Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

„Неверна жена“ од Федерико Гарсија Лорка

шпан. La Casada Infiel


Ја одведов до реката
верувајќу девојка е,
но мажена била таа.
Но Свети Јаго беше ноќта,
ноќ за средба нарачана.
Штурците се запалија
штом фенери се изгаснаа.
Крај задните куќи повтев
сонни гради да и галам,
што наеднаш расцутеа
како зумбул в мојата дланка.
Ми зашуми в уши тогаш
таа пола колосана,
ко од десет остри ножа
парче свила што се пара.
Без светлина во крошните
гледав дрвјата кај растат,
дур лаеше хоризонтот
од кучиња зад реката.

Ги минавме капините,
глоговите, сиот шамак,
под џбунката коси нејни
се ископа длапка мала.
Ја одврззав краватата.
Фустанот го слече сама.
Јас коланот со револвер.
И четврти елек таа.
Ниту смилот ни школката
нема толку нежна снага,
под месецот кристалите
не трептат ни сјаат така.
Колковите и бегаа
како риби в изненада,
половина полни оган,
половина сенка ладна.
Таа вечер ја поминав,
на патот мој најубав,
на ждребица седефна
без узда и узенгија.
Човек сум и не ми личи
да зборувам што ми кажа.

Совеста ми заповеда
со тоа да не се фалам.
Ја одведов од реката
од бакнежи и песок кална.
Лилјанови бели сабји
со ветерот војуваа.
И поставив како сум.
Циганите како прават.
Кошница и дарив жолта
плетена од тенка прачка,
и не сакав да се вљубам,
зашто маж имајќи таа
кога на река ја водев
за девојка ми се кажа.

Кратка биографија за авторот:


Федерико Гарсија Лорка е роден во Фуентевакерос, крај Гранада, во семејство на
имашливи замјопоседници. Годините на детството и младоста ги минал во родниот крај каде се
преплетувале традициите на Шпанците со оние на Циганите, Арапите и на Евреите што ќе
најдат силен одраз и ќе остават значајни траги во неговото творештво. Во Гранада студирал
филозофија, литература и право.
Својата прва книга, „Импресии и пејсажи“ ја објавил во 1918 год. Во 1932 г. го
формира и води патувачкиот тетар „La Barraca“ и патува до најалечните краишта на Шпанија
за да му ја доближи класиката на својот народ.
Неговата ариелска лирика е исполнета со најсмели решенија, неочекувани метафори,
длабока чувствителност и со детски безизлез; својата сила ја зема од андалузиското поднебје и
прераснува во неповторлива уметност, во која здружен со Лопе де Вега и Луис де Гонгора го
создаваат стожерот на модерната поезија.
На 19 август 1936 г. во распламтувањето на Шпанската граѓанска војна, стрелан е како
една од првите жртви на режимот на шпнаскиот диктатор и фашист Франциско Франко.
Автор е на стихозбирките: „Импресии и пејзажи“ , „Цигански романсеро“ , „Поетот
во Њу Јорк“ , „Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас“ ; драмите: „Крвави свадби“ ,
„Јерма“ , „Домот на Бернарда Алба“ , „Чудесната чевларка“.

You might also like