Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 32

1.

Општо за светото писмо – Библија

Зборот е одлика на човекот, а писмото е карактеристика на културниот човек.


Писмото е силен симбол и чувар на трајноста од минатото и иднината. Светото Писмо
за многумина е познато и како Библија, тоа претставува збир на книги во кои е
содржана целата историја на нашето спасение; создавањето, паѓањето во грев,
постепениот развој и остварувањето на Божјиот план за искупување и спасение на
човекот и светот1.

Библија е Божјиот збор наменет за спасение на луѓето. Светото писмо не е обично


книжевно дело, туку запишан збор Божји. Во него е запишано сѐ што треба да знаеме
за Бога и за човекот како создание Божјо. Библијата не е книга која што ни говори од
минатото, туку е книга во која Бог ни говори и денес. Религиозниот авторитет пак, на
Библијата или Светото Писмо, е втемелен на неговата боговдахновеност, негова главна
одлика што го прави различно од другите литературни дела.

Важноста на Библијата се состои, пред сѐ, во спасителната мудрост објавена од Бога, а


запишана од Неговите избраници на нејзините страници. Бидејќи зборот Божји е
духовниот светилник, кој ја разгорува духовната темнина, Светото писмо, како Божје
слово, кое ни го предале пророците и апостолите, треба да го сакаме како што Го
сакаме Самиот Господ.

Библијата е секогаш присутна во животот на човекот, а како извор на голема мудрост,


таа претставува непресушно вдахновение на земните патници. Вистинскиот
христијанин треба во својот живот да се раководи според зборовите на Светото писмо,
кое што Бог го дарил на Црквата и човештвото затоа што зборот Божји, запишан во
Црквата, со силата на Духот, станува спасувачки збор кој го собира Божествениот
народ.

Самиот збор Библија е земен од старогрчкиот βιβλίο што пак означува книга, т.е зборот
βιβλία означува збир на книги. Таа е составена од 77 книги, од кои 50 го сочинуваат
Стариот завет и 27 книги кои го сочинуваат Новиот завет. Книгите на Светото писмо
се создавале долг временски период, поголемиот дел од нив се напишани пред
доаѓањето на Господ Исус Христос на земјата, со цел да го подготват светот и човекот
за спасение и тие го сочинуваат Стариот Завет. Останатите книги пак, кои што
настанале по Исусовото доаѓање, за да можат луѓето преку нив да постанат ученици на
ветеното и остварено спасение, го сочинуваат Новиот завет.

Читајки ја содржината на оваа Божја книга, констатираме дека таа започнува со описот
на создавањето на светот и човекот, паѓањето во грев на првите луѓе, па продолжува со
историјата на старозаветните патријарси и избраниот народ.

1
Ѓоко
На почетокот се претставени бројни Божји објавувања, пророштва, праслики, заповеди,
молитви, кои се подготовка за доаѓањето на Месијата и Спасителот, а потоа следи
остварувањето на тие подготвителни претскажувања како што е раѓањето на Господ
Исус Христос, неговиот живот, чудата, страдањата и смртта на крстот, Воскресение,
Вознесение, слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, делувањето на првите
апостоли и на крај визијата за последните времиња и крајот на овој свет.

Книгите од Стариот завет, според нивната содржина, може да се поделат на: законски
книги - каде што се запишани основните закони за верскиот и морален живот,
историски книги - каде што е претставена историјата на Божјиот народ и Божјото
делување во светот, поучни (мудросни) книги - кои што изобилуваат со мудросни
поуки и објаснувања на верските и на моралните вистини и пророчки книги - кои што
во себе содржат претскажувања за Месијата и времињата кои претстојат. 2

Поделбата на книгите од Новиот завет, според нивната содржина е следната:


Евангелија – кои што според своето етимолошко значење означуваат благовест,
радосна вест; Дела Апостолски и соборни посланија - кои што го претставуваат
растежот на христијанските заедници во јудејската заедница; Посланија на светиот
апостол Павле – каде што се наоѓаат и писмата од самиот апостол Павле;
Откровението Јованово - кое што претставува 27-ма книга од Новиот завет и има
апокалиптична содржина, со визии за иднината и последното време на земјата.
Откровението Јованово претставува единствена пророчка книга во Новиот завет.

Етимолошкото значење на поимот теологија, не води кон двата грчки зборовите


зборови о Θεός (Бог) и λογία (знаење, наука, учење). Иако е многу стар поим, поимот
„теологија“ не се употребувал ни во Стариот ни во Новиот завет. Дури и светиот
апостол Павле кога проповедал во античка Атина не го употребувал поимот, имајќи ја
на ум опасноста која би произлегла да биде сфатен како Платон, затоа што
христијанството е монотеистичка религија. Затоа светиот апостол Павле говори за
философија по човек и философија по Христос бидејќи филосовијата по Христос е
права богооткриена теологија.

Првите христијански писатели и апологети, христијанството го нарекувале


философија, спротивставувајќи се на тој начин на световната философија. Но веќе
свети Климент Александриски и Ориген почнувале да го употребуваа терминот
Теологија. Блажени Августин под зборот теологија го подразбирал учењето за Бога. Во
IV и V век обемот за значењето на овој збор се повеќе се распростанува, така што веќе
свети Василиј Велики под овој термин ја подразбира целата содржина на Стариот и
Новиот завет.

Теологијата е наука која има задача да ја разбере и проучи верата што ја исповеда и ја
чува Црквата.

2. Четирите Евангелија
2
Ѓоко
Зборот „Евангелие“ значи благовест, радосна вест, радовестие, радосен манифест 3.
Оваа етимологија доаѓа од грчкиот збор ευαγγέλιο што е кованица од добро и вест.
Евангелие значи радосна вест, на сите јазици и народи во светот. Евангелието опфаќа
„Сѐ она што Исус го вршел и учел“ (Дела 1,1).

Содржината, всушност, значи благовест за спасението преку Господа Исуса Христа.


Според тоа, иако се напишани четири евангелија, тие сите се поимаат како едно
единствено Евангелие. Тоа е така бидејќи во сите нив говори Господа Исуса Христа и
се говори за личноста на Господа Исуса Христа како Бог и Син Божји, но и како Човек
и Син Човечки. Затоа евангелијата со едно име се наречени Христово Евангелие, а не
Матеево, Марково, Лукино, Јованово. Токму затоа и се вели според Матеј, а не од
Матеј бидејки тоа е Божјо дело, напишано со Боговдахновение, според запишувањето
на евангелистот, а не од него – тоа не произлегува од него туку од Бога.

Црквата ги признала за канонски само четирите евангелија: според Матеј, Марко, Лука
и Јован. Во својот предговор на евангелијата, блажени Теофилакт Охридски, веројатно
го кажува мислењето на свети Иринеј Лионски кој вели дека четирите евангелија се
како четирите страни во светот исток, запад, север, југ. Тие се четирите главни
добродетели: храброст, мудрост, правда и целомудрие, или како четирите главни
принципи: догми, заповеди, забрани и ветувања.4

Црковното предание вели дека апостолот Матеј прв го напишал своето Евангелие, а
апостолот Јован последен. Затоа, скоро во сите кодекси, евангелијата се наоѓаат
подредени според времето на пишување: Матеј, Марко, Лука и Јован.

2.1 Евангелие според Матеј

3
Ратомир Грозданоски, Вовед во Светото писмо на Новиот завет (посебен дел), Скопје 2008
4
исто
Евангелистот Матеј е еден од 12 апостоли, седми или осми при набројувањето на
апостолите. Роден бил во галилејскиот град Капернаум. Евангелистот Матеј, името го
добил од Господа Исуса Христа при повикувањето за апостол. Самото име Матеј
означува „дар од Бога“5.

За животот на евангелистот Матеј пред повикувањето за Апостол немаме многу


информации, но по повикувањето за апостол Господов, и по Христовото вознесение, со
другите апостоли го проповедал Евангелието во Ерусалим. Тој се смета за маченик и
од источната и од западната Црква. Неговото време на маченичките страдања и
местото на неговата смрт не ни се познати. Се претпоставува дека загинал во Персија,
Етиопија, Македонија или Мирмики.

Постојат повеќе верувања за тоа кога било пишувано Евангелито по Матеј. Старата
црковна традиција и старата христијанска писменост ни сведочат дека апостолот Матеј
своето Евангелие го напишал пред сите други евангелисти и е најстаро, ова Евангелие
е прва книга во Новиот завет. Се знае дека Евангелието според Матеј е пишувано пред
разрушувањето на Ерусалим, т.е пред 70-та година, затоа што во него не се зборува ни
за разрушувањето на градот ни за разрушувањето на Ерусалимскиот преубав Храм.
Општоприфатено е дека Светото Евангелие, светиот апостол Матеј го напишал во 8-ма
година од Вознесувањето на Господа Исуса Христа, или 41-та година по раѓањето
Христово.6

Евангелието според Матеј до нас е сочувано на грчки јазик, но старата црковна


традиција и древна христијанска писменост, сметаат дека во оригинал ова Евангелие
било пишувано на еврејски односно старохалдејски или арамејски јазик, кој во тоа
време бил говорниот јазик во Палестина.

Блажени Ероним јасно зборува дека Матеј го напишал своето Евангелие на еврејски
јазик, во Јудеја, за верниците од обрезанието. Евангелието било напишано за
Јудејските христијани од Палестина. Докази за тоа има во старата христијанска
писменост и во самото Евангелие, уште со изложувањето на самиот родослов со кој го
изложува Исус Христос како син Давидов и син Авраамов (Матеј 1,1). Ориген вели:
„Матеј напишал Евангелие на еврејски јазик за Христијаните кои произлегуваат од
јудејците“7.

Матеј посветува поголемо внимание на надворешноста на човековата стрна на Господа


Исус Христос, отколку на духовната, па затоа и дава родослов и го нагласува
исполнувањето на пророштвата.

Истовремено тој го истакнува и божественото на Господа Исуса Христа и го изложува


Неговото богоспасително евангелско и морално учење8

5
исто
6
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Матеј , Скопје 1993
7
Евсевиј Кесариски Црковна историја, 6 книга, 25,24
8
Вовед во светото писмо
Оттука и приказот „човек со крилја“ го претставува евангелистот Матеј. Тоа е земено
за негов симбол, затоа што неговото Евангелие започнува со родословот на Господа
Исуса Христа по тело (Матеј 1,1-17). Освен тоа во содржината од Евангелието според
Матеј е нагласена основната вистина дека Христос е ветениот Месија, кој во човечко
тело се родил како вистински човек, од родот на Давида.9

Во ова Евангелие се истакнува дека Христос не е само Месија на еврејскиот народ,


туку и искупител на целото човештво. Насекаде во своето Евангелие Матеј ги
предупредува своите читатели од погубното учење на книжниците и фарисеите, кои ги
нарекува „лицемери“, „породни змии“, „слепи водачи“ и ги изобличува.

2.2 Евангелие по Марко

За светиот апостол и евангелист Марко, според библиските сведоштва, се знае дека


бил од Ерусалим и дека неговата мајка се викала Марија. Во Дела на светите
апостоли, евенгелистот Марко се споменува под името „Јован Марко“. Нивната куќа
претставувала прва црква во Ерусалим. Таму престојувал и свети апостол Петар кога
бил ослободен од затворот. Во таа куќа честопати се собирале апостолите но и други
христијани од Ерусалим, на заедничка молитва.

Светото предание сведочи дека Господ Исус Христос и апостолите во таа куќа ја јаделе
Паската. Во куќата на евангелистот Марко се случувала Тајната вечера, на која е
востановена светата Евхаристија, и во истата таа куќа е богослужена и првата
заедничка богослужба – Литургија на апостолите и евхаристискиот принос.10

Светиот апостол и евангелист Марко не бил од дванаесетте Христови апостоли, а


припаѓал на седумдесетте ученици на Господа Исуса Христа. Писателот на второто
канонско Евангелие бил Јудеец, за тоа сведочи одличното познавање на еврејските
обичаи и навики кои се споменати во содржината на Евангелието.

Во него се споменува и за колењето на Паскалното јагне во првиот ден на Бесквасници


(Марко 14,12), како и за почитување на саботата (Марко 15,42), но и за многу други
обичаи. Јасни податоци за тоа каде точно е пишувано и кој е писателот во неговата
содржината нема, но според мислењата на светите отци и нивните дела, евангелистот
Марко бил во седиште на самите настани,11 бидејки бил од Ерусалим (Дела 12,12-25).

Тој би познат како еден од видните членови на Христијанската Црква и авторитетен


човек во кругот на апостолите, затоа што бил сопатник и соработник на свети апостол
Павле и сопатник и духовно чедо на апостол Петар (1. Петр. 5,13). Времето и местото
9
Тајните за библијата
10
Евангелие според Марко

11
Се претпоставува, апостолот Марко да Го видел Господа Исуса Христа во Ерусалим. Светото предание вели дека
тој бил оној млад човек, наметнат со платниште на голо тело, кој војниците го фатија, а тој кога го остави
платништето, побегнал од нив необлечен (Марко 14,50-52). Овој момент е многу интимен и личен, па затоа се мисли
дека писателот на Евангелието зборува за себеси .
на пишување на ова Евангелие не е прецизно означено, па постојат три различни
мислења:

Првото мислење е дека е напишано во периодот меѓу 42-44 година. Но, ова мислење е
неприфатливо бидејки во тој временски период Марко бил со апостол Павле на првото
мисионерско патување.

Второто мислење дека е пишувано меѓу 64-67 година, а тоа е по смртта на свети
апостол Петар, за многумина ова е прифатливо.

Третото мислење е дека е пишувано меѓу 52-62 година. Како и второто така и третото
мислење е повеќе прифатливо за многумина.

Свети Климент Александриски пак вели дека апостолот Марко го напишал


Евангелието во 67 година во Рим. Додека пак свети Јован Златоуст тврди дека
Евангелието според Марко е напишано во Александрија.

Ова сведочи дека ова Евангелие било општо познато во Мала Азија, уште кон крајот на
првиот век. Првите читатели на Евангелието според Марко биле римските христијани
кои од многубуштво преминале во христијанство. Затоа евангелистот најзначајните и
нејасните арамејски зборови ги превел и ги разјаснил, веднаш по нивното
споменување12. Во Евангелието според Марко се среќаваат и латинизми, според кои
заклучуваме дека неговите први читатели биле христијаните од Рим.

Апостолот Марко се смета за основоположник на Александриската црква во Египет и


бил нејзин прв епископ, како што сведочи историчарот Евсевиј, светото предание вели
дека таму маченички го завршил својот живот на земјава. Неговите свети мошти се
чуваат во Венеција во црквата „Св. Марко“.

Според содржината, Евангелието според Марко е најкраткото и има 16 глави. Оваа


краткост се објаснува и со тоа што во него има малку од Христовите поуки и параболи,
кои се среќаваат кај другите синоптички евангелија. Ги нема ниту долгите Христови
говори, кои се наоѓаат во четвртото канонско евангелие.

Основната содржина на Евангелието е опишувањето на Христовите чуда. Во ова


евангелие се споменати 18 Христови чуда, а вкупно сите Христови чуда кои се
запишани во четирите канонски евангелија се 33 без повторување.

Од читањето на содржината на евангелието според Марко и од Христовите чуда


опишани во него, секој јасно ќе ја согледа сострадалната Божја љубов на Господа
Исуса Христа, како и Неговата милост и сожаливост кон човекот кој што страдал
поради падот во гревот, трпејќи ги последиците од првородениот грев, како и од лични
гревови.

12
Вовед во Светото писмо на Новиот завет
Евангелистот Марко сакал да го сочува и запише она што го чул од апостолот Петар, за
да остане чисто и непогрешливо сеќавањето на апостол Петар за Господа Исуса
Христа13. Затоа апостолот и не ја запишал целата историја за животот и дејноста на
Господа Исуса Христа, туку ги бележи само проповедите на апостолот Петар без да се
запази некој хронолошки ред. Основната разлика помеѓу овие две евангелија е дека
Евангелието според Матеј е темелено на „Законот и Пророците“, го покажува Исус
Христос како вистински Месија кој бил пророкуван од пророците; кој дошол во светот
и се принел како жртва на крстот, за да го спаси човековиот род. 14 Во Евангелието
според Марко нема изобилство на старозаветни библиски текстови, бидејки било
напишано по барање на христијаните од Рим, кои претходно биле незнабошци.

Како што постои голема сличност во описот на настаните од животот и учењето на


Господа Исуса Христа во овие две евангелија, описите се присутни и во евангелието
според Лука, каде има различните елементи карактеристични за секој од нив. Затоа
првите три евангелија се наречени синоптички, бидејќи кога ќе се соединиат се создава
перфектна синоптичка слика за Господа Исуса Христа. Целта на Евангелието
произлегува од неговата содржина, со која сака да покаже и докаже дека Исус Христос
е Богочовек и како Богочовек дошол на земјава, зашто само како Богочовек можел да
го „спаси“ светот. (Марко 16,16). Тоа Евангелистот силно го посведочил преку
изложувањето на Христовите чуда. Марко пишува за Господа Исуса Христа како Син
Божји и голем Чудотворец, семоќен Цар и Господ, па затоа се слика со лав – царот на
животните, царот на природата.15

2.3 Евангелие по Лука

Писател на третото канонско Евангелие е апостолот и Евангелист Лука. Свети


апостол Лука е писател на двете библиски книги „Евангелие според Лука“ и „Дела на
светите апостоли“. Лука бил Македонец и бил родум од „Филипи, кој е прв град,
римска колонија“ (Дела 16,12) .
13
Евангелие според марко
14
Евангелие според Марко
15
Тајните за Библијата
Светиот апостол Павле го зел со себе Лука за сопатник при преминувањето од Азија во
Европа, човекот од Филипи му бил сигурност и гаранција дека ќе биде успешна
мисијата низ цела Македонија. Апостолот Лука ќе биде придружник на апостолот
Павле на второто мисионерско патување заради неговата широка лепеза на познавање
на медицината, одличен познавач на грчкиот јазик, култура и менталитет на својот
народ. Неговата медицинска компететност е посведочена во Евангелието. Единствено
тој употребува и медицински изрази со кои ги објаснува болестите при исцеленијата од
Господа Исуса Христа. Простите народни изрази што се среќаваат во евангелијата кај
Матеј и Марко, кај Лука добиваат конкретни, технички и медицински димензии.

Сите отци, црковни учители и библисти, тврдат со сигурност дека Лука не бил Евреин
туку незнабожец. Родниот град на Лука, Антиохија бил пример за распростанувањето
на монотеизмот меѓу политеистите. И Лука пред да стане христијанин одблизу го
запознал јудејското верување, кон тоа најмногу го има насочено читањето на Библијата
на грчки превод (Септуагинта) и преку неа проникнал во изворот на монотеистичката
вера.16

Свети Лука го пишувал Евангелието според беседењето на апостол Павле, тој бил еден
од седумдесетмината ученици на Исуса Христа. Лука го организирал целиот црковен
живот во Филипи и целосно ја оправдал довербата и надежта на својот учител и затоа е
Павлов соработник и на Третото мисионерско патување и при неговото патување во
Ерусалим. (Дела 20,5 ; 21,1) Лука останал со Павле до крајот на неговото ропство во
Рим. Тоа апостолот Павле го запишал во Второто послание до Тимотеј, кажувајки дека
сите го напуштиле во Рим „само Лука е со мене“ (2 Тим. 4,10). Најголема е
веројатноста дека Евангелието е напишано во Рим во 63 година, кога светиот апостол
Павле е во затвор во Рим.

Натамошната активност на апостолот Лука не е опишана во Новиот завет, а ја


дознаваме од црковното предание. Три карактеристики се забележливи кај апостолот
Лука. Прво, неговата љубов кон патувањето, особено љубовта кон морето, неговите
точни опишувања за поморството наведуваат на претпоставка дека можеби, како лекар,
работел на некој брод. Втората негова карактеристика е книжевната надареност. Тој
бил образован и знаел лесно, брзо и убаво да се изразува. Бил остроумен набљудувач,
свесен и опфатлив хроничар. Третата негова карактеристика е неговиот благ, помирлив
дух, неговата племенита душа и постојаната верност до смрт. Лука бил и иконописец.
Тој ја изработил и првата света икона на пресвета Богородица. Светото предание вели
дека апостол Лука бил дественик и доживеал старост од 74 до 80, а најмногу 84 години.

Јазикот на кој е пишано Евангелието е грчки јазик. Воочливо е прекрасното познавање


на грчкиот јазик кај Лука, кај него изобилно се застапени и изразите од богатиот
речник, разнообразноста во конструкцијата на збороредот и убавината на јазикот.

Целта на пишувањето на евангелието и задачата самиот апостол Лука ја дава во првите


стихови, каде што вели дека намислил да опише сѐ „точно по ред“ за да биде разбрана

16
Вовед во светото писмо на новиот завет
„основата на учењето“ (Лука 1, 3-4 ). Целта на Евангелието било сите читатели на
евангелскиот текст да ги доведе до познание, признание и усвојување на благодатното
христијанско спасение преку описот на зборовите од Господа Исуса Христа.
Евангелието според Лука има за цел да биде првиот катехизис во верата за оние што го
примиле христијанството, за првите христијани. Светиот апостол Павле бил апостол на
незнабожците, па затоа Лука го нагласува универзализмот на христијанството и на
спасението кое е дадено општо за сите луѓе, оти Христос дојде да го искупи и спаси
сиот човечки род.17

2.4 Евангелие по Јован

Четвртото Евангелие го напишал вољубениот Христов ученик, светиот апостол


Јован. Ова евангелие цврсто и основано го посведочува древното црковно предание и
учењето на светите отци и учители.

Свети Иренеј Лионски, во своето дело „Против ересите“ (околу 185г.), се повикува на
преданието на малоазиската Црква, во која јасно се говорело и се тврдело дека
ученикот Господов, Јован, запишал Евангелие во Ефес. Целата Црква Христов тврдела
и тврди дека апостолот Јован е писател на Евангелието, на три соборни посланија и на
Откровението.

Апостолите Јован и Јаков биле повикани во апостолство заедно со Андреј


Првоповиканиот. Тие биле рибари на Галилејското езеро. Пред тоа, тие биле ученици
на Свети Јован Крстител. Заради нивниот огненен карактер, Христос ги нарекол
воанергес (синови на громовите). Според пишувањето на синоптичарите, Христос
секогаш Јована го споменува заедно со Петар и Јаков. Така е и при набројувањето на
апостолите.

Тој бил учесник во сите важни случувања од Христовиот живот: воскреснувањето на


Јаировата ќерка, заедно со Петар и Јаков (Марко 35,43); Христовото преображение
(Матеј 17.1–9; Марко 9.2–9); Христос го пратил, со Петар да ја подготват Пасхата
(Лука 22,8; Матеј 21,1; Марко 11,1); Христовата молитва во Гетсиманската градина
заедно со Петар и Јаков (Марко 14,33–41; Матеј 26.37). Во ова Евангелие се користи
терминот „Јудејци“, наместо фарисеи, садукеи и книжници како Христови
непријатели, тоа посведочува дека веќе се случила пропаста на јудејската држава.

Според тоа, може да се заклучи дека апостолот Јован Евангелието го напишал помеѓу
90 – 100 од Христовото раѓање. Местото на пишување се смета Ефес. Во своето
Евангелие, свети Јован, ниту еднаш не се споменува себеси, по име, ниту својот брат
Јаков.

Тој е „еден од учениците, кого го милуваше Исус“ (Јован 13,23;19,26;20,2;21,7;21,20),


кој што при Тајната вечера на трпезата беше покрај Христа и „беше се навалил на

17
Вовед во светото писмо на Новиот завет
градите Исусови“ (Јован13,23 и 25) и тој Го прашал Христа, кој е предавникот
(Јован13,25;21,20). „Тој е ученикот кој го љубеше“ Исус, само тој од 12-те апостоли
бил под крстот, и нему Христос му ја доверил својата мајка, која Јован ја зел кај себе
(Јован 19,26 – 27).

Марија Магдалена веста за воскреснувањео најпрво му ја соопштила на Петар и на


другиот ученик кој Исус го љубеше (Јован 20,1). Апостолот Јован бил определен,
заедно со Јаков и Петар, да го проповеда Евангелието на обрезаните, додека Павле и
Варнава биле определени за многубошците (Гал. 2,9). Апостолот Јован не ја напуштил
Палестина, сѐ до смртта на Пресвета Богородица. Во својта длабока старост, кога
можел малку да говори, најкратко и наједноставно ги подучувал луѓето, велејки им
постојано: „Деца сакајте се еден со друг“.

2.4.1 Содржина на Евангелието по Јован

Во Евангелието според Јован се опишува смртта на апостолот Петар (Јован 21,18–


19). Тоа значи дека апостолот Петар бил убиен одамна пред да се напише ова
Евангелие, а тој бил маченички распнат на крст, со главата надолу, во Рим во 67
годдина.

Апостолот Јован Евангелието го напишал на грчки јазик. Тој пишувал на едноставен


грчки јазик. Јазикот на ова Евангелие во споредба со јазикот на синоптичарите изгледа
многу сиромашен и се одликува по едноставност. Стилот му е многу јасен и лесен за
читање. Се карактеризира со едноставност во изразувањето. Но истовремено, кога
зборува за Божјите работи и за богословските вистини, тој е возвишен и величествен.

Сепак, тој создава нови изрази и форми за возвишените тајни на спасението, како што
е воплотување, Словото, Света Тројца и есхатолошките вистини. Токму поради тоа, а
особено поради учењето за Света Троица, тој е наречен Богослов.

Евангелистот Јован не зборува кон кого е упатено ова Евангелие. Од содржината на


Евангелието се гледа дека не го пишувал за Евреите. Така заклучуваме затоа што
неговите читатели не ја знаат географијата и топографијата на Палестина, ниту
религиозните обичаи и верувања на еврејскиот народ и сл. Апостолот Јован
Евангелието го напишал за христијаните и епископите на црквите во Мала Азија.

Неговите читатели го познавале христијанството, и на нив им требало појака духовна


поткрепа во верата во Исуса Христа Синот Божји, зашто Црквата била вознемирена од
еретици, уште во тоа време.

Повод за да го напише Евангелието, биле молбите од малоазиските епископи. Тие го


молеле да пишува против лажните учења за Христа и христијанството. Јован,
возљубениот ученик на Исуса, го напишал Евангелието за да ги заштити христијаните
од погрешните учења на еретиците. Самиот апостол Јован ни ја објаснува целта на
своето пишување, велејки: „И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои,
што не се запишани во оваа книга“ (Јован 20,30).

На овој начин евангелистот го изложува целото учење за Божеството на Господ Исус


Христос. Тој ги дополнува првите три евангелија. Затоа Јован го изнесува Христовото
дејствување во Јудеја и во Ерусалим, а не во Галилеја, како што прават синоптичарите.
Православната црква секогаш сметала дека четвртото Евангелие е дело на апостолот
Јован, којшто во него самиот се нарекува „Ученикот кого Исус го сакаше“. Но во
содржината на Евангелието се наоѓаат и докази кои потврдуваат дека: авторот бил
очевидец кој ги гледал случувањата што ги опишува; дека бил Евреин и дека добро го
знаел арамејскиот јазик; дека го знаел религиозниот и народниот обичај, и дека добро
ја знаел топографијата на Палестина.

3. Дела Апостолски

Библиската книга „Дела на светите апостоли“ е напишана од Свети апостол Лука.


Таа е продолжение на Евангелието и во неа се опишува како продолжува Христовото
учење меѓу христијаните во Црквата. Во неа се зборува за ширењето на
христијанството во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, па и до крајот на земјата
(Дела 1,8).
Оваа книга опфаќа временски период од Христовото вознесение (во 33 год) до
доаѓањето на апостолот Павле во Рим, во 61 година. Книгата „Дела на светите
апостоли“ по важност доаѓа веднаш по четирит Евангелија. Свети Јован Златоуст вели
дека таа ни е од полза не помалку од Евангелието 18. Исполнета е со љубомудрие, со
догматска чистота и со многу големи чуда.

Во книгата не се зборува за работата на сите апостоли, туку за неколкумина од нив.


Оттаму може да се рече дека името не одговара целосно според содржината, но сепак
оваа библиска книга никогаш во Цркавата не била позната по друго име, освен како
Дела на светите апостоли.

Содржината на книгата ни го претставува создавањето и распространувањето на


Црквата Христова, започнувајки од Ерусалим, престолнината на Божјиот народ, па се
до Рим, престолнината на незнабошците.

За писателот и книгата зборуваат црковните писатели Свети Поликарп Смирнски, Св.


Иринеј Лионски, Климент Алексадриски, Ориген кои што ја цитирале оваа книга во
своите дела и за нејзин автор го признале светиот апостол Лука.

Времето и местото на пишување на оваа книга е најверојтно во 64 година, пред


почетокот на гонењето на христијаните и владеењето на Нерон. Ова може да се види и
по содржината на книгата, којашто завршува со двегодишната слободна
проповедничка дејност на апостолот Павле во Рим. (Дела.28,30-31),

За местото на пишување се смета градот Рим, а поводот за нејзиното пишување не е


напишан, но може да се заклучи дека повод е тоа што свети апостол Павле бил две
години во Рим (61-63 г.) и постоел страв дека повторно ќе биде обвинет и осуден за
својата работа. Поради ова, апостолот Лука ја пишува оваа книга, во која ја брани
работата на апостолите од нивните непријатели, а особено работата на светиот апостол
Павле. Според тоа целта за пишување на книгата е апологија на работата на апостолот
Павле, која би требало да послужи како доказ за неговата невиност и исправност пред
римските власти, а и пред целата Црква.

Во предговорот (Лука 1,1-4) Лука вели дека повод за пишувањето на Евангелието му


било тоа што многумина почнале да пишуваат за настаните од животот и делата
Христови, па затоа и тој решил да надополни и опише точно по ред, во строг
хронолошки ред, и за евангелските настани и за делата на апостолите, односно, за
историјата на Црквата, по вознесението на Спасителот Исус Христос.

Книгата опфаќа период од околу триесетина години, има 28 глави и може да се подели
во два дела: Првиот дел (1-12 глава), каде што се опишува роденденот на Црквата и
дејноста на првите апостоли, а посебно на апостолот Петар и Вториот дел (13- 28
18
Вовед
глава), каде што ја опишува мисионерската дејност на Свети апостол Павле и неговите
соработници за ширењето на христијанството.

Што се однесува до стилот, Лука вели дека пишува аналитично, истражувано по ред и
точно. Тој ги запишал настаните точно и по редослед, како што се одвивале, а
личностите и местата веродостојно и исправно. Историски се потврдени сите
споменати конзули, проконзули, управници, противници, места и области.

Апостолот Лука вели дека земал значајни и точни податоци од живи сведоци за
животот на Господа Исуса Христа од раѓањето до вознесувањето и веродостојно ги
забележал во Евангелието и Делата на светите апостоли (Лука 1,1-4 ; Дела 1,1-2). Во
оваа книга има евреизми и тоа ни кажува дека Лука знаел и еврејски јазик и со
сигурност ги знаел еврејските значајни места и личности.

Книгата Дела на светите апостоли е напишана за поширок круг на читатели, до сите


богољубиви луѓе.

4. Соборни Посланија

Седумтте книги од Новиот завет со едно име се наречени Соборни посланија. Овие,
седум посланија се напишани од четворицата апостоли: Јаков, Петар, Јован и Јуда.
Поконкретно Јаков напишал едно, Петар две, Јован три и Јуда едно послание.

Изразот „соборни“ прв го употребил црковниот писател Аполониј во 197 година, кога
разобличил некојси монтанист Темизон кој што напишал соборно послание по
примерот на свети Јован Богослов. Значи, овие посланија се именувале „соборни“ уште
во II век. Во IV век, пак, овој термин бил веќе во општа употреба. Евсевиј Кесариски ги
споменува сите седум Соборни посланија 19.

Овие посланија се наречени „соборни“, соборни посланија се наречени бидејки не се


упатени до едно лице или една црква, како што го правел апостол Павле, туку се
упатуваат до целата соборна црква – до сите христијани.

4.1 Соборно послание на светиот апостол Јаков

Писателот на ова послание ни е кажан уште во првиот стих на посланието: „Јаков,


слугата на Бога и на Господа Исуса Христа, испраќа поздрав до дванаесетте колена,
кои живеат растурено“ (Јак:1,1). Јаков бил еден од 70 –те апостоли, иако бил назореј
од мајчината утроба, не пиел сикел и вино, не се премачкувал со елеј и не се бањал, не
си ја потстрижувал косата и поголемиот дел од денот го минувал во молитва. За време
на Христовиот живот, не верувал во Неговото месијанство и затоа Христос својата
мајка не ја оставил на „браќата свои“, туку на својот најмил ученик. Јаков е и првиот
епископ во Ерусалимската црква.

Апостолот Павле, Јаков го нарекува столб на Црквата заедно со Петар и Јован, тој
раководи и со Апостолскиот собор во 51 година, кога на негов предлог се донесува
одлука дека незнабожците, кои постануваат христијани, не се должни да го
исполнуваат Мојсеевиот закон.

Во 62 – 63 година првосвештеникот Анан за да го запре ширењето на христијанството


му наредил на Јаков да објави дека Христос не е Месија, но наместо тоа праведен Јаков
го исповедал Христа за Син Божји. Многу народ тогаш поверувал во Христа, а
праведен Јаков бил фрлен од покривот на храмот и бил каменуван.

Времето на пишување на ова послание не може да се оцени точно, но постојат мислења


дека било пред или после Апостолскиот собор. Првото мислење е дека е напишано во
62 години, затоа што знаеме дека апостол Јаков маченички пострадал зимата 62
година. Тоа е напишано непосредно пред самата смрт на Јаков и ова Послание
претставува претсмртна поука на Апостол Јаков.

За кого е наменето Посланието се гледа во првиот стих од самото послание: (Јак.1.1).

Од овој стих се гледа дека е наменето за дванаесетте племиња кои живеат надвор од
Палестина меѓу незнабожците кои пак одржуваат врска со матичната Ерусалимска
црква.

Поводот за пишувањето на посланието била лошата и нестабилна верска состојба на


Евреите христијани, надвор од Јудеја. Јаков се загрижил за јудеохристијаните кои ја
примиле христијанската вера, но немале доволно добродетели. На нив им
недостасувало љубов и милосрдие. Насочени кон земните богаства тие ја изгубиле

19
Вовед
братската љубов меѓу нив, започнале раздори и имале погрешни сфаќања за верата, за
молитвата и за добрите дела.

Целта на Посланието е да го прикаже вистинското христијанско учење за верата и


добрите дела, да ги посочи недостатоците и грешките на јудеохристијаните, да им го
покаже вистинскиот пат до моралното совршенство и да ги утеши оние кои страдаат и
се во неволја. Затоа ова Послание, со својот поучен карактер за верата и моралноста,
можело да ги привлече кон христијанство и оние кој не биле христијани - неговите
сонародници од јудејството.

4.2 Прво и Второ Соборно послание на апостол Петар

Апостолот Петар – Симеон, бил по потекло од галилејскиот град Витсаида. Името


Петар или на еврејски Кифа му било дадено од Господ Исус Христос кое означува
камен. Името му е дадено заради неговата вера која била цврста како камен. Апостолот
Петар бил единствен меѓу апостолите кои бил женет, бил најстар меѓу нив, пргав,
избувлив и брз. По Воскресението останува во Ерусалим, проповедал меѓу Евреите и
бил апостол на Јудејците и поповедал во цела Јудеја. За време на царот Нерон, светиот
апостол Петар бил во Рим, каде што маченички пострадал. Бил распнат на крст, со
главата надолу, затоа што се сметал за недостоен да страда како својот учител Господ
Исус Христос.

Писател на двете посланија е апостолот Петар, тоа се гледа по содржината, стилот,


учењето и богословието во текстот. Кај него нема длабоко догматско богословие како
кај свети Јован или кај апостол Павле. Петар пред сѐ, дава морални поуки и опишува
старозаветни или новозаветни настани.

Временски првото послание било пишувано помеѓу 62 - 64 год. кога апостол Павле бил
во затвор во Рим, бидејки во посланието ги споменува Силуан и Марко (1. Петр.5,12-
13). Место за пишување се смета дека е Вавилон (1.Петр.5,13) т.е во преносна смисла
Рим. Целта и намерата на апостолот Петар била, читателите да се утврдат во верата, да
се упатат во правилата на христијанскиот живот. Посланието има 5 глави и има поучен
карактер. Тој објаснува и укажува дека верата во Христа и искупувањето преку
неговата крв биле предвестени од пророците, Господ Исус Христос слегол во адот и им
проповедал на мртвите за спасение, воскресение и судот Божји. Со ова послание,
апостолот сакал да им остави тестамент на христијаните, да се чуваат од лажни учења.

4.3 Трите соборни посланија на апостолот Јован Богослов

Свети Јован Богослов покрај Евангелието и Откроввението, напишал и Три


Соборни посланија. Јован останал во Ерусалим до смртта на Пресвета Богородица и
бил еден од столбовите на Ерусалимската црква, потоа заминува во Ефес каде ги
пишува Трите соборни посланија и Евангелието. Тој доживеал најдлабока старост,
преку 100 години и цело време ги повторувал зборовите: „Деца, сакајте се еден со
друг“. Свети Јован пред неговата смрт повикал седум свои ученици кои ископале гроб
во форма на крст, каде слегол жив во гроб, легнал и починал.

Во Првото Послание не се споменува до кого е упатено за разлика од Второто и


Третото послание, но се претпоставува дека е упатено до истите читатели на кои им го
упатил и самото Евангелие: до самите епископи и епископи од Мала Азија. Посланието
е напишано како пропратно писмо на Евагелието. Поводот биле лажните учители кои
се појавиле кај оние до кои е упатено ова писмо. Времески Посланието е напишано во
исто време како и Евангелието 90 – 100 година.

Второто Послание го упатува до „госпоѓата и нејзините деца“, под ова име црковната
традиција разбира една од избраните христијански цркви во Мала Азија. Повод на
пишување било појавувањето на лажното учење дека Христос не дошол во тело и затоа
апостолот го напишал оваа послание со намера да ги предупреди Христијаните да се
запазат од Антихристот и да одат по патот на Вистината. Ова Послание е напишано по
Првото послание околу 100 година во Ефес, каде живеел апостол Јован и управувал со
МалоАзиските цркви.

Третото послание според Преданието на Црквата се вели дека е гостопримливо


Послание. Каде во него го истакнува Гај за неговото гостопримливост. Гај бил
старешина на некоја од Црквите во Мала Азија и доследно ги следел и почитувал
наредбите и учењето на апостолот Јован. Поводот и целта на пишување на ова
Послание било да се заблагодари и да го потикне и понатаму таков да остане, за да
добие награда од Господа Исуса Христа. И ова послание е напишано во исто време
кога и самото Евангелие 90 – 100 година, а местото на неговото пишање е Ефес.

Сите три посланија нема сомнеж дека се напишани од светиот Апостол и Евангелист
Јован Богослов. Тоа се гледа според јазикот, речникот, стилот и идејата, како и во
содржината каде самиот себеси се нарекува „старецот“ што означува старешина. Во
Православната Црква под ова име се подразбира само Апостолот и Евангелиста Јован
Богослов, којшто живеел во Ефес и под тоа име бил познат во Мала Азија.

4.4 Соборно послание на светито апостол Јуда

Во Новиот завет се споменуваат повеќе личности со името Јуда, но според првиот


стих од ова послание (Јуда1.1) можеме да заклучиме дека Јуда не бил од редот на 12
апостоли бидејки не се споменува и не го нагласува тоа во своето послание.

Писателот на ова послание е Јуда, брат Господов, исто како Јаков братот Господов.
Двајцата биле синови на Јосиф од неговиот прв брак пред да ја земе Пресвета
Богородица на згрижување кај себе. И Јуда, како и Јаков и другите браќа Господови, од
почеток не верувале во Исус Христос (Јован7,5 и Дела 1.13-14). Апостолот Јуда брат на
Јаков бил вториот епископ на Ерусалим, по смртта на брата си Јаков. Наследник на
Јуда бил и другиот брат Симеон, брат Господов. Тој од скромност не го споменува овој
факт и не го нагласува своето сродство со Господа Исуса Христа, туку кажува брат
Јаков (Јуда1,1).

Иако не кажува до кого е наменето посланието светите отци и црковните учители велат
дека е упатено до јудеохристијаните кои живееле во Палестина и низ цела Мала Азија.
Поводот за пишување на оваа Послание е пастирската грижа и ревност за спасение на
Христијаните и заштита од лажни учители. Целта на апостолот Јуда била да ги задржи
христијаните во спасение и во вистинска вера (Јуда 1,3)

Има две мислења кога е напишано ова послание, првото е дека е напишано во времето
на Второ соборно послание на апостолот Петар, односно во периодот од 66 -70 година,
кој бил распнат 67 година, и разрушувањето на Ерусалим во 70 година. Додека второто
мислење е дека е пишувано во периодот од 70 – 80 година. Ова мислење се темели врз
основа на поврзаноста со Второто соборно послание на апостол Петар и било
напишано неколку години од смрта на апостолот Петар. Апостолот Јуда мачинички го
завршил својот живот во времето на римскиот цар Домицијан (81 - 96 год).

Местото на пишување на Посланието не се споменува, но се прифаќа меслењето дека е


напишано во Ерусалим каде бил и епископ на Ерусалимската црква. Ова послание има
само една глава т.е 25 стиха кои преставувааат една единствена целина како слово и
поука против лажните учења. Тоа е исполнето со живост, ревност, грижа и
енергичност. Целото послание претставува како една проповед.

5. Послание на Светиот апостол Павле до Галатјаните

Црквата во Галатија ја основал апостол Павле. Тој таму се задржал подолго време,
заради болест (Дела 13 и 14 глава). Галатија првпат ја посетил при Второто
минионерско патување (Дела 16, 6), а вторпат на Третото мисионерско патување (Дела
18, 23; Гал. 4, 13). Галатјаните го примиле добро и неговата проповед имала голем
успех. Тој прво проповедал во места каде што имало Евреи, држејќи се на својот повик
Евангелието да го проповеда прво на Евреи, а потоа на мнгубожци (Рим.1, 16).

Проповедта на апостол Павле во Галатија била успешна, но Галатјаните повеќе се


интересирале за ересите и спиритуалистите. Во Посланието апостолот докажува дека
за спасение не е потребно исполнувањето на обредниот Мојсеев закон, па дури е и
штетно. Апостолот Павле, Посланието до Галатјаните, не го започнува со
вообичаениот поздрав до примателите, туку покажува дека го упатува до црквите во
Галатија (Гал. 1, 2)

Повод за пишување биле неоправданите напади и сомнежи кон апостолот. Целта е да


го одбрани својот авторитет и да ја врати довербата на Галатската црква: да го заштити
апостолскиот авторитет; да ги утврди Галатјаните и да каже дека за многубошците, кои
што примиле христијанство, не треба обрезание и обреди според Мојсеевиот закон.

Постојат разлики во мислењата кога е пишувано Посланието. Едни мислат дека тоа е
првото Послание што го напишал апостолот Павле, а други дека тоа е неговото
последно. Трети пак, велат дека е напишано пред Апостолскиот собир и пред
Павловата посета на Ерусалим, затоа што во Посланието не се споменуваат одлуките
на Апостолскиот собор. На крај се заклучува дека повеќе научници мислат дека
Посланието е напишано за време на тригодишното престојување на апостол Павле во
Ефес, главниот град на Мала Азија, во 55 или 56 година.

Посланието има шест глави и може да се подели на пет дела и тоа: Вовед, Апологетски
дел, Догматски дел, Паренетски дел и Епилог.

Посланието до Галатјаните е многу слично со содржината на Посланието до Римјаните


и Првото и Второто послание до Коринтијаните. Освен во учењето и во аргументите,
тие се слични и во изборот на зборови. Апостол Павле ова Послание го насочил и кон
тие што ја чувале здравата вера и кон оние што биле во старозаветната заблуда.

За автентичноста на Посланието до Галатјаните ни сведочат: свети Јован Златоуст,


Теодорит, Иларион Амвросијски, Свети Јован Дамаскин, Екумениј, блажени
Теофилакт Охридски и други. Дека Посланието до Галатјаните е дело на апостолот
Павле докажуваат и историските сведоштва на христијанската традиција, а и
многубројните внатрешни докази.

Целото Послание е жив доказ дека е Павлово.

5.1 Послание на Свети апостол Павле до Ефесјаните

Во Римското Царство Ефес бил главен град и центар на сите области од римската
провинција на Мала Азија. Во време на апостол Павле, Ефес, заедно со Антиохија во
Сирија и Александрија во Египет, претставувале три најголеми центри во Источното
Средоземје. Тој бил раскошен град, град на богати трговци, занаетчии, чиновници,
филозофи и банкари, но за жал, тој бил и град на расипноста и развртот.

За почеток на цркавата во Ефес се смета дејноста на Аполос, околку 52 година. Свети


апостол Павле, при крајот на Второто мисионерско патување, дошол во Ефес (Дела 18,
19 – 21) Ефеската црква била формирана и уредена за време на Третото мисионерско
патување, кога апостолот Павле престојувал во овој град две години и три месеци
(Дела 19, 1 – 20). Апостол Павле си заминал од Ефес поради буната во 57 година, кога
се прославувале деновите на плодноста на Дијана Ефеска. Само малкумина од луѓето
ги празнувале овие празници, а уште помалку купувале сувенири на божицата, па затоа
златарот Димитриј, со неговите приврзаници, кренале голем бунт. Апостолот сакал
јавно да се брани но пријателите не му дозволиле. Апостолот Тимотеј, цело време бил
во Ефес со апостолот Павле, додека нѐ заминале со Тит и Ераст да помогнат на
Црквата во Коринт. Свети Павле го поставил Тимотеја за епископ на Ефеската Црква,
во 64 година, пред вторите окови во Рим.

Посланието до Ефејците се нарекува Послание за Црквата. Во него е најмногу


застапена теолошката мисла на апостол Павле, како и во посланието до Римјаните.
Основен повод е тоа што апостол Павле сакал да го појасни христијанството, да ги
утврди верниците и да ја заштити Црквата во Ефес од неединството и од лажните
учења јудејски и раногностички. Целта и задачата на Посланието до Ефесијаните е да
ни го покаже големот значење на Црквата Христова за сегашниот и за идниот живот.
(Ефес. 3, 10, 21)

Посланието до Ефесијаните, апостол Павле го пишувал кога се наоѓал на издржување


на затворска казна во Рим, во 62 и 63 година. Посланието има шест глави, а може да се
подели на четири дела и тоа вовед, догматски дел, морален дел и заклучок.

Меѓу сите Павлови посланија, ова има најмногу оспорувања, но затоа и неговата
автентичност е најсилно одбранета. Најдобар доказ за веродостојноста на Посланието
ни дава црковното предание. Тоа тврди дека апостолот Павле е автор на Посланието до
Ефесјаните. Во 18 век е раширено мислењето дека Посланието е дело на некој Павлов
ученик, кој сакал да ја развие мислата на учителот кон изразита еклисиолошка насока.
Исто така, сличноста на ова Послание со она на Колосјаните не говори против неговата
автентичност, туку дека црквите се соочувале со слични проблеми. Тоа пак, што не е
упатено до одредени лица се среќава и во посланието до Галатјаните. Во ова Послание
се изразува учењето за лицата на Света Троица, затоа што во тоа време имало потреба
тоа да се објасни.

5.2 Послание на Светиот апостол Павле до Филипјаните

Филипјаните биле жители на македонскиот град Филипи, којшто бил така наречен
според името на царот Филип, татко му на Александар Македонски. Тој го основал
градот и му го дал своето име и го направил нова престолнина на тој дел од
Македонија. За време на Римското Царство градот Филипи, бил римска колонија. Така
е запишано во Библијата: „А оттаму во Филипи, кој во тој дел од Македонија е прв
град, римска колонија. “ (Дела 16, 12)

Апостол Павле во Македонија дошол според Божја промисла. Со неговото доаѓање во


Македонија тој тогаш за првпат ја посетил Европа. Македонија е прва европска земја
која била удостоена да го прими апостолот Павле и од него да чуе за Христа
Спасителот. Црквата во Филипи ја основал апостолот Павле на своето Второ
мисионерско патување. Со доаѓањето на апостолите Павле, Сила, Тимотеј и Лука во
Македонија, кога стигнале во Филипи, историски започнува апостолското пренесување
на христијанството во Европа.

Ова Послание има единствени обележја. Не лични на ниту едно од Павловите


посланија, кои ги карактеризираат воздржани доктринарни излагања или полемички
дискусии. Ова Послание, претставува едно негово искрено и емотивно обраќање, како
на родител кон своите деца. Тој во Посланието води еден разговор со нив,
заблагодарувајќи им се и опоменувајќи ги како татко.

Посланието до Филипјаните е напишано на крајот од првото затворање во Рим,


односно во март – април 63 година. Поради личниот карактер на Посланието неговата
содржина не може строго да се подели како во другите посланија. Многуте лични
чувства не дозволиле планско пишување. Тоа нема формален план, но сепак, можеме
да различкуваме вовед, два дела и епилог.

Во воведот, Павле и Тимотеј го упатуваат ова Послание до сите светии во Филипи и


испраќаат Божја благодат, радувајќи се, бидејќи тие се заедничари во Евангелието од
првиот ден, до денот на пишувањето. (Филип. 1, 1 – 5). Во историскиот дел, апостолот
во неколку зборови ја дава христпологијата, целокупното учење за Господа Исуса
Христа, а во моралниот дел апостолот им препорачува на Филипјаните да се чуваат од
лажните учители.

Во епилогот, апостолот Павле се заблогадорува на помошта што му ја пратиле


филипјаните во време на неговото прво ропство во Рим.

Посланието до Филипјаните е одраз на благодарниот карактер на апостолот Павле,


неговата широка љубов и потполна предаденост на Господа. Тоа е дело на човек кој
што го нашол она за што треба да се живее, затоа што го открил она за што треба да се
умре. Во ова Послание зборот радост е употребуван почесто отколку во сите останати
посланија. Тоа можеби е чудно кога ќе помислиме дека е пишувано во затвор.
Апостолот во страдањата ја научил тајната на вистинската радост. Само Господ Исус
Христос дава вистинска радост и восхит. Таква христијанска моќ и издржливост.

5.3 Послание на Светиот апостол Павле до Колосјаните

Градот Колоси се наоѓа во Мала Азија, тој бил еден од поважните градови во
областа Фригија. Градот Колоси како голем центар бил предизвик за многумина
посетители, па и за апостолот Павле којшто сакал да проповеда и да оформи Црква во
него. Колосјаните биле добро утврдени во верата Христова и од тоа се заклучува дека
почетокот на Христовата црква во Колоси е свети апостол Павле.

Од содржината на Посланието јасно се гледа дека негов пишувач е свети апостол


Павле, на повеќе места тој самиот се претставува и кажува за себе и тоа, како што му
било вообичаено, во почетокот и на крајот од Посланието.

Посланието е напишано со конкретен повод. Имено, христијаните во Колоси биле


обеспокоени, вознемирени и во опасност од некои лажни учители кои се појавиле и го
загрозувале чистото христијанско учење и вера. За ова на апостолот му кажал Епафрас
и некои други негови соработници и тој побрзал да го напише и да ги заштити
Колосјаните и другите малоазиски цркви од тие лажни учења. Целта на апостол Павле
му била да се задржи здравата духовна заедница на Црквата во Колоси и тој да
продолжи да се радува, како што дотогаш се радувал со нив.

Свети апостол Павле, Посланието до Колосјаните, го пишувал додека бил во


затвореништво во Рим. Во тоа време се вели дека бил во првото негово затвореништво
во Рим (61 – 63 година). Посланието апостолот го испратил по Тихик и Онисим, тоа
значи дела ова Павлово писмо било во сигурни раце, а тоа претставува силна гаранција
дека е зачувана неговата автентичност, точност и целост.

Посланието до Колосјаните содржи четири глави, а неговата главна тема е одбрана од


лажните учења. Освен евангелски и богословско догматски учења, апостол Павле во
Посланието дава и практични упатства и совети за достоинството на христијанскиот
живот. Им говори за привлечноста од светот и овоземниот живот, за лажните страсти,
но и за совршената љубов која треба да биде основа во личниот и општествениот
живот на христијанинот.

Посланието до Колосјаните им било познато на црковните учители и на светите отци


уште од ранохристијанското време. За него спомнуваат Варнава, свети Игнатиј
Богоносец и свети Јустин МАченик и Филозоф. Сепак новата протестантска библиска
наука изразила сомневање и кон ова Послание, затоа што од него никој од отците на
Црквата не цитира буквален цитат, а и затоа што стилот и учењето за Господа Исуса
Христа биле сомнителни и во голема сличност со Посланието до Ефесјанците.

И покрај овие забелешки, библиската наука ја посведочува автентичноста и целоста на


Посланието до Колосјаните. Спомнувањата од црковните отци се доволни и конкретни,
стилот е многу Павлов, а христологијата јасно претпознатлива како негова.

5.4 Прво Послание на Светиот апостол Павле до Солунјаните

Вториот град од Македонија, што е тесно поврзан со мисијата на свети апостол


Павле и неговите посланија, е Солун. Градот Солун поради неговата географска
положба отсекогаш бил главен трговски центар на целиот регион и најзначајно
пристаниште кое ги спојува Исток и Запад. Старите жители биле Македонци и Грци, а
подоцна се населиле и Евреи и Римјани. Градот засекогаш ќе биде запаметен по делата
на светите браќа Кирил и Методиј, кои се родени токму во Солун, кои живееле,
твореле и успокоиле во 9 век.

Апостол Павле бил повикан од човек Македонец кој го замолил и му рекол: „Премини
во Макеоднија и помогни ни! “ (Дела. 16, 9). Откако ја основал Црквата во Филипи и го
оставил Лука да проповеда и да раководи со неа, апостол Павле, заедно со Сила и
Тимотеј, отишле за Солун бидејќи го знаеле неговото значење за ширењето на
христијанството, не само во Макеоднија и Ахаја, туку и подалеку на Балканот.

Црквата во Солун ја основал свети апостол Павле. Тој прво им проповедал на Евреите,
во синагогата, единственото место каде што можел спокојно да му говори на народот
за верата. Три саботи тој поминал со Јудејците во синагогата, дење и ноќе, поучувајќи
ги во евангелските вистини и ги молел, како свои чеда, да го примат словото Божјо.
Но, како и секаде, така и во Солун, Евреите биле љубоморни на успехот на Павле и
Сила и дигнале бунт против апостолот Павле. Туку апостолот Павле, иако не се
задржал многу, формирал Црква од добри верници и богати Јудејци и незнабошци,
како и повеќе жени.

Апостол Павле сакал повторно да се врати во Солун, но во тоа го попречиле Евреите.


Во Атина, апостол Павле, наишол на силна рамнодушност, затоа, набргу ја напуштил и
отишол за Коринт. Но, иако бил во Коринт, со душата бил во Солун, тој постојано
чувствувал страв и немир за верниците во Солун, кои ненадејно ги напуштил. Затоа од
Атина, ги вратил назад, во Солун, Тимотеја и Сила. Вестите биле утешителни и
христијаните во Солун и покрај тешкотиите, останале во срдечната и длабока
поврзаност со апостолот Павле, но го вознемириле нивните сфаќања за повторното
враќање на Христа во нивно време. Тие мислеле дека Он ќе дојде за да создаде земно
царство, дека во него ќе владеат живите и дека тие што умрле ќе бидат лишени од
царството Христово.

Апостол Павле сакал веднаш да тргне на пат, но бидејќи тоа било невозможно, се
решил, поттикнат од Светиот Дух, да присуствува духовно во Солун, со пишувањето и
испраќањето на Првото Послание до Солунјаните.

Целта за пишувањето на Посланието била тројна: радост за тоа како добро се држеле и
укрепувале во верата, не потпаѓајќи под дејствието на непријателот; Да останат така
цврсти во верата за достојно да го наследат царството Божјо; поученија за Второто
Христово доаѓање

Според содржината, Посланието може да се подели на два дела: историско-


апологетски дел (1-3 глава) и дидактисчки дел, (4-5 глава).
Во историско-апологетски дел, Апостол Павле им напоменува на солунјаните дека
неговиот престој при нив не бил залуден, иако пред тоа страдале во Филипи. Он не
дошол да им го даде само Евангелието, туку и својата душа.

Во дидактисчки дел, Апостол Павле ги опоменува да живеат морално, да се чуваат од


блудот, затоа што тоа е волјата Божја и да не живеат во насладување на телото, како
незнабожците кои не го познаваат Бога. Кратко, но многу јасно, апостол Павле говори
за Второто Христово доаѓање и вели дека ќе дојде да ги воскресне мртвите „Со заповед
при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото и најнапред ќе воскреснат
мртвите“(1. Сол. 4, 16)

Во 51 година од христијанската ера, со Првото послание до Солунјаните, свети апостол


Павле започнал со пишување на неговите посланија, односно на неговите библиски
текстови од Светото писмо на Новиот Завет. Тоа, за првпат го направил кон
Македонците, со слава на солунјаните и на цела Македонија. Божјата промисла била
таква, прво кај нас, во Македонија, апостолот Павле да проповеда и со збор и со писмо.

5.5 Второ Послание на Светиот апостол Павле до солунајните

По Првото Послание до Солунјаните, свети апостол Павле наскоро од Коринт


напишал и испратил и Второ Послание до Солунјаните (51 – 52 година), пократко но,
поважно. Во него им пишува: А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус
Христос и нашето собирање при Него, ве молам, браќа, да не се поколебате лесно во
мислите свои и да доаѓате во ужас било преку духот, било преку словото, или преку
послание, како да е од нас испратено, како божем настапува веќе Христовиот ден.“ (2.
Сол. 2, 1–2) Потоа, апостолот ги набројува и знаците за доаѓање на Господа Исуса
Христа, а повикува на истрајност. Тој опоменува и вели дека е потребна молитва, но
треба и работа. Затоа ги напишал и најпознатите зборови: „Кој не сака да работи нека и
не јаде. “ (2. Сол. 3, 10)

Во Второто Послание до Солунјаните апостол Павле вели дека во моментот на


неговото пишување со него биле Сила и Тимотеј, а знаеме дека тоа присуство на
тројцата се остварило во градот Коринт. За да се заштити од опасноста на лажни
писма, за кои ќе велат дека се негови, тој уште со ова негово второ Послание решил да
ги потпишува сите свои записи со автограф. Така, Второто Послание до Солунјаните
го завршува со зборовите: „Своерачен поздрав од мене, Павла; тоа е белег во секое
Послание; јас пишувам така: благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со
сите вас. Амин“(2. Сол. 3, 17 – 18)

5.6 Прво Послание на свети апостол Павле до Тимотеј


Двете Посланија на свети апостол Павле до Тимотеј и Посланието до Тит се
именуваат како пастирски Посланија. Тоа е така затоа што во нив, свети апостол
Павле, дава упатства и ги советува младите црковни пастири за нивните пастирски
должности кон духовното стадо кое треба да го напасат. Овие поученија на свети
апостол Павле не се однесуваат само на Тимотеј и Тит, туку на сите црковни пастири
за сите времиња. Пастирските посланија претставуваат посебна, сродна група, која се
разликува од другите Павлови посланија.

Светиот апостол Тимотеј е Павлов „брат“ (1. Сол. 3, 2), „сотрудник“(Рим. 16, 21) и
негово „возљубено и верно чедо во Господа“(1. Кор. 4, 17; 2. Тим. 1, 2). Со свети
апостол Павле ги поминал најтешките години, кога се основале црквите во Филипи,
Солун, Атина и Коринт. Со апостол Павле бил и на Третото мисионерско патување во
Ефес од каде посетил повеќе цркви, а со него бил и во затворот во Рим во 61 – 63
година. Свети апостол Павле го назначил Тимотеј за старешина и раководител на
црквата во Ефес и на крајот од животот го повикал во Рим во 67 година. Поради
неговото добро познавање на грчкиот јазик и на Светото писмо, тој бил прекрасен
помошник и секретар на апостол Павле, но попотребен бил како епископ и затоа по
патувањата со апостол Павле, соборот на црковните старешини од Листра и Иконија,
заедно со апостолите Павле и Сила, го избрале и положиле рака на главата на младиот
Тимотеј.

Апостол Павле, пишува во Посланието како Тимотеј треба да постапува додека тој се
врати во црквата во Ефес: „Ако некако се позабавам, да знаеш како треба да
постапуваш во Божјиот дом, кој Црква на живиот Бог, столб и тврдина на
вистината“(1. Тим. 3, 15).

Првото послание до Тимотеј, апостол Павле го напишал во Македонија – во Филипи во


65 година. Содржината не покажува строго логичен распоред на материјалот, ниту
посебна поврзаност на деловите. Неговата содржина се состои од упатства за борба
против туѓите учења, за црковните прашања и црковната организација.

Првата глава содржи опомени да се остане при чистотата на евангелското учење онака
како му е тоа поверено на Павла. Во втората глава апостол Павле зборува за тоа што му
прилега на човек, а што на жена. Жените да доаѓаат на молитва облечени пристојно и
да не се украсуваат со накит, туку со добри дела, да се покоруваат на мажите, зашто
прво е создаден Адам, па Ева, која погрешила и го навела Адама на грев. (9 – 15)

Третата глава кажува какви треба да се свештенослужителите и слугите на Црквата.


Дава упатства кој може да биде епископ: непоречен, маж на една жена, чесен,
целомудрен, гостољубив, кој умее да управува со својата куќа и децата: „зашто кој не
умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја? “ (5)

Четвртата глава кажува дека треба да се чуваме од лажни и лицемерни учители; треба
да се поучуваме во побожност.
Тој му препорачува на Тимотеј дека неговата младост не треба да му пречи туку да се
истакнува со своето поведение, та Црквата во него да види добар служител на Христа.
Во петтата глава се говори за почитувањето на постарите, вдовиците и свештениците, а
во шестата глава ги кажува должностите на слугите.

На крајот од Посланието свети апостол Павле му порачува на Тимотеја да го пази


Светото предание: „О, Тимотеје, пази го она што ти е предадено и клони се од нечисти
и празни разговори и од расправии на лажната наука“(20)

Сомневање во автентичноста на пастирските посланија прв изразил Ј.Е.К. Шмит (1804


г.). Приговорите против автентичноста на пастирските посланија главно се однесуваат
на црковната организација, историските околности, теологијата и лажните учења, како
и јазикот и стилот на посланијата.

Забелешките на протестантските богослови се систематизираат во овие пет приговори


и тоа: јазикот и стилот на овие посланија не се исти со јазикот на претходните Павлови
посланија и се разликува од вообичаениот начин на изразување; посланијата
полемизираат со гностици од 2 век, Еретиците против кои се пишува во овие посланија
се најверојатно маркионити; има учења што не одговараат на учењата во претходните
Павлови посланија. Учењето на апостол Павле е, наводно, врзано само за Христос и за
Евангелието, додека пак, пастирските посланија се занимаваат со Црквата и животот
по Евангелието; се изнесува таква организација на Црквата каква што не можела да
биде во времето на апостол Павле; за пастирските посланија не може да се утврди
времето кога се напишани, врз основа на она што го знаеме за животот и делото на
апостол Павле; ситуацијата во посланијата не може да се доведе во согласност со
животот и дејноста на апостолот.

Овие приговори се отфрлаат за неточни поради следново: точно е дека јазикот се


разликува од поранешниот јазик и стил на апостолот. Треба да се напомене дека во
посланијата постои разлика меѓу оние кои се пишувани во окови и оние пред тоа, на
тоа влијаела психолошката состојба и книжевното искуство кое го стекнал со текот на
времето; лажните учители не се гностици од 2 век, еретиците против кои се бори
апостолот Павле во пастирските посланија се лажни учители кои ги мешале јудејските
приказни со елементи земени од источните религии; неговото учење во пастирските
посланија не се разликува од учењето на останатите посланија; се критикува
споменувањето на трите ерархиски степени, но тие се споменуваат во Посланието до
Филипјаните, а под епископии треба да се разберат и презвитерите, затоа што во
најстарата Црква поимот епископ им се давал и на презвитерите, бидејќи онаму каде
што немало епископии, презвитерите биле набљудувачи, старешини на својата паства.

Автентичноста е загарантирана од најстарите црковни писатели, како што се свети


Климент Римски, свети Поликарп Смирнски, свети Теофил Антиохиски, а како дело на
свети апостол Павле посебно го споменуваат свети Иринеј Лионски, Климент
Александриски, Ориген, Мураториевиот фрагмент и др.
5.7 Второ Послание на свети апостол Павле до Тимотеја

Колку многу го ценел свети апостол Павле Тимотеја се гледа од тоа што тој го
споменува како помагач во шест свои посланија и тоа Прво и Второ до Солунјаните,
Второ до Коринтјаните, Филипјаните, Колосјаните и посланието до Филимон. Од
посланијата дознаваме дека и Тимотеј бил со свети апостол Павле во римското
ропство. Последен пат тој се споменува во Второто послание до Тимотеј, каде што
свети апостол Павле го повикува кај себе во Рим.

Во Првото послание апостол Павле рекол: „А ова ти го пишувам, со надеж дека скоро
ќе дојдам при тебе“ (1.Тим. 3,14). Но, тоа не се исполнило, тој бил задржан од царот
Нерон, во затвор во Рим. Многу било очигледно дека на Тимотеј му недостасува
личното присуство на апостолот Павле, но заради своето отсуство тој му го пишува и
Второто послание. Во него го потсетува Тимотеј и сите други епископи во Црквата
Христова, од тогаш па до денес, дека епископот треба правилно да ја исполнува
неговата задача, да се моли на Бога за сите луѓе и правилно да ја исполнуваат својата
епископска должност, бидејќи и најголемите мажи можат да згрешат во управувањето
со коработ на Црквата, опколени со секакви искушенија.

Во Второто послание на светиот апостол Павле до Тимотеја се зборува за времето во


кое апостолот бил во окови. Од содржините се гледа дека му е многу тешко и дека
овој пат не очекува ослободување, туку смрт. Тој вели: „Страдам дури до окови, како
злочинец“ и не се надевал на ослободување. (2.Тим. 2, 9)

Апостол Павле предвидува дека наскоро ќе го заврши својот живот и затоа мислата му
била Тимотеј да го научи и охрабри, кажувајќи му како правилно да ја раководи
Црквата и да се бори против еретиците, кривоверците и лажните учители. Второто
послание до Тимотеј е богато со личен карактер. „Ти се угледа на моето учење,
животот, целта, верата на мојата големодушност, љубовта, трпеливоста на моите
гонења и страдања, што ми се случија во Антиохија и во Иконија и во Листра, какви
прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави“ (2. Тим. 3, 10–11)

Посланието има четири глави и тематски е поделено на два дела. Првиот дел како
главна тема ја има мислата дека и Тимотеј треба да ги претрпи страданијата како што
ги претрпел спасителот Христос и сега ги трпи апостол Павле (2. Тим. 1, 3 – 2, 12). Во
овој дел ни го претставува Тимотеј како учител на христијаните.

Во вториот дел го советува Тимотеја како да се однесува со многуте лажни учители


кои му биле современици. Секогаш да го зборува само вистинското слово, да избегнува
празни расправии и препирки, а трпеливо и со кротост да поучува (2. Тим. 2,14 – 26).
На крајот апостолот го повикува Тимотеја да ги спомне за Второто Христово доаѓање и
за Господ Исус Христос како единствен судија на светот и уште еднаш му споменува
достојно да ја извршува службата за која бил назначен, бидејќи се наближува смртта на
апостолот ( 2. Тим. 4,9 – 22). Посланието го завршува со повик кон Тимотеја, што е
можно побрзо да дојде кај него, дали Тимотеј дошол и што се случува со него
понатаму не се споменува во Светото писмо.
5.8 Послание на светиот апостол Павле до Тит

Првото и Второто послание до Тимотеја и Посланието до Тит се нарекуваат


пастирски посланија, затоа што во нив се говори за управувањето со Црквата, за
црковната ерархија и за правилното извршување на службата Божја. Православаната
црква секогаш сметала дека овие посланија се дело на апостол Павле, кој што во нив
дал посебни упаства за управување со паствата.

Тит потекнувал од многубожечко семејство. Според една традиција тој бил од позната
семејна лоза и за Христос слушнал уште во својот роден крај, Крит. Сепак се знае дека
него во Христијанството го преобратил свети апостол Павле, кој го нарекувал „чедо“:
„До Тит, вистинското чедо“(Тит. 1,4). За личноста на апостол Тит нема многу
историски податоци, сѐ што наоѓаме за него се податоците запишани во посланијата на
апостол Павле. Со неговото име првпат го среќаваме во Посланието до Галатјаните и
оттаму дознаваме дека Тит е Елин, незнабожец.

Во Крит, многу се слушало за Господа Исуса Христа – Спасителот. Чичкото на Тит и


критските старешини одлучиле Тита да го испратат таму, како мудар човек, за да може
тој лично да види и да дознае за тоа. Кога пристигнал во Ерусалим, тој Го видел
Господа Исуса Христа, разговарал со Него и со светите апостоли и видел
несекојдневни знаци. Потоа тој бил сведок на страдањата Христови и Неговата крсна
смрт, но се удостоил и со Христовото воскресение, го дочекал слегувањето на Светиот
дух врз апостолите и бил во бројот на Критјаните кои слушале како апостолите,
боговдахновени им зборувале на насобраните луѓе, секому на свој јазик (Дела. 2,11)

Тит веќе бил верник христијанин, бидејќи искрено поверувал во Господа Исуса
Христа, но уште не бил крстен. Затоа тој отишол во Антиохија, му се обратил на
апостол Павле и бил крстен од него. Тој бил употребен како оружје и доказ дека
обрезувањето е непотребно во христијанството.

Светит Тит го следел Павла, најверојатно тој го придружувал на Второто негово


мисионерско патување кога биле покрстени Галатјаните. Во Второто послание до
Тимотеја, кое е пишувано во Рим, се споменува дека Тит бил испратен во Далмација,
по потреба на тамошните цркви. Со тоа завршуваат сведоштвата за свети Тит во
Светото писмо, за крајот на неговиот живот дознаваме од преданието, според кое тој
епископствувал на Крит и го просветил целиот остров со вера, а се претставил пред
Господ во длабока старост, на 94 години од своето раѓање.

Посланието до Тит, апостол Павле, го напишал кога бил на слобода, помеѓу првите и
вторите римски окови, се смета дека е напишано пред зимата во 65 година. Трите глави
на ова Послание содржат два дела со мал вовед и епилог. Во воведот, апостол Павле, го
поздравува Тита, своето чедо по вера. Првиот дел содржи постапувања за тоа кои
можат да бидат свештеници – епископи. Вториот дел има практични упатства, како да
се постапува со старците, стариците и младите. Во епилогот го повикува да дојде во
Никопол, а ги препорачува Зина и Аполос, носителите на ова Послание и ги
поздравува сите кои се доследни на верата.
5.9 Послание на свети апостол Павле до Филимон

Филимон потекнува од градот Колоси во Мала Азија. Тој бил богат и познат
колоски граѓанин, нему апостол Павле му се обраќа со зборовите: „До возљубениот
Филимон“(Фил. 1, 1). Тоа ни кажува дека бил негов сотрудник. Според запишаното во
ова Послание Филимон бил покрстен од свети апостол Павле додека престојувал во
Ефес или во Колоси, па затоа му вели: „Јас, Павле напишав со својата рака... дека ти и
самиот цел си ми должен“(Фил. 1,19). Тоа значи дека за неговото христијанство и за
воведувањето во Црквата и на патот за спасението му е должен на Свети апостол
Павле.

Филимон се истакнува со неговата цврста вера во Господа Исуса Христа, апостол


Павле му ја посветил Црквата во Колоси. Тој имал семејство и затоа апостол Павле во
поздравните зборови од Посланието му пишува: „До возљубениот Филимон, нашиот
сотрудник... и до твојата домашна црква“. Филимон бил пример на верата во своето
семејство и во општиот живот во Колоси. За зборовите „Апфија возљубената сестра“,
свети Јован Златоуст вели дека значат тоа дека таа била жена на Филимон, а Архип е
нивниот син.

Ова мало Послание, апостол Павле го напишал до Филимона, а поводот за тоа била
средбата на апостолот со Онисим. Тој бил еден од робовите што ги имал Филимон, но
побегнал од неговиот дом и имал среќа во Рим да се сретне со апостол Павле.
Апостолот бил во затвореништво, но и таму апостолувал, па го покрстил и Онисима.
Негова задача била да го однесе Посланието, а целта на апостол Павле била со
примерот на Онисим и Филимон, на најдобар начин, со збор и со дело, да го покаже
евангелиското учење на темата: ропство и слобода – робови и господари.

Посланието до Филимон е пишувано во време кога апостол Павле бил во


заробеништво во Рим, поточно за неговото прво заробеништво 61 – 63 година. Дека
станува збор за овој период сведочат два значајни податока. Прво, тој во Посланието
упатува поздрави и од „Марко, Аристарх, Димас, Лука – моите сотрудници“(Фил. 1,
23). Вториот податок е тоа што апостол Павле искажува надеж дека повторно ќе појде
во Колоси, а тоа сведочи дека тој повторно ќе биде на слобода.

Ова Послание е најмалото послание на апостол Павле, кое има само една глава со 25
стиха. Основна карактеристика е дека по содржина е молитвено – прозбено.
Содржината се дели на три дела: вовед кој ги опфаќа првите три стиха, главното
изложување на темата и на крај во заклучокот има поздрави, соопштенија и
благопожелби.

Посланието има пастирски и практичен карактер и е од големо значење. Тоа значи дека
апостол Павле освен што се грижел за спасение на душите, тој разработувал прашања и
за општествениот човечки живот, во случајов тоа е прашањето за ропството.
5.10 Послание на светиот апостол Павле до Евреите

Свети апостол Павле напишал 14 посланија, а како последно од нив во Светото


писмо на Новиот завет е поставено Посланието на Евреите. Тоа се разликува од
другите по тоа што никаде не се именува авторот. Иако не е експлицитно нагласено кој
го напишал, читајќи ги уште првите две – три глави би се согласиле дека тоа е дело на
свети апостол Павле.

Освен во содржината, за автор потврда наоѓаме и во сведоштвата на црковната


традиција. Првото сведоштво му се препишува на свети апостол Петар, второто
сведоштво ни го дава свети Климент, папа римски, во своето Прво послание до
Коринтјаните, напишано во 70 – 96 година, каде на повеќе места се користи со цитати,
фрази и зборови од ова Послание. Во делата на свети Игнатиј богоносец, свети
Поликарп Смирнски и свети Јустин Филозоф исто така има места каде со помала или
поголема јасност укажуваат на Посланието до Евреите.

Свети апостол Павле не напишал кон кого го упатува ова Послание што пак се
разјаснува од самата содржина и јасно е дека е испратена до Евреите. Голем број
научници сметаат дека е адресирано до ерусалимските и палестинските христијани,
затоа што само таму имало чисти јудеохристијански општини. Најверојатна
претпоставка е дека Посланието до Евреите не е испратено до една цела помесна
црква, туку до еден круг јудеохристијани во крилото на некоја поголема помесна црква
и тоа можеби во Ефес, каде Апостолот го поставил Тимотеј за Епископ. (сп. Евр. 13,23)

Поводот за пишувањето било отпаѓањето и враќањето на некои Евреи од христијанство


во јудејство, плашејќи се од повторување на такви случаеви, свети апостол Павле им
пишува на Евреите. Втората причина е опасноста чистата христијанска вера да се
помеша со јудејските обичаи и закони. На ваква опасност особено биле изложени
Палестинските христијани од јудејството кои ги извршувале сите храмовни обреди и
јудејски закони.

Посланието до Евреите е напишано со цел да ја поттикне верата во Господ Исус


Христос кај верните и да ја поддржи нивната истрајност во таа вера. Апостолот сака да
ги сочува верните од враќањето во јудеизмот, па поради тоа и ја нагласува
возвишеноста на Христос над Мојсеј и возвишеноста на Новиот завет над
старозаветниот култ. (Евр. 11 и 12 глава).

Содржината се дели на два дела и епилог. Во првиот, догматски дел, Апостолот


зборува за возвишеноста на Новиот завет над Стариот, споредувајќи го Посредникот на
Новиот завет, Исус Христос, со посредникот на Стариот, Мојсеј. Во вториот ги
опоменува читателите на Посланието да се држат со чисто срце кон исповедање на
верата, никогаш да не отпаднат од Христос, имајќи го притоа, секогаш при очи
страшниот суд Божји. Во епилогот, свети апостол Павле соопштува лични вести,
поздрави и им го дава својот благослов.
6. Откровение на светиот апостол Јован

Светото писмо на Новиот Завет завршува со единствената новозаветна пророчка


книга која се вика „Откровение“. Изразот „откровение“ во словенските јазици или
„апокалипсис“ на грчки јазик, значи разоткривање на тајни, откритие, откривање на
нешто што било дотогаш покриено.

Таа е единствената пророчка книга во Новиот завет и ја напишал Христовиот апостол и


неговиот сакан ученик свети Јован Богослов. Свети апостол Јован оваа книга ја
напишал врз основа на „Откровението на Исуса Христа“, односно го запишал она што
го добил од Господа Исуса Христа и што Бог му го јавил преку Својот ангел (Откр.
1,1). Светата Црква, најстарите преданија и запишаните сведоштва велат дека под
името Јован, којшто се споменува во Откровението како писател, го признаваат
светиот апостол и евангелист Јован Богослов. Тој се споменува себеси во оваа книга
дури десетпати, од кои четирипати е запишан со името Јован, а шестпати како пророк
кој ги запишал пророштвата. Историски е потврдено дека апостолот Јован Богослов
бил во затвореништво на островот Патмос (Откр. 1,9).

Има некои мислења дека „Откровението“ го пишувал некој презвитер Јован. Овие
мислења се повикуваат на историчарот Евсевиј Кесариски, којшто споменува некои
текстови од делата на свети Папиј Ераполски, но запишаното не е од конкретни списи
и не содржи цитати. И покрај тоа што постојат различни мислења за тоа кој го напишал
Откровението, каде е напишано и кога, сепак, нема разномислие за автетичноста и
веродостојноста на оваа библиска книга.

Евагелието е пишувано со многу едноставен и љубезен израз и јазик, но во


„Откровението“ се зборува со јазикот на ужасот, гневот, судот и маките. Евангелието
ги содржи поуките, учењето и животот на Христа Спасителот, а „Откровението“ ги
запишува пророштвата и тајните на иднината и вечноста.

Целта на книгата е да ги предизвика верниците да размислуваат за новото небо и


новата земја и да не мислат само на овдешниот живот, туку и на вечноста. Борбата
меѓу доброто и злото не завршува во овој свет, туку во идниот, каде што крајната
победа е во Бога и во вечното царство Божјо, кое започнува на крајот на вековите и
трае вечно.

„Откровението“ имало задача да ги бодри најпрво црквите во Мала Азија, а потоа и да


ги укрепи и охраби пред опасностите што ги снашле од еретици. Во првиот стих од
Откровението е запишано дека тоа е упатено до слугите Божји, односно дека Му е
дадено на Исуса Христа „за да го покаже на слугите Свои“ (отк.1,1). Потоа се вели дека
Откровението е испратено најнапред до „седумте цркви, што се во Азија“ (Отк. 1,4).
Бројот седум ја претставува полнотоста на целата Црква Христова, во целиот свет и во
сите времиња.

Откровението на свети Јован Богослов има 22 глави. Главна личност и главен настан
во оваа книга е Господ Исус Христос и Неговото Второ доаѓање.
Во неа Христос е наречен Јагне, Агнец, Искупител, победник на сатаната, господар над
светот, крај на овосветската историја, умртвувач на смртта и на Антихристот,
Воскресител, Судија.

Содржината на оваа книга може да се подели на седум поделби: вовед, пет дела и
заклучок. Во воведот се кажува кој ја напишал, за кого е напишана, со која цел и задача
е пишувано (Отк.1,1-8).

Првиот дел ни го претставува Господ Исус Христа и неговата Црква (Отк. 1,8- 3,22).
Вториот дел говори за Христа и за човештвото (Откр. 4,1-11,14). Го содржи видението
на Бога Вседржителот кој седи на престолот, и Агнецот е на престолот и ја зема
книгата со седум печати (Откр.5 глава).

Третиот дел ја опишува борбата со сатанските антихристови сили (Откр.11-13 глава).


Четвртиот дел ги опфаќа настаните пред Сеопштото воскресение и Страшниот суд.
Падот на Антихристовите сили (Откр.14 – 19 глава).

Петтиот дел зборува за Господ Исус Христос и за Неговото царство (Откр. 20 – 22


глава). Христос го врзува и го заклучува сатаната во бездна за илјада години, како и
општото воскресение.

Крајот е со заклучок дека сѐ што е кажано е вистина и тоа е запишано како потврда за
Второто Христово доаѓање, а блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови
(Откр.22,6 – 21 ).20

Библијата завршува на истиот начин како и што почнува, нејзината прва книга зборува
за создавањето на светот, а нејзината последна книга пророкува за идниот свет. Ако
целиот Нов завет зборува за животот и дејноста на Господа Исуса Христа, тогаш
„Откровението“ пророчки ги открива, предверниците, тајните на црквата во идниот
свет и живот, како и тајните на човекот и светот во вечноста. „Откровението“ го
завршува светото писмо со последната библиска визија во новиот свет во новото небо
и новата земја. (Откр. 21,1 -22,5).

Заклучок
20
Вовед
Оваа Света книга можете да ја најдете на сите страни во светот. Неа ја има меѓу
сите народи и култури. Таа Книга за која се интересирале сите луѓе, од сите времиња и
на сите места.21

Силата на Библијата се покажала во човештвото, особено, кога влијаела врз оние, кои
биле и човекојадци, па постанале цивилизирани граѓани на овој свет. Таа ги преобраќа
варварите во културни, насилните во мирни и непослушните – во послушни на Божјиот
закон. Од дејството и зборовите на Светото Писмо човештвото станало заедница на
облагодарени луѓе кои го сакаат доброто, а не злото. Секој да биде ценет и вреднуван.
Да го добие своето место на човек и потребното достоинство.

Светото писмо го сменило светот, а особено Евангелието. Тоа бил долг процес и траел
со векови, но благодарение на Христа и на Евангелието, се сменила културата на
светот и човекот. Христијанскиот свет донел нова човечност, робовите станале
слободни, жените – рамноправни, бракот – светлост, семејството – црква добиле
народите – слобода, болните – лечилишта, тажните – утеха, прогонетите – заштита,
грешниците – покајание и простување, предупредување и повик за напуштање на злото
и одење кон доброто, а за непокајаните и непоправливите, за лошите и упорните во
злото – праведен суд и казна од Бога.

Светото писмо е богооткриена вистина, која му се нуди на човекот, но не го присилува


да ја прифати. А кога човекот ќе одлучи да му се доближи и да го запознае, тогаш уште
повеке не му се наметнува, не му ги нуди своите вистини насила и не го притиска
принудно да ги прифати. Обично, книгите, како и луѓето, кои ја докажуваат својата
вистина, се наметнуваат со сета сила на логиката и влијанието, за да го принудат
човекот да го прифати тоа што тие го кажуваат. Така прават, и луѓето и книгите,
бидејки имаат своја потреба другите да ја прифатат нивната вистина. Библијата, пак,
не ја наметннува својата вистина бидејки таа е вечна вистина и правда која не е од овој
свет. Таа не е како обичните книги и обичните автори, на кои им е важно колку се
прифатени, за да се пофалат и одмерат со другите. Затоа, Библијата се однесува
скромно, смирено и добро кон човекот. Ненаметливо. Всушност така ѝ личи на светата
Божја реч.

Библијата не е книга на едно време, на еден век или на еден народ, ниту на еден јазик
или една раса, туку е за сите и за секогаш. А сега во сегашно време, Светото писмо ни
е потребно дури и уште повеќе од порано. Ни е потребно повеќе од кога и да било. На
светот и сега му е потребен зборот Божји. И нам ни треба Евангелието. Нашето време е
уште пострашно од минатото. Нему најмногу може да му помогне Светото писмо. Во
него Божјиот збор ни е понуден, а ние треба само да го прифатиме и да го
исполнуваме. 22

21
Тајните за библијата
22
Тајните на Библијата

You might also like