Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 4

АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН

( 1799 – 1837 )

* најголем поет на романтизмот во руската литер.


* мајстор во усовршувањето на умет. поезија и на рускиот литер. јазик

1. Живот:
- роден е на 6 јуни 1799 г. во Москва, во благородничко семејство
- домашни учители и негувателка Арина Родионовна (љубов кон рускиот фолклор)
- го завршил лицејот во Царско Село, до Петроград
- служба во Министерството за надворешни работи
- го поддржувал револуционерното декабристичко движење
- во прогонство – Кишињев, Одеса, с. Михајлово
- во 1826 г. го помилувал Николај I
- се оженил со Наталија Гончаровна во Петроград
- загинал на 10 февруари 1837 г. , во двобој со франц. офицер Дантес, кој се
додворувал на жена му
2. Творештво:
I период:
песни: „ Желба“, „ Кон Чадаев“, „ Село“

II период:
15 поеми: „Кавкаскиот заробеник“, „ Цигани“ / песни: „Кон морето“, „Зимска
вечер“, „На Керн“

III период:
трагедиите: „БорисГодунов“ , „Моцарт и Салиери“
истор.роман „Капетановата ќерка“
поема: „Молитва“
роман во стих: „Евгениј Онегин“
„ ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН “

* I руски роман во стих, во 8 глави (онегинска строфа= 14 стиха)


* го пишувал 7 години
1. Тема: Судбината на прогресивната благородничка интелигенција во Русија, во I
пол. на XIX век
2. Идеја: Да се покаже како царската власт го попречувала развојот на
напредната интелигенција

3. Локализација: Петроград, 20-те год. на XIX век

4. Основа: Односите меѓу Онегин и Татјана, Ленски и Олга


Кратка содржина: Животот на Евгениј, преселбата на село и средбата со Татјана.
Таа веднаш се вљубува во него, но тој ја одбива зашто има посветли идеали од
бракот. Предизвикува љубомора кај Ленски, играјќи со Олга, по што во двобојот
загинува Ленски. Сфаќа дека ја сака Татјана, но таа е мажена за друг и го одбива.
- слика на руското оштество и животот село-град
- сличност на авторот со главниот лик
5. Ликови:
Евгениј Онегин – благородник во потрага по својата личност, исполнета со
противречности
Татјана Ларина – лик со морална цврстина и достоинство
Владимир Ленски – разочаран поет кој ја идеализира стварноста
Олга Ларина – жена со реалистични/ студени сфаќања за животот и љубовта

6. Јазик: големо лексичко богатство


Стил: сликовитост и емоционалност (описи на природата)

ЛИКОВИТЕ ВО „ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН “


ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН
- централен лик, олицетворение на безработната петроградска младина (излишен
човек за општествот)
- потекнува од градската благородничка средина, живее без работа
- го знае фран.јазик, спори за економијата и литер., мајстор е на танците
- самоуверен човек кој знае вешто да го прикрива незнаењето и површното
образование
- му здодеал животот по балови и театри, пишува поезија, чита книги
- неамбициозен ладнокрвен човек кој животот го живее од денес за утре, без
емоции
- наследил имот од вујко му на село ( се прилагодил, вовел реформи-данок,
омразен од селаните)
- досадата ја разбива со соседот Ленски (поет и мечтател)
- Татјана се вљубува во него, му пишува, но ја одбива заради неговите посветли
идеали од бракот
- на именденот на Татјана создава љубомора кај Ленски (играјќи со Олга), со
трагични последици
- брзо го прифаќа двобојот (чест и име), а по смртта на Ленски се самообвинува
- откако ќе ја сретне Татјана (веќе мажена, студена и недопирлива), лудачки се
вљубува во неа
- ñ пишува, но не добива одговор, ја презира гордоста, се одрекува од повисоките
идеали- но одбиен е
- продолжува со својот безделнички живот и се потсетува на своите зборови дека
„времето лечи сé“

ТАТЈАНА ЛАРИНА
- претставник на здравата,паметна и чесна руска жена (типична жена според
романтичар. сфаќање)
- потекнува од селско благородничко семејство, патријархално воспитана, многу
го сака св. народ
- се воспитала од фран. романтичарски романи, таа е млада и наивна, ја сака
природата
- го чека својот принц и силно се вљубува во Онегин, смело решава да се бори за
својата љубов
- му пишува писма (страв и срам), но кога тој ја одбива, продолжува да сака до
болка
- заминува со мајка ñ во Москва и не по нејзина волја ја мажат за стар генерал-
роднина на Онегин
- станува дама од високото општество
- кога Онегин ја моли, заради својот висок морал го одбива и не може да го
изневери мажот

ВЛАДИМИР ЛЕНСКИ
- спротивност на Онегин, мечтател, кон нештата пристапува со жар
- студент во Германија, воспитан во духот на герм. романтичарска филозофија
- млад човек кој верува во чистата и искрена љубов, слава со чесен труд
- се зближува со Онегин (само тој може да го разбере)
- се вљубува во Олга, а поради љибомора го прифаќа двобојот, но умира
ОЛГА ЛАРИНА
- најотсутна пред читателот, во тесна врска со Ленски
- има пореалистични сфаќања за животот и љубовта
- ладнокрвно се ослободува од моминските желби и мечти
- не сака брзи промени, но кога се нужни ги прифаќа
- по смртта на Ленски се премажува

You might also like