Елементарни теоретски основи на обработката со деформација

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Елементарни теоретски основи на обработката со

деформација

Сите метали имаат кристална структура. Под кристална структура се подразбира


скуп од елементарни атомски ќелии чиј облик е дефиниран со распоредот на атомите.
Металите кои се состојат од еднородни атомски ќелии се нарекуваат монокристали,
додека пак легурите од метали со разни неметални вклучоци, се состојат од разни
атомски ќелии и нивната структура е поликристална, која претставува множество од
повеќе различни атомски ќелии оформени во блокови,односно зрна.
Според типот на кристалната ќелија, металите можат да се поделат во три главни групи :
метали со кубна површински, центрирана решетка во која спаѓаат : алуминиумот, бакарот,
никелот и др.; метали со кубна, просторно центрирана решетка во која спаѓаат : манганот,
волфрамот, хромот и др. и метали со хексагонална кристална ќелија во која спаѓаат :
цинкот, магнезиумот, титанот и др.
Металите со иста кристална ќелија се разликуваат меѓу себе не само со атомската тежина,
туку и со растојанието меѓу атомите, односно параметарот на ќелијата. Поради разликите
во растојанијата, металите имаат нееднакви особини по одделните кристалографски
насоки и таа разлика во својствата по одделните насоки се нарекува анизотропија.
При дејствување на надворешни сили металите ја менуваат својата форма и
димензии и таа промена се вика деформација. Ако по отстранувањето на надворешните
сили телото ја врати првобитната форма и димензии таа деформација се вика еластична.
При еластичното деформирање целокупната енергија на деформацијата се троши на
зголемување на потенцијалната енергија на телото.По отстранување на надворешните
сили потенцијалната енергија се троши на возвраќање на првобитната состојба на телото.
Ако по остранување на надворешните сили телото не ги возврати првобитната форма и
димензии,таа деформација се вика пластична или трајна. При ваква деформација
енергијата се троши за совладување на отпорите при пластичното деформирање.
При пластично деформирање на металите атомите на кристалната решетка
неповратно се поместуваат во однос на соседните. Пластичната деформација се одвива по
пат на лизгање и двојничење.
Лизгањето претставува паралелно меѓусебно поместување на тенки слоеви од
монокристалот. Како рамнини на лизгање се јавуваат кристалографските рамнини кои се
најгусто населени со атоми, а правците по кои се одвива тоа ги дефинираат тие
кристалографски насоки по кои меѓуатомските растојанија се најмали. Лизгањето
започнува во тие рамнини во кои отпорот кон лизгањето е најмал.
Двојничењето е моментен смолкнувачки процес локализиран само на мали и ограничени
волумени на определен кристал. Тоа значи дека група на атоми, распоредени во
паралелни кристалографски рамнини се поместуваат едновремено за едно атомско
растојание во однос на тие во соседната рамнина. Така поместувањето на атомите во
една кристалографска рамнина е пропорционално на растојанието на таа рамнина од
рамнината на двојничењето и на тој начин делот од кристалот деформиран со
двојничење претставува огледална проекција од решетката на недеформираниот метал.
При пластичното деформирање на металите како главен механизам на деформацијата се
јавува лизгањето. Бидејќи пластичното деформирање всушност претставува внатрешно
лизгање по определена кристалографска рамнина, најпогоден начин за определување на
границата на течење е ако оптоварувањето се врши со сили кои предизвикуваат
смолкнување. Како најпрост пример за ова е истегањето на епрувета.
Процесот на лизгање не може да се посматра како едновремено поместување на
сите атоми во една рамнива во однос на атомите во соседната,поради појавата на
таканаречените дефекти во кристалната решетка. Дефектите, како и другите видови
локални изобличувања на кристалната решетка се викаат дислокации. Како последица од
внатрешното лизгање во текот на пластичното деформирање дел од дислокациите се
губат, но се создаваат нови како резултат на постепеното поместување на атомите.
Притоа, бројот на новосоздадените дислокации е поголем од тие што се губат во текот на
процесот. Пореметувањето на правилниот распоред на атомите со внесување на нови,
или отстранување на некои од постојните предизвикува пореметување на рамнотежната
состојба и појава на напонско поле околу појавената дислокација.Внатрешното лизгање
кај кристалот започнува доколку тангенцијалниот напон постигне големина способна за
поместување на првиот ред на атоми. Ако во процесот на движењето на дислокацијата во
рамнината на лизгање се појави нова со спротивен знак,тогаш тие меѓусебно ќе се
привлечат и ќе се уништат, а за продолжување на процесот треба да се зголеми
тангенцијалниот напон. Поместената дислокација може да наиде на друга со ист знак.
Еднозначните дислокации се одбиваат и го отежнуваат понатамошното поместување, при
што треба да се зголеми тангенцијалниот напон. Со зголемување на еднозначните
дислокации во текот на дефомирањето расте и јакоста на материјалот.

Изработила : Јасмина Трпевска/1895

You might also like