Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Ecej на тема:

Збивање – ковање во отворени алати

Teoдора Ристовска 2182

Скопје 2020
Содржина

1. Ковање. Ковање со отворени алати...................................................3


2. Сила при ковање со отворени алати.................................................4
3. Пример од продукти добиени од ковање со отворени алати........5
4. Користена литература........................................................................6

2
Ковање со отворени алати

Ковањето претставува процес на обликување на металот со применување на


сила. При ковање на отворено чеканот го удира и деформира работното парче,
кое што е позиционирано на неподвижна наковална. Oвој процес така се
нарекува затоа што матриците не го опкружуваат/затвораат целосно работното
парче , дозволувајќи негов ток секаде освен таму каде што парчето е во допир со
матриците. За да се добие посакуваната форма на парчето, истото треба да биде
правилно позиционирано.Матриците обично се рамни плочи со специфичен
облик на површината во зависност од специјализираните операции.Матрицата
може да има тркалезна,конкавна или конвексна површина, или пак истата да
претставува алат за формирање дупки или да биде алатка за пресекување. Овој
процес е различен од процесот на ковање во затворени алати по тоа што работното
парче не е целосно затворено со матриците и самите матрици претставуваат
алатки со едноставни форми и профили и не личат на затворени калапи.

Извор: http://www.uoh.edu.sa/facultymembers/en/B.AYADI/PublishingImages/Pages/Teaching-
Activity/ch14%20%20Metal%20Forging%20pocess.pdf

a) Цилиндрично парче во цврста форма поставено меѓу две рамни калапи.

б) Еднолично деформирање на работното парче без триење.

в) Деформација со присуство на триење. Поради тоа доаѓа до деформација на


работното парче во форма на буре.

Преку процесот на ковање со отворени алати се обработуваат груби површини на


металот. За одвивање на процесот потребна е матрица која е отворена на страните
за да се дозволи слободно движење на работното парче во странична насока. Овој
начин на обработка овозможува обликување на големи парчиња со тежина од
неколку тони. Некои отворени калапи дозволуваат преку нив да поминат и
парчиња со тежина до 130 тони и долги до 24 метри.

3
Сила при ковање

Силата при ковање F која се применува врз цврсто цилиндрично парче може да
се пресмета со формулата

2 μr
F=Y f π r 2 (1+ )
3h

каде што Y f e границата на течење која е специфична за секој материјал;

μ е коефициентот на триење помеѓу работното парче и матрицата;

r и h се соодветно, моментниот радиус и висината на работното парче.

Примената на ковањето и квалитетот на производот.

Процесот на ковање се одвива во неколку фази, почнувајќи од:

1. Подготовка на работно парче преку негова претходна обработка со пила,


сечење или отсекување.
2. За топло ковање парчето се подмачкува и загрева во соодветна печка/ за
ладно ковање само се подмачкува.
3. Работното парче се кова во соодветни калапи и секвенци (ред). По потреба
се отстранува вишок на материјал со исекување, машинска обработка и сл.
4. Се изведуваат дополнителни операции како што се зацврстувањето и
загревањето (со цел подобри механички особини).
5. Контрола и испитување на процесот за било какви надворешни и
внатрешни дефекти.

4
Примери од продукти од ковање со отворени алати

Извор: https://www.whtildesley.com/processes/open-die-forging

5
Користена литература

1. https://www.whtildesley.com/processes/open-die-forging
2. https://www.canforge.com/open-die-forging/
3. https://www.trupply.com/blogs/news/52747651-what-is-open-die-forging

You might also like