Diplomska Rabota Na Tashe Strezovski Peter Zumthor - Thinking Architecture

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 52

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ” – СКОПЈЕ

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ” – СКОПЈЕ


ДОДИПЛОМСКИ АКАДЕМСКИ СТУДИИ

ДИПЛОМСКИ ТРУД

ПРЕВОД НА ДЕЛ ОД КНИГАТА „РАЗМИСЛИ ЗА АРХИТЕКТУРАТА“


(THINKING ARCHITECTURE) ОД ПЕТЕР ЦУМТОР СО АНАЛИЗА И
ГЛОСАР

Кандидат: ТАШЕ СТРЕЗОВСКИ

Скопје, 2012 година


Ментор: Проф. д-р Татјана Панова - Игњатовиќ
Филолошки факултет “Блаже Конески”
Скопје

Членови на комисијата: Проф. д-р Лидија Аризанковска


Филолошки факултет “Блаже Конески”
Скопје

Виш лектор м-р Марија Златковска


Филолошки факултет “Блаже Конески”
Скопје

КАТЕДРА: ПРЕВЕДУВАЊЕ И ТОЛКУВАЊЕ

2
БЛАГОДАРНОСТ

Најпрво, ѝ благодарам на мојата менторка, Проф. д-р Татјана Панова-Игњатовиќ,


за несебичната професионална поддршка и соработка при изработката на овој
дипломски труд.

Благодарност до Христина Дојчинова и Попоски Димитар за вредните совети и


огромната приватна и професионална поддршка во текот на целото студирање и
при изработката на трудот.

На архитектите Проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, Проф. д-р Минас Бакалчев, Игор
Котларовски и Никола Стрезовски им благодарам за пренесената љубов кон
архитектурата и за изборот на делото.

Особена благодарност до Елена Босилковска и Горан Кунгуловски за нивната


љубов и поддршка.

Најголема благодарност до моето семејство, Александар, Мирјана и Никола


Стрезовски за трпението и разбирањето.

3
СОДРЖИНА:

Вовед 5
За писателот и делото 6
Превод: Петер Цумтор – Размисли за архитектурата 7
Начин на гледање на работите 7
Тврдокорноста на убавината 19
Од страста за нештата до самите нешта 24
Анализа на преводот 31

Заклучок 40

Англиско-македонски поимник 41

Библиографија 52

Прилог: Оригинална публикација „Thinking Architecture“ (Размисли за


архитектурата) од Peter Zumthor (Петер Цумтор) 53

4
Вовед

Тематскиот избор на преводот во овој дипломски труд е архитектура и тоа


не е случајно – постојаната опкруженост со архитекти ме доведе до заклучок дека
литературата за архитектура во Македонија воглавно се чита и споделува на
англиски или српски јазик. Нема доволно преводи и адаптации на вакви значајни
дела и писатели, а, според она што го знам, оние кои веќе постојат се или
премалку или недостапни (мал тираж и висока цена). Истово важи и за голем број
други професии (медицина, право, физика, електротехника итн.). Познати се многу
случаи кога универзитетски професори, во недостиг на материјали на македонски
јазик, на студентите им даваат литература за учење на српски или други јазици.
Но, она што можеби прави повеќе штета се преводите на истата таа литература
од страна на нестручни лица. Нестручните преводи на истата таа литература го
оштетуваат јазичниот корпус, осиромашувајќи го, а нивната непрецизност и
неточност многу често резултира со погрешно знаење (незнаење).

Причините за оваа состојба се бројни, но последиците се очигледни – со


самото тоа што македонските архитекти најчесто читаат книги преведени на
српски или хрватски јазик, нивниот стручен жаргон содржи многу србизми или
интернационализми и неретко се сретнуваат со проблем кога и самите прават
терминолошки напори да пронајдат соодветни зборови.

Преведувањето на вакви значајни дела не треба да биде исклучок, туку


правило. Се надевам дека со трудот и ентузијазмот во оваа дипломска работа,
како мој влез во литературата за архитекти, во иднина ќе направам барем мала
разлика и ќе придонесам кон ширење на свеста за важноста на достапни преводи
на македонски јазик на, во најмала рака, најзначајните дела.
5
За писателот и делото

Петер Цумтор (26 април 1943 година) е швајцарски архитект. Роден е во


Базел, Швајцарија. Татко му бил столар и љубовта кон техничките науки ја
открива учејќи столарство во 1958 година. Во 1966 година се запишал на
индустриски дизајн и архитектура на Институтот Прат во Њујорк. Своја фирма
отворил во 1979, по што ги заработил неговиот успех и огромна светска слава.
Неговата архитектура се одликува со чисти, минималистички, строги,
вонвременски, но истовремено и поетични структури. Наречен уште и
„повлечениот архитект“, Цумтор во 2009 година го добива најголемото
архитектонско признание на светот – наградата за архитектура „Прицкер“.
Размисли за архитектурата е збирка од пет негови есеи и предавања
пишувани од 1988 до 1996 година. Тие ги содржат неговите сфаќања и размисли
за архитектурата, како и искуства со архитектурата, но и објективни обиди да
дознае што ѝ е потребно на архитектурата, што е она што убавата архитектура ја
прави убава и односот на архитектурата со човекот и просторот. Цумтор пишува
со исклучително едноставен и лесен јазик; во книгата не зборува за архитектурата
како материјален концепт, туку ја опишува како процес кој е во постојан допир со
уметноста на музиката, филмот, литературата и антрополошката филозофија.
Размисли за архитектурата е книга исполнета со кратки и едноставни, но сепак
многу моќни и јасни мисли за погледите на авторот кон светот на архитектурата.

6
Петер Цумтор
Размисли за архитектурата

Начин на гледање на работите


1988

Во потрага по загубената архитектура


Кога размислувам за архитектурата, на ум ми доаѓаат слики. Многу од тие слики
се поврзани со моето школување и работа како архитект. Тие го содржат
стручното знаење за архитектурата кое го имам собирано низ годините. Некои од
другите слики се поврзани со моето детство. Едно време ја доживував
архитектурата без да размислувам за неа. Понекогаш во раката можам речиси да
почувствувам една посебна клучалка, метално парче со форма како превртена
лажица.
Ја фаќав кога одев во градината на тетка ми. Таа клучалка сè уште ми се
чини како посебен знак за влегување во свет на поинакви чувства и мириси. Го
паметам звукот на чакалот под моите стапала, мекиот отсјај на дабовите скали
премачкани со восок, ја слушам тешката влезна врата како се затвора зад мене
додека одам по темниот ходник и влегувам во кујната, единствената добро
осветлена просторија во куќата.
Сеќавајќи се, ми се чини дека тоа беше единствената просторија во куќата
чијшто таван не исчезнуваше во квечерината; малите шестаголни плочки на
подот, темноцрвени и толку натискани што фугите помеѓу нив беа речиси
незабележливи, беа тврди и непокорливи под моите стапала, а мирис на мрсна
боја излегуваше од кујнските креденци.
Сè во врска со таа кујна беше својствено за вообичаена кујна. На ниеден
начин не беше посебна. Но можеби беше самото тоа што беше токму таква и

7
толку природно, кујна којашто вечно всадила спомени во мојот ум. Атмосферата
на таа просторија е неповратно поврзана со мојата замисла за кујна.
Сега сакам да продолжам и да зборувам за клучалките кои дојдоа по таа на
портата од градината на тетка ми, за земјата и за подовите, за мекиот асфалт
стоплен од сонцето, за плочникот во есен покриен со костенови лисја и за сите
врати кои се затвораа на толку различни начини, една полно и достоинствено,
друга со слаб, евтин тропот, трета силно, нескротливо и застрашувачки...
Ваквите спомени го содржат најдлабокото архитектонско искуство кое ми е
познато. Тие се резервоари на архитектонските атмосфери и слики кои ги
истражувам во мојата работа како архитект.
Кога создавам градба, честопати се наоѓам потонат во стари,
полузаборавени спомени, а потоа се обидувам да се сетам каква навистина била
запаметената архитектонска ситуација, што ми значела во тоа време и се
обидувам да размислам како сега би можела да ми помогне да ја оживеам таа
разиграна атмосфера обземена од простото присуство на нештата, во која сè си
има свое одредено место и форма. И иако не можам да прецртам посебни форми,
постои миг на исполнетост и богатство кој ме тера да си речам: ова го имам
видено порано. Сепак, во исто време, знам дека сето тоа е ново и различно и дека
не е директно поврзано со некое старо архитектонско дело кое би можело да ја
разоткрие тајната на чувството предизвикано од спомени.

Создадено од материјали
Работата на Јозеф Бојс и некои од уметниците во групата Арте повера за мене е
откритие. Ме воодушевува начинот на којшто ги користат материјалите – прецизен
и полн со осет. Се чини како да е скаменет во старо, елементарно знаење за
човековата употреба на материјалите, истовремено откривајќи ја суштината на
тие материјали, недофатна за какво било значење пренесено од културата.
Се обидувам да користам вакви материјали во мојата работа. Верувам дека
можат да добијат поетски квалитет во контекст на некој архитектонски предмет, но
само ако архитектот е способен да создаде значајна ситуација за нив, зашто
материјалите сами по себе не се поетични.
Смислата којашто се трудам да ја всадам во материјалите отстапува од
сите правила на композицијата, а нивната опипливост, мирис и акустични
квалитети не се ништо друго освен елементи на јазикот кој мораме да го
користиме. Смислата се раѓа кога успевам да ги извадам поединечните значења
на некои од материјалите во моите градби, значења на кои може да се гледа само
така и само на таа градба.
Ако се стремиме кон оваа цел, мораме постојано да се прашуваме самите
што може да значи употребувањето на одреден материјал во одреден
архитектонски контекст. Добри одговори на овие прашања можат да фрлат нова
светлина на начинот на кој материјалот најчесто се употребува и на неговите
неразделни чувствени квалитети.

8
Ако успееме во ова, можеме да ги натераме материјалите во архитектурата
да светат и да вибрираат.

Работа во нештата
Се вели дека една од најимпресивните работи за музиката на Јохан Себастијан
Бах е нејзината „архитектура“. Нејзината конструкција изгледа јасно и прозрачно.
Возможно е да се следат деталите на мелодичните, хармоничните и ритмичките
елементи без да се изгуби чувството за композицијата како целина – целината
која им дава смисла на деталите. Музиката изгледа како во основата да има јасна
структура, а ако ги следиме поединечните конци на музичката ткаенина, возможно
е да ги фатиме правилата кои раководат со структурата на музиката.
Конструкцијата претставува вештина на правење на значајна целина од
многу делови. Градбите се сведоци на човечката способност да конструира
конкретни работи. Верувам дека вистинската срж на сите архитектонски дела се
наоѓа во актот на конструирање. Во оној момент од времето кога конкретните
материјали се споени и издигнати, архитектурата која сме ја барале станува дел
од реалноста.
Чувствувам почит кон уметноста на составувањето, способноста на
занаетчиите и инженерите. Се восхитувам на знаењето како да се создадат
предмети, што е во основата на човечката вештина. Се обидувам да проектирам
градби кои се достојни на ова знаење и го заслужуваат предизвикот на оваа
вештина.
Луѓето честопати ќе кажат „голем труд е вложен во ова“ кога ќе ги
почувствуваат грижата и вештината кои создателот великодушно ги вградил во
внимателно конструираната градба. Самата помисла дека нашиот труд е составен
дел од она коешто го постигнуваме нè носи до границите на нашето
размислување за вредноста на уметничкото дело, архитектонското дело. Дали
трудот и вештината кои ги вложуваме се навистина неразделни делови од
нештата кои ги правиме? Понекогаш, кога ќе ме трогне некое архитектонско дело
на ист начин како што ме трогнуваат музиката, литературата или сликарството, на
искушение сум да мислам дека е така.

На тишината на сонот
Ја сакам музиката. Ме трогнуваат бавните ставови на концертите за пијано на
Моцарт, баладите на Џон Колтрејн или звукот на човечки глас во некои песни.
Се восхитувам на способноста на човекот да измислува мелодии, хармонии
и ритми.
Но, светот на звуците го опфаќа и спротивното на мелодијата, хармонијата
и ритамот. Постојат дисхармонија и растурен ритам, фрагменти и групи на звуци,
но постои и целосно фукнционалниот звук кој ние го викаме бучава. Современата
музика функционира со овие елементи.

9
Современата архитектура треба да биде исто толку радикална колку и
современата музика. Но, постојат граници. Иако едно архитектонско дело кое се
темели на дисхармонија и фрагментација, на испрекинати ритми, групирање и
нарушувања во структурата може да пренесе порака, откако ќе ја разбереме
неговата изјава нашата љубопитност умира, а останува само прашањето на
практичната корисност на градбата.
Архитектурата има свое владение. Таа има посебна физичка врска со
животот. Не ја гледам само како порака или симбол, туку и како обвивка и
позадина на животот кој се случува во и околу неа, осетлив содржател на ритамот
на чекорите по подот, на концентрацијата на работата, на тишината на сонот.

Дадени ветувања
Во својата крајна, изградена форма, архитектурата има свое место во реалниот
свет. Таа постои овде. Овде ја дава својата изјава. Приказите на сè уште
нереализирани архитектонски дела претставуваат обид да се даде глас на нешто
коешто сè уште го нема најдено своето место во реалниот свет за кој е наменето.
Архитектонските цртежи се обид за колку што е можно попрецизно претставување
на аурата на градбата на нејзиното планирано место. Но токму дострелот на
приказот, честопати, служи за да се потенцира отсуството на вистинскиот објект, а
дури потоа извира свесноста за неадекватноста на секаков вид на прикажување,
љубопитност за реалноста која ја ветува, и, можеби – ако ветувањето ја има
силата да нè трогне – копнеж за неговото присуство.
Ако натурализмот и графичкиот виртуозитет на архитектонските прикази се
преголеми, ако им недостасуваат „отворени крпеници“ каде што нашата фантазија
и љубопитност за вистинитоста на цртежот можат да ја пробијат сликата, приказот
сам по себе станува предмет на нашата страст, а нашиот копнеж за реалноста
спласнува, зашто скоро и да нема ништо во претставата која покажува кон
замислената реалност после себе. Приказот веќе не носи ветување. Се прикажува
сам себе.
Проектните цртежи кои се однесуваат на некоја реалност која нè чека во
иднина ми се многу важни во работата. Работам на моите цртежи сè додека не ја
достигнат деликатната точка на претставување кога чувство кое го барам станува
сеприсутно, а престанувам пред непотребностите да почнат да одвлекуваат од
неговото влијание. Цртежот сам по себе мора да го прифати квалитетот на
бараниот објект. Тој е како скицата на вајарот за неговата скулптура, не е само
приказ на идеја, туку е вроден дел на создавањето кое завршува со изградениот
објект.
Ваквите цртежи ни даваат можност да се вратиме чекор назад, да
погледнеме и да научиме да го разбираме она кое сè уште не настанало и кое
штотуку започнало да изникнува.

10
Пукнатини во запечатени објекти
Градбите се вештачки зданија. Тие се состојат од единечни делови кои мора да
бидат составени. Квалитетот на завршениот објект во голема мера се одредува
според квалитетот на поврзувањата.
Во вајарството постои традиција која го смалува изразот на спојките и
врските помеѓу единечните делови во корист на целосната форма. Челичните
предмети на Ричард Сера, на пример, изгледаат исто толку хомогени и
интегрални колку и скулптурите од дрво и камен од постарите вајарски традиции.
Многу од инсталациите и предметите на уметниците во 1960-тите и 70-тите се
потпираат на наједноставните и најочигледните методи за спојување и
поврзување кои ни се познати. Бојс, Мерц и други честопати користеле лабави
рамки во просторот, намотки, набори и слоеви кога изведувале целина од
посебните делови.
Интересен е директниот, навидум самоочигледен начин на кој овие објекти
се соединети. Нема нарушување од целокупниот отпечаток на малите делови, кои
немаат ништо со изјавата на објектот. Неважните делови не ни пречат во нашето
гледање на целината. Секое допирање, секоја спојка, секоја врска е таму за да се
зајакне идејата за тивко присуство на работата.
Кога проектирам градби, се обидувам да им дадам вакво присуство. Но, за
разлика од вајарите, јас морам да започнам со функционалните и техничките
услови кои ја претставуваат основната задача која морам да ја исполнам.
Архитектурата секогаш се соочува со предизвикот на развивање на целина од
безбројни детали, од разни функции и форми, материјали и димензии. Архитектот
мора да бара рационални конструкции и форми за рабовите и спојките, за точките
каде што површините се вкрстуваат и каде што различните материјали се
сретнуваат. Овие формални детали ги одредуваат чувствителните премини во
поголемите делови на градбата. Деталите го воспоставуваат формалниот ритам,
прецизно раздробениот размер на градбата.
Деталите го изразуваат она кое основната идеја на концептот го бара во
одредена точка во објектот: припаѓање или одделување, затегнатост или
леснотија, триење, цврстина, кршливост...
Кога се успешни, деталите не се само декорација. Тие не одлвекуваат
внимание и не нè забавуваат. Водат до разбирање на целината од која се
неразделив дел.
Постои магична сила во секоја завршена, самостојна креација. Се чини како
да се потчинуваме на магијата на целосно развиеното архитектонско тело.
Нашето внимание го фаќаат, можеби за првпат, детали како два клинци во подот
кои ги држат челичните плочи до разјадениот праг. Се преливаат чувства. Нешто
нè воздигнува.

11
Зад симболите
„Сè може да помине“, велат оние кои работат. „Главната улица е речиси добра“,
вели Вентури, архитектот. „Ништо веќе не може“, велат оние кои страдаат од
непријателството на нашето време. Овие изјави се пример за спротивставени
мислења, па дури и спротивставени факти. Се навикнуваме да живееме со
противречности, а за тоа има неколку причини: традициите се рушат, а со нив и
културните идентитети. Изгледа дека веќе никој не ја разбира и контролира
динамиката развиена од економијата и политиката. Сè се меша со сè останато, а
масовните комуникации создаваат вештачки свет на знаци. Своеволието
преовладува.
Постмодерниот живот може да се опише како состојба во која сè она кое е
надвор од нашата лична биографија изгледа бледо, заматено и некако нереално.
Светот е полн со знаци и информации кои претставуваат работи кои никој
целосно не ги разбира, зашто и тие, по сè изгледа, се само знаци за други работи.
Вистинското останува скриено. Никој никогаш не може да го види.
Сепак, убеден сум дека постојат вистински работи, колку и да се загрозени.
Тука се земјата и огнот, светлината на Сонцето, пејзажите и растенијата; а има и
објекти создадени од човекот, како машини, алати или музички инструменти, кои
се она што се, кои не се само преносители на уметничка порака, чиешто
присуство е самоочигледно.
Кога ги гледаме објектите или градбите кои изгледаат како да се помириле
во себе, нашата перцепција станува смирена и здодевна. Објектите кои ги
гледаме веќе немаат порака за нас, тие само си постојат. Нашата способност за
перцепција замолчува, без предрасуди и страдност. Таа посегнува зад знаците и
симболите, отворена е, празна. Како да можеме да видиме нешто на коешто не
може да се фокусира нашата свест. Овде, во овој перцептивен вакуум, може да
исплива некој спомен, спомен кој како да излегува од длабочините на времето.
Овој пат, нашето набљудување на објектот содржи претчувство за светот во сета
негова целост, зашто не постои нешто кое не може да се разбере.
Има некаква моќ во обичните работи од секојдневниот живот, како да велат
сликите на Едвард Хопер. Само треба да ги гледаме доволно долго за да ја
видиме.

Завршени пејзажи
За мене, присуството на одредени градби има нешто таинствено во себе. Тие
изгледаат како само да постојат. Не им обраќаме посебно внимание. А сепак е
речиси невозможно да го замислиме местото на кое стојат без нив. Овие градби
изгледаат како да се цврсто вкотвени во земјата. Оддаваат впечаток на

12
самоочигледен дел од нивната околина и како да велат „јас сум како што ме
гледаш и јас припаѓам тука“.
Имам страствена желба да проектирам вакви градби, градби кои со текот на
времето природно ќе сраснат во формата и историјата на нивното место.
Секое ново архитектонско дело интервенира во одредена историска
ситуација. Неопходно за квалитетот на интервенцијата е новата градбата да ги
прифати квалитетите кои можат да влезат во разговор со смисла со постоечката
ситуација. Бидејќи, ако сакаме интервенцијата да си го најде своето место, таа
мора да нè натера да го видиме она кое веќе постои во ново светло. Фрламе
камен во водата. Песокта завиорува и повторно се смирува. Мешањето беше
потребно. Каменот си го најде своето место. Но, езерцето веќе не е исто.
Верувам дека градбите се прифатени од нивното опкружување само ако ја
имаат способноста да се пријатни за нашите чувства и умови на различни начини.
Бидејќи нашите чувства и разбирање се вкоренети во минатото, нашата сетилна
поврзаност со градбата мора да го почитува процесот на сеќавањето. Но, како
што вели Џон Бергер, она на кое се сеќаваме не може да се спореди со крајот на
приказната. Разни можности водат до чинот на сеќавањето и се среќаваат во него.
Сликите, расположенијата, формите, зборовите, знаците или споредбите ни
отвораат можности за пристап. Мораме да создадеме радијален систем за
пристапување кој ќе ни овозможи да го видиме архитектонското дело како
фокална точка од различни агли во едно исто време: историски, естетски,
функционалистички, лично, страствено.

Затегнатоста во телата
Од сите цртежи изработени од архитектите, омилени ми се изведбените цртежи.
Изведбените цртежи се детални и објективни. Создадени за мајсторите кои треба
на замислениот објект да му дадат материјална форма, во нив нема асоцијативни
манипулации. Тие не се обидуваат да убедат и импресионираат, како проектните
цртежи. Како да велат „точно вака ќе изгледа“.
Изведбените цртежи се како анатомски цртежи. Откриваат дел од тајната
внатрешна затегнатост која завршеното архитектонско тело одбива да ја оддаде:
уметноста на спојувањето, скриената геометрија, триењето на материјалите,
внатрешните сили на носење и потпирање, човечката работа која ја наследуваат
работите изработени од луѓето.
Пер Киркеби еднаш направи скулптура од тули во форма на куќа за
изложбата „Документа“ во Касел. Куќата немаше влез. Нејзината внатрешност
беше непристапна и скриена. Остана тајна која на останатите квалитети на
скулптурата им даде аура на мистична длабочина.
Сметам дека скриените структури и конструкции на една куќа треба да се
организирани на начин што на телото на градбата ќе му подарат квалитети на
внатрешна затегнатост и вибрација. Така се прават виолините. Тие нè
потсетуваат на живите тела во природата.

13
Неочекувани вистини
Во младоста, поезијата ја замислував како шарен облак направен од, помалку или
повеќе, широки метафори и алузии кои, иако се погодни за уживање, ми беше
тешко да ги поврзам со стабилен поглед на светот. Како архитект, научив да
разбирам дека токму спротивното од оваа младешка дефиниција на поезијата е
веројатно поблиску до вистината.
Ако едно архитектонско дело се состои од форми и содржини кои во
комбинација создаваат силно фундаментално чувство кое е доволно моќно да
влијае на нас, тоа можеби ги содржи квалитетите на уметничко дело. Но оваа
уметност нема никаква врска со интересните облици на оригиналноста. Таа се
занимава со увидување и разбирање, а пред сè со вистината. Можеби поезијата е
неочекуваната вистина. Таа живее во мир. Уметничката задача на архитектурата
е на ова мирно очекување да му даде форма. Градбата сама по себе никогаш не е
поетична. Во најдобар случај може да поседува суптилни квалитети кои, на
одредени моменти, ни дозволуваат да разбереме нешто кое никогаш претходно
не сме можеле да го разбереме токму на овој начин.

Копнеж
Чистиот, логичен развој на едно архитектонско дело зависи од разумни и
објективни критериуми. Кога дозволувам субјективните и непромислените идеи да
интервенираат во објективниот тек на процесот на создавање, станувам свесен за
значењето на личните чувства во мојата работа.
Она што архитектите го велат кога зборуваат за нивните градби често не се
совпаѓа со изјавите на градбите. Ова веројатно е поврзано со фактот што тие
повеќе сакаат да зборуваат за рационалните, промислени аспекти на нивната
работа, а помалку за тајната страст од која се инспирирале.
Процесот на проектирање се заснова на постојан сооднос помеѓу чувствата
и разумот. Чувствата, склоностите и копнежите кои проникнуваат и бараат да им
се даде форма мора да се контролираат од критичките сили на расудувањето, но
токму нашите чувства се оние кои ни кажуваат дали апстрактните размислувања
звучат вистинито.
Проектирањето во голема мера се заснова на разбирање и воспоставување
на системи на ред. А сепак верувам дека најважната состојка на архитектурата
која ја бараме произлегува од чувствувањето и проникливоста. Скапоцените
моменти на претчувствување се резултат на стрплива работа. Со наглото
појавување на внатрешна слика, нова линија во цртежот, целиот проект се менува
и има нова формулација во дел од секундата. Како наеднаш да почнува да делува
некоја силна дрога. Сè што знаев претходно за нештото кое го создавам е

14
заслепено од нова, заслепувачка светлина. Чувствувам среќа и страст и нешто
длабоко во мене потврдува: „Сакам да ја изградам оваа куќа!“.

Компонирање во просторот
Геометријата се бави со законите на линиите, празните површини и
тридимензионалните тела во просторот. Геометријата може да ни помогне да
рабереме како да постапиме со просторот во архитектурата.
Во архитектурата постојат две основни можности за просторна композиција:
затвореното архитектонско тело кое го изолира просторот во себе и отвореното
тело, кое опфаќа дел од просторот поврзан со бескрајниот континуум.
Проширувањето на просторот може да стане видливо преку тела, како што се
тенки плочки или столбови, поставени слободно или во редови во просторот на
некоја соба.
Не тврдам дека знам што е просторот. Колку повеќе размислувам за него,
толку понепознат ми станува. Но за една работа сум сигурен: кога ние, како
архитекти, сме засегнати од просторот, засегнати сме со трошно парче од
бесконечноста која ја обвиткува земјата, а сепак секоја градба обележува
ендемично место во таа бесконечност.
Имајќи го ова на ум, започнувам со скицирање на првите основи и пресеци
во мојот цртеж. Цртам просторни дијаграми и обични волумени. Пробувам да ги
замислам како прецизни тела во просторот и мислам дека е важно вистински да
се почувствува како тие дефинираат и одделуваат внатрешен простор од
просторот кој ги опкружува, или како содржат дел од бесконечниот просторен
континуум во форма на отворен сад.
Градбите кои оставаат длабок впечаток секогаш пренесуваат силно чувство
за нивниот просторен квалитет. Тие на посебен начин ја прегрнуваат
мистериозната празнина наречена простор и ја тераат да вибрира.

Здрав разум
Цртањето е пронаоѓање. Се обидувавме да го следиме овој принцип кога учев во
техничко училиште. Баравме ново решение за секој проблем. Мислевме дека е
важно да си авангарда. И дури подоцна сфатив дека всушност постојат само
неколку архитектонски проблеми за кои сè уште не се пронајдени неоспорливи
решенија.
Гледајќи наназад, моето образование за проектирање делува неисториско.
Наши идоли беа пионерите и творците на „Новата градба“. Ја гледавме историјата
на архитектурата како дел од општото образование и имаше мало влијание на
нашата работа како проектанти. Така, често го преизмислувавме веќе
измисленото и правевме обиди да го смислиме незамисливото.
Ваквата обука за проектирање си има своја образовна вредност. Сепак,
подоцна, како професионални архитекти, се трудиме колку што е можно повеќе да

15
се запознаеме со огромниот фонд на знаење и искуство кои се содржат во
историјата на архитектурата. Верувам дека ќе имаме подобра можност да дадеме
вистински личен придонес ако ова го вградиме во нашата работа.
Но архитектурата не е само линеарен процес кој помалку или повеќе води
логички и директно од историјата на архитектурата до нова градба. Во потрагата
по архитектурата која ја замислувам, често искусувам задушувачки моменти на
празнина. Ништо од тоа за кое размислувам не се сложува со она кое го сакам, но
не можам да го замислам. Во такви моменти, се обидувам да го истерам од мене
здобиеното академско знаење за архитектурата, зашто тоа одеднаш почнало да
ме задржува. Ова ми помага. Чувствувам дека дишам полесно. Вдишувам од
старото, познато расположение на творците и пионерите. Проектирањето
повторно станува пронаоѓање.
Креативниот чин во кој се раѓа архитектонско дело допира подалеку од сето
историско и техничко знаење. Неговиот фокус е на дијалогот со проблемите на
нашето време. Архитектурата во моментот на своето создавање е поврзана со
сегашноста на многу посебен начин. Таа го изразува духот на својот создавач и
дава свои одговори на прашањата на нашето време преку својата функционална
форма и изглед, нејзиниот однос со другите архитектонски дела и со местото на
кое стои.
Одговорите на ваквите прашања кои можам да ги составам како архитект се
ограничени. Нашето време на промени и премини ни забранува големи гестови.
Останале само уште неколку заеднички вредности врз кои можеме да градиме и
кои на сите ни се заеднички. Така, јас повикувам на архитектура на здравиот
разум заснована врз темелите кои ние сè уште ги знаеме, разбираме и
чувствуваме. Внимателно го набљудувам вистинскиот изглед на светот и во моите
градби се обидувам да го истакнам она кое мислам дека е вредно, да го поправам
она кое вознемирува и одново да го создадам она кое нам ни недостига.

Меланхолични погледи
Филмот на Еторе Скола „Балот“ раскажува педесет години европска историја без
никаков дијалог и целосно единство на простор. Содржи исклучиво музика и
движењата на луѓе кои мрдаат и танцуваат. Цело време остануваме во истата
соба и со истите луѓе, додека времето поминува и танцувачите стареат.
Фокусот на филмот е на главните личности. Но собата за бал со својот
поплочен под и дрвеното обложување, ѕвездите во заднината и лавовската шепа
на страната се оние кои ја создаваат густата, моќна атмосфера на филмот. Или е
обратно? Дали луѓето се тие кои на собата ѝ го даруваат токму ова чувство?
Го поставувам ова прашање зашто сум убеден дека добрата градба мора
да биде способна да ги восприеми трагите од човечкиот живот и со тоа да добие
единствено богатство.
Се разбира, во овој контекст мислам на белегот на времето врз
материјалите, на безбројните мали гребаници на површините, на лакот кој станал

16
заматен и ронлив и рабовите исполирани од употреба. Но кога ги затворам очите
и се обидувам да ги заборавам овие физички белези и моите први асоцијации,
останува само поинаков впечаток, подлабоко чувство – свесност за поминувањето
на времето и сознание за човечките животи кои се одиграле на овој простор и во
овие соби и нив ги измениле со посебна аура. Естетиката на архитектурата,
практичните вредности, стилистичкото и историското значење во тие моменти
добиваат второстепена важност. Она што сега е важно е единствено чувството на
длабока меланхолија. Архитектурата е изложена на животот. Ако нејзиното тело е
доволно чувствително, тогаш таа може да добие квалитет кој ќе биде сведок на
вистинитоста на минатиот живот.

Чекори оставени зад себе


Кога работам на некој проект, си дозволувам да ме водат слики и расположенија
на кои се сеќавам и кои се поврзани со архитектурата која ја барам. Најголемиот
дел од сликите кои ми излегуваат пред очи доаѓаат од моето субјективно искуство
и ретко се придружени од некој запаметен архитектонски коментар. Кога
проектирам, се обидувам да откријам што значат овие слики, за да можам да
научам како да создадам богатство од визуелни форми и атмосфери.
По некое време, објектот што го проектирам добива некои од квалитетите
на сликите кои ги користам како модели. Ако можам да најдам корисен начин да ги
преплетам и наталожам овие квалитети, објектот ќе добие длабочина и богатост.
За да го добијам овој ефект, квалитетите кои му ги давам на цртежот мора да се
спојат и измешаат со конструкциската и формалната структура на завршената
градба. Формата и конструкцијата, изгледот и функцијата не се веќе одделени.
Тие припаѓаат заедно и создаваат целина.
Кога гледаме завршена градба, нашите очи водени од нашиот аналитички
ум сакаат да заталкаат и да бараат детали на кои ќе се задржат. Но синтезата на
целото не може да стане разбирлива преку изолирани детали. Сè се однесува на
сè друго.
Во овој момент, почетните слики избледуваат во заднината. Моделите,
зборовите и споредбите кои биле потребни за создавањето на целината
исчезнуваат како чекори оставени зад себе. Новата градба ја добива фокалната
позиција и станува своја. Почнува нејзината историја.

Отпор
Верувам дека архитектурата денес треба да се осврне на задачите и можностите
кои наследно се нејзини. Архитектурата не е носач или симбол за работите кои не
припаѓаат на нејзината суштина. Во општеството кое го слави небитното,
архитектурата може да даде отпор, да делува врз пустите форми и значења и да
зборува свој јазик.
Верувам дека јазикот на архитектурата не е прашање на одреден стил.
Секоја градба е изградена за одредена употреба, на одредено место и за

17
одредено општество. Моите градби се обидуваат да одговорат колку што е можно
попрецизно и покритички на прашањата кои произлегуваат од овие едноставни
факти.

18
Тврдокорноста на убавината
1991

Пред две недели случајно слушав радио-емисија за американскиот поет


Вилијам Карлос Вилијамс. Емисијата се викаше „Тврдокорноста на убавината“.
Оваа реченица ми го улови вниманието. Ми се допаѓа идејата дека убавината има
тврда обвивка и кога размислувам за архитектурата, оваа асоцијација помеѓу
убавината и тврдокорноста ми звучи познато. „Машината е нешто коешто нема
излишни делови“, велат рекол Вилијамс. И јас веднаш мислам дека знам на што
мислел. Ми се чини тоа е мисла на која и Петер Хандке укажува, кога вели дека
убавината доаѓа од природни, израснати работи кои не носат знаци или пораки и
кога ќе додаде дека е вознемирен кога сам не може да го открие, от-крие,
значењето на работите за него.
И тогаш научив од радио-емисијата дека поезијата на Вилијам Карлос
Вилијамс произлегува од убедувањето дека идеите постојат единствено во самите
нешта и дека целта на неговата уметност била да го насочи неговиот сетилен
поглед кон светот на нештата, за нив да ги направи свои.
Во работата на Вилијамс, рече водителот, ова се случува навидум без
чувства и лаконски и токму поради оваа причина неговите текстови имаат толку
силно емоционално влијание.
Тоа што го слушнав ми се допаѓа: да не се посакува со градбите да се
предизвикаат чувства, си мислам во себе, туку да им се овозможи на чувствата да
излезат, да бидат. И: да се остане близок до нештото, близок до суштината на
нештото што треба да го обликувам, уверен дека ако градбата се започне доволно
точно за своите место и функција, таа ќе развие сопствена сила, без потреба од
уметнички додатоци.
Тврдокорноста на убавината: концентрирана супстанца.
Но каде се полињата на сила на архитектурата кои се содржат во нејзината
суштина, над и после сета површност и произволност?
Итало Калвино ни кажува во неговите „Американски лекции“ за
италијанскиот поет Џакомо Леопарди кој ја гледал убавината на уметничките
дела, во неговиот случај убавината на литературата, во нивната нејасност,
отвореност и неодредливост, зашто тоа ја остава формата отворена за многу
различни заначења.
Изјавата на Леопарди е доволно уверлива. Уметничките дела или предмети
кои нè трогнуваат имаат повеќе лица: тие имаат бројни, можеби бесконечни
слоеви на значења кои се преклопуваат и испреплетуваат и кои се менуваат
заедно со промената на нашиот агол на гледање.
Но како може архитектот да ја добие оваа длабочина и разноликост во
градба која е негово дело? Дали нејасноста и отвореноста можат да се
испланираат? Не е ли ова спротивно со тврдењето за прецизност кое го
наметнува аргуменот на Вилијамс?

19
Калвино за ова наоѓа неочекуван одговор во текст од Леопарди. Калвино
истакнува дека во текстовите на Леопарди, овој љубител на неодреденото
открива грижлива лојалност кон нештата кои ги опишува и ни ги нуди за
размислување и доаѓа до следниот заклучок: „Значи, ова го бара Леопарди од нас
за да можеме да уживаме во убавината на нејасното и неодредливото! Тој бара
многу точно и дребничаво внимание во композицијата на секоја слика, во
уредното дефинирање на деталите, во изборот на предмети, осветлување и
атмосфера со цел да посегне до посакуваната нејасност“. Калвино завршува со
навидум парадоксалната објава: „Поетот на нејасното може единствено да биде
поетот на прецизноста!“.
Она што мене ме интересира во оваа приказна на Калвино не е
наговарањето на точност и трпелива, детална работа која на сите ни е позната,
туку следственоста дека богатството и разновидноста произлегуваат од самите
нешта ако ги гледаме поинаку и им го дадеме заслуженото. Применето во
архитектурата, ова за мене значи дека моќта и разноликоста мора да се
развиваат од зададената задача или, со други збори, од нештата кои ја
сочинуваат.
Џон Кејџ на едно од неговите предавања рече дека тој не е композитор кој
ја слуша музиката во главата и потоа се обидува да ја запише. Тој има поинаков
начин на работа. Изработува концепти и структури и потоа ги изведува за да види
како звучат.
Кога ја читам оваа изјава, се потсетувам како неодамна во моето студио
развивме проект за термална бања во планините, не преку создавање на првични
слики од градбата во нашите глави кои потоа ги адаптиравме на задачата, туку
преку обид да ги одговориме основните прашања кои произлегуваат од локацијата
на даденото место, целта и градежните материјали – планината, карпите, водата
– кои на прв поглед немаат визуелна содржина во рамките на постоечката
архитектура.
Дури подоцна се појавија структурите и просторите, откако успеавме да
одговориме чекор по чекор на прашањата кои ни ги поставија местото, целта и
материјалите, што нас нè изненади и коешто верувам дека поседува потенцијал
на исконска сила која посегнува подлабоко од само редење на однапред
замислени стилистички форми.
Занимавањето со неразделливите закони на конкретни работи како што се
планините, карпите и водата во врска со градежна задача, нуди можност за
спознавање и изразување на некои од првобитните и наводно „културно невините“
особини на овие елементи и на развивањето на архитектура која започнува во
вистински нешта и се враќа во нив. Претпоставените слики и стилски претходно
изработените идиоми на формата имаат право само да го попречат пристапот до
оваа цел.
Моите колеги од Швајцарија, Херцог и де Мерон, велат дека архитектурата
како единствена целина денес веќе не постои и дека, според тоа, таа мора да
биде вештачки создадена во главата на проектантот, како чин на прецизно

20
размислување. Двајцата архитекти од оваа претпоставка ја изведуваат својата
теорија за архитектурата како форма на мисла, како архитектура која,
претпоставувам, треба да ја одрази својата мозочно зачната целост на посебен
начин.
Немам намера да тежнеам кон теоријата на овие архитекти за
архитектурата како форма на мисла, туку само кон претпоставката врз која таа се
заснова, а тоа е дека целосноста на градбата во старата смисла на мајсторите-
градители веќе не постои.
Јас лично сè уште верувам во самодоволната, телесна целосност на
архитектонскиот објект како клучната, иако тешка, цел на мојата работа, како тоа
да е природен или постоечки факт.
А како можеме ние да ја постигнеме оваа целосност во архитектурата во
време кога божественото, кое некогаш на работите им давало значење, па дури и
самата реалност изгледаат како да се претопуваат во бескрајниот тек на
минливите знаци и слики?
Петер Хандке пишува за неговите обиди да ги направи текстовите и описите
дел од опкружувањето на кое се однесуваат. Ако правилно го разбирам, овде не
ми се спротивставува само прекумерно познатото сознание за тешкотијата на
отстранувањето на вештачкото во нештата кои се создаваат во вештачки чин и за
тешкотијата истите тие да се направат дел од светот на обичните и природните
работи, туку и вербата дека вистината се наоѓа внатре во нештата.
Верувам дека ако уметничките процеси се стремат кон целосност, тие
секогаш се обидуваат да им дадат на своите дела присуство кое е слично на она
кое се наоѓа во природните нешта или во природната средина.
Следствено на ова, мислам дека го разбирам Хандке, кој во истото интервју
се опишува себе си како писател за места, кога од неговите текстови бара „во нив
да не соджат адитиви, туку само познавање на деталите и нивната
меѓуповрзаност кои создаваат (...) вистинска сложеност“.
Зборот со кој Хандке се служи да го означи она кое јас овде го нарекувам
вистинска сложеност, имено тоа е Sachverhalt, ми изгледа како да има значење во
поглед на целта на целосните и невините работи: точната, вистинска содржина
мора да се спои, на градбите мора да се мисли како на сложености чии детали
биле правилно утврдени и ставени во меѓусебен вистински однос. Вистински
однос!
Поентата која се раѓа овде е намалувањето на содржината на вистинските
нешта. Хандке, исто така во овој контекст, зборува за верноста на нештата. Тој би
сакал, вели самиот, да бидат доживеани како веродостојност на местото кое го
опишуваат, а не како дополнително обојување.
Ваквите изјави ми помагаат да се помирам со незадоволството кое често го
доживувам кога размислувам за поновата архитектура. Често се сретнувам со
градби во чие проектирање биле вложен многу труд и волја за да се најде посебна
форма и се чувствувам како да ме обесхрабруваат. Архитектот кој е одговорен за
градбата не е тука, но без престан ми зборува од секој детаљ, постојано ми го

21
вели истото и набргу губам интерес. Добрата архитектура треба да го прими
посетителот, треба да му овозможи да ја почувствува и да живее во неа, но не
треба постојано да му зборува.
Честопати се прашувам, зошто толку ретко се испробува очигледното, но
тешко решение? Зошто имаме толку малку доверба во основите од кои е
направена архитектурата: материјалите, структурата, конструкцијата, носењето и
носеноста, земјата и небото и довербата во просторот на кој му е дозволено да
биде простор – просторот чиишто гранични ѕидови и составни материјали,
конкавност, празност, светлина, воздух, мирис, восприемливост и звучност се
управуваат со толку голема почит и грижа?
Мене лично ми се допаѓа идејата да се проектираат и да се градат куќи од
кои на крајот на процесот на формирање можам да се повлечам, оставајќи градба
која е своја, која служи како место во кое се живее и како дел од светот на
нештата и која може совршено добро да се снајде без мојата лична реторика.
За мене, градбите можат да имаат прекрасен молк кој го поврзувам со
својства како што се спокојност, самоочигледност, издржливост, присуство и
интегритет, но и со топлина и сериозност; градба која ќе биде своја, ќе биде
градба, непретставувајќи ништо, која само è.

Речи дека е груб ефект, црни црвени,


Розеви жолти, портокалови бели, премногу какви што се
За да бидат нешто друго на сончевината во собата.

Премногу какви што се за метафора да ги смени,


Премногу вистински, нешта кои во вистинитоста
Сите замисли за нив ги прават помали нешта.

Ова е почетокот на поемата „Букет рози на сонце“ од американскиот


лиричар со тивко размислување, Волис Стивенс.
Волис стивенс, како што прочитав во воведот на неговата поетска збирка, го
прифатил предизвикот да гледа долго, трпеливо и точно и да ги от-крие и разбере
нештата. Неговите поеми не се протест или жалба против изгубените закон и ред,
ниту се израз на некаква вџашеност, туку бараат хармонија која е возможна
независно од сè и во која – во овој случај – може да биде само онаа на поемата.
(Калвино оди чекор понатаму во овој правец на размислување во обид да го
дефинира својето литературно дело кога вели дека има само една одбрана
против губењето на формата која ја гледа насекаде околу себе: идејата за
литературата).
За Стивенс, реалноста е посакуваната цел. Надреализмот, се чини, не го
импресионирал, зашто измислува без да открие. Тој вели дека да се опише
школка како свири на хармоника е да се измисли, не да се открие. И така повторно
ненадејно се појавува, оваа фундаментална мисла која ја наоѓам кај Вилијамс и

22
Хандке и која ја чувствувам во сликите на Едвард Хопер: искрата на уметничкото
дело блеснува само помеѓу вистинитоста на нештата и фантазијата.
Ако овој исказ го преведам во архитектонска смисла, си кажувам себе си
дека искрата на успешната градба може да блесне само помеѓу реалноста на
нештата кои се однесуваат на неа и фантазијата. А ова за мене не е откритие,
туку потврда за нешто кон кое постојано се стремам во мојата работа и потврда на
желбата чии корени продреле длабоко во мене.
Но да се вратам на прашањето за последен пат: каде да ја најдам
реалноста врз која морам да ги сосредоточам моите моќи на фантазијата кога се
обидувам да проектирам градба за одредено место и со одредена цел?
Еден патоказ кон одговорот, верувам, се наоѓа токму во зборовите „место“ и
„цел“.
Во еден есеј наречен „Градење престојување размислување“, Мартин
Хајдегер напиша: „Живеењето помеѓу нештата е основното начело на човековото
постоење“, што според моето разбирање значи дека никогаш не сме во
апстрактен свет, туку секогаш во свет на нешта, дури и кога размислуваме. И
повторно Хајдегер: „Односот на човекот со местата и преку местата со просторот
се заснова врз неговото престојување во нив“.
Концептот на престојување, разбран во пошироката смисла на Хајдегер за
живеење и размислување во местата и просторот, содржи точно упатување кон
тоа што за мене како архитект значи реалноста.
Не ме интересира реалноста на теориите кои се одделени од нештата, туку
ме интересира реалноста на конкретната градежна задача која се однесува на
чинот или состојбата на престој и врз неа сакам да ги сосредоточам моите
креативни способности. Сакам со мојата фантазија да продрам во својствата на
реалноста на градежните материјали – каменот, ткаенината, челикот, кожата... – и
својствата на реалноста на структурите кои ги користам за конструирање на
градбата, давајќи значај и сетилност на празното, за искрата на успешната градба
да може да блесне, градба која ќе служи како дом за човекот.
Реалноста на архитектурата е конкретното тело во кое оживуваат формите,
волумените и просторите. Идеи не постојат никаде освен во нештата.

23
Од страста за нештата
до самите нешта
1994

Важно ми е да размислувам за архитектурата, да се оттргнам од секојдневната


работа и да го погледнам она што го правам и зошто го правам. Уживам во тоа, а
и мислам дека ми е потребно. Не се стремам кон архитектура од теориски
одредено поаѓалиште, зашто сум посветен на создавањето архитектура, на
градењето, на идеалот за перфекцијата, како што во момчешките години ги
правев нештата според моите идеи, нешта кои мораат да бидат токму такви,
поради причини кои не ги разбирам. Постојано имав едно многу интимно чувство
за работите кои ги правев за себе и никогаш не мислев дека е посебно.
Едноставно беше тука.
Денес сум свесен дека мојата работа како архитект е потрага по оваа рана
страст, оваа опсесија и обид истата подобро да ја разберам и усовршам. А кога се
потсетувам дали оттогаш сум додал нови слики и страсти над старите и дали
научив нешто преку обуката и праксата, сфаќам дека изгледа, на некој начин,
отсекогаш ми било познато интуитивното јадро на новите откритија.

Места
Живеам и работам во Граубинден, во земјоделско село опкружено со планини.
Понекогаш се прашувам дали ова влијаело на мојата работа и помислата дека
можеби е така не ме мачи.
Дали градбите кои ги проектирам би биле различни ако, наместо во
Граубинден, последните 25 години ги поминев во крајот од мојата младост, во
северните предгорја на планините Јура, со нивните брановидни ридови, букови
шуми и познатата, успокојувачка блискост на урбаниот град Базел?
Веднаш штом ќе почнам да размислувам за ова прашање, сфаќам дека
многу места влијаеле на мојата работа.
Кога се концентрирам на одредено место или локација за кои треба да
проектирам градба, ако се обидам да нурнам во нивната длабочината, форма,
историја и сетилни квалитети, процесот на прецизно набљудување го
преплавуваат слики од други места: слики од места кои ги знам и кои некогаш ме
инспирирале, слики од обични или посебни места кои ги носам со себе како
внатрешни визии за посебни чувства и квалитети; слики од архитектонски
ситуации кои произлегуваат од светот на уметноста, од филмот, театарот или
литературата.
Понекогаш сликите од места кои често на прв поглед се несоодветни или
туѓи ми доаѓаат непоканети, слики од места со многу различни потекла. Другпат ги
повикувам сам. Потребни ми се, зашто само кога им стојам лице в лице на
неопходностите на различните места и ги споредувам , кога допуштам сличните,
поврзаните, па дури можеби и туѓите елементи да ја фрлат нивната светлина на

24
местото на мојата интервенција, се појавува фокусираната, повеќелична слика на
локалната неопходност на локацијата, визија која прикажува врски, открива линии
на сила и создава возбуда. Дури сега се појавува плодната, креативна почва и се
создава мрежата од можни пристапи до одреденото место, започнувајќи ги
процесите и одлуките во проектирањето. Потонувам во местото и се обидувам да
го населам во мојата фантазија, истовремено гледајќи подалеку од него, во светот
на моите други места.
Кога ќе сретнам градба која развила посебно присуство во врска со местото
на коешто стои, понекогаш ми се чини дека е исполнета со внатрешна затегнатост
која се однесува на нешто над и врз самото место.
Изгледа како да е дел од суштината на тоа место, а во исто време зборува
за светот како целина.
Кога еден архитектонски проект произлегува исклучиво од традицијата и
само го повторува диктатот на локацијата, чувствувам недостиг на вистинско
внимание за светот и откритијата на современиот свет. Ако архитектонското дело
зборува само за современите трендови и софистицирани визии без да поттикнува
вибрации на своето место, тоа дело не е врзано за својата локација и ми
недостига посебната гравитација на местото на коешто тоа стои.

Согледувања
1 Стоевме околу масата за цртање, зборувајќи за проект од архитект кој сите
го цениме. Тој проект ми беше интересен на многу начини. Набројав неколку од
неговите посебни квалитети и додадов дека од пред некое време ја оставив на
страна мојата позитивна предрасуда која извираше од моето високо мислење за
архитектот и дека на проектот гледам непристрасно. И бев дошол до заклучок
дека, како целина, не ми се допаѓаше толку многу. Ги разгледувавме можните
причини за мојот впечаток и наведовме неколку детали без да дојдеме до
вистински заклучок. И тогаш, еден од помладите членови на групата, талентиран
архитект со исклучително рационално размислување, рече: „Интересна градба е
поради повеќе теоретски и практични причини. Проблемот е што нема душа“.
Неколку недели подоцна седев надвор и пиев кафе со сопругата,
дискутирајќи го прашањето за градбите со душа. Зборувавме за неколку
архитектонски дела кои ги знаеме и меѓусебно си ги опишувавме. А кога се
сетивме на градби кои ги поседуваа особините кои ги бараме и укажавме на
нивните посебни квалитети, станавме свесни дека има градби кои ги сакаме. И
покрај тоа што веднаш знаевме кои од нив припаѓаат на посебната категорија за
којашто бевме заинтересирани, видовме дека е тешко да најдеме заеднички
именител за нивните квалитети. Со обидот да воопштуваме, ги лишувавме
посебните градби од нивната раскошност.
Оваа тема продолжи да ми се врти низ главата и одлучив да се обидам да
напишам краток опис на архитектонските ситуации кои ги сакам, делумни
пристапи засновани на личните искуства кои се поврзани со мојата работа и на тој

25
начин да се движам во истата ментална решетка во која размислувам кога сум
засегнат со создавањето на неопходностите на моите дела.

2 Главните соби на малиот планиински хотел ја надгледуваа долината од


отворената страна од долгата градба. На приземјето имаше две прилепени соби
за прием со дрвени панели, и двете пристапни од ходникот и поврзани со врата.
Помалата изгледаше како удобно место за седење и читање, а поголемата, со пет
добро поставени маси, очигледно беше местото каде што се служеа оброците. На
првиот кат имаше спални соби со длабоки, засенети дрвени балкони, на вториот
кат други спални отворени кон терасите.
Би уживал да го гледам отвореното небо од погорните соби, си помислив,
додека се доближувавме до хотелот за прв пат. Но помислата да престојувам во
една од собите на првиот кат и да читам или пишувам во интимната атмосфера на
засенетиот балкон во доцните попладневни часови ми беше исто толку
привлечна.
Имаше отвор во ѕидот на дното на скалите кои водеа од погорните катови
до влезот. Отвор за сервирање. Рано попладне имаше овошни колачи и бели
чинии за гостите. Мирисот на свежите колачи нè изненади додека се симнувавме
по скалите, а звуци од кујната излегуваа од полуотворената врата на собата
отспротива.
По ден-два го научивме местото. Имаше терасни столици наредени по
страната на хотелот која се спојуваше со ливадата. Малку подолу, во полусенката
на работ на шумата, забележавме жена која седи на столица, читајќи. Зедовме
две од столиците и побаравме место за нас. Во текот на денот обично го пиевме
кафето на една од дрвените маси на расклопување на тесната веранда од
предната страна. Беа поставени со редовни интервали покрај предниот парапет.
Малите маси прилепени до работ на верандата беа убави места за седење;
парапетната штица беше на идеална висина за користење и потпирање на лакт.
Разговорите со другите гости обично се одвиваа во самрак на другите маси
на верандата, поставени во ред покрај фасадата и заштитени од временските
услови од погорните издадени катови. Францускиот прозорец на верандата беше
отворен по вечерниот оброк: сите си ги тегневме нозете и ја надгледувавме
долината, а потоа седевме со пијалак покрај ѕидот кој сè уште беше топол од
денското сонце. Еднаш, по вечерниот оброк, бевме поканети да седиме на
големата аголна маса на крајот на верандата, блиску до влезот. Тоа место за
време на денот секогаш го користеа редовните гости на куќата. Никогаш немав
седнато во нишата, која го фаќаше утринското сонце од другиот крај на
верандата. Во сончевите утра таму обично веќе некој седеше, читајќи.
Кога мислам на градби кои ми даваат природни просторни услови
соодветни на местото, на дневните навики, на моите секојдневни активности и на
начинот на кој се чувствувам, кога ми се враќаат умствени слики за архитектонски
дела кои ми даваат простор за живеење и навидум ги претчувствуваат моите

26
потреби, секогаш на ум ми доаѓа овој планински хотел. Бил создаден од сликар,
за него и неговите гости.

3 Нашиот прв впечаток за надворешноста на ресторанот ни даде надеж дека


најдовме нешто подобро од другите места по главниот пат во туристичкото село.
Не бевме разочарани. Влегувајќи преку тесниот трем кој, како што подоцна
дознавме, бил изграден однатре, зад главната врата, како дрвена колиба, се
најдовме во голема просторија, како ходник, со високи тавани, чии ѕидови и таван
беа порабени со темно, мат, светкаво дрво: правилно поставени рамки и панели,
ламперија, корнизи, вовлечени греди кои се потпираа на конзоли со украсни
свитоци.
Атмосферата во собата се чинеше темна, дури и меланхолична, сè додека
очите не ни се навикнаа на светлината. Меланхолијата за брзо време го отстапи
своето место на чувство на нежност. Дневната светлина која влегуваше преку
високите ритмично поставени прозори осветлуваше одредени делови од собата,
додека, пак, другите делови кои не користеа од рефлексијата на светлината од
панелите лежеа повлечени во полусенка.
Само што влегов во собата, вниманието ми го привлече продолжетокот во
средината на долгиот надворешен ѕид, полукружна испакнатина доволно голема
за да се сместат пет маси по должината на искривениот ѕид покрај прозорите.
Подот на вдлабнатината со собна висина беше на малку повисоко ниво отколку
останатиот дел на ходникот. Па секако, си помислив, овде сакам да седнам. Две
од масите беа слободни. Луѓето кои седеа таму, сигурно вообичаени гости во
ресторанот, носеа некаква привилегија на себе.
Со двоумење конечно се одлучивме за масата во речиси празниот главен
дел од ходникот. Но повторно се премисливме и наместо да седнеме, отидовме
да бараме послуга. Набргу, се појави девојка од врата во панелите на
внатрешниот ѕид и нè одведе до маса во нишата. Седнавме. Брзо ни помина
малата нервоза поради нашето пристигнување. Ги запаливме првите цигари и
нарачавме вино.
Две жени на соседната маса водеа весел разговор. Едната од нив
зборуваше американски, другата швајцарски германски. Ни едната од нив не
знаеше ни збор на јазикот на другата. Сите гласови на луѓето од групата на
соседната маса, освен еден од нив, звучеа пријатно оддалечени. Гледав наоколу
и постепено ја почувствував атмосферата. Пријатно ми беше додека седев на
светлината од еден од прозорците, што сега ми се чинеше повисок од кога и да е
и гледав во затемнетото пространство на ходникот. Другите гости, зафатени со
нивните разговори и оброци, исто така изгледаа среќни што седат тука; се
однесуваа природно, неоптоварени од присуството на другите луѓе, со
незадолжителен обзир кон останатите гости, што им ја облекуваше привилегијата.
Колку и да бев зафатен со моите активности, погледот од време на време ќе ми се
најдеше на други лица и сфатив дека ми се допаѓа чувството на нивната близина
– во собата во која сите бевме во нашето најдобро издание.

27
4 Возејќи по пат крај брегот на Калифорнија, конечно стигнавме до
училиштето кое беше наведено во архитектонскиот водич: хаотично расфрлан
комплекс на павилјони кои се протегаа на големо парче рамна земја високо над
Пацификот. Речиси и да немаше дрва, карстен камен послан по целата
територија, неколку куќи во непосредна близина. Редовите од високи, еднокатни
градби со рамни издадени покриви беа поврзани со асфалтни патеки покриени со
бетонски плочи врз челични столбови, а правилната поставеност на патеките и
павилјоните кои изгледаа како да содржат училници беа периодично прекинати од
градби со посебна функција којашто можевме само да ја нагодуваме. Беше време
на училишен распуст и комплексот беше пуст. Прозорците беа поставени високо
на ѕидовите и беше тешко да се видат училниците. Наидовме на голема метална
врата која водеше до страничен двор кој веројатно припаѓаше на една од
училниците. Беше подотворена и успеавме да ѕирнеме во една просторија со
клупи и табла за пишување. Беше скромно опремена. Ѕидовите и подот покажуваа
знаци на интензивно користење, а дневната светлина која влегуваше преку
високите прозори на собата ѝ даваа атмосфера која беше во исто време
концентрирана и нежна.
Заштита од сонцето, засолниште од ветар и дожд, интелигентен пристап
кон проблемот со осветлувањето, си помислив; а свесен бев дека на ниеден
начин не ги имав разбрано сите поединечни квалитети на оваа архитектура –
јасната едноставност на нејзината структура, на пример, која потсетуваше на
индустриски излиени бетонски конструкции, или нејзината просторност, или, пак,
недостатокот на педантни префинетости кои ги има во изобилство во училиштата
во Швајцарија.
Мојата посета се исплатеше. Уште еднаш, си потврдив дека треба да ја
почнувам мојата работа со едноставни, практични нешта, да ги правам тие нешта
големи и добри и убави, да бидат почетна точка на посебната форма, исто како
што главниот мајстор си го знае занаетот.

5 Кога имав 18 години, при крајот на моето калфување за столар, ги направив


моите први парчиња мебел кои сам ги дизајнирав. Главниот столар или клиентот
ја одредуваа формата на најголемиот дел од мебелот кој го правевме во
работилницата, а таа ретко ми се допаѓаше. Не ми се допаѓаше ниту дрвото кое го
користевме за најдобрите парчиња: оревово. Јас одбрав светол јасен за мојот
кревет и за креденецот и ги направив да изгледаат убаво од сите страни, со
истото дрво и со исто толку внимание однапред и одназад. Ја занемарив
вообичаената практика да се троши помалку време и грижа за задниот дел, зашто
и така никој не го гледа. На крај, успеав да ги заоблам рабовите само малку без да
ги корегирам, поминувајќи со шмирглата брзо и лесно над рабовите за да ја
омекнам нивната острина, без да се изгуби елегантноста и финоста на линиите.
Едвај ги допирав аглите каде што се спојуваа трите рабови. Ја поставив вратата
од креденецот во рамката од предната страна со најголема прецизност, така за да

28
се затвора речиси херметички, со нежен отпор од триењето и речиси нечуен звук
на воздух што излегува.
Убаво ми беше додека работев на креденецот. Изработувањето на спојките
кои прецизно се сложуваа и точните форми кои прават целина, целосен предмет
кој одговараше на мојата внатрешна замисла, во мене разбудија интензивна
концентрација, а завршеното парче мебел му даде свежина на моето
опкружување.

6 Замислата е следнава: долг, тесен блок од базалтен камен што излегува


добри три ката од земјата. Блокот се делка од сите страни, додека не останат
само долго средно ребро и повеќе попречни, хоризонтални ребра. Ако се гледа во
пресек, замислениот блок сега изгледа како геометриско дрво или како буквата Т
со три хоризонтални црти: објект од камен на работ на Стариот Град, темен, скоро
црн, мат, светликав – а во исто време носач на тежина и просторна структура на
трикатна зграда, излиен во темен исфлекан цемент, без спојки, лакиран со
каменово масло, со површини кои се чинат како парафински восок. Отвори колку
врати во ребрата, едноставни дупки во каменот, кои ја прикажуваат целата маса
на материјалот.
Кон оваа камена скулптура пристапуваме со огромна грижа, зашто уште во
оваа фаза веќе е речиси целосна градба. Ги планираме спојките на штиците во
кои е излиена како фина мрежа која ги покрива сите површини со правилна
мостра и внимаваме за да бидеме сигурни дека спојките кои ќе се јават при
лиењето на посебните делови на бетонот ќе се изгубат во мрежата. Тенките
челични рамки кои се се издадени од каменот како сечила на средината на
вратите се со намена да ги држат крилата на вратите, а лесното стакло и тенките
метални панели се ставаат меѓу камените конзоли на подните плочки, така што
меѓупросторот на ребрата ќе се претвори во простории како исполирани веранди.
Нашите клиенти сметаат дека внимателниот начин на кој ги третираме
материјалите, начинот на кој ги развиваме спојките и премините од еден елемент
на градбата во друг, како и прецизноста на деталите кон која се стремиме се
преразработени. Сакаат да користиме пообични компоненти и конструкции, не
сакаат толку да бараме од мајсторите и техничарите кои соработуваат со нас:
сакаат да градиме поевтино.
Кога мислам на квалитетот кој градбата би можела со текот на времето да
го произведе на назначената локација, за пет години или пет децении, кога ќе
размислам дека единствената значајна работа за луѓето кои ќе ја сретнат ќе биде
она што тие го гледаат, она кое е крајно изградено, не ми е тешко да пружам
отпор на желбите на нашите клиенти.

7 Повторно го посетив ходникот со нишата во надворешниот ѕид кој толку ми


се допадна и кој пробав претходно да го опишам. Веќе не бев сигурен дали подот
на нишата беше навистина на повисоко ниво од останатиот дел на ходникот. Не
беше. Ниту разликата во осветлувањето помеѓу нишата и ходникот беше толку

29
голема колку што јас се сеќавав и бев разочаран од здодевната светлина на
панелираниот ѕид.
Разликата помеѓу реалноста и моите спомени не ме изненади. Никогаш не
сум бил добар набљудувач, а и никогаш не сум сакал да бидам. Сакам да
восприемам чувства, да се движам во просторни ситуации и задоволен сум кога
можам да задржам некое чувство, силен општ впечаток од кој подоцна извлекувам
детали, како од слика и кога можам да се чудам што било тоа што го започнало
чувството на заштита, топлина, светлина или просторност што останало во моето
сеќавање. Кога вака гледам наназад, ми се чини невозможно да правам разлика
меѓу архитектурата и животот, помеѓу просторните ситуации и начинот на кој ги
искусувам. Дури и кога се концентрирам исклучиво на архитектурата и се
обидувам да разберам што сум видел, мојот поглед за неа резонира во она кое
сум го искусил, а со тоа боите кои сум ги забележал. И други спомени од слични
искуства се пробиваат навнатре, исто така, па сликите од поврзани архитектонски
ситуации се преклопуваат. Ништо чудно разликата во нивоата на подот на нишата
и ходникот да постоеше. Можеби некогаш постоела, па подоцна ја тргнале? Или,
можеби никогаш не била таму, можеби требало да ја направат, како подобрување
на собата?
Сега повторно се враќам во улогата која ја имам како архитект и уште
еднаш дознавам колку уживам да работам со моите стари страсти и слики и колку
тие ми помагаат да го пронајдам она што го барам.

30
Анализа на преводот

Размисли за архитектурата од Петер Цумтор досега не е преведена на


македонски јазик. Оригиналната верзија е издадена на германски јазик, па
преведена на англиски во 1998 година. Реиздадена е во 1999 година, што е
воедно и најновото реиздание.

Преведувањето на книгата е исклучително голем предизвик. Иако е


напишана со лесен, наративен стил и речиси не содржи метафори и алегории,
едноставноста, чистотата и строгоста на оригиналот не дозволуваат премногу да
се експериментира во преводот. Преведувањето на Размисли за архитектурата
навидум изгледа како едноставна задача, но тежината на овој превод доаѓа до
израз еднаш штом се навлезе во пренесување на значењето на македонски јазик
– постои голема можност едноставно напишаниот текст да стане едноличен и
здодевен, што е сосем спротивно на чувството кое се добива кога го читаме
оригиналот.

Еден од првите предизвици е обидот од почеток да се разберат насловот на


книгата и насловите или поднасловите на есеите и да се претпостави каков би
можел да биде преводниот еквивалент. Главниот наслов, Thinking Architecture,
содржи глаголски прилог и именка, па во буквален превод би гласел Мислејќи
архитектура. Иако ова можеби изгледа како добро решение, истото воопшто не
одговара со сижето на книгата. Моето решение е Размисли за архитектурата, но
не размисли како заповеден начин, туку множина од именката размисла, хомоним

31
на второ лице еднина, заповеден начин на глаголот размислува. Привидното
совпаѓање со заповедниот начин е намерно, затоа што постоеше можност
размисли да биде размислувања, што всушност претставува синоним. Се одлучив
за размисли поради тоа што насловот навидум е едноставен и јасен, но ако
читателот барем малку размисли, ќе види дека постојат повеќе значења на истиот
наслов; ова сосем се совпаѓа со духот на книгата, во која авторот користи
едноставен јазик за да ги пренесе неговите мисли за архитектурата кои, ако се
прочитаат внимателно, на читателот (архитектот) му даваат широко поле за
размислување.

Читајќи ја книгата, веднаш се чувствува нејзината поетичност, уште во


првиот поднаслов од првиот есеј: In search of the lost architecture. Иако делува
наивно и лесно, бара големо внимание. Според моето мислење, не треба да се
преведе како Во потрага по изгубената архитектура, од причина што
архитектурата не е изгубена; таа не може да се изгуби сама по себе, не може да
се персонифицира како поим, не може да исчезне. Во потрага по загубената
архитектура е подобро решение, затоа што таа е ЗАгубена, а не ИЗгубена и
постои можност да биде пронајдена. А авторот уште на почеток ни навестува дека
делото не смее да се сфати како негово мислење кое е конечно и кое тој ни
наредува да го прифатиме.

Уште еден интересен сличен пример е четвртиот поднаслов од првиот есеј


– For the silence of sleep. Првиот превод кој доаѓа на ум е За тишината на
спиењето, но ако се погледне последната реченица од последниот пасус во
рамки на овој поднаслов ќе видиме дека тој превод би бил погрешен. Имено, во
оригинал реченицата гласи:

(…) I do not think of it (architecture) primarily as either a message or a


symbol, but as an envelope and background for life which goes on in
and around it, a sensitive container for the rhythm of footsteps on the
floor, for the concentration of work, for the silence of sleep.

Преводот на целата реченица гласи вака:

32
(...) Не ја гледам (архитектурата) само како порака или симбол,
туку и како обвивка и позадина на животот кој се случува во и
околу неа, осетлив содржател на ритамот на чекорите по
подот, на концентрацијата на работата, на тишината на
сонот.

Гледаме дека писателот тука зборува за архитектурата како содржател на


нештата, како нешто (градба) коешто ги содржи сите елементи на животот и тие се
одвиваат во него. Така, смислата на For the silence of sleep од контекстот се
преведува како На тишината на спиењето и следствено на тоа поднасловот
гласи така. Во македонскиот јазик, именката сон во поетичен контекст се
поистоветува со спиење. Токму затоа спиењето е заменето со сонот, со што се
прави обид да се долови поетичната нота, а со тоа и страста за архитектурата во
изворниот текст на Цумтор.

Седмиот поднаслов на првиот есеј, Beyond the symbols, исто така е


навидум едноставен, но треба да се преведе со внимание. Beyond во превод
значи понатаму, преку, после, по, зад, над, надвор и така натаму. Го одбрав токму
преводниот еквивалент Зад симболите, а не после, преку или по затоа што
авторот во овој дел зборува за апстрактниот симболизам на нештата. Зад
симболите сметам дека е најдобро решение од причина што зад како прилошка
определба значи нешто да биде физички зад нешто друго, но нематеријалната
мистичност на поимањето дека нешто стои скриено зад нешто друго (симбол) и
истото треба да се открие, пронајде, сметам дека ја доловува смислата која
архитектот се обидува да ја пренесе.

Првиот есеј, напишан во 1988 година, на повеќе места содржи многу кратки
реченици, па дури и пасуси кои се состојат од една реченица. Во нив авторот
најчесто го дава заклучокот или некое негово формирано мислење. Преводот на
ваквите реченици мора да биде концизен и строг, токму онака како што се тие во
изворниот текст. Такви се следниве примери и нивните преводни еквиваленти:

33
“The human ability to invent melodies, harmonies and rhythms
amazes me.”
„Се восхитувам на способноста на човекот да измислува
мелодии, хармонии и ритми.“

Во овој случај се менува само редот на зборовите во реченицата, а времето


останува исто. Реченицата мора да остане строга.

“I love music. The slow movements of the Mozart piano concertos, John
Coltrane’s ballads, or the sound of the human voice in certain songs all
move me.”
„Ја сакам музиката. Ме трогнуваат бавните ставови на
Моцартовите концертите за пијано, баладите на Џон Колтрејн
или звукот на човечки глас во некои песни.“

Вториот есеј, Тврдокорноста на убавината, е напишан три години по


првиот, во 1991 година. Во него авторот користи повеќе филозофски дискурс,
презентирајќи ни ги искуствата поврзани со тоа како дошол до некои ставови.
Врши споредби на архитектонски концепти со поезија, сликарство и вајарство.
Тука се среќаваат подолги и посложени реченици, зашто авторот сака подетално
и поопширно да соопшти некој негов став. Следниве реченици и нивните преводни
еквиваленти се пример за тоа:

“And then I learned from the radio program that the poetry of William
Carlos Williams is based on the conviction that there are no ideas
except in the things themselves, and that the purpose of his art was to
direct his sensory perception to the world of things in order to make
them his own.”
„ И тогаш научив од радио-емисијата дека поезијата на Вилијам
Карлос Вилијамс произлегува од убедувањето дека идеите
постојат единствено во самите нешта и дека целта на
неговата уметност била да го насочи неговиот сетилен поглед
кон светот на нештата, за нив да ги направи свои.“

34
Следниов пример, кој е од истиот есеј, е особено интересен од причина што
авторот во него како да зборува сам со себе, како самиот себе си да си ги открива
заклучоците и мислењата во процесот на нивно запишување.

“What I heard appeals to me: not to wish to stir up emotions with


buildings, I think to myself, but to allow emotions to emerge, to be. And:
to remain close to the thing itself, close to the essence of the thing I
have to shape, confident hat if the building is conceived accurately
enough for its place and its function, it will develop its own strength,
with no need for artistic additions.”
„Тоа што го слушнав ми се допаѓа: да не се посакува со градбите
да се предизвикаат чувства, си мислам во себе, туку да им се
овозможи на чувствата да излезат, да бидат. И: да се остане
блиску до нештото, блиску до суштината на нештото кое
треба да го обликувам, уверен дека ако градбата се започне
доволно прецизно на местото и функцијата, таа ќе развие своја
сила, без потреба од уметнички додатоци.“

Во овој пасус мора да се задржи редоследот на речениците и да се започне


втората реченица на невообичаен начин, со сврзникот „И:“. Зашто првата
реченица содржи една мисла која и така веќе е долга, а втората само се
надоврзува на неа и авторот продолжува со филозофскиот дискурс. Редоследот
останува ист во насока на одржување на јасниот стил на писателот, кој избегнува
непотребно долги реченици.

Исто така, во вториот есеј авторот ги цитира првите две строфи од поемата „Букет
рози на сонце“ од, како што самиот го нарекува, „американскиот лиричар со тивко
размислување“, Волис Стивенс:

“Say that it is a crude effect, black reds,


Pink yellows, orange whites, too much as they are
To be anything else in the sunlight of the room.

35
Too much as they are to be changed by metaphor,
Too actual, things that in being real
Make any imaginings of them lesser things.”

Ова е нивниот преводен еквивалент:

„Речи дека е груб ефект, црни црвени,


Розеви жолти, портокалови бели, премногу ко што се
За да се нешто друго на сончевината во собата.

Премногу ко што се за метафора да ги смени,


Премногу вистински, нешта кои во вистинитоста
Сите замисли за нив ги прават помали нешта.“

Бидејќи се работи за модернистичка поема, таа е реалистична, но полна со


симболизам и метафори. Метафорите се директни, па затоа нивниот превод во
случајов е буквален.

Во третиот есеј авторот зборува исклучиво за неговите лични материјални и


сетилни искуства со архитектурата – но не како автобиографска приказна за
неговиот живот, туку начинот на којшто тој секојдневно ја доживува архитектурата.
Стилот е наративен, тонот повторно е поетичен – но сега може да се насети и
нота на меланхолија и чудење, особено во вториот дел, во кој авторот раскажува
свои седум кратки посети на, за него, значајни локации и објекти.

Очекувано, овој есеј содржи сложени реченици во кои авторот се обидува со


менување на редот на зборовите во реченицата да постигне строгост и да покаже
дека работите можеби не се токму такви какви што нам ни изгледаат. Следат
неколку примери:

“Sometimes they come to me unbidden, these images of places that


are frequently at first glance inappropriate or alien, images of places of
many different origins.”

36
„Понекогаш сликите од места кои често на прв поглед се
несоодветни или туѓи ми доаѓаат непоканети, слики од места
со многу различни потекла.“

Оваа реченица е особено интересна од причина што предметот (слики) во


оригиналниот текст се потенцира со промена на неговото место и одделување во
средината на реченицата. Доколку во македонскиот јазик би се направило истото,
реченицата би звучела неприродно и би се изгубил тонот полн со копнеж по
вистината за тоа што за него е убава архитектура, вистина која авторот упорно се
обидува да ја одгатне во овој есеј. А бидејќи за истите тие слики се зборува во
претходниот пасус, на македонски предметот доаѓа на почетокот од реченицата и
останува, наместо да се замени со тие (сликите). Со тоа се добива ефектот на
потенцирање.

“At other times I summon them. I need them, for it is only when I
confront and compare the essentials of different places, when I allow
similar, related or maybe alien elements to cast their light on the place
of my intervention that the focused, multifaceted image of the local
essence of the site emerges, a vision that reveals connections,
exposes lines of force and creates excitement.”
„Другпат ги повикувам сам. Потребни ми се, зашто само кога им
стојам лице в лице на неопходностите на различните места и
ги споредувам , кога допуштам сличните, поврзаните, па дури
можеби и туѓите елементи да ја фрлат нивната светлина на
местото на мојата интервенција, се појавува фокусираната,
повеќеизразна слика на локалната неопходност на локацијата,
визија која прикажува врски, открива линии на сила и создава
возбуда.“

Авторот и овде продолжува да зборува за истите тие слики, но сега се служи со


сложена реченица во која на почетокот ги споменува со помош на лична заменка
(во контекст на претходниот текст), а потоа со помош на парадоксално
обаснување за различноста на сликите го потенцира процесот на добивање на

37
истите. Фразата “it is only when (…) that the (…)” вообичаено не функционира на
македонски јазик, т.е. буквалниот превод на истата се избегнува. Сепак, во
случајов, поради комплексноста и испрекинатоста на мислата, преводот на оваа
фраза е функционален и се врши со на следниов начин: „само кога (...) + глаголот
се појавува“.

Во последниот дел од третиот есеј, кој е воедно и последен во делот од преводот


на книгата кој е предмет на анализата на оваа дипломска работа, поставени се
вкупно седум кратки ситуации за доживеаните искуства на авторот со посетување
на седум различни локации. Поднасловот на тој дел неслучајно е согледувања;
согледувања затоа што тоа не се само напишани белешки на писателот кои ги
направил при неговите патувања, туку тие ги содржат идеите кои произлегуваат
од искуствата од она што го согледал (видел). Ситуациите се многу описни,
содржат богат вокабулар, особено во архитектонски термини. Овој дел од книгата
ги содржи најголемиот дел од техничките изрази од архитектонскиот жаргон. Така,
имаме реченици како што е следнава:

“Entering through the narrow porch, which, as it turned out, was built
from the inside out behind the main door like a wooden shed, we found
ourselves in a large, high-ceilinged, hall-like room, its walls and ceiling
lined with dark, matt, gleaming wood: regularly placed frames and
panels, wainscoting, cornices, indented joists resting on brackets with
ornamental scrolls.”
„Влегувајќи преку тесниот трем кој, како што подоцна дознавме,
бил изграден однатре, зад главната врата, како дрвена колиба,
се најдовме во голема просторија, како ходник, со високи тавани,
чии ѕидови и таван беа порабени со темно, мат, светкаво дрво:
правилно поставени рамки и панели, ламперија, корнизи,
вовлечени греди кои се потпираа на конзоли со украсни свитоци.“

Освен терминолошкиот предизвик, во оваа реченица мораше да се внимава со


минатото време, кое, во македонскиот јазик е во извесен поглед покомплексо од
она со кое се служи авторот на изворниот текст. Имено, замената на беше со бил

38
во контекст на тремот е со цел да се добие минато неопределено свршено време,
со што преводот станува попрецизен (авторот не дава информации за тоа кога
тремот бил изграден: напротив, тој ни укажува дека дури подоцна разбрале како
бил изграден, но не и за времето на неговото градење, што само по себе укажува
на неговото знаење за истото). Во вториот дел од реченицата се продолжува со
минато определено свршено време, затоа што авторот раскажува за одредени
елементи во просторијата за кои тој се сеќава дека биле обложени со дрво, а не
за процесот на нивно обложување.

“The idea is the following: a long, narrow block of basalt stone


projecting a good three storeys out of the ground. The block is hollowed
out on all sides until only a long middle rib and a number of transverse,
horizontal ribs remain.”

„Замислата е следнава: долг, тесен блок од базалтен камен кој


излегува добри три ката од земјата. Блокот се делка од сите
страни, додека не останат само долго средно ребро и повеќе
попречни, хоризонтални ребра.“

Овие две реченици се дел од шестата ситуација, во којашто авторот користи


многу неформален јазик кој изобилува со фразални зборови и архаизми. Така, во
преводот на hollowed out се користи делка како архаизам, наместо издлабува или
длаби.

“The difference between the floor levels of the niche and the hall could
well have existed.”
„Ништо чудно разликата во нивоата на подот на нишата и
ходникот да постоеше.“

Овде авторот повторно користи засилувач на дејството за да се добие


драматичен и поетски ефект. Таква е фразата “could well have” во контекст на
постоењето на висинска разлика. Тоа во македонскиот преводен еквивалент е
решено со „ништо чудно“, како неформален засилувач.

39
Заклучок

Одговорноста која доаѓа со процесот на преведување на вакви значајни


дела е многу голема. Таа е уште поголема ако постои недостиг на слична
литература на целниот јазик. Тогаш, преведувањето влегува во сосема нова
димензија: од процес на пренесување на мислата од еден во друг јазик, станува
процес на повторно создавање на нови стручни и културни гледишта на
читателите, особено затоа што се работи за архитектура, поле кое е во постојан
допир со уметностите.
Техничките преводи на значајни архитектонски дела се голем предизвик
поради терминолошките јазови. Тие во одредени случаи создаваат неизбежност
од описни решенија. Мое мислење е дека немањето желба или храброст да се
отпочне ваков значаен процес го создава недостигот на зборови од некоја област,
а не недостигот сам по себе.
Јазикот како жива материја постојано се менува. Тој се менува ако подлежи
на културолошки и терминолошки влијанија. Но, она што е исклучително важно и
што треба да ја разбуди свеста кај говорителите на еден јазик е фактот дека
јазикот уште повеќе се менува без културолошките и терминолошките влијанија –
постои голем ризик од деградација, што на крајот единствено може да ги уназади
научните процеси и напредокот, особено кога се работи за стручна терминологија
и за осетливо поле како архитектурата.
Овој мој обид за придонес е искрен и неоптоварен со притисокот од
индустријализација на преведувањето, со кој преведувачите постојано се
соочуваат во Република Македонија. Резултатот, се надевам, е токму таков –
искрен и храбар превод, кој не би бил ништо доколку потребата и недостигот не
налагаат исчекорување нанапред.

40
Англиско-македонски поимник

Architecture - Архитектура

1: the art or science of building; specifically : the art or practice of designing and


building structures and especially habitable ones

2 a : formation or construction resulting from or as if from a conscious


act <the architecture of the garden>
b : a unifying or coherent form or structure <the novel lacksarchitecture>

Building – Зграда, градба, објект

1: a usually roofed and walled structure BUILT for permanent use (as for a dwelling)

2: the art or business of assembling materials into a structure

Tangibility – Опипливост
1: capable of being perceived especially by the sense of touch

Disruption – Нарушување

1 a : to break apart

b : to throw into disorder <agitators trying to disrupt the meeting>

2: to interrupt the normal course or unity of

41
Craftsmen (pl. of craftsman) – занаетчии

1: a worker who practices a trade or handicraft

2: one who creates or performs with skill or dexterity especially in the manual
arts <jewelry made by Europeancraftsmen>

Musing (present part. of v. muse) – размислување


1. Contemplation; meditation.
2. A product of contemplation; a thought.

Movements (piano concert) – ставови

1: Music A self-contained section of an extended composition.

Portrayals – прикази

1: The act or process of depicting or portraying.


2: A representation or description.

Design drawing (architecture) – Проектни цртежи


- Design: to draw the plans for <design a building> - Проектира
- Drawing: the art or technique of representing an object or outlining a figure, plan, or
sketch by means of lines

Inessentials – непотребности
1: having no essence

2: not essential

Chinks – пукнатини
1: A narrow opening or crack, typically one that admits light

42
Joints and joins - спојки и поврзувања, врски
- Joint: 1: the place at which two things, or separate parts of one thing, are joined or
united, either rigidly or in such a way as to permit motion; juncture.
2: a connection between pieces of wood, metal, or the like, often reinforced
with nails, screws or glue.
- Joins: 1: to bring in contact, connect or bring or put together: to join hands; to join
pages with a staple.
2: to come in contact or union with.

Installations – инсталации

1: a work of art that usually consists of multiple components often in mixed media and
that is exhibited in a usually large space in an arrangement specified by the artist

Fractionated – раздробен
1: separated or divided into component parts, fragments, divisions etc.

Arbitrariness – своеволие
1: a: based on or determined by individual preference or convenience rather than by
necessity or the intrinsic nature of something
b: existing or coming about seemingly at random or by chance or as a capricious
and unreasonable act of will

Self-evident – самоочигледен
1: : evident in itself without proof, reasoning or demonstration

Faculties – способност
1:an ability, natural or acquired, for a particular kind of action:a faculty for making frien
ds easily.

2:one of the powers of the mind, as memory, reason, orspeech: Though very sick, he i
s in full possession of all hisfaculties.

3:an inherent capability of the body: the faculties of sight andhearing.

43
Unacquisitive – без страдност

1: Acquisitive (adj) – tending or seeking to acquire an own, often greedily; eager to get
wealth, possessions, etc.

Working drawings – Изведбени цртежи

1: a type of technical drawing, which is part of the documentation needed to build


an engineering product or architecture; these drawings show all necessary data
to manufacture a given object, such as dimensions and angles.

Endow – подари

1: : to furnish with an income; especially : to make a grant of money providing for the
continuing support or maintenance of <endow a hospital>

2: to furnish with a dower

3: to provide with something freely or naturally <endowedwith a good sense of humor>

Interplay – сооднос

1: reciprocal relationship, action or influence: <the interplay of plot and character>

Uninventable – незамисливо

1: unable to originate or be created as a product of one’s own ingenuity,


experimentation or contrivance.

2: impossible to produce or create with the imagination

44
Stifling – задушувачки

1: characterized with the deprivation of oxygen

2: to be cut off (voice or breath)

Pedantic – дребничаво

1: of, relating to, or being a pedant (a: one who makes a show of knowledge; b: one
who is unimaginative or who unduly emphasizes minutiae in the presentation or use of
knowledge; c: a formalist or precisionist in teaching;)

2: narrowly, stodgily, and often ostentatiously learned

Exhortation – наговарање

1: language intended to incite and encourage

2: an utterance, discourse, or address conveying urgent advice or recommendations.

Preconceived – однапред замислено

1: To form (an opinion, for example) before possessing full or adequate knowledge or
experience

Inherent – неразделив

1: existing in someone or something as a permanent and inseparable element, quality


or attribute: an inherent distrust of strangers.

45
Corporeal – телесна

1: having, consisting of, or relating to a physical material body: as

a : not spiritual

b : not immaterial or intangible

Cognizance – познавање

1: awareness, realization, or knowledge; notice; perception: The guests took


cognizance of the snide remark.

Unadulterated – невини

1: not diluted or made impure by adulterating;  pure:unadulterated maple syrup.

Unceasingly – без престан

1: not ceasing or stopping; continuous:

Constituent – составни

1: serving to compose or make up a thing; component: theconstituent parts of a motor.

Receptivity – восприемливост

1: Capable of or qualified for receiving.


2: Ready or willing to receive favorably: receptive to their proposals.

46
Resonance – звучност

1: a: the intensification and enriching of a musical tone by supplementary vibration

b: a quality imparted to voiced sounds by vibration in anatomical resonating chambers


or cavities (as the mouth or the nasal cavity)

c: a quality of richness or variety

d: a quality of evoking response <how much resonance the scandal seems to be having


— United States News & World Report>

Composure – спокојност

1: a calmness or repose especially of mind, bearing, or appearance

Consternation – вџашеност

1: a sudden, alarming amazement or dread that results in utterconfusion; dismay.

Kindle – блеснува

1: a. To build or fuel (a fire).


b. To set fire to; ignite.

2: To cause to glow; light up: The sunset kindled the skies.


3: To catch fire; burst into flame.
2: To become bright; glow.

Foothills – предгорја

1: a hill at the foot of higher hills


2: plural : a hilly region at the base of a mountain range

Vicinity – блискост

1: The state of being near in space or relationship; proximity: two restaurants in close


vicinity.
2: A nearby, surrounding, or adjoining region; a neighborhood.

47
Plumb – нурнува

1: measure the depth of something


3: examine thoroughly and in great depth

Unbidden – непоканет

1: not bidden : UNASKED, UNINVITED 

Alien – туѓи

1: rеsiding under a government or in a country other than thatof one's birth without
having or obtaining the status ofcitizenship there.

2: unlike one's own; strange; not belonging to one

Summon – повикува

1: to call upon to do something specified.

2: to call for the presence of, as by command, message, orsignal; call.

3: to call or notify to appear at a specified place, especiallybefore a court

Multifaceted – повеќелични

1: Having many facets or aspects.

Imbued – исполнето

1: to permeate or influence as if by dyeing <the spirit thatimbues the new constitution>


2: to tinge or dye deeply

48
Pinpoint – укажува

1: to locate or describe exactly or precisely: to pinpoint theproblem.

Splendor – раскошност

1: brilliant or gorgeous appearance, coloring, etc.;magnificence: the splendor of the pa-
lace.

2: an instance or display of imposing pomp or grandeur: thesplendor of the coronation.

3: grandeur; glory; brilliant distinction: the splendor of ancientGreek architecture.

4: great brightness; brilliant light or luster.

Inviting – примамлив

1: ATTRACTIVE, TEMPTING

Clinged – прицврстен

1:  a: to hold together


b: to adhere as if glued firmlyc : to hold or hold on tightly or tenaciously
2: a: to have a strong emotional attachment or dependence
b: to remain or linger as if resisting complete dissipation or dispersal

Projecting – издадени

1: to throw or cast forward : THRUST

2: to put or set forth : present for consideration

3: to display outwardly especially to an audience

49
Sunlight – сончевина

1: the light of the sun: SUNSHINE

Porch – трем

1: A covered shelter projecting in front of the entrance of a


building.
2: A veranda.

Wainscoting – ламперија

1: Wooden paneling that lines the lower part of the walls of a room.

2: Material for such paneling.

Cornices – корнизи

Architecture:

1:a.any prominent, continuous, horizontally projectingfeature surmounting a 
wall or other construction, ordividing it horizontally for compositional purposes.

b.the uppermost member of a classical entablature,consisting of a bed mol-
ding, a corona, and a cymatium,with rows of dentils, modillions, etc., often placed
between the bed molding and the corona.

2:any of various other ornamental horizontal moldings orbands, as for concealing hooks 
or rods from  which curtainsare hung or for supporting picture hooks.

Indented – вовлечени

1: to set (as a line of a paragraph) in from the margin

50
Brackets – конзоли

1: an overhanging member that projects from a structure (as a wall) and is usually
designed to support a vertical load or to strengthen an angle
2: a fixture (as for holding a lamp) projecting from a wall or column

Occasioned – поради

1: To provide occasion for; cause

Expanse – пространство

1: great extent of something spread out <an expanse of calm ocean>

Considerateness – обзир

1: marked by or given to careful consideration : CIRCUMSPECT

2: thoughtful of the rights and feelings of others

51
Библиографија

1. Thinking Architecture, July 1 1998; Zumthor, Peter; Birkhäuser Verlag, Boston


2. Merriam-Webster Dictionary, 2003, G&C Merriam Company
3. The American Heritage Dictionary of the English Language, Fifth Edition, 2006,
Houghton Mifflin Company, USA
4. The Concise Oxford Dictionary, 2009, Luxury Edition, 11th edition, revised 2009,
Oxford University Press
5. Longman Dictionary of Contemporary English, 2003, Longman Pearson
Education
6. Collins English Dictionary, 2002, HarperCollins
7. Oxford English Dictionary, 1997, Oxford University Press
8. Англиско-македонски речник, 1994, Култура, Скопје
9. Речник на македонскиот јазик, 2005; Мургоски, Зозе
10. Правописен речник на македонскиот јазик, 1999; Конески, Кирил
11. Translation in systems: Descriptive and System-oriented Approaches Explained,
1999; Hermans, Theo; St. Jerome Publishing, Manchester, UK

Речници на интернет:

1. Merriam-Webster Online dictionary (http://www.merriam-webster.com/)


2. Cambridge Dictionaries Online (http://dictionary.cambridge.org/_
3. Oxford Online Dictionaries (http://oxforddictionaries.com/)
4. Macmillan Online Dictionary (http://www.macmillandictionary.com/)
5. Chambers Online Dictionary (http://www.chambersharrap.co.uk)
6. dictionary.com (http://dictionary.reference.com/)
7. thesaurus.com (http://thesaurus.com/)
8. The Free Online Dictionary (http://www.thefreedictionary.com/)
9. Дигитален речник на македонскиот јазик (http://www.makedonski.info/)
10. Wiktionary (http://en.wiktionary.org/wiki/Wiktionary:Main_Page)

52

You might also like