Professional Documents
Culture Documents
ГАТАНКИ
ГАТАНКИ
Воздухот го создава, живее без тело, слуша без уши, зборува без уста (ехо)
Како срце чука, бие. Постојано време вие. По потреба ти се нуди и наутро да те буди
На ѕид ил` на маса стои и секунди везден брои
часовник
Седум браќа лете растат и се зголемуваат, а пак зиме да се чудиш - тие се смалуваат
деновите од неделата
Црно живо поточе, по земјата тече, црно живо синџирче, по ѕидот се влече.
мравки
По ќошиња нишки преде, лулашка си плете, ама штом ќе дојде мама веднаш ќе ја
смете.
Прикажи одговор
Со два чифта крилја фини и големи очи сини, долги нозе на три ката прескокнува по
три ата. Во роеви штом ќе дојде, родот богат в неврат појде.
скакулец
Под зелени лисја, в сенка, на ластунка долга, тенка, везенка или жолта, бела, со вкус
на банана зрела. Штом узрее мирис шири и скарани деца мири.
диња
Личам на глава, растам во леа, од облак пијам сребрена смеа. На себе имам кошули
триста... Сказната секогаш ми е иста!
зелка
Нечија будалеста глава, на шега се нарекува така. Се јаде печена или варена, а некој
во пита ја сака.
тиква
Везден е во вода, в бара, со сплескан клун по дното шара. Гнездо вие в шевар, в
трска, сака многу да се прска. Дал ` од радост ил` од тага постојано вели "Га-га!"
пајка
В бразда јајца несам секој вика, плуска "Ај, глупава ли е оваа наша..."
гуска
Бело знаменце, бело никнало расте под снегот, со него уште во зима пролетен
станува брегот.
кокиче
Над кошула, блуза, џемпер го носиме често. Во секоја гардероба има важно место.
палто
Китна плетка баба плете од шарена волна, да ја грее внучката да не биде болна.
џемпер
Ора, коси, бревка, бучи, кола влече, а коњ не е, бразди рие, ама може и да ора и да сее
трактор
Летам бргу, како ветер ти ме знаеш драго дете, побрз јас сум и од орел и над облак
летам горе, бучам силно, небо дерам оти јунак смел ме тера.
авион
Над него планина лична, околу полиња плодни. Во градот фабрики многу и дуќани
убави, модни Така го фали Никола градот свој, бабам...
Битола