Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Сид – Корнеј

Класицизмот е оној период во литературата каде на пиедесталот се поставува


интелектот, цврстите морални принципи и моќта на владетелот, пред сé моќта на знаењето.
Почитувајќи ги строгите естетски правила, со една точност, разбирливост и јаснотија на стилот
претставниците на класицизмот како водечка фабула го земаат култот кон вистината
дефинирајќи го како единствена разумна форма на убавината.

Пјер Корнеј, таткото на француската трагедија, со умешноста на својот уметнички збор


проговоруваат токму за тие општествени норми и правила кои ги диктира разумниот човек. Во
својата неповторлива драма „Сид“ , преку своите добро одбрани ликови ги истакнува
најзначајните човечки вредности, моралните воздигнувајќи ги, а неморланите осудувајќи ги.
Во едно такво општество каде главниот збор го има власта нема простор за нарушување на
нејзините закони. Разумот пред страста е мотото кое го води Сид. Честа во тоа време според
општествените норми е она кон кое треба да се стреми човекот и да жртвува сé останато, затоа
што љубовта кај разумниот човек секогаш губи во борбата со честа. Корнеј всушност
поставувајќи го ова прашање на чест и љубов, се буни против закоравените правила кон кои
мора да се придружува единката во класицистичкото општество.

„ Сид“ е драма која успева да поттикне во нас чувство дека ликовите кријат во себе
некоја длабочина. Тоа се луѓе од крв и месо кои се поставени на раскрсницата меѓу разумот и
срцето. Родриго и Химена се жртвите на традицијата да се брани честа на фамилијата и
родителите, која традиција и општествена вредност ги носи во себеуништување на она
најемотивното во луѓето, уништување на љубовта. Родриго не може да премине преку фактот
дека неговиот татко Диего е навреден и дека треба да се очисти неговото име. Тој свесно
влетува во тој двобој иако знае дека човекот од другата страна е таткото на девојката која ја
милува. Родриго е лик кој честа ја става пред емоциите, за подоцна должноста кон татковината
да ја стави пред должноста кон фамилијата и љубената, налик на античкиот Хектор.

Низ истата агонија на разум и срце поминува и Химена, чиј родител, сега е убиен од
раката на својот љубен. Нејзината внатрешна борба ја доведува до неподнослива состојба на
болка и измачување. Пред светот таа мора да бара правда и освета, но пред себеси таа е
падната на колена пред Кралот од кого бара спас за Родриго. Чувајќи ја и бранејќи ја ѝ
двајцата својата чест, во согласност со аристократските норми на феудалното општество, во
истото стануваат луѓе достојни за почит и љубов.

Додека во античката драма заплетот го разрешуваа боговите, во ,,Сид’’ тоа место му е


доделено на кралот, токму поради апсолутизмот кој владеел во тоа време. Корнеј се побунува
против законите зошто смета дека е апсурдно да се крене рака врз јунакот кој го брани
народот. Корнеј ја отпоздравува моќта на разумот и цели кон вистината, се воодушевува на
разумниот крал и промената на законот кој спасува една љубов.

Класицизмот поставува норми за еден идал на разумно општество во кое ќе владее


вистината и законието, но дали постои совршенство? Секако дека не, а за да биде малку
олеснето функционирањето во едно општествено уредување, на самиот врв на власта,
потребно е да биде поставен одмерен, разумен и интелигентен човек, човек достоен за почит.

You might also like