18 05-22 05 - 7d0bed0b4d0b4 - D0bad0b8-D198d0b0d0b7d0b8d0ba

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

ДРАМА (КОМЕДИЈА) стр.

58- учебник

Време на реализација 18 и 19 05.2020год.

1. Наставна единица: „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски; комедија

2. Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература

3. Цел на часот: Да ги препознаваат и објаснуваат спецификите на


комедијата како еден од основните драмски видови.

4. Форми на работа: Фронтална

5. Вреднување на знаењата: Од реализација на активностите и целта на


часот ќе се согледаат постигнатите знаења на учениците.

Потсети се:

Што претставува драмата?

Кои елементи ја карактеризираат трагедијата?

Што е монолог, а што е дијалог?

Кои се носители на дрмското дејство?

 Кус осврт на содржината на драмата Чорбаџи Теодос-Васил Иљоски


Чорбаџијата Теодос е човек кој ги понижува сите луѓе околу себе,
споругата Кева, синот Томче, домашните слуги и луѓето на кои им
позајмува пари и стануваат негови должници. Сè што прави, прави да го
зголеми своето богатство и се смета себе си над сите. Негов должник е и
шегаџијата Арсо, кој немајќи пари да го врати долгот, треба да му го даде
своето лозје на чорбаџијата. Но, Арсо ќе добие шанса да си го спаси
лозјето, да сплете мрежа во која ќе го сплетка чорбаџијата. Станува збор за
група Цигани кои во потрага за кум на нивното новороденче, го користат
стариот обичај – кој ќе помине прв, ќе стане нивни кум.Арсо ќе се договори
со Циганите да го изиграат чорбаџијата и тој да биде кумот. Така и се
слсучило. Чорбаџијата како да минува низ пекол: јаде со Циганите, пие,
разговара, што за него значи понижување. Арсо е мудар и ќе му понуди
излез од ситуацијата, ако за возврат чорбаџијата не му го земе лозјето. И
повеќе од тоа. Ќе го натера да попушти и да му дозволи на својот син
Томче да се ожени со саканата Стојанка, за која чорбаџијата кажувал
погрдни зборови и забранувал таа да му стане снаа. И како што бидува во
комедиите, сè завршува добро: Томче ќе го преземе кумството на себе,
добива дозвола да се ожени со саканата, Арсо си го сочувал лозјето, а
чорбаџи Теодос се ослободува од циганскиот обичај.

- Низ прашања ја разлгедуваат содржината; потоа ги читаат извадоците


од драмата по улоги.

* Прв извадок

Теодос: Сè ќутуци околу мене, глуви, глупави! Да ме остават да се успијам,


да задоцнам! И ти, Параскево, ти баре да бидеш посвесна... ама ништо и од
тебе... јазак!

Кева: Па ... јас ...

Теодос: Нејќе овде, па, па, туку треба ум и очи отворени!


* * *

Наца (Влегува): Проштевај, чорбаџи, саатот е крив...

Теодос: Ќе ве искривам јас сите, туку сега немам време! Бргу да ми ги


исчистиш чевлите!

Наца: Сум ги исчистила, чорбаџи, еве ги.

Теодос: Дај да видам. Си ги исчистила, красно си ги исчистила! Како мачка


со опашка да мавнала преку нив! Види види, овие запци, полни со кал,
види!

* * *

(Теодос и Кева разговараат за саканата на синот Томче)

Теодос: Нема една мана, туку триста. Прво и прво, името Стојанка, селско
име. Најди де в календар име Стојанка!

Кева: Името е од кумот... се гледа умот.

Теодос: После, црна ...

Кева: Малку е смургава, ама многу е лична, а белило на лице не става.

Теодос: А и каква може да биде девојка од таква куќа? Татко & самарџија.
Со него ли да се засватам?...

* * *

(Теодос е со Циганите кои го гостат како иден кум)

Теодос: Немам иштав, не ми се јаде...

Поцко: Касни малце, па ќе се разјадеш.

Цонка: Касни, куме, за адет.


Арсо: Јас на човека главата му ја кршам, атерот не му го кршам.

Теодос: (замижува и каснува) Тјни, со прсти јадат. Со црно под ноктите.

- Се извлекува заклучок: Комедијата е драмски вид во кој се изложуваат


на потсмев и критика, со многу хумор негативните однесувања на
луѓето. При тоа комедијата повикува на отстранување на недостатоците
кај поединците.

ЗА ДОМА ПОГЛЕДАЈТЕ ЈА ДРАМАТА НА YUTUBE

За вторник 19 мај ќе напишете кратки описи на ликовите

А)Чорбаџи Теодос

Б) Арсо

СРЕДА 20 мај

Анализа на писмените задачи :

-содржина

-стил

-правопис

-оценки

ПЕТОК 22мај

Повторување од јазик за содржини од април и мај

Прашувањето ќе биде онлајн на месенџер

You might also like