МартинаПаунаАлжуроски61488

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Мартина Пауна Алжуроски 61488

ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ – ПЛАН НА ГОВОРОТ

Борба против климатските промени

ГЛАВНА ЦЕЛ НА ГОВОРОТ: Да ја информирам публиката за влијанието на климатските


промени како и да ги мотивирам сите да дадеме придонес во намалувањето на климатските
промени.

НАЧИН НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГОВОРОТ: Тематска Организација

ВОВЕД НА ГОВОРОТ:
A. Привлекување на внимание: “No challenge poses a greater threat to future generations than
climate change” – Barack Obama (Ниту еден предизвик не претставува поголема закана за
идните генерации отколку климатските промени.)

B. Откривање, најавување на темата: Денес ќе говорам за опасноста на климатските промени


како и неколку совети за промена во нашите секојдневни активности со цел да ги
намалиме ефектите и брзината на климатските промени.

C. Како ќе изградите кредитибилитет за темата: Преку спроведување на активни истражувања


како и редовно следење на новости околу темата

D. Како ќе ја поврзите темата со публиката: Сметам дека климатските промени претставуваат


доволно важна тема во која ние како млади генерации сме централна точка и треба да
завземеме важна улога.

ГЛАВЕН ДЕЛ НА ГОВОРОТ:

[Ефикасна транзиција]- Накусо ќе се обидам да ви објаснам која е причината за


настанување на климатските промени.

I. Главна поента 1: Атмосферата содржи водена пареа, јаглерод диоксид и други


природни присутни гасови, коишто овозможуваат сончевата светлина да продре, но
ја апсорбираат топлината која земјата ја зрачи назад. Овој природен процес,
наречен “Ефект на стаклена градина” ја одржува Земјата на температура која
оддржува живот.

А. суб- поента - Поради човековите активности, како што се горење на фосилни


горива и уништување на шумите за да се создаде обработлива почва, го
зголемуваат нивото на јаглерод диоксид и другите супстанци кои задржуваат
топлина во атмосферата. Додатокот на овие стакленички гасови го зајакнуваат
природниот ефект, со што земјата станува сè потопла и климата се менува.

Б. суб- поента – Решението лежи во намалување на глобалните емисии на


стакленички гасови, особено јаглерод диоксид. Тоа значи дека треба подобро да се
користат природните ресурси. Фосилните горива- нафта, гас и јаглен за електрична
енергија, греење, ладење и транспорт- се главни извори на емисиите на
стакленички гасови. Треба да согоруваме помалку од нив и поефикасно.

В. суб- поента – Исто така, суштествено за справувањето со климатските промени е


да сврти текот на обесшумувањето, особено исчезнувањето на тропските шуми,
кои делуваат како одводи за јаглеродот. Шумите го впиваат јаглерод диоксидот
кога растат, но го испуштаат кога ќе се исечат.

[Ефикасна транзиција]- Намалување на климатските промени не претставува само


одлука на носителите на политики и големи инвестиции во индустријата. Секако е во игра
и личниот придонес и информираноста. Мали промени може да направат голема разлика.

II. Втора главна поента: Би сакала да издвојам неколку секојдневни активности со кои
може и ние да придонесеме за намалување на климатските промени.

А. суб- поента – Во вашиот дом: намалете ја температурата на централното греење


за само 1°C, изолирајте ги цевките за централно греење и шупливите ѕидови,
одвојте го фрижидерот од шпоредот или бојлерот, за топлината да не го принудува
фрижидерот да работи повеќе, изгасете барем 5 светла во просториите во вашиот
дом, не ги оставате апаратите на стенд-бај, сортирајте го вашиот отпад за
рециклирање (рециклирање на една алуминиумска конзерва заштедува 90% од
енергијата потребна за да се произведе нова).

Б. суб- поента – Во вашиот автомобил: почнете да возите наскоро по уклучување


на моторот, исклучете го моторот доколку стоите во место подолго од 1 минута,
проверете го притисокот на гумите (доколку е 0,5 бари понизок, вашиот автомобил
користи 2,5% повеќе гориво). Користете моторно масло со ниска вискозност,
возете рамномерно ( побрзо од 120 км на час троши 30% повеќе гориво по км
отколку возење со 80км на час).

В. суб- поента – На друго место: Патувајте почесто со воз или автобус (едно лице
во воз емитува две третини помалку јаглерод диоксид отколку едно лице само во
автомобил), почесто возете велосипед за пократки релации или одете пеш доколку
тоа е можно, испитајте алтернативи за летање (летањето е најбрзо растечки извор
на CO2 емисии во светот.)

[Ефикасна транзиција]- Климатските промени претставуваат голем глобален проблем, за коишто


потребен е масовен ангажман за да постигнеме некаква промена и позитивен резултат. Токму
поради тоа е важно секој да е запознаен со последиците на своите секојдневни активности и
постапките кои може да се превземат за да се намали ефектот на истите.

Заклучок: За крај уште еднаш сакам да потенцирам дека

1) Расте меѓународниот консензус дека планетата се соочува со иреверзибилни климатски


промени доколку итно не се превземе нешто.

2) За да се дојде до решение потребна е промена на нашите животни навики, но не мора


да се загрози животниот стандард, ниту нашиот, ниту тој на идните генерации.

You might also like