истовремено е и претприемач и
шеф кој одлучува за вработување или отпуштање од работа на други лица а
бидејќи го купил бизнисот тој нема проблеми за промената на деловната
политика на сопственикот на франшизата.

Права и обврски на франшизерот и франшизантот.


Давателот на франѓизата ги има следниве обвски:
Да биде сопственик односно да поседува законско право на производите
услугите и користењето на трговското име симболи,да дава помош во избор на
локацијата,да дава помош во развојот на франшизинг мрежата,да ги почитува
условите за користење на жигови,отстапување на деловната стратегија и
технологија на работата,да ги отстапи ознаките на користење на
претпријатието како на пример фирма кратенка од фирма,отстапување на
знаење иискуство,обврска за унапредување за продажбата на производите и
услугите рекламирање. Обврски на примачот на франшизата се:обврска за
плаќање на надомест.Надоместот се состои од два дела:почетен надомест
износ кој е однапред договорен и познат и надомест кој ќе зависи од обемот на
продажбата;обврска во работењето да го употребува трговското
име,знак;обврска да ја унапредува продажбата;обврска да набавува суровини и
стока;обврска за унапредување на продажбата ;обврска за еднообразност на
франшизинг мрежата;
Можности и ограничувања за сопственикот на франшизата за склучениот
договор за деловна франшиза.Склучениот договор за деловна франшза
подразбира започнување на процес на развој на претпријатието при што се создава
можност за зголемување на деловниот успех на претпријатието.Предноста на
сопственикот на франшизата е можноста што ја има за проширување на постоечкиот
бизнис без вложување на сопствени средства.Основно ограничување од аспект на
сопственикот на франшизата претставува тоа што претпријатието е следбеник на
состојбата на корисникот на франшизата.Можности за идниот претприемач за
склучениот договорОд аспект на корисникот на франшизата постојат
следниве можности:можност за рекламирање и промоција-корисникот на
франшизата со купување на бизнисот и негово рекламирање имаат право на
секоја рекламна кампања од компанијата сопственикот на бизнисот-
франшизер;можноста за користење на проверени произвводни системи-
корисникот на франшизата има предност за разлика од другите претпријатија
франшинзантот започнува со работата со познати производи управување со
залихите,управување со финансиите сметководството;можноста за стекнување
на куповна моќ-кога претприемачот станува корисник на франшизата тој ја
стекнува куповната моќ на целиот франшизинг систем користење на
франшизата му овозможува на претприемачот да ги задоволува потребите од
суровини материјали по оние цени што важат за франшизерот;можност за
истражување и развој;можнос за консалтинг услуги-корисникот на франшизата
во секое време има можност да користи обука и консалтинг услуги од
сопственикот на франшизата која треба да обезведи сигурност во квалитетот и
достапноста на консалтинг услугите.Ограничување за идниот претприемач
за склучениот договор.Плаќање на определена сума на трошоци-плаќање на
определена сума на трошоци на име надомест за користење на франшизата како и
плаќање на други трошоци како на пример трошоци за осигурување,трошоци за
набавка на инвентар.Трошоците за надомест се состојат од почетни трошоци за
франшизата кои можат да бидат неповратни и трошоци како во вид на процент од
продажбата;Ограничена контрола на работа- со договорот за франшиза се
определува начиинот и контрола на извршување на деловните активности.Контролата
на работата дава согласнст за избор на локација,определување на територија за
бизнисот.Контролата над работата на франшизантот ја опфаќа областа на работните
активности.Франшинзерот ги дава инструкциите и ограничувањата за исвршување на
работата; почитување на стандардите за изглед на деловната активност-бидејќи
изгледот на деловната активност претставува дел од деловен процес и препознавање
на името на претпријатието ипризводите и услугите.

You might also like