Површински напон PDF

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 7

ПОВРШИНСКИ НАПОН

•Молекулите од површинскиот слој имаат поголема


потенцијална енергија за разлика од молекулите во течноста.
•Акослободната површина е поголема тогаш е поголем бројот
на површинските молекули , а со тоа е поголема и нејзината
потенцијална енергија.
•Секојатечност се стреми кон најстабилна состојба, а тоа е
кога има минимум потенцијална енергија, односно
минимална слободна површина.
• Ако извесно количество течност е изложено само на
силите на површинскиот слој, тогаш ќе добие
сферна форма ( сферата има најмала површина од
тела со ист волумен).
• Силите со кои меѓусебно си дејствуваат
површинските молекули се викаат сили на
површински напон. Со нив само слободната
површина се однесува како напната мембрана.
• Физичкото однесување на слободната површина на
течноста како тенка еластична мембрана, што
настанува под дејството на силите на површинскиот
слој, се вика површински напон.
 Потенцијалната енергија што ја имаат молекулите
од површината на течноста се нарекува површинска
енергија Еp.
Еp=α·S
S e плоштина на граничната површина
α е коефициент на површински напон, негова
мерна единица е 1 Ј/m² .
α=Еp/S
Површинскиот напон бројно е еднаков на
површинската енергија на површинскиот
слој со плоштина еден метар квадратен .
• Површинската енергија кај течноста е мерка за
работата што ја врши течноста за да зафати
најмала можна површина.
А=Еp= α·S
• Силата под чие дејство се врши оваа работа се вика
сила на површински напон.
А= F·x S=Ɩ·x => F=α·Ɩ
-каде Ɩ е должина на контурната линија на слободната
површина
Површинскиот напон е еднаков на силата која
дејствува нормално на единица должина од
контурната линија што ја заградува слободната
површина на течноста.
-според оваа формула мерна единица за површински
напон е N/m
 Супстанции кои го намалуваат површинскиот
напон се нарекуваат површински активни
супстанции. ( пример сапун, детергент, етер)
 Со зголемување на температурата се намалува
површинскиот напон заради намалување на
меѓумолекуларните сили.
 Постојат и супстанции кои го зголемуваат
површинскиот напон, а такви се на пример
:шеќерот и солта.

You might also like