Elektronska Lista

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија воспостави


нова услуга преку својата web страна.
Врз основа на лично барање може да се спроведе непосреден увид во
податоците за стажот на осигурување и платите.
Со оваа услуга се подига квалитетот на работењето на Фондот, во согласност со
развојните модерни трендови за електронски пристап до информации и намалување на
хартиената документација.

За кого се однесува услугата?


Оваа услуга е наменета за сите кои имаат евидентирани податоци за стажот на
осигурување и платите во евиденцијата на Фондот.

Како да се обезбеди услугата?


За да станете корисник на оваа услуга, потребно Ви е корисничко име и
лозинка, кое може да се добие со поднесување на барање до Филијалите или
Деловниците на Фондот. Образецот на барањето може да се преземе од нашата web
страна www.piom.com.mk.
Пополнетото барање се поднесува лично на шалтерите на Филијалите и
Деловниците на Фондот со документ за лична идентификација на увид (лична карта
или патна исправа). Врз основа на поднесеното барање, корисничкото име и лозинка ќе
Ви бидат предадени веднаш.
Со добиеното корисничко име и лозинка Ви се обезбедува непосреден пристап
преку интернет 24 часа дневно, до Вашите податоци за стажот на осигурување и
платите кои се регистрирани во евиденцијата на Фондот.
Податоците ги добивате во форма на документ, како би добиле на шалтерите на
Фондот, потпишан со дигитален сертификат на овластено лице.

За дополнителни прашања и информации обратете се непосредно во


Филијалите и Деловниците на Фондот или на телефонскиот број на контакт центарот
на Фондот на ПИОМ 15-215.

You might also like