Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

НАТОПУВАЊЕ И НЕНАТОПУВАЊЕ

Ако набљудуваме со лупа течност поставена во сад, ќе


видиме дека покрај ѕидовите на садот течноста е или малку
издигната, или е малку спуштена.
Ако течноста се издига покрај ѕидовите на садот тогаш
велиме дека ги натопува ѕидовите.
 Пример за натопување имаме ако ставиме
вода или алкохол во стаклен сад.
 Молекулите од водата до ѕидот се под
дејство на кохезионата сила (со насока кон
внатрешноста) и атхезионата сила (со
насока вертикално кон ѕидот на садот).
 При комбинација на вода – стакло,
поголеми се атхезионите сили, па нивната
резултанта е насочена кон надвор, а
водата се поставува нормално на таа
резултанта.
 Пример за ненатопување имаме при
комбинација на жива – стакло, или: вода –
парафин.
 Молекулите од живата до ѕидот се под
дејство на кохезионата и атхезионата сила,
при тоа поголеми се кохезионите сили, па
нивната резултанта е насочена кон внатре,
а живата се поставува нормално на таа
резултанта.
• Натопувањето и ненатопувањето се
карактеризира со аголот на натопување или
допирниот агол.
• Допирен агол е аголот што го гради тангентата
на слободната површина во крајната допирна
точка со ѕидот на садот, сметано од страната
на течноста.
• Течностите што ги натопуваат ѕидовите на
садот имаат допирен агол од 0 до 90 степени.
• Течностите што не ги натопуваат ѕидовите на
садот имаат допирен агол од 90 до 180
степени.

You might also like