Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Под куќен ред се подразбираат правила на однесување на сопствениците, односно
корисниците на становите и други посебни делови на зградата, заеднички делови на зградата и
заеднички уреди и инсталации во зградата, како и други прашања со кои се обезбедува мирно и
непречено користење на становите и другите посебни делови на зградата.

Член 2
За спроведување на куќниот ред се грижат сопствениците, односно корисниците на
становите и други посебни делови на зградата.

Член 3
Како станар се сметаат сопствениците на становите кои живеат во зградата, закупецот на
станот, потстанар како и членови на нивните семејни домаќинства.
Како станари се сметаат и сопствениците, односно закупци на деловните простории како и
лицата кои се вработени во тие простории.

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

Член 3
Зедничките уреди во зградата станарите се должни да ги користат со посебно внимание и
да ги чуваат од оштетување и дефект.
Станарите се должни заедничките простории и уреди после секоја употреба да ги исчистат
и доведат во претходната состојба и да клучот од тие простории го вратат на председателот.

Член 4
Станарот може да ги поставува натписите и рекламите на вратата од станот доколку врши
дејност во согласност со важечките прописи.
По иселувањето и/или престанок на вршењето на дејноста, станарот е должен да
поставените натписи и реклами ги тргне и просторот каде биле поставени го доводе во исправна
состојба.

Член 5
Во зградата мора да постои ажуриран список на станари за што се грижи Председателот
на Заедницата.

Член 6
Заедничките простории во зградата (скалишта, ходници, подрум, таван и слично) и
просторот кој му припаѓа на зградата служи за потребите на сите станари и се користат во
согласнот со нивната намена.
Заедничките простории може да се издаваат само со одлука на Заедницата на
сопствениците.
Во заедничките простории забрането е да се држат други работи освен оние кои се
потребни за наменското користење на тие простории.

Член 7
Заедницата на станарите одредува кои заеднички простории, како и по кој распоред ке се
користат.

Член 8
Станарите се должни да ја одржуваат хигиената во влезот, скалите, заедничките ходници
на зградата и да овозможат непречено и слободно движење низ нив.

Член 9
На лоџиите и балконите се забранува држење на работи кои го нагрдуваат
изгледот на зградата, како и држење на необезбедени саксии со цвеке и други предмети кои со
паѓање може да повредат, оштетат или го извалкаат минувачот или возилото под нив.
Член 10
Управителот/Председателот (на заедницата на станарите) и Сметководителот/благајникот
се грижат за редовна контрола на исправноста на лифтот и противпожарните уреди.
Упатството за користење на лифтот мора да биде видливо истакнато.
Во случај на дефект на лифтот, истиот мора да се исклучи од употреба, на вратите од
лифтот да се истакне соопштение дека лифтот е во дефект и веднаш да се извести компанијата
на која и е доверено одржувањето.

Член 11
Управителот/Заедницата на сопственици должен/а на видно место во зградата да истакне
соопштение за тоа на кого станарите може да му се обратат во случај на дефект на лифтот и
инсталациите и кај кого се наоѓаат клучевите од заедничките простории.

Член 12
Забрането е во становите и заедничките простории да се изведуват работи на
поставување и демонтирање на инсталации и уреди како и градежни работи со кои се менува
намената на просторијата без одобрение на надлежен орган на управата.

Член 13
Лица кои изведуваат работи во зградата или на надворешни делови од зградата должни се
за тоа да го известат Управителот/Председателот на Заедницата и по завршување на работите,
просториите да ги остават во ред.
Одредбата на овој член важи и за лица кои поставуваат антени на кровот или други
надворешни делови на зградата, инсталации за кабелска телевизија и останали дополнителни
инсталации.
Работи од ставот 1 и 2 на овој член не може да се изведуваат во време кое со овој ред е
одредено како време за одмор.

Член 14
При користење на станот и заедничките простории во зградата забрането е со викање,
бука, скокање, играње со топка и слични постапки да се вознемируваат другите станари во мирно
користење на станот.
Користење на разни машини и уреди, музички апарати, радио и телевизиски приемник,
како и свирење и пеење во станот, односно зградата не е дозволено во време од 15.00 до 17.00
часот и од 22.00 до 08.00 часот.
Станарите во наведеното време од ставот 2 на овој член мора да се однесуваат на начин
кој обезбедува потполн мир и тишина во зградата (време на одмор)

Член 15
Се забранува тресење на теписи, постелнина и други работи од прозори, балкони и лоџии.

Член 16
Се забранува фрлање или оставање на отпадоци, ѓубре и нечистотија на скалите или
други заеднички простории, пушење во лифт, на степениште и ходник.
Забрането е да се валкаат или на било кој начин да се оштетуваат ѕидовите, вратите,
прозорите и уредите и другите делови на зградата

Член 17
Станарите може во согласност со посебни прописи да чуваат куче, мачка и други животни
само во своите станбени простории, при што се должни да водат сметка да тие животни не прават
нечистотија во заедничките простории и да не го нарушуваат мирот и тишината во зградата.

Член 18
Во поглед на местото и начинот на држење на домашното ѓубре, како и отпадоци кои не
спаѓаат во домашно ѓубре, се применуваат соодветните прописи на градот Скопје (општината).

УПРАВИТЕЛ
ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС

You might also like