Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

33 ПРАВИЛА

КАКО ДА ЧИТАТЕ И ДА НАПИШЕТЕ ОСВРТ НА


ФИЛОСОФСКИ ТЕКСТ/ДЕЛО

1. Прочитајте го текстот/книгата/делото
2. Прочитајте го уште еднаш
3. Ако пак не ви е доволно јасно, нема ништо да загубите ако го
прочитате уште еднаш
4. Силно трудете се да се внесете, да бидете „во“ текстот – не грижете
се, текстот „не каса“, дозволете му да ве „фати“
5. Додека читате, обидете се да ги најдете клучните поенти –
пршлените на р`бетот на текстот околу кој се гради нарацијата – и
подвлекувајте ги
6. Понекогаш текстот има една главна хипотеза и неколку помошни –
обидете се да ги пронајдете и издвоите: тие се патоказот на текстот
7. Но, внимавајте да го одвоите суштинското од несуштинското.
Понекогаш, особено философите, прават големи дигресии, со цел
подобро да ја објаснат главната поента, имајте на ум дека и вие
треба да ја фатите главната поента на текстот и дека дикресиите се
тука да ви помогнат, не да ве заведат
8. Фаќајте белешки на страна со цитати од самиот текст, но и ваши
коментари на истиот; „што на ум, тоа на друм“: во оваа фаза не
плашете се, сè што ќе ви текне на ум да го ставите на хартија, ова не
е финалната верзија и овие белешки ќе си ги знаете само вие
9. Секој нејасен термин на кој ќе наидете обавезно разјаснете си го:
интернет и компјутерите можат освен за Фејсбук да послужат и за
тоа
10. Но, понекогаш дури и разјаснувањето на терминологијата со
помош на етимологијата не е од полза, затоа што теоретичарите,
особено философите, измислуваат нови зборови, или старите ги
ставаат во нов контекст. Во таков случај – разговарајте со
професорот
11. Секое име на автор (философ, теоретичар, научник) кое прв пат го
среќавате „изгуглајте го“ и прочитајте нешто повеќе за него;
сигурно не е бадијала споменат во текстот
12. Ако одреден дел од текстот не ви е јасен и после третото, четвртото
читање, сосема сигурно ќе треба да го проширите знаењето за тој
дел, затоа што веројатно тој дел е контекстуализиран во некоја
теорија која вам не ви е позната. Затоа, повторно со помош на
интернет, библиотека, пријатели, професор-ка, разјаснете си го
контекстот
13. Не плашете се дека ќе прочитате „повеќе отколку што треба“ –
дозволете си текстот што ви е даден за анализа да ве однесе на друг
текст, на трет, на петти... Оти и тој текст што го читате не е „паднат
од небо“и тој има „пред-текстови“ на кои се реферира, затоа и
самите „сурфнете“ по други текстови. Само така ќе го разберете
подобро, а и ќе научите нешто повеќе
14. Дотука, текстот веројатно ќе ви станува сè појасен и појасен. Не го
испуштајте овој миг – почнете да фаќате интензивно белешки за
идеите што ви се раѓаат и полека да истите да ги структурирате
15. Во правило бр. 4 рековме дека кога читате треба да сте „во“ текстот.
Но, сега сте во фаза на интензивно фаќање белешки и ваше
авторство, а тоа значи дека во оваа состојба веќе треба да сте „над“
текстот – го анализирате, значи го гледате одозгора, од една
критичка дистанца која ќе ви овозможи да судите правилно
16. Продолжете да гледате одозгора – да видите на која страна авторот
што пишува, за што пишува и како пишува
17. Секој осврт на прочитаниот текст треба да има структура: што сте
прочитале, за што се работи, како авторот аргументира и што
заклучува. Така и вашиот осврт треба да има вовед, средишен дел и
заклучок
18. Но, кога ќе пристапите кон првичното пишување не грижете се за
структурата – со неа ќе се расправате подоцна
19. Сите првични белешки што сте ги фаќале при читањето,
размислувањето и рефлексијата врз текстот, сега почнете да ги
ставате во еден среден и структуриран текст – отворете word –
документ, именувајте го, ставете наслов на есејот и почнете
20. Не препишувајте од изворниот текст!
21. Кога се реферирате на изворниот текст секогаш или цитирајте или
парафразирајте, коректно упатувајќи на страната, пасусот
22. Започнете со фрази кои на читателот ќе му разјаснат што сте
читале: „во овој текст авторот“, „зборува за односот меѓу тоа и тоа“,
„предмет на трудот“, „се осврнува на тој и тој проблем“ „во текстот
се разгледува тој пробем“ „зборува за истражување направено за
тоа и тоа“и т.н.
23. Продолжете со анализата да покажете како авторот го структурира
текстот: „во првиот дел тври“, „во вториот се повикува на“, „во
третиот заклучува“„при тоа авторот тврди“, „тој вели“, „главната
идеја му е дека“, „тоа го аргументира со“, „мисли дека“ и сл.
24. Не заборавајте да продолжите да гледате одозгора – вие не сте
автор на текстот што го анализирате, вие сте автор на анализата
25. Не трупајте сè од изворниот текст во вашата анализа – селектирајте
што е главно, што е помошно. Во правило бр. 7 при читањето на
текстот рековме да внимавате на дигресиите – епа и овде
внимавајте во вашата анализа да не натрупате еден куп
непотребни дигресии кои авторот ги ставил само да ја илустрира
главната поента
26. Полека приведувајте ја анализата кон заклучокот
27. Покажете како авторот на текстот заклучува: „авторот заклучува“,
„на крајот тврди“, „во заклучок на претходно изнесеното“, „ова
прашање го остава отворено“ и т.н.
28. И на крајот и самите заклучете: „мислам дека“, „авторот убаво
кажал“, „сметам дека“...и т.н.
29. Откако добро ќе го сфатите текстот не плашете се да не се
согласите со авторот. Но, само кога добро ќе сте го анализирале
претходно текстот и ќе го владеете – оти не може да не се
согласувате со нешто што не сте го разбрале
30. Вашите лични ставови не само што не се грев, туку се и пожелни
31. Најдобро би било истите да ги сумирате во крајот на анализата,
како ваш заклучок од прочитаното
32. Сепак, чувствувајте се слободни вашите лични коментари, ставови
да ги има низ целиот текст. Тоа би било идеално, оти тоа говори
дека одлично сте го разбрале не само текстот, туку и целата област
во која тој текст е втемелен
33. Внимателно прочитајте го ова упатство, но не секогаш ќе ги
препознаете истите фази при читањето и анализата на
философски текст – пред вас можеби ќе се појават нови или овие ќе
бидат модифицирани. Имајте на ум дека ова е само рамка – секој
од нас има различни когнитивни процеси

You might also like