Резиденцијален дизајн е дизајн на внатрешноста на приватни резиденции

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

Резиденцијален дизајн е дизајн на внатрешноста на приватни резиденции.

 Овој тип на дизајн е многу специфичен за индивидуалните ситуации,


потребите и сакањата на поединецот во оваа област на дизајнот.
Дизајнерот во оваа ситуација може да работи на проектот од
неговата почетната фаза на планирање или може да работи на ремоделирање
на постојната структура. Тоа се често многу сложени процеси кој траат и до
неколку месеци за да се фино нагоди и да се создаде простор со визијата на
клиентот.
  Добри примери од современите дизајнери ги вклучува Кели Хопен и Ди
Гибсон, кои во согласност со актуелните трендови имаат и силно медиумско
присуство и успешен независен бизнис.

Резиденцијален дизајн е процес кој резултира во нов дом. Архитектонски


клиенти можат да доживеат конфузија околу овој   термин, бидејќи тоа
претставува неколку фази на дом дизајн процес.   Процесот на
резиденцијалниот дизајн го вклучува договорот што ги одредува деталите за
дизајнот на новиот дом како и   изградбата и цените. Сопственици кои
планираат за интеракција   со архитектонска фирма за создавање на
резиденција можат да имат корист од истражување на резиденцијалниот дизајн
поврзан со концепти, пред да започнат состаноците за создавање на
резиденција.

Резиденцијалниот внатрешен дизајн се однесува на дизајнирањето на


домовите на луѓето што е спротивно на комерцијален имот. Целта на овие
дизајнери е да се создаде ентериери кои се вклопуваат во функционирањето
на клиентите , но исто така го одразува и личниот вкус на секој клиент. Домот
претставува личен простор, а одличниот резиденцијален внатрешен дизајн го
персонализира дизајнот на домот.

На пример, еден дизајнер на ентериер може да има неколку сопственици


клиенти кои живеат во еден исти комплекс. Резиденцијалниот дизајн тврди
дека секој стамбен или куќен комплекс уникатно одговара на сопственикот
колку што е можно . Шемата на бои е веројатно да биде различна во секој дом
како што е функцијата и изгледот на просториите.

Дизајнерите за родителите и малите деца се различни од резиденцијалниот


внатрешен дизајн за бездетни единци. Истиот три собен стан треба да има
сосема друг распоред, сосема поинаку во однос на функцијата . Мебелот во
спалната соба на детето треба да бидат лесно достапен и да се вклопува на
детето. Додека бездетните единци може да се користат дури и дополнителна
спална соба, простор како канцеларија или гостинска спална соба.

Внатрешните дизајнери имаат архитектонски знаења и разбирања на градежни


детали на соби. На пример, доколку сопственикот на резиденцијалниот објект
сака да ги отстрани ѕидовите за да се создаде поголеми соби, отворен животен
простор , дизајнер со искуство во внатрешен резиденцијален дизајн може да
советува , дали тоа е можно или не е. Тој или таа може да подготви план за
започнување на проектот, како и да дава предлози за кои материјали треба да
се употребуваат. Резиденцијалните дизајнери на ентериер се запознаени со
работа во рамките на кат планови и изградба на кодови. Тие разбираат не само
архитектонски детали на прозорци, врати и ѕидови , но и како тие влијаат
целокупниот дизајн на домот.

Резиденцијалните дизајнери на ентериер работат со изведувачи за да се


создаде добро-изградени ентериери кои нудат стилски и функционален
животниот простор . Дизајнер на ентериер , исто така, може да биде архитект.
И архитектурата и резиденцијалниот внатрешен дизајн бара добро разбирање
на уметноста и науката , бидејќи изградбата и дизајнот мора да бидат
ефикасно употребливи како и модерно привлечни.

Резиденцијалниот внатрешен дизајн вклучува сè, од таванот до подот на домот


, но обемот на секој проект варира. Дизајнерите морат да работат во рамките
на буџетот секој сопственик и вкусовите на истиот. Дизајнерите кои нудат
станбени внатрешни дизајнирања и услуги можат да работат за мали или
големи дизајн компании или се само- вработени. Тие можат да се
специјализираат во одреден тип на станбени дизајн за ентериери , како што
тропски или еко-пријателски.
Римската архитектура можеби не е толку значајна по својата уметничка вредност
колку што е значајна по својата големина и распространетост. Своите почетоци таа ги
наоѓа во грчката и етрурската архитектура веројатно и заради големиот број на грчки
уметници кои твореле во Рим додека римските војски го освојувале светот. Но
уметноста, вклучувајќи ја и архитектурата, и нејзината улога се измениле значајно кога
Рим станал центар на античкиот свет. Римјаните не ја сметале архитектурата за
уметност сама по себе. Тие во неа гледале алатка со чија помош ја истакнувале моќта
на својата држава. Исто така со неа на некој начин ги одредувале границите на Рим,
бидејќи римските државни градби секаде низ империјата морало да изгледаат исто.

Мебел

Римски мебел

Мебел е збирен поим за подвижни предмети кои го поддржуваат човечкото


тело (мебел за седење и кревети), служат за остава или држан предмети на
хоризонтални површини над земја. Мебелот за остава (кој чсто користи врати,
фиоки и полици) се користи за чување на помали предмети како облека, алат,
книги и домашни добра.

Мебелот може да биде уметнички дизајниран, при што се смета за дел од


декоративната уметност. Покрај функционалната улога на мебелот, тој може да
игра и симболичка или религиозна улога. Домашниот мебел, заедно со другата
покуќнина како часовниците и осветлувањето дава удобност во просторот.
Мебелот може да биде направен од најразлични материјали како метал,
пластика или дрво.

Занаетот кој се занимава со изработкa на мебел се нарекува столарство.

Историја на европскиот мебел

Рококо столица

Мебелот почнал да се развива со развитокот на неномадските култури. За


мебелот во антиката сведочат разните слики, како муралите во Помпеја;
скултурата, како онаа во Египет; и постоечки примероци, како оние најдени во
Турција. Мебелот во средниот век бил обично тежок, направен од дабово дрво
и украсен со резби. Заедно со другите уметници, италијанската ренесанса го
преродила дизајнот, често инспириран од грчко-римската традиција. Слична
ваква експлозија во дизајн, и генерална културна ренесанса се случила во
северна Европа, започнувајќи со XV век. XVI век на двете хемисфери се
карактеризира со раскошни,често позлатени барокни дизајни кои изобилувале
со орнаменти со вегетација и ролни. Од XVII век дизајните на мебел почнале
да се развиваат побрзо. Иако постојат стилови кои биле национални, како
Паладијанството во Велика Британија, други, како рококото и неокласицизмот
ја зафатиле цела западна Европа. XIX век се карактеризира со симултани
стилови на преродба како готиката, неокласицизмот и рококото. Дизајнерската
реформа кон крајот на векот, сосебе ги донела естетицизмот и Движењето за
применета уметност. Движењето Арт Нову било под влијание на овие две
движења. Првите три четвртини од XX век се сметаат за марш кон
модернизмот. Дизајнерите од движењата Арт Деко, де Стијл, Баухаус,
Виенската Работилница и Виенската сецесија сите до некој степен работеле со
модернистичкиот идиом. Постмодернистичкиот дизајн бил паралелен на
движењето поп арт и зел замав во 1960-тите и 1970-тите. Тој е промовиран од
дизајнери како оние од италијанското движење Мемфис

Арт Нову

Арт Нову архитектурата и внатрешниот дизајн го избегнувал естетскиот


историцизам на Викторијанското доба. Иако овие дизајнери одбрале и
„модернизирале“ некои рококо елементи, како текстури со пламен и школки,
наместо викторијанскиот историски засниван реализам, движењето Арт Нову
се залагало за употреба на високостилизирани мотиви од природата како извор
на инспирација и го прошириле „природниот“ репертоар додавајќи алги, треви и
инсекти. Се употребувале соодветно огрански форми, криви линии, осоебно
цветни и растителни, и ним слични.

Движење за применета уметност

Движењето за применета уметност (англиски: Arts and Crafts movement) за прв


пат се јавило во средината на XIX век во Британија, со дизајнерите како Џон
Раскин и Вилијам Морис. Движењето го ужива врвот на популарноста во
последните декади од векот во Британија како и во САД. Нивната идеологија се
залагала за улогата на изработувачот, и осврнување кон средновековните и
готски стилови наспроти тогашните еклектични викторијански дизајни.

Арт Деко
Движењето Арт Деко се каратеризира со употреба на материјали како
алуминиум, не'рѓосувачки челик, лак, обложено дрво, ајкулина кожа и зебрина
кожа. Исто така тука се употребувале смели скалести или цик-цак дезени,
далекусежни криви линии (за разлика од кривулестите линии на стилот Арт
Нову), шевронски шари и зрачен мотив. Некои од овие мотиви биле сеприсутни
— на пример зрачниот мотив се употребувал во најразлични контексти како кај
ладилници, аудиториуми и кубето на Крајслеровата зграда.

Баухаус

Движењето баухаус со своите фини дизајни и масовно производство е добро


претставено во мебелот. Два примера се Кантилеверската столица од
холандскиот дизајнер Март Штам, кој се држи на принцип на жилавоста на
челикот и Василевата столица, дизајн на Марсел Бројер.

Ѓернес

Во Скандинавија ужива популарност мебелот од стилот на Лив Милдрид


Ѓернес.

Белата куќа е официјалната резиденција и работното место на Претседателот


на САД. Се наоѓа во Вашингтон. Изградена е помеѓу 1792. и 1800. од камен во
џорџијански стил и била резиденција на сите претседатели на САД од Џон
Адамс. Објектот бил на неколку пати прошируван и доградуван во 1824, 1829,
1901, 1927, 1946 и 1948 година за да го добие денешниот изглед. Таа има
приземје и три ката, како и две нивоа под земја. Куќата е дизајнирана од ирецот
Џемјс Хобан, и изградена во периодот помеѓу 1792-1800.

Објектот е во сопственост и управуван од Националниот Претседателски парк.


Низ вековите, кралеви и кралици на Велика Британија изградиле или купиле
палати за да послужат како семејство домови, работни места и како центри на
власта. Некои од овие се уште се користат и денес како официјални Кралски
резиденции и можат да се посетат од страна на пошироката јавност.
Официјалната кралска резиденција во оваа секција вклучувајќи ја и нејзината
секојдневна употреба за приеми, инвеститори и банкети, нивната историја
можеме да ја видеме на сликата. Исто така можеме да дознаеме за приватни
резиденции, како што Сандрингам Дом и Balmoral замокот кои се ужива од
страна на генерации на кралското семејство.

Куќата на кралицата е кралска резиденција изградена во периодот помеѓу


1616-1619 во Гринич, Англија.
Нејзиниот архитект бил Иниго Џонс. Кралската куќа претставува една од
најважните антички резиденции како во Англија, така и во Светот.

Московскиот Кремљ (руски: Московский Кремль) претставува историски


комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е
опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад
на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата
руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали.
Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени
дваесет кули.[1]

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на


Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните
канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и
комесари. Денеска, комплексот служи како официјална резиденција на
претседателот на Русија.

You might also like