Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 144

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

Технолошко-технички факултет

Доцент м-р Ванѓа Кузманоска Димитријева,


асс. Докторанд м-р Сања Ристески

Штип, 2017
Ванѓа Кузманоска Димитријева; Сања Ристески

КРЕИРАЊЕ НА ОБЛЕКА

Штип, 2017
Празна
Лева страница, A4
Ванѓа Кузманоска Димитријева, Сања Ристески
КРЕИРАЊЕ НА ОБЛЕКА
Автори: Доцент м-р Ванѓа Кузманоска Димитријева, асс. Докторанд м-р Сања Ристески

КРЕИРАЊЕ НА ОБЛЕКА

Рецензенти: Доцент д-р Марија Ќертакова, Доцент д-р Винета Сребренкоска

Лектор: Марија Иванова

Техничко уредување:
Сања Ристески

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип

Објавено во е-библиотека:
https://e-lib.ugd.edu.mk

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

687.1

КУЗМАНОСКА Димитријева, Ванѓа


Креирање на облека [Електронски извор] / Ванѓа Кузманоска Димитријева, Сања Ристески. - Штип :
Универзитет "Гоце Делчев", Технолошко-технички факултет, 2017

Начин на пристап (URL): https://e-lib.ugd.edu.mk/653. - Текст во PDF формат, содржи 139 стр., илустр. -
Наслов преземен од екранот. - Опис на изворот на ден 13.11.2017. - Библиографија: стр. 138

ISBN 978-608-244-427-7
1. Ристески, Сања [автор]
а) Облека - Креирање
COBISS.MK-ID 104912906
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

Технолошко-технички факултет

Автор
Доцент м-р Ванѓа Кузманоска Димитријева

асс. Докторанд м-р Сања Ристески

КРЕИРАЊЕ НА ОБЛЕКА

Штип, 2017

1
ПРЕДГОВОР

Во денешниот свет исполнет со динамика и раст на конкуренцијата најдобрите и


најмоќните компании одржуваат долгорочен раст и профитабилност благодарение на
успешниот развој и лансирање на нови производи. Поради брзите промени на
потрошувачките вкусови, технологијата и конкуренцијата , компаниите треба да развиваат
нови производи и услуги. Во таков динамичен пазар предност остваруваат компаниите со
применета успешна маркетинг програма и пред сѐ врвни производи кои се издвојуваат од
останатите производи по квалитет и дизајн. Секој предмет, независно дали станува збор
за облека или друг производ го започнува својот „живот” со идеја и цртеж на хартија.
Целокупната облека која денес ја носиме најпрво подлежи на процес на креирање. Тоа не
се однесува само на високата мода, туку и на секојдневната, спортска и работна облека,
облека за специјална намена итн. За да може да се совлада техниката на креирање на
облеката, треба да се има основни познавања за материјалите, боите, методите на
конструкција и изработка на облеката и пред сѐ да се има јасна визија и љубов кон
креирањето на облеката. Потребно е доста добро познавање на појдовната суровина-
материјалот, бидејќи секој материјал има свои сопствени својства кои се однесуваат на
падот, можностите за драпирање, текстурата на самиот материјал, можностите за
кроење, дебелината, тежината на материјалот итн. Начините на искројување на
материјалот влијаат на конечниот изглед на облеката. Некои модни конструктори успешно
си „поигруваат” со самиот процес на искројување се со цел да добијат уникатни модели
на облека. Процесот „од идеја до реализација” е доста комплексен и бара доста стручен
кадар посебно во полето на изработката на кројните делови. Правилно искроените кројни
делови се чекор напред кон добивање на квалитетен производ. Во денешно време
модната индустрија е премногу конкурентна на пазарот, па затоа, доброто познавањето
на конструкцијата на облеката се смета за голема предност. Со цел добро да се совлада
конструкцијата на облеката најпрво мора да се осознаат основните методи на
конструкција со чија, пак, правилна примена ќе се овозможи реализација на секој
замислен модел. Основниот крој се добива кога формите и димензиите на човековото
тело, кои се однесуваат на бараниот производ, се поставуваат на рамна површина,
најпрво изработувајќи темелен крој од хартија за зададениот модел, а потоа и изработка
на истиот од текстилен материјал. Во многу случаи кога не сме сигурни за точноста на

2
конструкциските кроеви се прави „пилот модел” од евтина ткаенина и на истиот потоа се
вршат потребните корекции.

Содржината на оваа интерна скрипта е наменета за студентите од Технолошко-


техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев“-Штип, како и за сите модни
дизајнери и конструктори и се однесува на процесот на креирањето на облеката – од
замислениот модел до финален производ со посебен акцент на основните конструкциски
кроеви, нивна подготовка и употребените материјали при изработката на облеката.
Скриптата може да му послужи и како помагало на секој оној кој сака да ги научи
основните методи на креирање на облеката.

3
ВОВЕД

Постојат најразлични дефиниции за модата, нејзината појава и влијание во дадено


општество. Се смета дека модата се проткајува во сите временски периоди и е
подложена на постојани промени, успони и падови, а во исто време се поврзува и со
историски настани (војни, револуции итн.) Сето ова укажува на тоа колку е важно
настојувањето да се истражат нејзините тајни поткренувачи и вистинските причини за
нејзиното појавување. Феноменот „Мода” се смета дека сѐ уште е делумно неодреден во
терминолошка и семантична смисла, што го докажува постојаното мешање на термините
мода – стил, мода-обичај, мода-помодарство...итн.

Модата е дел од културата, таа се презентира преку облеката, накитот, уредувањето,


уметничките предмети итн. Но, таа во никој случај не претставува само надворешен украс
на човековото битие, туку се појавува како засебен облик на одредено однесување. Или
поедноставено модата е начин на облекување на одредена група на луѓе во одреден
временски период и истата не е општоприфатлива за сите припадници на дадено
општество. Модата, некогаш манифактурна, денеска преминува во индустрија, бројните
и престижни модни куќи лоцирани во Франција, Италија, Лондон...престижните школи за
изучување на модниот дизајн и изработката на облеката се јасен показател за тоа колку
модата зазема значајно место во светот.

Почнувајќи од идеја, цртеж, изработка на кроеви, конфекционирање, барање пазар,


пласирање на производот на пазарот и негово стиигнување до рацете на потрошувачот,
говорат за тоа дека денес модата е индустрија.

Денес модата е своевиден глас на личноста, нејзина презентација во современиот свет,


таа е брза и динамична, спремна на промени. Во свет на јака конкуренција тешко е да се
задоволат апетитите на потрошувачите, па затоа само добро осмислен и реализиран
производ се смета за конкурентен и баран од страна на потрошувачот.

4
СОДРЖИНА

1 ПРВАТА ФОРМА НА ОБЛЕКАТА И НЕЈЗИНАТА ЕВОЛУЦИЈА ....................................... 8


1.1 КРЕИРАЊЕТО НА ДИЗАЈНОТ НА ОБЛЕКАТА ВО ФУНКЦИЈА НА МОДНАТА
ИНДУСТРИЈА ......................................................................................................................10
1.2 ФЕНОМЕНОТ МОДА И МОДНО ИЗРАЗУВАЊЕ .........................................................11
1.2.1 НАСТАНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МОДНИОТ ДИЗАЈН ..........................................12
1.2.2 ВИДОВИ НА МОДЕН ДИЗАЈН ...............................................................................12
1.2.3 КРЕИРАЊЕ НА КОЛЕКЦИЈА.................................................................................14
1.2.4 КРЕИРАЊЕ НА ДИЗАЈНОТ НА ОБЛЕКАТА ........................................................14
1.2.5 ИЗБОР НА ПОЛЕ ЗА РАБОТА ВО ПРОЦЕСОТ НА КРЕИРАЊЕ ОБЛЕКА ........15
1.3 ЕЛЕМЕНТИ НА МОДНИОТ ДИЗАЈН ............................................................................15
1.3.1 ЛИНИЈА ...................................................................................................................15
1.3.2 ОБЛИК .....................................................................................................................19
1.3.3 ТЕКСТУРА ...............................................................................................................23
1.3.4 ВАЛЕР .....................................................................................................................23
1.3.5 БОЈА ........................................................................................................................24
1.3.6 СИМБОЛИКА НА БОЈАТА .....................................................................................25
1.4 ПРОПОРЦИИ И ЗЕМАЊЕ НА МЕРИ ЗА КОНСТРУКЦИЈА НА ДАДЕН МОДЕЛ НА
ОБЛЕКА ...............................................................................................................................26
1.4.1 ПРОПОРЦИИ НА ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО ................................................................26
1.4.2 ЗЕМАЊЕ НА МЕРИ ЗА КОНСТРУКЦИЈА НА ДАДЕН МОДЕЛ............................28
1.4.3 МЕРКИ И ПРЕСМЕТКИ ЗА КОНСТРУКЦИЈА НА КРЕИРАНАТА ОБЛЕКА .........34
1.4.4 КОНСТРУКЦИСКА ПРИПРЕМА НА КРЕИРАНИТЕ МОДЕЛИ ..............................36
1.4.5 ПРИБОР ЗА ИЗРАБОТКА НА КРОЈНИ ДЕЛОВИ.................................................40
2 КРОЕЊЕ ...........................................................................................................................44
2.1 УПОТРЕБА НА КУКЛА „МАНЕКЕН” ЗА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОСТА НА КРОЈНИТЕ
ДЕЛОВИ ...............................................................................................................................49
2.2 ФАЗА НА ШИЕЊЕ НА КРЕИРАНАТА ОБЛЕКА .........................................................50
2.3 МАТЕРИЈАЛИ КОИ НАОЃААТ ПРИМЕНА ВО КРЕИРАЊЕТО НА ОБЛЕКА ............52
2.4 КОНСТРУКЦИЈА И ИЗРАБОТКА НА ТЕМЕЛНИ КРОЕВИ НА ОБЛЕКА ...................55
3 КОНСТРУКЦИЈА НА ТЕМЕЛЕН КРОЈ НА ЗДОЛНИШТЕ .............................................55

5
3.1 КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈОТ ЗА ТЕСНО ЗДОЛНИШТЕ: ..........................................56
3.2 МОДЕЛИРАЊЕ НА ОСНОВЕН КРОЈ НА ЖЕНСКО ЗДОЛНИШТЕ ............................59
3.2.1 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЗДОЛНИШТЕ СО НАБОРИ ..................................................64
3.2.2 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЗДОЛНИШТЕ СО СРЕДИШНА ФАЛТА ...............................65
3.2.3 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЗДОЛНИШТЕ СО СТРАНИЧНИ ФАЛТИ ..............................66
3.2.4 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЗДОЛНИШТЕ СО ФАЛТИ НА ПРЕДЕН ДЕЛ .......................68
3.2.5 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЗДОЛНИШТЕ СО СТРАНИЧЕН НАБОР ..............................69
4 КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈОТ ЗА ЅВОНЕСТО ЗДОЛНИШТЕ ......................................73
4.1 КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈОТ ЗА УМЕРЕНО ПРОШИРЕНО ЗДОЛНИШТЕ..............74
4.2 КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈОТ ЗА ЅВОНЕСТО ЗДОЛНИШТЕ ОД 2 ДЕЛА
(ПОЛУКРУЖНО ЗДОЛНИШТЕ) ..........................................................................................75
4.3 КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈОТ ЗА ЅВОНЕСТО ЗДОЛНИШТЕ ОД 4 ДЕЛА (ПОЛН
КРУГ)... .................................................................................................................................76
5 ТЕКСТИЛНИ МАТЕРИЈАЛИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКО
ЗДОЛНИШТЕ И НАЧИНИ НА ИЗРАБОТКА ..........................................................................79
5.1 ТЕКСТИЛНИ МАТЕРИЈАЛИ .........................................................................................79
5.2 ТИПОВИ НА МОДЕЛИ И ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКО ЗДОЛНИШТЕ .........................80
5.2.1 ТИПОВИ НА МОДЕЛИ ............................................................................................80
5.3 ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКО ЗДОЛНИШТЕ ....................................................................81
5.3.1 ПРОШИВАЊЕ НА ВШИТОЦИ ...............................................................................82
5.3.2 ПРОШИВАЊЕ НА БОЧНИ ШЕВОВИ....................................................................83
5.3.3 ИЗРАБОТКА НА ОТВОРИ ......................................................................................84
5.3.4 НАШИВАЊЕ НА ПОЈАС ........................................................................................84
5.3.5 ИЗРАБОТКА НА ПОРАБ ........................................................................................85
6 КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈ И ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКИ ПАНТАЛОНИ .....................86
6.1 КОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВЕН КРОЈ ........................................................................86
6.2 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЖЕНСКИ ПАНТАЛОНИ ...............................................................94
6.2.1 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЗДОЛНИШТЕ –ПАНТАЛОНИ ...............................................94
6.2.2 МОДЕЛИРАЊЕ НА „ВРЕЌАСТИ ПАНТАЛОНИ” ..................................................97
6.3 ИЗРАБОТКА НА НАДВОРЕШЕН ЏЕБ КАЈ ЖЕНСКИ ПАНТАЛОНИ .......................100
6.4 ТИПОВИ НА МОДЕЛИ И ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКИ ПАНТАЛОНИ ........................102
6.4.1 ТИПОВИ НА МОДЕЛИ ..........................................................................................102
6.5 ТЕКСТИЛНИ МАТЕРИЈАЛИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКИ
ПАНТАЛОНИ И НАЧИНИ НА ИЗРАБОТКА .....................................................................103

6
6.5.1 ТЕКСТИЛНИ МАТЕРИЈАЛИ .................................................................................103
6.5.2 ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКИ ПАНТАЛОНИ ............................................................104
7 КОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВЕН КРОЈ И ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКА БЛУЗА ...........106
7.1 КОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВЕН КРОЈ ......................................................................106
7.2 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЖЕНСКА БЛУЗА СО ПРОМЕНА НА ПОЗИЦИЈА НА
НАДГРАДЕН ВШИТОК И ДОДАТОК ЗА КОПЧАЊЕ(ИЗГЛЕД НА ЖЕНСКА КОШУЛА)
............................................................................................................................................113
7.2.1 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЖЕНСКА БЛУЗА ВО КОРСЕТ ............................................115
8 КОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕНСКИ РАКАВ ........................................................................117
8.1 КОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВЕН КРОЈ ......................................................................117
8.2 МОДЕЛИРАЊЕ НА ЖЕНСКИ РАКАВ ........................................................................120
8.2.1 МОДЕЛИРАЊЕ НА КРАТОК ЖЕНСКИ РАКАВ ПРОШИРЕН ВО ДОЛНИОТ ДЕЛ
........................................................................................................................................120
8.2.2 МОДЕЛИРАЊЕ НА КРАТОК ЖЕНСКИ РАКАВ ПРОШИРЕН ВО ГОРНИОТ ДЕЛ
........................................................................................................................................120
8.2.3 МОДЕЛИРАЊЕ НА КРАТОК ЖЕНСКИ РАКАВ ПРОШИРЕН И ВО ГОРНИОТ И
ДОЛНИОТ ДЕЛ ..............................................................................................................121
9 КОНСТРУКЦИЈА НА ЈАКА ............................................................................................122
9.1 KОНСТРУКЦИЈА НА „БЕБИ” ЈАКА ..........................................................................122
9.1.1 ОСТАНАТИ ТИПОВИ НА ЖЕНСКИ ЈАКИ ...........................................................123
9.2 ТИПОВИ НА ИЗРЕЗИ НА ЖЕНСКА БЛУЗА ..............................................................124
9.3 ТИПОВИ НА РАКАВИ ВО КОМБИНАЦИЈА СО ЖЕНСКА БЛУЗА ...........................125
9.4 ОБЛИЦИ НА ЖЕНСКА БЛУЗА ...................................................................................126
9.5 ТЕКСТИЛНИ МАТЕРИЈАЛИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКА
БЛУЗА И НАЧИНИ НА ИЗРАБОТКА ...............................................................................127
9.5.1 ТЕКСТИЛНИ МАТЕРИЈАЛИ .................................................................................127
9.5.2 ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКА БЛУЗА ......................................................................128
10 ГРАДИРАЊЕ НА КРОЈНИ ДЕЛОВИ НА ЖЕНСКА ОБЛЕКА ..................................130
10.1 ГРАДИРАЊЕ НА ЖЕНСКО ЗДОЛНИШТЕ СО 4 ВШИТОЦИ НА ПРЕДЕН И 4
ВШИТОЦИ НА ЗАДЕН ДЕЛ. .............................................................................................131
10.2 ГРАДИРАЊЕ (ЗГОЛЕМУВАЊЕ) НА ДОЛГ ЖЕНСКИ РАКАВ ...............................133
10.2.1 ГРАДИРАЊЕ (ЗГОЛЕМУВАЊЕ) НА КРАТОК ЖЕНСКИ РАКАВ ........................134
10.3 ГРАДИРАЊЕ (ЗГОЛЕМУВАЊЕ) НА ЖЕНСКИ ПАНТАЛОНИ .............................135

7
1. ПРВАТА ФОРМА НА ОБЛЕКА И НЕЈЗИНА ЕВОЛУЦИЈА

Во најголемиот дел од историјата, развојот на костимот следи две одвоени


линии поврзани со два различни вида на облека/два контрастни типа на облека-
женска и машка облека. Од современ модерен аспект, најочигледната линија на
развој може да се формулира како пројавување на разликата меѓу машката и
женската облека, односно во двата најопшти типови на облека - панталони и
здолниште/сукња. Направените истражувања на полето на историјата на костимот,
од друга страна, јасно покажуваат дека во минатото мажот има доминантно место кога
станува збор за разновидност и богатство на облека, односно дека мажот бил тој, кој
од секогаш носел далеку поукрасена облека, отколку жената. Исто така,
проследувајќи ја историјата на костимот доаѓаме до сознание за потреба од рушење
на востановената предрасуда која се однесува на поставената генерална поделба на
машка и женска облека. Кога говориме за општите генерални поделби на облекaта,
одредена група на проучувачи на историјата на облеката, се определуваат за една
друга поделба, односно за „тесна / припиена“ и „набрана /со набори“ облека. Во една
ваква поделба, денешната модерна облека би се вклопила во првата категорија.
Постојат повеќе размисли поврзани со примарниот мотив за носење облека, кои се
рангираат во различни групи. Доминантно мислење поврзано со примарниот мотив за
носење на облека сѐ уште е базично и е поврзано со податоците од Библијата -
создавањето на светот и срамот кој ги натерал првите луѓе Адам и Ева да си го
покријат телото. Постои и друго мислење според кое облеката и облекувањето се
поврзани со примитивните пагански верувања и изведување на магиски ритуал – за
здравје, успех и заштита од зло.

Следното откритие во процесот на изработка на облека е огромно и по своите


размери се споредува со откривањето на огнот и дрвеното колце - тоа е иглата за
шиење. Во палеолитските пештери, најстарите живеалишта на примитивниот човек,
се пронајдени огромен број на вакви игли изработени од слонова коска или заби од
морски коњ и истите потекнуваат од пред неколку илјадници години. Некои од нив се
толку мали што претставуваат примероци на одлична занаетчиска работа.

Откривањето на иглите овозможило составување на парчињата крзно и кожа кои


се сметаат за првите материјали кои се користеле за изработка на облека, а крајниот

8
резултат била облека слична на онаа која денес ја носат Ескимите. Во меѓувреме,
луѓето кои живееле во попријатни климатски региони ја откриле употребата на
животински и растителни влакна. Во овие предели, првиот чекор во создавањето на
материјал за облека било ткаењето. Со создавањето на ткаенините како суровина за
добивање на еден производ веќе започнува ерата на изработка на облеката преку
изработка на едноставни скици, кроеви, обликување на облеката и нејзино
украсување.

Пред средината на 19-тиот век, поголем дел од облеката била изработувана по


мерка. Присутно било и манифактурното производство во кои шивачи и кројачи по
налог изработувале облека. Од почетокот на 20-тиот век со пронајдокот на машината
за шиење, зголемувањето на светскиот капитализам и развивањето на фабричкиот
систем на производство, се зголемува бројот на продажни места, па на тој начин
облеката значително почнала масивно да се произведува во стандардни величини кои
се продавале по непроменлива – фиксна цена. Иако модната индустрија за прв пат се
развила во Европа и Америка, во денешно време таа е интернационална-меѓународна
и индустрија на светско ниво, со облека најчесто дизајнирана во една земја, рачно
изработена во друга земја и продавана низ целиот свет. На пример, американска
модна компанија може да зема материјали од Кина, да ја скрои облеката во Виетнам,
да ја финализира во Италија и да ја пренесе со брод до складиштето во САД за
продажба во трговските центри и продавниците за облека на интернационално ниво.

На почетокот на 21-виот век, модата се менува секоја сезона. Преку средствата за


јавно информирање, за неа се знае веднаш по нејзиното појавување, а преку
продажната мрежа, таа е достапна на секој потенцијален потрошувач. Порастот на
стандардот на живеење, се поголемата вработеност на луѓето, честите патувања и
потребата од добар изглед, предизвикаа и поголема потреба од конфекциски
производи. Модата стана интересна за производителот од причини што стана и доста
профитабилна. Се смета дека и таа е една од причините што во минатиот век се
забележува нагло растење и интернационализирање на текстилната и конфекциската
индустрија. Со усовршувањето на машинскиот парк, со појавата на нови и современи
машини за изработка на кројни слики, модели, машини со кои се поедноставува
процесот на шиење и изработка на облеката, како и со примената на компјутерската
технологија, сите овие процеси се забрзуваат и стануваат лесно достапни за сите
оние кои се занимаваат со конфекциско производство.

9
1.1. Креирањето на дизајнот на облеката во функција на модната индустрија

Дизајнот на предмети за поширока намена претставува една од најстарите


дејности со која се занимава човекот, меѓутоа дизајнот како правна категорија
настанува многу подоцна. Денес дизајнот претставува значаен фактор во
културолошкиот живот на луѓето. Постојат различни видови на дизајн и секој од нив
има свое место и значење во производната индустрија. Модниот дизајн се смета за
најважен фактор кој е во функција на модата и модните трендови. Во најширока
смисла процесот на креирање претставува процес на донесување на одлуки во однос
на конструкцијата, обликувањето и изработката на даден производ. Целта на
дизајнирањето на даден производ е решавање на одреден проблем или задавање на
форма на замислениот модел. Етимолошки зборот „дизајн” потекнува од англискиот
збор “дesign” и значи цртеж или скица, односно идеја изразена преку цртеж.
Значењето на зборот дизајн не е еднозначно, се смета дека е образец за конкретна
предметност, но и проекција на иднината која влијае на однесувањето во сегашноста.
Постојат различни видови на дизајн, а сите тие може да се поделат во неколку
категории:

 Индустриски дизајн-се смета за најстара и најширока област на дизајнот


(машини, автомобили, куќни апарати итн.)
 Графички дизајн
 Дизајн на машини и машинска опрема
 Дизајн на ентериер
 Текстилен дизајн (Моден дизајн- дизајн на текстил и облека)

Покрај наведените групи постојат и бројни подгрупи на дизајн кои се резултат на развојот
на технологијата. Се смета дека дизајнот настанал со појавата на индустриската
револуција, сериското и масовното производство на производи за непознати
потрошувачи. Со дизајнот се настојува однапред да се предвиди вкусот и потребата на
одредена група на купувачи. Задачата на добро дизајниран производ е да се
конструира употребен предмет кој ќе претставува чекор напред од
вообичаените стереотипи и ќе овозможи што е возможно подобро и економски
оправдано производство, односно производ кој ќе донесе поголем профит.
Дизајнот притоа треба да биде привлечен и да одговори на вкусот на потрошувачите за
кои е наменет. Добриот дизајн е единство од функционалност, економичност... добриот

10
дизајн во комбинација со напредната технологија има за цел да го создаде она за коешто
светот не знаел дека недостасува. Без обѕир на тоа што дизајнот има полно допирни
точки со уметноста, тој се разликува од уметноста поради својството за техничко
умножување и користење зашто истиот тој е наменет за широка употреба. Додека
дизајнот е функционален, уметноста е нефункционална. Уметноста е уникатна, а
дизајнот, воглавно, не е. Дизајнот во основа е рационален, а уметноста е
окарактеризирана со спонтаност, експресивност, таинственост... Дизајнот, всушност, е
применета уметност.

1.2 Феноменот Мода и Модно изразување

Терминот „Mода” (lat. Modus-начин, правило, ритам, време) е термин кој означува
популарни стилови и трендови во разни сфери на човековата активност и размислување
поврзани со одреден временски момент. Термините „модерен” и „немодерен”
претставуваат индикатор на усогласеност на нешто со моменталните барања од модното
изразување. Во секојдневниот живот терминот „модерен” обично се користи во позитивна
смисла како синоним за гламур, убавина, сјај и стил.

За мода можеме да говориме веќе од 16-тиот век. Првиот моден дизајнер кој
имал поголема визија од еден „обичен” кројач бил Чарлс Фредерик Ворт (1826-
1895 год). Во минатото модата била предводена од аристократските слоеви кои и воедно
ја диктирале истата, на тој начин што додека модата стигнувала до пониските граѓански
слоеви аристократијата веќе имала воведено нова мода. Некои теоретичари модата ја
поврзуваат исклучиво со облеката, меѓутоа евидентно е дека не е секоја облека дел од
модата. Помеѓу другото постојат податоци дека луѓето се облекувале и многу порано
пред да се појави терминот мода, односно многу пред да настане модата. Денес модата
претставува значаен феномен на модерниот свет. Се смета дека модата има многу
големо влијание во процесот на самоостварување, креирање на идентитетот и
диференцијацијата. Карактеристиките на материјалите и формите се доста значајни во
комплексниот моден систем. Модата циклично се појавува, исчезнува и се враќа во
слична или модифицирана форма. Треба да се истакне дека модата ја „конзумираат”
само одредена група, а целината се наоѓа на пат кон неа. Почетните модни импулси
престануваат да бидат мода во моментот кога ќе бидат општо прифатени. Едно од

11
темелните својства на дизајнот е функционалноста, неговата употреба е одредена од
материјалот, обликот и функцијата.

1.2.1. Настанување и развој на модниот дизајн

Модниот дизајн претставува применета уметност која се „носи”.


Елементите на модниот дизајн се составни делови или компоненти на облеката кои
поединечно и не мора да значат многу, но поставени во добра комбинација можат да
дадат една хармонична целина. За разлика од минатото каде првите дизајнери на облека
воглавно биле занаетчии, денес тие добиваат се позначајна улога, бидејќи се сметаат за
идеолози на модата. Тие ги диктираат трендовите, боите за секоја наредна сезона.
Дизајнот настанува во тој момент кога функционалноста на дадена облека ќе
премине во естетика и уметност. За вистински почеток на појавата на дизајнот се
смета дека е 19-тиот век, односно периодот на индустриската револуција.

1.2.2. Видови на моден дизајн

Модниот дизајн се применува на различни начини и во различен обем во


зависност од тоа за кои субјекти и за која цел е наменет. Постојат три битни, генерални
области кои ја опфаќаат целокупната област на модниот дизајн. Тоа се:

 високата мода,
 конфекцијата (ready to wear) и
 масовната конфекција.

Високата мода (Haute couture)- е француски термин за „висока мода”. Таа претставува
практично и уникатно идејно решение за одреден предмет на облека, рачно изработено,
најчесто по нарачка и воглавно за веќе познати купувачи. Оваа мода се однесува на
креирање на високо ексклузивна мода која се изработува по нарачка. Моделот се
изработува од врвни материјали, а цената не претставува лимитирачки фактор. Изразот
„висока мода” првобитно се врзува за работата на англискиот креатор Чарлс Фредерик
Ворт, кој работел во Париз во средината на 19-тиот век. Терминот „висока мода”

12
претставува заштитен поим кој може да го користат само оние фирми кои задоволуваат
точно пропишани стандарди. Иако секоја сезона е иновативна и различна (“Pret-a-
porter”), модата следи одредени правила, ускладена помеѓу повеќе дизајнерски куќи
заради дефинирање на единствен и заеднички тренд. Наспроти ова, „високата мода”
допушта поголема креативна слобода, не тежнее кон тоа да биде универзална, или да
припаѓа на некој стил или тренд, туку да биде различна, да има статус на уметничко дело.
Креациите се обликуваат скулптоларно и често се инспирирани од историските стилови.
”Високата мода” има тенденција да се издигне над „потрошувачкото лудило”
кое е карактеристично за “Pret-a-Porter” модата.

Конфекција (ready to wear/prêt-a-porter) - оваа област од модниот дизајн претставува


преодна област помеѓу високата мода и пазарот за масовно производство. “Pret-a-
Porter” е француски израз за облека со висок квалитет во однос на дизајнот и
материјалите, но не е уникатна. Станува збор за облека која е изработена без или со
минимална рачна работа, воглавно машинска, односно индустриска. Дизајнот е, воглавно
класичен, квантитетот е релативно мал, и оваа група спаѓа во средната или средно-
високата квалитативна ценовна категорија. Ваквата облека се пласира на пазарот во
стандардни величини, а производите се сериски. Најголемиот број од компаниите од
модниот свет и припаѓаат на оваа категорија, поради брзиот обрт на капитал. “Pret-a-
Porter” колекциите обично се претставуваат секоја сезона за време на „Модната недела”
(Fashion week).

Масовна конфекција- Оваа конфекција се смета дека настанала со настанокот на


индустриското производство во масовни размери. Таа покрива широк спектар на купувачи
и истите модели се продаваат во поголем број и во повеќе држави. Оваа конфекција е
изработена од ефтини материјали и со незадоволувачки квалитет. Основната цел е да се
произведе „достапна мода” која ќе може да си ја дозволи пошироката народна маса.
Секако квалитетот овде не е во преден план, но желбата да се носи модерна гардероба
која притоа е во тренд и удобна, е апсолутно задоволена. Се смета дека во иднина
јасните граници помеѓу овие генерални области на модниот дизајн се повеќе ќе се
трансформираат и губат, а некои и потполно ќе изумрат и ќе се појават нови.

Нема сомнение дека модата поседува свет на визуелна култура и станува транспортер
помеѓу сликата телото и облеката. Една од главните функции на модата е креирање на
идентитетот, а дизајнот е значаен фактор на модата.

13
1.2.3. Креирање на колекција

Првиот чекор во дизајнирањето на една колекција е нејзино планирање. Секоја


колекција мора да биде изработена од внимателно одбрани материјали кои склопени во
една целина ќе дадат модерен изглед на изработената облека. Како втор чекор е
предвидувањето на трендовите – се смета дека е една од најтешките работи кои
треба да ги направи еден креатор на облека. Со цел успешно да се предвидат модните
трендови, мора да се разработат модните правци кои биле карактеристика на
претходната сезона, да се следат трендовите на останатите модни куќи кои ја диктираат
модата и секако, следење на модните трендови во модните списанија. Многу е важно
дизајнерот добро да ги познава вкусовите на неговите потрошувачи со цел да предвиди
дали новата колекција ќе биде прифатена и популарна во следната сезона. Избор на
тема- како инспирација за одредена колекција може да послужи одреден историски
период, одредено место, боја или типови на ткаенина, односно како инспирација на
дизајнерот може да му послужи сѐ она што има јако визуелно влијание врз неговата
креативност.

1.2.4. Креирање на дизајнот на облеката

Различни дизајнери работат на различен начин. Некои најпрво ги скицираат


нивните идеи на хартија, другите ги цртаат типовите на материјали кои планираат да
најдат место во нивната колекција. Третиот метод е да ги моделираат кроевите од
претходната сезона и да ги вклопат во наредната. Откако ке биде исцртан моделот на
хартија, односно откако се добива 2D-приказ на облеката, потребно е истата да биде
изработена во 3D-облик. Изработката на тој таканаречен „Пилот-модел” од пробна
ткаенина наречена муслин, ќе покаже дали во креираниот модел постојат извесни
недостатоци (лошо скроени кројни делови, лошо сошиени парчиња, криво скроени
парчиња, употреба на погрешен бод и конец итн.). Во моментот кога ќе се утврди дека
моделот ги задоволува критериумите поставени од модниот креатор, истиот се пушта за
изработка, но со претходно одбраните материјали од страна на креаторот.

14
1.2.5. Избор на поле за работа во процесот на креирање облека

Постојат три полиња на работа во кои дизајнерите, воглавно, се пронаоѓаат:


“Freelance” дизајнер- или во превод дизајнер кој работи за себе. Тие ја продаваат
нивната работа на модните куќи, продаваат директно во продавниците, или работат по
мерка, но не се вработени во тие компании.
“In house”- дизајнерите се вработени во одредена модна куќа, на тој начин нивните
дизајни се во сопственост на модната куќа и не можат да ги продаваат како сопствени
дизајни на облека.
Дизајнери вработени во своја сопствена компанија- Многу од дизајнерите го избираат
овој начин на работа, бидејќи нивните дизајни ги продаваат под нивно заштитно име.

1.3. Елементи на модниот дизајн

Елементите на модниот дизајн се визуелно видливи градбени делови и


компоненти на облеката. Поединечно и немаат некое посебно значење, но ако вешто и
складно се споени од страна на креаторот, ќе дадат една хармонична целина- естетска и
ефикасна визуелна комуникација.
Елементи на модниот дизајн се:
1. Линија
2. Облик
3. Текстура
4. Валер
5. Боја

1.3.1. Линија

Линијата како збир од точки на прв поглед доста едноставна, но по нејзините


можности е доста комплицирана и значајна за модниот дизајн. Од тие причини се смета
дека линијата е основна и една од најзначајните елементи на модниот дизајн.
 Како самостоен елемент линијата ја дефинира вистинската или илузорна
величина, правецот, насоката и движењето;

15
 Со нејзина комбинација може да се остварат сите други елементи со исклучок на
бојата;
 Затворената линија ја одредува површината, а ако притоа е широка, може и
самата да биде површина;
 Како контура дава облик-силуета
 Со нејзино диференцирање се добива структура;
 На исти начин може да се добие текстура и валер.

Според изгледот линиите може да бидат: континуирани, тенки, испрекинати, остри,


еднолични, обоени итн.
Според текот може да бидат прави (хоризонтални, вертикални, дијагонални), криви
(кружни, полукружни, брановидни, спирални), отворени, затворени.....
Правите линии означуваат дигнитет, моќ и формалност на облеката.

Слика 1. Типови на линии и нивна примена во креираната облека

Вертикалните линии даваат визуелно издолжување на формата, многу честа примена се


забележува кај машката кошула.
Брановидните линии даваат волумен на облеката, а притоа овозможуваат пријатно
чувство за човековото тело.

16
Во зависност од значењето- функцијата на линијата во модниот дизајн може да бидат:
 Контурни
 Структурни (конструктивни)
 Декоративни (украсни)
Контурните линии-силуети - ја формираат контурата на телото или облеката. Тие се
основни линии во облеката, најлесно видливи. Тие го отцртуваат обликот на облеката и ја
дефинираат нејзината специфичност.

Слика 2. Контурна линија во креираната облека

Структурните линии се линиите во внатрешноста на контурата- силуетата и ја даваат


градбата-структурата и уникатноста на облеката. Тие се добиваат во процесот на кроење
и шиење. Пример за тоа се линиите на струкот, околувратникот, ревери, јаки, шевови,
пораби итн. Структурните линии може да бидат споени од исти или различни материјали.

Слика 3. Изглед на структурни линии во креиран модел

17
Декоративни линии – тоа се воглавно карнери, чипки, вез, контрасни пораби, украсни
штепови, траки, паспули итн.

Слика 4. Изглед на декоративни линии во креиран модел

Обликот и формата се многу битни визуелни елементи на модниот дизајн.


Надворешниот облик е одреден од контурната линија- дводимензионалната
контура на човековото тело со облека се нарекува модна силуета. Модната
силуета е првиот впечаток кој се забележува оддалеку, пред да се препознаат нејзините
структурни детали. Модната силуета се менувала низ вековите и според неа се
препознаваат модните стилови.

Слика 5. Промена на модната силуета низ вековите

18
Обликот на облеката познат уште како модна линија, најчесто добива име според
латинските букви на кои и истата асоцира.

Слика 6. Типови на модна линија во облеката

1.3.2 Облик

Без разлика на тоа што во градбата на човековото тело учествуваат исти градбени
елементи и делови, постојат различни облици на телата, но сите тие се сведуваат на
следните облици на човековото тело (слика 10):

Слика 7. Хоризонтални облици на женското тело (од лево на десно) облик на круша,
облик на јаболка, облик на песочен часовник, облик на клин и облик на
правоаголник

19
Обликот на телото е форма-конструкција на која се носи облеката. Секоја облека во
фазата на дизајнирање идејно се обликува на модна фигура на дводимензионален
медиум (хартија), така што со помош на елементите на модниот дизајн (линија, облик,
боја, текстура и валер) добива илузија на тродимензионален облик. Тродимензионалниот
облик моделот го добива кога истиот ќе биде изработен од ткаенина и сошиен според
пропорциите на човековото тело.

1.3.2.1 Барања во процесот на креирање облека во зависност од формата на телото

Обликот на телото го условува и изгледот на креираната облека. Постојат правила


во однос на тоа да креираната облека за зададена форма на човековата фигура го даде
најдобриот изглед. Познато е дека со правилно креирање на облеката може да се
сокријат сите недостатоци во однос на формата на човековото тело и секако да се
потенцира неговиот облик. Треба да знаеме дека на секое тело треба да се креира
облека која ќе одговара на неговиот облик и конституција.
Тело со облик на круша – Оваа форма на човеково тело се карактеризира со тесни
рамена, а широки колкови и бутови. Идеален тип на креирана облека е оној во кој
пропорциите на телото визуелно ќе се изедначат со цел фигурата да изгледа
пропорционално. Важно е да се сврти вниманието на долниот дел на телото (колковите и
бутовите) и да се нагласат тесните раменици се со цел самата фигура да добие издолжен
облик.

Слика 8. Тело со облик на круша и барања во однос на креираните модели облека

20
Тело со облик на јаболко- Тело со ваков облик кој се карактеризира со еднаква ширина
на колковите, струкот и рамената има посебни барања во однос на креираната облека и
тоа:
 Треба да се ублажи ширината на горниот дел (рамениците), на начин што ќе се
сврти вниманието од струкот и истото да се усмери кон долниот дел на телото,
притоа визуелно да се направи струкот да изгледа потесен.

Слика 9. Тело со облик на јаболко и барања во однос на креираните модели на


облека

Тело со облик на песочен часовник: Главни карактеристики на телесната градба се


пропорционално изградено тело, приближен обем на горниот и долниот дел од телото,
поголеми гради, тесен струк и поголеми колкови. Оваа градба се смета за идеална
телесна градба на женското тело.

Слика 10. Тело со облик на песочен часовник и барања во однос на креираните


модели на облека

21
Тело со облик на клин или свртен триаголник: Овој тип на женско тело го
карактеризираат широки рамена и тесни колкови. Целта при креирањето облека за ваков
тип на женско тело е да се скрене вниманието од жироките рамена и да се потенцира
тенкиот струк, а воедни и да се прошири фигурата кај колковите.

Слика 11. Тело со облик на клин и барања во однос на креираните модели на


облека

Тело со облик на правоаголник : Рамената и колковите кај овој тип на женска фигура
имаат приближно еднаква ширина, без нагласена половина, а градите се со помал обем.
Облеката наменета за овој тип на градба треба визуелно да го намали струкот, а малку
да се проширува од рамената кон долниот дел на телото.

Слика 12. Тело со облик на правоаголник и барања во однос на креираните модели


на облека

22
1.3.3. Текстура

Текстурата е површинскиот квалитет на облеката. Текстурата е


единствената меѓу елементите на модниот дизајн поради тоа што предизвикува два
сензорни процеси и тоа визуелно може да се види и да се допре (почувствува).
Текстурата се однесува на тоа како материјалите кои ќе се применат за креирање на
облека се обликувани и како во нив ќе се чувствува лицето кое ќе ги носи. Текстурите
може да бидат:

 Вистински (реални), физички и тактилни и


 Визуелни или замислени

Вистински (реални), физички и тактилни текстури се тродимензионални текстури, тие


освен тоа што може да ги видеме може и да се осетат при допир. Најчесто се опишуваат
како меки, груби, крупни, ситни, сјајни, матирани, глатки, рапави, нежни итн.
Визуелни или замислени текстури се, всушност, дводимензионална интерпретација на
тродимензионална физичка или замислена текстура. Најчесто таквиот ефект се
постигнува со штампање, боење итн.

1.3.4. Валер

Валер е количина на светлина, односно бел (светол) и црн во боја (темен


валер). Распонот на тонови од најсветли до најтемни се нарекува валериски клуч. Може
да биде дурски (поголем распон и појак контраст) и молски (мал распон и слаб
контраст). Валер имаат хроматските и ахроматските бои. Секој хроматски тон има
ахроматски валер. Валериски круг е кругот од бои освен чистите бои (средишниот
прстен) Ги прикажува и светлите валери (четирите внатрешни прстени) и темните валери
(трите надворешни прстени) Валерискиот круг во креирањето на облека во модниот
дизајн служи за фина хармонизација на боите.

23
Слика 13. Валериски круг

1.3.5. Боја

Бојата е елемент со најголемо визуелно дејство. Нашиот свет е свет на светлост и


боја. Ако сончевата бела светлина физички ја разложиме со пропуштање сноп од
светлина низ призма, добиваме спектар на бои во кој се наоѓаат: црвена, портокалова,
жолта, зелена, сина, модра и виолетова. За црната и белата боја може да се каже дека не
се бои туку црната претставува потполно отсуство на светлина, а белата е самата
светлина.

Примарни бои- Ова се исклучително јаки бои: Сина, црвена и жолта. Секоја од
нив е јака, чиста и оргинална зашто во себе не содржи ниту една друга боја.

Секундарни бои- Во оваа група на бои спаѓаат портокалова, зелена и


виолетова. Секоја од овие бои се состои од две примарни бои. Портокаловата
боја е мешавина од примарните црвена и жолта. Зелената е спој на сина и жолта,
а виолетовата е спој на сина и црвена.

Терциерни бои- Постојат шест терциерни бои и тоа: портокалово-црвена,


портокалово-жолта, сино-зелена, сино-зелена, сино-виолетова, црвено-

24
виолетова. Секоја терциерна боја е составена од секундарна боја која се наоѓа
на едната страна од валерискиот круг и примарната боја до неа од другата страна
на кругот.

Боите може да ги дефинираме и како топли и ладни бои во зависност од нејзината


позиција во спектарот. Во топли бои спаѓаат - портокаловата, жолтата и црвената, а
ладните бои рефлектираат ладна виолетова и сина боја. Виолетовата може да биде и
топла и ладна боја во зависност од количината на црвена или сина боја.

1.3.6 Симболика на бојата

Во различни периоди од историјата на облеката, бојата изразува јавно


диференцирање во однос на класите во кои припаѓале одредени општествени слоеви. На
пример, во средниот век виолетовата боја е привилегија на високите слоеви во
општеството. Облеката на слободните граѓани била, воглавно, во црна, кафеава, зелена
и темносина боја. Селаните пак носеле облека во сиви нијанси. Децата и помладите
носеле облека во пастелни, нежни и светли тонови. Младите носеле, воглавно,
контрастни бои, а за возрасните биле карактеристични пригушените тонови.

Во денешното современо општество бојата на облеката не покажува ниакаква припадност


кон повисока или пониска општествена класа. Луѓето се облекуваат како се чувствуваат.
Се смета дека некои бои имаат големо психолошко влијание врз човековиот дух, така што
некои бои предизвикуваат потиснати состојби на духот, а други, како розовата,
портокалова и жолтата даваат чувство на радост и веселба.

Психичкото влијание на бојата во многу случаи е резултат на физиолошки промени кои се


случуваат во организмот на човекот под нивно влијание.

25
1.4 Пропорции и земање на мери за конструкција на даден модел на облека

1.4.1 Пропорции на човековото тело

За добра конструкција на облеката потребно е добро да се познава човековото


тело. Седмиот вратен пршлен е од клучно значење за конструкцијата на облеката,
бидејќи е појдовна точка за утврдување на различни мери. Разликата помеѓу градбата на
машкото и женското тело е прикажана подолу:

Слика 14. Разлика помеѓу градбата помеѓу машкото и женското тело

Пропорциите се одредуваат на основа на обликот и распоредот на поедини делови на


човековото тело. Во конструкцијата на облека како модул се зема должината на главата.

Телесната висина на возрасен човек е 8 пати поголема од неговата глава.

26
Во процесот на конструкција на облеката важно е да се воочи градбата според
вертикалниот облик на телото, а таа може да биде:

 Урамнотежена, пропорционална (од глава до половина 3/8 од висината на


телото)
 Долги нозе, краток труп
 Кратки нозе, долг труп

Пропорционална личност има складна градба, меѓутоа со носење на нескладна облека


може многу лесно да се постигне лош визуелен ефект (скратени нозе, широка половина
итн.) Лицата со долги нозе и краток труп (торзо), се особи за кои е најлесно да се креира
облеката, бидејќи различен тип на облека на нивното тело дава задоволувачки ефект.

Слика 15. Пропорции на човековото тело

Лицата со кратки нозе и долг труп, даваат впечаток дека се пониски од вообичаено, за
нив е потребо поголемо внимание во процесот на креирање на облека, бидејќи при

27
креирање на моделот потребно е визуелно да се издолжи фигурата (конструкција на
здолништа и панталони со висок струк даваат задоволувачки резултати во поглед на
издолжување на силуетата).

Слика 16. Висината на телото во зависност од градбата

1.4.2 Земање на мери за конструкција на даден модел

Со цел да се изработи прецизен и добар крој, многу е важно да се земат точни


мерки. Лицето на кое се земаат мерките треба да стои исправено, со составени нозе, со
припиени раце кон телото и облечено во долна облека.

За секој предмет на облека потребно е да знаеме кои мерки се потребни и како се


добиваат. Земањето мерки од телото има свој редослед. Треба да се започне најпрво со
оние мери кои ќе ги употребиме при конструкцијата на кројот. Пред секоја мерка треба да
се напише нејзиното име со кратенка или целосното име. Мерките се состојат од главни и
помошни мерки, кои уште се викаат конструкциски или пропорционални мери.

28
Главни (конструкциски) мерки при конструкцијата на облеката се:

 Вт- Висина на тело


 Ог- Обем на гради
 Оп- Обем на половина
 Ок - обем на колкови
 Др- Должина на ракав

Помошни (пропорционални )мерки:

 Шви- ширина на вратен изрез


 Дри- должина на ракавен изрез
 Дг- должина на грб
 Дк-Длабочина на колкови
 Дкр-Должина на крој
 Дпр.-Предна должина
 Шг-Ширина на грб
 Шри-Ширина на ракавен изрез
 Шгр- Ширина на гради
 Шп- (Оп)-Ширина на половина
 Всд- Висина на седален дел

За утврдување на мерите на телото се користи атропометар, соматометар или мерна


лента. Табелите со пресметки за секој предмет облека ќе бидат ставени во прилог на
секој модел пооделно.

На слика 16 е претставено земањето на мери за конструкција на горен дел на


женска облека.

29
Слика 17. Земање на мерки за конструкција на горен дел на женска облека- преден
дел

 Обем на гради (мера бр.1)


 Обем на половина (мера бр.2)
 Надградна ширина (мера бр.3)
 Растојание помеѓу градите- се мери растојанието помеѓу врвовите на двете гради
(мера бр.4)
 Должина на рамо (мера бр.5)
 Должина на преден дел (предна должина)- се мери од крај на рамо преку врвот на
градата до половината (мера бр.6)
 Предна должина- се мери од средината на вратот до половината (мера бр.7)
 Должина од под раката до половината (мера бр.8)

30
 Должина од крајот на рамото до ракавен израз (под пазувите) (мера бр.9)
 Должина од почетокот на рамото до врвот на градата (мера бр. 10)
 Обем на вратен изрез (мера бр.11)

Слика 18. Земање на мерки за конструкција на горен дел на женска облека- заден
дел

 Должината на задниот дел се мери од средината на вратот до половината (мера


бр.12)
 Должина од крај на рамо до половина (мера бр.13)
 Должина од почеток на рамо до половина (мера бр.14)
 Надградна ширина на заден дел (мера бр.15)

Со цел да се изврши конструкција на долен дел на облека потребни се следниве


мери:

31
 Обем на половина (мера бр.1)
 Обем на мали колкови (мера бр.2)- малите колкови се наоѓаат приближно на 10,0
см под линијата на половина
 Обем на големи колкови (мера бр.3)- големите колкови се наоѓаат приближно на
растојание 20,0 см од линијата на половина
 Должина на здолниште (мера бр.4)

Слика 19. Земање на мерки за конструкција на долен дел на женска облека

Во процесот на конструкција на женски панталони, пижами итн. во предвид


треба да се земат следниве мерки за конструкција:

 Должина на кројот (мера бр.1)


 Должина на чекор (мера бр.2)

32
 Обем на половина (мера бр.3)
 Обем на колкови (мера бр.4)
 Обем на колено (мера бр.5)
 Обем на ногавичен дел (мера бр.6)
 Висина на седало (мера бр.7)

Слика 20. Земање на мерки за конструкција на долен дел на женска облека

Во процесот на конструкција на женски ракави во предвид треба да се земат


следниве мери за конструкција:

 Должина на ракав (мера бр.1)


 Должина од врв на ракавен изрез/ракавна кривина (мера бр.2)
 Должина на ракав од почеток на рамо до лакт (мера бр.3)
 Обем на горен дел на ракав (мера бр.4)
 Обем на рачен зглоб (мера бр.5)

33
Слика 21. Земање на мерки за конструкција на ракав

1.4.3 Мерки и пресметки за конструкција на креираната облека

Системите на ознаки и големини на предметите за облека се формираат според


групите на облека и тоа:

 Машка горна облека,


 женска горна облека,
 женска долна облека,
 женска долна облека,
 машка детска облека и облека за млади,
 женска детска облека.

Во овој материјал ќе се задржиме на конструкцијата на женската облека и земањето


мерки за истата.

Во производството на женска горна облека постојат пет групи во однос на висината на


телото и тоа:

 Екстра ниски жени.................. 152-156см


 Ниски женски.............................158-162см

34
 Жени со средна висина..............164-168см
 Високи жени................................170-174см
 Екстра високи жени....................176-180см

За секоја од овие групи постојат и 3 дополнителни ознаки кои се однесуваат на:

 Висока става и развиеност,


 Нормална става и рзвиеност,
 Подебела става и развиеност.

Ознаките на големините на предметите за обликување може да се пресметаат според


висината на телото и средниот обем на гради, кои панатаму се коригираат со
конфекциски број (КБ). Општата формула за пресметка на ознаките гласи:

 Екстра ниски жени...........................1/8 (Ог-КБ)


 Ниски жени.......................................1/4 (Ог-КБ)
 Жени со средна висина....................1/2 (Ог-КБ)
 Високи жени..................................... 1 (Ог-КБ)
 Екстра високи жени..........................2 (Ог-КБ)

КБ има различни вредности во зависност од обемот на градите и тоа:

Ог од 84-104см..................................................КБ = 12см

Ог = 110см.........................................................КБ = 14см

Ог = 116 см........................................................КБ = 16см

Ог = 122 см........................................................КБ = 18см

Ог =128 см........................................................ КБ = 20см

35
1.4.4 Конструкциска припрема на креираните модели

Секоја ткаенина пред да започне да го запoчне процесот на искројување треба да


помине низ фаза на припрема. Најпрво треба да бидеме сигурни дека ткаенината во
процесот на обработка (кроење, шиење, пеглање..) нема да ја промени нејзината форма
и димензии. Секоја ткаенина е составена од основа и јаток, односно од вертикални и
хоризонтални нити кои го определуваат правецот на ткаенината и се важен репер во
процесот на искројување на облеката.

Со цел да се обезбеди успешна конструкциска припрема потребно е:

 Да се соберат мноштво од идеи


 Да се креира и обликува замислениот модел
 Опис и означување на моделот
 Конструкција на кроевите
 Стандардизација на новите кројни делови
 Изработка на кројна слика
 Утврдување на потрошувачката на материјал
 Изработка на колекција
 Градирање на кројните делови
 Изработка на табели за величини (мас-табели)

Собирање на идеи- собирање на идеи, воглавно, се добиваат при посета на модни


настани, следење на модни трендови, читање на модна литература и модни списанија.
Оваа работа е, воглавно, работа на модниот креатор кој треба да го осмисли идниот
дизајн на новиот производ. Идејата за изгледот на новиот модел најпрво се пренесува на
скица.

36
Слика 22. Изглед на скица за креиран модел на облека

креирање и обликување на замислени модел – е работа повторно на модниот креатор кој


врз основа на дадена скица изработува Дизајнерски цртеж.

Слика 23. Изглед на дизајнерски (лево) и технички цртеж (десно)

Технички цртеж- го прикажува цртежот од предната и задната страна на моделот со сите


детали кои припаѓаат на описот на моделот.

37
При креирањето на даден модел модниот креатор треба да обрне посебно внимание на:

 Естетскиот изглед на производот


 Цената
 Намената на дадениот производ
 Технолошката изведба на моделот во постоечкиот погон на претпријатието кое
треба да го изработи креираниот модел.

Опис и означување на моделот- секој модел е потребно детално да се опише и означи


со единствена ознака.

Пр. “SIGMA” ЖП-09 („сигма”-име на зададен модел во склоп на колекцијата, женски


панталони серија 09)

Конструкција на кроеви: Во процесот на конструкција се изработуваат два вида на


кроеви:

 Темелен крој (кој е исти за сите модели од истиот вид на облека. На пример за
сите модели на женско здолниште темелниот крој е ист.)
 Крој за зададен модел (се добива со моделирање на темелниот крој и е различен
за секој модел).

Стандардизација на новите кројни делови-малите кројни делови како што се


околкувратници, манжетни, џебови, се стандардизираат (добиваат еднаква ознака и
мерка). Причините се заштеда на време за конструкција зашто истите такви делови се
појавуваат на повеќе модели, па затоа не мора постојано да се конструираат туку истите
се наоѓаат по ознака.

Изработка на кројна слика – Кројната слика е збир на сите кројни делови од повеќе
предмети на облека вклопени на хартија. Целта на изработката на кројната слика е да се
постигне помала потрошуввачка на материјал.

38
Слика 24. Изглед на кројна слика

Утврдување на потрошувачката на материјал- Потрошувачката на материјал се


утврдува на основа на кројните слики.

Изработка на колекција- Најчесто се изработуваат две колекции годишно пролет/лето


и есен/зима. Секоја колекција се изработува една сезона однапред. Колекцијата ја
сочинуваат повеќе предмети на облека кои се поврзани со заеднички детали или
материјали од кои се изработуваат моделите во една колекција.

Градирање на кројните делови- кројните делови за секој креиран модел мора да се


изработат во една средна величина, а сите останати величини кои се произведуваат, се
намалуваат или зголемуваат на различни методи. Градирањето е зголемување или
намалување на кројните делови за сите величини во кои се произведува даден
производ.

Изработка на табели за мерки-ова е табела во која се впишани податоците за главните


мерки на основа на кои се изведува конструкција, градирање и контрола на производот по
изработката.

39
Слика 25. Градирање на кројни делови

1.4.5 Прибор за изработка на кројни делови

За разлика од изработката на дизајнерскиот цртеж и скицата за креираниот модел,


каде на дизајнерот му е потребно само хартија и молив, при изработката на кројните
делови на облеката потребни се доста помагала со помош на кои ќе се добие точна и
прецизна конструкција на кројните делови кои ќе ја сочинуваат облеката.

Во прилог се дадени прибори и помагала кои најчесто се користат при изработката на


кројните делови.

 Игли со заоблена глава- наоѓаат најчесто примена за меѓусебно зафаќање на


кројните делови со цел да се спречи меѓусебно лизгање, а се користат и понатаму
во процесот на шиење и корекција на облеката.

40
Слика 26. Игли со заоблена глава Слика 27. Притискачи

 Притискачи- обично имаат должина околу 1.5 cm и имаат метална или пластична
глава, нивната примена е за прицврстување на кројните делови со материјалот за
искројување.
 Шестар- најчесто наоѓа примена при исцртување на ѕвонести здолништа, кривини
итн.

Слика 28. Дел од прибор за кроење

Ножички- за искројување на хартија и ткаенина


Линијари- Најчеста примена наоѓаат обичниот свитлив линијар, пластичниот,
металниот и дрвениот линијар со различна должина во зависност од намената. L-
ленијарот метален или дрвен со два крака поставени под прав агол наменет за
исцртување на линии под прав агол. Триаголник за мерење на линии под прав
агол.
Криволинијари- Постојат повеќе видови во зависност од намената и тоа:

41
- Криволинијар за прецизно обликување на вратниот изрез.
- Француски криволинијар-пластичен и закривен на едната страна, служи за
исцртување на ракавниот и вратниот изрез.
- Криволинијар за обликување на линијата на колковите, линијата на
половината и линијата на должината на кројот.
- Криволинијар дрвен или метален, со должина од 61,0 цм, закривен на едната
страна и служи за обликување на поработ на панталоните и здолништата.

Слика 29. Криволинијари за обликување на вратен изрез и француски


криволинијар

Селотејп- наменет за поправка на скинатите кројни делови од хартија


Штипки (Клеми)- за прицврстување на кројните наслаги и ја намалуваат
можноста за дисторзија на кројната слика.

Слика 30. Криволинијар за пораб

42
Обележувач- Рачен секач наменет за поставување на ознаки (0,2 cm) на краевите
на кројните делови изработени од хартија, за обележување на шевови, спојување
на централни линии итн.
Тркало за обележување – Со шилци за точкасто пренесување на линиите на
кројните делови на хартија, со тап нож- за пренесување на линиите на кројните
делови од ткаенина (муслин) без кинење на хартијата.
Висечки куки и прстени- служат за обесување на кројните делови.
Шило- најчесто со обем од 0,3 см, служи за правење дупчиња во кројниот дел,
најчесто одредување на позиција на џеб, крај на вшиток, илици или украсни
детали итн.

Слика 31. Прибор за кроење- висечки куки, рачен секач, тркало за


одбележување, шило и метални тегови

Метални тегови- за меѓусебно прицврстување на кројните делови.


Мерна лента- метална, пластична или платнена со должина од 1,5 м служи за
земање мери.
Метална лента- кружно намотана во метална кутија, дава голема прецизност при
мерењето.
Кројачка креда- наменета за одбележување, односно подесување на шевови и
линии на моделот.
Пробна ткаенина (Муслин)- ткаенина која е изработена од белена или сурова
кардирана памучна преѓа со различна површинска маса. Во зависност од
површинската маса наоѓа и различна примена.

43
 Груба ткаенина за изработка на кројни делови со намален размер, служи за
тестирање на основните кроеви на облеката.
 Лесен муслин наменет за испитување на драперливост на облеката.
 Потежок муслин наменет за тестирање на моделити за тешка конфекција
(капути и одела).

Хартија за изработка на кроеви- за изработка на кроевите најчесто се користи хартија


со различна маса и боја во зависност од нејзината намена. Потешката хартија обично е
картон, а полесната хартија е хартијата наменета за кроење. Хартијата за кроење е
цврста вообичаено во бела или крем боја, со различна ширина намотана во ролна.
Хартијата е доволно мека за да може да се превиткуваат вшитоците или шевовите и да
се врати во првобитната состојба. Најчесто се користи за изработка на финалниот крој и
за градирање на кројните делови. Хартијата може да има обележувања од 1-5, да има
исцртано мрежа и да содржи симболи и линии кои ја олеснуваат работата при
искројувањето.

2. КРОЕЊЕ

Кроењето е првата фаза од технолошкиот процес на производство на облека. Во


одделението за кроење се искројуваат сите потребни делови кои го сочинуваат одреден
модел и се врши подготовка за наредната фаза, а тоа е фазата на шиење на искроените
парчиња. Доколку станува збор за индустриско производство, во тој случај се искројуваат
поголем број на кројни делови со цел да се забрза работата и да се намалат трошоците.
За таа цел материјалот се поставува во кројни наслаги кои може да достигнат висина од
2-30 см. Во овој случај мора да се обрне големо внимание доколку материјалот е
дезениран. Над кројната наслага се поставува кројната слика составена од кројни делови
кои треба да се искројат од истиот материјал, притоа водејќи сметка за правецот на
кроење и потрошувачката на материјал, кој треба да биде сведена на минимум. Низ
кројните наслаги, по веќе нацртани контурни линии поединечно се сечат кројните
делови, таа постапка се нарекува кроење. При постапката на кроење мора да се обрне
посебно внимание и прецизност, за таа цел потребно е придржување кон следните
принципи:

44
 Пред да се започне со процесот на кроење потребно е да се изврши добар
преглед на ткаенината, со цел да се утврди дали истата има дефекти или
нерамномерности.
 Трба да се одреди начин на положување на кројните делови на материјалот:
- надолжно,
- напречно или
- дијагонално.
 Карираните ткаенини и ткаенините со мотиви (дезенирани) најдобро е да се
кројат на еднострано поставен материјал, бидејќи ако материјалот е поставен
двојно, колку и да се крои со внимание може да дојде до поместување на
материјалот од едниот слој, што ќе резултира со лошо вклопување на кројните
делови во понатамошниот процес на шиење.
 Линијата на кројот треба секогаш да поминува низ средината на мотивот и да
е точно поставена помеѓу два мотива.
 На кројната наслага (материјал) прво се поставуваат големите кројни делови,
а малите кројни делови- џебови, јаки итн. се вклопуваат во кројната слика
помеѓу големите кројни делови.
 Ивиците на кројниот дел мора да имаат правец на насоката на падот на
материјалот. Ако тоа е невозможно да се одреди, се практикува извлекување
на нита од материјалот со цел да се види неговиот правец и во однос на
правецот на материјалот да се постави кројниот дел.

Сл. 32. Кроење на кројни делови на ткаенина со мотив и карирана ткаенина

45
Сл. 33. Извлекување на нита за утврдување на правецот на материјалот

Сл. 34. Начини на кроење - надолжно поставен кроен дел, дијагонално и напречно

Додатоци за шев

- на делот кај ракавната кривина и вратниот изрез обично се оставаат 1-1,5


см,
- 2-3 см се остава за шев на рамениците, струкот и ракавите, внатрешниот и
надворешниот шев на панталоните,
- 2-4 см за страничен и заден шев

46
- 3-8 см за пораб, кој е поголем кај детската облека, а кај панталоните и
здолништата имаат нешто помала вредност.

Слика 35. Пренос на кројните делови на ткаенината

Сика 36. Исцртување на кројниот дел на материјалот со помош на креда

-Обележување на кроевите со соодветни ознаки- Приборот кој се употребува при


изработка на кројни делови се применува и за обележување на кроевите со соодветни

47
ознаки. Овие ознаки, всушност, претставуваат нем јазик со кој комуницираат дизајнерот,
кројачот, моделарот и лицето кое врши градирање на кројните делови. Најчесто
применувани ознаки се за:

 Шевови,
 Средишни линии,
 Точки на спојување на кројни делови,
 Местоположба на џебови,
 Странични линии на вшиток,
 Обележување на преден и заден дел,
 Места на спој на јака со кроен дел,
 Врв на ракавен изрез,
 Линии за набор,
 Завршеток на рамо (кај крој со проширени рамена – по потреба),
 Местоположба на патент,
 Линија на пораб,
 Линија на половина,
 Ширина на вшиток,
 Должина на вшиток итн.

Кога во креираниот модел има присуство на џеб, вшиток, илици, копчиња и метални
додатоци, се користи шило со чија помош се дупчат дупчиња и тоа:

 На кројниот дел со цел да се утврди позицијата на џебот се дупчат мин 2-4


дупчиња кои во процесот на шиење се покриваат, а во фазата на доработка
(пеглање) исчезнуваат- кај поголемиот дел од материјалите,
 Се дупчи дупче со цел да се утврди местоположба на илици и копчиња,
 Се дупчи дупче со цел да се утврди местоположба на украсен или метален детал
(во повеќето случаи се користи молив или боица).

48
2.1 Употреба на кукла „манекен” за проверка на точноста на кројните делови

Куклата „манекен” претставува копија на човековото торзо, прикриено со мека


памучна ткаенина и поставено на висок сталак. Според нејзиниот облик се определуваат
сите неопходни мери и линии за конструкција на кроевите. Секоја кукла „манекен”
одговара на одредена конфекциска големина. Нејзината намена е за проверка на
основниот и моделираниот крој, конструиран од хартија или муслин. На слика 32,
прикажана е кукла „манекен“ и на неа се одбележани линиите потребни за конструкција
на кроевите.

Слика 37. Преден и заден дел на кукла „манекен”

49
2.2. Фаза на шиење на креираната облека

По завршување на фазата на конструкција и кроење следува фазата на шиење и


доработка на искроените делови облека. Во фазата на шиење искроените делови се
спојуваат во една целина. Местата каде се спојуваат кројните делови во процесот на
шиење се нарекуваат шевови. Како материјал за спојување на кројните делови се
користи конец кој со помош на иглата поминува низ слоевите на материјал. Шевовите
настануваат со поврзување на повеќе убоди. Јачината на шевот мора да одговара на
материјалот кој се спојува, со цел да се издржат силите кои се јавуваат при користење на
производот. Спојувањето на деловите на облека се врши машински или рачно. Врз
основа на различните карактеристики, постојат различни поделби на машините за шиење.
Најголема употреба во спојувањето на кројните делови наоѓа обичната шивачка машина,
за специјална намена се користат специјалните шивачки машини и автомати. При шиење
на креиран модел на облека треба да се обрне посебно внимание на:

 Правилна селекција на одговарачки игли и конци. Употребата на вистинската игла,


конец и ткаенина за одреден модел е од големо значење. Во табелата подолу се
дадени типовите на игли кои треба да се користат за различни ткаенини кои се
користат при креирање на одреден модел на облека.

Табела 1. Големина на игли во зависност од типот на материјал


Тежина Ткаенина Тип на игла Големина на игла
Шифон, чипка, Универзален, 9 (65)
Многу тенки Органза Округол врв

Батист, Универзален 11 (75)


Кинеска свила, 12 (85)
Тенки Лен, тафт,
сатен
Жерсе, трико Округол врв 11 (75)

50
Фланел, велур, Универзален 14 (90)
сомот, ребраст
Средни сомот, лен,
габардин,
волна, штоф
Џинс, платно Универзален, 16 (100)
Дебели за едра, платно многу остар врв
за навлаки

Површински 14 (90)
шев, Универзален
специјална
обработка
Многу дебели Шаторско 18 (100)
платно Универзална

 Конецот кој се користи во прцесот на шиење треба да биде јак, глаток и со еднаква
дебелина. Пред да започне процесот на шиење треба да се направи тестирање на
конецот и иглата на мало парче материјал, со цел да се утврди дали е направен
вистинскиот избор.
 Лош избор на игла може да предизвика оштетување на материјалот, што пак
директно ќе влијае на добивање на неквалитетен производ.

Во процесот на шиење се врши постојана контрола на квалитетот на сошиените делови


на облека со цел да се спречи можноста неквалитетен производ да стигне до последната
фаза-фазата на доработка. Во фазата на завршна доработка спаѓа контрола, пеглање,
спарување, етикетирање и пакување.(важи за индустриско производство). Најважен
сегмент во завршната доработка е пеглањето. За таа цел се применуваат рачни пегли,
парни преси и агрегати за пеглање во зависност од типот на производот и материјалот од
кој е направен. Во процесот на доработка може да се отстранат мали грешки кои се
јавиле во процесот на шиење, а со самиот процес на доработка облеката го добива
својот финален изглед.

51
1.5. Материјали кои наоѓаат примена во креирањето на облека

Со цел да се добие модел кој во исто време ќе биде квалитетен и ќе ги задоволува


естетските потреби, а притоа и ќе биде пријатен за носење, потребно е да се направи
правилен избор на материјал од кој ќе биде изработен одреден производ. Денес во
светот постојат мноштво од материјали добиени од природни или вештачки влакна, со
широко поле на употреба. Во зависност од тоа која ќе биде намената на креираниот
производ, ќе се направи и избор на материјалите за негова изработка. Материјалите кои
се користат за изработка на облеката, генерално, може да ги поделиме во две групи и
тоа- ткаенини и плетенини. Ткаенините се производи кои се добиваат со процесот
на ткаење, со преплетување на две нитки- основа и јаток. Се препознаваат по тоа што
ако се погледнат одблизу, можат да се забележат двете нитки како се испреплетуваат
една со друга во одредена преплетка. Од ткаенини најчесто се изработуваат кошули,
фустани, јакни, постелнини итн. Плетенините се текстилни производи кои
настануваат со преплетување на една нитка. Тие се лесно растегнуваат, а основна
градбена единка на плетенините е котелецот. Поради нивното својство на удобност и
мекост се користат, воглавно, за изработка на долна облека, капи, шалови, џемпери,
чорапи итн. Во поново време плетенините наоѓаат се поголема примена во изработката
на најразлични типови на облека. Во овој случај ќе се задржиме на материјалите кои се
користат за изработка на основните кројни делови на женско здолниште, женска блуза,
женски панталони итн.

Табела 2. Најчеста примена на материјали за изработка на женска облека

Брокат- материјал формиран од флотирачки преѓи во


една или повеќе бои. Оргиналниот материјал е
изработен од свила, но денес може да се добие од
памук, вискоза или други влакна. Наоѓа примена во
изработката на формални фустани и елегантни
здолништа.

52
Креп- материјал кој воглавно е изработен од свила,
најлон, вискоза, памук, волна итн. Најголема примена
има во изработката на женски фустани.

Габардин- материјал кој, воглавно, е изработен од


волна, вискоза, памук итн. Карактеристичен е по
дијагоналната преплетка која е позабележлива на
лицето од материјалот. Наоѓа примена за изработка на
фустани, униформи, капути.

Жерсе- плетен материјал кој се одликува со голем


степен на растегливост, изработен од мека преѓа како
ацетат, вискоза, свила. Не ја задржува својата форма и
најмногу се користи за изработка на облека која ќе ја
следи формата на телото. Наоѓа примена за изработка
на фустани, долна облека, блузи, тесни фустани.

Муслин- Фина памучна, волнена или свилена ткаенина,


полупроѕирна, воглавно, еднобојна со платно
преплетка. Се продава во сите еднобојни нијанси, наоѓа
примена за изработка на женски блузи и фустани.

Пуплин- Најчесто изработен од свила, памук, волна,


вискоза. Памучниот пуплин може да биде изработен од
кардирана преѓа и вообичаено е мерцеризиран. Се
користи за изработка на фустани, капути, одела.

53
Сатен- Глаток и тежок материјал типичен за изработка
на венчаници, свечени фустани, најчесто е изработен
од полиестерски влакна.

Твид- Материјал изработен од волна, може да биде


мешавина од волна-памук. Најчесто се применува за
изработка на капути, здолништа, фустани.

Тафта- Изворно најстара свилена ткаенина. Ткаенината


е рапава, шушкава и глатка. Постои еднобоен тафт,
кариран и пругаст со дезени. Во зависност од
квалитетот има повеќе видови на тафт, а најчеста
употреба има за изработка на Фустани, подздолништа,
и лесни наметки. Во денешно време наоѓа се поголема
примена во изработка на венчаници.

Шантунг- Ткаенина изработена од природна свила,


покажува нерамномерност на предивото, а со тоа и
неизедначен изглед. На изглед има пригушен сјај. Се
произведува во сите бои. Најчесто се користи за
изработка на летни костими и машки кошули.

Лен-Ткаенина изработена од ленени влакна. Се


користи кај машката и женската облека, за изработка на
лесни фустани, панталони, сакоа, блузи.

54
Свила- Фин и нежен материјал изработен од природно
свилено влакно. Свилените ткаенини наоѓаат примена
во изработката на свечени тоалети, одела итн.

1.5. Конструкција и изработка на темелни кроеви на облека

Постојат различни типови на здолништа кои меѓусебе се разликуваат во однос на


кројот, обликот и начинот на изработка. Меѓутоа заедничко за сите е тоа што сите тие
потекнуваат од еден основен крој од кој понатаму со моделирање на истиот може да се
добијат многу варијанти на женско здолниште.

2. КОНСТРУКЦИЈА НА ТЕМЕЛЕН КРОЈ НА ЗДОЛНИШТЕ

За определување на должината на здолништата се применува мерката земена од телото


од половината до стапалата, или поточно 5/8 од телесната висина.

Слика 38. Мерење на должината на здолниште и мерење на висината на седалниот


дел

55
Мерката за висината на седалниот дел се зема од половината до седалото. При
мерењето, телото мора да биде во седечка положба (прикажано на сликата погоре). Оваа
мерка се пресметува со помош на следново правило:

1/8 Вт + 1/10 од ½ Ок +(2÷3)см за комодитет.

Здолништата може да се поделат во две основни групи:

1. Тесни здолништа,
2. Ѕвонести здолништа.

3.1. Конструкција на кројот за тесно здолниште:

Тесните здолништа може да се јават во најразлични модели, разновидни облици и


украсни додатоци. Tесните здолништа може да бидат на умерено проширени, но притоа
според конструкцискиот крој да не припаѓаат во групата на ѕвонести здолништа. Иако
конструкцискиот крој изгледа мошне едноставно, сепак изведбата на конструкцијата бара
од конструкторот многу знаење и искуство. Имено, при конструкцијата на женско
здолниште мора посебно внимание да се посвети на распределбата на вшитоците, чија
ширина, должина и облик треба да одговара на конституцијата на телото за лицето за кое
се креира. Мерките кои се потребни за конструкција на тесното здолниште се следни:

1. Оп- Обем на половина


2. Ок- Обем на колкови
3. Дкр- Должина на крој

Во прилог ќе биде даден модел на конструкција на основен крој на тесно здолниште


според зададените мери:

 Оп= 70см
 Ок= 90см
 Дкр= 68см

56
Опис на конструкцијата:

Пред да се започне со конструкцијата на женско тесно здолниште треба да се


напомене дека конструкцијата се врши на ½ од здолништето (еден преден и еден заден
дел). Конструкцијата на женско здолниште започнува со исцртување на појдовна точка (1)
и од неа се повлекува вертикална линија со должина еднаква на должината на
здолништето (Дкр) точка 3.

- 1÷2= Висина на големи колкови (Вк)= 20÷22см


- 1÷3= Дкр=68см
- 2÷4= ½ Ок +1см. Од точката 4 Се повлекува вертикална линија нагоре и надолу и
се добиваат ссодветно точките 5 и 6.
- Разликата пресметана како ½ Ок-1/2 Оп= 45÷35=10см се нарекува вишок и се
распоредува на вшитоците на предниот и задниот дел на здолништето и тоа:
- Ширина на вшиток на преден дел ШВп= 2см
- Ширина на вшиток на заден дел ШВз= 3см
- Ширина на страничен вшиток ШВстр.=5см =(2x2,5)см, се распределува лево и
десно од точката 9. При исцртување на линијата на половината се врши корекција,
односно од точката 9 креваме нагоре 1см, а од точка 1 симнуваме надолу 1см. На
тој начин се добива заоблена форма на линијата на половина, која соодветствува
на формата на женското тело.
- Доколку вишокот е помал од 15 см (како во нашиот случај), на задниот дел се
поставува само еден вшиток, а доколку вишокот на задниот дел е поголем од 15
тогаш на задниот дел се конструираат 2 вшитоци.
- Должината на вшитоците на предниот и задниот дел се 3см над линијата на
големите колкови.

57
Слика 39. Конструкција на крој на рамно здолниште

58
Слика 40. Кројни делови на женско здолниште

3.2 Моделирање на основен крој на женско здолниште

Со цел да се направи моделирање на даден модел, потребно е да се извади


основната конструкција за зададениот модел кој треба да се моделира и директно на него
да се направат моделирањата, се со цел да добиеме нов модел на женско здолниште,
приспособен на нашите барања. Описот на моделирање на основниот крој на женско
здолниште и добивање на здолниште со спуштена половина и пократка должина е даден
на сликат подолу.

59
Опис на моделирањето:

 Линијата на половина се спушта надолу за 8см


 Ширина на појас (платка) = 9см
 Должината на здолништето се намалува за 10 см, вшитоците остануваат, но со
намалена должина заради спуштената половина.
 Здолништето се проширува за 4см лево и десно од линијата на средина на
вшитоците.

Слика 41. Моделирање на проширено женско здолниште

60
Слика 42. Моделирање на проширено женско здолниште

Слика 43. Моделирање на проширено женско здолниште

61
Слика 44. Кројни делови на моделираното здолниште

Слика 45. Кројни делови на моделираното здолниште

62
Кај конкретниот моделиран модел на женско здолниште при изработката на кројните
делови сте линии се заоблуваат и додатокот за шевови изнесува 1см. Важно е да се
нагласи дека платката, односно појасот се крои двапати (2x) за преден и двапати за заден
дел (2x). Предниот и и задниот дел се кројат по еднаш, а патентот се наоѓа на
страничниот шев.

Слика 46. Кројна слика за моделираниот модел на женско здолниште

63
3.2.1 Моделирање на здолниште со набори

Опис на моделирањето:

 Линијата на половина се спушта за 8 см


 Се означува појасот
 Должината на здолништето се намалува
 На појасот се отстрануваат вшитоците
 Се означува местположбата на наборите
 Долниот дел од здолништето се проширува двапати повеќе од ширината на
наборите

Слика 47. Моделираниот модел на женско здолниште со набор

64
3.2.2 Моделирање на здолниште со средишна фалта

Опис на моделирањето:

Предниот дел се сече на ½ и се проширува по 4 см лево и десно. Се прецртува


моделираниот крој на нов лист со ознаки на местата за преклоп на левата и десната
страна на фалтата и се обележува точната позиција на средишната фалта на кројниот
дел.

Слика 48. Модел на женско здолниште со средишна фалта

65
Слика 49. Моделираниот модел на женско здолниште со фалта

3.2.3 Моделирање на здолниште со странични фалти

Опис на моделирањето:

Предниот дел се сече на 3 места кои ја означуваат средината на трите фалти на


предниот кроен дел.

66
Слика 50. Модел на женско здолниште со странични фалти

Слика 51. Моделирано женско здолниште со странични фалти

67
Позицијата на трите фалти зависи од барањата на креираниот модел. Обично позицијата
на средната фалта од вкупните три, се наоѓа на 2/3 од кројниот дел. Лево и десно од неа
се конструираат и останатите две фалти. Проширувањето на кројниот дел за вметнување
на фалта е произволно и повторно зависи од барањата на (за) креираниот модел. Во
случајот, секоја фалта е проширена за 4 см, односно лево и десно од линијата на средина
на фалтата по 2 см.

3.2.4 Моделирање на здолниште со фалти на преден дел

Опис на моделирањето:

Предниот дел се сече на 4 места кои ја означуваат средината на трите фалти на


предниот кроен дел. Односно првата фалта започнува на 2/3 од левата страна на
предниот кроен дел, вторта фалта е на неколку см од првата кон средината на кројниот
дел, третата фалта има позиција на 2/3 од десната страна на кројниот дел, а на неколку
см од неа кон средината на кројниот дел е последната фалта.

Слика 52. Модел на женско здолниште со фалти на преден и заден дел

68
Проширувањето на кројниот дел за вметнување на фалтите е произволно и
повторно зависи од барањата на (за) креираниот модел. Во случајот секоја фалта е
проширена за 4 см, односно лево и десно од линијата на средина на фалтата по 2 см.

Слика 53. Моделирање на женско здолниште со фалти на преден и заден дел

3.2.5 Моделирање на здолниште со страничен набор

Опис на моделирањето:

Предниот дел се сече на 4 места кои ја означуваат средината на трите фалти на


предниот кроен дел.

69
Слика 54. Модел на женско здолниште со странични фалти

Слика 55. а) Моделирање на женско здолниште со странични фалти

70
Слика 55. б) Моделирање на женско здолниште со странични фалти

Првата фалта започнува на 2/3 од левата страна на предниот кроен дел, втората
фалта е на неколку см од првата кон средината на кројниот дел, третата фалта има
позиција на 2/3 од десната страна на кројниот дел, а на неколку см од неа кон средината
на кројниот дел е последната фалта. Специфичноста на ова моделирање е во тоа што
линиите на позиција на фалтата не се вертикални туку коси, па за таа цел мора точно да
се одреди косината на фалтата. Обично првата фалта завршува некаде на висина кај
големите колкови за втората фалта да заврши на околу 10 – 15 см под неа. Сепак,
станува збор за моделирање , па позицијата на фалтите и нивната косина ќе зависи од
барањата за креираниот модел на женско здолниште. Проширувањето на кројниот дел за
вметнување на фалтите е произволно и зависи од барањата на за креираниот модел. Во
случајот секоја фалта е проширена за 4 см, односно лево и десно од линијата на средина
на фалтата по 2 см.

71
Слика 56. Моделирани здолништа добиени од основен крој на рамно здолниште

72
2 Конструкција на кројот за ѕвонесто здолниште

Ѕвонестите здолништа се конструираат во различни ширини. Разликата во


конструкцијата на ѕвонетите здолништа, во однос на правите, е во тоа што ѕвонестите
здолништа освен што имаат разлишен основен крој, тие во процесот на искројување се
поставуваат дијагонално врз материјалот, а рамното здолниште се крои во правец на
линијата на падот на материјалот. При конструкцијата на ѕвонестите здолништа треба да
се обрне внимание на следниве неколку правила:

- Предната и задната средина на кројот да се положени дијагонално на материјалот


- Ако ѕвонестото здолниште е скроено во повеќе делови, тогаш еден шев мора да
биде положен по нитите на ткаенината, додека другиот повеќе или помалку косо,
положен во зависност од ширината на здолништето.
- Мора да се избере материјал чија ширина одговара на ширината на кројот за
ѕзвонесто здолниште.
- Мора да се изврши правилно обликување на линијата на половина и должината на
кројот за да не дојде до искривување на здолништето.

Во прилог е дадена конструкција на основен крој на женско ѕзвонесто здолниште со


зададени мери.

Опис на конструкцијата

- 1÷2 = 1÷6 = ½ Оп (обем на половина) +4см


- 2÷4 = 6÷7 = Дкр (Должина на крој на здолниште )= 60см (3/8 Вт-5см)
- 2÷ 6 растојанието се дели на два дела Од точка 2÷6 = 1/2 Оп
- Кројниот дел се добива со поврзување на точките 2 со 6, 6 со 7, 7 со 4 и 4 со 2.

73
4.1 Конструкција на кројот за умерено проширено здолниште

Опис на конструкцијата:

1÷2 = 1÷6 = ½ oп +4 ; 2÷6 = 2 x ½ Оп; 2÷4 = 6÷7 = 3/8 Вт – 5см

Слика 57. Конструкција на кројот за ѕвонесто здолниште (умерено проширено)

74
4.2 Конструкција на кројот за ѕвонесто здолниште од 2 дела (полукружно
здолниште)

Опис на конструкцијата

Конструкцијата се изведува на ист принцип како и претходната со таа разлика што


се нанесува само ½ Оп за да се оформи здолништето во пределот на половината.

Слика 58. Конструкција на кројот за ѕвонесто здолниште од 2 дела (полукружно


здолниште

75
2.3 Конструкција на кројот за ѕвонесто здолниште од 4 дела (полн круг)

Опис на конструкцијата

Конструкцијата се изведува на ист принцип како и претходната со таа разлика што


се нанесува 1/4 Оп за да се оформи здолништето во пределот на половината.

Слика 59. Конструкција на кројот за ѕвонесто здолниште од 4 дела (полн круг)

76
Слика 60. Конструкција на кројот за ѕвонесто здолниште од 4 дела (полн круг)

77
Про конструкцијата на ѕвонестите здолништа потребните мери обем на половина и
должина на крој се применуваат во секој тип на ѕвонесто здолниште, разликата е во
вредноста на обемот на половина (1/2 или 1/4) и во аголот под кој се врши конструкцијата
(45, 60, 90)

Слика 61. Моделирани здолништа од основен крој на ѕвонесто здолниште

78
5 ТЕКСТИЛНИ МАТЕРИЈАЛИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКО
ЗДОЛНИШТЕ И НАЧИНИ НА ИЗРАБОТКА

5.1 Текстилни материјали

Во зависност од сезоната за која е наменето, здолништето, како и приликата во


која ќе се носи, може да биде направено од различни материјали. Доколку намената на
моделираниот крој на женско здолниште е истото да се носи за секојдневни прилики во
зискиот/есенскиот период може да биде изработено од габардин, пуплин, твид, креп
брокат итн. Доколку пак, истото тоа здолниште е наменето да се носи во пролетниот или
летниот период може да биде изработено од пуплин, жерсе, лен, а доколку станува збор
за свечени прилики, се препорачува здолништето да биде изработено од сатен или
свила, а поретко од жерсе.

Слика 62. Здолниште изработено од (од лево на десно) Габардин, Лен, Брокат
Твид

Слика 63. Здолниште изработено од (од лево на десно) Свила, Сатен, жерсе
пуплин

79
5.2 Типови на модели и изработка на женско здолниште

5.2.1 Типови на модели

Постојат неколку типови на модели на здолништа кои се разликуваат меѓусебно,


кој тип на здолниште ќе се употреби зависи од конституцијата и стилот на личноста за
која се креира. На сликата подолу се прикажани модели на женско здолниште.

 А-форма: Ваквиот тип на здолништа се удобни во пределот на половината ,


паѓаат покрај колковите и се прошируваат во долниот дел. Нивната должина
обично достигнува до под колена. Погодни се за личности со крушковиден облик
на тело, односно личности со изразени колкови.
 Слободен крој (лелеаво здолниште): Ваквото здолниште е исто како и
претходното, само што е изработено од материјал со слободен пад и дава
визуелно намалување на женското тело во однос на дебелината.
 Џипски здолништа: Се смета дека ваквиот тип на здолниште ги покрива сите
недостатоци. Долги се и доста широки. Со големата должина визуелно ја
зголемува висината на личноста која ја носи, а со ширината ги покрива сите
недостатоци на женската фигура. Достапна и прикладна за сите типови на форма
на женското тело.

Слика 64. (Од лево на десно) здолниште со А-форма, лелеаво здолниште и џипси
здолниште

 Рамно здолниште: Кај ваквиот тип на здолниште материјалот паѓа право од


колковите (нема проширување на кројот). Личности со полна става се препорачува

80
да носат ваков тип на здолниште, а за личности со тенка става се препорачува
кројот да има помала должина.
 Тесно здолниште: Кај овој тип на здолниште материјалот се стеснува од
колковите надолу и ја истакнува женската фигура. Се препорачува за личности со
витка става бидејќи ги потенцира сите недостатоци на женското тело.
 „Туба” здолниште: Здолништето е слично на првите две, но има поголема
должина неколку см над глуждовите. Движењето е ограничено, па затоа во
конструкцијата се вметнува отвор за шлиц. Визуелно ја издолжува женската
фигура, но ги истакнува сите недостатоци. Не се препорачува за личности со
полна става.
 Здолниште на преклоп: Ваквиот тип на здолниште може да има поголема или
помала должина. Се препорачува за секаков тип на става на женското тело, не ги
истакнува формите на телото, лесно ги прикрива недостатоците околку колковите,
единствено треба да се одбере вистинската должина според обликот и висината
на женското тело.

Слика 65. (Од лево на десно) рамно здолниште, тесно здолниште, туба
здолниште и здолниште на преклоп

a. Изработка на женско здолниште

Во изработката на класичното здолниште обично редоследот на операциите е


следен:

- Означување на места
- Опшивање на делови

81
- Прошивање на вшиток на основен дел
- Распеглување на вшитоците
- Прошивање на бочните шевови и оставање на простор за шлиц или патент
- Распеглување на шевови
- Изработка на места за отвори
- Изработка на пораб
- Прошивање или лепење на појачување на појас
- Ушивање на појасница
- Штепување на појас
- Изработка на илици на појас
- Нашивање на копчиња
- Пеглање

Сите обележувања на места за набори, вшитоци, отвори, пораби се врши рачно со


убод или боица.

5.3.1 Прошивање на вшитоци

Со прошивање на вшитоците се овозможува лесно прилагодување на


здолништето на контурите на женското тело. Според начинот на кроење се разликуваат
отворени и затворени вшитоци.Отворените вшитоци по процесот на кроење се сечат, а
затворените вшитоци не се сечат. Прошивањето на вшитоците се врши на тој начин што
се спојуваат левата и десната страна на вшитокот и се прошива машински на обична
шивачка машина (или на оверлок доколку станува збор за отворени вшитоци). Секогаш по
завршувањето на постапката на шиење на вшитоците се остава вишок конец од околу 3-5
см, за да не дојде до парање на истите при носење на облеката. При шиењето секако
треба да се внимава лицето на ткаенината да биде од внатрешната страна.
Распеглувањето на шевовите се врши со помош на рачна или парна пегла. Пеглањето се
врши со поставување на материјалот со веќе сошиените вшитоци со лицето на
материјалот свртено нагоре.

82
Слика 66. Прошивање на вшитоци на женско здолниште

Кај отворените вшитоци распеглувањето се врши на тој начин што двете страни на
вшитокот се отвараат и со пеглата се поминува низ нив, кај затворените вшитоци
пеглањето се врши така што вшитокот се пегла свртен на едната страна.

Слика 67. Распеглување и обликување на вшитоци и изглед на вшитоците од


лицето на материјалот

i. Прошивање на бочни шевови

Прошивањето на бочните шавови се врши по означената линија на шевот.


Секогаш во процесот на кроење се остава додаток за шев, а неговата ширина е
претходно определена. При составот на бочните шевови мора да се води сметка за
отворот за патент или отворот за шлиц. Распеглувањето на шевовите се врши на

83
даска за распеглување на бочни делови или на обична даска за пеглање.
Распеглувањето се врши на тој начин што шевот се положува на даската за пеглање
убаво се ратегнува материјалот за да не се јават набори и распеглувањето се врши со
помош на пареа, притоа внимавајќи на притисокот на пеглата врз материјалот, за да
не се изврши „прецртување” на страните од шевот на лицето од материјалот.

ii. Изработка на отвори

Изработката на отвори за патент се врши на следниот начин:

На лицето од материјалот, веднаш под отворот се поставува патентот во таква положба


да лицето на патентот да биде свртен накај лицето од материјалот. Левата страна од
бочниот шев се прошива со левата страна на патентот, а десната страна од бочниот шев
се прошива со десната страна од патентот. На крајот патентот убаво се зацврстува за
шевот за да не дојде до парање. Мора да се изврши проверка дали линиите на
половината на десната и левата страна при затворањето на патентот имаат еднаква
висина.

Слика 68. Проверка на висината на страните за патент

iii. Нашивање на појас

Нашивањето на појасот се врши на следниот начин:

84
Појасот воглавно е составен од два дела-надворешен и внатрешен дел. При
прошивањето на појасот прво се врши нашивање на надворешниот дел од појасот со
здолништето, а потоа се врши затворање на појасот, односно прошивање на
внатрешната страна од појасот со здолништето обично со надворешен штеп. Во многу
случаи на внатрешната страна од појасот се поставува паспул трака, а доколку истата не
постои, тогаш при составувањето на внатрешната страна од појасот со здолништето,
внатрешната страна се подвива за неколку милиметри и потоа се врши штепањето на
појасот. Шиењето на копче на појасот се врши на специјален автомат за нашивање
копчиња или рачно, нашивањето на илици, исто така, се врши на специјален автомат за
илици со претходно зададени параметри за големината и формата на иликот.

Слика 69. а) автомат за нашивање копчиња б) машина за нашивање на илици и


типови на илици

iv. Изработка на пораб

Изработката на пораб може да се врши на неколку начини, притоа ширината на


поработ варира во зависност од замислата на креаторот за дадениот модел. Порубот
најчесто има ширина од 3-4 см, а истиот може да се изврши на машина со обичен зрнест
бод или на машина за слеп бод.

85
6 КОНСТРУКЦИЈА НА КРОЈ И ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКИ ПАНТАЛОНИ

6.1 Конструкција на основен крој

Опис на конструкцијата:

Во прилог е направена конструкција на преден и заден дел на женски панталони


според зададените мерки:

Главни мери:

 Висина на тело Вт = 168см


 Обем на половина Оп = 74 см
 Обем на колкови Ок = 98 см

Помошни/конструкциски мери:

 Должина на панталони = Дп = 5/8 Вт (5/8 висина на тело)


 Длабочина на седало = Дс. = ¼ Ок (1/4 обем на колкови)
 Предна ширина на панталони = Шпд.= ¼ Ок -1см (1/4 Обем на колкови -1)
 Задна ширина на панталони Шзд. = ¼ Ок +1см ( 1/4 Обем на колкови +1)
 Обем на колено = Окол= 42 см
 Обем на ногавичен дел = Онд = 40 см

Конструкција на преден дел:

Слика 1

- 1 е почетна точка и од неа започнува конструкцијата. Се црта во горниот лев агол


и од неа се повлекува вертикала надолу.
- 1÷2 = Длабочина на седало Дс.
- 1÷3 = Должина на панталони = Дп.
- Се одредува ½ (2÷3) се додава 7 см нагоре и се означува точка 4
- 2÷5= 1/20 +3 см
- Се цртаат хоризонтални линии и тоа:

86
o Линија на половина од точка 1
o Линија на колкови од точка 5
o Линија на седало/седален дел од точка 2
o Линија на колено од точка 4
o Линија на должина на панталони од точка 3

- Од точка 5÷6 се означува и се мери предната ширина на панталоните


- 6÷7 = 1/20 Ок +1 см
- Точка 8 е ½ од должината од точките 5÷7
- Низ точката 8 се повлекува вертикална испрекината линија до должината на
панталоните и оваа линија е линија на средина на преден дел на панталоните.
- Од точка 6 се повлекува вертикална линија од линијата на седало со линијата на
половина.
- Се означуваат точките:
 На линија на половина точки 9 и 10
 На линија на колено точка 11
 На линија на должина на панталони точка 12.

Слика 2

- 12 ÷ 13 = 12÷14 = ¼ Онд – 0,5см (1/4 Обем на ногавичен дел – 0,5 см)


- 11÷15 = 11÷16 = ¼ Окол.-0,5 см (1/4 Околено - 0,5 см)
- Се спојуваат точките 5,15,13,14,16
- Се спојуваат точките 7 и 16 и се означува точка 17 на линијата на седало
- 10÷18 =1см нагоре
- Од точка 18 се црта кратка хоризонтална линија до средина на панталоните
- 18÷19 = 1см лево
- 19÷20 = ¼ Оп. (1/4 обем на половина кога нема вшиток, кога има вшиток се
додаваат + 2см за преден вшиток)
- Се обликува линијата на половина со криволинијар од точка 20 до средината на
предниот дел
- Преден шев на панталоните: Се повлекува линија од 19 низ 6 и истата се
продолжува со криволинијар до точка 17

87
- Бочен шев на панталоните се обликува со криволинијар од точка 20 низ точка 5 до
линија на седало.
- Со криволинијар се обликува ногавицата кон средниот преден дел на панталоните
(од линија на седало до 15) и од 16÷17.

Конструкција на заден дел:

Слика 3

Задниот дел се црта покрај предниот дел на продолжената хоризонтална линија


(линии на половина, колкови, колено и должина)

- Се црта вертикална линија од половината до должината на панталоните и на неа


се означуваат точките 2 и 5
- Се мери растојанието 5÷8 на предниот дел и се пренесува на задниот дел така
што се црта испрекината линија која ќе биде средина на задниот дел на
панталоните и се означуваат точки 8, 11 и 12.

Слика 4

Се мери:

- На линија на должина на панталони 21÷12 = 12 22= ¼ Онд +0,5 см


- На линија на колено 23÷11= 11 24= ¼ Окол + 0,5см
- Се спојуваат точките 23,21,22 и 24
- 2÷25=3см нагоре
- 8÷26 = ¼ Шзд. + 1 см
- Се повлекува коса линија од точка 25÷26 , во точка 26 се сече линијата на
половина
- 27÷28 Шзд. Паралелна е со должината 25÷26 и точка 28 се наоѓа на линијата на
колковите, а точка 27 се наоѓа над точка 26
- Се мери 28÷8 и се пренесува должината 8÷29
- Се спојуваат точките 29÷24
- Се мери должината на чекор до коленото на предниот дел 16÷17 и се пренесува на
задниот дел 24÷30
- Се повлекува линија од 23 низ 28 до линија на половина и се означува со точка
- 31.

88
Слика 5

- Се мери растојанието 31÷11 и се пренесува од 11÷32, точка 32 се наоѓа на косата


линија од 26.
- Точка 33 се наоѓа на линија на половина и 32÷33 е ¼ Оп +3см (за ширина на
вшитокот)
- Линиите на половината се обликуваат со криволинијар
- Точка 34 е ½ 32÷31 и е полжба на вшиток на заден дел
- 32÷31 се црта коса линија на должина
- Вшитокот е паралелен со косата линија од точка 26. Се повлекува кратка линија до
27÷28
- Вшитокот е широк 3 см (по 1,5 см од двете страни) и должина 2 см над линијата
27÷28
- Со криволинијар се обликува бочниот шев од 33÷28, до линијата на седало и се
вовлекува кон средината на задниот дел до точка 23 во коленото.
- Се обликува седалниот шев и тоа линија од 32 низ 27 и 26 и малку се продолжува
од 26, а потоа со криволинијар се обликува линијата до точка 30.
- Со криволинијар се обликува шевот во чекор кон средината на задниот дел на
панталоните 30÷24 во коленото.
- Со криволинијар се обликува линијата на половина и врвот на вшитокот
- Се појачуваат контурите на задниот дел на панталоните.

89
Слика 70. Конструкција на преден дел на женски панталони

90
Слика 71. Конструкција на заден дел на женски панталони

91
Слика 72. Конструкција на заден дел на женски панталони

92
Слика 73. Конструкција на заден дел на женски панталони

93
6.2 Моделирање на женски панталони

6.2.1 Моделирање на здолниште –панталони

Овој модел на моделирано здолниште-панталони е интересен затоа што од


основен крој на здолниште се добиваат женски панталони. Сликата со моделираниот крој
е прикажана подолу.

Модел бр.1

Опис на моделирањето:

- Должината на панталоните е до под колена.


- Предниот и задниот дел се составени од два дела со по два вшитоци.
- Патентот е сместен на задната страна.
- Од линијата на половина на двете страни се спушта 20 см надолу.
- Од линијата на колкови (20 см) се мерат 12 см хоризонтално и 12 см
вертикално и со криволинијар се заоблува седалниот дел.
- Од линијата на седалното до должината на крој се мерат 28 см, или 60 см
од пинија на половина до должина на крој.
- Кројот од двете страни се продолжува за по 12 см

Слика 74. Изглед на здолниште – панталони

94
Слика 75. Моделирање на здолниште во здолниште панталони

Кројните делови за моделираното здолниште панталони се прикажани на сликата подолу:

95
Слика 76. Моделиран крој на здолниште панталони- преден и заден дел

96
6.2.2 Моделирање на „вреќасти панталони”

Опис на моделирањето:

На сликата подолу е даден цртеж на женски моделирани панталони. Панталоните


се проширени во пределот на колковите, а стеснати во ногавичниот дел. Еполетите на
пределот на колената се украсен додаток, а воедно имаат и функција да ја намалат
ширината на панталоните во пределот на коленото и визуелно да дадат изглед на
„вреќасти панталони”.

Слика 77. Скица на моделирани женски панталони

Преден дел

- 1÷2 = 2 см се врши проширување во делот кај малите колкови


- 7÷8 = 6 ÷ 7 см се врши проширување во пределот кај колената и големите
колкови
- 9÷10 = 4 ÷ 5 см се врши проширување во делот кај колената (притоа се
собираат со помош на еполети)

97
- 3÷4 = 2 см се намалува должината на панталоните за 2 см
- 4÷5 = 4÷6 = 7 см се намалува ширината на ногавичниот дел за 7 см од
двете страни.

Слика 78. Моделиран крој на панталони- преден и заден дел

98
Заден дел

- 11÷12 = 2 см се врши проширување во делот кај малите колкови


- 13÷14 = 6÷7 см се врши проширување во пределот кај колената и големите
колкови
- 15÷16 = 4÷5 см се врши проширување во делот кај колената (притоа се
собираат со помош на еполети)
- 17÷18 = 2 см се намалува должината на панталоните за 2 см
- 18÷19= 18÷20 = 9 см се намалува ширината на ногавичниот дел за 9 см од
двете страни.

Слика 79. Кројни делови на панталони- преден и заден дел

99
a. Изработка на надворешен џеб кај женски панталони

Опис на моделот

Надворешниот џеб се крои како засебен кроен дел, истиот се шие врз основниот
крој на женски панталони, а местоположбата обично му е на задниот кроен дел
(прикажано на сликата подолу).

Слика 80. Модел на џеб за женски панталони

Опис на конструкцијата

- 1÷2 = 1÷3 = 6,5 см


- 1÷4 = 12 см
- 4÷5 = 4÷6 = 5,5 см со спојување на точките 3 и 6, 2 и 5 автоматски се
добиваат точките 8 и 9.
- 1÷7 = 14÷16 см
- Од сите страни се остава 1 см за подвив, а на горниот дел од џебот над
точите 2 и 3 се остава од 2÷4 см

100
Слика 81. Моделирани кроеви на женски панталони од основен крој

101
b. Типови на модели и изработка на женски панталони:

6.4.1 Типови на модели

Женските панталони во современото општество се сметаат за неизбежен тренд.


Секако моделите на женски панталони се менуваат скоро секоја сезона, но кога постои
основниот крој, според него може да се изврши моделирање на панталоните за веќе
зададени мерки. Важно е при конструкцијата на панталоните да се одреди личниот стил,
одговарачкиот материјал и идеалниот крој според одредена конституција. При
конструкцијата на идеалниот крој на женски панталони, според конституцијата на
женското тело, треба да се внимава на следново:

 Личностите со понизок раст ќе изгледаат повисоко ако панталоните имаат прав


крој и поткрената половина.
 Високите личности ќе изгледаат пониско ако панталоните имаат помала должина и
понизок струк.
 Широките ногавици даваат излузија на полн изглед и се препорачуваат за слаби
особи.
 Тесни панталони не се препорачуваат ниту за многу слаби, ниту пак за полни
особи.
 Панталони со ѕвонест крој се препорачуваат за витки и повисоки особи.
 Ногавици со прав крој се препорачуваат на лица со поголеми колкови и со
истакната позадина.
 Наборите или фалтите во пределот на половината го истакнуваат стомакот.
 За лица со изразени облини најдобар крој е оној со по два вшитоци на предниот и
задниот дел, во овој случај треба да се избегнува носење на панталони кои имаат
странично закопчување.

102
Слика 82. Модели на женски панталони

 При изборот на панталони најголем проблем е тоа што должината се менува во


зависност од обувките кои се носат. Долгите панталони треба да имаат должина
до врвот на обувките, односно стапалото (кога се носат рамни обувки)

Слика 83. Правилна должина на панталоните

c. Текстилни материјали кои се користат за изработка на женски


панталони и начини на изработка

6.5.1 Текстилни материјали

Тексас, сомот, габардин и мешавини се најдобри материјали за изработка на


панталони. Во летниот период се препорачува изработка на женски панталони од лен
или пуплин, а за свечени моменти може да бидат изработени од сатен, тафта или
сурова свила.

103
Слика 84. Модели на женски панталони изработени од: (од лево на десно)
Тексас, Лен, Габардин и Сатен

Трикотажата е удобна за опуштена варијанта, но доста е важно да се одбере правилната


дебелина, бидејќи меката трикотажа како на пр. жерсе може да го истакне секој
недостаток на женското тело.

6.5.2 Изработка на женски панталони

Изработката на женските панталони се одвива во неколку фази. Најпрво се


затвораат вшитоците, се изработуваат фалтите, се пеглаат и се опшиваат контурите.
Страничните шевови се добиваат со преклопување на кројните делови на (преден и
заден дел) лице во лице. Во процесот на шиење важна е и меѓуфазната доработка на
пеглање на панталоните со која се отстрануваат ситни грешки настанати во процесот на
шиење на панталоните. Составувањето на предниот и задниот дел може да се врши на
оверлок, при што предниот и задниот дел се поставуваат лице во лице и се поминуваат
на оверлок со што настанува спојување на двата кројни дела, или претходно секој
засебен кроен дел се поминува на оверлок, и меѓусебно се спојуваат на машина со
зрнест или синџирест бод. Во првиот случај шевот се распеглува во процесот на
меѓуфазно пеглање на едната страна, а во вториот случај шевот е отворен и се
распеглува на средина (на сликата подолу). Поработ на панталоните може да биде
направен на обична машина со зрнест бод, на машина за слеп бод, или со користење на
специјални атхезивни лепенки.

104
Слика 85. Спојување на преден и заден дел на женски панталони

Закопчувањето кај женските панталони обично е со патент кој може да биде


поставен странично или на предниот дел. Постои и втора варијанта во која
закопчувањето се врши со копчиња.

Слика 86. Предно копчање на панталони (од десно на лево) со патент и со


копчиња

105
Појасот кај основниот крој на женски панталони обично е составен од два дела,
внатрешен и надворешен дел. Во процесот на шиење прво се составува надворешниот
дел со панталоните, појасот се врти, се отсекуваат краевите, па се нашива внатрешниот
дел во некои случаи со видлив надворешен штеп, а во некои случаи со скриен штеп. На
крај се изработуваа илици и се нашиваат копчиња на специјални автомати.

7 КОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВЕН КРОЈ И ИЗРАБОТКА НА ЖЕНСКА БЛУЗА

7.1 Конструкција на основен крој

Во прилог е направена конструкција на преден и заден дел на женска блуза според


зададените мерки:

Главни мерки:

 Висина на тело Вт = 168 см


 Обем на гради = Ог = 92см
 Обем на половина = Оп = 74см
 Обем на колкови= Ок = 98см

Помошни мерки:

 Должина на ракавен изрез= Дри = 1/10 Og + 10,5cm +2 см за комодитет


=19,7+2cm = 21,7см
 Должина на грб= Дг = 1/4 Вт(висина на тело) -1cm = 41cm
 Висина/должина на колкови = Дк 3/8 Tv +5cm = 63cm
 Должина на крој = Дк= Dк +5cm = 68cm
 Ширина на вратен изрез = Шви = 1/20 Огр. + 2 см = 6,6 см
 Висина на преден дел = Впд. = Должина на грб + 1/20 Огр. – 0,5 см= 45,1 см
 Ширина на грб = Шг = 1/8 Огр. + 5,5 см +1 = 17+1 = 18см

106
 Ширина на ракавен изрез = Шри. = 1/8 Огр. – 1,5 см +2 см = 17 + 2 = 12 см
 Ширина на гради = Шгр. = ¼ Огр. – 4 см + 1 = 19 + 1 = 20 см

Контрола ½ Ог + додаток = Ширина на грб + Ширина на ракавен изрез + Ширина на


гради = 46 + 4 + 50 см

Опис на конструкцијата

- 1 е почетна точка и од неа започнува конструкцијата


- 1÷2 = Должина на ракавен изрез = Дри = 21,7см
- 1÷3 = Должина на грб Дг = 41cm
- 1÷4 = Должина на крој Дкр = 68cm
- Од сите точки се повлекуваат хоризонтални линии од десно на лево
- 4÷4’ = 2 см на внатре и точка 5 се спојува со точка 1.
- 2÷6 = Шг.= 18 см
- 6÷7 = 2/3 Шри = 8 см
- 7÷8 = растојание помеѓу двата дела
- 8÷9 = 1/3 Шри = 1/3 12 = 4 см
- 9÷10 = Шгради Шгр = 20 см
- 10÷11 = 1/10 Огр. = 9,2 см, Од точка 11 се повлекува вертикала нагоре и надолу.
Местоположбата на точка 11 ја одредува позицијата на надграден вшиток.
- Од точка 12 нагоре се мери Впд. и се означува како точка 13.
- 9÷14 = 6 ÷15 – 2 см се мери од цртеж
- 15 ÷16 = 1см
- 16 ÷17 = 1 см
- 1÷18 = Шви = 6,6 см
- 18 ÷19 = 2 см
- Се обликува линијата на вратен изрез на задниот дел.
- 20 ÷14 = Шви = 6,6 см
- 20÷15 = Шви + 2 = 8,6
- 9÷21 = пренос од 6÷16 – 1 см
- Се прави лак 1/20 Огр
- Се обликува ракавниот изрез како на сликата погоре

107
Слика 87. Рамка за конструкција на женска блуза

108
Слика 88. Конструкција на вратен изрез, рамен шав и ракавен изрез

109
Слика 89. Конструкција на надграден вшиток и преден рамен шав

110
Определување на вшитоци:

- Вишок на линија на половина

(1/2 Огр – ½ Оп.) – 1см = (46-37) = 8 см

8 см се распределуваат на следниот начин:

Вшиток на преден дел ширина 2 см

Вшиток на заден дел ширина 3 см

Бочен шав 2 X 1,5 см

- Недостаток во колковите

(1/2 Ок – 1/2 Огр) +2 см = (49 - 46) +2 см = 5 см

Недостатокот се распределува во бочен шав 2 X 2,5 см

- Корекција на рамо и додаток за копчање

Рамото на предниот дел се спушта за 1 см, а рамото на задниот дел се подига за 1


см. Додатокот за закопчување изнесува 3 см (1,5 см за преклоп). Првата илица започнува
на 2÷ 3 см од вратен изрез, секоја наредна илица е на 8 ÷ 11 см од првата. Се затвора
надградниот вшиток и се отвора страничен вшиток. (прикажано на сликата подолу).
Додатокот за кант започнува на 4 см од вратен изрез и се заоблува завршувајќи на околу
3 ÷4 см на линија на крој.

111
Слика 90. Конструкција на вшитоци на половината и додаток за бочен шев

112
7.2 Моделирање на женска блуза со промена на позиција на надграден вшиток и
додаток за копчање(изглед на женска кошула)

Опис на моделот

 Рамото на преден дел се спушта за 1 см.


 Рамото на заден дел се поткрева за 1 см
 Се затвора надградниот вшиток

Слика 91. Преместување на надграден вшиток под пазуви, преместување на


рамен шев и додаток за закопчување

113
 Се отвора нов страничен вшиток со локација на 5-6 см под пазувите.
 Се конструира додаток за закопчување 2 x 1.5 cm
 Се определува позиција на илици и копчиња
 Се конструира кант на 3 см од вратен изрез и на 3 см од линија на крој.

Слика 92. Изглед на кроен дел со додаток за закопчување и кант

114
7.2.1 Моделирање на женска блуза во корсет

Опис на моделот и конструкција

Слика 93. Модел на женски корсет

Преден дел

1÷2 = 11,5 см

Ракавниот изрез се спушта за 1 см и се добива точка 3

3÷3’ = Шри, преден дел (ширина на ракавен изрез на преден дел од темелен крој)

3’÷4 = 1÷2 = 11,5 cm

4÷4’ = 2 cm

4’÷4’’= 8 cm, точката 4” се спојува со почеток на надграден вшиток/ позиција на града (од
темелен крој)

2’÷1 се спојуваат со криволинијар

5÷5’ = се мери надолу 1 см

4’÷5’’ = се мери надолу 2 см

5’’ се поврзува со точка 3 со криволинијар поминувајќи низ точките 4’’ и 3’

115
Линијата на половина се струкира за 1 см

Заден дел

6÷6’ = 3 cm надолу

Ракавниот изрез се спушта за 1 см и се добива точка 7

Линијата на половина се струкира за 1 см

Слика 94. Моделиран крој на женска блуза во корсет

116
8 КОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕНСКИ РАКАВ

8.1 Конструкција на основен крој

Во прилог е направена конструкција на женски ракав за блуза според зададените


мерки:

Главни мерки:

 Ври. = Висина на ракавен изрез се мери од основен крој = 43 см


 Ор. = Обем на ракав = 50,5 см
 Др. = Должина на ракав = 3/8 Вт (висина на тело) -3 см = 60 см
 Вро. = Висина на ракавна округлина = 1/3 Ври. = 14,3 см
 Коса ширина на ракав = 1/2 Обем на ракав = 1/2 50,5 = 25,25 см

Манжетна – ширина 20 см + 2 X 2 см (за илица и копче) и 4 см ширина.

Слика 95. Мерење на висина на ракавен изрез и обем на ракавна кривина од


основен крој на блуза

117
Опис на конструкцијата

1÷ 2 = Висина на ракавна округлина = 1/3 Ври. = 14, 3 см

1÷ 3 = Должина на ракав = Драк. = 60 см

1÷ 4 = Коса ширина на ракав ( се мери во пресек со хоризонталата од точка 2) = 25,25 см

1÷ 4 – косата линија се дели на 4 еднакви делови. Почнувајќи од 1 кон 4 на 1/4 се мери


1,5 см нагоре, на 2/4 се мери 0,7 см нагоре и на 3/4 се мери 0,8 см надолу.

1 ÷ 5 – косата линија се дели на 4 еднакви делови. Почнувајќи од точка 1 кон 5 на 1/4 се


мери 1,7 см нагоре, на 2/4 се мери 1,5 см нагоре. Линијата поминува низ 3/4 и завршува
во точка 5. Од точка 1 се мери лево и десно по 1 см. Сите точки се спојуваат со помош на
криволинијар и се добива заоблена линија прикажана на сликата подолу.

118
Слика 96. Конструкција на женски ракав за блуза

119
8.2 Моделирање на женски ракав

8.2.1 Моделирање на краток женски ракав проширен во долниот дел

Моделирањето на краткиот ракав се врши со прецртување на основниот крој на


женски ракав, мерките остануваат исти, но се менува должината на ракавот од 60 на 20
см. Ракавот се дели на 6 еднакви дела, на средина ракавот се проширува за 2 см, а на
наредните 4 места се проширува за 1 см. Проширувањата се вршат само на долниот дел
на ракавот како што е прикажано на сликата подолу.

Слика 97. Моделирање на краток женски ракав проширен во долниот дел

8.2.2 Моделирање на краток женски ракав проширен во горниот дел

Моделирањето на краткиот ракав се врши со прецртување на основниот


крој на женски ракав, мерките остануваат исти, но се менува должината на ракавот од 60
на 20 см. Ракавот се дели на 6 еднакви дела, на средина ракавот се проширува за 2 см, а
на наредните 4 места се проширува за 1 см. Во овој случај потребно е да се изврши
корекција на ракавната кривина со промош на криволинијар. Проширувањата се вршат

120
само на горниот дел кај ракавната кривина на ракавот како што е прикажано на сликата
подолу.

Слика 98. Моделирање на краток женски ракав проширен во горниот дел

8.2.3 Моделирање на краток женски ракав проширен и во горниот и долниот дел

Моделирањето на краткиот ракав се врши со прецртување на основниот крој на


женски ракав, мерките остануваат исти, но се менува должината на ракавот од 60 на 20
см. Ракавот се дели на 6 еднакви деа, на средина ракавот се проширува за 2 см, а на
наредните 4 места се проширува за 1 см. Во овој случај потребно е да се изврши
корекција на ракавната кривина со промош на криволинијар. Проширувањата се вршат на
горниот и на долниот дел на ракавот како што е прикажано на сликата подолу.

121
Слика 99. Моделирање на краток женски ракав проширен во горниот и долниот дел

9 КОНСТРУКЦИЈА НА ЈАКА

9.1 Kонструкција на “беби” јака

Опис на конструкцијата

За да се изврши конструкција на „беби“ јака се прецртува ½ од преден и ½ од


заден дел на вратен изрез.

1÷2 = 5 см

1÷3 = 1/2 Ови (Обем на вратен изрез на преден и заден дел од основен крој на блуза)

3÷4 = 5 см Се поврзуваат точите 1 со 3, 3 со 4, 4 со 2.

Јаката се дели на 5 еднакви делови и се врши проширување за по 1 см

3÷3’ = 1,5 см

122
4 ÷ 4’ = 4 см

Слика 100. Конструкција на “беби” јака за женска блуза

9.1.1 Останати типови на женски јаки

За еден основен тип на облека како што е женската блуза постојат многу стилови.
Секој дел од женската блуза – јакна, изрез, ракав, манжетни, должина, има многу
варијанти. Нивната комбинација и разновидност е безгранична. Во прилог се неколку
комбинации:

 Конзервативна јака- Овој тип на јака е најзастапен и одговара на секоја телесна


градба.
 Женствени јаки – јака со карнери, машна и шал јака. Се комбинираат со
здолниште или панталони и даваат елегантен изглед на женската фигура.
 Младешка јака – “Беби” јака и „морнарската“ јака спаѓаат во оваа категорија.
Воглавно се носат од помладата популација, но во денешно време се позастапени
и во облеката на повозрасната категорија на жени.
 Останати типови на женски јаки – „Мандаринска“, „челзи“ и јака на закопчување
спаѓаат во оваа категорија. Јаката на закопчување најмногу се среќава кај
женската и машка кошула.

123
Слика 101. (Од лево на десно) – изглед на конзервативна јака изглед на јака
со карнери, јака со машна и шал јака

Слика 102. (Од лево на десно) – изглед на „мандаринска“ јака, „челзи“ јака и јака со
закопчување

9.2 Типови на изрези на женска блуза

Доколку блузата нема јака, тогаш истата се смета дека има изрез. Постојат голем
број на типови на женски изрези, но неколку типови на изрези наоѓаат најголема примена
во креирањето на ѓенската блуза.

 Конзервативни изрези- во оваа група спаѓаат плиткиот и „грчки” изрез. Плиткиот


изрез има округла форма, одговара на секој тип на телесна градба, едноставен е и
се користи во комбинација со модни додатоци. „Грчкиот” изрез го прекрива
женското торзо до линијата на вратот, но од причини што е отворен во делот кај
рамениот изрез дава визуелно проширување во делот кај рамената. За таа цел
овој изрез не се препорачува кај тело со широки рамена. Се препорачува кај
женска фигура со тесен струк и тесни рамена.
 Женствени изрези – Во оваа група спаѓаат „халтер“ изрез, изрез во облик на
солза, изрез кој открива едно рамо, изрез кој ги открива двете рамена. Овој тип на

124
изрези привлекуваат внимание на пределот на рамената и вратот и го одвлекуваат
вниманието од долниот тел на телото.
 Длабоки изрези – Во оваа група спаѓаат округол изрез, квадратниот изрез,
срцестиот, V-изрез, и изрез со преклоп.

Слика 103. Изрези на женска блуза (од лево на десно)- плиток изрез, грчки, V-изрез,
изрез во облик на солза, изрез кој го открива едното и двете рамена

Слика 104. Длабоки изрези (од лево на десно)- округол, квадратен изрез, изрез во
облик на срце, V-изрез, и изрез со преклоп

a. Типови на ракави во комбинација со женска блуза

Постојат различни варијанти на ракави за женски блузи, но според зададен модел


на женска блуза мора да се одреди и одговарачкиот тип на ракави. На сликата подолу се
покажани неколку најчесто користени типови на женски ракави.

125
Слика 105. Ракави на женска блуза (од лево на десно)- „капа” ракав, краток ракав,
долг ракав и ракав до лакт

Слика 106. Ракави на женска блуза (од лево на десно)- ѕвонест ракав, продолжен
ракав и ракав со набор

b. Облици на женска блуза

Обликот на женската блуза одредува како истата ќе стои на женското торзо. Освен
должината постојат и други елементи кои влијаат на обликот на женската блуза и тоа:

 Вшитоци – овозможуваат полесно прилагодување на блузата на формата на


женското тело.
 Платка на женска блуза- овозможува сокривање на пределот на половината,
бидејќи блузата во набор слободно паѓа до линијата на крој.
 Набори на линија на половина- овозможуваат истакнување на линијата на
половина.

126
Слика 107. Облици на женска блуза (од лево на десно)- со вшитоци, со платка и со
набор

c. Текстилни материјали кои се користат за изработка на женска блуза и


начини на изработка

9.5.1 Текстилни материјали

При изборот на материјали за изработка на женска блуза мора пред сѐ да се обрне


внимание на потеклото на текстилниот материјал, односно дали влакната од кои е добиен
истиот се од природно или синтетичко потекло. Од причини што блузата како
неизоставен дел од секојдневната облека треба да биде комфорна, да дава пријатно
чувство на телото, да ја впива потта, лесно да се пере и одржува се препорачува истата
да биде изработена од природни материјали, доколку се користат мешавини, се
препорачува поголем удел на природните материјали во мешавината. Пожелно е
материјалите од кои ќе биде изработена женската блуза бидат добиени од памучни,
свилени, волнени, ленени влакна. Кај блузите за секојдневна намена се користат и
трикотажните материјали. Во прилог се дадени најчесто користените материјали за
изработка на женска блуза.

Батист – Памучниот и ленениот батист најмногу се користат во летниот период, дава


пријатно чувство на телото, а свилената варијанта се применува при креирање на блуза
за свечени прилики.

Фланел - Мека и пријатна ткаенина со густа преплетка и висок степен на површински сјај,
може да се користи за изработка на памучни и волнени женски блузи. Наоѓа примена и за
изработка на спортски варијанти на женски блузи.

127
Муслин – Фина памучна, волнена или свилена ткаенина која наоѓа голема примена во
изработка на женски блузи.

Свила – Наоѓа голема примена при изработка на свечени модели на женски блузи.

Слика 108. Женски блузи изработени од (од лево на десно) батист, фланел и свила

9.5.2 Изработка на женска блуза

Изработката на женската блуза се одвива во неколку фази. Најпрво се затвораат


вшитоците, се изработуваат фалтите доколку постојат, се пеглаат и се опшиваат
контурите. Доколку станува збор за блуза со предно закопчување, во тој случај се нашива
додатокот за закопчување, на левата страна од додатокот се ставаат илиците, а на
десната страна се бележи позиција на копчињата. Доколку на креираниот модел на
женска кошула постојат џебови или платки, тие се нашиваат на кројните делови пред да
се изврши спојување на предните и задните делови на блузата. Доколку моделот на
женска блуза има јака таа засебно се обработува, односно се спојува горната и долната
јака, се сече остатокот од шевот се врти, се пегла и јаката е спремна за нашивање на
блузата по точно одредени цвикови. Ракавот може да се обработува на два начини и тоа
засебно или заедно со блузата, во фазата на спојување на предните и задните кројни
делови. Предниот и задниот дел се соединуваат во пределот на рамото и страните, при
што резервата на шевот се распеглува во фазата на меѓуфазно пеглање.

128
Слика 109. Спојување на рамени и странични шевови

Ракавот се пришива на ракавната кривина притоа внимавајќи на тоа да се спојат


цвиковите на ракавната кривина на блузата со цвиковите на ракавот. Спојувањето може
да се извршува на обична шивачка машина со местимично поместување на ракавот по
ракавната кривина или на автомат кој врши правилно надржување на ракават при
неговото спојување со блузата. Доколку ракавот има манжетна, истата се обработува
засебно (се спојува надворешниот и внатрешниот дел на манжетата), а потоа се спојува
со ракавот најчесто со преклопен шев. На крај се шие поработ се зашиваат копчињата на
автомат и се прават илици. Со завршното пеглање се исправаат ситни грешки настанати
во процесот на шиење.

Слика 110. Нашивање на ракав на блуза по одредени контролни точки (цвикови)

129
10 ГРАДИРАЊЕ НА КРОЈНИ ДЕЛОВИ НА ЖЕНСКА ОБЛЕКА

Под поимот градирање на кројни делови на облека се подразбира прогресивно


зголемување или намалување на ширината или должината на кројните делови. Уште во
19-тиот век постоеле обиди за градирање на кроевите на облека, тие обиди продолжиле и
во наредните години, а со пронаоѓањето на мерната лента и куклата манекен на
производителите им се отвора нова можност за математичко искројување на кројните
делови и нивно градирање. Веќе во 50-тите години на 20-тиот век со појавата на prêt –a –
porter модата, техничко – технолошкиот процес на градирање започнал да се усовршува,
така што веќе во 21-виот век веќе може да говориме дека процесот на градирање е
доведен до висок степен на усовршеност. Во процесот на градирање мора да се обрне
внимание на следниве фактори:

 Морфологија на тело (раст, телесна градба итн.)


 Функцијата и карактеристиките на облеката, односно нејзината намена.
 Типот на кројни делови (вшитоци, јаки итн.)

Со цел да се изврши правилно градирање на кројните делови, потребно е лицето кое ја


извршува постапката да биде добро обучено за постапката на градирање на кројните
делови. Познати се неколку основни правила на градирање и тоа:

 Проверка на точноста на кројните делови


 Обележување на местата каде се врши градирањето
 Се утрвдуваат мерките на големините во кои треба да се изработат кројните
делови со помош на мас-табела.
 Оските на градирање треба да се паралелни или под прав агол со основната
нишка.
 Во постапката на градирање на кројните делови одредени линии не се менуваат,
како на пример, предната и задната средина на кројните делови, хоризонталата на
половината итн.
 Градирањето обично се врши кај модели за сериско производство, градирањето се
врши од една конфекциска големина која се зема за почетна. На пр. од 38 се врши
градирање (зголемување и намалување во конфекциска величина 40 и 36)
 Правецот на зголемување или намалување на одредена линија на која се
изведува мерењето, се обележува со испрекината линија и стрелка. Покрај

130
стрелката се впишува димензијата на промената за која се зголемува или
намалува тој дел.
 Градирањето се врши во три правци- хоризонтален, вертикален и кос. Кога се
врши градирање на крива линија (пр. на вратен изрез, ракавна кривина итн.)
исцртувањето треба да се изведе прецизно и со користење на криволинијар.

10.1 Градирање на женско здолниште со 4 вшитоци на преден и 4 вшитоци на заден


дел.

Опис на градирањето

Градирањето се врши на ½ од преден и ½ од заден дел. Големината на кројниот


дел се испишува во горниот лев агол (пр. 38). Зголемувањето се врши според табела
(дадена во прилог). Табеларните вредности укажуваат на тоа дека здолништето треба да
се прошири за 4,0 см по големина во пределот на половината и обемот на колковите. Тоа
значи дека од сите страни кројниот дел треба да се прошири за по 1,0 см. Вшитоците на
здолништето не се зголемуваат, само се поместуваат за 0,25 см по големина кон
страничниот дел на здолништето. Со корекцијата на местоположбата на вшитоците мора
да се направи и корекција на линијата на половина. Зголемувањето на здолништето во
пределот на должината на кројот се врши по 2,0 см за големина. Оваа вредност е
варијабилна и зависи од желбата на личноста за која се креира здолништето. На сликата
подолу е даден изгледот на градирано здолниште со вшитоци.

131
Слика 111. Зголемување на женско здолниште за една големина

132
10.2 Градирање (зголемување) на долг женски ракав

Опис на градирањето

На основниот крој од ракав се врши градирањето. Во десниот агол на кројниот дел


се бележи големината (38). Градирањето се извршува на следниот начин:

Слика 112. Зголемување на долг женски ракав за една големина

133
- Хоризонталата на ракавен изрез се продолжува за 0,5 см по големина од двете
страни. На една половина од ракавната округлина на предниот и задниот дел под
прав агол се мерат 0,25 см по големина. На средината од ракавната округлина се
мерат 0,5 см по големина нагоре. Во пределот кај рачниот зглоб/ линија на
должина на крој ракавот се зголемува за 0,25 см по големина на двете страни од
ракавот.

10.2.1 Градирање (зголемување) на краток женски ракав

Опис на градирањето

На основниот крој од ракав се врши градирањето. Зголемувањето на краткиот


ракав се изведува на исти начин, како и кај долгиот ракав со корекција во вредностите за
проширување на линијата на должина на крој. На кројниот дел се бележи големината
(38). Градирањето се извршува на следниот начин:

Слика 113. Зголемување на краток женски ракав за една големина

134
- Хоризонталата на ракавен изрез се продолжува за 0,5 см по големина од двете
страни. На една половина од ракавната округлина на предниот и задниот дел под
прав агол се мерат 0,25 см по големина. На средината од ракавната округлина се
мерат 0,5 см по големина нагоре. На линијата на должина на ракавот се врши
проширување од 0,5 см.

a. Градирање (зголемување) на женски панталони

Опис на градирањето

На основниот крој од женски панталони се врши градирањето. Во горниот десен


агол се впишува големинската бројка. Зголемувањето се извршува на следниот начин:

Преден дел на панталони

- Линијата на половина се зголемува за 0,5 см по големина од двете страни,


- Линијата на колковите се зголемува за 0,5 см по големина,
- На задниот дел во пределот каде завршува линијата на седален дел се проширува
за 0,7 см,
- На хоризонталата кај колената се врши проширување од 0,25- 0,35 см по
големина,
- На хоризонталата на должина на крој се мери 0,25 см по големина од двете страни
на кројниот дел,
- Аголот на вшитокот на предниот дел се покачува за 0,5 см по големина.

Заден дел на панталони

Проширувањето на задниот дел се извршува на ист принцип како и на предниот дел.

- Линијата на половина и колкови се зголемува по 4,0 см за големина исто како кај


женското здолниште.
- Проширувањето на седалниот дел е поголемо и изнесува по 4,8 см по големина.
- Зголемувањето во пределот кај колената зависи од креираниот модел.
- Вшитоците се поместуваат нагоре за 0,5 см по големина, а димензијата останува
иста. Зголемувањето по должината зависи од барањата според креираниот модел.

135
Слика 114. Зголемување на женски панталони за една големина на преден и
заден дел

136
ПРИЛОГ- ТАБЕЛА ЗА ПРОМЕНА НА МЕРКИ ПРИ ГРАДИРАЊЕ

Табела 1. Промена на мери (см) при зголемување и намалување на кројните


делови по големини
Мера Промена на големина (см) Вкупна промена на
кројниот дел (см)
Обем на гради 1,0 4,0
Обем на половина 1,0 4,0
Обем на големи колкови 1,0 4,0
Обем на мали колкови 1,0 4,0
Зголемување на ½ од преден дел на женска блуза
Должина на предна средина 0,5 /
Должина на рамо 0,3 /
Надградна ширина 0,5 /
Растојание помеѓу градите 0,25 /
Висина на рамо 0,7 /
Зголемување на ½ од заден дел на женска блуза
Должина на задна средина 0,5 /
Должина на рамо 0,3 /
Растојание од задна 0,25 /
средина до вшиток на
половината
Висина на рамо 0,5 /
Зголемување на ракав за женска блуза
Проширување на ракавна 0,5 /
кривина кај рамениот шев
Прширување на обемот кај 2 x 0,5 /
најширокиот дел од ракавот
Проширување на средината 0,25 /
на ракавниот изрез
Проширување кај рачен 2 X 0,25 /
зглоб

137
Користена литература

1. Agnes, K. H. (1922). Pattern making. Univerersity of California. The Macmillan Company.


2. Blagojevic, L. Primena racunala 4. Пристапено на: 4 февруари 2017.
3. Christensen, J. Learn to Design Your Own Clothes. Превземено на 6 Октомври 2016 г.
4. Easey, M. (2008). Fashion marketing. 3rd edition. Blackwell Publishing (2) 171-172.
5. Fales, J. (2013). Dress Making - Drafting and Pattern Making. Ltd.
6. Flegar, A. Računalno modeliranje i gradiranje odjeće. Škola za modu i dizajn. Zagreb.
7. Gardiner, F. M. (2007). The evolution of fashion, University of California Santa Barbara.
8. Hallett, C. (2014). Fabric for Fashion: The Swatch Book. Laurence King Publishing.
9. Kaurić, A. G. (2009). Marketing mode u industriji tekstila i odjeće. Vol. XXI. UDK 658.8:687.
10. Kendra, S. (2014). Basic Pattern Development. Central Board of Secondary Education
(CBSE).
11. Langston, V. Pattern design - The only limitation is your imagination. (VII-44). Пристапено
на: 5 Октомври 2016. Достапно на: http://www.uen.org/cte/family/clothing-
2/downloads/sewing/pattern-design.pdf.
12. Mathews, M. (1986). Practical clothing construction, Part I and II. Cosmic Press, Chennai.
13. Rajitha, I. (2005). Garment making. State Institute of Vocational Education, Govt of Andhra
Pradesh Hyderabad.
14. Rocco, S. (2015). Upravljane proizvodom, kreiranje marke i dizajn. ISBN 978-953-57657-5-
2.
15. Slavicek, J. (1966) Konstrukcija odjece- laka konfekcija. Zagreb.
16. Slavicek, J. (1977). Konstrukcija odjece za haljine, bluze, suknje, zensko i musko rublje.
Fabek Milka - Zagreb.
17. Spasic, V. (2013). Dizajn u funkciju mode. UDK: 347.772.
18. Stanley, H. (1991). Flat Pattern Cutting and Modelling for Fashion – Third edition. LTD.
19. Traphagen, Е. (1918). Costume Design and Illustration. John Wiley & Sons.
20. Дејановски, С., Мицев, Р., Трајанова, С., Левкова, Д. (1995). Конструкција на облека.
Скопје
Достапно на: http://www.clothingpatterns101.com/support-files/learn-to-design-your-own-
clothes.pdf
Достапно на: https://ljiljanans.files.wordpress.com/2009/10/konstrukcije-krojeva-20121.pdf
21. Младеновиќ, З., Ќортошева, С. (2004). Конструкција, Моделирање и градирање на
основни кроеви на уникатна женска облека. Скопје.

138
(ISBN: 978-608-244-427-7)

139

You might also like