10 ЦРТЕЖ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Mile Atanasoski Grafi~ki dizajn

ЦРТЕЖ
Цртежот е основна форма на ликовното изразување. Тој воглавно претставува
самостојна ликовна дисциплина во која ликовниот уметник – графичар во скратена
форма ја изразува својата концепција на содржината. Всушност секоја ликовна техника
јасно се конципира, се осмислува со помош на цртеж. Цртежот е почеток на секоја
замисла.
Средствата со кои се изведува цртежот можат да се поделат на две групи:
- материјали со кои се постигнуваат полутонови односно линии, површини и темни
ефекти: молив, креда, јаглен, лавиран туш (разреден туш);
- средства со кои се добиваат само светло -темни односи: туш и останати средства
за изразување само во линија и контура.

Рачниот оригинален цртеж се појавува во различни облици со оглед на


пристапот на реализацијата и намената. Тие облици можеме да ги поделиме на
следните видови:
1. скица, кроки
2. студија
3. уметнички цртеж
4. вињети, знаци и симболи
5. илустрација
6. карикатура, стрип
7. технички цртеж

1. Скица, кроки
Скицата е цртеж во кој со основни линии се бележи важната концепција на
ликовната замисла. Во него е изразена идеата која го поттикнува уметникот на
реализација.
Скицата може да се изведува со различни средства (молив, креда, јаглен).
Воглавно тоа се средства кои лесно се најдуваат при рака и не предизвикуваат
поголеми технички потешкотии.
Според настанокот на скицата и изворноста на цртежот, скиците можеме да ги
поделиме:
- скици создадени според фантазијата, интуицијата
- скици создадени според природните појави.

Кроки е посебна форма на скица. Кроки воглавно се темели на бележење на


движењата на живите објекти. Тоа е цртеж кој опфаќа жива природа изведена со еден
потег во комплетна целовитост. Деталите се занемарени а главниот акцент е поставен
на истакнување на положбата во просторот динамиката и движењето.

2. Студија

1
Да се студира значи да се навлезе во материјата од сите аспекти и да се
набљудуваат нејзините битни карактеристики. Тоа е спознавање на предметот од сите
страни на неговата суштина. Студијата не спаѓа директно во уметничка форма, а е
спротивна на скицата. Додека скицата ја бележи целината, студијата ги проучува
деталите, најситните елементи од предметот.
Анализата која се спроведува со студијата може да се подели на следните
карактеристики на објектот:
- однос и големина на објектот во просторот
- структура на материјата на предметот
- анализа на бојата и тонските вредности.

3. Уметнички цртеж

Уметничкиот цртеж припаѓа на посебна ликовна категорија во која авторот се


изразува слободно придржувајќи се само на својата замисла. Средствата со кои се
изразува уметникот се молив, јаглен, туш, а како тој ќе ја пренесе и ќе ја прикаже
својата идеа зависи од неговиот стил одноно начин на изразување.

1. Вињети, знаци и симболи

Вињета е самостоен цртеж, кој доаѓа како украс на почетокот или на крајот на
книгата или заглавието. Вињетата не е илустрација, таа не ја прераскажува содржината
на текстот, таа е украсен облик, симболична форма на визуелната комуникација.
Знаците и симболите секогаш нешто изразуваат и обележуваат. Тоа се ситни

цртежи јасни по својата форма и значење и едноставни во својата изведба. Самата


буква претставува знак; интерпункциските знаци имаат значење само заедно со
текстот. Знаците и симболите можат да бидат договорени или нивното значење да се
пренесува со традицијата.
Mile Atanasoski Grafi~ki dizajn

2. Илустрација

Да се илустрира значи текстот да се изрази на визуелен начин, да се приближи


кон гледачот (читачот), да се објасни содржината на настанот и да се протолкува
изворната мисла.
Според тоа илустрацијата е слика или цртеж до некој текст, таа има задача
текстот да го направи поразбирлив и попристапен, но и да ја украси книгата во која се
наоѓа.
Нема посебни правила за начинот на илустрирање, тој е потполно слободен, но
мора да биде ликовно чист т.е. во изведбата треба да има единствена ликовна форма и
да биде единствен во целото дело.

6. Карикатура и стрип
КАРИКАТУРА
Карикатурата е посебна гранка на графичкото обликување која со својата
форма дава израз на духовитост, порака на сатира и обележје на шега.
Цртежот на карикатурата е збиен, груб, остар но и едноставен, а главната
задача му е некого или нешто да исмее или да го постави во смешна позиција. Во
таквиот цртеж важен е само основниот израз, затоа тој се сведува само на важните
карактеристики, а негативните особини се нагласуваат и се истакнуваат.
Карикатурата се појавува најчесто во овие облици:
- карикатура на поединечни личности – портрет карикатура
- карикатура на настан, ситуација или шега – гег карикатура

СТРИП

3
Стрипот е визуелно средство на изразување, носен е на хартија на која со
графички техники се репродуцира линија, рамнина, и боја. Карактеристиките на стрипот
се неговата временска димензија која се остварува со нижење на кадри, што создава
сличност меѓу стрипот и филмот. Кадарот е морфем на стриповската форма,кој со
монтажна постапка се поврзува во јасна целина. Зборот стрип на англиски значи лента.
Друга карактеристика на стрипот е истовременото постоење на сликата и
текстот. Тој текст е утилитарен, тој мора да биде јасно читлив и затоа најчесто се
сместува во рубриката на дизајнот иако го нарекуваат деветта уметност.Тоа е елемент
на кој децата особено треба да внимаваат: прво се пишува текстот, а потоа оклу него
да се нацрта облаче ( ако одбрале таква форма за текст).

ЕЛЕМЕНТИ НА СТРИПОТ

1.ТЕМАТА го означува она за што се работи во стрипот и потребно е да се


смисли однапред.
2.КАДАРОТ е во рамките во кои се визуелизира некое дејствие. Кадрите по
правило се нижат од лево кон десно и одозгора надолу за да нивното читање би било
јасно.Кадарот е одреден со:
-ПЛАН кој ја одредува близината на објектот спрема замислената камера или
окото на цртачот или набљудувачот; разликуваме крупен план ( главата на човекот го
исполнува целиот кадар, а остатокот на телото не се гледа), близок план ( градите на
човекот), среден план ( целиот лик на човекот), тотал (амбиент поголем од човекот:
планина, куќа),детален план (некој дел од човекот на пр. окото)
-со РАКУРСОТ се одредува аголот под кој замислената камера или окото на
цртачот илинабљудувачот гледа во глетката,па затоа разликуваме горен ракурс, долен
Mile Atanasoski Grafi~ki dizajn

ракурс и висина на очите или ниво на набљудувачот. Кадарот, планот и ракурсот се


филмски термини.
3.ОДНОСОТ НА СЛИКАТА И ТЕКСТОТ може да биде решен на различни
начини: често текстот е во облаче но може да биде и без него или на дното на кадарот
па дури и надвор од кадарот. Гласноста на звукот и говорот може да се означи со
интерпункција( извичници) но и со големина на буквите, дебелина на буквите или со
обликот на облачињата.
4.ЛИНИЈАТА, БОЈАТА И РАМНИНАТА се важни градителни елементи во
визуелизацијата на стрипот и ги анализираме како другите слики и цртежи. Елементите
се организирани во композиција.

Временскиот фактор на стрипот се поврзува со филмот и со сличноста со


книгата на снимање. Во денешно време во кое на просечниот консумент му опаѓа
концентрацијата, па читањето на текстот почнува да му здосадува во Јапонија се
појавија стрипови т.н. манги на кои им се зголемил бројот на страници ( околу 300 во
просек), а смалил количината на текстот, па тавиот стрип повеќе не се чита туку се
листа, создавајќи сличен ефект во мозокот како цртаниот филм.

7. Технички цртеж
Техничкиот цртеж нема некоја посебна естетска улога во графичкото
обликување, но е неопходно средство за изразување на графичкиот дизајн. Техничкиот
цртеж се користи при обликувањето на идејно решение на страницата, насловната
страница, плакатот и сл., во смисла на планирање на просторот, определување на
белините, растојанијата, односите и пропорциите меѓу секој од елементите на
техничкото уредување на производот.
Исто така техничкиот цртеж е присутен и при проектирањето и обликувањето на
целосните графички производи, обликување на амбалажа (кутии, вреќи), проектирање
на производството и изгледот на книгата списанието и сл.

5
2. ФОТОГРАФИЈА
Фотографијата во печатењето е најголемата темна површина која се истакнува
на белината на хартијата во сивилото на текстовната површина на слогот.
Функционалноста на фотографијата во графичКата индустрија според идејата
која ја порачува може да биде:
- документарна (фото - репортажа)
- илустративна (пропагандна)
- ликовна (естетска)
Докумантарната фотографија нема никаква ликовна претензија, освен што е
дел од композициската форма на одредениот формат.
Пропагандната фотографија мора да биде уверлива, најчесто се појавува во
боја и тоа да има воочлив контраст на боите. Ваквата фотографија најчесто се
применува во проспекти, плакати, каталози и огласи во весници и списанија, насловни
страници и сл
Ликовната (уметничката) фотографија не останува само на основната снимка,
туку технички се преобликува во нов израз на ликовна концепција. Денес уметнички
фотографии во зависност од содржината која ја отсликуваат можат да се најдат на
разгледници, календари и насловни страници и тоа како снимки од разни природни
убавини, уметнички компонирани фотографии и снимки на уметнички дела.
Mile Atanasoski Grafi~ki dizajn

You might also like