Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ПОВТОРУВАЊЕ – МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

28.04.2020 Љубица Јованоска


II5
1. Што е лексикологија?
Делот од науката за јазикот што го проучува речникот на еден јазик.
2. Што е семантика, а што семиологија?
Семантика е наука за внатрешната, смисловната, значенската страна на
зборовите, додека семиологија е наука за знаците.
3. Што е збор?
Основна јазична единица којашто има определено значење.
4. Од што е составен зборот?
Составен е од низа на гласови кои најчесто означуваат некој поим, а некогаш
зборот може да се состои и од еден глас.
5. Промените, наставките во зборот се нарекуваат: флексија
6. Зборот може да има лексичко и граматичко значење
7. Зборовите можат да бидат еднозначни и повеќезначни.
8. Има 4 типови лексичко значење, и тоа: синоними, хомоними, антоними и
пароними.
9. Што претставува кит- кит, каков вид на значење има.
кит – животно кит- материјал

10. Синоними за грижа, набљудува, мрак, силен, лош, беда


грижа – гајле/ труд / нега, набљудува – проучува/ посматра, мрак – темница,
силен – јак, лош- злобен/зол, беда - сиромаштија
11. Според процесот на обновување, лексиката се дели на: архаизми (стари
зборови), историзми и неологизми (нови зборови)
12. Каков вид зборови се интернационализмите? Зборови кои се среќаваат во сите
развиенинстандардни јазици (декан, ректор, театар, опера)
13. Според сфера на употреба лексиката се дели на: општонародна, дијалектна,
специјална (терминолошка), професионална и жаргонска.
14. Што означува еднојазичен речник? Речник во кои зборовните единици се
објаснуваат, толкуваат на сопстевниот јазик (на јазикот на кој е речникот)
15. Кога се појавил македонскиот речник и колку зборови содржел?
Во 1950год. излегол од печат Македонскиот правопис (со правописен речник)
од Блаже Конески и Крум Тошев. Овај правописен речник содржел околу
6000 зборови.

You might also like