Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 8

УПАТСТВО ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТ

за компаниите корисници на средства од Фондот за иновации и


технолошки развој
(Насоки и регулатива за компаниите партнери кои ги спроведуваат проектите)

Скопје, декември 2019 година

1
СОДРЖИНА

1. Вовед ....................................................................................................................3

2. План за транспарентност и комуникација со јавност …………………………………....3

2.1 Обврски и елементи


2.2 Брендирање
2.3 Целни групи
2.4 Буџет за спроведување на План за транспарентност и
комуникација со јавноста

3. Имплементација на План за транспарентност и комуникација со јавност …..........6

3.1 Онлајн комуникација и транспарентност/веб страна/социјални


медиуми
3.2 Настапи/извештаи во медиуми/видео стории/брошури и друга
продукција
3.3 Прес соопштенија и медиуми/Прес конференции
3.4 Возила/опрема/згради

4. Исклучок ...............................................................................................................8

2
1. ВОВЕД

Транспарентноста, отчетноста и двонасочната комуникација се основен императив во


функционирањето и дејствувањето на Фондот за иновации и технолошки развој (во
понатамошниот текст Фондот). За таа цел, Фондот, како и сите други
компании/организации корисници на средства од било која од Програмите на Фондот
се задолжени да ја информираат јавноста за активностите и резултатите во текот на
реализацијата и по завршувањето на нивните проекти.

Овие Проекти се финансирани со јавни средства, односно од Буџетот на Република


Северна Македонија.

Со ефективна комуникација на самиот процес и ефектите од истиот, помага да се


подигне свеста за придобивките за економијата, но и општеството, како и да се
обезбеди целосна транспаретност и одговорност во користењето на јавните средства.
Ова Упатство е алатка за остварување на овие цели.

Содржината на Упатството е обврзувачка за сите корисници на кои им е доделена


финансиска поддршка согласно Инструментите за поддршка на Фондот.

2. ПЛАН ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТ

2.1 Обврски и елементи

Корисникот на средства за кофинансирање е обврзан да подготви:

 План за транспарентност и комуникација со јавноста, кој се доставува во


електронска форма до Фондот, заедно со останатите документи при
аплицирање на јавен повик објавен од страна на Фондот.
При изготвување на Планот потребно е да се следи комбиниран пристап,
односно да се опфатат различни типови на промотивни активности и
различни канали на комуникација во текот на целата реализација на
Проектот.

За проектите за кои корисниците имаат склучено Договори за доделување


средства преку Инструментите за поддршка на Фондот, пред ноември
2019 година, истите се обврзани да ги почитуваат одредбите од Договорот
со кои се уредени обврските на корисникот. Согласно Договорот, а со цел
следење на исполнувањето на обврските, корисникот треба да достави

3
План до Фондот во согласност со ова Упатство, најдоцна 30 дена од
добивањето на официјално известување од страна на Фондот.

(Прилог 1 - План за транспарентност и комуникација со јавност)

 Квартален извештај за транспарентност и комуникација со јавност, во


согласност со доставениот План за транспарентност и комуникација со
јавноста, вклучително и медиумски настапи и активности на социјалните
медиуми.
Извештајот се доставува до Фондот, усогласено со испраќањето на
останатите квартални извештаи, кои корисникот има обврска да ги
достави најдоцна 14 дена по завршување на кварталот, а кога станува
збор за завршен извештај истиот треба да се достави во рок од 60 дена од
завршување на проекот.

Оваа обврска важи и за проектите за кои корисниците имаат склучено


Договори за доделување средства преку Инструментите за поддршка на
Фондот, пред ноември 2019 година.

(Прилог 2 - Квартален извештај за транспарентност и комуникација со


јавност)

Со доставување на Планот за транспарентност и комуникација со јавноста задолжително


се наведува контакт лице од корисникот, кое ќе биде задолжено за комуникација со
Фондот.

Дополнително, во рамки на Планот за транспарентност и комуникација со јавноста треба


да се наведе и:

1. Веб страните кои корисникот ги има – Покрај веб страната на


компанијата/организацијата, Ве молиме наведете и доколку имате и посебни
веб страни за Проектот кој е финансиран од Фондот;

2. Страните и каналите кои ги користите на социјалните медиуми - Покрај


социјалните медиуми на компанијата/организацијата, Ве молиме наведете и
доколку користите посебни канали и страни на социјалните медиуми за Проектот
кој е финансиран од Фондот.

Планот за транспарентност и комуникација со јавноста треба да ги содржи следниве


елементи:

4
 јасна комуникациска цел;
 добро дефинирана целна публика;
 клучни пораки;
 план за комуникација/објавување;
 сооветни канали за комуникација;
 индикатори за набљудување и проценка на успехот и опфатот активностите за
транспарентност и комуникација со јавноста; и
 да користат точни информации и факти.

Планот за транспарентност и комуникација со јавноста треба да содржи точно


одредени активности и да го покрива целиот период на имплементација на
проектот, со цел да се постигне максимално влијание. Сите активности треба да
бидат во согласност со наведените критериуми за транспарентност и комуникација.

2.2 Брендирање

При комуникација на проектите и резултатите од истите треба јасно да е назначено дека


“Проектот е поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој“, заедно со логото на
Фондот. Истите правила важат и во однос на секоја писмена комуникација/соопштение
во која се користи логото (повеќе детали поглавје 3).

При поставување/позиционирање на логото на Фондот, корисникот задолжително


треба да се советува со Фондот и истото да биде одобрено.

За активности кои не се предвидени во Планот за транспарентност и комуникација со


јавност, а во врска со проектот, корисникот задолжително треба да побара согласност
од Фондот за користење на логото.

2.3 Целни групи

Идентификување на целната публика е клучно за успешна комуникација. Плановите за


транспарентност и комуникација со јавноста треба јасно да ја идентификуваат целната
публика на која ќе и се претстават мерките и резултатите од финансиската поддршка на
Фондот. Таа треба да вклучува директни (компании) и индиректни корисници (општа
јавност, млади итн.) на спроведените активности.

2.4 Буџет за спроведување на План за транспарентност и комуникација со


јавноста

Корисникот може да предвиди и посебна ставка во буџетот на проектот за реализација


на планот за транспарентност и комуникација со јавноста, доколку е во согласност со
одредбите за подобните трошоци од Инструментот за кој аплицира.

5
За проектите за кои корисниците имаат склучено Договори за доделување на средства
преку Инструментите за поддршка на Фондот, отворена е можноста да се предвиди
соодветна ре-алокација на буџетите, со цел издвојување на средства за реализација на
Планот за транспарентност и комуникација со јавноста. Постапката за измена на буџет
треба да се направи по претходно добиено одобрување во согласно со одредбите на
Правилникот.

3. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПЛАНОТ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И


КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТ

Корисникот обезбедува редовни и навремени информации во однос на активностите на


проектот, неговите цели и резултати. Содржината на информациите е определена и од
потребата за заштита на одредени аспекти од проектот (производот, услугата, процесот)
што се предмет на заштита на интелектуална сопственост.

Прашањата од трети лица (медиуми, организации, компании и/или граѓани) имаат


приоритет при постапување односно давање на соодветен одговор/информација. Во
случај на упатување на прашања директно до корисникот на средства, истиот има
обврска веднаш да го информира Фондот. Во најбрз можен рок, Фондот ќе достави до
корисникот соодветни насоки за подготовка на одговорот, во духот на транспарентност
и заштита на интегритетот на институцијата и корисниците.

На покана на Фондот, корисникот задолжително треба да земе учество во сите јавни


настани (саеми, отворени денови, презентации итн) организирани од Фондот или
негови партнери, за презентација на програмите и проектите и да обезбеди соодветни
информации за реализирани активности и остварени резултати.

3.1 Онлајн комуникација и транспарентност/веб страна/социјални


медиуми

Корисникот е обврзан да споделува информации и резултати поврзани со проектот на


својата веб страна, како и на официјалните профили на социјалните медими.

Задолжително да се нагласи дека „Проектот е поддржан од Фондот за иновации и


технолошки развој„ и да се „тагне„ означи официјалниот профил на Фондот.

Објавите во медиумите како и билтени, брошури и други печатени материјали


(вклучувајќи написи од весници, списанија и објавувања) треба да бидат дистрибуирани
и во електронска форма на веб-страниците, и дистрибуирани преку социјални медиуми,
е-пошта, итн.

6
3.2 Прес соопштенија и медиуми/Прес конференции

При подготовка на прес соопштенија за медиуми како и прес конференции поврзани со


проектот, неговата имплементација или резултати, корисникот претходно ќе се
советува/координира со Фондот, со цел истите да бидат презентирани во духот на
транспарентност и заштита на интегритетот на институцијата и корисниците.

3.3 Настапи/извештаи во медиуми/видео стории/брошури и друга


продукција

При учество на јавни манифестации за презентација/саеми/посети и сл. корисникот е


обврзан на сите печатени материјали (лифлети/брошури/банери/презентации и др.) да
го стави официјалното лого на Фондот (за користењето на лого и слогани видете секција
брендирање).

Во јавната презентација задолжително треба да се нагласи дека проектот е подржан од


Фондот.

Логото на Фондот мора да биде видливо прикажано на материјалите, како и во онлајн


комуникацијата, со цел луѓето кои присуствуваат на вакви настани да бидат запознаени
за финансиската поддршка од Фондот.

Аудио-визуелниот и печатен материјал мора да бидат подготвени во согласност со


критериумите за соодветна транспарентност и комуникација со јавноста утврдени во
ова Упатство. Истите треба да бидат изработени во согласност со општо признати
стандарди и најдобри практики во односното поле.

Аудиовизуелните материјали (пр. реклами) пред да бидат прикажани или емитувани


треба да бидат предходно одобрени од страна на Фондот.

Фондот има право да ги користи или репродуцира сите аудио-визуелни и фотографски


материјали направени за промоција на проектот.

Печатените материјали мора да ги исполнуваат критериумите за соодветна


транспарентност и комуникација со јавноста утврдени во ова Упатство.

Банери – Доколку Фондот е единствениот финансиски партнер кој ја поддржува


активноста, логото на Фондот треба да биде поставено на видливо место. Онаму каде
ќе има повеќе донатори/кофинансиери логото на Фондот треба да биде сразмерно
истакнато како оние на другите финансиски партнери, а позиционирањето на
амблемите на банерот мора да се утврди во договор со сите партнери и донатори.

Возила/опрема/згради - На возило/опремата купени со финансиски средства од Фондот


или објект во кој се спроведува проектот, на истите мора да биде поставена табла или
налепница и тоа во највидливиот дел од структурата (пр. главниот влез или пред

7
зградата) или на самата машина/производ/возило. На информативната
табла/налепница мора јасно да пишува „Проектот е поддржан од Фонд за иновации и
технолошки развој„ и да го содржи логото на Фондот.

Димензиите треба да се утврдат поединечно во зависност од големината на објектот


односно опремата.

4. ИСКЛУЧОК
Во случај на барања за исклучок од стандардните обврски поврзани со Планот за
транспарентност и комуникација со јавност, исклучокот се определува од случај до
случај.

Секој таков исклучок мора да биде соодветно оправдан и да има претходна согласност
од страна на Фондот.

Опсегот на исклучок треба да биде специфициран во секој случај: изземање од


барањата за транспарентност во областа не значи автоматски ослободување од други
видови на стандардна транспарентност.

You might also like