Лексиката според процесот на обновување

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Лексиката според

процесот на
обновување

 Архаизми
 Неологизми
 Историзми
 Индивидуализми
Процес на обновување
Со развојот на историјата, културата, потребите на еден
народ, неопходен е и развој на јазикот на тој народ. Тој развој на
јазикот се карактеризира со воведување нови зборови или
замена на застарените зборови со нови. Така, во текот на
процесот на обновата, зборовите се поделиле во 4
групи:историзми, архаизми, неологизми и индивидуализми.

Архаизми
Архаизмите се застарени зборови кои со својата форма и
значење не се во духот на македонскиот литературен јазик и се
повеќе се истиснуваат од употреба, но поради тоа што
предметите и појавите кои ги означуваат овие зборови се уште
постојат, може да се сретнат во секојдневниот говор и во некои
дијалекти, како и во делата од народната и уметничката
литература.

Примери:

 капија-порта
 мома-девојка
 кантар-вага
 абер-глас
 оќоре-ослепе
 печали-заработува
 ксмет-среќа
 шашардисан-збунет
 пенџере, џам-прозор
 ортома-бесилка
 даскал-учител
 џаде-пат
 пљачка-грабеж, ограбува
 џабе, бадијала-залудно, бескорисно
 борч-долг
 ферман-наредба
 меана-гостилница
 киниса-отиде
 бакал-трговец
 арамија-крадец
 хашиш-канабис
 акал-памет
 строен-згоден
 кадија-судија
 перде-завеса
 шапка-капа
 колеба-двоуми
 се опули-погледна, се загледа
 апсаана-затвор
 дубара-превара
 колан-каиш
 одаја-соба
 килим-тепих
Историзми
Историзми се зборови што се употребувале во минатото, денес
ги има само во постарата литературата, но не и во
секојдневниот говор, бидејќи предметите и појавите кои ги
означувале овие зборови денес не постојат.

Примери:

 чорбаџија
 кмет
 чардак
 ага
 чифлик
 вилает
 шеик
 чеиз
 џелат
 чорбалок
 бардаче
 фенер
Неологизми
Зборот неологизам доаѓа од грчките зборови neos-нов и logos-
наука, што укажува дека неологизмите се новосоздадени
зборови кои означуваат нови појави и предмети или современи
замени за архаизмите. Иако повеќето од овие зборови се уште
не се навлезени во активниот речник, со текот на времето тие
се прифаќаат. Се нарекуваат уште и кованици.

Неологизмите во македонскиот јазик навлегуваат на 3 начини:

1. Со прифаќање на туѓи зборови


Примери:
 компјутер
 монитор
 инсистира
 асистира
 веб-дизајнер
 видео
 камера
 автобиографија
2. Со формирање или комбинирање на нови зборови од
сопствениот јазик
Примери:
 раскрсница
 вработување
 автопат
 осумкатница
 тастатура
3. Со давање на ново значење, т.е. смисла на зборовите
Примери:
 крило(на птица;од авион)
 крт(животно;неплодна земја)
 грло(на човек;на шише)
 орган(на човек;кој раководи)

Неологизмите, во зависност од тоа дали се прифатени од


пошироката народна маса, се делат на:

1. Прифатливи неологизми-луѓето и науката ги прифатиле,


се користат во усното и писменото изразување.
2. Неприфатливи неологизми(индивидуализми)-авторски
креации за поинаков и повпечатлив начин на
изразување.Овие зборови или изрази траат кусо време
бидејќи науката не ги прифаќа, што значи дека не се дел од
литературниот јазик и не треба да се употребуваат.

Изработила:

Кристина Јаневска II-1м.с.

You might also like