Professional Documents
Culture Documents
A Powerpoint PDF
A Powerpoint PDF
ПОЧЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ
Во PowerPoint можат да се комбинираат текстови, графикони, табели, слики, звуч-
ни и видео снимки за прикажување на презентации. Притоа, целата презентација
може да се креира со помош на низа однапред дефинирани стилови кои изработка-
та ја прават едноставна, но многу професионална.
Презентацијата може да се прикаже на монитор, на ѕид или платно со помош на
LCD проектор, може да се испише на фолија или хартија, а исто така може да се из-
работи и на дијапозитив.
PowerPoint може да се користи самостојно, а поголем е ефектот и во одделни слу-
чаи се олеснува работата, ако се поврзе со Word или со Excel.
АКТИВИРАЊЕ НА POWERPOINT
PowerPoint може да се активира преку Start менито на следниов начин:
1. Се кликнува на копчето Start за да се отвори менито Start.
2. Во Start менито се избира All Programs.
3. Се избира Microsoft Office.
4. Во следното мени се кликнува на Microsoft Office PowerPoint 2003.
Се појавува прозорецот на PowerPoint. Присутни се познатите елементи: мени лен-
та, ленти со алатки со поголем број веќе познати алатки, статусна лента, централен
работен дел од прозорецот со веќе отворена празна презентација од еден слајд и
вдолж десниот раб вертикално интерактивна лента за задачи.
ЗАТВОРАЊЕ НА POWERPOINT
PowerPoint се затвора на вообичаен начин, а наједноставно е со клик на Close (X)
на прозорецот или со наредбата File→Exit.
Ако во презентацијата има промена на податоците и тие не се снимени, PowerPoint
ќе прикаже интерактивен прозорец кој прашува дали корисникот сака да го сними
фајлот пред да се излезе. Се избира Yes ако треба да се сними, No ако не треба и
Cancel ако треба да се откаже операцијата затворање на PowerPoint.
КРЕИРАЊЕ, ОТВОРАЊЕ
И ЗАТВОРАЊЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
СНИМАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА
По креирањето и уредувањето на презентацијата, таа треба да се сними на некој од
уредите за меморија за да се зачува и подоцна да се уредува или да се користи. За
да се сними презентацијата за прв пат, треба да се следат следниве чекори:
1. Се селектира наредбата File→Save, или се кликнува на копчето Save на
стандардната лента со алатки, или се притиска Ctrl+S. Се појавува инте-
рактивниот прозорец Save as.
2. Во текст рамката File Name се внесува името на презентацијата, а под
кое име таа ќе биде снимена како фајл на уредот за меморија
(PowerPoint автоматски на фајлот му доделува екстензија .PPT).
3. Ако презентацијата се снима на друг фолдер или уред, треба да се клик-
не на надолното мени Save In и да се селектира друг фолдер и/или уред.
За снимање на дискета треба да се избере 3½ Floppy (A:).
4. Можат да се користат и другите можности на интерактивниот прозорец
Save As (како во Word).
5. Се кликнува на Save, по што презентацијата е снимена, а името се поја-
вува во насловната лента.
Откако еднаш е именуван фајлот и снимен на уредот за меморија, сите промени на-
правени на презентацијата можат да се снимаат со притискање на Ctrl+S или клик-
нување на копчето Save на стандардната лента со алатки.
За да се сними презентацијата под друго име, се селектира наредбата File→ Save
As, по што се појавува интерактивниот прозорец Save As што се користи на ист на-
чин како и кога презентацијата се снима за прв пат (претходно опишаната постап-
ка).
ЗАТВОРАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Презентацијата има третман на документ што се изработува во апликацијата
PowerPoint (види Windows) и таа се отвора во свој посебен прозорец во PowerPoint.
Ако се работи со повеќе презентации во исто време, секоја од нив се отвора во свој
прозорец. Корисникот има впечаток дека секоја презентација е отворена во посебен
PowerPoint прозорец. Работењето со повеќе отворени презентации има одраз на
времето на одзивот на наредбите што ги издава корисникот затоа што се оптоваре-
ни ресурсите на компјутерот. Од тие причини, за да се ослободат ресурсите што ги
ангажира отворената презентација на која не се работи, таа треба да се затвори.
Кога во Slide Master ќе се вметне каков било објект, тој ќе се појавува на секој слајд
на позицијата на која се појавува во Slide Master.
СЕЛЕКТИРАЊЕ СЛАЈДОВИ
Најчесто, при уредувањето на презентацијата, на преземањето на некаква акција
претходи чекор за избирање на слајдот на кој таа ќе се примени. Еден или повеќе
слајдови можат да се изберат на некој од следниве начини:
♦ За да се избере поединечен слајд, се кликнува на него.
♦ За да се изберат два или повеќе соседни слајдови во панелот Outline, пр-
во се кликнува на првиот слајд, се притиска и се држи копчето Shift и се
кликнува на последниот слајд во групата.
♦ За да се избере правоаголен блок од соседни слајдови во погледот Slide
Sorter, се кликнува и правоаголникот што во таа прилика ќе се појави се
влече околу слајдовите што треба да се изберат.
♦ За да се изберат два или повеќе несоседни слајдови (само во погледот
Slide Sorter), се притиска и се држи копчето Ctrl и се кликнува на секој
слајд што треба да се избере.
БРИШЕЊЕ СЛАЈДОВИ
Слајд може да се избрише во кој било поглед. За да се избрише слајд, треба да се
извршат следниве чекори:
1. Се избираат слајдовите што треба да се избришат.
2. Се селектира наредбата Edit→Delete Slide.
Во панелот Outline или во погледот Slide Sorter, избираните слајдови можат да се из-
бришат со притискање на копчето Delete на тастатурата.
Ако се избрише погрешен слајд, тој може да се врати со наредбата Edit→
Undo, или со притискање на Ctrl+Z или со кликнување на копчето Undo на
стандардната лента со алатки.
Текст рамка. Текст рамката може да се разбере како објект во кој е овозможено вне-
сување на текст. Границите на текст рамката се видливи ако во текст рамката се извр-
шува некоја акција.
Границата што се појавува околу текст рамката кога таа е селектирана или се уредува
текстот во неа, не се прикажува на слајдот при презентацијата.
СЕЛЕКТИРАЊЕ, БРИШЕЊЕ
И ПОМЕСТУВАЊЕ ТЕКСТ РАМКА
Ако се кликне на текстот во текст рамката, се појавуваат нејзините граници, а на
секоја граница (горна, долна, лева и десна) и на аглите се појавуваат рачки (бели
коцки). Притоа се можни следниве акции:
♦ Ако се повлече рачката на која било граница во насока нормална на гра-
ницата, таа се поместува и текст рамката се зголемува или се намалува.
♦ Ако се повлече рачката на кој било агол во која било насока, тој се по-
местува и текст рамката се зголемува или намалува.
♦ Ако се повлече границата (не се кликнува на рачките) текст рамката се
поместува без промена на нејзините димензии.
Повлекување значи да се доведе покажувачот на глувчето над објектот, да се кликне
на левото копче на глувчето, тоа да се држи и да се влече на нова локација каде што
копчето се пушта, а објектот останува.
УРЕДУВАЊЕ И ФОРМАТИРАЊЕ
НА ТЕКСТОТ ВО ТЕКСТ РАМКА
Текст рамката се уредува откако таа првин ќе се селектира. Потоа е можно уреду-
вање и форматирање на текстот во текст рамката на сличен начин како и уредува-
њето и форматирањето на текст во Word. Притоа, можат да се користат лентите со
алатки за побрзи форматирања или наредбите да се селектираат преку менијата за
прецизни форматирања.
ВНЕСУВАЊЕ ГРАФИЧКИ
ОБЈЕКТИ НА СЛАЈД
АЛАТКИ ЗА ЦРТАЊЕ
Иако PowerPoint не е програма за цртање, на слајдовите можат да се направат не-
кои едноставни цртежи. Така, на пример, може да се нацрта кружница, правоагол-
ник, хоризонтални и вертикални линии на слајдовите.
Лентата со алатки за цртање е прикажана во долниот дел од прозорецот на Power-
Point во погледот Normal. Постојат два вида алатки на лентата со алатки за цртање:
алатки за цртање линии и облици и алатки за манипулација со нацртаните објекти.
ЦРТАЊЕ ОБЈЕКТ
Процедурата за цртање е иста без разлика кој облик се црта:
1. Се кликнува на копчето за цртање на линијата или обликот што треба да
се нацрта. На пример, за да се нацрта правоаголник се кликнува на коп-
чето Rectangle.
2. Се доведува покажувачот на глувчето на позицијата на која треба да би-
де почетокот на линијата или еден агол на обликот.
3. Се притиска и се држи левото копче на глувчето и се повлекува кон по-
зицијата на која треба да биде крајот на линијата или спротивниот агол
на обликот.
4. Се пушта копчето на глувчето и линијата или обликот ќе се исцрта.
Правилен квадрат или кружница може да се нацрта ако при цртањето се држи при-
тиснато копчето Shift.
Додека се црта обликот, може да се држи притиснато едно или двете копчиња: Ctrl за
да се нацрта обликот со центар на позицијата означена во чекор 4. Shift за да се нацр-
та облик што ќе ги задржи оригиналните пропорции.
Нацртан облик може да се замени со друг облик. Тоа се прави на тој начин што прво
се селектира обликот, се кликнува на копчето Draw на лентата со алатки за цртање, се
селектира Change Autoshape и се одбира новиот облик.
ВМЕТНУВАЊЕ ТЕКСТ ВО ОБЛИК
Откако некој облик е нацртан, во него може да се испише одреден текст. Притоа,
текстот не се испишува преку обликот, туку се внесува во обликот. При поместува-
њето на обликот се поместува и текстот. Вметнувањето на текст во облик се прави
на следниов начин:
1. Се кликнува на обликот во кој се вметнува текстот.
2. Се внесува текстот и тој се појавува во обликот.
Обликот во кој е вметнат текстот се однесува како текст рамка. Текстот во обликот
може да се форматира на ист начин како и кој било друг текст.
МУЛТИМЕДИЈАЛНИ OБЈЕКТИ
ВМЕТНУВАЊЕ ГОТОВИ МУЛТИМЕДИЈАЛНИ
ОБЈЕКТИ ОД CLIP GALLERRY
Во пакетот Office (во кој спаѓа PowerPoint) е вградена посебна колекција мултиме-
дијални објекти како што се слики (Clip Art), звуци (Sounds), видео (Videos) и фо-
тографии (Pictures). Секој од овие видови објекти е на располагање во сите аплика-
ции на Office, а со тоа и во PowerPoint. Тој дел се вика Clip Gallery.
Вметнувањето на Clip Art објект во документот се прави на следниов начин:
1. Се поставува курсот на локацијата во документот, каде што треба да се
постави сликичката.
2. Се селектира наредбата Insert→Picture→Clip Art за да се отвори интера-
ктивната лента за задачи Clip Art.
3. Се кликнува на опцијата Organize clips на дното на интерактивната лен-
та за задачи Clip Art и ќе се појави интерактивниот прозорец Concepts –
Microsoft Clip Organizer.
4. Од левата листа се селектира потребната категорија објекти.
Ако корисникот е приклучен на Интернет, може да кликне на Clip art on Office Online
во интерактивната лента Clip Art и да се поврзе во страницата со мултимедијални об-
јекти на Microsoft.
Видео снимки или звуци на слајдот се вметнуваат со наредбите Insert→ Movies and
Sounds→Movie from File или Insert→Movies and Sounds→Sound from File.
Ако слајдот треба да стои подолго време во текот на презентацијата и притоа постоја-
но да се повторува извршувањето на мултимедијалниот објект (обично на првиот
слајд), тоа се одредува во надолното мени Repeat.
При самото вметнување на мултимедијалниот објект ќе се појави интерактивен про-
зорец со прашање за моментот на негово активирање.
УРЕДУВАЊЕ СЛАЈД
СЕЛЕКТИРАЊЕ ОБЈЕКТИ
Пред да се копираат, поместуваат, ротираат или да им се менуваат димензиите, об-
јектите првин мораат да бидат селектирани. Селектирањето се врши во погледот
Normal, а на располагање се следниве методи за селектирање на еден или повеќе
објекти:
♦ Еден објект се селектира со клик врз него (ако објектот е текст, околу
него се појавува неговата текст рамка).
♦ Повеќе објекти се селектираат со држење на копчето Shift и кликнување
на поединечните објекти.
♦ Објектите се деселектираат со клик на празниот простор на слајдот.
СЛОЕВИ ОБЈЕКТИ
Кога на слајдот ќе се вметнат повеќе објекти, тие можат на одредени места и да се
преклопуваат. Притоа, се јавува потреба да се одреди кој објект ќе биде повисоко, а
кој ќе биде преклопен. Објектите во оваа смисла се поместуваат на следниов на-
чин:
1. Се селектира објектот што треба да се помести.
2. Се кликнува на копчето Draw на лентата со алатки за цртање за да отво-
ри мени од кое се селектира Order (редослед).
ГРУПИРАЊЕ ОБЈЕКТИ
Секој нацртан објект се однесува како одделен објект. Меѓутоа, често пати може да
се јави потреба два или повеќе објекти да се однесуваат како група. На пример, мо-
же да се јави потреба линиите од повеќе објекти да се направат со иста дебелина
или пак, да се поместат повеќе објекти заедно.
Групирањето на објектите, после што групата се однесува како еден објект, се пра-
ви на следниов начин:
1. Се селектираат објектите што треба да се групираат.
2. Се кликнува на копчето Draw на лентата со алатки за цртање за да отво-
ри мени од кое се селектира Group (групирање).
РОТИРАЊЕ ОБЈЕКТИ
Алатките за ротирање овозможуваат ротирање на објект околу неговата средишна
точка. За да се ротира објектот користејќи ја опцијата Free Rotate треба да се напра-
ви следново:
1. Се селектира објектот што треба да се ротира.
2. Се кликнува на копчето Free Rotate на лентата со алатки за цртање. Рач-
ките околу објектот стануваат кругови.
3. Се повлекуваат кружните рачки додека објектот не се донесе во потреб-
ната позиција.
4. Се кликнува на копчето Free Rotate на лентата со алатки за цртање за да
се исклучи опцијата за ротирање.
Во менито Draw (од лентата со алатки за цртање) се наоѓа подопцијата Rotate/Flip ко-
ја дава дополнителни можности за ротирање на објектите. Објектот може да се роти-
ра за 90 степени во лево или во десно, или пак, да се ротира околу хоризонталната и
вертикалната оска.
Ако додека се влечат рачките, се држи притиснато копчето Ctrl центарот на објектот
останува на иста позиција, а промената на димензиите е симетрично во однос на рач-
ката што се повлекува.
ОТСЕКУВАЊЕ СЛИКИ
Освен што можат да им се променат димензиите на сликите, тие можат и да се исе-
чат. Отсекувањето, всушност, претставува скратување на страните на одредена
слика со цел да се отстранат некои елементи што се наоѓале на тие позиции на сли-
ката. Отсекувањето се прави на следниов начин:
1. Се кликнува на сликата чиј дел треба да се отсече.
2. Ако лентата со алатки за слики (Picture toolbar) не е прикажана, таа се
повикува со наредбата View→Toolbars→Picture.
3. Се кликнува на копчето Crop на лентата со алатки за слики. Покажува-
чот на глувчето ќе се трансформира во алатка за пресекување.
4. Се поставува покажувачот на глувчето над една од рачките околу слика-
та (рачките на аглите се користат за отсекување на две страни истовре-
мено).
5. Се повлекува рачката на сликата до потребната позиција.
6. Се отпушта копчето на глувчето и отсечените делови ќе ги снема.
БОИ ВО СЛАЈДОВИТЕ
ИЗБОР НА ШЕМА НА БОИ
Основниот избор на бои во презентацијата зависи од изборот на урнекот применет
при креирањето на презентацијата или дополнително променет со Apply Design.
Секој урнек содржи одреден број множества на професионално избрани бои за од-
делните елементи на слајдот (Color Shemes) и за неговата подлога (Background).
Шема на бои може да се избере за еден слајд или пак, за сите слајдови во презента-
цијата. Изборот на шема на бои се прави на следниов начин:
1. Се избираат слајдовите на кои што треба да им се промени шемата на
бои (ако шемата на бои се менува само на одредени слајдови).
2. Се селектира наредбата Format→Slide Design и се отвора интера-
ктивнaта лента за задачи Slide Design.
3. Се кликнува на линкот Color Schemes и се појавуваат дефинираните ко-
лор шеми за соодветниот урнек.
4. Се кликнува на потребната шема на бои.
5. Секоја шема е и надолно мени. Ако покажувачот на глувчето се донесе
на десната страна на шемата ќе се појави надолна стрелка. Со клик врз
неа ќе се добие надолно мени. Се кликнува на опцијата Apply to Selected
Slides ако шемата на бои треба да се примени на селектираните слајдо-
ви, односно се кликнува на копчето Apply to All Slides ако таа треба да
се примени на сите слајдови во презентацијата.
Шемата на бои може дополнително да се менува и уредува преку линкот Edit Color
Schemes.
ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
БРЗО ПЕЧАТЕЊЕ
Мошне е лесно презентацијата да се отпечати со користење на стандардно дефини-
раните параметри за печатење. Ова, всушност, значи да се печати врз основа на
стандардно поставените опции во PowerPoint на принтерот дефиниран во Windows.
Печатењето се врши на следниов начин:
1. Се селектира наредбата File→Print, по што се појавува интерактивниот
прозорец Print или се кликнува на копчето Print на стандардната лента
со алатки.
2. Се кликнува на OK.
ПРИКАЖУВАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА
АКТИВИРАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Целта на изработката на презентацијата е нејзиното прикажување пред аудитори-
ум.
3. Се исцртува копчето на ист начин како што тоа се прави со другите об-
лици во PowerPoint (AutoShapes).
4. Се отвора интерактивниот прозорец Action Settings од кој може да се из-
бере акцијата што ќе му биде доделена на копчето. На располагање се:
None. Ова се избира ако на копчето не му се доделува акција.
Hyperlink To. На копчето му се доделува акција од надолното мени. Тоа
може да биде повикување на првиот слајд (First Slide), последниот (Last
Slide), претходниот (Previous Slide), следниот (Next Slide), одреден слајд
во презентацијата (Slide), друга презентација (Other PowerPoint
Presentation) и сл.
Run Program. Акцијата може да биде повикување на некоја апликација.
Run Macro. Акцијата може да биде и повикување на макро.