Professional Documents
Culture Documents
Hajdi
Hajdi
Јохана Шпири
Во оваа лектира се зборува за малото девојче Хајди и нејзиното забавно детство.
Хајди било мало девојче чии родители починале,а единствената роднина која ја имала,нејзината
тетка Дета несакала повеќе да ја издржува. Еден ден,заедно со Хајди таа се упатила кон својот
татко во селото наречено Селце,очекувајки тој да се грижи за неа. Но дедото на Хајди во селото
бил познат како тврдокорен и не многу пријатен човек,па тој се преселил над селото,подалеку од
оние кои се плашеле од него. Штом стигнале,жената брзо ја оставила Хајди пред старецот,си
кажале два-три збора небаре се странци и си заминала.
Стариот господин не покажувал многу љубов кон Хајди,но полека полека,тој почнал вистински
да ја сака својата внука. Тој ја научил да ги сака животните,ливадите,полињата и да се чувствува
слободно таму.
Опис на ликови:
Хајди-главниот лик во оваа лектира е опишана како мало девојче со руса коса и ангелско лице.
Нејзиниот карактер отсекогаш бил добродушен,а душата-наивна,детска. Хајди ги сакала сите со
сето срце,и правдата секогаш ја возвишувала во победа!
Петре Козарот-тоа било момче на возраст од 10 до 13 години. Имал кафеава коса,а изразот на
неговото лице давал впечаток на забавно и дружељубиво момче!
Белешка за авторот:
Јохана Шпири е родена на 12 Јуни 1827 а починала на 7 Јули 1901 година. Таа била позната
шведска писателка која во главно пишувала приказни и романи за деца.
Нејзини познати дела се „Без татковина“ , „Хајди“ и други.