Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 9

Архитектура и организација на компјутери

Предавање 7 – Проточност

1.Проточност: Имплементациска техника при која повеќе инструкции се преклопуваат при


извршувањето, многу слично како производствената линија, денес проточноста е речиси
универзално прифатена.

2.Проточна податочна патека – пет степена на проточност: - IF: Преземање инструкција;


ID:Декодирање на инструкција и читање на регистерска датотека; EX: Извршување или
пресметување на адресата; MEM: Пристап до податочна меморија; WB: Запишување назад.

3.Податочна патека – исклучoци: исклучоци во проток на инструкции одлево надесно:


- степенот на запишување назад, кој резултатот го сместува назад во регистерската датотека во
средината на податочната патека.
- изборот на следната вредност на програмискиот бројач, изборот меѓу зголемениот програмскиот
бројач и адресата на разгранување од МЕМ степенот.

4.Пет проточни степени на инструкцијата за складирање:


- преземи инструкција
- декодирање на инструкцијата и читање на регистарската датотека
- извршување и пресметување на адресата
- мемориски пристап
- запишување назад

5.Податочни конфликти и застои:


- потребна ни е единица за откривање конфликти, таа работи за време на ID степенот, така што
може да вметне застој меѓу полнењето и неговата употреба.

6.Заклучок: - Иако компајлерот општо му препушта на хардверот да се соочи со конфликтите и со


тоа обезбедува коректно извршување, компајлерот мора да ја разбере проточноста за да
обезбеди подобри перформанси. Неочекуваните застои ќе ги намалат перформансите на
преведениот програмски код.

Предавање 8 – Прекини и паралелизам

1.Влијанието на проточноста врз инструкцијата за разгранување: - претпоставка дека скокот не е


преземен: празнење. Намалување на доцнење при разгранувањата: - придвижувањето на
одлуката за разгранување. – усложнувачки фактори: За време на ID, мора да се декодира
инструкцијата, да се реши дали е потребно проследувањето до единицата за еквивалентност и да
се заврши споредбата за еднаквост. Вредностите за споредба на разгранувањата се потребни за
време на ID, но можат и да бидат произведени подоцна во времето, можно е да се случи
податочен конфликт и да биде потребен застој.

2.Предвидување на разгранување: - претпоставката дека скокот не е преземен е едноставна


форма на предвидување. Динамичко предвидување на разгранувањето: со користење на бафер
за предвидување на разгранувањето или табели со историја на разгранувањето.

3.Софтверски прекини и прекин: - Софтверски прекин – непосреден настан што го нарушува


извршувањето на програмата; се користи за да се открие пречекорувањето. – Прекин: исклучок
што доаѓа надвор од процесорот (некои архитекти го користат терминот прекин за сите
софтверски прекини).

4.Две главни методи за комуникација со причината за софтверски прекин: - Вклучување на


статус регистар (наречен и регистар на причина), користење на векторски прекини.

5.Софтверски прекини во проточната имплементација – елаборација:


- Тешкотијата на успешното асоцирање на точниот софтверски прекин со точната инструкција во
проточните компјутери доведе до: - Непрецизен прекин – прекини во проточните компјутери што
не се асоцирани со точната инструкција што била причината за прекин или исклучок и прецизен
прекин – прекин кој секогаш е асоциран со точната инструкција во проточните компјутери.

6.Проточностите го експлоатираат потенцијалниот паралелизам меѓу инструкциите – паралелизам


меѓу инструкциите. Постојат два вида примарни методи за зголемување на потенцијалната
вредност на паралелизмот на инструкциско ниво: - Зголемување на длабочината на проточноста
за да преклопи повеќе инструкции и умножување внатрешни компоненти на компјутерот за да
може да почне повеќе инструкции во секој степен на проточност – повеќе издавања.

7.Процесор со повеќе издавања, има две главни начини на имплементација на процесор со


повеќе издавања: - повеќе статички издавања, повеќето решенија се донесени од компајлерот
пред извршувањето и повеќе динамички издавања, повеќето решенија се донесени за време на
извршување во процесорот.
- Има и две примарни и јасно одредени одговорности: - пакување на инструкциите во места за
издавање и работа со податочни и контролни конфликти.

8.Концептот на шпекулација е пристап каде компајлерот или процесорот го погодува излезот на


инструкцијата за да го отстрани како извор на зависност при извршување на други инструкции.
Шпекулацијата може да биде погрешна и може да предизвика софтверски прекини што не биле
присутни претходно.

9.Пакет за издавање: - множество инструкции што се издаваат заедно во еден такт циклус;
пакетот може да биде определен статички од компајлерот или динамички од процесорот.

10.Многу долг инструкциски збор ВЛИВ (VLIW) – стил на архитектура на инструкциско множество
кое почнува повеќе операции кои се дефинирани како независни во една голема инструкција,
обично со повеќе одделини полиња со операциски код.
11.Одмотување на јамката за проточностите со повеќе статички издавања: - преименување
регистри, се врши од компајлер или хардвер за да се отстранат антизависностите. Антизависност
или именска зависност – преуредување принудено од повторното искористување на име, типично
на регистар, наместо вистинска зависност која носи вредност помеѓу две инструкции.

12.Процесори со повеќе динамички издавања: - Суперскалар, напредна техника за проточност


што му овозможува на процесорот да извршува повеќе од една инструкција по такт циклус со
нивното избирање за време на извршувањето. – Динамичко распоредување на проточноста,
хардверска поддршка за преуредување на редоследот на извршувањето на инструкциите со цел
да се избегнат застои.

13.Кај процесори со динамичко распоредување, проточноста е поделена на три главни единици:


единица за превземање и издавање инструкции, повеќе функционални единици и единица за
потврда.

14.Единица за потврда – единица во динамичка или линија за извршување надвор од редослед


што решава кога е сигурно да се извлече резултатот на една операција за програмски видливи
регистри и меморија.

15.Станица за складирање – бафер со функционална единица што ги содржи операндите и


операцијата.

16.Бафер за преуредување – ги содржи резултатите во динамички распореден процесор додека


тие не се префрлат во меморија или регистар.

17.Извршување вон редослед е стил на извршување кај динамичкото распоредување на


проточноста. Состојба во проточно извршување кога една блокирана инструкција не предизвикува
следните инструкции да чекаат.

18.Извршување во редослед – потврдување каде резултатите од проточното извршување се


запишани во состојба видлива за програмерот во истиот редослед по кој инструкциите биле
преземени.

19.Заклучок: Проточноста и извршувањето со повеќе издавања го зголемуваат максималниот


капацитет на инструкции и се обидуваат да го искористат паралелизмот на инструкциско ниво,
сепак податочните и контролните зависности во програмите, нудат горна граница на одржливи
перформанси бидејќи процесорот мора понекогаш да почека на разрешување на зависноста.

Предавање 9 – Мемориска хиерархија

1.Блок или линија е минимална единица на информацијата што може да се наоѓа или да не се
наоѓа во кешот.

2.Стапка на погодоци, делот од пристапите кон меморијата кои се пронајдени на некое ниво од
мемориската хиерархија.
3.Стапка на промашување, делот од пристапите кон меморијата кои не се пронајдени на некое
ниво од мемориската хиерархија.

4.Времето на погодок, времето потребно за пристап до едно ниво од мемориската хиерархија


-вклучувајќи го и времето потребно за определување дали пристапот е погодок или
промашување.

5.Казна за промашување, времето потребно за преземање на блок во едно ниво од мемориската


хиерархија од подолното ниво: времето за пристап до блокот, неговото пренесување од едно во
друго ниво, неговото вметнување во нивото каде се случило промашувањето и предавање на
блокот до побарувачот.

6.Принцип на локалност: временска локалност – според овој принцип, ако некоја податочна
локација е пристапена, таа има тенденција набрзо повторно да биде пристапена и просторната
локалност – според овој принцип, ако некоја податочна локација е пристапена, податоците со
блиска адреса имаат тенденција дека ќе бидат пристапени.

7.Директно мапирана кеш меморија: Структура на кеш меморијата во која секоја мемориска
локација е мапирана на точно една локација во кеш меморијата.

8.Промашување во кеш меморијата: Барање за податоци од кеш меморијата што не може да


бидат исполнети поради отсутноста на податоците од кеш меморијата, ако кеш меморијата
пријави погодок, компјутерот продолжува да ги користи податоците како ништо да не се случило.

9.Бафер за запишување: ред на чекање во кој се чуваат податоците додека тие чекаат да бидат
запишани во меморијата.

10.Запишување назад: начин што оперира со записите ажурирајќи ги вредностите само кон
блокот во кешот, потоа пишувајќи го изменетиот блок во пониското ниво на хиерархијата кога
блокот е заменет.

11.Поделена кеш меморија – шема во која ниво од мемориската хиерархија е составено од две
независни кеш мемории кои работат паралелно една со друга, едната оперира со инструкции, а
другата со податоци.

9.Средното време на пристап до меморијата е средното време за пристап кон меморијата


вклучувајќи ги и погодоците и промашувањата и е еднавко на:
време за погодок + стапка на промашување * казна за промашување

10.Намалување на промашувањата во кеш меморијата: - полно асоцијативна кеш меморија,


структура на кеш меморијата во која еден блок може да биде сместен на кое било место во кеш
меморијата. – комплет асоцијативна кеш меморија, кеш меморијата што има константен број
локации (најмалку две) каде што може да се смести блокот во кеш меморијата.
Предавање 10 – Мемориска хиерархија (виртуелна меморија)

1.Техниката кога главната меморија игра улога на кеш меморија за секундарниот складиштен
простор, обично имплементирана преку магнетни дискови се нарекува виртуелна меморија.

2.При дизајнирање на системи за виртуелна меморија треба да се запазат следните


карактеристики:
- на една грешка при страничење би и требале милиони такт циклуси да се процесира.
- страниците треба да бидат доволно големи за да можат да се обидат да го амортизираат
долгото време за пристап.
- целосна асоцијативна поставеност на страниците во меморијата.
- грешките при страничење можат да бидат манипулирани преку софтверот, бидејќи
пречекорувањето ќе биде мало во споредба со времето на пристап на дискот.
- виртуелната меморија користи запишување назад.

3.Заштита на виртуелната меморија: за да му се овозможи на оперативниот систем да


имплементира заштита на виртуелниот мемориски систем, хардверот мора да овозможува
најмалку три основни можности:
- разлика помеѓу јадрен процес и извршен процес
- да се обезбеди дел од процесорската состојба што еден кориснички процес ќе може да го чита,
но не и да запишува во него.
- обезбедување механизми со помош на кои процесорот ќе може да преминува од кориснички
режим во надзорнички режим и обратно.

4.Виртуелни машини:
- зголемувањето на важноста на изолацијата и безбедноста во современите системи.
- пропустите во безбедноста и сигурноста на стандардните опреративни системи.
- споделувањето на еден компјутер меѓу повеќе неповрзани корисници.
- големите зголемувања на брзината на процесорите во текот на повеќе децении, што го прави
вишокот операции за ВМ поприфатлив.

5.ВММ – софтверот што поддржува ВМ е наречен виртуелен машински надгледувач (ВММ) или
хипервизор. ВММ е срцето на технологијата на виртуелните машини, а основната хардверска
платформа е наречена домаќин и неговите ресурси се делат меѓу гостинските ВМ.

6.ВМ овозможуваат други две придобивки: Управување на софтверот – ВМ обезбедуваат


апстракција која може да го извршува целиот софтверски стек, дури вклучувајќи ги овде и старите
оперативни системи како ДОС. Управување на хардверот – Една причина за повеќе сервери е тоа
секоја апликација да се извршува со компатибилна верзија на оперативен систем на одделни
компјутери, бидејќи ова одделување може да ја подобри доверливоста.

7.Побарувања на виртуелните машини – гостинскиот софтвер кога работи на ВМ треба да се


однесува исто како да работи на матичниот хардвер. – гостинскиот софтвер не треба да може
директно да го менува доделувањето на реалните системски ресурси.
8.ИБМ мејнфрејм компјутерите поминале три чекори за да ги подобрат перформансите на
виртуелните машини:
- намалување на трошоците за виртуелизација на процесорот.
- намалување на трошоците за прекини при пречекорување што се јавуваат поради
виртуелизација.
- намалување на трошоците за прекини преку управување на прекините до соодветна ВМ без да
се повикува ВММ.

Предавање 11 – Складирање и други В/И теми

1.Три карактеристики се карактеристични за организирање на В/И: - Однесување, влез (едно


читање), излез (само запишување, не може да се чита) или систем за складирање. – Партнер,
човек или машина е на другиот крај од В/И уредот и внесува податоци на влез, или чита податоци
на излез. – Податочна брзина, најголемата брзина со која податоците можат да бидат пренесени
меѓу В/И уредите и главната меморија на процесорот.

2.Доверливост на компјутерски систем е квалитетот на испорачаната услуга, така што довербата


може оправдано да биде доделена на оваа услуга.

3.Испад на системот се јавува кога вистинското однесување отстапува од специфираното


однесување.

4.Надежноста е мерка на непрекинато исполнување на услугата или еквивалентно, време до


испад од една референтна точка.

5.Достапноста е мерка за исполнување на услугата во однос на преминот меѓу двете состојби на


исполнување и прекин.

6.Постојат три начини да се подобри средното време до грешка (МТТФ): избегнување грешки,
толеранција на грешки и предвидување грешки.

7.Диск за складирање: Барање – процесот на позиционирање на главата за читање/запишување


над соодветната лента на дискот. Ротациско задоцнување се нарекува и ротациско одложување.
Времето потребно за посакуваниот сектор од дискот да ротира под главата за
читање/запишување.

8.Време на пренос е времето потребно за пренесување блок од битови и е функција од


големината на секторот, брзината на ротација и густината на запишување на лентата.

9.АТА и SCSI: Advanced Technology Attachment (ATA) – множество команди што се користи за В/И
уреди што е популарно во персоналните компјутери. Small Computer System Interface (SCSI) –
множество од команди што се користи како стандард за В/И уреди.

10.Флеш меморија е полуспроводничка меморија која е постојана како дисковите, но


задоцнувањето е 100 до 1000 пати помало од дискот, таа е помала, поефикасна од аспект на
моќност и поотопрна на удари. Флеш меморијата е вид на електрична бришлива програмибилна
меморија само за читање.

11.Процесор – меморија магистрала е магистрала која ги поврзува процесорот и меморијата и


која е кратка, генерално со голема брзина.

12.Бекплејн магистрала е магистрала дизајнирана за да им овозможи на процесорите,


меморијата и В/И уредите да коегзистираат на една магистрала.

13.В/И трансакции – низа од операции над врската што вклучува барање и може да вклучи и
одговор, а секоја од нив може да содржи податоци. Трансакцијата е иницирана од едно барање и
може да земе многу индивидуални операции на магистралата.

14.Синхрона магистрала е магистрала што вклучува такт во контролните линии и е фиксиран


протокол за комуникација што е поврзан со тактот.

15.Асинхроно поврзување користи протокол за ракување со координирање наместо такт. Може


да смести различни уреди со различни брзини.

16.Протокол за ракување е низа од чекори што се користат за да се координираат преноси преку


магистралата во кои испраќачот и примачот продолжуваат кон наредниот чекор само кога двете
страни се согласуваат дека тековниот чекор е комплетиран.

17.Пренос на податоци меѓу уредите и меморијата – два различни методи со кои е овозможена
комуникација меѓу уредот и меморијата: прозивката и В/И прекините. Двете техники работат
најдобро со уреди од понизок пропусен опсег. Процесорот го користиме за пренос на податоци
помеѓу уредите и меморијата врз основа на прозивка.

18.Директен мемориски пристап (DMA): механизам што обезбедува контролер на уредот со


можност за пренос на податоци директно кон или од меморијата, без вклучување на процесорот.
ДМА се имплементира со специјализиран контролер кој го овозможува протокот на податоци
меѓу В/И уредите и меморијата независно од процесорот.

19.Редундантна низа од евтини дискови (RAID) – организација на дисковите што користат низи од
мали и евтини дискови за да се зголемат перформансите и надежноста.

Предавање 12 – Повеќејадрени, повеќепроцесорски системи и кластери

1.Повеќепроцесорски систем е компјутерски систем со најмалку два процесори. Ова е спротивно


од еднопроцесорски систем кој има само еден процесор. Паралелизам на ниво на активности
или паралелизам на ниво на процес е искористување на повеќе процесори со извршување
независни програми истовремено.

2.Програма со паралелно процесирање е една програма што се извршува на повеќе процесори


истовремено.
3.Кластер е множество компјутери поврзани со локална мрежа (LAN) што работи како голем
повеќепроцесорски систем.

4.Повеќејадрен микропроцесор е микропроцесор што има повеќе процесори (јадра) во едно


интегрирано коло.

5.Силно ескалирање е забразување постигнато на повеќепроцесорски систем без зголемување на


големината на проблемот. Слабо ескалирање е забрзување постигнато на повеќепроцесорски
систем додека се зголемува големината на проблемот пропорционално со зголемувањето на
бројот од процесорите.

6.Повеќепроцесорски систем со споделена меморија (SMP) е паралелен процесор со единствен


адресен простор, што укажува на имплицитна комуникација со полнење и складирање.

7.Униформиран пристап кон меморијата (УМА) за пристап до главната меморија е потребно исто
време без оглед кој процесор побарува пристап и кој збор е побаран.

8.Синхронизација е процес на координација на однесувањето на два или повеќе процеси, што


може да се извршуваат на различни процесори. Заклучување е пристап до податоците на само
еден процесор истовремено.

9.Особини на кластери: Предавање порака комуникација меѓу повеќе процесори со експлицитно


испраќање и примање информации. Рутина за испраќање порака е рутината што ја користи
процесорот во машините со приватна меморија да пренесе порака до друг процесор. Рутина за
примање порака е рутина што ја користи процесорот во машините со приватна меморија, ја
прима пораката од друг процесор.

10.Дефиниција кластери – Збир од компјутери поврзани преку В/И над стандарните мрежни
преклопници за да создадат повеќепроцесорски систем со предавање пораки.

11.Работа со повеќе нишки: Хардверска работа со повеќе нишки е зголемување на


искористувањето на процесорот со менување на друга нишка кога една нишка е застоена. Работа
со повеќе фино иситнети нишки предлага промена меѓу нишките по секоја инструкција. Работа со
повеќе грубо иситнети нишки сугестира префрлување нишка само по големи настани како што се
промашувања во кеш меморијата.

12.Истовремена работа со повеќе нишки е верзија на работа со повеќе нишки што ги смалува
трошоците од работата со повеќе нишки со искористување на ресурсите потребни за динамички
распоредена микроархитектура со повеќе издавања.

13.СИСД или еден инструкциски поток, еден податочен поток. Еднопроцесорски систем. МИМД
или повеќе инструкциски потоци, повеќе податочни потоци. Повеќепроцероски системи.
СПДМ или една програма, повеќе податочни потоци. Една програма се извршува на сите
процесори. СИМД или еден инструкциски поток, повеќе податочни потоци. Повеќепроцесорски
систем. Истата инструкција е применета на многу подaточни потоци, како во векторскиот
процесор и процесорот со низи.

14.Вектори – постарата и поелегантна интерпретација на СИМД е наречена векторска архитектура,


која е најмногу индитификувана со Креј (Cray) компјутерите. Наместо да има 64 АЛУ, векторските
архитектури АЛУ операциите ги извршуваат проточно за да добијат подобри перформанси со
помали трошоци.

15.Вектор наспроти скалар – Векторските архитектури и компајлери имаат репутација дека


овозможуваат полесно пишување на ефикасни апликации. Цената од задоцнувањето на главната
меморија е дадена еднаш за целиот вектор, а не еднаш за секој збор во векторот. Нема контролни
конфликти кои нормално се појавуваат од разгранувањата во јамката.

16.ГПУ (GPU) се забрзувачи што ги подобруваат ЦПУ, така што тие немора да ги извршуваат истите
задачи на ЦПУ. API на високо ниво кај ГПУ е ОпенЏиел (OpenGL) и Мајкрософтовиот ДајректИкс
(DirectX).

17.Аритметички интензитет е односот на операциите со подвижна запирка во една програма со


бројот на податочни бајти пристапени од програма од главната меморија.

18.Заклучок:
- Популарно е користењето паралелно процесирање во разни домени.
- Производителите на сите десктоп и сервер микропроцесори градат повеќепроцесорски систем
за да достигнат поголеми перформанси.
- Повеќе процесори на еден чип дозволуваат многу поразлична брзина на комуникација отколку
дизајнот со повеќе чипови, нудејќи и помало задоцнување и поголем пропусен опсег.

You might also like